Закон за реорганизација на државната управа Archives - Република https://republika.mk/tema/zakon-za-reorganizatsija-na-drzhavnata-uprava/ За подобро да се разбереме Sun, 09 Jun 2024 16:15:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Закон за реорганизација на државната управа Archives - Република https://republika.mk/tema/zakon-za-reorganizatsija-na-drzhavnata-uprava/ 32 32 Претседателката Сиљановска-Давкова го потпиша указот за Законот за реорганизација на државната управа https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-go-potpisha-ukazot-za-zakonot-za-reorganizatsija-na-drzhavnata-uprava/ Sun, 09 Jun 2024 16:15:23 +0000 https://republika.mk/?p=785973

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го потпиша указот за Законот за измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа.

Во објава на „Фејсбук“, Сиљановска-Давкова појаснува дека се работи за закон кој се носи со двотретинско мнозинство којшто претседателот, согласно членот 75, став (4) е должен да го потпише, односно на кој нема право да стави вето.

- Законот е реформски и со него прво ќе се анулира паралелизмот на надлежностите на многу министерства, со што ќе се обезбеди функционалност и одговорност, второ ќе се (дис)лоцираат надлежностите во соодветните министерства, со што ќе се рационализира и ефектуира нивната работа (Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, Министерство за економија и труд, Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, Министерство за социјална политика, демографија и млади, Министерство за култура и туризам, трето ќе се институционализираат нашите стратешки приоритети преку формирање соодветни министерства (Министерство за европски прашања, Министерство за дигитална трансформација) и четврто, ќе се подигне нивото на општествената грижа за физичкото и менталното здравје на нацијата (Министерство за спорт), стои во објавата на Фејсбук.

Законот беше донесен доцна вечерта во петокот со двотретинско мнозинство. Поддршка дадоа 88 пратеници, а 22 беа „против“. За измените на Законот гласаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“, партијата ЗНАМ, како и пратеници на Европскиот фронт предводен од ДУИ

The post Претседателката Сиљановска-Давкова го потпиша указот за Законот за реорганизација на државната управа appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го потпиша указот за Законот за измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа. Во објава на „Фејсбук“, Сиљановска-Давкова појаснува дека се работи за закон кој се носи со двотретинско мнозинство којшто претседателот, согласно членот 75, став (4) е должен да го потпише, односно на кој нема право да стави вето.