задолжување Archives - Република https://republika.mk/tema/zadolzuvanje/ За подобро да се разбереме Fri, 17 May 2024 07:29:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png задолжување Archives - Република https://republika.mk/tema/zadolzuvanje/ 32 32 Наместо збогум, Владата во заминување со ново задолжување од 35 милиони евра https://republika.mk/vesti/ekonomija/namesto-zbogum-vladata-vo-zaminuvane-so-novo-zadolzhuvane-od-35-milioni-evra/ Fri, 17 May 2024 07:24:46 +0000 https://republika.mk/?p=779030

Со две нови државни обврзници кои од денес котираат на официјалниот пазар, техничката Влада ја задолжува државата за дополнителни 2.141.720.000 денари или 34,79 милиони евра. Двете обврзници, издадени на десети месецов, се без девизна клаузула, а рокот на доспевање е за две, односно за 15 години, објави „Пари“.

Информацијата ја објави Македонска берза:

Ве известуваме дека согласно поднесено барање од страна на Министерството за финансии на Република Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од 17.05.2024 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници…“.

Емисијата на првата, двегодишна државна обврзница е со вредност од 1.104.420.000 денари, што е противвредност на 17,94 милиони евра. Номиналната вредност е 10.000 денари, а издадени се 110.442 хартии од вредност од овој вид. Носат каматна стапка од 3,85 проценти. Датумот на достасување е 10 мај 2026 година.

Другата е петнаесетгодишна обврзница и достасува на 10 мај 2039 година. Издадени се 103.730, со номинална вредност од десет илјади денари. Вредноста на емисијата е 1.037.300.000 денари, односно 16,85 милиони евра. За нив е предвидена каматна стапка од 5,60 проценти.

The post Наместо збогум, Владата во заминување со ново задолжување од 35 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Со две нови државни обврзници кои од денес котираат на официјалниот пазар, техничката Влада ја задолжува државата за дополнителни 2.141.720.000 денари или 34,79 милиони евра. Двете обврзници, издадени на десети месецов, се без девизна клаузула, а рокот на доспевање е за две, односно за 15 години, објави „Пари“. Информацијата ја објави Македонска берза: Ве известуваме дека согласно поднесено барање од страна на Министерството за финансии на Република Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од 17.05.2024 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници…“. Емисијата на првата, двегодишна државна обврзница е со вредност од 1.104.420.000 денари, што е противвредност на 17,94 милиони евра. Номиналната вредност е 10.000 денари, а издадени се 110.442 хартии од вредност од овој вид. Носат каматна стапка од 3,85 проценти. Датумот на достасување е 10 мај 2026 година. Другата е петнаесетгодишна обврзница и достасува на 10 мај 2039 година. Издадени се 103.730, со номинална вредност од десет илјади денари. Вредноста на емисијата е 1.037.300.000 денари, односно 16,85 милиони евра. За нив е предвидена каматна стапка од 5,60 проценти.

The post Наместо збогум, Владата во заминување со ново задолжување од 35 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Државата се задолжи со 50 милиони евра на домашен пазар: Двете емисии на државни обврзници од денеска котираат на берзата https://republika.mk/vesti/ekonomija/drzhavata-se-zadolzhi-so-50-milioni-evra-na-domashen-pazar-dvete-emisii-na-drzhavni-obvrznitsi-od-deneska-kotiraat-na-berzata/ Tue, 16 Apr 2024 11:25:39 +0000 https://republika.mk/?p=766695 Државата се задолжи на домашниот пазар преку две емисии на државни обврзници во вкупен износ 49,5 милиони евра. Македонска берза...

The post Државата се задолжи со 50 милиони евра на домашен пазар: Двете емисии на државни обврзници од денеска котираат на берзата appeared first on Република.

]]>
Државата се задолжи на домашниот пазар преку две емисии на државни обврзници во вкупен износ 49,5 милиони евра.

Македонска берза соопшти дека од денеска на официјалниот пазар се два вида на државни обврзници издадени од Министерството за финансии со рок на враќање од 15 години.

Првата емисија на обврзници е без девизна клаузула со вредност од 2.466.400.000 денари повеќе од 40 милиони евра). Издадени се 246.640 хартии од вредност со номинална вредност од 10.000 денари. За нив ќе се пресметува каматна стапка од 5,6 %, а датумот на достасување е 12 април 2039 година.

Втората емисија на обврзници е со девизна клаузула. Издадени 57.929 хартии од вредност, а вредноста на целата емисија е 579.290.000 денари (повеќе од 9,4 милиони евра). И овие државни обврзници доспеваат на 12 април 2039 година, а се со каматна стапка од 5,35%. Номинална вредност на една акција е 10.000 денари.

The post Државата се задолжи со 50 милиони евра на домашен пазар: Двете емисии на државни обврзници од денеска котираат на берзата appeared first on Република.

]]>
Граѓаните се повеќе се задолжуваат во банкa: Вкупните кредити за една година пораснале за 6,5% https://republika.mk/vesti/ekonomija/graganite-se-poveke-se-zadolzhuvaat-vo-banka-vkupnite-krediti-za-edna-godina-porasnale-za-6-5/ Thu, 21 Mar 2024 14:12:37 +0000 https://republika.mk/?p=757029

Вкупните кредити, во февруари, се зголемија за 0,9% споредено со минатиот месец, поради повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор. На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 6,5% којшто произлегува од зголеменото кредитирање на двата сектора, со поизразен придонес на секторот „домаќинства“, информираат денеска од Народната банка.

Според податоците на банката, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во февруари, потрошувачките кредити, како најзастапена категорија, бележат месечно и годишно зголемување од 0,7 и 6,3%.

Овој месец, станбените кредити остварија месечен и годишен раст од 0,6% и 10,3%. Автомобилските кредити, во февруари се намалија за 2,1% на месечна основа, при годишен раст од 10,6 %, додека кредитите одобрени на кредитни картички се пониски за 1,8% на месечно ниво и 5,7% на годишно ниво, соодветно. Во февруари, кај негативните салда на тековните сметки е забележан месечен пад од 0,4%, додека на годишна основа растат за 4,2%. Кредитите одобрени врз други основи остварија месечно и годишно намалување од 2,3% односно 21,5%,  соопшти Народната банка.

Според НБ, во февруари, вкупните депозити бележат месечно зголемување од 0,3%, што, како што велат, во целост се објаснува со растот на депозитите на секторот „домаќинства“, а депозитите на корпоративниот сектор се намалени. Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити забележале раст од 9,3%, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“.

Вкупните депозити на корпоративниот сектор, во февруари бележат месечен пад од 2,6%. Падот, во најголем дел се објаснува со намалените депозитни пари, а во помал дел и на краткорочните депозити, додека долгорочните депозити остварија раст. Во споредба со февруари претходната година, кај депозитите на корпоративниот сектор е забележан раст од 12,3%, во поголем дел поради повисоките депозитни пари и краткорочните депозити во странска валута, при дополнително позитивно влијание и на останатите компоненти. Во февруари, кредитите на корпоративниот сектор остварија месечно и годишно зголемување од 1,4% и 5,9%, во целост поради зголеменото кредитирање во денари, во услови на минимален пад на кредитите во странска валута,  велат од НБ.

Вкупните депозити на домаќинствата, во февруари, се зголемени за 1,7% во однос на претходниот месец.

Месечното зголемување во поголем дел е одраз на растот на депозитните пари и долгорочните депозити, при помал раст и на краткорочните депозити во денари, додека краткорочните депозити во странска валута се намалија. На годишна основа, растот изнесува 8,6% и е резултат на зголемените долгорочни депозити и депозитните пари, додека краткорочните депозити остварија пад, велат од Банката.

Во февруари, кредитите на домаќинствата, бележат раст од 0,6% споредено на месечно ниво, којшто во поголем дел се должи на зголемените кредити во денари, при раст и на кредитите во странска валута. Годишното зголемување од 7,2% на кредитите на домаќинствата произлегува од повисокото кредитирање во денари и во странска валута, со поизразен придонес на кредитите во странска валута, нагласуваат од Народната банка.

Од податоците со кои располагаат во Народната банка, паричната маса (монетарниот агрегат М31,2), во февруари 2024 година, остварил раст од 0,1% на месечна основа, како резултат на зголемувањето на долгорочните депозити до две години и готовите пари во оптек, во услови на забележан пад на депозитните пари, а во помала мера и на краткорочните депозити. Годишниот раст на паричната маса изнесува 6,5% и пред сè, како што велат, произлегува од повисоките депозитни пари, при помал позитивен придонес и на останатите компоненти.

The post Граѓаните се повеќе се задолжуваат во банкa: Вкупните кредити за една година пораснале за 6,5% appeared first on Република.

]]>

Вкупните кредити, во февруари, се зголемија за 0,9% споредено со минатиот месец, поради повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор. На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 6,5% којшто произлегува од зголеменото кредитирање на двата сектора, со поизразен придонес на секторот „домаќинства“, информираат денеска од Народната банка. Според податоците на банката, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во февруари, потрошувачките кредити, како најзастапена категорија, бележат месечно и годишно зголемување од 0,7 и 6,3%. Овој месец, станбените кредити остварија месечен и годишен раст од 0,6% и 10,3%. Автомобилските кредити, во февруари се намалија за 2,1% на месечна основа, при годишен раст од 10,6 %, додека кредитите одобрени на кредитни картички се пониски за 1,8% на месечно ниво и 5,7% на годишно ниво, соодветно. Во февруари, кај негативните салда на тековните сметки е забележан месечен пад од 0,4%, додека на годишна основа растат за 4,2%. Кредитите одобрени врз други основи остварија месечно и годишно намалување од 2,3% односно 21,5%,  соопшти Народната банка. Според НБ, во февруари, вкупните депозити бележат месечно зголемување од 0,3%, што, како што велат, во целост се објаснува со растот на депозитите на секторот „домаќинства“, а депозитите на корпоративниот сектор се намалени. Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити забележале раст од 9,3%, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“. Вкупните депозити на корпоративниот сектор, во февруари бележат месечен пад од 2,6%. Падот, во најголем дел се објаснува со намалените депозитни пари, а во помал дел и на краткорочните депозити, додека долгорочните депозити остварија раст. Во споредба со февруари претходната година, кај депозитите на корпоративниот сектор е забележан раст од 12,3%, во поголем дел поради повисоките депозитни пари и краткорочните депозити во странска валута, при дополнително позитивно влијание и на останатите компоненти. Во февруари, кредитите на корпоративниот сектор остварија месечно и годишно зголемување од 1,4% и 5,9%, во целост поради зголеменото кредитирање во денари, во услови на минимален пад на кредитите во странска валута,  велат од НБ. Вкупните депозити на домаќинствата, во февруари, се зголемени за 1,7% во однос на претходниот месец. Месечното зголемување во поголем дел е одраз на растот на депозитните пари и долгорочните депозити, при помал раст и на краткорочните депозити во денари, додека краткорочните депозити во странска валута се намалија. На годишна основа, растот изнесува 8,6% и е резултат на зголемените долгорочни депозити и депозитните пари, додека краткорочните депозити остварија пад, велат од Банката. Во февруари, кредитите на домаќинствата, бележат раст од 0,6% споредено на месечно ниво, којшто во поголем дел се должи на зголемените кредити во денари, при раст и на кредитите во странска валута. Годишното зголемување од 7,2% на кредитите на домаќинствата произлегува од повисокото кредитирање во денари и во странска валута, со поизразен придонес на кредитите во странска валута, нагласуваат од Народната банка. Од податоците со кои располагаат во Народната банка, паричната маса (монетарниот агрегат М31,2), во февруари 2024 година, остварил раст од 0,1% на месечна основа, како резултат на зголемувањето на долгорочните депозити до две години и готовите пари во оптек, во услови на забележан пад на депозитните пари, а во помала мера и на краткорочните депозити. Годишниот раст на паричната маса изнесува 6,5% и пред сè, како што велат, произлегува од повисоките депозитни пари, при помал позитивен придонес и на останатите компоненти.

The post Граѓаните се повеќе се задолжуваат во банкa: Вкупните кредити за една година пораснале за 6,5% appeared first on Република.

]]>
Петрова: Енормно зголемено државно задолжување споредбено со 2023 година https://republika.mk/vesti/ekonomija/petrova-enormno-zgolemeno-drzhavno-zadolzhuvane-sporedbeno-so-2023-godina/ Tue, 20 Feb 2024 14:41:47 +0000 https://republika.mk/?p=746205

Владата се задолжи со нови 315 милиони евра на домашниот пазар од почетокот на оваа година до распишување на изборите, односно до 15 февруари. Ова задолжување е поголемо дури за 281 милиони евра во однос на истиот период од минатата година, што е пораст за околу 840%, обелоденува заменик министерката за финансии во техничката Влада, Елена Петрова.
•Ова ново задолжување Владата го користеше најмногу за финансирање на буџетскиот дефицит кој беше генериран во овој период. Имено, Владата во овој период потроши 763 милиони евра, а од даноците, придонесите и другите приходи во буџетот влегоа 555 милиони евра. Оваа негативна разлика (буџетски дефицит) од 208 милиони евра е поголема дури за 101% во однос на истиот период од минатата година.
-график за задолжувањето и буџетскиот дефицит, споредба 2024-2023
•За што трошеше Владата, односно државните органи и институции во овој период повеќе од истиот период минатата година? Трошоците за плати и надоместоци на вработените во министерствата, органите и институциите се поголеми за 20%. Пензиите, социјални надоместоци и други слични трансфери, кои се претежен дел од буџетските трошења, се зголемени за 28%.
•Во истиот период, кај буџетските приходи потфрли наплатата на даноците.Особено потфрли наплатата на ДДВ, при што се собрани средства помалку за 1/3 од минатогодишната наплата (99 милиони евра собрани во 2024 год., наспроти 149 милиони милиони евра собрани во 2023 год.), пишува на својот Фејсбук, заменик-министерка за финансии во техничката Влада, Елена Петрова

The post Петрова: Енормно зголемено државно задолжување споредбено со 2023 година appeared first on Република.

]]>

Владата се задолжи со нови 315 милиони евра на домашниот пазар од почетокот на оваа година до распишување на изборите, односно до 15 февруари. Ова задолжување е поголемо дури за 281 милиони евра во однос на истиот период од минатата година, што е пораст за околу 840%, обелоденува заменик министерката за финансии во техничката Влада, Елена Петрова. •Ова ново задолжување Владата го користеше најмногу за финансирање на буџетскиот дефицит кој беше генериран во овој период. Имено, Владата во овој период потроши 763 милиони евра, а од даноците, придонесите и другите приходи во буџетот влегоа 555 милиони евра. Оваа негативна разлика (буџетски дефицит) од 208 милиони евра е поголема дури за 101% во однос на истиот период од минатата година. -график за задолжувањето и буџетскиот дефицит, споредба 2024-2023 •За што трошеше Владата, односно државните органи и институции во овој период повеќе од истиот период минатата година? Трошоците за плати и надоместоци на вработените во министерствата, органите и институциите се поголеми за 20%. Пензиите, социјални надоместоци и други слични трансфери, кои се претежен дел од буџетските трошења, се зголемени за 28%. •Во истиот период, кај буџетските приходи потфрли наплатата на даноците.Особено потфрли наплатата на ДДВ, при што се собрани средства помалку за 1/3 од минатогодишната наплата (99 милиони евра собрани во 2024 год., наспроти 149 милиони милиони евра собрани во 2023 год.), пишува на својот Фејсбук, заменик-министерка за финансии во техничката Влада, Елена Петрова

The post Петрова: Енормно зголемено државно задолжување споредбено со 2023 година appeared first on Република.

]]>
Димитриеска Кочоска: СДС за 7 години ја задолжи државата 1 милијарда повеќе https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrieska-kochoska-sds-za-7-godini-ja-zadolzhi-drzhavata-1-milijarda-poveke/ Thu, 08 Feb 2024 17:29:33 +0000 https://republika.mk/?p=741959

Јавниот долг заклучно со 31 декември 2023 година е 8,5 милијарди евра, односно за седум години СДС ја има задолжено државата за 3,8 милијарди евра, наспроти 10 за 2,8 милијарди евра или 1 милијарда повеќе потрошиле за 7 години отколку претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ за 10 години. Како ВМРО-ДПМНЕ не само што ветуваме, туку и се обврзуваме дека ќе има стабилизација на јавниот долг, односно намалување на јавниот долг како процент од БДП, изјави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска на денешната дебата за Економска платформа за иднина на тема „Нов концепт за економски развој“ во Велес.

Димитриеска Кочоска се осврна на приказните на власта за капиталните инвестиции, при што појасни дека од тие 700 милиони за кои власта се фали всушност се работи за помалку од 190 милиони евра.

Во 2023 година се фалеа дека е година во која имало најголема реализација на капитални инвестиции над 700 милиони евра, но ако гледате подлабоко на што се потрошиле тие пари, ќе видите дека 236 милиони евра се дадени на Јавното претпријатие за државни патишта, односно аванси за коридор 8 и 10. Каков е ефектот од тие аванси кои се прикажани како капитални инвестиции? Во исто време има капитално субвенции за претпријатија од 295 милиони евра и тоа се пари дадени на ЕСМ, Железници и други претпријатија кои не ги користат за инвестиции туку за плати и покриваат трошоци затоа што во овие претпријатија има криминал кој прави загуби и тие не можат да опстојат, изјави Димитриеска Кочоска.

Димитриска Кочоска додаде дека кога ќе ги соберете овие две ставки добивате износ од 530 милиони евра средства кои ги потрошиле со приказна дека се капитални инвестиции и помалку од 190 милиони евра остануваат за останати инвестиции за кои нема детали дали завршиле на инвестиции или биле злоупотребени.

Владата да не се фали со реализација на капитални инвестиции затоа што таа е помала од 190 милиони евра, сето останато се приказни за мали деца. Овие пари да ги употребеа за поддршка вистинска на инвестиции во вистинска насока ќе ја кренеше економијата, ќе имаше нови работни места, подобри услови за живот, рече таа.

Димитриеска Кочоска истакна дека затоа ВМРО-ДПМНЕ има квалитетни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните.

Многу повнимателно ќе се планираат средствата односно кредитите, не може да се дозволи да има договори за кредитирање за проекти кои не се почнати ни да се проектираат што се случува сега. Секој еден проект кој е заглавен ќе дадеме максимум да може да се одглави и да се почне со реализација. Ние не сме како СДС, сметаме дека се што е добро треба да се заврши, изјави Димитриеска Кочоска.

The post Димитриеска Кочоска: СДС за 7 години ја задолжи државата 1 милијарда повеќе appeared first on Република.

]]>

Јавниот долг заклучно со 31 декември 2023 година е 8,5 милијарди евра, односно за седум години СДС ја има задолжено државата за 3,8 милијарди евра, наспроти 10 за 2,8 милијарди евра или 1 милијарда повеќе потрошиле за 7 години отколку претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ за 10 години. Како ВМРО-ДПМНЕ не само што ветуваме, туку и се обврзуваме дека ќе има стабилизација на јавниот долг, односно намалување на јавниот долг како процент од БДП, изјави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска на денешната дебата за Економска платформа за иднина на тема „Нов концепт за економски развој“ во Велес. Димитриеска Кочоска се осврна на приказните на власта за капиталните инвестиции, при што појасни дека од тие 700 милиони за кои власта се фали всушност се работи за помалку од 190 милиони евра.
Во 2023 година се фалеа дека е година во која имало најголема реализација на капитални инвестиции над 700 милиони евра, но ако гледате подлабоко на што се потрошиле тие пари, ќе видите дека 236 милиони евра се дадени на Јавното претпријатие за државни патишта, односно аванси за коридор 8 и 10. Каков е ефектот од тие аванси кои се прикажани како капитални инвестиции? Во исто време има капитално субвенции за претпријатија од 295 милиони евра и тоа се пари дадени на ЕСМ, Железници и други претпријатија кои не ги користат за инвестиции туку за плати и покриваат трошоци затоа што во овие претпријатија има криминал кој прави загуби и тие не можат да опстојат, изјави Димитриеска Кочоска.
Димитриска Кочоска додаде дека кога ќе ги соберете овие две ставки добивате износ од 530 милиони евра средства кои ги потрошиле со приказна дека се капитални инвестиции и помалку од 190 милиони евра остануваат за останати инвестиции за кои нема детали дали завршиле на инвестиции или биле злоупотребени.
Владата да не се фали со реализација на капитални инвестиции затоа што таа е помала од 190 милиони евра, сето останато се приказни за мали деца. Овие пари да ги употребеа за поддршка вистинска на инвестиции во вистинска насока ќе ја кренеше економијата, ќе имаше нови работни места, подобри услови за живот, рече таа.
Димитриеска Кочоска истакна дека затоа ВМРО-ДПМНЕ има квалитетни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните.
Многу повнимателно ќе се планираат средствата односно кредитите, не може да се дозволи да има договори за кредитирање за проекти кои не се почнати ни да се проектираат што се случува сега. Секој еден проект кој е заглавен ќе дадеме максимум да може да се одглави и да се почне со реализација. Ние не сме како СДС, сметаме дека се што е добро треба да се заврши, изјави Димитриеска Кочоска.
 
The post Димитриеска Кочоска: СДС за 7 години ја задолжи државата 1 милијарда повеќе appeared first on Република.

]]>
Власта со европско знаменце ќе се задолжи 190 милиони евра https://republika.mk/vesti/ekonomija/vlasta-so-evropsko-znametse-ke-se-zadolzhi-190-milioni-evra/ Tue, 21 Nov 2023 11:37:07 +0000 https://republika.mk/?p=714732

Во Македонија со СДС и ДУИ граѓаните ги немаат основните работи за живот, кои се со Устав и закони загарантирани. Учениците немаат книги, болните немаат лекови, студентите живеат мизерно, фирмите се уништуваат со даноци кои повеќе наликуваат на државен рекет, отколку на солидарен данок, но сето тоа не ја спречува власта да посегне и да ги задолжи и идните генерации, обвини портаролот на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

https://www.youtube.com/watch?v=MFONS5qpv90&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Со невидено безобразие двете задолжувања од 190 милиони евра забрзано се туркаат низ собраниска процедура со европско знаменце. Власта и покрај отворената критика од ЕК во најновиот Извештај токму за примената на европското знаменце, продолжува со злоупотреба на истото.

СДС и ДУИ под закрила на европското знаменце избегнуваат дебата затоа што немаат аргументи со кои ќе го бранат новото задолжување. Нема аргументи затоа што се задолжуваат за тековни расходи, наместо за проекти и инвестиции.

Државата ни е енормно задолжена заради расипништвото на СДС и ДУИ.И ова не е крај, власта ќе го зголеми долгот за 500 милиони евра до крајот на оваа година, со што вкупниот долг ќе достигне до 8.5 милијарди евра.

И се ќе беше поинаку, ако власта имаше некакви резултати. Но и покрај 8.5 милијарди евра долг, и милијарди потрошени од буџети, нема ниту еден проект или мерка која асоцира на оваа власт, напротив граѓаните ги асоцираат скандали, коруптивни зделки и бизнис интереси. Ги нема автопатите, нема градинки, нема нови училишта, нема ниту учебници, ниту лекови. Нејасно е каде завршија милијарди евра народни пари. Задолжување додека се може е модус операнди на оваа власт.

Граѓаните на Македонија се се поблиску до денот кога на избори ќе стават крај на ваквото владеење, по што ќе следат промени и подобра иднина!

The post Власта со европско знаменце ќе се задолжи 190 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Во Македонија со СДС и ДУИ граѓаните ги немаат основните работи за живот, кои се со Устав и закони загарантирани. Учениците немаат книги, болните немаат лекови, студентите живеат мизерно, фирмите се уништуваат со даноци кои повеќе наликуваат на државен рекет, отколку на солидарен данок, но сето тоа не ја спречува власта да посегне и да ги задолжи и идните генерации, обвини портаролот на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева. https://www.youtube.com/watch?v=MFONS5qpv90&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title
Со невидено безобразие двете задолжувања од 190 милиони евра забрзано се туркаат низ собраниска процедура со европско знаменце. Власта и покрај отворената критика од ЕК во најновиот Извештај токму за примената на европското знаменце, продолжува со злоупотреба на истото.
СДС и ДУИ под закрила на европското знаменце избегнуваат дебата затоа што немаат аргументи со кои ќе го бранат новото задолжување. Нема аргументи затоа што се задолжуваат за тековни расходи, наместо за проекти и инвестиции. Државата ни е енормно задолжена заради расипништвото на СДС и ДУИ.И ова не е крај, власта ќе го зголеми долгот за 500 милиони евра до крајот на оваа година, со што вкупниот долг ќе достигне до 8.5 милијарди евра. И се ќе беше поинаку, ако власта имаше некакви резултати. Но и покрај 8.5 милијарди евра долг, и милијарди потрошени од буџети, нема ниту еден проект или мерка која асоцира на оваа власт, напротив граѓаните ги асоцираат скандали, коруптивни зделки и бизнис интереси. Ги нема автопатите, нема градинки, нема нови училишта, нема ниту учебници, ниту лекови. Нејасно е каде завршија милијарди евра народни пари. Задолжување додека се може е модус операнди на оваа власт. Граѓаните на Македонија се се поблиску до денот кога на избори ќе стават крај на ваквото владеење, по што ќе следат промени и подобра иднина!

The post Власта со европско знаменце ќе се задолжи 190 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Стојаноски: Власта до крај на годината ќе се задолжи за нови 500 милиони евра https://republika.mk/vesti/ekonomija/stojanoski-vlasta-do-kraj-na-godinata-ke-se-zadolzhi-za-novi-500-milioni-evra/ Fri, 10 Nov 2023 13:55:52 +0000 https://republika.mk/?p=700284

Во текот на вчерашниот ден до пратениците беа доставени два закони со европско знаменце со кои Македонија ќе се задолжи за нови 190 милиони евра. Со овие средства нема да де изгради ништо ново, туку ќе се покриваат дупките во буџетот кои настанаа со недомаќинско работење. И во самиот материјал кој е доставен до пратениците пишува дека овие заеми се за буџетска поддршка, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Покрај овие две задолжувања, во текот на наредните неколку денови, до крајот на оваа година, Македонија ќе се задолжи за околу 500 милиони евра – нов долг, со што на крајот од 2023 година ќе имаме рекордно висок јавен долг од 8,5 милијарди евра.

Кратко траеше славјето од Министерство за финансии за намалениот јавен долг.

Она што сакам дополнително да го предочам е скандалозното однесување на Талат Џафери и владата. Имено, само еден ден по објавување на историски најлошиот извештај на Европската комисија за Македонија во кој јасно и недвосмислено е нотирано да се прекине со злоупотреба на европското знаме, за првпат во историјата на Собранието, закони за задолжување ќе се гледаат во Комисијата за европски прашања, наместо на Комисијата за финансирање и буџет.

Ковачевски, Груби и владата го отфрлаат напишаното од Европската комисија и брзаат да се задолжат за да имаат средства за спроведување на матните тендери.

Ова е невидено поведение и ова е директен доказ дека единствено европско кај власта е желбата за евра.

Очигледно во Македонија ја имаме најнеспособната, најнедомаќинската и најкриминалната влада во Европа, додава Стојаноски.

The post Стојаноски: Власта до крај на годината ќе се задолжи за нови 500 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Во текот на вчерашниот ден до пратениците беа доставени два закони со европско знаменце со кои Македонија ќе се задолжи за нови 190 милиони евра. Со овие средства нема да де изгради ништо ново, туку ќе се покриваат дупките во буџетот кои настанаа со недомаќинско работење. И во самиот материјал кој е доставен до пратениците пишува дека овие заеми се за буџетска поддршка, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
-Покрај овие две задолжувања, во текот на наредните неколку денови, до крајот на оваа година, Македонија ќе се задолжи за околу 500 милиони евра – нов долг, со што на крајот од 2023 година ќе имаме рекордно висок јавен долг од 8,5 милијарди евра. Кратко траеше славјето од Министерство за финансии за намалениот јавен долг. Она што сакам дополнително да го предочам е скандалозното однесување на Талат Џафери и владата. Имено, само еден ден по објавување на историски најлошиот извештај на Европската комисија за Македонија во кој јасно и недвосмислено е нотирано да се прекине со злоупотреба на европското знаме, за првпат во историјата на Собранието, закони за задолжување ќе се гледаат во Комисијата за европски прашања, наместо на Комисијата за финансирање и буџет.
Ковачевски, Груби и владата го отфрлаат напишаното од Европската комисија и брзаат да се задолжат за да имаат средства за спроведување на матните тендери. Ова е невидено поведение и ова е директен доказ дека единствено европско кај власта е желбата за евра.
Очигледно во Македонија ја имаме најнеспособната, најнедомаќинската и најкриминалната влада во Европа, додава Стојаноски.
 
The post Стојаноски: Власта до крај на годината ќе се задолжи за нови 500 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Новото задолжување од 300 милиони евра е доказ дека Буџетот е во лоша состојба – моменталната дупка изнесува околу 550 милиони евра https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-novoto-zadolzhuvane-od-300-milioni-evra-e-dokaz-deka-budhetot-e-vo-losha-sostojba-momentalnata-dupka-iznesuva-okolu-550-milioni-evra/ Wed, 13 Sep 2023 11:06:51 +0000 https://republika.mk/?p=681548

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во текот на посетата на општина Ѓорче Петров ја коментираше информацијата дека вчера на владина седница поминала одлука за ново задолжување од 300 милиони евра. Според него, ова покажува дека Буџетот е во лоша состојба, и не е ликвиден како што власта убедува. Овие пари се за повеќе тендери во четири очи.

„Повеќе пари за тендери кои што ќе завршат во четири очи, ништо повеќе. Очигледно дека Буџетот, бидејќи велат дека е ликвиден, дека има наплата онаква каква што планирале, не е така. Тоа говори и овој податок, кој што и јас го слушнав дека на вчерашната седница на Владата е помината одлука за нови 300 милиони евра, задолжување со нова еврообврзница“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од општина Ѓорче Петров.

Мицкоски рече дека се што ќе се каже од Владата треба да се зема со резерва. Бидејќи или е полувистина, или е шпекулација, или е лага.

„Зошто тогаш се случуваат овие работи, ако е стабилна состојбата? Ако го погледате податокот кој што го објавува министерството за финансии ќе забележите дека моменталната дупка во Буџетот е повеќе од 33 милијарди денари, некаде околу 550 милиони евра“, рече Мицкоски и дополни дека „200 милиони евра се за овие проектите Коридорот 8 и 10, кои што се платени на хартија, а за жал освен таблата, па сега ни таблата не стои. Ја извадиле таблата, само шипките стојат. Друго ништо не видоа граѓаните“.

Тој посочи дека добрата вест е што тоа ќе потрае уште неколку месеци, бидејќи за брзо ќе дојде Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ќе се стави крај на оваа ненародна власт. Потребни се вистински промени, ред, вистинска економија.

The post Мицкоски: Новото задолжување од 300 милиони евра е доказ дека Буџетот е во лоша состојба – моменталната дупка изнесува околу 550 милиони евра appeared first on Република.

Албанија се задолжи 600 милиони евра преку еврообврзница https://republika.mk/vesti/balkan/albanija-se-zadolzhi-600-milioni-evra-preku-evroobvrznitsa/ Sun, 18 Jun 2023 08:35:31 +0000 https://republika.mk/?p=652678

Албанија преку обврзница на меѓународниот пазар се задолжи со 600 милиони евра, со што земјата по шести пат се задолжува на овој начин.

Износот е повисок за 100 милиони евра од првопласираните што го најави владата. Еврообврзницата е со рок на отплата од 5 години односно до 9 јуни 2028 година и со годишна каматна стапка од 5,9 отсто и долгорочна каматна стапка од 6,1 отсто, објави Топ чанел повикувајќи се на Лондонската берза.

Според телевизијата, дел од средствата се намирување за намирување на заостанати долгови, додека другиот дел за покривање на буџетскиот дефицит.

Ова е шеста еврообврзница со која се задолжува Владата во Тирана. Првата еврообврзница е издадена во 2010 година (вредна 300 милиони евра, 5-годишен рок на доспевање и 7,5 отсто камата) и е отплатена во 2015 година.

Втората еврообврзница беше издадена во 2015 година (со рок на достасување од 5 години), во износ од 450 милиони евра и со каматна стапка од 4,75 отсто, која исто така е отплатена, третата во 2018 година, во износ од 500 милиони евра, со рок на достасување од 7 години и каматна стапка 3,5 отсто.

На 9 јуни 2020 година, Албанија успешно излезе на меѓународните пазари со нова 7-годишна меѓународна обврзница во износ од 650 милиони евра со камата од 3,5 отсто.

Албанија во средината на ноември 2021 година го затвори својот петти излез на пазарите на капитал со еврообврзница од 650 милиони евра со камата од 3,75 отсто.

The post Албанија се задолжи 600 милиони евра преку еврообврзница appeared first on Република.

]]>

Албанија преку обврзница на меѓународниот пазар се задолжи со 600 милиони евра, со што земјата по шести пат се задолжува на овој начин.
Износот е повисок за 100 милиони евра од првопласираните што го најави владата. Еврообврзницата е со рок на отплата од 5 години односно до 9 јуни 2028 година и со годишна каматна стапка од 5,9 отсто и долгорочна каматна стапка од 6,1 отсто, објави Топ чанел повикувајќи се на Лондонската берза.
Според телевизијата, дел од средствата се намирување за намирување на заостанати долгови, додека другиот дел за покривање на буџетскиот дефицит. Ова е шеста еврообврзница со која се задолжува Владата во Тирана. Првата еврообврзница е издадена во 2010 година (вредна 300 милиони евра, 5-годишен рок на доспевање и 7,5 отсто камата) и е отплатена во 2015 година. Втората еврообврзница беше издадена во 2015 година (со рок на достасување од 5 години), во износ од 450 милиони евра и со каматна стапка од 4,75 отсто, која исто така е отплатена, третата во 2018 година, во износ од 500 милиони евра, со рок на достасување од 7 години и каматна стапка 3,5 отсто. На 9 јуни 2020 година, Албанија успешно излезе на меѓународните пазари со нова 7-годишна меѓународна обврзница во износ од 650 милиони евра со камата од 3,5 отсто. Албанија во средината на ноември 2021 година го затвори својот петти излез на пазарите на капитал со еврообврзница од 650 милиони евра со камата од 3,75 отсто.

The post Албанија се задолжи 600 милиони евра преку еврообврзница appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја задолжува државата 600 милиони евра, затоа што краделе, а во исто време кочи општински обврзници за проекти и развој https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-sds-ja-zadolzhuva-drzhavata-600-milioni-evra-zatoa-shto-kradele-a-vo-isto-vreme-kochi-opshtinski-obvrznitsi-za-proekti-i-razvoj/ Fri, 10 Feb 2023 08:40:45 +0000 https://republika.mk/?p=607236

СДС ја задолжува државата 600 милиони евра, затоа што краделе, а во исто време кочи општински обврзници за проекти и развој. СДС се задолжува да покрива дупки кои немало да ги има доколку власта 6 години работеше домаќински. Иако земаат стотици милиони евра кредити, и трошат народни пари од буџети, 6 години немаат направено ниту еден поголем проект, напротив сите проекти се застанати, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Откако се дојдени на власт СДС го зголемија јавниот долг за 65%, т.е. за 3 милијарди евра, тоа се пари кои се потрошени, а ништо не е направено.

Од друга страна, СДС како влада, кочи општински обврзници за општините водени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, кои се наменети за капитални инвестиции, со кои им се дава можност на граѓаните преку своја инвестиција да учествуваат во изградба на проект од нивно значење, а потоа да добијат камата за истото во период додека трае обврзницата.

Општинските обврзници се за финансирање на проекти, кои власта ги кочи, или за кои нема пари зошто СДС со години ја краде државата, а владата се задолжува за и понатаму да ја краде државата. Разликата е очевидна. Потребни се промени и на централно ниво, за Македонија да тргне кон подобро, стои во соопштението на партијата.

The post ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја задолжува државата 600 милиони евра, затоа што краделе, а во исто време кочи општински обврзници за проекти и развој appeared first on Република.

]]>

СДС ја задолжува државата 600 милиони евра, затоа што краделе, а во исто време кочи општински обврзници за проекти и развој. СДС се задолжува да покрива дупки кои немало да ги има доколку власта 6 години работеше домаќински. Иако земаат стотици милиони евра кредити, и трошат народни пари од буџети, 6 години немаат направено ниту еден поголем проект, напротив сите проекти се застанати, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Откако се дојдени на власт СДС го зголемија јавниот долг за 65%, т.е. за 3 милијарди евра, тоа се пари кои се потрошени, а ништо не е направено. Од друга страна, СДС како влада, кочи општински обврзници за општините водени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, кои се наменети за капитални инвестиции, со кои им се дава можност на граѓаните преку своја инвестиција да учествуваат во изградба на проект од нивно значење, а потоа да добијат камата за истото во период додека трае обврзницата. Општинските обврзници се за финансирање на проекти, кои власта ги кочи, или за кои нема пари зошто СДС со години ја краде државата, а владата се задолжува за и понатаму да ја краде државата. Разликата е очевидна. Потребни се промени и на централно ниво, за Македонија да тргне кон подобро, стои во соопштението на партијата.

The post ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја задолжува државата 600 милиони евра, затоа што краделе, а во исто време кочи општински обврзници за проекти и развој appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Задолжувањето никогаш не било поголемо, а власта нема направено ниту еден километар автопат https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-zadolzhuvaneto-nikogash-ne-bilo-pogolemo-a-vlasta-nema-napraveno-nitu-eden-kilometar-avtopat/ Wed, 08 Feb 2023 13:23:20 +0000 https://republika.mk/?p=606522 Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната негова посета во општина Петровец зборуваше за јавниот и државниот долг каде потенцираше...

The post Мицкоски: Задолжувањето никогаш не било поголемо, а власта нема направено ниту еден километар автопат appeared first on Република.

]]>
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната негова посета во општина Петровец зборуваше за јавниот и државниот долг каде потенцираше дека задолжувањето на граѓаните не било никогаш поголемо.

Напишав вчера еден статус на социјалните медиуми, оваа влада за 5 години, почнувајќи од 1 јануари 2018-завршувајќи со 31 декември 2022, значи 2018, 2019, 2020, 2021 и 2022 година, тоа се 5 години, за 5 години успеаја да ја задолжат Македонија повеќе отколку претходните влади во 14 години. Сега намерно не ја споменувам владата само на ВМРО-ДПМНЕ, за да не излезе дека зборуваме само за ВМРО-ДПМНЕ. Еве во периодот од 2003 година 1 јануари до 2006 додека се формираше владата на ВМРО-ДПМНЕ беше влада на СДСМ, различни премиери во тој период, затоа го опфаќам периодот од 1 јануари 2003тата година до 31 декември 2016 година, значи речиси три пати пократок период, а помало задолжување наспроти оваа влада. И ќе ве потсетам тоа е период кога излеговме од татковинската војна, тоа е период кога излеговме од две огромни кризи, тоа се должничко-доверителската криза и финансиската криза, светски кризи кои и според сите експерти велат дека биле многу со пострашен ефект во економијата од ковид пандемијата. Значи во еден така сложен период, задолжувањето на грбот на граѓаните било помало отколку што го направи оваа влада за три пати пократок временски период – рече Мицкоски.

Мицкоски на крај порача дека иако задолжувањето е најголемо до сега, сепак власта не направи ни километар автопат, нема нови проекти, а исто така и бизнисот не е задоволен. Имено Мицкоски според ова запраша каде отишле парите при што посочи дека многу е јасно дека власта ги украла тие пари.

Одговорот на тоа прашање е дали вие гледате километар автопат-не гледате, дали вие гледате некои нови проекти кои што се прават, не ги гледате, дали е задоволен бизнисот не е задоволен, каде отишле парите-ги украле, многу едноставно – додаде Мицкоски.

The post Мицкоски: Задолжувањето никогаш не било поголемо, а власта нема направено ниту еден километар автопат appeared first on Република.

]]>
ЛДП Гази Баба бара да се стопира одлуката на Општината за ново задолжување https://republika.mk/vesti/skopje/ldp-gazi-baba-bara-da-se-stopira-odlukata-na-opshtinata-za-novo-zadolzhuvane/ Wed, 01 Feb 2023 11:47:17 +0000 https://republika.mk/?p=603330

Во општина Гази Баба се случува непотребно ново задолжување од 5 милиони евра поддржано со мнозинството во Советот на општината меѓу кои и еден советник од СДСМ, и затоа бараме итно стопирање на оваа одлука и враќање на повторно разгледување со јавноста, реагираат од општинската организација на Либерално демократската партија од Гази Баба.

Според општинската организација оваа одлука е неприфатлива бидејќи била предложена и усвоена само во форма на идеи, без образложение или документација колку чинат проектите, под кои услови, за кој временски период ќе бидат реализирани и без јавна дебата со граѓанскиот сектор.

Категорнично сме против оваа одлука на задолжување од 5 милиони евра и бараме истата да биде стопирана. Потребно е домаќинско работење а не расипничко однесување. Теснопартиските и бизнис интереси не смеат да одат на сметка на буџетот на општината во интерес на граѓаните.  ЛДП преку своите општински организации и членови континуирано е поборник за општествено добро на сите граѓани во нашата држава, велат од општинската организација на ЛДП од Гази Баба.

Локалната власт е сервис на граѓаните и секој општинска власт има одговорност пред своите граѓани за сите постапки и одлуки.

The post ЛДП Гази Баба бара да се стопира одлуката на Општината за ново задолжување appeared first on Република.

]]>

Во општина Гази Баба се случува непотребно ново задолжување од 5 милиони евра поддржано со мнозинството во Советот на општината меѓу кои и еден советник од СДСМ, и затоа бараме итно стопирање на оваа одлука и враќање на повторно разгледување со јавноста, реагираат од општинската организација на Либерално демократската партија од Гази Баба. Според општинската организација оваа одлука е неприфатлива бидејќи била предложена и усвоена само во форма на идеи, без образложение или документација колку чинат проектите, под кои услови, за кој временски период ќе бидат реализирани и без јавна дебата со граѓанскиот сектор.
Категорнично сме против оваа одлука на задолжување од 5 милиони евра и бараме истата да биде стопирана. Потребно е домаќинско работење а не расипничко однесување. Теснопартиските и бизнис интереси не смеат да одат на сметка на буџетот на општината во интерес на граѓаните.  ЛДП преку своите општински организации и членови континуирано е поборник за општествено добро на сите граѓани во нашата држава, велат од општинската организација на ЛДП од Гази Баба.
Локалната власт е сервис на граѓаните и секој општинска власт има одговорност пред своите граѓани за сите постапки и одлуки.

The post ЛДП Гази Баба бара да се стопира одлуката на Општината за ново задолжување appeared first on Република.

]]>
Задолжувањето од 530 милиони евра од ММФ на седница на Собранието https://republika.mk/vesti/ekonomija/zadolzuvanjeto-od-530-milioni-evra-od-mmf-na-sednica-na-sobranieto/ Mon, 14 Nov 2022 08:39:35 +0000 https://republika.mk/?p=573521

Собранието на Република  Македонија денеска треба да ја одржи 92. седница. На предложениот дневен ред се две точки.

Пратениците треба да ги разгледаат Предлог законот за задолжување на Република Македонија кај Меѓународниот монетарен фонд со Кредитна линија за претпазливост и ликвидност и Предлог законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии, двата по скратена постапка.

Со кредитната линија за претпазливост и ликвидност од ММФ за поддршка на државниот Буџет треба да се обезбедат 530 милиони евра. Целта на кредитната линија е да обезбеди ефективна заштита од криза за оние земји членки на ММФ кои имаат здрави економски основи, односно политики.

За Проектот за градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии, пак, се планирани 24,9 милиони евра, од кои заем од Светска банка во износ од 20 милиони евра и 4,9 милиони евра грант од ЕУ кој ќе се администрира преку СБ. Проектот ќе се имплементира преку Единица за управување со проектот, која ќе биде формирана во Министерството за финансии.

The post Задолжувањето од 530 милиони евра од ММФ на седница на Собранието appeared first on Република.

]]>

Собранието на Република  Македонија денеска треба да ја одржи 92. седница. На предложениот дневен ред се две точки. Пратениците треба да ги разгледаат Предлог законот за задолжување на Република Македонија кај Меѓународниот монетарен фонд со Кредитна линија за претпазливост и ликвидност и Предлог законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии, двата по скратена постапка. Со кредитната линија за претпазливост и ликвидност од ММФ за поддршка на државниот Буџет треба да се обезбедат 530 милиони евра. Целта на кредитната линија е да обезбеди ефективна заштита од криза за оние земји членки на ММФ кои имаат здрави економски основи, односно политики. За Проектот за градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии, пак, се планирани 24,9 милиони евра, од кои заем од Светска банка во износ од 20 милиони евра и 4,9 милиони евра грант од ЕУ кој ќе се администрира преку СБ. Проектот ќе се имплементира преку Единица за управување со проектот, која ќе биде формирана во Министерството за финансии.

The post Задолжувањето од 530 милиони евра од ММФ на седница на Собранието appeared first on Република.

]]>
Собранието ќе расправа за задолжување од 530 милиони евра од ММФ https://republika.mk/vesti/ekonomija/sobranieto-kje-rasprava-za-zadolzuvanje-od-530-milioni-evra-od-mmf/ Mon, 14 Nov 2022 07:09:12 +0000 https://republika.mk/?p=573454

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 92. седница. На предложениот дневен ред се две точки.

Пратениците треба да ги разгледаат Предлог законот за задолжување на Република Македонија кај Меѓународниот монетарен фонд со Кредитна линија за претпазливост и ликвидност и Предлог законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии, двата по скратена постапка.

Со кредитната линија за претпазливост и ликвидност од ММФ за поддршка на државниот Буџет треба да се обезбедат 530 милиони евра. Целта на кредитната линија е да обезбеди ефективна заштита од криза за оние земји членки на ММФ кои имаат здрави економски основи, односно политики.

За Проектот за градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии, пак, се планирани 24,9 милиони евра, од кои заем од Светска банка во износ од 20 милиони евра и 4,9 милиони евра грант од ЕУ кој ќе се администрира преку СБ. Проектот ќе се имплементира преку Единица за управување со проектот, која ќе биде формирана во Министерството за финансии

The post Собранието ќе расправа за задолжување од 530 милиони евра од ММФ appeared first on Република.

]]>

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 92. седница. На предложениот дневен ред се две точки. Пратениците треба да ги разгледаат Предлог законот за задолжување на Република Македонија кај Меѓународниот монетарен фонд со Кредитна линија за претпазливост и ликвидност и Предлог законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии, двата по скратена постапка. Со кредитната линија за претпазливост и ликвидност од ММФ за поддршка на државниот Буџет треба да се обезбедат 530 милиони евра. Целта на кредитната линија е да обезбеди ефективна заштита од криза за оние земји членки на ММФ кои имаат здрави економски основи, односно политики. За Проектот за градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии, пак, се планирани 24,9 милиони евра, од кои заем од Светска банка во износ од 20 милиони евра и 4,9 милиони евра грант од ЕУ кој ќе се администрира преку СБ. Проектот ќе се имплементира преку Единица за управување со проектот, која ќе биде формирана во Министерството за финансии

The post Собранието ќе расправа за задолжување од 530 милиони евра од ММФ appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Власта за еден квартал успеа да го зголеми долгот на Македонија за 400 милиони евра, неминовни се нови задолжувања https://republika.mk/vesti/ekonomija/mickoski-vlasta-za-eden-kvartal-uspea-da-go-zgolemi-dolgot-na-makedonija-za-400-milioni-evra-neminovni-se-novi-zadolzuvanja/ Fri, 04 Nov 2022 13:20:32 +0000 https://republika.mk/?p=569578

Ако ја погледате макроекономската слика на Македонија ќе видите дека во третиот квартал, тоа се три месеци од 30-ти јуни до 30-ти септември долгот е зголемен државниот за 400 милиони евра, внимавајте 400 милиони евра. А, јавниот долг за тој квартал е зголемен за 422 милиони евра. Ете така тие се справуваат со кризата со нашите пари“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски од Битола.

Мицкоски додаде дека власта не знае да се прави со кризата, а тоа е доказ и третиот квартал каде што државниот долг се зголемил за 400 милиони евра, а јавниот долг се зголемил за 422 милиони евра.

„Ги трошат од власта вашите пари за да склучуваат договори во четири очи“, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека власта за еден квартал успеа да го зголеми долгот на Македонија за 400 милиони евра.

„Е, сега власта сака тој долг да го зголеми за една милијарда и повеќе за следната година и затоа прават така екстремно голем буџет за да можат да врват договорите во четири очи. Знаат дека таа им е последна година би рекол, и тие викаат ајде што може да се земе да се земе. Ама забораваат дека има одговорност. Не знам дали се свесни дека има одговорност. Оваа генерација политичари на ВМРО-ДПМНЕ нема намера со никого да се пазари. не знам дали тоа не го разбраа досега. Еве јас им ветувам дека ќе има одговорност. Ако мислат они дека ќе потрошат 5,3 милијарди народни пари, а најголемиот дел од тие пари во договори во четири очи се лажат“, истакна тој.

„Предвиделе капитални инвестиции од 49 ни помалку, ни повеќе 49 милијарди денари. Оваа година предвидуваа најпрвин 38 милијарди денари, за да со ребалансот намалат на 32 милијарди, а заклучно со првите 10 месеци од годината со 31.10 успеале да реализираат 14 милијарди. А, вас ви вели овде градоначалникот дека реализирале 75% од капитални инвестиции, така работи ВМРО-ДПМНЕ. А, така краде СДСМ. Ете тоа е разликата меѓу овие политички измамници и луѓе кои што навистина си ја сакаат државата и народот и сакаат нешто да направат“, нагласи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека се неминовни нови задолжувања на власта. Овој буџет прости не може на поинаков начин да се наполни без дополнителни задолжувања

The post Мицкоски: Власта за еден квартал успеа да го зголеми долгот на Македонија за 400 милиони евра, неминовни се нови задолжувања appeared first on Република.

Николоски: Македонија до 2027 ќе стане целосно енергетски зависна зошто Владата се обврзува да ги затвори ТЕЦ Осломеј и РЕК Битола https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-makedonija-do-2027-kje-stane-celosno-energetski-zavisna-zoshto-vladata-se-obvrzuva-da-gi-zatvori-tec-oslomej-i-rek-bitola/ Wed, 19 Oct 2022 11:34:30 +0000 https://republika.mk/?p=563033

Владата во надеж да преживее и да се задолжи за 100 милиони евра кредит, се обврзува да ги затвори ТЕЦ Осломеј и РЕК Битола заклучно со 2027, со што Македонија ќе стане целосно енергетски зависна, предупредува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Погледнете го неговото гостување во „Само вистина“:

The post Николоски: Македонија до 2027 ќе стане целосно енергетски зависна зошто Владата се обврзува да ги затвори ТЕЦ Осломеј и РЕК Битола appeared first on Република.

]]>

Владата во надеж да преживее и да се задолжи за 100 милиони евра кредит, се обврзува да ги затвори ТЕЦ Осломеј и РЕК Битола заклучно со 2027, со што Македонија ќе стане целосно енергетски зависна, предупредува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Погледнете го неговото гостување во „Само вистина“:

The post Николоски: Македонија до 2027 ќе стане целосно енергетски зависна зошто Владата се обврзува да ги затвори ТЕЦ Осломеј и РЕК Битола appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Чекаме позитивна вест од преговорите со ММФ и другите кредитори https://republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-chekame-pozitivna-vest-od-pregovorite-so-mmf-i-drugite-kreditori/ Fri, 07 Oct 2022 20:34:17 +0000 https://republika.mk/?p=558591

Владата работи на тоа да продолжи економската активност, да се поддржат најранливите категории граѓани,  да се одржи ликвидноста и на Буџетот и на стопанството воопшто. Прави се за да обезбеди дополнителни антикризни мерки за граѓаните и стопанството во услови кога светот се соочува со една од најголемите економски и енергетски кризи после Втората светска војна, вели премиерот Димитар Ковачевски.

Тој вечерва во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 рече дека има позитивни очекувања од преговорите со Меѓународниот монетарен фонд  во однос на обезбедување финансии за справување со енергетската криза.

-Сметам дека во наредните денови министерот за финансии ќе има позитивна вест и за економијата и за Буџетот и за граѓаните во поглед на преговорите со Меѓународниот монетарен фонд и преговорите со другите финансиски институции и кредитори, рече Ковачевски.

Повтори дека во Министерството за труд и социјална политика веќе се подготвуават мерките за најранливите категории граѓани, а за компаните се прават калкулации за субвенционирање на цената на електричната енергија, но и за набавка преку директни договори со други држави на пониска цена.

Претходните антикризни мерки дале одличен резултат, го намалиле ценовниот шок и оптовареноста на граѓаните и компаниите, а сега се работи на нови мерки.

На седницата на Економскиот совет во проширен состав  најтранспарентно биде претставени сите податоци со кои што располагаат и компаниите и државата и стопанските комори.

-Тоа се мерки кои ги бара Стопанската комора за кои што разговараме низ многу отворен дијалог и сите сме свесни за ситуацијата во која што се наоѓа економијата. Значи таму се разговараше отворено. Покрај стопанските комори беа и претставници на академската заедница, претставници на најголемите компании од електроенергетскиот сектор значи и претставници на ЕВН, на ЕСМ, МЕПСО, „Макпетрол“ итн., каде што на маса се отворија најтранспарентно сите податоци со кои што располагаат и компаниите и државата и стопанските комори, врз основа на сите тие информации со кои што таму се споделија. Врз основа на очекувањата, но не само на компаниите туку и очекувањата на работниците, на синдикатите веќе во Министерството за труд и социјална политика се подготвуваат мерките за најранливите категории заедно со Министерството за финансии, а за компаниите како што веќе ви кажав се прават калкулации прво на можност на субвенционирање на цената на електричната енергија и второ ние не се откажуваме за набавка преку директни договори со други држави на пониска цена на електрична енергија. Добро е што активностите кои што ги презема ЕК и воопшто ЕУ, рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека електричната енергија која што граѓаните ја плаќаат на регулираниот пазар е 80 проценти субвенционирана од страна на државата, што значи доколку не е таа субвенција за електрична енергија граѓаните би платиле пет пати повисока цена на електрична енергија.

-За компаниите кои што се на регулираниот пазар тоа се 72 илјади мали и средни претпријатија во државата кои што имаат до 50 вработени и обрат до 2 милиони евра. Тие се исто така на регулираниот пазар и нивните сметки се дупло поевтини и од тоа што би го плаќале доколку одат на либерализиран пазар, она што останува е либерализираниот пазар на кој што важат цените на светските берзи,  за нас е референтна  унгарската берза и некоја што цените достигнуваат и до 600 евра за мегават час, ако ги споредиме со нормалните цени пред војната кои се 50-60 евра за мегават час можете да замислите за колку зголемување се работи, за 10 пати зголемување на електричната енергија. Она што го разговараме со Стопанската комора и за што во моментов во Министерството за економија и во Министерството за финансии се прават калкулации на кој начин државата може да помогне со електрична енергија, прво по пониска цена, и второ дали можеме да интервенираме преку буџетот со субвенционирање на електрична енергија која што преку снабдувачите ја плаќаат компаниите, рече Ковачевски.

The post Ковачевски: Чекаме позитивна вест од преговорите со ММФ и другите кредитори appeared first on Република.

]]>

Владата работи на тоа да продолжи економската активност, да се поддржат најранливите категории граѓани,  да се одржи ликвидноста и на Буџетот и на стопанството воопшто. Прави се за да обезбеди дополнителни антикризни мерки за граѓаните и стопанството во услови кога светот се соочува со една од најголемите економски и енергетски кризи после Втората светска војна, вели премиерот Димитар Ковачевски. Тој вечерва во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 рече дека има позитивни очекувања од преговорите со Меѓународниот монетарен фонд  во однос на обезбедување финансии за справување со енергетската криза.
-Сметам дека во наредните денови министерот за финансии ќе има позитивна вест и за економијата и за Буџетот и за граѓаните во поглед на преговорите со Меѓународниот монетарен фонд и преговорите со другите финансиски институции и кредитори, рече Ковачевски.
Повтори дека во Министерството за труд и социјална политика веќе се подготвуават мерките за најранливите категории граѓани, а за компаните се прават калкулации за субвенционирање на цената на електричната енергија, но и за набавка преку директни договори со други држави на пониска цена. Претходните антикризни мерки дале одличен резултат, го намалиле ценовниот шок и оптовареноста на граѓаните и компаниите, а сега се работи на нови мерки. На седницата на Економскиот совет во проширен состав  најтранспарентно биде претставени сите податоци со кои што располагаат и компаниите и државата и стопанските комори.
-Тоа се мерки кои ги бара Стопанската комора за кои што разговараме низ многу отворен дијалог и сите сме свесни за ситуацијата во која што се наоѓа економијата. Значи таму се разговараше отворено. Покрај стопанските комори беа и претставници на академската заедница, претставници на најголемите компании од електроенергетскиот сектор значи и претставници на ЕВН, на ЕСМ, МЕПСО, „Макпетрол“ итн., каде што на маса се отворија најтранспарентно сите податоци со кои што располагаат и компаниите и државата и стопанските комори, врз основа на сите тие информации со кои што таму се споделија. Врз основа на очекувањата, но не само на компаниите туку и очекувањата на работниците, на синдикатите веќе во Министерството за труд и социјална политика се подготвуваат мерките за најранливите категории заедно со Министерството за финансии, а за компаниите како што веќе ви кажав се прават калкулации прво на можност на субвенционирање на цената на електричната енергија и второ ние не се откажуваме за набавка преку директни договори со други држави на пониска цена на електрична енергија. Добро е што активностите кои што ги презема ЕК и воопшто ЕУ, рече Ковачевски.
Премиерот истакна дека електричната енергија која што граѓаните ја плаќаат на регулираниот пазар е 80 проценти субвенционирана од страна на државата, што значи доколку не е таа субвенција за електрична енергија граѓаните би платиле пет пати повисока цена на електрична енергија.
-За компаниите кои што се на регулираниот пазар тоа се 72 илјади мали и средни претпријатија во државата кои што имаат до 50 вработени и обрат до 2 милиони евра. Тие се исто така на регулираниот пазар и нивните сметки се дупло поевтини и од тоа што би го плаќале доколку одат на либерализиран пазар, она што останува е либерализираниот пазар на кој што важат цените на светските берзи,  за нас е референтна  унгарската берза и некоја што цените достигнуваат и до 600 евра за мегават час, ако ги споредиме со нормалните цени пред војната кои се 50-60 евра за мегават час можете да замислите за колку зголемување се работи, за 10 пати зголемување на електричната енергија. Она што го разговараме со Стопанската комора и за што во моментов во Министерството за економија и во Министерството за финансии се прават калкулации на кој начин државата може да помогне со електрична енергија, прво по пониска цена, и второ дали можеме да интервенираме преку буџетот со субвенционирање на електрична енергија која што преку снабдувачите ја плаќаат компаниите, рече Ковачевски.

The post Ковачевски: Чекаме позитивна вест од преговорите со ММФ и другите кредитори appeared first on Република.

]]>
Ново задолжување од 250 милиони евра https://republika.mk/vesti/ekonomija/novo-zadolzuvanje-od-250-milioni-evra/ Tue, 27 Sep 2022 18:41:33 +0000 https://republika.mk/?p=554952

На денешната седница беше донесена Одлука за издавање на хартии од вредност на германскиот пазар, обврзница позната како НСВ (NSV-Namensschuldverschreibungen”), во износ од 250 милиони евра.

Овој инструмент со својата каматна стапка и рок на доспевање е најдобрата опција за портфолиото на јавен долг, односно каматната стапка изнесува 3,75% плус шест месечен ЕУРИБОР, со рок на отплата од три години и 18 месеци грејс-период.

НСВ е инструмент кој обично го издаваат висококвалитетни клиенти со стабилен инвестициски кредитен рејтинг, а хартиите од вредност се купени од страна на германски инвеститори. Како регистрирана хартија од вредност, од страна на Дојче банка до сега е издадена во Република Полска, Ирска, Белгија, Кралството Шпанија. Овој финансиски инструмент покрај Дојче банка го издаваат и KFW, IBRD, EIB.

The post Ново задолжување од 250 милиони евра appeared first on Република.

]]>

На денешната седница беше донесена Одлука за издавање на хартии од вредност на германскиот пазар, обврзница позната како НСВ (NSV-Namensschuldverschreibungen”), во износ од 250 милиони евра. Овој инструмент со својата каматна стапка и рок на доспевање е најдобрата опција за портфолиото на јавен долг, односно каматната стапка изнесува 3,75% плус шест месечен ЕУРИБОР, со рок на отплата од три години и 18 месеци грејс-период. НСВ е инструмент кој обично го издаваат висококвалитетни клиенти со стабилен инвестициски кредитен рејтинг, а хартиите од вредност се купени од страна на германски инвеститори. Како регистрирана хартија од вредност, од страна на Дојче банка до сега е издадена во Република Полска, Ирска, Белгија, Кралството Шпанија. Овој финансиски инструмент покрај Дојче банка го издаваат и KFW, IBRD, EIB.  

The post Ново задолжување од 250 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Битиќи: Ако се задолжиме за да помагаме во стопанството, некој ќе треба да го плати тоа https://republika.mk/vesti/ekonomija/bitikji-ako-se-zadolzime-za-da-pomagame-vo-stopanstvoto-nekoj-kje-treba-da-go-plati-toa/ Thu, 25 Aug 2022 15:35:30 +0000 https://republika.mk/?p=544087

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи денеска, по средбата со стопанствениците во Владата во рамки седницата на Комисијата за јавно-приватен дијалог, порача дека не очекува тешка зима и дека која и да е одлуката што ќе ја преземат од денеска па натаму, сите ќе бидат одговорни за истата.

Ако се задолжиме за да помогнеме на стопанството, свесно ќе влеземе и стопанството и Владата во таква работа, и ќе знаеме дека некој ќе треба да го плати тоа задолжување, а дали се тоа поголеми даноци заедно ќе одлучиме, рече Битиќи пред Владата.

Прашан дали е можно да се намали ДДВ во оваа криза, тој посочи оти е намалено.

Битиќи посочи оти на денешната редовна седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог, со која копретседаваше вицепремиерот за економски прашања се разговарало и за даночните реформи.

Според него индивидуални мерки не се решение и тоа, како што рече, го видовме во периодот на ковид и го кажуваме и сега.

The post Битиќи: Ако се задолжиме за да помагаме во стопанството, некој ќе треба да го плати тоа appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи денеска, по средбата со стопанствениците во Владата во рамки седницата на Комисијата за јавно-приватен дијалог, порача дека не очекува тешка зима и дека која и да е одлуката што ќе ја преземат од денеска па натаму, сите ќе бидат одговорни за истата.
Ако се задолжиме за да помогнеме на стопанството, свесно ќе влеземе и стопанството и Владата во таква работа, и ќе знаеме дека некој ќе треба да го плати тоа задолжување, а дали се тоа поголеми даноци заедно ќе одлучиме, рече Битиќи пред Владата.
Прашан дали е можно да се намали ДДВ во оваа криза, тој посочи оти е намалено. Битиќи посочи оти на денешната редовна седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог, со која копретседаваше вицепремиерот за економски прашања се разговарало и за даночните реформи. Според него индивидуални мерки не се решение и тоа, како што рече, го видовме во периодот на ковид и го кажуваме и сега.  

The post Битиќи: Ако се задолжиме за да помагаме во стопанството, некој ќе треба да го плати тоа appeared first on Република.

]]>
Парите одат во дупка: Има задолжување, но и цените растат, а тоа е парадокс, смета Николоски https://republika.mk/vesti/ekonomija/parite-odat-vo-dupka-ima-zadolzuvanje-no-i-cenite-rastat-a-toa-e-paradoks-smeta-nikoloski/ Sun, 05 Jun 2022 08:30:01 +0000 https://republika.mk/?p=511304

Проблемот е дека задолжување има, но и поскапување има. Тоа е клучниот парадокс на оваа лоша економска политика која што ја води власта, а тоа е дека парите одат во дупка односно граѓаните не ги гледаат парите. На пример да се градеше инфраструктура можевме да разбереме се гради инфраструктура па таму одат парите. Ниту се градат хидроцентрали, ниту се градат мостови, ниту има посериозни инфраструктурни проекти во железницата. Од друга страна поскапе лебот, брашното, маслото, основните производи. И клучното прашање кое што секој граѓанин си го поставува, е каде одат парите, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Радио слободна Европа.

Николоски додаде дека постои огромна дупка, црна дупка во Буџетот.

Само еден податок да кажам за споредба, генералниот секретаријат на Владата од кој што два претходни генерални секретари од актуелната власт веќе се под кривичен прогон, има неверојатен буџет од 660 милиони евра. Тие 660 милиони евра не подлежат на никаков систем на контрола,  отчетност, транспарентност и јавни набавки. И прашањето е каде одат тие 660 милиони евра. Споредено на пример ако сакате со 2008 година каде исто така имаше светска економска криза, тогаш генерален секретаријат имал буџет некаде околу 34 милиони евра. Значи за 22 пати зголемен буџетот на генералниот секретаријат, нагласи Николоски.

Николоски посочи дека има неколку мерки кои што ВМРО-ДПМНЕ ги има предложено со цел за да Македонија се извлече од криза.

Прво е враќање на системот на рамен данок, и намалување на данокот на добивка и на персоналниот данок на 8%, со што Македонија би била држава со најнизок данок во Европа. Тоа е прва работа. Со силен стимул и поддршка на домашните инвеститори низ бескаматни кредитни линии кои што би ги поддржала државата и сериозни грантови. Како и привлекување на странски инвестиции кои што за жал во овие скоро шест години владеење на СДСМ и ДУИ скоро и да не доаѓаат во државата. И четврто многу значајно поттикнување на извозот, сметаме дека Македонија може да е многу компетитивна во услови на светски раст на цените на енергенси, ако Македонија доволно произведува електрична енергија самата, а може и споредено со компетитивната и релативно евтина работна сила и ресурсите кои што ги обезбедила може да биде многу, многу компетитивна на странските пазари. И секако тука како петта компонента е земјоделието, цената на храната расте, македонските ниви и полиња остануваат необработени и е потребен еден силен стимул на земјоделието како и можност да се раздвижи оваа гранка, појасни Николоски.

The post Парите одат во дупка: Има задолжување, но и цените растат, а тоа е парадокс, смета Николоски appeared first on Република.