заедница на албански општини во Македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/zaednitsa-na-albanski-opshtini-vo-makedonija/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Feb 2023 08:00:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png заедница на албански општини во Македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/zaednitsa-na-albanski-opshtini-vo-makedonija/ 32 32 Неприфатлив, несериозен, неевропски и неамерикански обид за собирање поени е предлогот на Алтернатива за Ковачевски и Пенов https://republika.mk/vesti/makedonija/neprifatliv-neseriozen-neevropski-i-neamerikanski-obid-za-sobirane-poeni-e-predlogot-na-alternativa-za-kovachevski-i-penov/ Tue, 28 Feb 2023 08:00:30 +0000 https://republika.mk/?p=613995

Како неприфатлив, несериозен, неевропски и неамерикански, но и обид за собирање политички поени, го оценија предлогот за заедница на албански општини во Македонија премиерот Димитар Ковачевски и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов. Против предлогот претходно се изјаснија сите политички субјекти во земјава.

Вчера имавме и реакција како политичка партија, се работи за несериозна идеја. Односите во нашата држава се решени со Охридски рамковен договор кој го потпишаа претставници на сите политички партии – и на Македонците, и на Албанците, за кој гаранција се САД и Европската Унија. Врз основа на тој Охридски рамковен договор, Македонија денес претставува пример за соживот и остварување на правата на сите етнички заедници во државата и врз негова основа во нашата држава се изградени институции за заштита и унапредување на правата на помалите заедници на највисоко ниво споредено со сите други држави во Европа, изјави вчера Ковачевски.

Од друга страна, како што рече, во Косово постои друг договор, кој исто така е потпишан помеѓу две страни и кој ги решава проблемите што постоеле во минатото во Косово.

Ние овде заедно сме си ги уредиле правата како ќе живееме и како ќе напредуваме и врз основа на тоа сме станале земја членка на НАТО, земја која преговара со ЕУ и безбедноста и стабилноста на нашата држава е на толку високо ниво изградена по 2001 година што земја депонент на договорите од Берлинскиот процес, кој ги потпишаа сите земји од Западен Балкан се депонирани во нашето Министерство за надворешни работи. Оттука сметам дека таквиот предлог е неприфатлив, несериозен, нееверопски и неамерикански, рече премиерот.

За оние кои го заговараат тој предлог смета дека се или неинформирани или, како што рече, „недобро ги разгледале договорите што ги решаваат идентитетските прашања на Балканот“.

Ќе треба малку повеќе да се задлабочат во тоа на кој начин се решени проблемите во Македонија, а на кој начин ќе бидат решени проблемите во Косово, нормално преку заемен договор помеѓу Косово и Србија со посредништво на САД и Европската Унија, додаде Ковачевски. 

Министерот Пенов, пак, смета дека барањето на партијата Алтернатива за „поврзување на албанските општини“ претставува обид за ловење политички поени и апелира да се внимава со таквите изјави.

Изградивме концепт на локална самоуправа кој ги задоволува потребите на сите граѓани и на сите националности. Јас го разбирам моментот дека сега некој сака да лови политички поени, меѓутоа треба да се внимава со таквите изјави. Таквите барања можат да влијаат на меѓучовечките односи, кои за среќа се многу постабилни денес и претпоставувам дека граѓаните нема да се поведуваат по такви барања за декомпонирање на државата, рече Пенов.

Тој исто така информираше дека самиот учествувал во креирањето на сегашната локална самоуправа, територијална поделба и децентрализација во земјата.

Според него, тогаш на преговорите со претставници од ДУИ, меѓу кои биле и претставници од групата која сега бара некаква измена, со поддршка на САД и ЕУ и со меѓусебна согласност бил изграден  концепт на локална самоуправа кој ги задоволува потребите на сите граѓани, на сите националности.

Претходно овој предлог на Алтернатива го одбија сите политички партии во земјава и претседателот Стево Пендаровски, а поддршка да се размисли за идејата дадоа само незадоволните од ДУИ.

Во саботата беше објавен повик од Алтернатива да се започне иницијатива за формирање заедница на албански општини во Македонија, по моделот што е предвиден да се формира ваква Заедница на српски општини во Косово.

Но, откако повикот не наиде на никаква поддршка, синоќа генералниот секретар на Алтернатива Зеќирија Ибрахими рече дека ставот за заедница на албанските општини во земјава е негов личен, и дека не е на органите на партијата.

За поддршката на претседателот на партијата за ова прашање ќе треба да го прашате него лично. Ставот за заедница на албански општини е мој личен, не на органите на партијата. Меѓутоа, јас сум генерален секретар на Алтернатива и не сум само поединец во партија, рече Ибрахими во разговор за ТВ 21.

Тој појаснува дека немало состанок во партијата за овој став и оти тој е само негов личен, поттикнат, како што вели, од неговите политички и интелектуални yбедувања. 

The post Неприфатлив, несериозен, неевропски и неамерикански обид за собирање поени е предлогот на Алтернатива за Ковачевски и Пенов appeared first on Република.

]]>

ЛДП: Cеверна Македонија е мултикултурно општество, во кое освен Албанци, живеат и Турци, Бошњаци, Власи, Срби, Евреи, Роми и останати заедници. https://republika.mk/vesti/makedonija/ldp-ceverna-makedonija-e-multikulturno-opshtestvo-vo-koe-osven-albantsi-zhiveat-i-turtsi-boshnatsi-vlasi-srbi-evrei-romi-i-ostanati-zaednitsi/ Mon, 27 Feb 2023 09:18:12 +0000 https://republika.mk/?p=613622

Потребни се иницијативи кои ќе ги поттикнат граѓаните на единство и кои ќе стимулираат да зборуваме за квалитет и развој, а не за поделби по било какви основи, велат од ЛДП за предлогот на Алтернатица за формирање на Заедница на албански општини во Македонија.

Не само што не треба да се спомне, туку не треба ни да се промовира иницијативата за „Асоцијација на албански општини“ во Cеверна Македонија затоа што тоа е чин кој создава групирања и поделби и се коси со вредностите за либерално-демократско, европско општество кон кое се стремиме. Во време на европски интеграции ваквата иницијатива води кон создавање на нови поделби во општеството, а не кон заедништво. Cеверна Македонија е мултикултурно општество, во кое освен Албанци, живеат и Турци, Бошњаци, Власи, Срби, Евреи, Роми и останати заедници. Би сакале да потенцираме дека аспирациите на „големи држави“ одамна се минато и не носат ништо освен партиски поени. Се додека не зборуваме за квалитет, еднаквост пред законот не може да очекуваме дека ќе живееме во прогресивно, демократско и напредно општество во кое сите се чувствуваат слободни, еднакви и безбедни, велат во реакцијата од ЛДП.

Од партијата повикуваат сите партии од земјава да ја осудат иницијативата на Алтернатива и да престанат „манипулативните изјави со чувствата на граѓаните, затоа што обидите за етнички тензии земјата ја носат во погрешен правец“.

The post ЛДП: Cеверна Македонија е мултикултурно општество, во кое освен Албанци, живеат и Турци, Бошњаци, Власи, Срби, Евреи, Роми и останати заедници. appeared first on Република.

ДУИ го одби повикот од Алтернатива за создавање „заедница на албански општини“ https://republika.mk/vesti/makedonija/dui-go-odbi-povikot-od-alternativa-za-sozdavane-zaednitsa-na-albanski-opshtini/ Mon, 27 Feb 2023 08:36:28 +0000 https://republika.mk/?p=613577

Повикот од Алтернатива за обединување на партиите на Албанците околу идно барање за формирање на „заедница на албански општини“ по примерот на барањето на Србите во Косово за формирање на заедница на српски општини за ДУИ е несериозно барање зад кое се крие обид за опстанок на политичката сцена.

Патетично, антиамериканско и антиевропско барање кое оди на штета на конечното решение на косовското прашање. Неуспешен обид за опстанок на политичката сцена по доживеаното фијаско и целосно погрешно и деструктивно распоредување, соопштија кусо од ДУИ.

Сепак, потпретседател на ДУИ, Изет Меџити, повикот на Алтернатива го смета за добар.

https://republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-go-poddrzhuva-predlogot-na-alternativa-zaednitsata-vo-kosovo-ke-ima-domino-efekt-vo-regionot/

The post ДУИ го одби повикот од Алтернатива за создавање „заедница на албански општини“ appeared first on Република.

]]>

Повикот од Алтернатива за обединување на партиите на Албанците околу идно барање за формирање на „заедница на албански општини“ по примерот на барањето на Србите во Косово за формирање на заедница на српски општини за ДУИ е несериозно барање зад кое се крие обид за опстанок на политичката сцена.
Патетично, антиамериканско и антиевропско барање кое оди на штета на конечното решение на косовското прашање. Неуспешен обид за опстанок на политичката сцена по доживеаното фијаско и целосно погрешно и деструктивно распоредување, соопштија кусо од ДУИ.
Сепак, потпретседател на ДУИ, Изет Меџити, повикот на Алтернатива го смета за добар. https://republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-go-poddrzhuva-predlogot-na-alternativa-zaednitsata-vo-kosovo-ke-ima-domino-efekt-vo-regionot/  

The post ДУИ го одби повикот од Алтернатива за создавање „заедница на албански општини“ appeared first on Република.

]]>
Алијанса го отфрли предлогот на Алтернатива за заедница на албански општини https://republika.mk/vesti/makedonija/alijansa-go-otfrli-predlogot-na-alternativa-za-zaednitsa-na-albanski-opshtini/ Mon, 27 Feb 2023 07:35:58 +0000 https://republika.mk/?p=613518

Алијанса го отфрли предлогот на Алтернатива за заедница на албански општини.

За нив ваквиот предлог е несериозен со тенденција Албанците да се стават во однос на дневната политика.

Албанците живеат во територијален континуитет, а не во енклави, во општини каде Албанците се апсолутно мнозинство, во општини со релативно мнозинство и во општини со помал процент. Политичките и територијалните организации кои не им служат нив не се вредни за дискусија. Србите во Косово, како и Албанците во Србија, се малцинство и овие стандарди мора да имаат реципроцитет и ние апсолутно го поддржуваме тоа. Дури сметаме дека такви права треба да имаат Унгарците и Босанците во Србија. Албанците во Македонија се 1/3 од вкупното население, а не малцинство. Решенијата за заштита на малцинствата кои се размислуваат за други реалности не можат да се применат во контекст на нашето мултиетничко општество и консоцијативна демократија, се вели во соопштението од Алијанса.

Од ЛДП претходно оценија дека ваква идеја само создава групирања и поделби и се коси со вредностите за либерално-демократско општество.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ldp-za-asotsijatsija-na-albanski-opshtini-vo-multikulturno-razvieno-opshtestvo-ne-treba-ni-da-se-pomisli-a-ne-pak-da-se-promovira/

The post Алијанса го отфрли предлогот на Алтернатива за заедница на албански општини appeared first on Република.

]]>

Алијанса го отфрли предлогот на Алтернатива за заедница на албански општини. За нив ваквиот предлог е несериозен со тенденција Албанците да се стават во однос на дневната политика.
Албанците живеат во територијален континуитет, а не во енклави, во општини каде Албанците се апсолутно мнозинство, во општини со релативно мнозинство и во општини со помал процент. Политичките и територијалните организации кои не им служат нив не се вредни за дискусија. Србите во Косово, како и Албанците во Србија, се малцинство и овие стандарди мора да имаат реципроцитет и ние апсолутно го поддржуваме тоа. Дури сметаме дека такви права треба да имаат Унгарците и Босанците во Србија. Албанците во Македонија се 1/3 од вкупното население, а не малцинство. Решенијата за заштита на малцинствата кои се размислуваат за други реалности не можат да се применат во контекст на нашето мултиетничко општество и консоцијативна демократија, се вели во соопштението од Алијанса.
Од ЛДП претходно оценија дека ваква идеја само создава групирања и поделби и се коси со вредностите за либерално-демократско општество. https://republika.mk/vesti/makedonija/ldp-za-asotsijatsija-na-albanski-opshtini-vo-multikulturno-razvieno-opshtestvo-ne-treba-ni-da-se-pomisli-a-ne-pak-da-se-promovira/

The post Алијанса го отфрли предлогот на Алтернатива за заедница на албански општини appeared first on Република.

]]>
Алтернатива: Да направиме заедница на албански општини во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/alternativa-da-napravime-zaednitsa-na-albanski-opshtini-vo-makedonija/ Sat, 25 Feb 2023 12:04:53 +0000 https://republika.mk/?p=613071

Алтернатива откако ја напушти Владата бара да се основаат заедници на албански општини во Македонија.

Во времето кога Косово се наоѓа пред финалниот договор за нормализација на односите со Србија и кога секој западен дипломат кој доаѓа во Приштина го повторува рефренот „Да се формира Заедницата на српските општини во Косово!“, прашањето што треба да се постави е зошто партиите на Албанците во  Македонија, тие кои имаат општини (ДУИ, АА и Беса), не покренуваат иницијатива за основање на Заедницата на албанските општини во Македонија со истите надлежности со кои се бара да ги има Заедницата на српските општини во Косово. Ништо повеќе. Само толку, вели Зеќирие Ибрахими, генерален секретар на Алтернатива.

Тој додава дека тие што го бараат тоа од Косово се наши западни сојузници, па излегува дека таа заедница е во духот на западните вредности.

Многу добро. Да направиме и ние во Македонија една таква заедница во тој западен дух. Еве една кауза врз која може да се соединиме сите албански партии, дури и Алтернатива, која нема своја општина. Да ја започнеме уште денес Заедницата на албанските општини во Македонија. Добар реципроцитет и, воедно, европски, нели?! Можеби на тој начин доаѓаме и кај темата на јазичен реципроцитет помеѓу албанскиот јазик во Македонија и српскиот јазик во Косово, вели Ибрахими.

The post Алтернатива: Да направиме заедница на албански општини во Македонија appeared first on Република.