закон за енергетика Archives - Република https://republika.mk/tema/zakon-za-energetika/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Jun 2024 06:18:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png закон за енергетика Archives - Република https://republika.mk/tema/zakon-za-energetika/ 32 32 Донесен Законот со кој ќе се спречи поскапување на струјата од 1 јули https://republika.mk/vesti/ekonomija/donesen-zakonot-so-koj-ke-se-sprechi-poskapuvane-na-strujata-od-1-juli/ Wed, 26 Jun 2024 06:40:05 +0000 https://republika.mk/?p=790844

Собранието вчера во рамки на 8-та седница едногласно со 84 гласа „за“ го донесе Законот за дополнување на Законот за енергетика со што ќе се спречи зголемување на цената на електричната енергија од 1 јули годинава за домаќинствата и малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар.

Со дополнувањата на Законот во членот 1 се врши дополнување на членот 101 односно се додава став (10) кој има за цел утврдување на исклучок од ставот (9), односно доколку назначениот универзален снабдувач ја обезбедувал универзалната услуга до завршување на утврдената тендерска постапка да не е должен да основа ново друштво за обезбедување на услугата. Со ваквата одредба освен сигурно и безбедно се обезбедува и континуитет во снабдувањето со електрична енергија. Со членот 2 се врши дополнување во членот 237 преку додавање на став (14) кој е усогласување со членот 1 од овој закон односно има иста цел обезбедување на сигурно, безбедно и континуирано снабдување со електрична енергија.

Со ова решение ќе се обезбеди сигурно, безбедно и континуирано снабдување со електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи.

Претходно, законските дополнувања беа усвоени од матичната Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика и на Законодавно-правната комисија.

The post Донесен Законот со кој ќе се спречи поскапување на струјата од 1 јули appeared first on Република.

]]>

Собранието вчера во рамки на 8-та седница едногласно со 84 гласа „за“ го донесе Законот за дополнување на Законот за енергетика со што ќе се спречи зголемување на цената на електричната енергија од 1 јули годинава за домаќинствата и малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар. Со дополнувањата на Законот во членот 1 се врши дополнување на членот 101 односно се додава став (10) кој има за цел утврдување на исклучок од ставот (9), односно доколку назначениот универзален снабдувач ја обезбедувал универзалната услуга до завршување на утврдената тендерска постапка да не е должен да основа ново друштво за обезбедување на услугата. Со ваквата одредба освен сигурно и безбедно се обезбедува и континуитет во снабдувањето со електрична енергија. Со членот 2 се врши дополнување во членот 237 преку додавање на став (14) кој е усогласување со членот 1 од овој закон односно има иста цел обезбедување на сигурно, безбедно и континуирано снабдување со електрична енергија. Со ова решение ќе се обезбеди сигурно, безбедно и континуирано снабдување со електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи. Претходно, законските дополнувања беа усвоени од матичната Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика и на Законодавно-правната комисија.

The post Донесен Законот со кој ќе се спречи поскапување на струјата од 1 јули appeared first on Република.

]]>
Предлог-законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, проследен на натамошна постапка во Собранието https://republika.mk/vesti/ekonomija/predlog-zakonot-za-dopolnuvane-na-zakonot-za-energetika-po-skratena-postapka-prosleden-na-natamoshna-postapka-vo-sobranieto/ Tue, 25 Jun 2024 17:39:45 +0000 https://republika.mk/?p=790781

Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика на денешната седница одлучи Предлог законот за дополнување на Законот  за енергетика, по скратена постапка,  да го проследи на натамошна постапка во Собранието.

Претседателот на Комисијата, Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е и еден од предлагачите на законското решение, посочи дека измените се многу суштински, но се прилично едноставни поради што законот е поднесен по скратена постапка.

Со измените бараме две работи да се инкорпорираат во постојното законско решение. Првата е да се продолжи лиценцата на правното лице во наредните шест месеци. Тоа треба да се направи за да се скокнат сите процедури со кои се бара во сегашното законско решение да се оформи ново правно лице што всушност е истото правно лице. Тоа се прави за да не се губи време за други пропратни елементи за новоформираното правно лице. Втората работа е да се утврди износот на маржата која наместо 11,5 ќе биде 9,9 проценти. Тоа е особено важно бидејќи четирите контрибутори кои ја дефинираат цената на електричната енергија се множат со овој коефициент, рече Стојаноски.

Тој додаде дека на овој начин цената на електричната енергија за домаќинствата и на малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар ќе остане иста без да се мешаме во работата на независните регулаторни тела. Воедно би можело да се избегнат на некој начин и преостанатите 15 проценти од потребите на регулираниот пазар за кои универзалниот снабдувач даде изјава дека ќе ги набавува на слободниот пазар и комплетниот конзум да се испорача од нашата држава што поволно ќе влијае на наредниот регулациски рок по 1 јануари, кога Регулаторната комисија за енергетика ја утврдува цената на електричната енергија.

Пратеникот Димитар Ковачевски од СДСМ рече дека предложеното законско решение претставува потврда  и продолжување на добрите политики што ги водеше претходната влада во делот на обезбедување на електрична енергија по цени со кои не се дозволи ценовен шок за граѓаните во време на енергетската и економската криза.

На овој начин се прави потврда дека со правилни политики во енергетскиот сектор маржата која беше 11,5 се намалува на 9,9 проценти што значи  дека граѓаните ќе можат да добијат електрична енергија која нема да претставува оптоварување на нивниот буџет повеќе од она што значи  инфлаторни текови во делот на енергетскиот сектор, рече Ковачевски и додаде дека пратеничката група на СДСМ и коалицијата За европска иднина ќе ги поддржи измените на законот.

Иста одлука донесе и Законодавно-правната комисија.

Со дополнувањата на Законот во членот 1 се врши дополнување на членот 101 односно се додава став (10) кој има за цел утврдување на исклучок од ставот (9), односно доколку назначениот универзален снабдувач ја обезбедувал универзалната услуга до завршување на утврдената тендерска постапка да не е должен да основа ново друштво за обезбедување на услугата. Со ваквата одредба освен сигурно и безбедно се обезбедува и континуитет во снабдувањето со електрична енергија. Со членот 2 се врши дополнување во членот 237 преку додавање на став (14) кој е усогласување со членот 1 од овој закон односно има иста цел обезбедување на сигурно, безбедно и континуирано снабдување со електрична енергија.

Со предложеното решение ќе се обезбеди сигурно, безбедно и континуирано снабдување со електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи.

Предлог законот за дополнување на Законот  за енергетика, по скратена постапка, ќе биде разгледан и на продолжение на осмата седница на Собранието.

The post Предлог-законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, проследен на натамошна постапка во Собранието appeared first on Република.

]]>

Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика на денешната седница одлучи Предлог законот за дополнување на Законот  за енергетика, по скратена постапка,  да го проследи на натамошна постапка во Собранието. Претседателот на Комисијата, Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е и еден од предлагачите на законското решение, посочи дека измените се многу суштински, но се прилично едноставни поради што законот е поднесен по скратена постапка.
Со измените бараме две работи да се инкорпорираат во постојното законско решение. Првата е да се продолжи лиценцата на правното лице во наредните шест месеци. Тоа треба да се направи за да се скокнат сите процедури со кои се бара во сегашното законско решение да се оформи ново правно лице што всушност е истото правно лице. Тоа се прави за да не се губи време за други пропратни елементи за новоформираното правно лице. Втората работа е да се утврди износот на маржата која наместо 11,5 ќе биде 9,9 проценти. Тоа е особено важно бидејќи четирите контрибутори кои ја дефинираат цената на електричната енергија се множат со овој коефициент, рече Стојаноски.
Тој додаде дека на овој начин цената на електричната енергија за домаќинствата и на малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар ќе остане иста без да се мешаме во работата на независните регулаторни тела. Воедно би можело да се избегнат на некој начин и преостанатите 15 проценти од потребите на регулираниот пазар за кои универзалниот снабдувач даде изјава дека ќе ги набавува на слободниот пазар и комплетниот конзум да се испорача од нашата држава што поволно ќе влијае на наредниот регулациски рок по 1 јануари, кога Регулаторната комисија за енергетика ја утврдува цената на електричната енергија. Пратеникот Димитар Ковачевски од СДСМ рече дека предложеното законско решение претставува потврда  и продолжување на добрите политики што ги водеше претходната влада во делот на обезбедување на електрична енергија по цени со кои не се дозволи ценовен шок за граѓаните во време на енергетската и економската криза.
На овој начин се прави потврда дека со правилни политики во енергетскиот сектор маржата која беше 11,5 се намалува на 9,9 проценти што значи  дека граѓаните ќе можат да добијат електрична енергија која нема да претставува оптоварување на нивниот буџет повеќе од она што значи  инфлаторни текови во делот на енергетскиот сектор, рече Ковачевски и додаде дека пратеничката група на СДСМ и коалицијата За европска иднина ќе ги поддржи измените на законот.
Иста одлука донесе и Законодавно-правната комисија. Со дополнувањата на Законот во членот 1 се врши дополнување на членот 101 односно се додава став (10) кој има за цел утврдување на исклучок од ставот (9), односно доколку назначениот универзален снабдувач ја обезбедувал универзалната услуга до завршување на утврдената тендерска постапка да не е должен да основа ново друштво за обезбедување на услугата. Со ваквата одредба освен сигурно и безбедно се обезбедува и континуитет во снабдувањето со електрична енергија. Со членот 2 се врши дополнување во членот 237 преку додавање на став (14) кој е усогласување со членот 1 од овој закон односно има иста цел обезбедување на сигурно, безбедно и континуирано снабдување со електрична енергија. Со предложеното решение ќе се обезбеди сигурно, безбедно и континуирано снабдување со електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи. Предлог законот за дополнување на Законот  за енергетика, по скратена постапка, ќе биде разгледан и на продолжение на осмата седница на Собранието.

The post Предлог-законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, проследен на натамошна постапка во Собранието appeared first on Република.

]]>
За да не дојде до поскапување од 1 јули: Почнува собраниската постапка за дополнување на Законот за енергетика https://republika.mk/vesti/ekonomija/za-da-ne-dojde-do-poskapuvane-od-1-juli-pochnuva-sobraniskata-postapka-za-dopolnuvane-na-zakonot-za-energetika/ Tue, 25 Jun 2024 06:22:01 +0000 https://republika.mk/?p=790478

Собранието денеска ќе ја одржи 8. седница на која на дневен ред се верификација на мандат на пратеници и Предлог на закон за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка.

Премиерот Христијан Мицкоски, пред неговиот избор запрв човек на Владата, и пратениците Бојан Стојановски, Тони Јаревски и Марија Митевска од ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа дополнувањето на Законот за енергетика со цел да се спречи зголемување на цените на струјата од 1 јули. Со Законот треба во наредните шест месеци да се спречи нагорен тренд на цената на струјата, а од јануари 2025 година да се намали цената на електричната енергија и за домаќинствата и за индустријата. Со поднесениот предлог, цената на електричната енергија нема да се зголеми за првата и втората група потрошувачи, додека за третата и четвртата тарифна група зголемувањето ќе биде од 1 до 2 проценти.

Со Предлог-законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, со членот 1 се врши дополнување на членот 101 односно се додава став (10) кој има за цел утврдување на исклучот од ставот (9) односно доколку назначениот универзален снабдувач ја обезбедувал универзалната услуга до завршување на утврдената тендерска постапка да не е должен да основа ново друштво за обезбедување на услугата. Со ваквата одредба освен сигурно и безбедно се обезбедува и континуитет во снабдувањето со електрична енергија.

На оваа седница како прва точка е верификација на мандатите на новите пратеници кои доаѓаат на местата на Мицкоски и на неколкумина други новоизбрани министри.

The post За да не дојде до поскапување од 1 јули: Почнува собраниската постапка за дополнување на Законот за енергетика appeared first on Република.

]]>

Собранието денеска ќе ја одржи 8. седница на која на дневен ред се верификација на мандат на пратеници и Предлог на закон за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка. Премиерот Христијан Мицкоски, пред неговиот избор запрв човек на Владата, и пратениците Бојан Стојановски, Тони Јаревски и Марија Митевска од ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа дополнувањето на Законот за енергетика со цел да се спречи зголемување на цените на струјата од 1 јули. Со Законот треба во наредните шест месеци да се спречи нагорен тренд на цената на струјата, а од јануари 2025 година да се намали цената на електричната енергија и за домаќинствата и за индустријата. Со поднесениот предлог, цената на електричната енергија нема да се зголеми за првата и втората група потрошувачи, додека за третата и четвртата тарифна група зголемувањето ќе биде од 1 до 2 проценти. Со Предлог-законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, со членот 1 се врши дополнување на членот 101 односно се додава став (10) кој има за цел утврдување на исклучот од ставот (9) односно доколку назначениот универзален снабдувач ја обезбедувал универзалната услуга до завршување на утврдената тендерска постапка да не е должен да основа ново друштво за обезбедување на услугата. Со ваквата одредба освен сигурно и безбедно се обезбедува и континуитет во снабдувањето со електрична енергија. На оваа седница како прва точка е верификација на мандатите на новите пратеници кои доаѓаат на местата на Мицкоски и на неколкумина други новоизбрани министри.

The post За да не дојде до поскапување од 1 јули: Почнува собраниската постапка за дополнување на Законот за енергетика appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ поднесе 40 амандмани за законите за стратешки инвестиции во енергетиката https://republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-podnese-40-amandmani-za-zakonite-za-strateshki-investitsii-vo-energetikata/ Tue, 05 Mar 2024 12:23:10 +0000 https://republika.mk/?p=751464

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата ќе ги преземат сите процедурални, демократски и собраниски процедури за да го спречат носењето на законите за стратешки инвестиции во енергетиката, за кои, сметаат дека се криминални и најавија дека ќе поднесат 40 амандмани.

Очајноста на СДСМ продолжува до последен ден од нивното владеење. Денеска на Комисијата за економски прашања, СДСМ повторно ќе се обиде да ги протурка законите за стратешки инвестиции во енергетиката. Ова се закони со кои се нанесува децениска штета по енергетскиот сектор на Македонија, а служат само за богатење на најтесното раководство на СДСМ, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски.

Тој потенцира дека Димитар Ковачевски, Миле Зечевиќ и Фатмир Битиќи го гледаат сопствениот, како што рече, лукративен интерес, а граѓаните плаќаат за 50 отсто повисоки сметки за електрична енергија.

СДСМ без поддршка на останатите коалициони партнери турка закон со кој на грчка компанија ќе и се даде државна помош од близу 50 милиони евра, а дополнително и се гарантира откуп на произведената струја и топлинска енергија по цени далеку повисоки од реалните. Со останатите стратешки закони се дава плодна земјоделска почва за изградба на фотоволтаици каде повторно државата гарантира откуп на електричната енергија по високи цени. Ние како пратеничка група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија алармиравме и предупредувавме за штетата која овие закони може да ја предизвикаат, истакна Стојановски.

Тој посочи дека Владата ги повлекла овие закони, но и покрај забелешките на експертите, јавноста и Министерството за економија, таа повторно ги пушти истите текстови но со други потписници, овој пат министрите Фатмир Битиќи и Каја Шукова.

Сакам да укажам, дека со носењето на овие закони, на овие инвеститори им се дава привилегирана положба, државата се става во подредена положба што е недозволиво по нашиот Устав и се суспендираат низа закони кои важат за сите останати во правниот промет, вели Стојановски.

Тој најави дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40 амандмани, во кои се ставени забелешките на експерти од различни сфери на општеството, кои доколку би се усвоиле и би се вметнале во овие закони, би гарантирале, како што рече, нормално имплементирање на овие закони.

Сакам да истакнам дека пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата ќе ги преземе сите процедурални, демократски и собраниски процедури за да го спречи носењето на овие криминални закони. Пратениците на СДСМ се на ред да покажат дали се послушници и ќе одработат за џебовите на раководството или достоинствено ќе го завршат својот мандат. На 8 мај македонските граѓани ќе победат против криминалот и корупцијата, а од 9 мај не чека многу работа за враќање на Македонија на вистинскиот пат, изјави Стојановски.

The post ВМРО-ДПМНЕ поднесе 40 амандмани за законите за стратешки инвестиции во енергетиката appeared first on Република.

Предложен нов Закон за енергетика усогласен со прописите на ЕУ https://republika.mk/vesti/ekonomija/predlozen-nov-zakon-za-energetika-usoglasen-so-propisite-na-eu/ Tue, 05 Jul 2022 17:55:07 +0000 https://republika.mk/?p=524393

На денешната седница, Владата го разгледа и Предлогот на законот изменување и дополнување на Законот за енергетика поради наметната потреба од глобалната енергетска криза за создавање на услови за зголемување на производство на електрична енергија од обновливи извори и заради усогласување на Законот за енергетика со новите хоризонтални закони, Законот за стратешки инвестиции, Законот за инспекциски надзор, Законот за електронски документи и електронска идентификација, како и со нацрт Законот за изградба на фотонапонски електроцентрали и нацрт Законот за безбедност на мрежи и информациски системи.

Новиот Предлог-закон се носи и заради дополнителни усогласувања на Законот за енергетика со соодветните прописи на Европската Унија, односно ЕУ Директивата 2019/944 за заедничките правила за внатрешниот пазар на електрична енергија и ЕУ Регулативата 2019/943 за внатрешниот пазар на електрична енергија и се воведува складирањето со електрична енергија како нова енергетска дејност, Регулативата 1227/2011 за интегритет и транспарентност на пазарите на големо на енергија, Регулативата 347/2013 за трансевропската енергетска инфраструктура, Регулативата 2015/1222 за воспоставување на правила за алокација на капацитетите и управување со загушувањата, како и Препораката 2018/01/MC-EnC на Министерскиот Совет на Енергетската заедница изготвување и усвојување на План за енергија и клима.

Измените на Законот за енергетика меѓу другото, се овозможува Владата да ја донесува Стратегијата за развој на енергетиката и во периоди пократки од пет години со цел да се антиципираат глобалните трендови во областа на енергетиката настанати од забрзаното воведување на нови технологии, промената на структурата во побарувачката на енергија, динамиката на развојот на енергетските пазари а пред се заради преземање на навремени мерки за заштита од климатските промени. Новиот Закон создава законски основ Владата, на предлог на Министерството за економија и Министерството за труд и социјална политика, а по претходно мислење од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, да донесе Уредба за заштита на ранливи потрошувачи на енергија, врз основа на којашто секоја година Владата ќе носи  Програма за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за наредната година со која што се утврдуваат мерките за спроведување на Уредбата.

Владините претставници на седницата го разгледаа и пуштија во понатамошна процедура до Собранието и Предлогот на Закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем во износ до 100 милиони евра  за финансирање на Проектот за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ – Скопје во услови на енергетска криза, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје, по скратена постапка.

The post Предложен нов Закон за енергетика усогласен со прописите на ЕУ appeared first on Република.

]]>

На денешната седница, Владата го разгледа и Предлогот на законот изменување и дополнување на Законот за енергетика поради наметната потреба од глобалната енергетска криза за создавање на услови за зголемување на производство на електрична енергија од обновливи извори и заради усогласување на Законот за енергетика со новите хоризонтални закони, Законот за стратешки инвестиции, Законот за инспекциски надзор, Законот за електронски документи и електронска идентификација, како и со нацрт Законот за изградба на фотонапонски електроцентрали и нацрт Законот за безбедност на мрежи и информациски системи. Новиот Предлог-закон се носи и заради дополнителни усогласувања на Законот за енергетика со соодветните прописи на Европската Унија, односно ЕУ Директивата 2019/944 за заедничките правила за внатрешниот пазар на електрична енергија и ЕУ Регулативата 2019/943 за внатрешниот пазар на електрична енергија и се воведува складирањето со електрична енергија како нова енергетска дејност, Регулативата 1227/2011 за интегритет и транспарентност на пазарите на големо на енергија, Регулативата 347/2013 за трансевропската енергетска инфраструктура, Регулативата 2015/1222 за воспоставување на правила за алокација на капацитетите и управување со загушувањата, како и Препораката 2018/01/MC-EnC на Министерскиот Совет на Енергетската заедница изготвување и усвојување на План за енергија и клима. Измените на Законот за енергетика меѓу другото, се овозможува Владата да ја донесува Стратегијата за развој на енергетиката и во периоди пократки од пет години со цел да се антиципираат глобалните трендови во областа на енергетиката настанати од забрзаното воведување на нови технологии, промената на структурата во побарувачката на енергија, динамиката на развојот на енергетските пазари а пред се заради преземање на навремени мерки за заштита од климатските промени. Новиот Закон создава законски основ Владата, на предлог на Министерството за економија и Министерството за труд и социјална политика, а по претходно мислење од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, да донесе Уредба за заштита на ранливи потрошувачи на енергија, врз основа на којашто секоја година Владата ќе носи  Програма за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за наредната година со која што се утврдуваат мерките за спроведување на Уредбата. Владините претставници на седницата го разгледаа и пуштија во понатамошна процедура до Собранието и Предлогот на Закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем во износ до 100 милиони евра  за финансирање на Проектот за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ – Скопје во услови на енергетска криза, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје, по скратена постапка.  

The post Предложен нов Закон за енергетика усогласен со прописите на ЕУ appeared first on Република.

]]>