закон за игри на среќа Archives - Република https://republika.mk/tema/zakon-za-igri-na-srekja/ За подобро да се разбереме Fri, 06 Sep 2024 10:30:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png закон за игри на среќа Archives - Република https://republika.mk/tema/zakon-za-igri-na-srekja/ 32 32 Не помина предлог Законот на ДУИ за игри на среќа https://republika.mk/vesti/ekonomija/ne-pomina-predlog-zakonot-na-dui-za-igri-na-sreka/ Fri, 06 Sep 2024 10:30:08 +0000 https://republika.mk/?p=813798

Со девет гласови „за“, двајца „против“ и ниту еден воздржан, собраниската Законодавно правната комисија констатира дека Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри во прво читање поднесен од пратениците на „Европски фронт“ не е прифатлив и не треба да се даде на натамошно читање.

Претседателот на Законодавно правната комисија Александар Велјановски соопшти дека вчера матичното работно тело Комисијата за финансирање и буџет констатирала дека овој Закон не е прифатлив и не треба да се даде на натамошно читање.

Еден од предлагачите пратеничката на „Европски фронт“ Иљире Даути во образложението на законското решение нагласи дека со измените и дополнувањата бараат објектите на игрите на среќа дејноста да ја вршат само во хотели со пет ѕвезди.

-Нема место околу училиштата, верските и културните објекти каде нема вакви објекти на игрите на среќа. Сите ние треба да претендираме да сме држава, среќата на народот да биде преку вработувања и други работи за да имаат материјални придобивки, а не на овој начин. Првата точка е поради фактот дека целиот проблем стои во тоа дека нема ограничувања што се однесува на овие дејности каде ќе се одвива. Секој објект што е слободен во територија може да се искористи без ниту една пречка и за ваква дејност за приредување на игри на среќа. Немајќи вакви ограничувања дојдовме до ситуација дека тие можат да се отворат толку многу вакви објекти на игри на среќа и има такви мислења кои што велат дека игрите на среќа е подобро воопшто да не постојат. Дојдовме до решение дека најдобро е да бидат дислоцирани само во хотели со пет ѕвезди, рече таа.

Втора точка, како што потенцира Даути, со денот на влегување во сила на овој закон приредувачите на игри на среќа во казината, обложувалниците, автомат клубовите и томбола од затворен тип за секое истакнување на назив, реклами, објави и огласи на јавни места како и за назив на деловна просторија, да плаќаат месечен износ од 200 евра во денарска противвредноста за секој м2 од површината на која се наоѓа називот, рекламата, објавата и огласот кои средства се уплатат на посебна сметка на општината на чија територија се наоѓа деловната просторија. Уплатените средства од приредувачите на игрите на среќа, општините да ги користат за поддршка на спортот и спортските активности на општината, лицата со посебни потреби, инвалидските организации и здруженијата на граѓани за борба против семејното насилство.

The post Не помина предлог Законот на ДУИ за игри на среќа appeared first on Република.

]]>

Со девет гласови „за“, двајца „против“ и ниту еден воздржан, собраниската Законодавно правната комисија констатира дека Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри во прво читање поднесен од пратениците на „Европски фронт“ не е прифатлив и не треба да се даде на натамошно читање. Претседателот на Законодавно правната комисија Александар Велјановски соопшти дека вчера матичното работно тело Комисијата за финансирање и буџет констатирала дека овој Закон не е прифатлив и не треба да се даде на натамошно читање. Еден од предлагачите пратеничката на „Европски фронт“ Иљире Даути во образложението на законското решение нагласи дека со измените и дополнувањата бараат објектите на игрите на среќа дејноста да ја вршат само во хотели со пет ѕвезди.
-Нема место околу училиштата, верските и културните објекти каде нема вакви објекти на игрите на среќа. Сите ние треба да претендираме да сме држава, среќата на народот да биде преку вработувања и други работи за да имаат материјални придобивки, а не на овој начин. Првата точка е поради фактот дека целиот проблем стои во тоа дека нема ограничувања што се однесува на овие дејности каде ќе се одвива. Секој објект што е слободен во територија може да се искористи без ниту една пречка и за ваква дејност за приредување на игри на среќа. Немајќи вакви ограничувања дојдовме до ситуација дека тие можат да се отворат толку многу вакви објекти на игри на среќа и има такви мислења кои што велат дека игрите на среќа е подобро воопшто да не постојат. Дојдовме до решение дека најдобро е да бидат дислоцирани само во хотели со пет ѕвезди, рече таа.
Втора точка, како што потенцира Даути, со денот на влегување во сила на овој закон приредувачите на игри на среќа во казината, обложувалниците, автомат клубовите и томбола од затворен тип за секое истакнување на назив, реклами, објави и огласи на јавни места како и за назив на деловна просторија, да плаќаат месечен износ од 200 евра во денарска противвредноста за секој м2 од површината на која се наоѓа називот, рекламата, објавата и огласот кои средства се уплатат на посебна сметка на општината на чија територија се наоѓа деловната просторија. Уплатените средства од приредувачите на игрите на среќа, општините да ги користат за поддршка на спортот и спортските активности на општината, лицата со посебни потреби, инвалидските организации и здруженијата на граѓани за борба против семејното насилство.

The post Не помина предлог Законот на ДУИ за игри на среќа appeared first on Република.

]]>
Меџити: Работиме на нов закон за казината и игрите на среќа, да не станеме Лас Вегас на Балканот https://republika.mk/vesti/ekonomija/medhiti-rabotime-na-nov-zakon-za-kazinata-i-igrite-na-sreka-da-ne-staneme-las-vegas-na-balkanot/ Fri, 26 Jul 2024 12:39:26 +0000 https://republika.mk/?p=800553

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити посочи дека со новата Влада работат на нов закон за казината и игрите на среќа се со цел економски подобро да се развие земјата.

„Работиме на нов закон за казината и игрите на среќа кој што ќе биде многу поригорозен бидејќи сакаме оваа држава да се развие економски, а не да стане Лас Вегас на Балканот“, посочи Меџити.

Меџити истакна и дека со нивното доаѓање на власт нема да се зголеми бројот на казината и обложувалниците.

„Ние не земавме ниту директорско ниту заменичко место, како ни член на управен одбор на дирекцијата за игри за среќа на Лотарија на Македонија. Тоа беше првиот чекор, вториот чекор е нашата парламентарна група заедно со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, бараме автентично толкување на законот. Владата веќе донесе таков став, чекаме и Собранието тоа да го потврди и ако го потврди во тој случај петте концесии за онлајн казино ќе стапат на сила. Нормално и тој што ги донел тие закони треба да одговара“, додаде Меџити.

За него е важно што казината ќе бидат далеку од децата.

The post Меџити: Работиме на нов закон за казината и игрите на среќа, да не станеме Лас Вегас на Балканот appeared first on Република.

]]>

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити посочи дека со новата Влада работат на нов закон за казината и игрите на среќа се со цел економски подобро да се развие земјата.
„Работиме на нов закон за казината и игрите на среќа кој што ќе биде многу поригорозен бидејќи сакаме оваа држава да се развие економски, а не да стане Лас Вегас на Балканот“, посочи Меџити. Меџити истакна и дека со нивното доаѓање на власт нема да се зголеми бројот на казината и обложувалниците. „Ние не земавме ниту директорско ниту заменичко место, како ни член на управен одбор на дирекцијата за игри за среќа на Лотарија на Македонија. Тоа беше првиот чекор, вториот чекор е нашата парламентарна група заедно со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, бараме автентично толкување на законот. Владата веќе донесе таков став, чекаме и Собранието тоа да го потврди и ако го потврди во тој случај петте концесии за онлајн казино ќе стапат на сила. Нормално и тој што ги донел тие закони треба да одговара“, додаде Меџити. За него е важно што казината ќе бидат далеку од децата.

The post Меџити: Работиме на нов закон за казината и игрите на среќа, да не станеме Лас Вегас на Балканот appeared first on Република.

]]>
ДУИ: Поддржуваме и бараме итно и целосно затворање на казината и обложувалниците https://republika.mk/vesti/makedonija/dui-poddrzhuvame-i-barame-itno-i-tselosno-zatvorane-na-kazinata-i-oblozhuvalnitsite/ Thu, 11 Jul 2024 18:59:32 +0000 https://republika.mk/?p=795948

Демократската унија за интеграција излезе со соопштение по денешнаа дебата за Законот за игри на среќа.

„Една од програмските определби на Демократската унија за интеграција е целосно затворање на сите објекти за организација на игри на среќа, казина и обложувалници во земјата.

Во минатиот мандат ДУИ и Владата предложија закон, кој беше поддржан и од здружението за анти коцкање, за оддалечување на казината и обложувалници на минимум 500 метри од училиштата и верските објекти, како и заострување на условите лиценците и зголемување на даноците за организаторите.

Овој закон не ги исполни во целост нашите и очекувањата на граѓаните, од причина што наша заложба од првиот ден е целосно затворање на казината и обложувалниците.

Законот беше блокиран речиси 3 години од тогашната опозиција, но конечно беше изгласан и одобрен од Собранието, без поддршка од пратениците кои сега се дел од ВЛЕН.

Тогаш поранешниот претседател Пендаровски не го потпиша законот.
При прегласувањето по враќањето на законот од страна на Пендаровски, пратениците кои денес се дел од ВЛЕН, не гласаа за усвојувсње на законот и овозможија продолжување на работата на казината и обложувалниците.

Овие вазали кои ги понижуваат Албанците водеа агресивна кампања со континуирани клевети и во својата програма ветуваа целосно затворање на казината и кладилниците, а ние заедно со Алијансата за Албанците и другите пратеници, ги предизвикуваме, целосно да ги затвориме, засекогаш да ги забраниме игрите на среќа во нашата земја.

Пратениците на ДУИ и Европскиот фронт поддржуваат целосно и итно затворање на сите објекти за игри на среќа во земјата“, се вели во соопштението на Демократската унија за интеграција.

The post ДУИ: Поддржуваме и бараме итно и целосно затворање на казината и обложувалниците appeared first on Република.

]]>

Демократската унија за интеграција излезе со соопштение по денешнаа дебата за Законот за игри на среќа. „Една од програмските определби на Демократската унија за интеграција е целосно затворање на сите објекти за организација на игри на среќа, казина и обложувалници во земјата. Во минатиот мандат ДУИ и Владата предложија закон, кој беше поддржан и од здружението за анти коцкање, за оддалечување на казината и обложувалници на минимум 500 метри од училиштата и верските објекти, како и заострување на условите лиценците и зголемување на даноците за организаторите. Овој закон не ги исполни во целост нашите и очекувањата на граѓаните, од причина што наша заложба од првиот ден е целосно затворање на казината и обложувалниците. Законот беше блокиран речиси 3 години од тогашната опозиција, но конечно беше изгласан и одобрен од Собранието, без поддршка од пратениците кои сега се дел од ВЛЕН. Тогаш поранешниот претседател Пендаровски не го потпиша законот. При прегласувањето по враќањето на законот од страна на Пендаровски, пратениците кои денес се дел од ВЛЕН, не гласаа за усвојувсње на законот и овозможија продолжување на работата на казината и обложувалниците. Овие вазали кои ги понижуваат Албанците водеа агресивна кампања со континуирани клевети и во својата програма ветуваа целосно затворање на казината и кладилниците, а ние заедно со Алијансата за Албанците и другите пратеници, ги предизвикуваме, целосно да ги затвориме, засекогаш да ги забраниме игрите на среќа во нашата земја. Пратениците на ДУИ и Европскиот фронт поддржуваат целосно и итно затворање на сите објекти за игри на среќа во земјата“, се вели во соопштението на Демократската унија за интеграција.

The post ДУИ: Поддржуваме и бараме итно и целосно затворање на казината и обложувалниците appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ и Влен поднесоа барање за автентично толкување на измените на Законот за игри на среќа на Груби https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-i-vlen-podnesoa-barane-za-avtentichno-tolkuvane-na-izmenite-na-zakonot-za-igri-na-sreka-na-grubi/ Thu, 11 Jul 2024 13:05:32 +0000 https://republika.mk/?p=795865

Пратениците од Влен и ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесоа барање за автентично толкување на член 7 став 3 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри, со цел да добијат прецизно толкување дали одлуката на претходната влада и раководството на државната лотарија за интернет игрите на среќа има законска основа.

Пратеникот од коалицијата Вреди Халил Снопче денеска на прес-конференција посочи оти нивните правни тимови се убедени дека одлуките за формирање на три нови компании за организирање на интернет игри на среќа се целосно без законски основ.

-Благодарение на погрешните, неодговорни и коруптивни одлуки на претходната влада, преку отворање на три нови компании за организирање на интернет игри на среќа, коцкањето преку мобилните уреди и компјутерите влезе и во домовите и младината стана уште полесна цел. Затоа, очекуваме Владата да го поткрепи ова наше правничко толкување, уверување, со соодветно мислење, кое Законодавно правната комисија ќе го преточи во автентично толкување, кое пак ќе овозможи затворање на интернет игри на среќа, и тоа веднаш, рече Снопче.

Тој напомена дека следната точка од планот за справување со штетните последици од игрите на среќа е покренување со соодветни правосудни постапки за докажување на злоупотреби на службената положба и овластување на сите надлежни органи кои учествувале во донесување на незаконските одлуки поврзани со организирање на различни видови игри на среќа.

-Со оглед на фактот дека формиравме работна група, очекуваме во разумен рок Владата да му предложи на Собранието нов Закон за игри на среќа и забавните игри кој ќе содржи низа одредби, со кои сме сигурни дека бројот на постоечки објекти за игри на среќа ќе се намали минимум за половина, додаде Снопче.

Како што рече, во рамките на владејачката коалиција постои политички волја овој план да се спроведе во целост.

The post ВМРО-ДПМНЕ и Влен поднесоа барање за автентично толкување на измените на Законот за игри на среќа на Груби appeared first on Република.

]]>

Пратениците од Влен и ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесоа барање за автентично толкување на член 7 став 3 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри, со цел да добијат прецизно толкување дали одлуката на претходната влада и раководството на државната лотарија за интернет игрите на среќа има законска основа. Пратеникот од коалицијата Вреди Халил Снопче денеска на прес-конференција посочи оти нивните правни тимови се убедени дека одлуките за формирање на три нови компании за организирање на интернет игри на среќа се целосно без законски основ.
-Благодарение на погрешните, неодговорни и коруптивни одлуки на претходната влада, преку отворање на три нови компании за организирање на интернет игри на среќа, коцкањето преку мобилните уреди и компјутерите влезе и во домовите и младината стана уште полесна цел. Затоа, очекуваме Владата да го поткрепи ова наше правничко толкување, уверување, со соодветно мислење, кое Законодавно правната комисија ќе го преточи во автентично толкување, кое пак ќе овозможи затворање на интернет игри на среќа, и тоа веднаш, рече Снопче.
Тој напомена дека следната точка од планот за справување со штетните последици од игрите на среќа е покренување со соодветни правосудни постапки за докажување на злоупотреби на службената положба и овластување на сите надлежни органи кои учествувале во донесување на незаконските одлуки поврзани со организирање на различни видови игри на среќа.
-Со оглед на фактот дека формиравме работна група, очекуваме во разумен рок Владата да му предложи на Собранието нов Закон за игри на среќа и забавните игри кој ќе содржи низа одредби, со кои сме сигурни дека бројот на постоечки објекти за игри на среќа ќе се намали минимум за половина, додаде Снопче.
Како што рече, во рамките на владејачката коалиција постои политички волја овој план да се спроведе во целост.

The post ВМРО-ДПМНЕ и Влен поднесоа барање за автентично толкување на измените на Законот за игри на среќа на Груби appeared first on Република.

]]>
Власта не се откажува од Законот за игри на среќа и оставање без работа на вработените во обложувалниците https://republika.mk/vesti/ekonomija/vlasta-ne-se-otkazhuva-od-zakonot-za-igri-na-sreka-i-ostavane-bez-rabota-na-vrabotenite-vo-oblozhuvalnitsite/ Wed, 28 Feb 2024 09:44:00 +0000 https://republika.mk/?p=749084

Денеска во Собрание е ставен Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, трето читање е ставен повторно на дневен ред, откако претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот за него.

За да се изгласа овој закон, на парламентарното мнозинство ќе му биде потребен 61 глас, но овој пат тој е без европско знаменце.

The post Власта не се откажува од Законот за игри на среќа и оставање без работа на вработените во обложувалниците appeared first on Република.

]]>

Денеска во Собрание е ставен Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, трето читање е ставен повторно на дневен ред, откако претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот за него. За да се изгласа овој закон, на парламентарното мнозинство ќе му биде потребен 61 глас, но овој пат тој е без европско знаменце.

The post Власта не се откажува од Законот за игри на среќа и оставање без работа на вработените во обложувалниците appeared first on Република.

]]>
Албанија ги врати игрите на среќа на барање на ЕУ https://republika.mk/vesti/balkan/albanija-gi-vrati-igrite-na-sreka-na-barane-na-eu/ Sat, 17 Feb 2024 21:28:45 +0000 https://republika.mk/?p=745254

Парламентот на Албанија со 72 гласа „за“ и само два против ја укина забраната за укинување на игрите на среќа од 2019 година.

Албанија ја поништи одлуката на Законот од 2019 година со кој се укинаа и затворија сите обложувалници на територијата на оваа држава. Парламентот на Албанија со 72 гласа „за“ и само два против ја укина забраната за приредување игри на среќа од 2019 година. Одлуката е донесена на предлог на Европската комисија со цел сузбивање на црниот пазар, подигање на нивото на буџетските приходи и обезбедување на транспарентност во оваа економска активност.

Причината за враќање на игрите на среќа е порастот на црниот пазар и приредувањето на нелегални игри од кои државата нема профит.

The post Албанија ги врати игрите на среќа на барање на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Парламентот на Албанија со 72 гласа „за“ и само два против ја укина забраната за укинување на игрите на среќа од 2019 година. Албанија ја поништи одлуката на Законот од 2019 година со кој се укинаа и затворија сите обложувалници на територијата на оваа држава. Парламентот на Албанија со 72 гласа „за“ и само два против ја укина забраната за приредување игри на среќа од 2019 година. Одлуката е донесена на предлог на Европската комисија со цел сузбивање на црниот пазар, подигање на нивото на буџетските приходи и обезбедување на транспарентност во оваа економска активност. Причината за враќање на игрите на среќа е порастот на црниот пазар и приредувањето на нелегални игри од кои државата нема профит.
 
The post Албанија ги врати игрите на среќа на барање на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Никогаш порано, за ниту еден закон, Европската Унија не реагирала пред воопшто да се донесе законот заради злоупотреба на европското знаменце – за Законот за игри на среќа имаше таква реакција https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-nikogash-porano-za-nitu-eden-zakon-evropskata-unija-ne-reagirala-pred-voopshto-da-se-donese-zakonot-zaradi-zloupotreba-na-evropskoto-znamentse-za-zakonot-za-igri-na-sreka-imashe-takva-reak/ Thu, 15 Feb 2024 12:08:11 +0000 https://republika.mk/?p=744377

За измените на Кривичниот законик имаше јасна европска Директива за конфискација на имот стекнат со криминал. Имено, во тој дел, измените на Законикот се усогласени со европската Директива за замрзнување и конфискација на предмети и имотна корист, која освен казната затвор, фокусот го става на одземањето на имотната корист од сторителите на овие кривични дела.

Никогаш, за ниту еден закон, Европската унија писмено не реагирала да не се злоупотребува европското знаменце пред воопшто тој закон да биде донесен, како што ЕУ постапи сега, во овој случај, во однос на Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

Дописот во кој јасно се назначува дека не е почитувана процедурата, односно писмото од Европската Унија пред да биде испратено до Претседателот, е исто така испратено и до Владата и до Собранието.

Вицепремиерот Артан Груби како и сите членови на Владата би требало да се запознаени со овој допис.

The post Пендаровски: Никогаш порано, за ниту еден закон, Европската Унија не реагирала пред воопшто да се донесе законот заради злоупотреба на европското знаменце – за Законот за игри на среќа имаше таква реакција appeared first on Република.

Пендаровски до ДУИ: ЕУ ни укажа дека не смее да се повтори злоупотребата на европското знаме за носење закони https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-do-dui-eu-ni-ukazha-deka-ne-smee-da-se-povtori-zloupotrebata-na-evropskoto-zname-za-nosene-zakoni/ Wed, 14 Feb 2024 13:38:48 +0000 https://republika.mk/?p=744103

Претседателот  Стево Пендаровски од Тетово порача дека Европската унија сериозно укажува на злоупотреба на можноста со европско знаменце и по кратка постапка да се носат закони, како што беше направено во областа на игри на среќа. Воедно, тој одговори на обвинувањата од ДУИ дека „непотпишувањето на законот е приказни за мали деца“ и порача дека не смее да се повторува ваквиот начин на носење на закони.

Јас не мислам дека писмен допис од Брисел за било кого тука во земја кандидат која преговара за членство во Европска унија може да се каже дека е приказна за мали деца. Според мене, тоа е сериозно укажување кое не би смеело како однесување да го повторуваме понатаму. Пред месец дена Европската комисија, значи Европска унија од Брисел праќа писмо до Владата и вели во процедура во Собрание имате закон со кој практично се злоупотребува европското знаме, бидејќи таква европска директива нема. Меѓутоа, пратениците тераат до крај, го усвојуваат тој закон. Пред неколку дена доаѓа европскиот амбасадор кај мене и ми вели, ова е злоупотреба уште една во серија на европското знаме, никој не спори дали е законот добар или лош вели, не смее да биде злоупотребувано европското знаме. Тој посочува дека ако сакаме да одиме во Европска унија, мораме пред да станеме членки да се однесуваме како прави европјани. Вели ова е на балкански начин, а во извештајот за вашиот прогрес во октомври, што се објавува секоја година, имаме серија критики зошто некои закони ги носиме на таков начин, изјави претседателот Пендаровски при посетата на Универзитетот во Тетово.

Пендаровски образложи дека мора да има прецизна европска директива со број и датум кога е донесена. Потенцира дека не навлегува воопшто во содржината на законот, дали е добар или не, туку дека го вратил поради повеќето писмени забелешки на ЕУ.

Во овој случај такво нешто нема и затоа треба законот да оди во редовна процедура и да не трае само 2, 3 дена, целата расправа, само тоа е. Не велиме дали е добар или лош законот како содржина може да е одличен. Меѓутоа велиме мора да се однесуваме како Европа. Бидејќи јас сум легалист за мене најважна работа тоа да го нема. Се друго може кога ќе иде во редовна процедура ќе ги чуеме аргументите и на едните и на другите и македонската јавност ќе ги чуе и ќе заклучиме што е најдобро за неа, истакна Пендаровски.

На прашањето дали ќе се кандидира за претседател Пендаровски рече дека одлуката ќе биде донесена за околу пет до десет дена од сега.

The post Пендаровски до ДУИ: ЕУ ни укажа дека не смее да се повтори злоупотребата на европското знаме за носење закони appeared first on Република.

ДУИ против Пендаровски поради указот за Законот за игри на среќа – Неговата одлука е за жалење https://republika.mk/vesti/ekonomija/dui-protiv-pendarovski-poradi-ukazot-za-zakonot-za-igri-na-sreka-negovata-odluka-e-za-zhalene/ Wed, 14 Feb 2024 07:51:10 +0000 https://republika.mk/?p=743855

Демогратската унија за интеграција, реагира на одлуката на претседателот на државата, Стево Пендаровски, да не го потпише указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа и за забавните игри.

„ Довербата на пратениците и граѓаните кои го поддржаа, како и целата оваа битка за отстранување на казината и обложувалниците од нашите училишта и деца, за двојно зголемување на даноците и зголемување на буџетските приходи и отежнување на процедурите за отворање и проширување на индустријата, Пендаровски ја фрли во корпата за отпадоци, ја одбра страната на обложувалниците и казината. Образложението дека европското знаменце била злоупотребено за усвојување на законот е приказна за мали деца. Замислете немале забелешки за содржината, туку за процедурата. Ние не се предаваме во оваа битка и убедени сме дека пратениците со чиста совест се на страната против казината и обложувалниците“, се вели во реакцијата на ДУИ.

Одлуката на Пендаровски е за жалење,велат од партијата.

„Опозицијата две години по ред го блокираше законот за одалечување на казината и обложувалниците од нашите училишта и деца. Сите ги знаеме нивните мотиви. По сите блокади и опструкции, парламентарното мнозинство конечно го изгласа законот, кој го поздравија сите граѓани, Албанци, Македонци, Турци, Роми, Срби, Босанци и сите останати, а посебно мајките со пораки ‘ни ги спасивте децата’, како и здруженијата против коцкање.

The post ДУИ против Пендаровски поради указот за Законот за игри на среќа – Неговата одлука е за жалење appeared first on Република.

Претседателот Пендаровски не го потпиша Законот за игри на среќа https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-pendarovski-ne-go-potpisha-zakonot-za-igri-na-sreka/ Tue, 13 Feb 2024 14:08:40 +0000 https://republika.mk/?p=743681

Претседателот Стево Пендаровски одлучи да не го потпише Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 7 февруари 2024 година.

Одлуката е донесена врз основа на детална анализа на текстот на Законот и на постапката во која што овој Закон е донесен, како и по спроведени консултации со Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, како наш најважен партнер во земјата во процесот на преговори.

Претседателот Пендаровски смета дека измените и дополнувањата на законот се донесени преку несоодветна употреба на забрзаната процедура за усогласување на нашето законодавство со правото на Европската Унија, популарно позната како „процедура со европско знаменце”, во ситуација на отсуство на суштинско „аки” (задолжително право на ЕУ) во областите што ги опфаќа овој Закон и фактот дека Законот не наведува дури ни лимитирано „ЕУ аки” што може да биде релевантно.

Претседателот Пендаровски, имајќи ја предвид важноста за сеопфатно регулирање на оваа област, но и за легитимните и оправдани грижи на граѓаните во однос на можното штетно влијание на игрите на среќа и забавните игри врз младите, особено врз нивниот психолошки развој, го повикува Собранието без одложување одново да почне дебата и постапка за ова прашање, но во редовна законодавна постапка со широка и инклузивна дебата со сите засегнати страни, онака како што ѝ доликува на една зрела парламентарна демократија, се вели во објаснувањето на претседателот.

За одлуката, претседателот Пендаровски го информираше претседателот на Собранието, Јован Митрески.

The post Претседателот Пендаровски не го потпиша Законот за игри на среќа appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски одлучи да не го потпише Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 7 февруари 2024 година. Одлуката е донесена врз основа на детална анализа на текстот на Законот и на постапката во која што овој Закон е донесен, како и по спроведени консултации со Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, како наш најважен партнер во земјата во процесот на преговори. Претседателот Пендаровски смета дека измените и дополнувањата на законот се донесени преку несоодветна употреба на забрзаната процедура за усогласување на нашето законодавство со правото на Европската Унија, популарно позната како „процедура со европско знаменце”, во ситуација на отсуство на суштинско „аки” (задолжително право на ЕУ) во областите што ги опфаќа овој Закон и фактот дека Законот не наведува дури ни лимитирано „ЕУ аки” што може да биде релевантно.
Претседателот Пендаровски, имајќи ја предвид важноста за сеопфатно регулирање на оваа област, но и за легитимните и оправдани грижи на граѓаните во однос на можното штетно влијание на игрите на среќа и забавните игри врз младите, особено врз нивниот психолошки развој, го повикува Собранието без одложување одново да почне дебата и постапка за ова прашање, но во редовна законодавна постапка со широка и инклузивна дебата со сите засегнати страни, онака како што ѝ доликува на една зрела парламентарна демократија, се вели во објаснувањето на претседателот.
За одлуката, претседателот Пендаровски го информираше претседателот на Собранието, Јован Митрески.  

The post Претседателот Пендаровски не го потпиша Законот за игри на среќа appeared first on Република.

]]>
Собранието ги донесе измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри https://republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-gi-donese-izmenite-na-zakonot-za-igrite-na-sreka-i-za-zabavnite-igri/ Wed, 07 Feb 2024 14:59:05 +0000 https://republika.mk/?p=741571

Собранието денеска во рамки на 140. седница ги донесе измените и дополнувањата на Законот за игрите на среќа и за забавните игри. Опозоциската ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш побара тој да биде повлечен, но владејачкото мнозинство не го изгласа предлогот.

Пратеникот Александар Николовски рече дека постојат огромни сомнежи за криминал во лотарија, европското знаменце е злоупотребено, а спорни се и доделувањето четири лиценци за игри на среќа.

Да поедноставам на телефон да можат децата да се обложуваат или да се коцкаат, рече Николовски додавајќи дека на законот е потпишан министерот Артан Груби потсетувајќи дека законот не може да важи ретроактивно.

Собранието ги изгласа одлуките за испраќање на припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина и во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан.

Пред усвојувањето на дневниот ред на седницата, пратениците повеќе од еден час ја разгледуваше потребата за носење на преку дваесет закони по скратена постапка.

Меѓу нив се предлозите на закони за борба со допингот во спортот и негово спречување, изменување и дополнување на Законот за академија за судии и јавни обвинители, за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за регионална гасификација, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, за реализација на Стратешкиот инвестиционен проект „Соларен парк Стипион“ и Договор за стратешки инвестиционен проект „Соларен парк Стипион“, за реализација на стратешкиот инвестиционен проект АИМ ГРЕЕН ТЕЦХ, за реализација на стратешкиот инвестиционен проект МИТИЛИНЕОС когенеративна постројка Скопје и за реализација на стратешкиот инвестиционен проект соларна електрична централа - Пехчево.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи образложувајќи ги предлозите кажа дека проектот Стипион треба да помогне во обезбедувањето на енергија, и оти за првпат после триесет години од нашата независност ќе се гради голем инфраструктурен проект кој што ќе обезбеди над 60 отсто од вкупното домашно произвидство на хидроелектраните.

Во однос на стратешкиот инвестиционен проект МИТИЛИНЕОС когенеративна постројка Скопје, вицепремиерот Битиќи рече дека законот ги уредува општите карактеристики на проектот, правата и обврските на стратешкиот инвеститор, роковите за постапките за кои нема пропишани рокови во важечките прописи со цел да се осигура навремена реализација на проектот, понатаму договорните односи помеѓу стратешкиот инвеститор, владата и купувачот АД ЕСМ како и надзорот над реализација на проектот. Со проектот се очекувад а се постигне намалување на загадувањето на воздухот во градот Скопје во зимскиот период...

ВМРО-ДПМНЕ и Левица бараа на дневен ред да не бидат законите за Соларната централа Пехчево, за Соларниот парк Стипион и за Гасна когенеративна постројка – Митилинеос, за игри на среќа...

Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ рече дека во однос на когенеративната гасна централа Митилинеос до пратениците било испратено писмо од Здружението на инжинери, дека компанијата ќе добива државна помош од 50 милиони евра, како и дека во сопственоста на постројката нема да влезе државата. Според Ристески, овој договор е штетен за државата.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ бараше измените и дополнувањето на Законот за Академија за судии и обвинители да не се става на дневен ред бидејќи со повторно воведување на можност за писмено полагање се дерогира квалитетот на идните судии и обвинители. Според Милошоски тоа се прави за ставање на списокот на кадри на СДСМ и на ДУИ.

Седницата ќе продолжи во 16:00 часот.

The post Собранието ги донесе измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри appeared first on Република.

]]>

Собранието денеска во рамки на 140. седница ги донесе измените и дополнувањата на Законот за игрите на среќа и за забавните игри. Опозоциската ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш побара тој да биде повлечен, но владејачкото мнозинство не го изгласа предлогот. Пратеникот Александар Николовски рече дека постојат огромни сомнежи за криминал во лотарија, европското знаменце е злоупотребено, а спорни се и доделувањето четири лиценци за игри на среќа.
Да поедноставам на телефон да можат децата да се обложуваат или да се коцкаат, рече Николовски додавајќи дека на законот е потпишан министерот Артан Груби потсетувајќи дека законот не може да важи ретроактивно.
Собранието ги изгласа одлуките за испраќање на припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина и во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан. Пред усвојувањето на дневниот ред на седницата, пратениците повеќе од еден час ја разгледуваше потребата за носење на преку дваесет закони по скратена постапка. Меѓу нив се предлозите на закони за борба со допингот во спортот и негово спречување, изменување и дополнување на Законот за академија за судии и јавни обвинители, за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за регионална гасификација, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, за реализација на Стратешкиот инвестиционен проект „Соларен парк Стипион“ и Договор за стратешки инвестиционен проект „Соларен парк Стипион“, за реализација на стратешкиот инвестиционен проект АИМ ГРЕЕН ТЕЦХ, за реализација на стратешкиот инвестиционен проект МИТИЛИНЕОС когенеративна постројка Скопје и за реализација на стратешкиот инвестиционен проект соларна електрична централа - Пехчево. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи образложувајќи ги предлозите кажа дека проектот Стипион треба да помогне во обезбедувањето на енергија, и оти за првпат после триесет години од нашата независност ќе се гради голем инфраструктурен проект кој што ќе обезбеди над 60 отсто од вкупното домашно произвидство на хидроелектраните. Во однос на стратешкиот инвестиционен проект МИТИЛИНЕОС когенеративна постројка Скопје, вицепремиерот Битиќи рече дека законот ги уредува општите карактеристики на проектот, правата и обврските на стратешкиот инвеститор, роковите за постапките за кои нема пропишани рокови во важечките прописи со цел да се осигура навремена реализација на проектот, понатаму договорните односи помеѓу стратешкиот инвеститор, владата и купувачот АД ЕСМ како и надзорот над реализација на проектот. Со проектот се очекувад а се постигне намалување на загадувањето на воздухот во градот Скопје во зимскиот период... ВМРО-ДПМНЕ и Левица бараа на дневен ред да не бидат законите за Соларната централа Пехчево, за Соларниот парк Стипион и за Гасна когенеративна постројка – Митилинеос, за игри на среќа... Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ рече дека во однос на когенеративната гасна централа Митилинеос до пратениците било испратено писмо од Здружението на инжинери, дека компанијата ќе добива државна помош од 50 милиони евра, како и дека во сопственоста на постројката нема да влезе државата. Според Ристески, овој договор е штетен за државата. Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ бараше измените и дополнувањето на Законот за Академија за судии и обвинители да не се става на дневен ред бидејќи со повторно воведување на можност за писмено полагање се дерогира квалитетот на идните судии и обвинители. Според Милошоски тоа се прави за ставање на списокот на кадри на СДСМ и на ДУИ. Седницата ќе продолжи во 16:00 часот.

The post Собранието ги донесе измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри appeared first on Република.

]]>
АСОМ: Црн ден за демократијата, без гласање и без ниеден прифатен амандман насилно се носи законот за игри на среќа https://republika.mk/vesti/makedonija/asom-tsrn-den-za-demokratijata-bez-glasane-i-bez-nieden-prifaten-amandman-nasilno-se-nosi-zakonot-za-igri-na-sreka/ Sat, 13 Jan 2024 10:11:52 +0000 https://republika.mk/?p=732525

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) вели дека е срамен, недемократски и насилнички начинот на кој Комисијата за европски прашања без суштинска дебата и без гласање за клучниот амандман од кој зависи судбината на 10 илјади луѓе ја заклучи расправата по Законот за игри на среќа.

„Претседателот на комисијата за европски прашања, Арбер Адеми вчера го погази Собранието и ги лиши од право пратениците да гласаат за амандман поднесен од пратеник на мнозинството. Ваков опасен преседан и злоупотреба не е запаметена, а АСОМ ќе поднесе претставка до Уставниот суд. Погазени и прекршени се сите права и процедури на Собранието. Ова е црн ден за демократијата и последна потврда за сценариото кое со месеци се подготвуваше со цел реализација на бизнис интереси на малкумина. Ваков насилнички државен интевенционизам, не е запаметен, а последиците од овој автократски акт ќе има страшни последици“, велат од АСОМ.

Оттаму се обратија до претставниците на ЕУ во Македонија, пратениците, но и до претседателот на државата, Пендаровски, со цел да спречат овој закон да биде изгласан.

„Почитувани, претставници на Европската Унија во државата, зошто го дозволувате ова? Зошто замижувате пред вакво политички насилство? Ова е последен момент да се вклучите и да го спречите ова што се случува во име на ЕУ. Овој закон е неевропски, недемократски и ваков закон не постои во ниту една земја од Европската унија!

Почитувани пратеници на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ , зошто дозволувате вакво недемократско насилие? Дали сте свесни за последиците? Со евентуално гласање на пленарна седница ќе одобрите уништување на животи на работници, отворање на игри во подруми на црно, богатење на малкумина. Во тешка заблуда сте ако сметате дека овој закон ќе донесе нешто добро, напротив ќе донесе влошување на состојбата со игрите на среќа и враќање барем 20 години на целата индустрија.

Претседателе Пендаровски, ви порачуваме дека не смеете да го потпишете овој закон доколку истиот се изгласа. Бидете барем вие заштитник на правдата и процедурите во оваа држава. Носењето на овој закон и се што му претходеше е целосно спротивно на сите правни и демократски процедури во една држава која претендира да се приклучи кон ЕУ. Застанете против ова политичко своеволие, поддржете ги оние кои чесно работат и придонесуваат во оваа држава“, пишуваат од АСОМ.

Асоцијацијата најави дека во следните денови ќе донесе одлуки како понатаму ќе се спротистави на носењето на законот.

The post АСОМ: Црн ден за демократијата, без гласање и без ниеден прифатен амандман насилно се носи законот за игри на среќа appeared first on Република.

]]>

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) вели дека е срамен, недемократски и насилнички начинот на кој Комисијата за европски прашања без суштинска дебата и без гласање за клучниот амандман од кој зависи судбината на 10 илјади луѓе ја заклучи расправата по Законот за игри на среќа.
„Претседателот на комисијата за европски прашања, Арбер Адеми вчера го погази Собранието и ги лиши од право пратениците да гласаат за амандман поднесен од пратеник на мнозинството. Ваков опасен преседан и злоупотреба не е запаметена, а АСОМ ќе поднесе претставка до Уставниот суд. Погазени и прекршени се сите права и процедури на Собранието. Ова е црн ден за демократијата и последна потврда за сценариото кое со месеци се подготвуваше со цел реализација на бизнис интереси на малкумина. Ваков насилнички државен интевенционизам, не е запаметен, а последиците од овој автократски акт ќе има страшни последици“, велат од АСОМ.
Оттаму се обратија до претставниците на ЕУ во Македонија, пратениците, но и до претседателот на државата, Пендаровски, со цел да спречат овој закон да биде изгласан.
„Почитувани, претставници на Европската Унија во државата, зошто го дозволувате ова? Зошто замижувате пред вакво политички насилство? Ова е последен момент да се вклучите и да го спречите ова што се случува во име на ЕУ. Овој закон е неевропски, недемократски и ваков закон не постои во ниту една земја од Европската унија!
Почитувани пратеници на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ , зошто дозволувате вакво недемократско насилие? Дали сте свесни за последиците? Со евентуално гласање на пленарна седница ќе одобрите уништување на животи на работници, отворање на игри во подруми на црно, богатење на малкумина. Во тешка заблуда сте ако сметате дека овој закон ќе донесе нешто добро, напротив ќе донесе влошување на состојбата со игрите на среќа и враќање барем 20 години на целата индустрија. Претседателе Пендаровски, ви порачуваме дека не смеете да го потпишете овој закон доколку истиот се изгласа. Бидете барем вие заштитник на правдата и процедурите во оваа држава. Носењето на овој закон и се што му претходеше е целосно спротивно на сите правни и демократски процедури во една држава која претендира да се приклучи кон ЕУ. Застанете против ова политичко своеволие, поддржете ги оние кои чесно работат и придонесуваат во оваа држава“, пишуваат од АСОМ. Асоцијацијата најави дека во следните денови ќе донесе одлуки како понатаму ќе се спротистави на носењето на законот.

The post АСОМ: Црн ден за демократијата, без гласање и без ниеден прифатен амандман насилно се носи законот за игри на среќа appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе десет амандмани и се против законот за игри на среќа со европско знаменце https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-i-koalitsijata-podnese-deset-amandmani-i-se-protiv-zakonot-za-igri-na-sreka-so-evropsko-znamentse/ Wed, 10 Jan 2024 12:38:45 +0000 https://republika.mk/?p=731571

Сакаме да изразиме една огромна загриженост што првата седница во 2024 година е седница на Комисијата за европски прашања на која што најголем приоритет во оваа година наместо низа на закони кои што се од оние антикризни мерки и кои што би требали да го подобрат животот на граѓаните е ставен законот за игри на среќа, нормално со европско знаменце, рече на денешната прес-конференција Бојан Стојановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе биде против ова законско решение бидејќи е „уште едно од низата законски решенија во кои се злоупотребува европското знаменце“.

Потенцираше дека за овој закон, но и за низата такви кои што беа донесени со европски знаменца имавме и критика во Извештајот на Европската комисија, а и директно австрискиот претседател критикуваше, зошто ваков закон се носи на еден ваков начин.

Стојановски ја потсети јавноста и претседателот Стево Пендаровски дека на 11 декември изјави дека доколку овој закон биде поднесен со европско знаменце тој нема да го потпише. Очекуваме да си стои на ставот што самиот го искажа, потенцираше Стојановски.

Имено покрај злоупотребата на европското знаменце, овој закон има и низа одредби кои што се многу спорни бидејќи се врши партизација на целиот сектор на игри на среќа во кои што главни играчи се ДУИ, Артан Груби и вработени во неговиот кабинет. Со овој закон се обидува да се легализира сето она што е направено токму од овој господин во изминатата една година во која што се потпишани четири лиценци и се изработени четири одлуку со кои што три онлајн лотарии и една видео лотарија добија можност незконски да работат и токму затоа го брзаат овој закон преку кој што ќе треба да го легализираат сето она што е направено во една година во оваа насока. Исто така ова брзање на овој закон кој што треба да ги покрие незаконитстите во овие одлуки и лиценци за кои како што кажав се доделени на фирми во кои што во нивните управни надзорни одбори се лица кои што се вработени во кабинетот на Артан Груби и еден контроверзен бизнисмен од Бугарија кој шт е ставен на американската црна листа, а тоа е Васил Бошков за кој што до ден денес не слушнавме никаков демант од Артан Груби и од Владата дека леценците кои што се доделени не се на фирми кои што се во негова сопственост. За таа цел Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ поднесе десет суштински амандмани кои што се во соработка со асоцијацијата на оние кои што се во овој сектор. Ние сметаме дека еден ваков важен закон треба да се донесе инклузивно и во дебата со сите чинители, а не да се кријат под превезот на одалеќување на коцкарниците од училиштата бидејќи во овој закон има суштински одредби кои што директно одат во насока на доделување на лиценци на фирми кои што се блиски до ДУИ и Артан Груби. Доколку се искрени во намерата да ги дистанцираат коцкарниците од училиштата тоа можат да го направат со амандман на членот 10 на постојниот закон и тоа да се регулира. Повторувам, Законот за игри на среќа поднесен со европско знаменце во ваква скратена процедура во Собранието е директвно во корелација на бизнис интерес и на партизација на целиот секторДУИ, Артан Груби и директно ќе служи за нивно лично богатење, а не за заштита на населението од овие појави во овој сектор, рече Стојановски.

The post ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе десет амандмани и се против законот за игри на среќа со европско знаменце appeared first on Република.

]]>

Сакаме да изразиме една огромна загриженост што првата седница во 2024 година е седница на Комисијата за европски прашања на која што најголем приоритет во оваа година наместо низа на закони кои што се од оние антикризни мерки и кои што би требали да го подобрат животот на граѓаните е ставен законот за игри на среќа, нормално со европско знаменце, рече на денешната прес-конференција Бојан Стојановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе биде против ова законско решение бидејќи е „уште едно од низата законски решенија во кои се злоупотребува европското знаменце“. Потенцираше дека за овој закон, но и за низата такви кои што беа донесени со европски знаменца имавме и критика во Извештајот на Европската комисија, а и директно австрискиот претседател критикуваше, зошто ваков закон се носи на еден ваков начин. Стојановски ја потсети јавноста и претседателот Стево Пендаровски дека на 11 декември изјави дека доколку овој закон биде поднесен со европско знаменце тој нема да го потпише. Очекуваме да си стои на ставот што самиот го искажа, потенцираше Стојановски.
Имено покрај злоупотребата на европското знаменце, овој закон има и низа одредби кои што се многу спорни бидејќи се врши партизација на целиот сектор на игри на среќа во кои што главни играчи се ДУИ, Артан Груби и вработени во неговиот кабинет. Со овој закон се обидува да се легализира сето она што е направено токму од овој господин во изминатата една година во која што се потпишани четири лиценци и се изработени четири одлуку со кои што три онлајн лотарии и една видео лотарија добија можност незконски да работат и токму затоа го брзаат овој закон преку кој што ќе треба да го легализираат сето она што е направено во една година во оваа насока. Исто така ова брзање на овој закон кој што треба да ги покрие незаконитстите во овие одлуки и лиценци за кои како што кажав се доделени на фирми во кои што во нивните управни надзорни одбори се лица кои што се вработени во кабинетот на Артан Груби и еден контроверзен бизнисмен од Бугарија кој шт е ставен на американската црна листа, а тоа е Васил Бошков за кој што до ден денес не слушнавме никаков демант од Артан Груби и од Владата дека леценците кои што се доделени не се на фирми кои што се во негова сопственост. За таа цел Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ поднесе десет суштински амандмани кои што се во соработка со асоцијацијата на оние кои што се во овој сектор. Ние сметаме дека еден ваков важен закон треба да се донесе инклузивно и во дебата со сите чинители, а не да се кријат под превезот на одалеќување на коцкарниците од училиштата бидејќи во овој закон има суштински одредби кои што директно одат во насока на доделување на лиценци на фирми кои што се блиски до ДУИ и Артан Груби. Доколку се искрени во намерата да ги дистанцираат коцкарниците од училиштата тоа можат да го направат со амандман на членот 10 на постојниот закон и тоа да се регулира. Повторувам, Законот за игри на среќа поднесен со европско знаменце во ваква скратена процедура во Собранието е директвно во корелација на бизнис интерес и на партизација на целиот секторДУИ, Артан Груби и директно ќе служи за нивно лично богатење, а не за заштита на населението од овие појави во овој сектор, рече Стојановски.
 
The post ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе десет амандмани и се против законот за игри на среќа со европско знаменце appeared first on Република.

]]>
Дали австрискиот претседател ќе ги спаси вработените во обложувалниците и казината? https://republika.mk/vesti/ekonomija/dali-avstriskiot-pretsedatel-ke-gi-spasi-vrabotenite-vo-oblozhuvalnitsite-i-kazinata/ Wed, 29 Mar 2023 12:52:32 +0000 https://republika.mk/?p=625109

Претседателот Стево Пендаровски упати апел на законското решение за игрите на среќа да не се става европско знаменце, туку, како што порача, да се поведе сеопфатна и стручна дебата со цел да се дојде до балансирано решение во интерес и на вработените и на граѓаните.

Австрискиот претседател Александер Ван дер Белен, кој денеска е во посета на земјава, изрази уверување дека македонскиот Парламент ќе донесе сериозно решение.

На заедничката прес-конференција на двајцата претседатели австриски новинар упати прашање до Ван дер Белен поврзано со предложеното законско решение за индустријата на игри на среќа и за „автоматите за игри на среќа“ во Македонија имајќи предвид дека во неа со капитал се влезени австриски компании.

– Легитимно е да се размислува за заштитни мерки за граѓаните, станува збор за мошне чувствителна област, но за ова прашање не разговаравме со претседателот Пендаровски. Сепак, верувам дека дека Парламентот со сета сериозност ќе му пристапи на ова прашање – рече Ван дер Белен.

Претседателот Пендаровски се вклучи во одговарање на поставеното прашање:

– Имам барање за средба од луѓе од Здружението за игри на среќа и тоа ќе го сторам. Јас не сум експерт за таа област и е потребна стручна дебата. Затоа апелирам, тој предлог-закон да не оди со европско знаменце туку да се соочат сите аргументи низ стручна дебата и да се дојде до вистинско и балансирано решение бидејќи имаме доста голем број на вработени во таа индустрија, но секако дека треба да се има предвид и интересот на граѓаните. И да нагласам, таквата дебата не треба да трае само три дена – рече Пендаровски, oбјави „Плусинфо.мк“

The post Дали австрискиот претседател ќе ги спаси вработените во обложувалниците и казината? appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски упати апел на законското решение за игрите на среќа да не се става европско знаменце, туку, како што порача, да се поведе сеопфатна и стручна дебата со цел да се дојде до балансирано решение во интерес и на вработените и на граѓаните. Австрискиот претседател Александер Ван дер Белен, кој денеска е во посета на земјава, изрази уверување дека македонскиот Парламент ќе донесе сериозно решение. На заедничката прес-конференција на двајцата претседатели австриски новинар упати прашање до Ван дер Белен поврзано со предложеното законско решение за индустријата на игри на среќа и за „автоматите за игри на среќа“ во Македонија имајќи предвид дека во неа со капитал се влезени австриски компании.
– Легитимно е да се размислува за заштитни мерки за граѓаните, станува збор за мошне чувствителна област, но за ова прашање не разговаравме со претседателот Пендаровски. Сепак, верувам дека дека Парламентот со сета сериозност ќе му пристапи на ова прашање – рече Ван дер Белен.
Претседателот Пендаровски се вклучи во одговарање на поставеното прашање:
– Имам барање за средба од луѓе од Здружението за игри на среќа и тоа ќе го сторам. Јас не сум експерт за таа област и е потребна стручна дебата. Затоа апелирам, тој предлог-закон да не оди со европско знаменце туку да се соочат сите аргументи низ стручна дебата и да се дојде до вистинско и балансирано решение бидејќи имаме доста голем број на вработени во таа индустрија, но секако дека треба да се има предвид и интересот на граѓаните. И да нагласам, таквата дебата не треба да трае само три дена – рече Пендаровски, oбјави „Плусинфо.мк“

The post Дали австрискиот претседател ќе ги спаси вработените во обложувалниците и казината? appeared first on Република.

]]>
„Не одлучувате за роботи туку за човечки судбини“, им порачаа на власта вработените во секторот игри на среќа https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-odluchuvate-za-roboti-tuku-za-chovechki-sudbini-im-porachaa-na-vlasta-vrabotenite-vo-sektorot-igri-na-sreka/ Mon, 27 Feb 2023 11:46:21 +0000 https://republika.mk/?p=613707

Не одлучувате за роботи туку за човечки судбини – им порача на Владата и на Собранието Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ во јавно обраќање до нив, кое ви го пренесуваме во целост:

Бидејќи Владата и Собранието упорно избегнуваат соочување со нас, во оваа прилика ќе се обидеме сликовито да објасниме како 10 илјади вработени ги преживуваат скандалозните и противуставни законски измени на законот за игри на среќа. Само, за разлика од популизмот на противниците на легалните игри на среќа, кои нема да носат никаква одговорност за страшните последици кои ќе следат, ова се вистински сведоштва!

Конкурираш на јавен оглас на компанија која од владата на предлог Министерството за финансии ѝ е издадена лиценца за организирање посебен вид игри на среќа. Дел од овие компании се странски инвеститори, европски и светски гиганти во оваа индустрија. Тоа влева сигурност и самодоверба дека ако те примат ќе добиеш сигурна работа. Во ова време тоа е реткост. Менаџментот те испраќа на платена обука, бидејќи не можеш да потпишеш договор за работа на неопределено време сè додека не си подготвен да ги исполниш строгите стандарди за професионалност при извршување на работните задачи. Почнуваш да работиш, добиваш редовна, добра плата, со сите придонеси, плус со платени двојни дневници за работа во недела, празници, ноќен труд и сменско работење, бидејќи работното време е 24/7. Добиваш финансиска сигурност. Основаш семејство, ти се раѓаат деца, решаваш да подигнеш кредит за да купиш стан, кола, си го планираш животот бидејќи веруваш дека имаш финансиска сигурност и без проблем ќе ги плаќаш ратите.

Одеднаш, истата Влада која издала лиценца за работа, сега предлага законски измени поради кои компанијата ќе биде принудена да стави клуч на врата, а странските инвеститори да си одат од земјата. Загрижените лица на менаџерите дополнително те вознемируваат. Закуподавецот на објектот каде работиш станува нервозен, бидејќи договорот за закуп ќе мора предвреме да му биде раскинат. Те фаќа несоница од помислата дека ќе останеш без работа. Нема да можеш да ги плаќаш кредитите, те обзема страв дека ќе си имаш работа со извршители. Ќе настане хаос. Немаш избор, почнуваш да бараш контакти во странство за да дознаеш какви можности имаш да работиш таму. Пишуваш биографија и ја испраќаш. Со искуството во индустријата игри на среќа можеш веднаш да најдеш работа во западните земји, во ЕУ. Со горчина во душата почнуваш да го подготвуваш семејството дека можеби ќе нема друг избор освен да се иселите од сопствената земја.

Во услови на економска криза, кога државата е принудена да се задолжува за да може да ги сервисира своите основни системски функциивладата буквално си пука во нога предлагајќи им на пратениците скандалозни законски измени кои ќе предизвикаат егзодус на дополнителни 35 илјади луѓе, кои ќе бидат присилени да си заминат од Македонија.

Како Здружение на вработени во сектор игри на среќа сме огорчени што надлежните државни институции никогаш не почувствуваа потреба да застанат во одбрана на нашето достоинство, човекови слободи и уставно загарантирани права на работен однос. Не оставија на бришан простор и подлегнаа на континуираната негативна кампања против легалните игри на среќа, зад која се кријат нечии бизнис интереси да печалат од играње на црно.

Премиерот, министрите и пратениците се лажат ако мислат дека лесно ќе се помириме со судбината. До последно, со сите демократски средства ќе се бориме против неправдата. Ние не сме роботи за да ни биде сеедно што ни се загорчува животот. Не можеме да прифатиме дека никој од надлежните не чувствува одговорност да ги демантира неоснованите обвинувања дека игрите на среќа се извориште на нелегални активности и, наводно, делуваат штетно врз младината. Тоа не е точно и за тоа постојат факти со кои државните институции располагаат, а за жал упорно молчат.

The post „Не одлучувате за роботи туку за човечки судбини“, им порачаа на власта вработените во секторот игри на среќа appeared first on Република.

]]>

Не одлучувате за роботи туку за човечки судбини – им порача на Владата и на Собранието Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ во јавно обраќање до нив, кое ви го пренесуваме во целост: Бидејќи Владата и Собранието упорно избегнуваат соочување со нас, во оваа прилика ќе се обидеме сликовито да објасниме како 10 илјади вработени ги преживуваат скандалозните и противуставни законски измени на законот за игри на среќа. Само, за разлика од популизмот на противниците на легалните игри на среќа, кои нема да носат никаква одговорност за страшните последици кои ќе следат, ова се вистински сведоштва! Конкурираш на јавен оглас на компанија која од владата на предлог Министерството за финансии ѝ е издадена лиценца за организирање посебен вид игри на среќа. Дел од овие компании се странски инвеститори, европски и светски гиганти во оваа индустрија. Тоа влева сигурност и самодоверба дека ако те примат ќе добиеш сигурна работа. Во ова време тоа е реткост. Менаџментот те испраќа на платена обука, бидејќи не можеш да потпишеш договор за работа на неопределено време сè додека не си подготвен да ги исполниш строгите стандарди за професионалност при извршување на работните задачи. Почнуваш да работиш, добиваш редовна, добра плата, со сите придонеси, плус со платени двојни дневници за работа во недела, празници, ноќен труд и сменско работење, бидејќи работното време е 24/7. Добиваш финансиска сигурност. Основаш семејство, ти се раѓаат деца, решаваш да подигнеш кредит за да купиш стан, кола, си го планираш животот бидејќи веруваш дека имаш финансиска сигурност и без проблем ќе ги плаќаш ратите. Одеднаш, истата Влада која издала лиценца за работа, сега предлага законски измени поради кои компанијата ќе биде принудена да стави клуч на врата, а странските инвеститори да си одат од земјата. Загрижените лица на менаџерите дополнително те вознемируваат. Закуподавецот на објектот каде работиш станува нервозен, бидејќи договорот за закуп ќе мора предвреме да му биде раскинат. Те фаќа несоница од помислата дека ќе останеш без работа. Нема да можеш да ги плаќаш кредитите, те обзема страв дека ќе си имаш работа со извршители. Ќе настане хаос. Немаш избор, почнуваш да бараш контакти во странство за да дознаеш какви можности имаш да работиш таму. Пишуваш биографија и ја испраќаш. Со искуството во индустријата игри на среќа можеш веднаш да најдеш работа во западните земји, во ЕУ. Со горчина во душата почнуваш да го подготвуваш семејството дека можеби ќе нема друг избор освен да се иселите од сопствената земја. Во услови на економска криза, кога државата е принудена да се задолжува за да може да ги сервисира своите основни системски функциивладата буквално си пука во нога предлагајќи им на пратениците скандалозни законски измени кои ќе предизвикаат егзодус на дополнителни 35 илјади луѓе, кои ќе бидат присилени да си заминат од Македонија. Како Здружение на вработени во сектор игри на среќа сме огорчени што надлежните државни институции никогаш не почувствуваа потреба да застанат во одбрана на нашето достоинство, човекови слободи и уставно загарантирани права на работен однос. Не оставија на бришан простор и подлегнаа на континуираната негативна кампања против легалните игри на среќа, зад која се кријат нечии бизнис интереси да печалат од играње на црно. Премиерот, министрите и пратениците се лажат ако мислат дека лесно ќе се помириме со судбината. До последно, со сите демократски средства ќе се бориме против неправдата. Ние не сме роботи за да ни биде сеедно што ни се загорчува животот. Не можеме да прифатиме дека никој од надлежните не чувствува одговорност да ги демантира неоснованите обвинувања дека игрите на среќа се извориште на нелегални активности и, наводно, делуваат штетно врз младината. Тоа не е точно и за тоа постојат факти со кои државните институции располагаат, а за жал упорно молчат.

The post „Не одлучувате за роботи туку за човечки судбини“, им порачаа на власта вработените во секторот игри на среќа appeared first on Република.

]]>
АСОМ до Владата: На мала врата сакате да протнете штетен закон со кој се враќа дивото обложување https://republika.mk/vesti/ekonomija/asom-do-vladata-na-mala-vrata-sakate-da-protnete-shteten-zakon-so-koj-se-vraka-divoto-oblozhuvane/ Fri, 10 Feb 2023 10:32:02 +0000 https://republika.mk/?p=607285

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) денеска прати отворено писмо до Владата во кое пишува дека најмалку очекувале во „ек“ на економска криза таа да им го сврти грбот на 10.000 вработени во индустријата на игрите на среќа и од нив да направи социјални случаи.

Запрепастувачки за нас како Асоцијација е дека после толку долго време од нашите обиди и повици да се организира „јавна расправа“ за измените на Законот за игри на среќа, вие како Влада се оглушивте. Сега, на мала врата и по скратена постапка, сакате штетното законско решение да помине во Собрание, преку злоупотреба на европското знаменце, пишува АСОМ во писмото до Владата.

Во писмото АСОМ исто така прашува зошто измените и дополнувањата во Законот за игри на среќа и забавни игри треба да се донесат по скратена постапка со ЕУ знаменце и без да поминат јавна расправа и без да се слушнат засегнатите страни, пошироката и стручна јавност, која може и треба да даде свој коментар или нов пакет предлози.

Со одлуката на Влада АСОМ се игнорира како официјална организација во која членуваат над 90% од приредувачите на игри на среќа. Што за Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија отвора ново прашање: Дали и кој стои зад овие измени и чив интерес се штити? По однос на грижите на граѓаните од негативните последици АСОМ во отвореното писмо потсетува дека Владата ниту еднаш не ги зела во предвид низата решенија и законски измени кои биле доставувани до ЕНЕР системот, но и до Владата. Треба да биде јасно, дека нашата индустрија „НЕМА ИНТЕРЕС“ од играње ниту на малолетници, ниту има интерес од креирање зависности. Напротив, индустријата на игри на среќа има интерес игрите да се играат за забава и тоа силно го промовира. Годишно трошиме десетици илјади евра како компании за спроведување кампањи за заштита од негативни последици и едукација на играчите. Ние сме општествено одговорни компании, кои 100% ги почитуваат актуелните законски норми и правила поврзани со нашата дејност, плаќаме даноци и со тоа постојано ги зголемуваме
буџетските приливи. Ние сме индустрија која е одлично регулирана во моментов, а нашите членки се компании кои работат согласно законите без никакви отстапки. Ако вие како Влада сакате на било кој начин да помогнете или придонесете, треба да бидете партнер во овие напори, порача АСОМ во писмото до Влада.

The post АСОМ до Владата: На мала врата сакате да протнете штетен закон со кој се враќа дивото обложување appeared first on Република.

]]>

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) денеска прати отворено писмо до Владата во кое пишува дека најмалку очекувале во „ек“ на економска криза таа да им го сврти грбот на 10.000 вработени во индустријата на игрите на среќа и од нив да направи социјални случаи.
Запрепастувачки за нас како Асоцијација е дека после толку долго време од нашите обиди и повици да се организира „јавна расправа“ за измените на Законот за игри на среќа, вие како Влада се оглушивте. Сега, на мала врата и по скратена постапка, сакате штетното законско решение да помине во Собрание, преку злоупотреба на европското знаменце, пишува АСОМ во писмото до Владата.
Во писмото АСОМ исто така прашува зошто измените и дополнувањата во Законот за игри на среќа и забавни игри треба да се донесат по скратена постапка со ЕУ знаменце и без да поминат јавна расправа и без да се слушнат засегнатите страни, пошироката и стручна јавност, која може и треба да даде свој коментар или нов пакет предлози.
Со одлуката на Влада АСОМ се игнорира како официјална организација во која членуваат над 90% од приредувачите на игри на среќа. Што за Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија отвора ново прашање: Дали и кој стои зад овие измени и чив интерес се штити? По однос на грижите на граѓаните од негативните последици АСОМ во отвореното писмо потсетува дека Владата ниту еднаш не ги зела во предвид низата решенија и законски измени кои биле доставувани до ЕНЕР системот, но и до Владата. Треба да биде јасно, дека нашата индустрија „НЕМА ИНТЕРЕС“ од играње ниту на малолетници, ниту има интерес од креирање зависности. Напротив, индустријата на игри на среќа има интерес игрите да се играат за забава и тоа силно го промовира. Годишно трошиме десетици илјади евра како компании за спроведување кампањи за заштита од негативни последици и едукација на играчите. Ние сме општествено одговорни компании, кои 100% ги почитуваат актуелните законски норми и правила поврзани со нашата дејност, плаќаме даноци и со тоа постојано ги зголемуваме буџетските приливи. Ние сме индустрија која е одлично регулирана во моментов, а нашите членки се компании кои работат согласно законите без никакви отстапки. Ако вие како Влада сакате на било кој начин да помогнете или придонесете, треба да бидете партнер во овие напори, порача АСОМ во писмото до Влада.

The post АСОМ до Владата: На мала врата сакате да протнете штетен закон со кој се враќа дивото обложување appeared first on Република.

]]>
10 илјади луѓе ќе останат на улица: Обложувалниците бараат итно да се повлече предлог законот за игри на среќа https://republika.mk/vesti/ekonomija/10-iljadi-luge-ke-ostanat-na-ulitsa-oblozhuvalnitsite-baraat-itno-da-se-povleche-predlog-zakonot-za-igri-na-sreka/ Wed, 08 Feb 2023 15:16:03 +0000 https://republika.mk/?p=606590

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) силно го осуди вчерашниот потег на Владата која на седница по предлог на Министерството за финансии ги утврди предложените измени и дополнувања на Законот за игри на среќа и забавни игри.

Од АСОМ потенцираа дека овој закон кој де јуре значи оддалечување на објектите за игри на среќа на 500 метри од училиштата, де факто е закон за гасење на индустријата, оставање на преку 10.000 вработени на улица и отворање широко врата за диви обложувалници и за сива економија.

Прашуваме кој има интерес од ваков закон и зошто воопшто се предлага? Сакам јасно да посочам дека анализите кои ги правевме и веќе неколку пати сме ги изнеле во јавноста јасно укажуваат дека се затвараат повеќе од 92% од локалите со ваквиот закон, а со тоа целосно се уништува легалната индустрија на сметка на нелегалната – истакна претседателот на АСОМ Васко Илијевски обраќајќи се до медиумите пред Владата.

Од АСОМ најавија дека ќе ја известат и Европската Унија дека неевропски закон ќе биде донесен со европско знаменце и ќе бараат итно да се спречи неговото донесување.

Дали е вистина дека овој закон за побрзо и без дебата да се протурка, ќе биде со европско знаменце или по скратена постапка? Владата е должна веднаш да одговори бидејќи тоа е незаконски и неиздржано според правилата за носење закони со европско знаменце. За ова ќе ја известиме Европската Унија и ќе бараме итно да се повлече законот од носење во таква процедура. Владата очигледно сака преку ноќ и без дебата да донесе закон во нечиј интерес. Треба да одговорат во чиј – рече Илијевски.

Претседателот на АСОМ изрази сомнеж во однос на нетранспарентноста на донесувањето на предложените измени на Законот за игри на среќа, алудирајќи на тоа дека станува збор за смислено сценарио.

Зошто предлог законот не е достапен на увид на претставниците на индустријата? Во која демократска и правна држава се носат закони без основна дебата и комуникација со претставниците на таа индустриска гранка? Ние кои сме директно погодени од најавените измени на законот сѐ уште не сме запознаени прецизно што сѐ измените предвидуваат, па со тоа добиваме индикација дека предложените измени намерно и смислено се кријат од нас – истакна Илијевски.

Според информации достапни за АСОМ во новиот предлог закон повторно е изоставен делот со кој се овозможува приредувачите да организираат и онлајн обложување како во сите европски земји.

Дали под европско знаменце се носи неевропски закон кој штити монопол во организацијата на игри на среќа, односно од неодамна дуопол со отворање на вториот државен оператор? Денеска сме тука да испратиме апел дека нема мирно да стоиме и да дозволиме нашите вработени да останат без егзистенција. Истакнуваме дека од оваа стопанска гранка директно и индиректно редовни примања добиваат околу 54.000 луѓе – нагласи Илијевски.

Од АСОМ предупредија дека ако се стави клуч на врата на легалните спортски обложувалници, обложувањето нема да запре и дека играчите ќе бараат алтернатива и обложувањето ќе се префрли на нелегални локации, каде државата ќе нема контрола ниту врз средствата, ниту врз безбедноста на играчите.

Како пример може да ја посочиме Албанија која пред 4 години го забрани спортското обложување, а потоа беше сведок на апсења секоја недела поради дивите обложувања. Поучени од негативното искуство албанските власти најавија повторна легализација на спортското обложување во првиот квартал на 2023 година. Дали нашата Влада има интерес да донесе закон со кој ќе ја направи грешката на Албанија? Дали ова се прави можеби намерно? Наместо да учиме од туѓите негативни искуства со предвидените законски измени директно одиме во амбис – посочи Илијевски.

Од АСОМ истакнаа дека ниедна европска земја нема ваков закон затоа што тој едноставно не функционира посочувајќи дека ваквите рестриктивни закони докажано носат спротивен ефект, кој отвора ново поле за нелегален профит и ризик за играчите.

Асоцијацијата ги повтори своите барања за итно повлекување на предлог законот и формирање на работни групи помеѓу институциите и приредувачите со цел носење ефикасен и европски закон.

ЕУ и претставниците на ЕУ во земјата да побараат увид во овој закон со кој се злоупотребува европското знаменце. Одговорно тврдиме дека нема правна основа тој да се носи под европско знаменце, ниту по скратена постапка, а со тоа да се ускрати дебатата. Итно имплементирање на сугестиите кои ги даде АСОМ на неколку наврати на ЕНЕР системот на претходните верзии од законот; пратениците одговорно да постапат и да свикаат дебата со цел да ги изложиме аргументите кои се целосно на наша страна – порача Илијевски.

Од АСОМ потенцираа дека преку активно поддржување на едукативни кампањи и силна финансиска поддршка, како и директна работа во заедницата, може да се направи многу повеќе отколку со носење неефикасни закони и апелираа Собранието да работи во корист на државата и да го спречи донесувањето на овој штетен закон.

Претседателот на АСОМ Илијевски најави дека доколку Владата итно не ги прими на состанок и на кој било начин се обиде да го протурка законот, ќе преземат радикални чекори за заштита на вработените и индустријата.

The post 10 илјади луѓе ќе останат на улица: Обложувалниците бараат итно да се повлече предлог законот за игри на среќа appeared first on Република.

]]>

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) силно го осуди вчерашниот потег на Владата која на седница по предлог на Министерството за финансии ги утврди предложените измени и дополнувања на Законот за игри на среќа и забавни игри. Од АСОМ потенцираа дека овој закон кој де јуре значи оддалечување на објектите за игри на среќа на 500 метри од училиштата, де факто е закон за гасење на индустријата, оставање на преку 10.000 вработени на улица и отворање широко врата за диви обложувалници и за сива економија.
Прашуваме кој има интерес од ваков закон и зошто воопшто се предлага? Сакам јасно да посочам дека анализите кои ги правевме и веќе неколку пати сме ги изнеле во јавноста јасно укажуваат дека се затвараат повеќе од 92% од локалите со ваквиот закон, а со тоа целосно се уништува легалната индустрија на сметка на нелегалната – истакна претседателот на АСОМ Васко Илијевски обраќајќи се до медиумите пред Владата.
Од АСОМ најавија дека ќе ја известат и Европската Унија дека неевропски закон ќе биде донесен со европско знаменце и ќе бараат итно да се спречи неговото донесување.
Дали е вистина дека овој закон за побрзо и без дебата да се протурка, ќе биде со европско знаменце или по скратена постапка? Владата е должна веднаш да одговори бидејќи тоа е незаконски и неиздржано според правилата за носење закони со европско знаменце. За ова ќе ја известиме Европската Унија и ќе бараме итно да се повлече законот од носење во таква процедура. Владата очигледно сака преку ноќ и без дебата да донесе закон во нечиј интерес. Треба да одговорат во чиј – рече Илијевски.
Претседателот на АСОМ изрази сомнеж во однос на нетранспарентноста на донесувањето на предложените измени на Законот за игри на среќа, алудирајќи на тоа дека станува збор за смислено сценарио.
Зошто предлог законот не е достапен на увид на претставниците на индустријата? Во која демократска и правна држава се носат закони без основна дебата и комуникација со претставниците на таа индустриска гранка? Ние кои сме директно погодени од најавените измени на законот сѐ уште не сме запознаени прецизно што сѐ измените предвидуваат, па со тоа добиваме индикација дека предложените измени намерно и смислено се кријат од нас – истакна Илијевски.
Според информации достапни за АСОМ во новиот предлог закон повторно е изоставен делот со кој се овозможува приредувачите да организираат и онлајн обложување како во сите европски земји.
Дали под европско знаменце се носи неевропски закон кој штити монопол во организацијата на игри на среќа, односно од неодамна дуопол со отворање на вториот државен оператор? Денеска сме тука да испратиме апел дека нема мирно да стоиме и да дозволиме нашите вработени да останат без егзистенција. Истакнуваме дека од оваа стопанска гранка директно и индиректно редовни примања добиваат околу 54.000 луѓе – нагласи Илијевски.
Од АСОМ предупредија дека ако се стави клуч на врата на легалните спортски обложувалници, обложувањето нема да запре и дека играчите ќе бараат алтернатива и обложувањето ќе се префрли на нелегални локации, каде државата ќе нема контрола ниту врз средствата, ниту врз безбедноста на играчите.
Како пример може да ја посочиме Албанија која пред 4 години го забрани спортското обложување, а потоа беше сведок на апсења секоја недела поради дивите обложувања. Поучени од негативното искуство албанските власти најавија повторна легализација на спортското обложување во првиот квартал на 2023 година. Дали нашата Влада има интерес да донесе закон со кој ќе ја направи грешката на Албанија? Дали ова се прави можеби намерно? Наместо да учиме од туѓите негативни искуства со предвидените законски измени директно одиме во амбис – посочи Илијевски.
Од АСОМ истакнаа дека ниедна европска земја нема ваков закон затоа што тој едноставно не функционира посочувајќи дека ваквите рестриктивни закони докажано носат спротивен ефект, кој отвора ново поле за нелегален профит и ризик за играчите. Асоцијацијата ги повтори своите барања за итно повлекување на предлог законот и формирање на работни групи помеѓу институциите и приредувачите со цел носење ефикасен и европски закон.
ЕУ и претставниците на ЕУ во земјата да побараат увид во овој закон со кој се злоупотребува европското знаменце. Одговорно тврдиме дека нема правна основа тој да се носи под европско знаменце, ниту по скратена постапка, а со тоа да се ускрати дебатата. Итно имплементирање на сугестиите кои ги даде АСОМ на неколку наврати на ЕНЕР системот на претходните верзии од законот; пратениците одговорно да постапат и да свикаат дебата со цел да ги изложиме аргументите кои се целосно на наша страна – порача Илијевски.
Од АСОМ потенцираа дека преку активно поддржување на едукативни кампањи и силна финансиска поддршка, како и директна работа во заедницата, може да се направи многу повеќе отколку со носење неефикасни закони и апелираа Собранието да работи во корист на државата и да го спречи донесувањето на овој штетен закон. Претседателот на АСОМ Илијевски најави дека доколку Владата итно не ги прими на состанок и на кој било начин се обиде да го протурка законот, ќе преземат радикални чекори за заштита на вработените и индустријата.

The post 10 илјади луѓе ќе останат на улица: Обложувалниците бараат итно да се повлече предлог законот за игри на среќа appeared first on Република.

]]>
Вработените од секторот на игри на среќа најавуваат протест https://republika.mk/vesti/ekonomija/organizatorite-na-igri-na-srekja-najavuvaat-porotest/ Thu, 29 Sep 2022 12:26:17 +0000 https://republika.mk/?p=555640

Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“ упати реакција во врска со денешниот апел на Министерството за финансии упатен до Собранието на РМ, за побрзо да се усвојат од нив предложените измени на Законот за игри на среќа и забавни игри.

Ја пренесуваме во целост нивната реакција:

Во името на 10.000 вработени во оваа економска дејност, уште еднаш предупредуваме дека предлогот за дислокација на 500 метри од образовните институции е предлог за целосно затворање на објектите за игри на среќа, губење на нашите работни места со драматични последици по целата македонската економија. Заблуда е дека постои решение ем да се дислоцираат 500 метри, ем да продолжат објектите за игри на среќа да работат. Заради постоечката урбанистичка поставеност и планирање, овој услов е невозможно да се исполни. Дислоцирањето на 500 метри од една значи дека истиот објект ќе биде поставен на помалку од 500 метри од друга образовна институција. После усвојувањето на едно вакво избрзано решение, ќе почне отворање „диви“ играчници, надвор од регулацијата на надлежните институции, каде младите навистина ќе станат таргет. Аргумент за ова е аферата „Детонатор“, од 2011, кога полицијата заплени 1500 на црно поставени покер апарати во нелегални играчници.

Само вчера државата мораше да се задолжи со 250 милиони евра, кои треба да ги вратат граѓаните за 18 месеци, и за тоа ќе се пресмета и камата. Додека целата економија е во неизвесност од драматичното зголемување на цените на струјата и енергенсите низ цела Европа, кога многу домашни компании се прашуваат дали ќе треба да стават клуч и да ги отпуштат вработените, некој буквално си игра со судбината на една сериозна економска дејност која вработува 10.000 луѓе, индиректно помага меѓу 54 до 100.000 други работни места, секоја година придонесува со најмалку 280 милиони евра во државниот Буџет.

Нам како Здружение, неминовно ни се наметнува дилемата дали можеби Министерството за финансии делува под притисок на „Антикоцкање“ од Тетово? Не можеме да прифатиме дека никој од надлежните не чувствува одговорност да ги демантира нивните неосновани обвинувања дека игрите на среќа се извориште на нелегални активности и наводно делуваат штетно врз младината. Тоа не е точно и за тоа постојат факти со кои државните институции располагаат. Нападите на „Антикоцкање“ од Тетово се тенденциозни и немаат допирна точка со реалноста. Уште повеќе затоа што освен притисок врз државата, политичките партии, закуподавачите на објектите, играчите се прави обид суптилно да се инволвираат и верските заедници. Тоа е апсолутно недозволиво и претставува злоупотреба на верските чувства на граѓаните за оцрнување на секој кој има допирна точка со игрите на среќа.

Државата, секоја индивидуа и семејство несомнено е должна да ги заштити малолетниците и да ги создава сите предуслови за воспитување здрава младина. Не сме против законски решенија кои одат во оваа насока. Но, сме категорично против политички и бизнис мотивирани законски измени кои ќе затворат една легална економска дејност што по автоматизам ќе предизвика организирање нелегални игри на среќа. Крајно време е да се напушти популизмот и да почнеме да говориме со факти. Сите општествено одговорни чинители треба да бидат свесни дека не постои пример во опкружување каде укинувањето на игрите на среќа не предизвикало играње на диво.

Ако државата навистина одлучила да ги затвори игрите на среќа, мора да земе предвид дека со таква погрешна одлука ќе предизвика егзодус на илјадници семејства кои ќе се преселат во западните земји и таму повторно ќе работат во истата дејност. Предупредуваме, со цел да превенираме состојби кои ќе предизвикаат сериозни штети. Крајно време е да земат предвид овие наши укажувања. Во спротивно ќе бидеме принудени да излеземе на масовни протести со кои ќе бараме заштита на правата.

The post Вработените од секторот на игри на среќа најавуваат протест appeared first on Република.

]]>

Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“ упати реакција во врска со денешниот апел на Министерството за финансии упатен до Собранието на РМ, за побрзо да се усвојат од нив предложените измени на Законот за игри на среќа и забавни игри. Ја пренесуваме во целост нивната реакција:
Во името на 10.000 вработени во оваа економска дејност, уште еднаш предупредуваме дека предлогот за дислокација на 500 метри од образовните институции е предлог за целосно затворање на објектите за игри на среќа, губење на нашите работни места со драматични последици по целата македонската економија. Заблуда е дека постои решение ем да се дислоцираат 500 метри, ем да продолжат објектите за игри на среќа да работат. Заради постоечката урбанистичка поставеност и планирање, овој услов е невозможно да се исполни. Дислоцирањето на 500 метри од една значи дека истиот објект ќе биде поставен на помалку од 500 метри од друга образовна институција. После усвојувањето на едно вакво избрзано решение, ќе почне отворање „диви“ играчници, надвор од регулацијата на надлежните институции, каде младите навистина ќе станат таргет. Аргумент за ова е аферата „Детонатор“, од 2011, кога полицијата заплени 1500 на црно поставени покер апарати во нелегални играчници. Само вчера државата мораше да се задолжи со 250 милиони евра, кои треба да ги вратат граѓаните за 18 месеци, и за тоа ќе се пресмета и камата. Додека целата економија е во неизвесност од драматичното зголемување на цените на струјата и енергенсите низ цела Европа, кога многу домашни компании се прашуваат дали ќе треба да стават клуч и да ги отпуштат вработените, некој буквално си игра со судбината на една сериозна економска дејност која вработува 10.000 луѓе, индиректно помага меѓу 54 до 100.000 други работни места, секоја година придонесува со најмалку 280 милиони евра во државниот Буџет. Нам како Здружение, неминовно ни се наметнува дилемата дали можеби Министерството за финансии делува под притисок на „Антикоцкање“ од Тетово? Не можеме да прифатиме дека никој од надлежните не чувствува одговорност да ги демантира нивните неосновани обвинувања дека игрите на среќа се извориште на нелегални активности и наводно делуваат штетно врз младината. Тоа не е точно и за тоа постојат факти со кои државните институции располагаат. Нападите на „Антикоцкање“ од Тетово се тенденциозни и немаат допирна точка со реалноста. Уште повеќе затоа што освен притисок врз државата, политичките партии, закуподавачите на објектите, играчите се прави обид суптилно да се инволвираат и верските заедници. Тоа е апсолутно недозволиво и претставува злоупотреба на верските чувства на граѓаните за оцрнување на секој кој има допирна точка со игрите на среќа. Државата, секоја индивидуа и семејство несомнено е должна да ги заштити малолетниците и да ги создава сите предуслови за воспитување здрава младина. Не сме против законски решенија кои одат во оваа насока. Но, сме категорично против политички и бизнис мотивирани законски измени кои ќе затворат една легална економска дејност што по автоматизам ќе предизвика организирање нелегални игри на среќа. Крајно време е да се напушти популизмот и да почнеме да говориме со факти. Сите општествено одговорни чинители треба да бидат свесни дека не постои пример во опкружување каде укинувањето на игрите на среќа не предизвикало играње на диво. Ако државата навистина одлучила да ги затвори игрите на среќа, мора да земе предвид дека со таква погрешна одлука ќе предизвика егзодус на илјадници семејства кои ќе се преселат во западните земји и таму повторно ќе работат во истата дејност. Предупредуваме, со цел да превенираме состојби кои ќе предизвикаат сериозни штети. Крајно време е да земат предвид овие наши укажувања. Во спротивно ќе бидеме принудени да излеземе на масовни протести со кои ќе бараме заштита на правата.

The post Вработените од секторот на игри на среќа најавуваат протест appeared first on Република.

]]>
Законот за игри на среќа на Уставен: И приватните обложувалници сакаат да приредуваат игри на среќа преку интернет https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/zakonot-za-igri-na-srekja-na-ustaven-i-privatnite-oblozuvalnici-sakaat-da-prireduvaat-igri-na-srekja-preku-internet/ Wed, 31 Aug 2022 10:05:06 +0000 https://republika.mk/?p=546007

Уставниот суд за утре закажа седница на која ќе биде разгледана иницијативата поднесена на член од Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

Подносител на иницијативата, како што информираат од Уставен, е Адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска, кое смета дека Републиката има воспоставено монопол на електронски и интернет игри на среќа, односно исклучиво право за организирање електронски игри на среќа и интернет игри на среќа. Според наводите во иницијативата со вака пропишаната законска одредба, Републиката ги оневозможува приредувачите на игри на среќа да се стекнат со право да организираат електронски и интернет игри на среќа, а што е спротивно на член 55 од Уставот со кој се предвидува дека слободниот пазар и претприемништвото можат да бидат ограничени со закон само за одбрана на Републиката, природата, животната средина и здравјето на луѓето, а спротивно и на основниот принцип според кој се забрануваат монополи.

The post Законот за игри на среќа на Уставен: И приватните обложувалници сакаат да приредуваат игри на среќа преку интернет appeared first on Република.

Села: Многу закони заслужуваат да бидат блокирани https://republika.mk/vesti/makedonija/sela-mnogu-zakoni-zasluzuvaat-da-bidat-blokirani/ Tue, 17 May 2022 06:54:58 +0000 https://republika.mk/?p=503159

Алијансата за Албанците не е деструктивна партија, но многу закони заслужуваат да бидат блокорани, смета лидерот на партијата Зијадин Села.

Еден од нив е Законот за игри на среќа, вели Села кој додаде дека додека бил градоначалник на Струга, а и сега со градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари биле обвинувани за „полнење“ на градовите со казина, но тоа било ингиренција на Министерството за финансии кое е раководено од ДУИ.

Јас бев тој што донесе одлука да се тргнат казината од главните патишта и школите, но тоа е ингиренција на Министерството за финансии, затоа од ДУИ манипулираат во јавноста, вели Села во Клик плус на ТВ21.

The post Села: Многу закони заслужуваат да бидат блокирани appeared first on Република.

]]>

Алијансата за Албанците не е деструктивна партија, но многу закони заслужуваат да бидат блокорани, смета лидерот на партијата Зијадин Села.
Еден од нив е Законот за игри на среќа, вели Села кој додаде дека додека бил градоначалник на Струга, а и сега со градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари биле обвинувани за „полнење“ на градовите со казина, но тоа било ингиренција на Министерството за финансии кое е раководено од ДУИ. Јас бев тој што донесе одлука да се тргнат казината од главните патишта и школите, но тоа е ингиренција на Министерството за финансии, затоа од ДУИ манипулираат во јавноста, вели Села во Клик плус на ТВ21.

The post Села: Многу закони заслужуваат да бидат блокирани appeared first on Република.

]]>