забрана за товарни возила Archives - Република https://republika.mk/tema/zabrana-za-tovarni-vozila/ За подобро да се разбереме Sat, 20 Jan 2024 16:42:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png забрана за товарни возила Archives - Република https://republika.mk/tema/zabrana-za-tovarni-vozila/ 32 32 Воведена забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци https://republika.mk/zivot/servisi/vovedena-zabrana-za-teshki-tovarni-vozila-na-nekolku-patni-pravtsi/ Sat, 20 Jan 2024 16:51:38 +0000 https://republika.mk/?p=734979

Снегот кој паѓа изминатата вечер и утрово создаде снежни покривки на поголем дел од територијата на државата, осбено на повисоките места. Па така на неколку државни патни правци е воведена забрана за тешки товарни возила и автобуси – информираат од ЦУК. Оттаму велат дека досега до нив е пристигнат само еден повик за поголеми наноси на снег на патот од с.Железна река до с.Сарбиново Гостиварско , по што веднаш била испратена механизација за чистење на патот. Од ЦУК очекуваат најкритично да биде утре наутро кога по топењето на снегот и минусните температури, би се појавила голомразица.

„Поради врнежи од снег, забрана за тешки товарни возила од 4 часот има на патниот правец Гостивар кон Стража- Кичево и од Маврово кон Дебар, забрана за автобуси од 5 часот има на патниот правец Тетово-Попова Шапка, а за другите возила задолжителна е зимска опрема. Според информација од Македонија пат од 8:45 на патниот правец А2 Струга-граничен премин Кафасан има забрана за тешки товарни возила поради интензивни снежни врнежи. Досега немаме информации за завеани села.

И од Град Скопје посочуваат дека се подготвени за оддржување и чикстење на коловозите и булеварите, но и оттаму апелираат на особена внимателност на возачите.

Зимава снег за прв пат падна и во Скопје. Иако низ улиците на метрополата нема многу снег и сообраќајот се одвива непрекинато, сепак важно е во вакви временски услови возачите да бидат внимателни.

Камерата на Канал 5 ги забележа и екипите од Град Скопје на терен низ Скопските булевари

Најмногу врнежи од снег утринава има наврнато на Маврови Анови каде снежната покривка достигнала до осум сантиметри, пет во Попова Шапка и Дебар, два во Крива Паланка и Тетово, еден сантиметар во Крушево и Ѓуриште.

The post Воведена забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци appeared first on Република.

]]>

Снегот кој паѓа изминатата вечер и утрово создаде снежни покривки на поголем дел од територијата на државата, осбено на повисоките места. Па така на неколку државни патни правци е воведена забрана за тешки товарни возила и автобуси – информираат од ЦУК. Оттаму велат дека досега до нив е пристигнат само еден повик за поголеми наноси на снег на патот од с.Железна река до с.Сарбиново Гостиварско , по што веднаш била испратена механизација за чистење на патот. Од ЦУК очекуваат најкритично да биде утре наутро кога по топењето на снегот и минусните температури, би се појавила голомразица. „Поради врнежи од снег, забрана за тешки товарни возила од 4 часот има на патниот правец Гостивар кон Стража- Кичево и од Маврово кон Дебар, забрана за автобуси од 5 часот има на патниот правец Тетово-Попова Шапка, а за другите возила задолжителна е зимска опрема. Според информација од Македонија пат од 8:45 на патниот правец А2 Струга-граничен премин Кафасан има забрана за тешки товарни возила поради интензивни снежни врнежи. Досега немаме информации за завеани села. И од Град Скопје посочуваат дека се подготвени за оддржување и чикстење на коловозите и булеварите, но и оттаму апелираат на особена внимателност на возачите. Зимава снег за прв пат падна и во Скопје. Иако низ улиците на метрополата нема многу снег и сообраќајот се одвива непрекинато, сепак важно е во вакви временски услови возачите да бидат внимателни. Камерата на Канал 5 ги забележа и екипите од Град Скопје на терен низ Скопските булевари Најмногу врнежи од снег утринава има наврнато на Маврови Анови каде снежната покривка достигнала до осум сантиметри, пет во Попова Шапка и Дебар, два во Крива Паланка и Тетово, еден сантиметар во Крушево и Ѓуриште.

The post Воведена забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци appeared first on Република.

]]>
Oд денеска до 31 август ограничувања за сообраќај за тешки товарни возила https://republika.mk/zivot/servisi/od-deneska-do-31-avgust-ogranichuvanja-za-soobrakjaj-za-teshki-tovarni-vozila/ Fri, 01 Jul 2022 06:41:23 +0000 https://republika.mk/?p=521914

Од денеска до  31 август на државните патишта во земјава ќе се применува привремен режим на сообраќај во летниот период, со што се  забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Временските интервали на забраната за тешки товарни возила се: петок од  17 до 22 часот, сабота од 9 до 18 часот и недела од 9 до 22 часот.

Како што соопшти Автомотосојузот на Македонија, во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерството зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11 до 17 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување проекти на државните патишта со Јавното претпријатие за државни патишта.

Од денеска почнува и примена  на привремениот режим на сообраќај во летниот период, од 1 јули до 1 септември, на магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите.

Временските интервали на забраната за движење се: петок од 15 до 22 часот, сабота од 7 до 12 и од 18 до 24 часот и недела од 7 до 22 часот.

Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во земјава, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, наведува Автомотосојузот во известувањето.

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

The post Oд денеска до 31 август ограничувања за сообраќај за тешки товарни возила appeared first on Република.

]]>

Од денеска до  31 август на државните патишта во земјава ќе се применува привремен режим на сообраќај во летниот период, со што се  забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Временските интервали на забраната за тешки товарни возила се: петок од  17 до 22 часот, сабота од 9 до 18 часот и недела од 9 до 22 часот. Како што соопшти Автомотосојузот на Македонија, во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерството зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11 до 17 часот. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување проекти на државните патишта со Јавното претпријатие за државни патишта. Од денеска почнува и примена  на привремениот режим на сообраќај во летниот период, од 1 јули до 1 септември, на магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите. Временските интервали на забраната за движење се: петок од 15 до 22 часот, сабота од 7 до 12 и од 18 до 24 часот и недела од 7 до 22 часот.
Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во земјава, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, наведува Автомотосојузот во известувањето.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

The post Oд денеска до 31 август ограничувања за сообраќај за тешки товарни возила appeared first on Република.

]]>
Забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово https://republika.mk/zivot/servisi/zabrana-za-teshki-tovarni-vozila-na-patot-debar-mavrovo/ Fri, 21 Jan 2022 08:19:50 +0000 https://republika.mk/?p=447380

Поради обилни врнежи од снег, утрово од 4:50 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот R1202 Дебар – Маврово, соопшти Автомотосојузот.

Во северните и североисточните краеви на земјава поради врнежи од снег и дожд сообраќајот се одвива по влажни коловози додека во останатите делови по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово appeared first on Република.

]]>

Поради обилни врнежи од снег, утрово од 4:50 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот R1202 Дебар – Маврово, соопшти Автомотосојузот. Во северните и североисточните краеви на земјава поради врнежи од снег и дожд сообраќајот се одвива по влажни коловози додека во останатите делови по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово appeared first on Република.

]]>