заем од Унгарија Archives - Република https://republika.mk/tema/zaem-od-ungarija/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Oct 2024 05:56:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png заем од Унгарија Archives - Република https://republika.mk/tema/zaem-od-ungarija/ 32 32 Рокот за аплицирање за проекти од унгaрскиот заем ќе се пролонгира до 15 ноември https://republika.mk/vesti/makedonija/rokot-za-aplitsirane-za-proekti-od-ungarskiot-zaem-ke-se-prolongira-do-15-noemvri/ Fri, 18 Oct 2024 05:56:34 +0000 https://republika.mk/?p=828265

Повеќе од 270 проекти од речиси сите општини кои конкурирале на повикот за помош на единиците на локалната самоуправа се потврдени на владина седница неделава, изјави вчера премиерот Христијан Мицкоски.

Во изјава за медиумите за време на посетата на Општина Брвеница, Мицкоски најави  дека на следната владина седница ќе има мало продолжување на рокот за општините кои треба да ја комплетираат проектната документација.

-Потврдени се повеќе од 270 проекти кои се во речиси сите општини. Ова не се проекти во кои што градоначалници се од ВМРО-ДПМНЕ или владината коалиција, туку и градоначалници што доаѓаат од СДСМ, ДУИ или независни градоначалници, затоа што ние се бориме за секој милиметар квадратен на целата територија на државата, секое парче земја ни е важно и секаде сакаме да инвестираме. Очекувам следната недела договорите да бидат потпишани и да почне спроведувањето на оваа историска реализација на проекти за кои ќе се вложат повеќе од 4 милијарди денари. На следната владина седница ќе има мало продолжување на рокот бидејќи во проектите на некои од општините е потребно дел од документите што недостасуваат да ги обезбедат. Мислам дека рокот ќе биде разумен, до 10 или 15 ноември да ги доподнесат проектите и откако тоа формално ќе биде завршено, очекувам и тие да бидат вклучени во првиот бран. Ветената сума од 6 милијарди очекуваме до крајот на годината да биде испорачана, а веќе следната година ќе има 15 милијарди, што значи од централниот буџет кон општините ќе бидат испорачани проекти од околу 21 милијарда денари, истакна Мицкоски.

На вчерашната владина седница беа потврдени повеќе од 270 проекти кои се во речиси сите општини, потврди премиерот Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Општина Брвеница. Во изј

Претседателот на Владата воедно апелираше општините Струмица, Теарце и Сарај, како и Град Скопје, кои не добија пари за ниеден проект со кој аплицирале, да го искористат продолжениот рок за поднесување на нови комунални проекти.

-Општина Струмица не доби средства затоа што конкурираше со проект кој веќе е почнат и во тек со избран изведувач. Апелирам до раководството на Општина Струмица да ја искористи можноста до 15 ноември да поднесе нови проекти кои ќе можеме да ги финансираме. Средства не се доделени за Општина Теарце која поднесе проекти преку приватна е-маил адреса и затоа го повикувам градоначалникот да постапи како и сите други 79 градоначалници. Имаме некомплетна документација поднесена и од Општина Сарај, очекувам до 15 ноември тоа да биде отстрането. Станува збор за патна инфраструктура во населеното место Ласкарци и еден водовод. Градот Скопје конкурираше со некомплетни проекти, бараат автобуси, бараат средства за одржување на хигиената на улиците. Од Владата веќе имаат пренесени 600 милиони денари кои се на сметката на градот за реализација на булеварот „Хасан Приштина“, но две години ништо не е направено. Очекувам во следниот период таму да се подобрат инвестициките перформански, нагласи премиерот Мицкоски.

The post Рокот за аплицирање за проекти од унгaрскиот заем ќе се пролонгира до 15 ноември appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 270 проекти од речиси сите општини кои конкурирале на повикот за помош на единиците на локалната самоуправа се потврдени на владина седница неделава, изјави вчера премиерот Христијан Мицкоски. Во изјава за медиумите за време на посетата на Општина Брвеница, Мицкоски најави  дека на следната владина седница ќе има мало продолжување на рокот за општините кои треба да ја комплетираат проектната документација.
-Потврдени се повеќе од 270 проекти кои се во речиси сите општини. Ова не се проекти во кои што градоначалници се од ВМРО-ДПМНЕ или владината коалиција, туку и градоначалници што доаѓаат од СДСМ, ДУИ или независни градоначалници, затоа што ние се бориме за секој милиметар квадратен на целата територија на државата, секое парче земја ни е важно и секаде сакаме да инвестираме. Очекувам следната недела договорите да бидат потпишани и да почне спроведувањето на оваа историска реализација на проекти за кои ќе се вложат повеќе од 4 милијарди денари. На следната владина седница ќе има мало продолжување на рокот бидејќи во проектите на некои од општините е потребно дел од документите што недостасуваат да ги обезбедат. Мислам дека рокот ќе биде разумен, до 10 или 15 ноември да ги доподнесат проектите и откако тоа формално ќе биде завршено, очекувам и тие да бидат вклучени во првиот бран. Ветената сума од 6 милијарди очекуваме до крајот на годината да биде испорачана, а веќе следната година ќе има 15 милијарди, што значи од централниот буџет кон општините ќе бидат испорачани проекти од околу 21 милијарда денари, истакна Мицкоски.
На вчерашната владина седница беа потврдени повеќе од 270 проекти кои се во речиси сите општини, потврди премиерот Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Општина Брвеница. Во изј Претседателот на Владата воедно апелираше општините Струмица, Теарце и Сарај, како и Град Скопје, кои не добија пари за ниеден проект со кој аплицирале, да го искористат продолжениот рок за поднесување на нови комунални проекти.
-Општина Струмица не доби средства затоа што конкурираше со проект кој веќе е почнат и во тек со избран изведувач. Апелирам до раководството на Општина Струмица да ја искористи можноста до 15 ноември да поднесе нови проекти кои ќе можеме да ги финансираме. Средства не се доделени за Општина Теарце која поднесе проекти преку приватна е-маил адреса и затоа го повикувам градоначалникот да постапи како и сите други 79 градоначалници. Имаме некомплетна документација поднесена и од Општина Сарај, очекувам до 15 ноември тоа да биде отстрането. Станува збор за патна инфраструктура во населеното место Ласкарци и еден водовод. Градот Скопје конкурираше со некомплетни проекти, бараат автобуси, бараат средства за одржување на хигиената на улиците. Од Владата веќе имаат пренесени 600 милиони денари кои се на сметката на градот за реализација на булеварот „Хасан Приштина“, но две години ништо не е направено. Очекувам во следниот период таму да се подобрат инвестициките перформански, нагласи премиерот Мицкоски.

The post Рокот за аплицирање за проекти од унгaрскиот заем ќе се пролонгира до 15 ноември appeared first on Република.

]]>
Димитриеска-Кочоска: Парите од унгарскиот кредит следната недела ќе легнат на девизната сметка на Министерството за финансии https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrieska-kochoska-parite-od-ungarskiot-kredit-slednata-nedela-ke-legnat-na-deviznata-smetka-na-ministerstvoto-za-finansii/ Tue, 08 Oct 2024 19:06:25 +0000 https://republika.mk/?p=824329

Парите од договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт-импорт банка што денеска во Будимпешта во име на Владата, го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, се очекува наредната недела да легнат на девизната сметка на Министерството за финансии.

Таа во Тема на денот на Сител, од Будимпешта повтори дека станува збор за кредит од 500 милиони евра со каматна стапка од 3,25 проценти, со период на отплата од 15 години, односно вклучен грејс период од три години. Тие ќе влезат како средства во буџетот, од каде 250 милиони евра ќе бидат насочени кон Развојната банка, а таа преку комерцијалните банки ќе ги пласира на приватниот сектор за инвестиции, а останатите 250 милиони евра ќе останат во Буџетот и ќе бидат наменети за инфраструктурни проекти, односно за финансирање на проектите на општините.

Ние денес го искористивме моментот да поразговараме и околу пополнување на дополнителни документи за да се изврши исплатата. Очекувам во четврток кога ќе бидеме вратени назад во Македонија да ги испечатираме тие документи и да ги проследиме до Унгарската банка и во текот на следната недела средствата да бидат префрлени на девизната сметка на Министерството за финансии, рече Димитриеска-Кочоска, прашана кога треба да стигнат парите на државната сметка.

Таа наведе и дека условите под кои ќе бидат достапни за користење на средствата од овој кредит од страна на бизнисот, преку комерцијалните банки ќе бидат ставени на располагање за компаниите под истите услови како и за државата.

Тие (компаниите) ќе треба да аплицираат кај Развојната банка, Развојната банка понатаму ќе стапи во комуникација со нив. Најважно од се е тоа што приватниот сектор треба да знае дека средствата ги обезбедивме, дека штом ќе легнат на сметка ќе ги пренасочиме кон Развојната банка и понатаму таа ќе се договори со комерцијалните банки како ќе бидат распределени средствата по комерцијалните банки, вели Димитриеска-Кочоска.

Прашана дали фирмите ќе имаат некакви дополнителни обврски кон комерцијалните банки, бидејќи првично беше најавено дека условите коишто ги користи државата од Унгарија ќе ги имаат и компаниите во земјава, министерката за финансии одговори потврдно.

Истите услови. Тука нема дилема. Значи, остануваат истите услови – каматната стапка, исто 15 години рок на отплата со вклучени три години грејс период, но она што е важно што и компаниите го знаат и претходно сме го зборувале, станува збор за компании коишто се производни, коишто ќе инвестираат во машини и опрема. Зошто е тоа така, ние рековме нема да ставиме само акцент на извозните компании, може да се и домашните компании коишто произведуваат и продаваат на домашниот пазар. Целта е или да го поттикнеме извозот или да го намалиме увозот. Ефектот е потполно ист. Затоа велиме производни компании под истите услови под коишто и ние го обезбедуваме кредитот, подвлекува Димитриеска-Кочоска.

Таа беше прашана и за тоа дали комерцијалните банки нема да побараат некаков процент за да ја овозможат услугата околу доделување на кредитите на фирмите.

Првичните разговори ни беа сепак и тие да учествуваат во целата оваа работа за да ја заживееме економијата, бидејќи знаеме дека во изминатите години го достигнавме нивото, очекувањата на приватниот сектор беа многу лоши затоа и инфлацијата се влошуваше и сега тука заеднички ќе се потрудиме да најдеме начин како и комерцијалните банки да ја поддржат целата оваа работа со минимални или речиси никакви заработки. Секако ќе разговараме, Развојната банка ќе разговара со нив и ќе видиме понатаму како ќе оди целата постапка, вели министерката за фианнсии.

Таа посочи дека во Будимпешта било разговарано и за втората транша за дополнителните 500 милиони евра под истите услови што, вели, за нас како држава е многу важно, затоа што во јануари доспева еврообврзница од 500 милиони евра и се договориле. Министерството за финансии, најави таа, следната недела ќе ја почне процедурата за одобрување на дополнителните 500 милиони евра којшто договор таа очекува да биде потпишан до средината на декември, а исплатата да се заврши до средината на јануари, наредната година.

Значи следната недела започнуваме повторно постапка затоа што исто така треба да биде одобрено од страна на Собранието на Република Македонија, вели министерката за финансии.

Во однос на обвинувањата од опозицијата дека власта зема сомнителни пари кои не ставаат во должничко ропство, таа наведува дека целатат постапка за кредитот била транспарентна и одобрена со закон во Парламентот,

Па јас не знам што е сомнително кога Собранието го гласало, како може нешто да биде сомнително. Второ, премногу транспарентно кажуваме на што ќе се трошат парите и мислам дека опозицијата треба малку повеќе да се грижи за парите како ги трошеле во минатото. Државниот завод за ревизија излезе со извештаи, очекувам дека ќе има и одредени предмети коишто ќе се процесуираат понатаму, така што јас би била загрижена повеќе за тоа. Во овој дел транспарентно зборуваме, а мислам дека премиерот Орбан кога беше во Македонија многу јасно објасни дека тие пари коишто тие ги добиле од кинески кредит се наменети точно за конкретни проекти. Ова се унгарски пари, а кога зборуваме за унгарски пари зборуваме за пари на Европската унија и не гледам тука ништо спорно, потенцира министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Унгарскиот кредит го договорија премиерот Христијан Мицкоски и унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на учеството на Самитот на НАТО во Вашигтон, а Законот за заем беше изгласан во македонското Собрание на 17 септември годинава.

The post Димитриеска-Кочоска: Парите од унгарскиот кредит следната недела ќе легнат на девизната сметка на Министерството за финансии appeared first on Република.

]]>

Парите од договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт-импорт банка што денеска во Будимпешта во име на Владата, го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, се очекува наредната недела да легнат на девизната сметка на Министерството за финансии. Таа во Тема на денот на Сител, од Будимпешта повтори дека станува збор за кредит од 500 милиони евра со каматна стапка од 3,25 проценти, со период на отплата од 15 години, односно вклучен грејс период од три години. Тие ќе влезат како средства во буџетот, од каде 250 милиони евра ќе бидат насочени кон Развојната банка, а таа преку комерцијалните банки ќе ги пласира на приватниот сектор за инвестиции, а останатите 250 милиони евра ќе останат во Буџетот и ќе бидат наменети за инфраструктурни проекти, односно за финансирање на проектите на општините.
Ние денес го искористивме моментот да поразговараме и околу пополнување на дополнителни документи за да се изврши исплатата. Очекувам во четврток кога ќе бидеме вратени назад во Македонија да ги испечатираме тие документи и да ги проследиме до Унгарската банка и во текот на следната недела средствата да бидат префрлени на девизната сметка на Министерството за финансии, рече Димитриеска-Кочоска, прашана кога треба да стигнат парите на државната сметка.
Таа наведе и дека условите под кои ќе бидат достапни за користење на средствата од овој кредит од страна на бизнисот, преку комерцијалните банки ќе бидат ставени на располагање за компаниите под истите услови како и за државата.
Тие (компаниите) ќе треба да аплицираат кај Развојната банка, Развојната банка понатаму ќе стапи во комуникација со нив. Најважно од се е тоа што приватниот сектор треба да знае дека средствата ги обезбедивме, дека штом ќе легнат на сметка ќе ги пренасочиме кон Развојната банка и понатаму таа ќе се договори со комерцијалните банки како ќе бидат распределени средствата по комерцијалните банки, вели Димитриеска-Кочоска.
Прашана дали фирмите ќе имаат некакви дополнителни обврски кон комерцијалните банки, бидејќи првично беше најавено дека условите коишто ги користи државата од Унгарија ќе ги имаат и компаниите во земјава, министерката за финансии одговори потврдно.
Истите услови. Тука нема дилема. Значи, остануваат истите услови – каматната стапка, исто 15 години рок на отплата со вклучени три години грејс период, но она што е важно што и компаниите го знаат и претходно сме го зборувале, станува збор за компании коишто се производни, коишто ќе инвестираат во машини и опрема. Зошто е тоа така, ние рековме нема да ставиме само акцент на извозните компании, може да се и домашните компании коишто произведуваат и продаваат на домашниот пазар. Целта е или да го поттикнеме извозот или да го намалиме увозот. Ефектот е потполно ист. Затоа велиме производни компании под истите услови под коишто и ние го обезбедуваме кредитот, подвлекува Димитриеска-Кочоска.
Таа беше прашана и за тоа дали комерцијалните банки нема да побараат некаков процент за да ја овозможат услугата околу доделување на кредитите на фирмите.
Првичните разговори ни беа сепак и тие да учествуваат во целата оваа работа за да ја заживееме економијата, бидејќи знаеме дека во изминатите години го достигнавме нивото, очекувањата на приватниот сектор беа многу лоши затоа и инфлацијата се влошуваше и сега тука заеднички ќе се потрудиме да најдеме начин како и комерцијалните банки да ја поддржат целата оваа работа со минимални или речиси никакви заработки. Секако ќе разговараме, Развојната банка ќе разговара со нив и ќе видиме понатаму како ќе оди целата постапка, вели министерката за фианнсии.
Таа посочи дека во Будимпешта било разговарано и за втората транша за дополнителните 500 милиони евра под истите услови што, вели, за нас како држава е многу важно, затоа што во јануари доспева еврообврзница од 500 милиони евра и се договориле. Министерството за финансии, најави таа, следната недела ќе ја почне процедурата за одобрување на дополнителните 500 милиони евра којшто договор таа очекува да биде потпишан до средината на декември, а исплатата да се заврши до средината на јануари, наредната година.
Значи следната недела започнуваме повторно постапка затоа што исто така треба да биде одобрено од страна на Собранието на Република Македонија, вели министерката за финансии.
Во однос на обвинувањата од опозицијата дека власта зема сомнителни пари кои не ставаат во должничко ропство, таа наведува дека целатат постапка за кредитот била транспарентна и одобрена со закон во Парламентот,
Па јас не знам што е сомнително кога Собранието го гласало, како може нешто да биде сомнително. Второ, премногу транспарентно кажуваме на што ќе се трошат парите и мислам дека опозицијата треба малку повеќе да се грижи за парите како ги трошеле во минатото. Државниот завод за ревизија излезе со извештаи, очекувам дека ќе има и одредени предмети коишто ќе се процесуираат понатаму, така што јас би била загрижена повеќе за тоа. Во овој дел транспарентно зборуваме, а мислам дека премиерот Орбан кога беше во Македонија многу јасно објасни дека тие пари коишто тие ги добиле од кинески кредит се наменети точно за конкретни проекти. Ова се унгарски пари, а кога зборуваме за унгарски пари зборуваме за пари на Европската унија и не гледам тука ништо спорно, потенцира министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Унгарскиот кредит го договорија премиерот Христијан Мицкоски и унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на учеството на Самитот на НАТО во Вашигтон, а Законот за заем беше изгласан во македонското Собрание на 17 септември годинава.

The post Димитриеска-Кочоска: Парите од унгарскиот кредит следната недела ќе легнат на девизната сметка на Министерството за финансии appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески https://republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-orban-go-pukna-balonot-na-sds-parite-za-kreditot-se-evropski-a-ne-kineski/ Sat, 28 Sep 2024 08:03:30 +0000 https://republika.mk/?p=820479

СДС со денови и месеци шири лаги дека парите од унгарскиот кредит се кинески, сега сите нивни лаги се распрснаа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/orban-ne-vi-davame-kineski-tuku-evropski-pari/

Богданка Кузеска велеше: „Парите за унгарскиот кредит се всушност кинески пари“. Вчера премиерот на Унгарија, господин Виктор Орбан јасно кажа: „Она што се однесува до заемот, кинески заем не можеме да даваме, кинески пари не можеме да даваме. Бидејќи ние со Кина имаме договор сите пари кои доаѓаат од Кина одат на конкретни проекти за развој во Унгарија. Значи кинески пари не можеме да даваме, европски пари можеме и тие ќе ви ги даваме“. Условите од кредитот се исклучително поволни за Македонија. Со каматна стапка од 3.2%, ги добиваме најдобрите услови на пазарот моментално.
Дополнително рокот за отплата е 15 години, од кои 3 години се грејс период. Стопанството ќе добие 250 милиони евра од тие пари по истите услови по кои и зема државата. Општините ќе ги добијат остатокот од 250 милиони евра, кои ќе бидат наменети за капитални проекти. СДС се противи на развојот, СДС сака Македонија да стагнира, затоа се против Унгарскиот кредит, а во истовреме се и лицемерни, затоа што нивните градоначалници први поитаа да конкурираат за парите кои ќе ги дава владата. СДС се прочитана книга. Македонија економски ќе се трансформира и тоа СДС не може да го запре, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески appeared first on Република.

]]>

СДС со денови и месеци шири лаги дека парите од унгарскиот кредит се кинески, сега сите нивни лаги се распрснаа, велат од ВМРО-ДПМНЕ. https://republika.mk/vesti/makedonija/orban-ne-vi-davame-kineski-tuku-evropski-pari/
Богданка Кузеска велеше: „Парите за унгарскиот кредит се всушност кинески пари“. Вчера премиерот на Унгарија, господин Виктор Орбан јасно кажа: „Она што се однесува до заемот, кинески заем не можеме да даваме, кинески пари не можеме да даваме. Бидејќи ние со Кина имаме договор сите пари кои доаѓаат од Кина одат на конкретни проекти за развој во Унгарија. Значи кинески пари не можеме да даваме, европски пари можеме и тие ќе ви ги даваме“. Условите од кредитот се исклучително поволни за Македонија. Со каматна стапка од 3.2%, ги добиваме најдобрите услови на пазарот моментално. Дополнително рокот за отплата е 15 години, од кои 3 години се грејс период. Стопанството ќе добие 250 милиони евра од тие пари по истите услови по кои и зема државата. Општините ќе ги добијат остатокот од 250 милиони евра, кои ќе бидат наменети за капитални проекти. СДС се противи на развојот, СДС сака Македонија да стагнира, затоа се против Унгарскиот кредит, а во истовреме се и лицемерни, затоа што нивните градоначалници први поитаа да конкурираат за парите кои ќе ги дава владата. СДС се прочитана книга. Македонија економски ќе се трансформира и тоа СДС не може да го запре, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески appeared first on Република.

]]>
Oрбан: Не ви даваме кинески, туку европски пари https://republika.mk/vesti/makedonija/orban-ne-vi-davame-kineski-tuku-evropski-pari/ Fri, 27 Sep 2024 11:29:16 +0000 https://republika.mk/?p=820232

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги демантираше шпекулациите дека заемот од официјална Будимпешта за Македонија е всушност кинески заем.

Кинески заем не можеме да даваме, кинески пари не можеме да даваме оти ние со нив имаме договор сите пари што доаѓаат од Кина, да одат на конкретни проекти за развој во Унгарија. Европски пари можеме и тие ќе ви ги даваме, кажа Орбан на прес-конференцијата со претседателот на македонската Влада, Христијан Мицкоски.

The post Oрбан: Не ви даваме кинески, туку европски пари appeared first on Република.

Собранието го донесе Законот за заем од 500 милиони евра од Унгарија https://republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-go-donese-zakonot-za-zaem-od-500-milioni-evra-od-ungarija/ Tue, 17 Sep 2024 12:30:35 +0000 https://republika.mk/?p=817123

Собранието денеска со 65 гласа „за“ го изгласа Законот за задолжување со заем од половина милијарда евра од унгарската Влада, по скратена постапка.

Во текот на општиот претрес за законот на продолжението на 14. седница опозицијата обвини дека договорот за заемот е направен зад затворени врати, со крајно сомнителни намери и носи огромни политички и економски последици со енормно зголемување на јавниот долг. Наспроти нив, од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека постапката е транспарентна и оти првпат има заем за кој однапред се знае за што ќе биде потрошен иоти ќе се помогне на општините и на стопанството.

Заемот Унгарската експорт - импорт банка, приватно друштво со ограничена одговорност, ќе се повлече во една транша, рокот за отплата е 15 години, со вклучен грејс период од три години, а каматната стапка е фиксна и изнесува 3,25 проценти. Ќе се отплаќа на 24 полугодишни рати, на 15 февруари и 15 август секоја година.

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски образложи ги претстави условите за заемот и посочи дека државава ќе и плаќа на унгарската Експорт импорт банка провизија за евентуално неповлечени финансиски средства во висина од 0,5 проценти од заемот, на годишно ниво.

По изгласувањето на законот и потпишување на указот од страна на претседателката планираме веднаш да се потпише договорот и овие провизии да не се плаќаат по овој основ, рече Јанкуловски.

Како што дополни, државава ќе ѝ плати провизија за извршени правни услуги на независна фирма избрана од Унгарската експорт - импорт банка пред повлекување на траншата.

Од она што го знаеме е дека таа провизија ќе изнесува околу 70 илјади евра и споредено со еврообврзницата што сме ја издале во 2023 година за ист износ на заем сме платиле 880 илјади евра, а во 2021 година милион и 200 илјади евра, наведе заменик-министерот за финансии.

Целта на обезбедувањето на заемот, посочи Јнакуловски, е да и се помогне на земјата да има одржлива надворешна финансиска состојба, истовремено поттикнувајќи ги економските прилагодувања и структурните реформи.

Пратеникот од опозициската СДСМ Фатмир Битиќи, истакна дека државата ќе биде и должник и ќе плаќа и провизии на фирма која нема сама да ја избере.

Во случајов покрај провизијата од 0,5 проценти добиваме и скриени трошоци за правни услуги, кои во суштина немаат никаква врска за македонсккте институции. Се појавуваат скриени трошоци за кои многу малку или воопшто не можеме да слушнеме ниту прочитаме. Никаде не стои колку е износот на скриените трошоци кон избраната консултантска куќа, така што измислените 70 илјади евра и можеби 700 илјади, или пак 7 милиони ги знае само Владата, но наскоро ќе видиме во отворени финансии, рече Битиќи.

Според него, со овој заем се остава постор за политичи манипулации и корупција, а странските заемодавци може да поставуваат услови кои ќе бидат неповолни за нашата држава и ќе влијаат на нашите внатрешни и надворешни политики.

Унгарската банка има историја за финансирање проекти кои отстапуваат од западно европскиот вредноесен корпус. Се поставува прашањето дали истото ќе се случи и кај нас и дали ќе бидеме приморани да правиме политички отстапки за овој заем, дали ќе бидеме ставени под влијание на надворешно политики агенди кои не се во согласност со демократските вредности на нашето општество, рече Битиќи.

Ова, оцени, е потенцијална замка која може да ја стави државата на патот на политичка подреденост и економска зависност од режими чии интерси не се усогласени со интересите на нашиет граани и со демократските идеали.

Ова задолжување носи огромен ризик за економската стабилност на државата, идните генереации ќе ги плаќаат псоедкиците, а граѓаните ќе се соочат со зголемени даноци и инфлација и намалена куповна моќ. Ова не е патот кон економски развој, рече Битиќи.

Најзагрижувачки рече дека е „недостатокот на транспарентност и брзината со кое ова задолжување е најавено и веќе се спроведува без никаква институционална контрола и јавен надзор“.

Како е можно само пет дена по формирањето на новата Влада на 23 јуни 20204 година унгарската банка да достави писмо со намери за заем од половина милијарда евра. Уште позастрашувачки е фактот што преговорите се почнати со странска влада уште додека ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција. Како, зошто и според кои правила. Ова е Договор направен зад затворени врати кој носи огромни политички и економски последици врз сите нас, наведе Битиќи.

Според него, образложувањето на потребата за законот од страна на пратеник а не од министерката за финансии отвора големи прашања дали оваа одлука е навистина во соглансост со економските интерси на граѓаните. - Дали отсуството на министерката за финасии значи несогласување или уште полошо неподготвеност да преземе одговорност за оваа одлука и за нејзините последици, праша Битиќи.

Обвинувајќи дека процесот се водел во тајност праша и „дали Владата се плаши од реакцијата на граѓаните ако вистината излезе на виделина и зошто овој заем не се објавил во предизборите, бидејќи, како што рече, веројатно стравувале дека гласачите ќе ја видат поврзаноста со претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ“.

Реплицирајќи, Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека додека Битиќи бил вицепремиер за економски прашања неговата влада го дуплира јавниот долг од 4,7 милијарди евра на 8,9 милијарди евра.

Да се зборува за тајност за едно задолжување кое што беше најавено уште во предизборниот период, за едно задолжување за кое што се дебатира со месеци е смешно. Тоа е така затоа што свесни се дека ова задолжување е далеку поевтино од сите нивни претходни задолжувања, затоа што неговата влада на овој поранешен вицепремиер замо од јануари до јуни 2024 година, за само шест месеци направија вкупни трошоци за камати во Буџетот од 182 милиони евра, а во истиот период во 2023 година биле 108 милиони евра, а во 2022 биле 83 милиони евра, рече Петрушевски.

Го праша Битиќи зото не каже дека се работи за задолжување со каматна стапка од 3,25 проценти и поволностите кои што се однесуваат на три годишен грејс период и 15 години рок на отплат. - Очигледно затоа што не ви оди во прилог. Повикот за општините е објавен, со коморите е договорено, парите ќе се инвестираат кај граѓаните и во македонската економија, рече Петрушевски.

Неговиот сопартиец Бојан Стојановски оцени дека првпат има најтранспарентен начин како ќе бидат потрошени средствата од заемот, кои, посочи дека „ќе влезат во Буџетот само како попатна станица додека не бидат испратени таму каде што треба“.

Овој заем доминатно ќе биде искористен за две цели, за финансирање на инфраструктурни проекти на општините во износ од 250 милиони евра и за финасирање на евтини кредити кон стоанството од 250 милиони евра, рече Стојановски, посочувајќи дека средствата нема да бидат управувани од Владата, туку од општините и стопанството.

Претседателот на Собранието Африм Гаши ја прекина седница поради немање услови за работа по останатите точки на дневниот ред.

The post Собранието го донесе Законот за заем од 500 милиони евра од Унгарија appeared first on Република.

]]>

Собранието денеска со 65 гласа „за“ го изгласа Законот за задолжување со заем од половина милијарда евра од унгарската Влада, по скратена постапка. Во текот на општиот претрес за законот на продолжението на 14. седница опозицијата обвини дека договорот за заемот е направен зад затворени врати, со крајно сомнителни намери и носи огромни политички и економски последици со енормно зголемување на јавниот долг. Наспроти нив, од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека постапката е транспарентна и оти првпат има заем за кој однапред се знае за што ќе биде потрошен иоти ќе се помогне на општините и на стопанството. Заемот Унгарската експорт - импорт банка, приватно друштво со ограничена одговорност, ќе се повлече во една транша, рокот за отплата е 15 години, со вклучен грејс период од три години, а каматната стапка е фиксна и изнесува 3,25 проценти. Ќе се отплаќа на 24 полугодишни рати, на 15 февруари и 15 август секоја година. Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски образложи ги претстави условите за заемот и посочи дека државава ќе и плаќа на унгарската Експорт импорт банка провизија за евентуално неповлечени финансиски средства во висина од 0,5 проценти од заемот, на годишно ниво.
По изгласувањето на законот и потпишување на указот од страна на претседателката планираме веднаш да се потпише договорот и овие провизии да не се плаќаат по овој основ, рече Јанкуловски.
Како што дополни, државава ќе ѝ плати провизија за извршени правни услуги на независна фирма избрана од Унгарската експорт - импорт банка пред повлекување на траншата.
Од она што го знаеме е дека таа провизија ќе изнесува околу 70 илјади евра и споредено со еврообврзницата што сме ја издале во 2023 година за ист износ на заем сме платиле 880 илјади евра, а во 2021 година милион и 200 илјади евра, наведе заменик-министерот за финансии.
Целта на обезбедувањето на заемот, посочи Јнакуловски, е да и се помогне на земјата да има одржлива надворешна финансиска состојба, истовремено поттикнувајќи ги економските прилагодувања и структурните реформи. Пратеникот од опозициската СДСМ Фатмир Битиќи, истакна дека државата ќе биде и должник и ќе плаќа и провизии на фирма која нема сама да ја избере.
Во случајов покрај провизијата од 0,5 проценти добиваме и скриени трошоци за правни услуги, кои во суштина немаат никаква врска за македонсккте институции. Се појавуваат скриени трошоци за кои многу малку или воопшто не можеме да слушнеме ниту прочитаме. Никаде не стои колку е износот на скриените трошоци кон избраната консултантска куќа, така што измислените 70 илјади евра и можеби 700 илјади, или пак 7 милиони ги знае само Владата, но наскоро ќе видиме во отворени финансии, рече Битиќи.
Според него, со овој заем се остава постор за политичи манипулации и корупција, а странските заемодавци може да поставуваат услови кои ќе бидат неповолни за нашата држава и ќе влијаат на нашите внатрешни и надворешни политики.
Унгарската банка има историја за финансирање проекти кои отстапуваат од западно европскиот вредноесен корпус. Се поставува прашањето дали истото ќе се случи и кај нас и дали ќе бидеме приморани да правиме политички отстапки за овој заем, дали ќе бидеме ставени под влијание на надворешно политики агенди кои не се во согласност со демократските вредности на нашето општество, рече Битиќи.
Ова, оцени, е потенцијална замка која може да ја стави државата на патот на политичка подреденост и економска зависност од режими чии интерси не се усогласени со интересите на нашиет граани и со демократските идеали.
Ова задолжување носи огромен ризик за економската стабилност на државата, идните генереации ќе ги плаќаат псоедкиците, а граѓаните ќе се соочат со зголемени даноци и инфлација и намалена куповна моќ. Ова не е патот кон економски развој, рече Битиќи.
Најзагрижувачки рече дека е „недостатокот на транспарентност и брзината со кое ова задолжување е најавено и веќе се спроведува без никаква институционална контрола и јавен надзор“.
Како е можно само пет дена по формирањето на новата Влада на 23 јуни 20204 година унгарската банка да достави писмо со намери за заем од половина милијарда евра. Уште позастрашувачки е фактот што преговорите се почнати со странска влада уште додека ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција. Како, зошто и според кои правила. Ова е Договор направен зад затворени врати кој носи огромни политички и економски последици врз сите нас, наведе Битиќи.
Според него, образложувањето на потребата за законот од страна на пратеник а не од министерката за финансии отвора големи прашања дали оваа одлука е навистина во соглансост со економските интерси на граѓаните. - Дали отсуството на министерката за финасии значи несогласување или уште полошо неподготвеност да преземе одговорност за оваа одлука и за нејзините последици, праша Битиќи. Обвинувајќи дека процесот се водел во тајност праша и „дали Владата се плаши од реакцијата на граѓаните ако вистината излезе на виделина и зошто овој заем не се објавил во предизборите, бидејќи, како што рече, веројатно стравувале дека гласачите ќе ја видат поврзаноста со претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ“. Реплицирајќи, Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека додека Битиќи бил вицепремиер за економски прашања неговата влада го дуплира јавниот долг од 4,7 милијарди евра на 8,9 милијарди евра.
Да се зборува за тајност за едно задолжување кое што беше најавено уште во предизборниот период, за едно задолжување за кое што се дебатира со месеци е смешно. Тоа е така затоа што свесни се дека ова задолжување е далеку поевтино од сите нивни претходни задолжувања, затоа што неговата влада на овој поранешен вицепремиер замо од јануари до јуни 2024 година, за само шест месеци направија вкупни трошоци за камати во Буџетот од 182 милиони евра, а во истиот период во 2023 година биле 108 милиони евра, а во 2022 биле 83 милиони евра, рече Петрушевски.
Го праша Битиќи зото не каже дека се работи за задолжување со каматна стапка од 3,25 проценти и поволностите кои што се однесуваат на три годишен грејс период и 15 години рок на отплат. - Очигледно затоа што не ви оди во прилог. Повикот за општините е објавен, со коморите е договорено, парите ќе се инвестираат кај граѓаните и во македонската економија, рече Петрушевски. Неговиот сопартиец Бојан Стојановски оцени дека првпат има најтранспарентен начин како ќе бидат потрошени средствата од заемот, кои, посочи дека „ќе влезат во Буџетот само како попатна станица додека не бидат испратени таму каде што треба“.
Овој заем доминатно ќе биде искористен за две цели, за финансирање на инфраструктурни проекти на општините во износ од 250 милиони евра и за финасирање на евтини кредити кон стоанството од 250 милиони евра, рече Стојановски, посочувајќи дека средствата нема да бидат управувани од Владата, туку од општините и стопанството.
Претседателот на Собранието Африм Гаши ја прекина седница поради немање услови за работа по останатите точки на дневниот ред.

The post Собранието го донесе Законот за заем од 500 милиони евра од Унгарија appeared first on Република.

]]>
Почна собраниската расправа за заемот од Унгарија https://republika.mk/vesti/ekonomija/pochna-sobraniskata-rasprava-za-zaemot-od-ungarija/ Tue, 17 Sep 2024 11:31:04 +0000 https://republika.mk/?p=817099

Собранието денеска на продолжение на 14. седница почна расправа по Предлог законот за задолжување на Република Македонија со заем од половина милијарда евра од унгарската Влада, по скратена постапка.

Собраниската Комисија за финансирање и буџет на 13 месецов го даде на натамошна постапка Предлог-законот за заемот од Унгарија.

Вкупниот износ на заемот од Унгарската експорт - импорт банка изнесува 500 милиони евра. Заемот ќе се повлече во една транша, рокот за отплата на заемот е 15 години, со вклучен грејс период од три години, каматната стапка е фиксна и изнесува 3,25 проценти, Република Македонија ќе ѝ плаќа на Унгарската експорт - импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност провизија за неповлечени средства во висина од 0,5 проценти од заемот на годишно ниво. Провизијата за неповлечени средства ќе се пресметува на дневна основа на неповлечениот дел од заемот, пресметано од датумот на достапност на средствата и ќе се плати првиот работен ден по завршување на периодот на достапност. Заемот ќе се отплаќа на 24 полугодишни рати, на 15 февруари и 15 август секоја година. Дополнително, Република Македонија ќе ѝ плати провизија за извршени правни услуги на независна фирма избрана од страна на Унгарската експорт - импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност. Провизијата за извршени правни услуги ќе се плати пред повлекување на траншата.

Половина од средствата од овој заем, како што беше појаснето од владините претставници, ќе се користат за развој на општините, а другите како помош за економијата и за буџетски потреби.

Претходно, пратениците усвоија измени на неколку закони  и извештаи за институции за кои расправата беше завршена  претходно.

Изгласан е Законот за изменување и дополнување на Законот за бесплатна правна помош, по скратена постапка, со кој се превдидува наместо Бирото за судски вештачења, вештачењата за потребите на корисниците на секундарната правна помош ќе ги вршат физички лица запишани во Регистарот за вештаци или правни лица запишани во Регистарот на правни лица што вршат вештачење. Се уредуваат правата и обврски на учесниците во постапката за секундарна правна помош.

Беа донесени и законите за престанување на важењето на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка и за изменување и дополнување на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, двата скратена постапка. Со тие закони се врши спојување на двете комисии со што се прави намалување на бројот на избрани и именувани лица и се поедноставува системот за одлучување по жалби.

Собранието не ја донесе Одлуката за одобрување на Годишен извештај за работата на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2023 година, а ги поддржа одлуките за давање согласност на Финансискиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2024 година, за давање согласност на Стратешкиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2024 година,  и за Годишната програма за работатa на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2024 година.

Согласно со препораките од матичните комисии, не беа изгласани Годишниот извештај за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2023 година, поради недоволно постигнати очекувани цели во делот на поттикнување на јавните комуникации и независноста на регулаторното тело, како и Финансиските извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2023 година, Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување во 2023 година,... На пленарната седница не беа поддржани ниту Годишниот извештај за работата на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија за 2023 година, Извештајот за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухоплоство за 2023 година, Годишен извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2023 година.

The post Почна собраниската расправа за заемот од Унгарија appeared first on Република.

]]>

Собранието денеска на продолжение на 14. седница почна расправа по Предлог законот за задолжување на Република Македонија со заем од половина милијарда евра од унгарската Влада, по скратена постапка. Собраниската Комисија за финансирање и буџет на 13 месецов го даде на натамошна постапка Предлог-законот за заемот од Унгарија. Вкупниот износ на заемот од Унгарската експорт - импорт банка изнесува 500 милиони евра. Заемот ќе се повлече во една транша, рокот за отплата на заемот е 15 години, со вклучен грејс период од три години, каматната стапка е фиксна и изнесува 3,25 проценти, Република Македонија ќе ѝ плаќа на Унгарската експорт - импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност провизија за неповлечени средства во висина од 0,5 проценти од заемот на годишно ниво. Провизијата за неповлечени средства ќе се пресметува на дневна основа на неповлечениот дел од заемот, пресметано од датумот на достапност на средствата и ќе се плати првиот работен ден по завршување на периодот на достапност. Заемот ќе се отплаќа на 24 полугодишни рати, на 15 февруари и 15 август секоја година. Дополнително, Република Македонија ќе ѝ плати провизија за извршени правни услуги на независна фирма избрана од страна на Унгарската експорт - импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност. Провизијата за извршени правни услуги ќе се плати пред повлекување на траншата. Половина од средствата од овој заем, како што беше појаснето од владините претставници, ќе се користат за развој на општините, а другите како помош за економијата и за буџетски потреби. Претходно, пратениците усвоија измени на неколку закони  и извештаи за институции за кои расправата беше завршена  претходно. Изгласан е Законот за изменување и дополнување на Законот за бесплатна правна помош, по скратена постапка, со кој се превдидува наместо Бирото за судски вештачења, вештачењата за потребите на корисниците на секундарната правна помош ќе ги вршат физички лица запишани во Регистарот за вештаци или правни лица запишани во Регистарот на правни лица што вршат вештачење. Се уредуваат правата и обврски на учесниците во постапката за секундарна правна помош. Беа донесени и законите за престанување на важењето на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка и за изменување и дополнување на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, двата скратена постапка. Со тие закони се врши спојување на двете комисии со што се прави намалување на бројот на избрани и именувани лица и се поедноставува системот за одлучување по жалби. Собранието не ја донесе Одлуката за одобрување на Годишен извештај за работата на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2023 година, а ги поддржа одлуките за давање согласност на Финансискиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2024 година, за давање согласност на Стратешкиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2024 година,  и за Годишната програма за работатa на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2024 година. Согласно со препораките од матичните комисии, не беа изгласани Годишниот извештај за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2023 година, поради недоволно постигнати очекувани цели во делот на поттикнување на јавните комуникации и независноста на регулаторното тело, како и Финансиските извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2023 година, Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување во 2023 година,... На пленарната седница не беа поддржани ниту Годишниот извештај за работата на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија за 2023 година, Извештајот за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухоплоство за 2023 година, Годишен извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2023 година.

The post Почна собраниската расправа за заемот од Унгарија appeared first on Република.

]]>
Филипче: Предлог-законот за заемот од Унгарија да се носи во редовна постапка https://republika.mk/vesti/makedonija/filipche-predlog-zakonot-za-zaemot-od-ungarija-da-se-nosi-vo-redovna-postapka/ Thu, 12 Sep 2024 11:00:27 +0000 https://republika.mk/?p=815685

Пратениците на СДСМ бараат да се повлече законот за заем од Унгарија по скратена постапка и тој да се носи во редовна постапка, за него да се организира дебата со вклучување на експертската јавност. Предлог законот, како што кажа, е коруптивен и земјата се става во должничко и политичко заложништво кон Унгарија.

Пратеникот и лидер на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција во Собранието побара законот да се донесе во редовна постапка, да се организира јавна дебата и да се носи согласно Деловникот. Филипче кажа дека претседателката на Комисијата за финансирање и буџет Сања Лукаревска нема да го стави на дневен ред законот за заемот. а според новиот Деловник за работа на Собранието ако претседателот на работното тело не свика седница кога е должен тоа да го стори или ако работното тело нема претседател, седницата ја свикува претседателот на Собранието кој го одредува и претседавачот до завршување на седницата (член 126 од Деловникот).

Во услови кога за првпат државата се задолжува директно од некоја друга држава, кога не постојат јасни критериуми и механизми за распределба на земените пари, кога не постои јасно утврден систем за контрола на трошењето на парите, кога нема јасни одредби во законот кои тоа го гарантираат, кога има точки каде се кријат скриени трошоци кои не се јасно изразени за СДСМ е крајно недозволиво да се носи овој закон по скратена постапка, рече Филипче.

Според него, со носењето на законот по скратена постапка целта на Владата е граѓаните да не слушнат детално за законот и да слушнат што се крие зад ова задолжување.

ВМРО-ДПМНЕ го скрати правото на дебата и вклучување на експертската јавност за носење на овој закон, рече Филипче повторувајќи дека законот е коруптивен и дека со него земјата се става во должничко и политичко заложништво кон Унгарија. Самиот предлог закон, како што кажа, изобилува со недоречености и непознаности и треба да прецезира и да за него да има јавна дебата.

Филипче смета дека во законот има јасно видливи коруптивни елементи. - Најпрво ова задолжување е договорено уште кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, целосно вонинституционално и во четири очи. Како што тогаш бил договорен законот надвор од сите процедури така и сега владата сака да го изгласа надвор од секаква дебата и анализа. Ова СДСМ го смета за скандал, рече Филипче.

СДСМ бара да се искористат сите механизми за јавна расправа за овој закон.

Според новиот Деловник за работа на Собранието, ако претседателот на работното тело во случајов Лукавеска не свика седница во рок од 24 часа, седницата ја свикува претседателот на Собранието кој го одредува и претседавачот до завршување на седницата (член 126 од Деловникот). Во кој рок тоа треба да е направи не се прецизира.

The post Филипче: Предлог-законот за заемот од Унгарија да се носи во редовна постапка appeared first on Република.

]]>

Пратениците на СДСМ бараат да се повлече законот за заем од Унгарија по скратена постапка и тој да се носи во редовна постапка, за него да се организира дебата со вклучување на експертската јавност. Предлог законот, како што кажа, е коруптивен и земјата се става во должничко и политичко заложништво кон Унгарија. Пратеникот и лидер на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција во Собранието побара законот да се донесе во редовна постапка, да се организира јавна дебата и да се носи согласно Деловникот. Филипче кажа дека претседателката на Комисијата за финансирање и буџет Сања Лукаревска нема да го стави на дневен ред законот за заемот. а според новиот Деловник за работа на Собранието ако претседателот на работното тело не свика седница кога е должен тоа да го стори или ако работното тело нема претседател, седницата ја свикува претседателот на Собранието кој го одредува и претседавачот до завршување на седницата (член 126 од Деловникот).
Во услови кога за првпат државата се задолжува директно од некоја друга држава, кога не постојат јасни критериуми и механизми за распределба на земените пари, кога не постои јасно утврден систем за контрола на трошењето на парите, кога нема јасни одредби во законот кои тоа го гарантираат, кога има точки каде се кријат скриени трошоци кои не се јасно изразени за СДСМ е крајно недозволиво да се носи овој закон по скратена постапка, рече Филипче.
Според него, со носењето на законот по скратена постапка целта на Владата е граѓаните да не слушнат детално за законот и да слушнат што се крие зад ова задолжување.
ВМРО-ДПМНЕ го скрати правото на дебата и вклучување на експертската јавност за носење на овој закон, рече Филипче повторувајќи дека законот е коруптивен и дека со него земјата се става во должничко и политичко заложништво кон Унгарија. Самиот предлог закон, како што кажа, изобилува со недоречености и непознаности и треба да прецезира и да за него да има јавна дебата.
Филипче смета дека во законот има јасно видливи коруптивни елементи. - Најпрво ова задолжување е договорено уште кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, целосно вонинституционално и во четири очи. Како што тогаш бил договорен законот надвор од сите процедури така и сега владата сака да го изгласа надвор од секаква дебата и анализа. Ова СДСМ го смета за скандал, рече Филипче. СДСМ бара да се искористат сите механизми за јавна расправа за овој закон. Според новиот Деловник за работа на Собранието, ако претседателот на работното тело во случајов Лукавеска не свика седница во рок од 24 часа, седницата ја свикува претседателот на Собранието кој го одредува и претседавачот до завршување на седницата (член 126 од Деловникот). Во кој рок тоа треба да е направи не се прецизира.

The post Филипче: Предлог-законот за заемот од Унгарија да се носи во редовна постапка appeared first on Република.

]]>
66 општини поднеле 215 проекти за унгарските пари https://republika.mk/vesti/makedonija/66-opshtini-podnele-215-proekti-za-ungarskite-pari/ Thu, 12 Sep 2024 10:00:38 +0000 https://republika.mk/?p=815653

„Јас сум исклучително многу задоволен и навистина им честитам на општините и на администрацијата во општините, бидејќи веќе 66 општини поднесоа околу 215 проекти заклучно со вчерашниот ден, што значи не се само од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, таму има општини од СДСМ и од ДУИ и други општини од коалицијата ВРЕДИ, ВЛЕН или пак политичката партија ЗНАМ, независни кандидати коишто се градоначалници сега и така натаму и така натаму“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на последниот ден од повикот на проектот за капитални проекти за општините и додаде:

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-80-dena-imame-pokacheni-penzii-isplata-na-zaostanati-plati-subventsii-novi-investitsii/

„Јас сум исклучително задоволен, очекувам денеска да пристигнат и други предлози, да дојдеме до 250 проекти. 250 проекти значи подобри услови за живот на стотици семејства и тоа е суштината на овој проект, да направиме нешто коешто ќе биде соодветен одговор на реалните потреби на граѓаните, а со тоа да реализираме што е можно поголем број капитални инвестиции и да ја придвижиме економијата. И затоа е потребен и овој кредит, затоа што не само овие 250 милиони евра за општините, туку и 250 милиони евра за бизнисот којшто ќе предизвика, ќе имплицира дополнителни 250 сопствени средства милиони од страна на бизнисот, значи ние ќе имаме инвестициска активност од половина милијарда евра плус 250 милиони евра од општините. Тоа до сега не се случило. Тоа до сега не се случило, и тоа е оној ветер во грб којшто треба да го даде Владата за бизнисот. Ние немаме намера да се занимаваме со ниски страсти, ние немаме намера да го понижуваме народот како што тоа го правеше претходната Влада, немаме намера да го ограбуваме, сите оние коишто беа навикнати на таков тип на работа, денеска исчезнаа од периметарот на владините институции, бидејќи знаат како функционира оваа Влада. Но, да имаме намера да се грижиме за интересот на граѓаните и да го помагаме бизнисот, бидејќи помагајќи го бизнисот ќе имаме посилна држава. А колку ни е државата посилна, колку е Македонија појака, толку и нашиот имот во Македонија е посилен и повреден.“

The post 66 општини поднеле 215 проекти за унгарските пари appeared first on Република.

]]>

„Јас сум исклучително многу задоволен и навистина им честитам на општините и на администрацијата во општините, бидејќи веќе 66 општини поднесоа околу 215 проекти заклучно со вчерашниот ден, што значи не се само од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, таму има општини од СДСМ и од ДУИ и други општини од коалицијата ВРЕДИ, ВЛЕН или пак политичката партија ЗНАМ, независни кандидати коишто се градоначалници сега и така натаму и така натаму“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на последниот ден од повикот на проектот за капитални проекти за општините и додаде: https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-80-dena-imame-pokacheni-penzii-isplata-na-zaostanati-plati-subventsii-novi-investitsii/  
„Јас сум исклучително задоволен, очекувам денеска да пристигнат и други предлози, да дојдеме до 250 проекти. 250 проекти значи подобри услови за живот на стотици семејства и тоа е суштината на овој проект, да направиме нешто коешто ќе биде соодветен одговор на реалните потреби на граѓаните, а со тоа да реализираме што е можно поголем број капитални инвестиции и да ја придвижиме економијата. И затоа е потребен и овој кредит, затоа што не само овие 250 милиони евра за општините, туку и 250 милиони евра за бизнисот којшто ќе предизвика, ќе имплицира дополнителни 250 сопствени средства милиони од страна на бизнисот, значи ние ќе имаме инвестициска активност од половина милијарда евра плус 250 милиони евра од општините. Тоа до сега не се случило. Тоа до сега не се случило, и тоа е оној ветер во грб којшто треба да го даде Владата за бизнисот. Ние немаме намера да се занимаваме со ниски страсти, ние немаме намера да го понижуваме народот како што тоа го правеше претходната Влада, немаме намера да го ограбуваме, сите оние коишто беа навикнати на таков тип на работа, денеска исчезнаа од периметарот на владините институции, бидејќи знаат како функционира оваа Влада. Но, да имаме намера да се грижиме за интересот на граѓаните и да го помагаме бизнисот, бидејќи помагајќи го бизнисот ќе имаме посилна држава. А колку ни е државата посилна, колку е Македонија појака, толку и нашиот имот во Македонија е посилен и повреден.“

The post 66 општини поднеле 215 проекти за унгарските пари appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Законот за кредитот од Унгарија помина на владина седница https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-zakonot-za-kreditot-od-ungarija-pomina-na-vladina-sednitsa/ Tue, 03 Sep 2024 12:32:04 +0000 https://republika.mk/?p=812712

Законот којшто се однесува на кредитот што земјава треба да го земе од Унгарија денеска помина на владина седница и според најавите на премиерот Христијан Мицкоски многу скоро ќе се најде пред пратениците.

Откако ќе помине во Собранието, министерката за финансии ќе отпатува во Унгарија каде ќе го потпише договорот.

- Условите се оние што ги зборуваме - 3,25 проценти каматна стапка, три години грејс период, на 24 полугодишни рати кои ќе се плаќаат секој февруари и секој август. Моментално тоа се услови што не можеме ни приближно да ги обезбедиме на било кој друг пазар, рече Мицкоски по денешната прес-конференција во Владата.

Кредитот, како што посочи, има развојна компонента затоа што дел ќе оди за развој на стопанството и на општините.

Кредитот од Унгарија во висина од половина милијарда евра беше договорен за време на посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Вашингтон каде се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан

The post Мицкоски: Законот за кредитот од Унгарија помина на владина седница appeared first on Република.

]]>

Законот којшто се однесува на кредитот што земјава треба да го земе од Унгарија денеска помина на владина седница и според најавите на премиерот Христијан Мицкоски многу скоро ќе се најде пред пратениците. Откако ќе помине во Собранието, министерката за финансии ќе отпатува во Унгарија каде ќе го потпише договорот.
- Условите се оние што ги зборуваме - 3,25 проценти каматна стапка, три години грејс период, на 24 полугодишни рати кои ќе се плаќаат секој февруари и секој август. Моментално тоа се услови што не можеме ни приближно да ги обезбедиме на било кој друг пазар, рече Мицкоски по денешната прес-конференција во Владата.
Кредитот, како што посочи, има развојна компонента затоа што дел ќе оди за развој на стопанството и на општините. Кредитот од Унгарија во висина од половина милијарда евра беше договорен за време на посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Вашингтон каде се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан

The post Мицкоски: Законот за кредитот од Унгарија помина на владина седница appeared first on Република.

]]>