зачини Archives - Република https://republika.mk/tema/zachini/ За подобро да се разбереме Sun, 31 Dec 2023 10:28:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зачини Archives - Република https://republika.mk/tema/zachini/ 32 32 Европејците најмногу сакаат ѓумбир, пиперка и бибер – за една гоина увезени 397 илјади тони зачини https://republika.mk/vesti/svet/evropejtsite-najmnogu-sakaat-gumbir-piperka-i-biber-za-edna-goina-uvezeni-397-iljadi-toni-zachini/ Sun, 31 Dec 2023 12:42:32 +0000 https://republika.mk/?p=728481

Европејците се склони кон лути зачини, а најмногу купувале ѓумбир увезен од Кина, покажуваат податоците на Европскиот статистички институт (Евростат) за 2023 година.

Минатава година Европската Унија увезла 397 илјади тони зачини, од кои најголем дел од Кина (38 отсто), пренесува „Хина“.

На прво место е ѓумбирот со увезени 122.900 тони. Следат пиперката и биверот со 109.000 и 62.900 тони. На четврто место е циметот со 16.200 тони увезени од Индонезија како главен снабдувач. Куркумата го зазеде петтото место на рангирањето, а најмногу се увезува од Индија.

Египет бил главниот снабдувач на анасон и сродни зачини.

ЕУ главно увезувала семе од ким од Индија, семе од коријандер од Русија и морско оревче од Индонезија.

Од 2012 година увозот на зачини е зголемен за 57 отсто, соопшти Евростат.

The post Европејците најмногу сакаат ѓумбир, пиперка и бибер – за една гоина увезени 397 илјади тони зачини appeared first on Република.

]]>

Европејците се склони кон лути зачини, а најмногу купувале ѓумбир увезен од Кина, покажуваат податоците на Европскиот статистички институт (Евростат) за 2023 година. Минатава година Европската Унија увезла 397 илјади тони зачини, од кои најголем дел од Кина (38 отсто), пренесува „Хина“. На прво место е ѓумбирот со увезени 122.900 тони. Следат пиперката и биверот со 109.000 и 62.900 тони. На четврто место е циметот со 16.200 тони увезени од Индонезија како главен снабдувач. Куркумата го зазеде петтото место на рангирањето, а најмногу се увезува од Индија. Египет бил главниот снабдувач на анасон и сродни зачини. ЕУ главно увезувала семе од ким од Индија, семе од коријандер од Русија и морско оревче од Индонезија. Од 2012 година увозот на зачини е зголемен за 57 отсто, соопшти Евростат.

The post Европејците најмногу сакаат ѓумбир, пиперка и бибер – за една гоина увезени 397 илјади тони зачини appeared first on Република.

]]>
Неколку зачини и хранливи додатоци за подобро здравје https://republika.mk/zivot/kujnski-tefter/nekolku-zachini-i-hranlivi-dodatoci-za-podobro-zdravje/ Fri, 15 Jul 2022 14:52:18 +0000 https://republika.mk/?p=529387

Истражувачите од проектот „Здрава исхрана“ (Healthy Nutrition) посочуваат пет зачини за подобрување на здравјето и зачувување на младоста и совети како правилно да се користат.

Куркумата помага во борбата со воспалителните процеси во телото, ја подобрува функцијата на мозокот и ја намалува опасноста од рак, благодарение на куркуминот. Таа е нерастворлива во вода и има мала стапка на апсорпција. Познавачите советуваат да се додаде и црн пипер во јадењата, покрај куркумата, оти тој ја зголемува апсорпцијата на куркуминот.

 

Циметот има смирувачки ефект. Цејлонскиот цимет, на пр., содржи и супстанции коишто се природни антисептици.

За ѓумбирот се вели дека може да смири треска, да ублажи настинка, помага при надуеност и гадење и го подобрува варењето на храната. Сепак, ѓумбирот може да има штетно влијание за луѓе со гастроинтестинални и бубрежни проблеми. Здравиот човек може да зема четири грама ѓумбир на ден.

Лукот е природен антибиотик. Супстанцијата алицин, којашто е одговорна за неговата терапевтска функција, се распаѓа при повисока топлина. За да се извлече максимумот од лукот, треба да се јаде свеж. Една глава дневно ги спречува симптомите на настинка и го забрзува закрепнувањето по болеста.

И лутите пиперки го продолжуваат животот. Ова го докажува труд спроведен од „Чајна биобенк“. Уникатната супстанција капсаицин во пиперките го подобрува метаболизмот и го намалува нивото на холестерол во крвта.

Стручњаците од проектот, сепак, препорачуваат и консултација со лекар пред редовно консумирање на овие зачини.

The post Неколку зачини и хранливи додатоци за подобро здравје appeared first on Република.

]]>

Истражувачите од проектот „Здрава исхрана“ (Healthy Nutrition) посочуваат пет зачини за подобрување на здравјето и зачувување на младоста и совети како правилно да се користат. Куркумата помага во борбата со воспалителните процеси во телото, ја подобрува функцијата на мозокот и ја намалува опасноста од рак, благодарение на куркуминот. Таа е нерастворлива во вода и има мала стапка на апсорпција. Познавачите советуваат да се додаде и црн пипер во јадењата, покрај куркумата, оти тој ја зголемува апсорпцијата на куркуминот.   Циметот има смирувачки ефект. Цејлонскиот цимет, на пр., содржи и супстанции коишто се природни антисептици. За ѓумбирот се вели дека може да смири треска, да ублажи настинка, помага при надуеност и гадење и го подобрува варењето на храната. Сепак, ѓумбирот може да има штетно влијание за луѓе со гастроинтестинални и бубрежни проблеми. Здравиот човек може да зема четири грама ѓумбир на ден. Лукот е природен антибиотик. Супстанцијата алицин, којашто е одговорна за неговата терапевтска функција, се распаѓа при повисока топлина. За да се извлече максимумот од лукот, треба да се јаде свеж. Една глава дневно ги спречува симптомите на настинка и го забрзува закрепнувањето по болеста. И лутите пиперки го продолжуваат животот. Ова го докажува труд спроведен од „Чајна биобенк“. Уникатната супстанција капсаицин во пиперките го подобрува метаболизмот и го намалува нивото на холестерол во крвта. Стручњаците од проектот, сепак, препорачуваат и консултација со лекар пред редовно консумирање на овие зачини.

The post Неколку зачини и хранливи додатоци за подобро здравје appeared first on Република.

]]>
Зачини ќе ги исчистат вашите бели дробови https://republika.mk/zivot/zdravje/zachini-kje-gi-ischistat-vashite-beli-drobovi/ Mon, 27 Jun 2022 10:24:16 +0000 https://republika.mk/?p=520209

Истражувањата покажале дека со конзумирање на одредени намирници можеме да му помогнеме на телото да се прочисти од токсините во организмот.

Кога сме кај чистење на белите дробови, еве кои се фаворитните прочистувачи.

Лук

Познати се лековитите својства на лукот, наречен е природен антибиотик. Содржи алицин кој ги уништува инфекциите на дишните патишта, а многу истражувања покажале дека е одличен прочистувач на белите дробови кај лицата кои се пушачи, но и бивши пушачи.

Најлековит е кога се конзумира сиров.

Ѓумбир

Многу лековити карактеристики го красат и ѓумбирот. Го зајакнува имунитетот, ја подобрува пробавата, ја намалува надуеноста, ги намалува воспалитетлните процеси, но и ги отстранува токсините во белите дробови па затоа се препорачува на пушачите и поранешните конзуматори на тутунски производи.

Дневно не би требало да се изеде повеќе од парченце ѓумбир со големина околу 2 см.

Куркума

Ако сакате да ги исчистите белите дробови во исхраната вклучете и куркума. Истражувањата докажале дека куркумата ги чисти белите дробови од штетни токсини кои се таложат особено како последица од пушењето и загадениот воздух. Куркумата е одлична и во превенција на болести на дишните патишта.

За да уживате во благодетите на куркумата помешајте ја со малку црн пипер.

The post Зачини ќе ги исчистат вашите бели дробови appeared first on Република.

]]>

Истражувањата покажале дека со конзумирање на одредени намирници можеме да му помогнеме на телото да се прочисти од токсините во организмот. Кога сме кај чистење на белите дробови, еве кои се фаворитните прочистувачи. Лук Познати се лековитите својства на лукот, наречен е природен антибиотик. Содржи алицин кој ги уништува инфекциите на дишните патишта, а многу истражувања покажале дека е одличен прочистувач на белите дробови кај лицата кои се пушачи, но и бивши пушачи. Најлековит е кога се конзумира сиров. Ѓумбир Многу лековити карактеристики го красат и ѓумбирот. Го зајакнува имунитетот, ја подобрува пробавата, ја намалува надуеноста, ги намалува воспалитетлните процеси, но и ги отстранува токсините во белите дробови па затоа се препорачува на пушачите и поранешните конзуматори на тутунски производи. Дневно не би требало да се изеде повеќе од парченце ѓумбир со големина околу 2 см. Куркума Ако сакате да ги исчистите белите дробови во исхраната вклучете и куркума. Истражувањата докажале дека куркумата ги чисти белите дробови од штетни токсини кои се таложат особено како последица од пушењето и загадениот воздух. Куркумата е одлична и во превенција на болести на дишните патишта. За да уживате во благодетите на куркумата помешајте ја со малку црн пипер.

The post Зачини ќе ги исчистат вашите бели дробови appeared first on Република.

]]>