загадена река Archives - Република https://republika.mk/tema/zagadena-reka/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Jul 2022 08:04:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png загадена река Archives - Република https://republika.mk/tema/zagadena-reka/ 32 32 Премиер испи чаша вода од река за да покаже дека не е загадена – не заврши добро https://republika.mk/vesti/svet/premier-ispi-chasha-voda-od-reka-za-da-pokaze-deka-ne-e-zagadena-ne-zavrshi-dobro/ Sat, 23 Jul 2022 07:57:04 +0000 https://republika.mk/?p=532346

Премиерот на индиската држава Пенџаб, Багвант Ман бил примен во болница со силни стомачни болки два дена откако испил чаша вода од загадената река Кали Беин, објавија индиските медиуми. Болничките извори тврдат дека тој сè уште е во болница за лекарски прегледи.

Ман, кој е поранешен комичар и сатиричар, бил префрлен со хеликоптер во болница во Њу Делхи, а владата ја чувала во тајност неговата хоспирализација.

Од кабинетот на премиерот не потврдија дека Ман е во болница, а еден функционер дури и изјавил дека е здрав и жив и дека има многу средби во четврток.

Изворите велат дека неговите здравствени проблеми се поврзани со пиењето вода од светата река.

Премиерот во неделата го посети градот Султанпур Лоди за да ја одбележи 22-годишнината од чистењето на Кали Беин.

По тој повод, владата објави видео од премиерот како пие чаша вода од реката, додека неговите колеги наздравуваат со него. Во соопштението од Владата се наведува дека засадил младо дрво на брегот и пиел вода од реката.

Инаку, често има локални дојави за загадување на таа река со канализација од околните села.

The post Премиер испи чаша вода од река за да покаже дека не е загадена – не заврши добро appeared first on Република.

]]>

Премиерот на индиската држава Пенџаб, Багвант Ман бил примен во болница со силни стомачни болки два дена откако испил чаша вода од загадената река Кали Беин, објавија индиските медиуми. Болничките извори тврдат дека тој сè уште е во болница за лекарски прегледи. Ман, кој е поранешен комичар и сатиричар, бил префрлен со хеликоптер во болница во Њу Делхи, а владата ја чувала во тајност неговата хоспирализација. Од кабинетот на премиерот не потврдија дека Ман е во болница, а еден функционер дури и изјавил дека е здрав и жив и дека има многу средби во четврток. Изворите велат дека неговите здравствени проблеми се поврзани со пиењето вода од светата река. Премиерот во неделата го посети градот Султанпур Лоди за да ја одбележи 22-годишнината од чистењето на Кали Беин. По тој повод, владата објави видео од премиерот како пие чаша вода од реката, додека неговите колеги наздравуваат со него. Во соопштението од Владата се наведува дека засадил младо дрво на брегот и пиел вода од реката. Инаку, често има локални дојави за загадување на таа река со канализација од околните села.

The post Премиер испи чаша вода од река за да покаже дека не е загадена – не заврши добро appeared first on Република.

]]>