Закон за локална самоуправа Archives - Република https://republika.mk/tema/zakon-za-lokalna-samouprava/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Oct 2024 06:06:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Закон за локална самоуправа Archives - Република https://republika.mk/tema/zakon-za-lokalna-samouprava/ 32 32 Со новиот закон за локална самоуправа ќе може да се отповика градоначалник https://republika.mk/vesti/makedonija/so-noviot-zakon-za-lokalna-samouprava-ke-mozhe-da-se-otpovika-gradonachalnik/ Thu, 03 Oct 2024 06:06:33 +0000 https://republika.mk/?p=821979

Можност за отповикување од функцијата градоначалник и воведување комунална полиција се новините што треба да бидат содржани во новиот закон за локална самоуправа, што вчера ги најави министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Актуелниот Закон за локална самоуправа, кој е стар над 20 години, нема можност за отповикување од функцијата градоначалник поради што избраните градоначалници остануваат на функцијата до крајот на мандатот. Според Перински, треба да се интервенира во Законот преку широк консензус и да се слушнат и интернационални експерти.

Токму затоа сметаме дека треба да се интервенира во овој Закон преку широк консензус, да слушнеме и интернационални, но и домашни експерти, да најдеме заедничко решение за да ја смениме оваа аномалија на Законот, рече Перински на вчерашната прес-конференција по повод 100 дена од работата на Министерството за локална самоуправа.

Со новиот закон за локална самоуправа којшто треба да биде прилагоден со модерните услови на живеење, се најавува и воведување на комунална полиција со цел во иднина да се превенираат девијантните појави со уништување на урбаната опрема.

Се соочуваме со секојдневни проблеми – се уништува урбаната опрема инвестирана од локалните самоуправи која се инвестира и потоа останува целосно незаштитена. Затоа сметаме дека Законот за комунални дејности кој е во ингеренции на друго министерство треба да се доработи и доуреди во насока на поголемо обезбедување, на зачувување на оние инвестиции во инфраструктура од локалните самоуправи, а наша интенција е комуналната полиција да ја препознаеме во Законот за локална самоуправа за во иднина да можеме да превенираме вакви девијантни состојби, вели Перински.

Општините секојдневно се соочуваат со уништена урбана опрема, искршени детски реквизити, уништени спортски игралишта.... На почетокот на јули, Општина Центар до медиумите испрати видеа како малолетници во вечерните часови ја уништуваат урбаната опрема на детско игралиште во Капиштец. Видеата, како што информираа од Општината, биле пристигнати од загрижени граѓани.

И претседателот на ЗЕЛС и актуелен градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски неодамна на телевизиско гостување рече дека треба да има механизам за отповикување на градоначалници кои не ја извршуваат функцијата поради која се избрани од страна на граѓаните. Ѓорѓиевски посочи дека тим од градоначалници и правници подготвуваат предлог законски измени коишто планираат да ги достават до Министерсвото за локална самоуправа.

Градоначалниците имаат голема моќ и освен на избори не можат да бидат променети. Таква е состојбата со градоначалничката на Скопје и со некои други. Факт е дека треба да има законски контролен механизам, отчетност пред граѓаните и секој градоначалник кога ќе стапи на функцијата треба да биде свесен дека би можел пред време да биде променет, рече Ѓорѓиевски во дебатата „Клик плус“ на ТВ21.

The post Со новиот закон за локална самоуправа ќе може да се отповика градоначалник appeared first on Република.

]]>

Можност за отповикување од функцијата градоначалник и воведување комунална полиција се новините што треба да бидат содржани во новиот закон за локална самоуправа, што вчера ги најави министерот за локална самоуправа Златко Перински. Актуелниот Закон за локална самоуправа, кој е стар над 20 години, нема можност за отповикување од функцијата градоначалник поради што избраните градоначалници остануваат на функцијата до крајот на мандатот. Според Перински, треба да се интервенира во Законот преку широк консензус и да се слушнат и интернационални експерти.
Токму затоа сметаме дека треба да се интервенира во овој Закон преку широк консензус, да слушнеме и интернационални, но и домашни експерти, да најдеме заедничко решение за да ја смениме оваа аномалија на Законот, рече Перински на вчерашната прес-конференција по повод 100 дена од работата на Министерството за локална самоуправа.
Со новиот закон за локална самоуправа којшто треба да биде прилагоден со модерните услови на живеење, се најавува и воведување на комунална полиција со цел во иднина да се превенираат девијантните појави со уништување на урбаната опрема.
Се соочуваме со секојдневни проблеми – се уништува урбаната опрема инвестирана од локалните самоуправи која се инвестира и потоа останува целосно незаштитена. Затоа сметаме дека Законот за комунални дејности кој е во ингеренции на друго министерство треба да се доработи и доуреди во насока на поголемо обезбедување, на зачувување на оние инвестиции во инфраструктура од локалните самоуправи, а наша интенција е комуналната полиција да ја препознаеме во Законот за локална самоуправа за во иднина да можеме да превенираме вакви девијантни состојби, вели Перински.
Општините секојдневно се соочуваат со уништена урбана опрема, искршени детски реквизити, уништени спортски игралишта.... На почетокот на јули, Општина Центар до медиумите испрати видеа како малолетници во вечерните часови ја уништуваат урбаната опрема на детско игралиште во Капиштец. Видеата, како што информираа од Општината, биле пристигнати од загрижени граѓани. И претседателот на ЗЕЛС и актуелен градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски неодамна на телевизиско гостување рече дека треба да има механизам за отповикување на градоначалници кои не ја извршуваат функцијата поради која се избрани од страна на граѓаните. Ѓорѓиевски посочи дека тим од градоначалници и правници подготвуваат предлог законски измени коишто планираат да ги достават до Министерсвото за локална самоуправа.
Градоначалниците имаат голема моќ и освен на избори не можат да бидат променети. Таква е состојбата со градоначалничката на Скопје и со некои други. Факт е дека треба да има законски контролен механизам, отчетност пред граѓаните и секој градоначалник кога ќе стапи на функцијата треба да биде свесен дека би можел пред време да биде променет, рече Ѓорѓиевски во дебатата „Клик плус“ на ТВ21.

The post Со новиот закон за локална самоуправа ќе може да се отповика градоначалник appeared first on Република.

]]>
Влен се подготвени за предвремени избори во Гостивар ако не помине Законот за локална самоуправа https://republika.mk/vesti/makedonija/vlen-se-podgotveni-za-predvremeni-izbori-vo-gostivar-ako-ne-pomine-zakonot-za-lokalna-samouprava/ Wed, 11 Sep 2024 12:26:21 +0000 https://republika.mk/?p=815383

Вршителот на должноста градоначалник на општина Гостивар Ваљбон Лимани смета дека Законот за локална самоуправа кој е во собраниска расправа треба да помине и на тој начин да се заштеди на вонредни избори, но, ако не помине, тој и неговите поддржувачи се подготвени да одат на избори.

Лимани, кој на оваа функција дојде откако поранешниот градоначалник Арбен Таравари беше именуван за министер за здравство, одговорајќи на новинарско прашање посочи дека не знае дали законот ќе помине пред пратениците.

- Не знам што ќе биде денеска, дали законот ќе помине. Но, би било добро за нашата држава, знаејќи ја финансиската состојба и колку пари се потребни од буџетот за да се организираат нови избори, законот да помине. Посакувам овој закон да се донесе со единствена цел да не се прават непотребни расходи и да се рационализираат расходите. И да не помине, подготвени сме во секое време да одиме на избори, изјави в.д. градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани.

На прашањето дали ќе се кандидира за градоначалник на Гостивар доколку се организираат предвремени локални избори, Лимани рече дека за ова ќе одлучуваат партиските органи и коалицијата „ВЛЕН/ВРЕДИ“.

Доколку законот помине, Лимани ќе остане на функцијата до одржување на редовните локални избори.

Собранието денес на дневен ред треба да расправа за Предлог-законот за измена и дополнување на Законот за локална самоуправа, по скратена постапка, со кој се предвидува вршител на должноста градоначалник во општините каде што мандатот на избраните градоначалници престана да може да ја врши оваа функција до изборот на новиот градоначалник на општината. За да се донесе законот, потребно Бадентерово мнозинство и 81 глас

The post Влен се подготвени за предвремени избори во Гостивар ако не помине Законот за локална самоуправа appeared first on Република.

]]>

Вршителот на должноста градоначалник на општина Гостивар Ваљбон Лимани смета дека Законот за локална самоуправа кој е во собраниска расправа треба да помине и на тој начин да се заштеди на вонредни избори, но, ако не помине, тој и неговите поддржувачи се подготвени да одат на избори. Лимани, кој на оваа функција дојде откако поранешниот градоначалник Арбен Таравари беше именуван за министер за здравство, одговорајќи на новинарско прашање посочи дека не знае дали законот ќе помине пред пратениците.
- Не знам што ќе биде денеска, дали законот ќе помине. Но, би било добро за нашата држава, знаејќи ја финансиската состојба и колку пари се потребни од буџетот за да се организираат нови избори, законот да помине. Посакувам овој закон да се донесе со единствена цел да не се прават непотребни расходи и да се рационализираат расходите. И да не помине, подготвени сме во секое време да одиме на избори, изјави в.д. градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани.
На прашањето дали ќе се кандидира за градоначалник на Гостивар доколку се организираат предвремени локални избори, Лимани рече дека за ова ќе одлучуваат партиските органи и коалицијата „ВЛЕН/ВРЕДИ“. Доколку законот помине, Лимани ќе остане на функцијата до одржување на редовните локални избори. Собранието денес на дневен ред треба да расправа за Предлог-законот за измена и дополнување на Законот за локална самоуправа, по скратена постапка, со кој се предвидува вршител на должноста градоначалник во општините каде што мандатот на избраните градоначалници престана да може да ја врши оваа функција до изборот на новиот градоначалник на општината. За да се донесе законот, потребно Бадентерово мнозинство и 81 глас

The post Влен се подготвени за предвремени избори во Гостивар ако не помине Законот за локална самоуправа appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Со законот за локална самоуправа ќе се манипулира со волјата на избирачите, ние сме против https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-so-zakonot-za-lokalna-samouprava-ke-se-manipulira-so-voljata-na-izbirachite-nie-sme-protiv/ Wed, 11 Sep 2024 11:25:50 +0000 https://republika.mk/?p=815353

СДСМ го искажа својот став за измена на законот за локална самоуправа, а тоа е дека сме против ова законско решение, истакна пратеникот Оливер Спасовски.

Опозициската партија смета дека на овој начин се нарушуваат демократските принципи и е спротивно на уставните начела со кои граѓаноите ги носат одлуките за локалната власт.

„Сметаме дека носењето на вакво законско решение во кое без одлука на граѓаните ќе можеме да вршиме промена на градоначалници во одредени општини, на тој начин се одзема правото на граѓаните и се манипулира со волјата на избирачите. Исправно е да кажеме јасно и гласно дека ваков закон не може да добие поддршка. Кога станува збор за изборите, последниот збор мора да го има граѓанинот. Ќе се соочиме со состојба кога по одржувањето на избори повторно се создава пракса во која ќе може на некој од градоначалниците да му престане мандатот и потоа до крајот на мандатот да раководи друг“, рече Спасовски.

Пратеникот го коментираше и ставот на ДУИ дека ќе го поддржи законот за локална самоуправа.

„И покрај тоа што партијата која сега ја предводи владата, тоа е ВМРО-ДПМНЕ, пред целата јавност кажа дека ДУИ е дефакторизирана и било каква соработка со ДУИ е невозможна, ние гледаме добра коалиција на дело затоа што ова е веќе второ законско решение. Сосема се јасни работите и ќе им бидат и награѓаните дека таа нишка, врска којашто постои е длабока, а причините за одлуката ќе излезат на вииделина“, рече Спасовски.

Собранието денеска ја почна 14. седница на која на предложениот дневен ред се 31. точка, меѓу кои Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа, по скратена постапка, со којшто, меѓудругото, се предвидува вршителот на должност градоначалник во општините каде по сила на закон им престанал мандатот на избраните градоначалници да можат да ја извршуваат оваа функција до изборот на нов прв човек на општината. За да се изгласа овој закон потребно е двотретонско мнозинство. По парламентарните избори во земјата и изборот за министри и пратеници, в.д градоначалници има во Аеродром, во Гостивар и во Сарај.

The post Спасовски: Со законот за локална самоуправа ќе се манипулира со волјата на избирачите, ние сме против appeared first on Република.

]]>

СДСМ го искажа својот став за измена на законот за локална самоуправа, а тоа е дека сме против ова законско решение, истакна пратеникот Оливер Спасовски. Опозициската партија смета дека на овој начин се нарушуваат демократските принципи и е спротивно на уставните начела со кои граѓаноите ги носат одлуките за локалната власт. „Сметаме дека носењето на вакво законско решение во кое без одлука на граѓаните ќе можеме да вршиме промена на градоначалници во одредени општини, на тој начин се одзема правото на граѓаните и се манипулира со волјата на избирачите. Исправно е да кажеме јасно и гласно дека ваков закон не може да добие поддршка. Кога станува збор за изборите, последниот збор мора да го има граѓанинот. Ќе се соочиме со состојба кога по одржувањето на избори повторно се создава пракса во која ќе може на некој од градоначалниците да му престане мандатот и потоа до крајот на мандатот да раководи друг“, рече Спасовски. Пратеникот го коментираше и ставот на ДУИ дека ќе го поддржи законот за локална самоуправа. „И покрај тоа што партијата која сега ја предводи владата, тоа е ВМРО-ДПМНЕ, пред целата јавност кажа дека ДУИ е дефакторизирана и било каква соработка со ДУИ е невозможна, ние гледаме добра коалиција на дело затоа што ова е веќе второ законско решение. Сосема се јасни работите и ќе им бидат и награѓаните дека таа нишка, врска којашто постои е длабока, а причините за одлуката ќе излезат на вииделина“, рече Спасовски. Собранието денеска ја почна 14. седница на која на предложениот дневен ред се 31. точка, меѓу кои Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа, по скратена постапка, со којшто, меѓудругото, се предвидува вршителот на должност градоначалник во општините каде по сила на закон им престанал мандатот на избраните градоначалници да можат да ја извршуваат оваа функција до изборот на нов прв човек на општината. За да се изгласа овој закон потребно е двотретонско мнозинство. По парламентарните избори во земјата и изборот за министри и пратеници, в.д градоначалници има во Аеродром, во Гостивар и во Сарај.

The post Спасовски: Со законот за локална самоуправа ќе се манипулира со волјата на избирачите, ние сме против appeared first on Република.

]]>
Измените на Законот за локална самоуправа на собраниска седница https://republika.mk/vesti/makedonija/izmenite-na-zakonot-za-lokalna-samouprava-na-sobraniska-sednitsa/ Wed, 11 Sep 2024 06:08:51 +0000 https://republika.mk/?p=815123

Собранието денеска треба да ја започне 14. седница на која на предложениот дневен ред се 31. точка, меѓу кои Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа, по скратена постапка, со којшто, меѓудругото, се предвидува вршителот на должност градоначалник во општините каде по сила на закон им престанал мандатот на избраните градоначалници да можат да ја извршуваат оваа функција до изборот на нов прв човек на општината.

За да се изгласа овој закон потребно е двотретонско мнозинство. Според информациите од Собранието, пратениците на ДУИ ќе го поддржат законот, а пратеничката група на СДСМ до вчера доцна попладне немаше се уште изградено став како ќе гласа на седницата за овој закон.

По парламентарните избори во земјата и изборот за министри и пратеници, в.д градоначалници има во Аеродром, во Гостивар и во Сарај.

На предложениот дневен ред на седницата се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во прво читање, Предлог за избор на член на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, Предлог за избор на член на Националниот совет за високо образование и научно - истражувачка дејност, од редот на студентите. Потоа измени и дополнувања на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на Законот за медиуми, измени на Законот за архивски материјал, на Законот за користење на податоците од јавниот сектор, измени и дополнувања на Законот за бесплатна правна помош, сите по скратена постапка и други.

На дневен ред се и неколу закони во прво читање и годишни извештаи.

The post Измените на Законот за локална самоуправа на собраниска седница appeared first on Република.

]]>

Собранието денеска треба да ја започне 14. седница на која на предложениот дневен ред се 31. точка, меѓу кои Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа, по скратена постапка, со којшто, меѓудругото, се предвидува вршителот на должност градоначалник во општините каде по сила на закон им престанал мандатот на избраните градоначалници да можат да ја извршуваат оваа функција до изборот на нов прв човек на општината. За да се изгласа овој закон потребно е двотретонско мнозинство. Според информациите од Собранието, пратениците на ДУИ ќе го поддржат законот, а пратеничката група на СДСМ до вчера доцна попладне немаше се уште изградено став како ќе гласа на седницата за овој закон. По парламентарните избори во земјата и изборот за министри и пратеници, в.д градоначалници има во Аеродром, во Гостивар и во Сарај. На предложениот дневен ред на седницата се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во прво читање, Предлог за избор на член на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, Предлог за избор на член на Националниот совет за високо образование и научно - истражувачка дејност, од редот на студентите. Потоа измени и дополнувања на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на Законот за медиуми, измени на Законот за архивски материјал, на Законот за користење на податоците од јавниот сектор, измени и дополнувања на Законот за бесплатна правна помош, сите по скратена постапка и други. На дневен ред се и неколу закони во прво читање и годишни извештаи.

The post Измените на Законот за локална самоуправа на собраниска седница appeared first on Република.

]]>
Утре ќе се гласаат измените во Законот за локална самоуправа, ДУИ ќе ги поддржи https://republika.mk/vesti/makedonija/utre-ke-se-glasaat-izmenite-vo-zakonot-za-lokalna-samouprava-dui-ke-gi-poddrzhi/ Tue, 10 Sep 2024 08:23:01 +0000 https://republika.mk/?p=814795

Утре предлог измените во Законот за локална самоиправа ќе бидат ставени на дневен ред за гласање во Собранието. Целта на овие измени е да се избегне одржувањето на вонредени избори за градоначалници во Сарај, Аеродром и во Гостивар до крајот на годинава, откако претходно градоначалниците на тие општини преминаа во извршната или законодавната власт.

Од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат поддршка од сите политички партии затоа што, како што вчера изјави портпаролката на партијата Марија Митева, законот е рационален и ги намалува трошоците.

„Очекуваме да се изгласа потребата од носењето на овој закон, а веднаш потоа согласно Деловникот да се запазат сите процедури. Очекуваме поддршка од сите политички партии затоа што цениме дека овој закон е рационален и ги намалува трошоците на граѓаните и државата“, изјави Митева,

За да поминат измените потребно е и Бадентерово мнозинство. Како што вчера објави телевизија 24, пратениците од ДУИ ќе гласаат за измените на Законот за локална самоуправа, со што ќе се обезбеди потребното двотретинско мнозинство. Од најголемата опозициска партија од македонскиот блок СДСМ се уште не се изјасниле дали ќе го поддржат ова законско решение.

Предлог измените на Законот за локална самоуправа, кои беа доставени до Собранието пред неколку дена по скратена постапка, а негови предлагачи се координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, Никола Мицевски, Халил Снопче и Горан Карапејовски, овозможуваат актуелните в.д. градоначалници да го завршат мандатот до редовните локални избори во октомври 2025 година.

Доколку Предлог законот не ја добие потребната поддршка во Собранието, тогаш според актуелното законско решение во Сарај, Аеродром и во Гостивар до крајот на годината ќе треба да се одржат вонредни избори за градоначалници.

The post Утре ќе се гласаат измените во Законот за локална самоуправа, ДУИ ќе ги поддржи appeared first on Република.

]]>

Утре предлог измените во Законот за локална самоиправа ќе бидат ставени на дневен ред за гласање во Собранието. Целта на овие измени е да се избегне одржувањето на вонредени избори за градоначалници во Сарај, Аеродром и во Гостивар до крајот на годинава, откако претходно градоначалниците на тие општини преминаа во извршната или законодавната власт. Од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат поддршка од сите политички партии затоа што, како што вчера изјави портпаролката на партијата Марија Митева, законот е рационален и ги намалува трошоците.
„Очекуваме да се изгласа потребата од носењето на овој закон, а веднаш потоа согласно Деловникот да се запазат сите процедури. Очекуваме поддршка од сите политички партии затоа што цениме дека овој закон е рационален и ги намалува трошоците на граѓаните и државата“, изјави Митева,
За да поминат измените потребно е и Бадентерово мнозинство. Како што вчера објави телевизија 24, пратениците од ДУИ ќе гласаат за измените на Законот за локална самоуправа, со што ќе се обезбеди потребното двотретинско мнозинство. Од најголемата опозициска партија од македонскиот блок СДСМ се уште не се изјасниле дали ќе го поддржат ова законско решение. Предлог измените на Законот за локална самоуправа, кои беа доставени до Собранието пред неколку дена по скратена постапка, а негови предлагачи се координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, Никола Мицевски, Халил Снопче и Горан Карапејовски, овозможуваат актуелните в.д. градоначалници да го завршат мандатот до редовните локални избори во октомври 2025 година. Доколку Предлог законот не ја добие потребната поддршка во Собранието, тогаш според актуелното законско решение во Сарај, Аеродром и во Гостивар до крајот на годината ќе треба да се одржат вонредни избори за градоначалници.

The post Утре ќе се гласаат измените во Законот за локална самоуправа, ДУИ ќе ги поддржи appeared first on Република.

]]>
Измените на Законот за локална самоуправа утре на собраниска седница https://republika.mk/vesti/makedonija/izmenite-na-zakonot-za-lokalna-samouprava-utre-na-sobraniska-sednitsa/ Tue, 10 Sep 2024 05:28:32 +0000 https://republika.mk/?p=814778

Измените на Законот за локална самоуправа се ставени како точка на дневен ред на пленарната седница закажана в среда, на 11 септември. Со нив треба да се избегне одржувањето на вонредени избори за градоначалници во Сарај, Аеродром и во Гостивар до крајот на годинава, откако претходно градоначалниците на тие општини преминаа во извршната или законодавната власт.

Од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат поддршка од сите политички партии затоа што, како што вчера изјави портпаролката на партијата Марија Митева, законот е рационален и ги намалува трошоците.

Очекуваме да се изгласа потребата од носењето на овој закон, а веднаш потоа согласно Деловникот да се запазат сите процедури. Очекуваме поддршка од сите политички партии затоа што цениме дека овој закон е рационален и ги намалува трошоците на граѓаните и државата, изјави Митева, одговарајќи на новинарски прашања вчера на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

За да поминат измените потребно е и Бадентерово мнозинство. Како што вчера објави телевизија 24, пратениците од ДУИ ќе гласаат за измените на Законот за локална самоуправа, со што ќе се обезбеди потребното двотретинско  мнозинство.

Од најголемата опозициска партија од македонскиот блок СДСМ се уште не се изјасниле дали ќе го поддржат ова законско решение.

Предлог измените на Законот за локална самоуправа, кои беа доставени до Собранието пред неколку дена по скратена постапка, а негови предлагачи се координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, Никола Мицевски, Халил Снопче и Горан Карапејовски, овозможуваат актуелните в.д. градоначалници да го завршат  мандатот до редовните локални избори во октомври 2025 година.

Доколку Предлог законот не ја добие потребната поддршка во Собранието, тогаш според актуелното законско решение во Сарај, Аеродром и во Гостивар до крајот на годината ќе треба да се одржат вонредни избори за градоначалници.

The post Измените на Законот за локална самоуправа утре на собраниска седница appeared first on Република.

]]>

Измените на Законот за локална самоуправа се ставени како точка на дневен ред на пленарната седница закажана в среда, на 11 септември. Со нив треба да се избегне одржувањето на вонредени избори за градоначалници во Сарај, Аеродром и во Гостивар до крајот на годинава, откако претходно градоначалниците на тие општини преминаа во извршната или законодавната власт. Од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат поддршка од сите политички партии затоа што, како што вчера изјави портпаролката на партијата Марија Митева, законот е рационален и ги намалува трошоците.
Очекуваме да се изгласа потребата од носењето на овој закон, а веднаш потоа согласно Деловникот да се запазат сите процедури. Очекуваме поддршка од сите политички партии затоа што цениме дека овој закон е рационален и ги намалува трошоците на граѓаните и државата, изјави Митева, одговарајќи на новинарски прашања вчера на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
За да поминат измените потребно е и Бадентерово мнозинство. Како што вчера објави телевизија 24, пратениците од ДУИ ќе гласаат за измените на Законот за локална самоуправа, со што ќе се обезбеди потребното двотретинско  мнозинство. Од најголемата опозициска партија од македонскиот блок СДСМ се уште не се изјасниле дали ќе го поддржат ова законско решение. Предлог измените на Законот за локална самоуправа, кои беа доставени до Собранието пред неколку дена по скратена постапка, а негови предлагачи се координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, Никола Мицевски, Халил Снопче и Горан Карапејовски, овозможуваат актуелните в.д. градоначалници да го завршат  мандатот до редовните локални избори во октомври 2025 година. Доколку Предлог законот не ја добие потребната поддршка во Собранието, тогаш според актуелното законско решение во Сарај, Аеродром и во Гостивар до крајот на годината ќе треба да се одржат вонредни избори за градоначалници.

The post Измените на Законот за локална самоуправа утре на собраниска седница appeared first on Република.

]]>
Измените на Законот за локална самоуправа предложени во Собранието – поставување на градоначалници без предвремени избори https://republika.mk/vesti/makedonija/izmenite-na-zakonot-za-lokalna-samouprava-predlozheni-vo-sobranieto-postavuvane-na-gradonachalnitsi-bez-predvremeni-izbori/ Sat, 07 Sep 2024 19:01:49 +0000 https://republika.mk/?p=814212

Во Собранието вчера беше поднесен предлог за клучни измени на Законот за локална самоуправа. Со овие измени се овозможува поставување на нови градоначалници во случај кога актуелните се именувани на други функции. Промените се предложени за да се избегне одржување на предвремени избори и да се обезбеди континуитет во управувањето на општините.

На предлогот се потпишаа координаторите на парламентарното мнозинство, вклучувајќи ги Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ, Халил Снопче од коалицијата ВРЕДИ и Бобан Карапејовски од ЗНАМ. Овој предлог за измени на Законот за локална самоуправа ќе се разгледува по скратена постапка, со фокус на економичноста и избегнување на дополнителни трошоци.

Неколку општини останаа без градоначалници по парламентарните избори. Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, сега е министер за надворешни работи, додека Арбен Таравари од Гостивар стана министер за здравство. Блерим Беџети од Сарај премина во парламентот како пратеник. Во овие општини се назначени вршители на должноста градоначалници, но со предложените измени на Законот за локална самоуправа, ќе се овозможи назначување нови градоначалници без потреба од предвремени избори.

Членот 4 предвидува привремено решение за спроведување постапка за избор на нов градоначалник, кое ќе важи до одржување на редовните избори за членовите на советите на општините и Советот на Град Скопје. Ова решение ќе важи и за избор на градоначалник на општина и на Град Скопје, откако законот ќе стапи на сила. Со оглед на тоа дека до редовните локални избори остануваат помалку од 12 месеци и водејќи се од најдобрите интереси на граѓаните, како и начелото на економичност во контекст на економската состојба на државата, предложените законски решенија имаат за цел да ги остварат целите на предлогот.

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, истакна дека Законот за локална самоуправа е стар повеќе од две децении и бара темелни системски измени за да се прилагоди на денешните услови. Овие предложени измени претставуваат преодно решение до воведувањето на нов, модерен закон. За усвојување на измените на Законот за локална самоуправа ќе биде потребно двотретинско мнозинство и Бадентерово мнозинство, што подразбира и поддршка од опозицијата.

Министерот најави дека следната година ќе започне широка дебата за создавање нов закон за локална самоуправа. Во дебатата ќе учествуваат општините и експерти од оваа област. Овие системски измени на Законот за локална самоуправа се од клучно значење за модернизација на локалното управување и подобрување на функционалноста на општините.

The post Измените на Законот за локална самоуправа предложени во Собранието – поставување на градоначалници без предвремени избори appeared first on Република.

]]>

Во Собранието вчера беше поднесен предлог за клучни измени на Законот за локална самоуправа. Со овие измени се овозможува поставување на нови градоначалници во случај кога актуелните се именувани на други функции. Промените се предложени за да се избегне одржување на предвремени избори и да се обезбеди континуитет во управувањето на општините. На предлогот се потпишаа координаторите на парламентарното мнозинство, вклучувајќи ги Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ, Халил Снопче од коалицијата ВРЕДИ и Бобан Карапејовски од ЗНАМ. Овој предлог за измени на Законот за локална самоуправа ќе се разгледува по скратена постапка, со фокус на економичноста и избегнување на дополнителни трошоци. Неколку општини останаа без градоначалници по парламентарните избори. Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, сега е министер за надворешни работи, додека Арбен Таравари од Гостивар стана министер за здравство. Блерим Беџети од Сарај премина во парламентот како пратеник. Во овие општини се назначени вршители на должноста градоначалници, но со предложените измени на Законот за локална самоуправа, ќе се овозможи назначување нови градоначалници без потреба од предвремени избори. Членот 4 предвидува привремено решение за спроведување постапка за избор на нов градоначалник, кое ќе важи до одржување на редовните избори за членовите на советите на општините и Советот на Град Скопје. Ова решение ќе важи и за избор на градоначалник на општина и на Град Скопје, откако законот ќе стапи на сила. Со оглед на тоа дека до редовните локални избори остануваат помалку од 12 месеци и водејќи се од најдобрите интереси на граѓаните, како и начелото на економичност во контекст на економската состојба на државата, предложените законски решенија имаат за цел да ги остварат целите на предлогот. Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, истакна дека Законот за локална самоуправа е стар повеќе од две децении и бара темелни системски измени за да се прилагоди на денешните услови. Овие предложени измени претставуваат преодно решение до воведувањето на нов, модерен закон. За усвојување на измените на Законот за локална самоуправа ќе биде потребно двотретинско мнозинство и Бадентерово мнозинство, што подразбира и поддршка од опозицијата. Министерот најави дека следната година ќе започне широка дебата за создавање нов закон за локална самоуправа. Во дебатата ќе учествуваат општините и експерти од оваа област. Овие системски измени на Законот за локална самоуправа се од клучно значење за модернизација на локалното управување и подобрување на функционалноста на општините.

The post Измените на Законот за локална самоуправа предложени во Собранието – поставување на градоначалници без предвремени избори appeared first on Република.

]]>
Ќе има ли двотретинска поддршка за измена на Законот за локална самоуправа? https://republika.mk/vesti/makedonija/ke-ima-li-dvotretinska-poddrshka-za-izmena-na-zakonot-za-lokalna-samouprava/ Fri, 14 Jun 2024 09:54:30 +0000 https://republika.mk/?p=787524

СДСМ и ДУИ немаат израден став дали ќе ги поддржат измените на Законот за локална самоуправа.Овој закон е важен бидејќи ако не се донесе ќе мора да има предвремени избори во општините чии градоначалници ќе станат министри.

За да се изласа овој закон е потребно 80 пратеници, слично како што требаше за законот за реоранизација на министерствата.

За измените е потребно двотретинско мнозинство и Бадентер, што значи дека ќе бидат потребни и гласови од опозицијата.

Предлагач на законот е Вреди, а го поддржува и  ВМРО-ДПМНЕ.

Новото законско решене предвидува в.д градоначалниците да може да ги водат општините се до одржувањето на локалните избори насен идната година, под услов да истекот повеќе од половина од градоначалничкиот мандат.

The post Ќе има ли двотретинска поддршка за измена на Законот за локална самоуправа? appeared first on Република.

]]>

СДСМ и ДУИ немаат израден став дали ќе ги поддржат измените на Законот за локална самоуправа.Овој закон е важен бидејќи ако не се донесе ќе мора да има предвремени избори во општините чии градоначалници ќе станат министри. За да се изласа овој закон е потребно 80 пратеници, слично како што требаше за законот за реоранизација на министерствата. За измените е потребно двотретинско мнозинство и Бадентер, што значи дека ќе бидат потребни и гласови од опозицијата. Предлагач на законот е Вреди, а го поддржува и  ВМРО-ДПМНЕ. Новото законско решене предвидува в.д градоначалниците да може да ги водат општините се до одржувањето на локалните избори насен идната година, под услов да истекот повеќе од половина од градоначалничкиот мандат.

The post Ќе има ли двотретинска поддршка за измена на Законот за локална самоуправа? appeared first on Република.

]]>