задолжена Archives - Република https://republika.mk/tema/zadolzena/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Feb 2022 08:24:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png задолжена Archives - Република https://republika.mk/tema/zadolzena/ 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ склучила 811 договори на дело во Тетово, во услови кога општината е задолжена и нема вода за пиење https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-dui-skluchila-811-dogovori-na-delo-vo-tetovo-vo-uslovi-koga-opshtinata-e-zadolzena-i-nema-voda-za-pienje/ Thu, 10 Feb 2022 08:24:32 +0000 https://republika.mk/?p=456579

СДСМ и ДУИ се одлично уиграни кога се работи за злоупотреби и трошење на народни за партиски и лични интереси. Ако не е некоја злоупотреба со наместен тендер, тогаш тоа е оптеретување на општинскиот буџет со голем број договори на дело, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

За тоа како функционираат општините под власта на ДУИ и СДСМ показател е последниот случај со општина Тетово. Општина Тетово во 2021 година под раководство на Теута Арифи од ДУИ/СДСМ, склучила дури 811 договори на дело. Веројатно олку голем број вака ангажирани лица нема ни во Берлин или Париз, ама затоа една од најзадолжените општини во Македонија ангажирала лица под договор на дело и покрај тоа што во општината има превработеност.

Општината Тетово наместо за проекти во интерес на граѓаните одвојувала месечно по 5000 до 25.000 денари по човек, за кои нема информација какви ангажмани имале. Во исто време кога во Тетово нема вода, кога не се собира сметот, кога нема асфалтирање на улици, изградби на градинки и училишта да се трошат милиони годишно за спорни договори на дело е крајно недомаќински и неодговорно.

Но тоа е матрицата на ДУИ и на СДСМ. Тие го гледаат буџетот како извор за задоволување на партиските интереси и лично богатење, на сметка на грбот на народот, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ склучила 811 договори на дело во Тетово, во услови кога општината е задолжена и нема вода за пиење appeared first on Република.

]]>