Закон за сајбер безбедност Archives - Република https://republika.mk/tema/zakon-za-sajber-bezbednost/ За подобро да се разбереме Sat, 05 Oct 2024 08:25:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Закон за сајбер безбедност Archives - Република https://republika.mk/tema/zakon-za-sajber-bezbednost/ 32 32 Андоновски: Приоритет ни е изработка на Закон за сајбер-безбедност https://republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-prioritet-ni-e-izrabotka-na-zakon-za-sajber-bezbednost/ Sat, 05 Oct 2024 08:25:21 +0000 https://republika.mk/?p=822971

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во емисијата „Трилинг“ на тв24, говореше за неговиот ангажман во првите 100 дена Влада, кој тој го оцени како успешен.

Андоновски истакна дека имал доста средби со министри за дигитална трансформација од земји членки на ЕУ, каде што на тие средби била дискутирана работата на министерството, проектите и услугите кои ги дава Mинистерството, но и за поддршка на државата да стане членка на Европската Унија.

„Македонија е единствената држава во поширокиот регион кој што нема закон за заштита на информациските системи или така наречен Закон за сајбер безбедност. За жал, немаме некаков минимум стандард кој што секоја институција треба да го следи. Во спротивност, таа институција да има одговорност, доколку тоа не го прави“, истакна Андоновски.

Министерот додаде дека институциите, бидејќи не одговараат за своите последици за да се заштитат од сајбер напади, не се труделе во минатото да создадат или купат софтвер за заштита на безбедноста.

„Ова зависи од секоја институција колку е самосвесна или пак раководител на некоја институција, да знае дека опремата која што ја набавил ги нема или ги има потребните лиценци за заштита. И тоа е страшно. Ако вашиот систем не го има потребниот софтвер за заштита или антивирусна програма, никој нема да ве казни, ниту пак дали го следите законот.“, појасни Андоновски.

The post Андоновски: Приоритет ни е изработка на Закон за сајбер-безбедност appeared first on Република.

]]>

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во емисијата „Трилинг“ на тв24, говореше за неговиот ангажман во првите 100 дена Влада, кој тој го оцени како успешен. Андоновски истакна дека имал доста средби со министри за дигитална трансформација од земји членки на ЕУ, каде што на тие средби била дискутирана работата на министерството, проектите и услугите кои ги дава Mинистерството, но и за поддршка на државата да стане членка на Европската Унија. „Македонија е единствената држава во поширокиот регион кој што нема закон за заштита на информациските системи или така наречен Закон за сајбер безбедност. За жал, немаме некаков минимум стандард кој што секоја институција треба да го следи. Во спротивност, таа институција да има одговорност, доколку тоа не го прави“, истакна Андоновски. Министерот додаде дека институциите, бидејќи не одговараат за своите последици за да се заштитат од сајбер напади, не се труделе во минатото да создадат или купат софтвер за заштита на безбедноста.
„Ова зависи од секоја институција колку е самосвесна или пак раководител на некоја институција, да знае дека опремата која што ја набавил ги нема или ги има потребните лиценци за заштита. И тоа е страшно. Ако вашиот систем не го има потребниот софтвер за заштита или антивирусна програма, никој нема да ве казни, ниту пак дали го следите законот.“, појасни Андоновски.

The post Андоновски: Приоритет ни е изработка на Закон за сајбер-безбедност appeared first on Република.

]]>