заглавен Archives - Република https://republika.mk/tema/zaglaven/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Feb 2024 09:50:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png заглавен Archives - Република https://republika.mk/tema/zaglaven/ 32 32 Извлечен заглавен турски државјанин во Струмичко https://republika.mk/vesti/crna-hronika/izvlechen-zaglaven-turski-drzhavjanin-vo-strumichko/ Thu, 01 Feb 2024 09:50:50 +0000 https://republika.mk/?p=739277

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2.169 повици на Единствениот број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 36,42 отсто, а 63,58 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон Полиција биле упатени 57,85 отсто од повиците, кон Итната медицинска помош 31,42 отсто, а кон пожарникарите 9,20 отсто од реалните повици кон 112.

По добиен повик на 112 за заглавен турски државјанин во предел меѓу село Ново Коњарево и граничниот премин со Бугарија, Регионалниот ЦУК Струмица веднаш остварил комуникација со СВР Струмица, по што Гранична полиција Ново Село излегла на терен и го пронашла лицето, коешто живо и здраво безбедно е извлечено од теренот, соопшти ЦУК.

Пожари на шуми и вегетација на отворено во државата се уште има според извештаите на Регионалните центри за управување со кризи. Во последното деноноќие имало десетина пријавени пожари за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата.

ЦУК апелира да не се палат стрништа, шума и друга вегетација, отпадоци, ѓубришта и контејнери на отворено бидејќи тоа го намалува квалитетот на амбиенталниот воздух. Граѓаните да ги слушаат препораките на пожарникарите преку медиумите за превенција од пожари. ЦУК апелира и на внимателност при прошетките во природа, на повисоките места и планините во нашата држава бидејќи при зимски услови на места со снег и мраз е лизгаво, особено на осоите на почетокот и на крајот од денот.

The post Извлечен заглавен турски државјанин во Струмичко appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2.169 повици на Единствениот број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 36,42 отсто, а 63,58 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 57,85 отсто од повиците, кон Итната медицинска помош 31,42 отсто, а кон пожарникарите 9,20 отсто од реалните повици кон 112.
По добиен повик на 112 за заглавен турски државјанин во предел меѓу село Ново Коњарево и граничниот премин со Бугарија, Регионалниот ЦУК Струмица веднаш остварил комуникација со СВР Струмица, по што Гранична полиција Ново Село излегла на терен и го пронашла лицето, коешто живо и здраво безбедно е извлечено од теренот, соопшти ЦУК.
Пожари на шуми и вегетација на отворено во државата се уште има според извештаите на Регионалните центри за управување со кризи. Во последното деноноќие имало десетина пријавени пожари за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата. ЦУК апелира да не се палат стрништа, шума и друга вегетација, отпадоци, ѓубришта и контејнери на отворено бидејќи тоа го намалува квалитетот на амбиенталниот воздух. Граѓаните да ги слушаат препораките на пожарникарите преку медиумите за превенција од пожари. ЦУК апелира и на внимателност при прошетките во природа, на повисоките места и планините во нашата држава бидејќи при зимски услови на места со снег и мраз е лизгаво, особено на осоите на почетокот и на крајот од денот.

The post Извлечен заглавен турски државјанин во Струмичко appeared first on Република.

]]>
Човек четири дена е заглавен во викендица во Македонија, одбива помош ако не се спасат и неговите кучиња https://republika.mk/zivot/servisi/chovek-chetiri-dena-e-zaglaven-vo-vikenditsa-vo-makedonija-odbiva-pomosh-ako-ne-se-spasat-i-negovite-kuchina/ Mon, 18 Dec 2023 20:00:03 +0000 https://republika.mk/?p=724389

Преку Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) било добиено известување дека едно лице веќе четири дена е заглавено во неговата викендица во месноста „Гатеново“ над село Радња, кавадаречко, поради големи снежни наноси, и е останато без таблети за притисок и без храна, информираа вечерва од ЦУК.

Оттаму дополнуваат дека Регионалниот ЦУК Кавадарци на 18 декември во 15.15 часот контактирал со зимската служба и добиен е одговор дека во текот на денот исконтактирано е со лице кое се наоѓа во месноста „Гатеново“ до селото Радња.

Од лице од зимската службата му е понудено од таму со „четирицикл“ да го пренесат во Кавадарци. Лицето од викендицата одбило да биде пренесено со „четирицикл“, бидејќи не знаело што да прави со неговите две кучиња. Во 15:35 часот е контактирано со градоначалникот Митко Јанчев и тој во 16:00 часот потврди дека поради лошиот пат и има многу искршени гранки и дрвја од снегот на патот, е ризично вечерва да испратат трактор во месноста „Гатеново“, појаснија од ЦУК.

Од тие причини, било контактирано лицето и договорено е утре во 06:45 часот по него да тргнат со трактор со нож и моторна пила за сечење гранки.

Со нив ќе биде и член од семејството на лицето кое е во местото „Гетеново“ за да им го покаже патот, бидејќи, се работи за планински терен надвор од селото, каде што има само викендички со голема оддалеченост една од друга. Селото Радња е во центарот на мапата, над него повисоко била месноста „Гатеново“, каде што имало само викендички со голема оддалеченост една од друга, појаснуваат од ЦУК.

Според информациите од ЦУК Велес, висината на снежната покривка изнесува до 70 сантиметри во ридско – планинскиот дел на Општина Кавадарци. Зимската служба за одржување на улици и патишта – Општина Кавадарци интервенирала со еден камион кон селата Рожден и Мајдан и патот до село Радња е непрооден.

The post Човек четири дена е заглавен во викендица во Македонија, одбива помош ако не се спасат и неговите кучиња appeared first on Република.

]]>

Преку Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) било добиено известување дека едно лице веќе четири дена е заглавено во неговата викендица во месноста „Гатеново“ над село Радња, кавадаречко, поради големи снежни наноси, и е останато без таблети за притисок и без храна, информираа вечерва од ЦУК. Оттаму дополнуваат дека Регионалниот ЦУК Кавадарци на 18 декември во 15.15 часот контактирал со зимската служба и добиен е одговор дека во текот на денот исконтактирано е со лице кое се наоѓа во месноста „Гатеново“ до селото Радња.
Од лице од зимската службата му е понудено од таму со „четирицикл“ да го пренесат во Кавадарци. Лицето од викендицата одбило да биде пренесено со „четирицикл“, бидејќи не знаело што да прави со неговите две кучиња. Во 15:35 часот е контактирано со градоначалникот Митко Јанчев и тој во 16:00 часот потврди дека поради лошиот пат и има многу искршени гранки и дрвја од снегот на патот, е ризично вечерва да испратат трактор во месноста „Гатеново“, појаснија од ЦУК.
Од тие причини, било контактирано лицето и договорено е утре во 06:45 часот по него да тргнат со трактор со нож и моторна пила за сечење гранки. Со нив ќе биде и член од семејството на лицето кое е во местото „Гетеново“ за да им го покаже патот, бидејќи, се работи за планински терен надвор од селото, каде што има само викендички со голема оддалеченост една од друга. Селото Радња е во центарот на мапата, над него повисоко била месноста „Гатеново“, каде што имало само викендички со голема оддалеченост една од друга, појаснуваат од ЦУК. Според информациите од ЦУК Велес, висината на снежната покривка изнесува до 70 сантиметри во ридско – планинскиот дел на Општина Кавадарци. Зимската служба за одржување на улици и патишта – Општина Кавадарци интервенирала со еден камион кон селата Рожден и Мајдан и патот до село Радња е непрооден.

The post Човек четири дена е заглавен во викендица во Македонија, одбива помош ако не се спасат и неговите кучиња appeared first on Република.

]]>