забрана за приближување Archives - Република https://republika.mk/tema/zabrana-za-priblizhuvane/ За подобро да се разбереме Sat, 08 Jun 2024 09:48:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png забрана за приближување Archives - Република https://republika.mk/tema/zabrana-za-priblizhuvane/ 32 32 Имал забрана за приближување, но пак се вратил дома за да ги малтретира мајка му и брат му https://republika.mk/vesti/crna-hronika/imal-zabrana-za-priblizhuvane-no-pak-se-vratil-doma-za-da-gi-maltretira-majka-mu-i-brat-mu/ Sat, 08 Jun 2024 09:48:48 +0000 https://republika.mk/?p=785686

Неготинец е лишен од слобода бидејќи не почитувал судска забрана и им се заканувал на мајка си и братот, информираа денеска од СВР Велес.

Синоќа во 20 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.А.(27) од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 28-годишен брат, според која тој не го почитувал решението од Основен Суд Неготино со мерка забрана за приближување и влегување во домот, па дошол во домот и им упатил закани на пријавителот и нивната мајка, појаснија од СВР Велес.

Оттаму информираа дека З.М. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Имал забрана за приближување, но пак се вратил дома за да ги малтретира мајка му и брат му appeared first on Република.

]]>

Ѝ дошол дома и покрај забраната за приближување – уапсен неготинец насилник https://republika.mk/vesti/crna-hronika/doshol-doma-i-pokraj-zabranata-za-priblizhuvane-uapsen-negotinets-nasilnik/ Sun, 26 May 2024 14:14:25 +0000 https://republika.mk/?p=781831

Неготинец бил лишен од слобода поради непочитување на судска мерка и вознемирување на поранешна партнерка, информираа денеска од СВР Велес.

- Вчера во 16.00 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода З.М.(42) од Неготино, постапувајќи по претходна пријава од страна на неговата поранешна 37-годишна партнерка од тој град. Според пријавеното, З.М. не го почитувал решението од Основен суд Неготино со мерка забрана за приближување, дошол во нејзиниот дом и по кратка расправија скршил прозорец од домот. З.М. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од СВР Велес.

Оттаму додадоа дека завчера во 22.00 часот, во ОВР Неготино било пријавено дека на улица „Киро Крстев“ во градот, во дворот од семејната куќа на Ѓ.Т.(43), по кратка расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ѓ.Т. и М.Ј.(32) од Неготино.

Полициски службеници излегле на местото, со двете лица бил извршен службен разговор и по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Ѝ дошол дома и покрај забраната за приближување – уапсен неготинец насилник appeared first on Република.

]]>

Неготинец бил лишен од слобода поради непочитување на судска мерка и вознемирување на поранешна партнерка, информираа денеска од СВР Велес. - Вчера во 16.00 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода З.М.(42) од Неготино, постапувајќи по претходна пријава од страна на неговата поранешна 37-годишна партнерка од тој град. Според пријавеното, З.М. не го почитувал решението од Основен суд Неготино со мерка забрана за приближување, дошол во нејзиниот дом и по кратка расправија скршил прозорец од домот. З.М. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од СВР Велес. Оттаму додадоа дека завчера во 22.00 часот, во ОВР Неготино било пријавено дека на улица „Киро Крстев“ во градот, во дворот од семејната куќа на Ѓ.Т.(43), по кратка расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ѓ.Т. и М.Ј.(32) од Неготино. Полициски службеници излегле на местото, со двете лица бил извршен службен разговор и по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Ѝ дошол дома и покрај забраната за приближување – уапсен неготинец насилник appeared first on Република.

]]>
Забрана за приближување за жената што ја нападна Елена Ристеска https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zabrana-za-priblizhuvane-za-zhenata-shto-ja-napadna-elena-risteska/ Wed, 25 Oct 2023 15:24:58 +0000 https://republika.mk/?p=694983

Основното јавно обвинителство Скопје повело постапка против едно лице за кривично дело насилство од член 386 став 3, во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што денеска соопштија од Јавното обвинителство, осомничената 38-годишна скопјанка, на 23 октомври во угостителски објект во Скопје, извршила грубо насилство кон една оштетена, физички напаѓајќи ја со тврд предмет и нанесувајќи и повреда на главата.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/go-priznala-deloto-krivichna-prijava-za-zhenata-koja-ja-napadna-elena-risteska/

Притоа упатила и вербални закани кон оштетената и кон други присутни лица, со што предизвикала чувство на несигурност, загрозување и страв. Ценејќи ги сите околности, пред се можноста за повторување на агресивното и насилното однесување, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка на претпазливост – забрана за осомничената да се приближува или да воспоставува контакти со оштетената, појаснуваат од Јавното обвинителство.

The post Забрана за приближување за жената што ја нападна Елена Ристеска appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје повело постапка против едно лице за кривично дело насилство од член 386 став 3, во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што денеска соопштија од Јавното обвинителство, осомничената 38-годишна скопјанка, на 23 октомври во угостителски објект во Скопје, извршила грубо насилство кон една оштетена, физички напаѓајќи ја со тврд предмет и нанесувајќи и повреда на главата. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/go-priznala-deloto-krivichna-prijava-za-zhenata-koja-ja-napadna-elena-risteska/
Притоа упатила и вербални закани кон оштетената и кон други присутни лица, со што предизвикала чувство на несигурност, загрозување и страв. Ценејќи ги сите околности, пред се можноста за повторување на агресивното и насилното однесување, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка на претпазливост – забрана за осомничената да се приближува или да воспоставува контакти со оштетената, појаснуваат од Јавното обвинителство.

The post Забрана за приближување за жената што ја нападна Елена Ристеска appeared first on Република.

]]>
Забрана за приближување за скопјанец кој му се заканувал на градоначалникот на Карпош https://republika.mk/vesti/skopje/zabrana-za-priblizhuvane-za-skopjanets-koj-mu-se-zakanuval-na-gradonachalnikot-na-karposh/ Fri, 06 Oct 2023 08:13:49 +0000 https://republika.mk/?p=688439

Основното јавно обвинителство Скопје повело постапка против 60 годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста предвидено во член 144 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

Како што денеска информираа од Јавно обвинителство на Република Македонија, на 4 октомври, осомничениот со моторцикл дошол пред куќата на градоначалникот на Општина Карпош и неговото семејство, па без причина најпрво започнал на висок тон да го навредува, а потоа и вербално да се заканува дека ќе го убие и ќе му го уништи животот. Со заканите продолжил и кон сосед кој случајно поминувал таму.

Истиот ден, во вечерните часови, осомничениот телефонски му се јавил на градоначалникот и продолжил да му се заканува. Откако оштетениот го прекинал телефонскиот разговор, продолжил да му испраќа заканувачки пораки на вибер-апликација. Додека оштетениот го пријавувал настанот во полициска станица, осомничениот отишол во неговиот дом, викал и упорно ѕвонел на влезната врата, вознемирувајќи ги членовите на семејството, појаснуваат од Обвинителството.

Јавниот обвинител на судот му предложил да определи мерка на претпазливост – забрана за осомничениот да се приближува, да воспоставува или одржува контакти со оштетените лица на кои им ја загрозил сигурноста.

The post Забрана за приближување за скопјанец кој му се заканувал на градоначалникот на Карпош appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје повело постапка против 60 годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста предвидено во член 144 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Како што денеска информираа од Јавно обвинителство на Република Македонија, на 4 октомври, осомничениот со моторцикл дошол пред куќата на градоначалникот на Општина Карпош и неговото семејство, па без причина најпрво започнал на висок тон да го навредува, а потоа и вербално да се заканува дека ќе го убие и ќе му го уништи животот. Со заканите продолжил и кон сосед кој случајно поминувал таму.