за уставни измени Archives - Република https://republika.mk/tema/za-ustavni-izmeni/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Jun 2023 19:28:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png за уставни измени Archives - Република https://republika.mk/tema/za-ustavni-izmeni/ 32 32 Бојан Маричиќ во црвено елече побара уставни измени https://republika.mk/vesti/makedonija/bojan-marichik-vo-tsrveno-eleche-pobar-ustavni-izmeni/ Fri, 23 Jun 2023 19:24:03 +0000 https://republika.mk/?p=654546

Постои оптимизам дека европската перспектива може да стане реалност со заедничка одговорност на сите парламентарни партии, затоа што членството во ЕУ е одговорност на сите, порача секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ на средба со граѓаните на Куманово во рамки партискиот караван „Рамо до рамо до победа“.

Маричиќ додаде дека сега е вистинскиот момент за нов чекор на европскиот пат и затоа дијалогот треба да продолжи.

- Нема да се откажеме од дијалогот, дијалогот е најдобро средство и ќе се обратиме до секој пратеник, до секоја политичка партија затоа што сметаме дека сите имаат одговорност. Ако цела европска и светска јавност ни вели дека сега е вистинскиот момент и ние знаеме што се нашите обврски, вистинското место, вистинското време за отворање на дијалогот е сега, порача Маричиќ, додавајќи дека по 17 години во чекалната на ЕУ, државата и граѓаните немаат време за губење.

The post Бојан Маричиќ во црвено елече побара уставни измени appeared first on Република.

]]>

Постои оптимизам дека европската перспектива може да стане реалност со заедничка одговорност на сите парламентарни партии, затоа што членството во ЕУ е одговорност на сите, порача секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ на средба со граѓаните на Куманово во рамки партискиот караван „Рамо до рамо до победа“. Маричиќ додаде дека сега е вистинскиот момент за нов чекор на европскиот пат и затоа дијалогот треба да продолжи.
- Нема да се откажеме од дијалогот, дијалогот е најдобро средство и ќе се обратиме до секој пратеник, до секоја политичка партија затоа што сметаме дека сите имаат одговорност. Ако цела европска и светска јавност ни вели дека сега е вистинскиот момент и ние знаеме што се нашите обврски, вистинското место, вистинското време за отворање на дијалогот е сега, порача Маричиќ, додавајќи дека по 17 години во чекалната на ЕУ, државата и граѓаните немаат време за губење.

The post Бојан Маричиќ во црвено елече побара уставни измени appeared first on Република.

]]>
Во среда или во четврток ќе започне со работа работната група за уставни измени https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-sreda-ili-vo-chetvrtok-ke-zapochne-so-rabota-rabotnata-grupa-za-ustavni-izmeni/ Sun, 23 Apr 2023 19:12:19 +0000 https://republika.mk/?p=633357

Работната група за уставни измени се очекува в среда или во четврток да ја одржи првата седница. Ова за МИА го потврдиле од Министерството за правда.

Експертската работна група ќе ја сочинуваат Сали Мурати – поранешен претседател на Уставен суд, Маргарита Цаца Николовска – поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Бајрам Положани – поранешен уставен судија и професор по уставно право, Бранко Наумовски – поранешен претседател на Уставен суд, Јетон Шасивари – професор на Универзитетот на ЈИЕ, Ана Чупеска – професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Елена Михајлова Стратилати – професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Беса Арифи – професор на Универзитетот на ЈИЕ, Јагода Митревска – професор на Меѓународен Славјански Универзитет и Марија Пандевска – професор на Институт за национална историја.

Партиите за членови во Работната група за уставни измени ги предложија Цветанка Иванова од СДСМ, Арбр Адеми од ДУИ, Ремзи Мехмеди од Алијанса на Албанците, Соња Мираковска од НСДП, Нано Ружин од ЛДП, Христа Најданов од ДОМ, Темелко Ристески од Партијата на пензионери, Раметула Куќи од ДПА, Еран Куртиш од Партијата за движење на Турците и Бејџан Илјас од Демократската партија на Турците.

Од институциите предложени се Александар Спасов од Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Драган Тилев од Секретаријатот за европски прашања и Шпенд Садики од Министерството за надворешни работи.

Списокот на Работната група ќе се дополнува во наредниот период и со други членови кои ќе дадат свој придонес во подготовката на уставните измени.

Работното тело е формирано од Министерството за правда кое е задолжено од Владата да ја подготви предлог иницијативата за потребата од уставни измени.

Владата е предлагач на уставните измени. Откако ќе се подготват измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието.

The post Во среда или во четврток ќе започне со работа работната група за уставни измени appeared first on Република.

]]>

Работната група за уставни измени се очекува в среда или во четврток да ја одржи првата седница. Ова за МИА го потврдиле од Министерството за правда. Експертската работна група ќе ја сочинуваат Сали Мурати – поранешен претседател на Уставен суд, Маргарита Цаца Николовска – поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Бајрам Положани – поранешен уставен судија и професор по уставно право, Бранко Наумовски – поранешен претседател на Уставен суд, Јетон Шасивари – професор на Универзитетот на ЈИЕ, Ана Чупеска – професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Елена Михајлова Стратилати – професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Беса Арифи – професор на Универзитетот на ЈИЕ, Јагода Митревска – професор на Меѓународен Славјански Универзитет и Марија Пандевска – професор на Институт за национална историја. Партиите за членови во Работната група за уставни измени ги предложија Цветанка Иванова од СДСМ, Арбр Адеми од ДУИ, Ремзи Мехмеди од Алијанса на Албанците, Соња Мираковска од НСДП, Нано Ружин од ЛДП, Христа Најданов од ДОМ, Темелко Ристески од Партијата на пензионери, Раметула Куќи од ДПА, Еран Куртиш од Партијата за движење на Турците и Бејџан Илјас од Демократската партија на Турците. Од институциите предложени се Александар Спасов од Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Драган Тилев од Секретаријатот за европски прашања и Шпенд Садики од Министерството за надворешни работи. Списокот на Работната група ќе се дополнува во наредниот период и со други членови кои ќе дадат свој придонес во подготовката на уставните измени. Работното тело е формирано од Министерството за правда кое е задолжено од Владата да ја подготви предлог иницијативата за потребата од уставни измени. Владата е предлагач на уставните измени. Откако ќе се подготват измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието.

The post Во среда или во четврток ќе започне со работа работната група за уставни измени appeared first on Република.

]]>