вжештен автомобил Archives - Република https://republika.mk/tema/vzheshten-avtomobil/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Jul 2024 05:59:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вжештен автомобил Archives - Република https://republika.mk/tema/vzheshten-avtomobil/ 32 32 Полициско куче угина откако беше оставено во вжештен автомобил час и половина https://republika.mk/vesti/crna-hronika/politsisko-kuche-ugina-otkako-beshe-ostaveno-vo-vzheshten-avtomobil-chas-i-polovina/ Wed, 24 Jul 2024 07:48:36 +0000 https://republika.mk/?p=799690

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Д.М., полициски службеник на работно место водич на службено куче, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „убивање и мачење на животни“, по член 233 од Кривичниот законик.

Пријавениот на 12.06.2024 година од 10.00 до 12.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, по завршување на работните задачи со службеното куче, согласно наредба за вршење на служба, во задниот дел од службеното возило „дачија“, во боксот за транспорт го сместил службеното куче, раса белгиски овчар, го паркирал возилото со исклучени мотор и клима, а вклучена вентилација и го напуштил возилото на час и половина. Откако се вратил назад, забележал дека кучето било во лоша здравствена состојба, по што се упатил во ветеринарна станица каде било констатирано дека кучето веќе угинало, соопшти МВР.

По извршена обдукција од страна на Факултет за ветеринарство било утврдено дека причина за угинувањето на кучето е угушување, предизвикано од топлотен удар.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди согласно своите надлежности и овластувања против полицискиот службеник Д.М. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска и на материјална одговорност.

 

The post Полициско куче угина откако беше оставено во вжештен автомобил час и половина appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Д.М., полициски службеник на работно место водич на службено куче, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „убивање и мачење на животни“, по член 233 од Кривичниот законик.
Пријавениот на 12.06.2024 година од 10.00 до 12.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, по завршување на работните задачи со службеното куче, согласно наредба за вршење на служба, во задниот дел од службеното возило „дачија“, во боксот за транспорт го сместил службеното куче, раса белгиски овчар, го паркирал возилото со исклучени мотор и клима, а вклучена вентилација и го напуштил возилото на час и половина. Откако се вратил назад, забележал дека кучето било во лоша здравствена состојба, по што се упатил во ветеринарна станица каде било констатирано дека кучето веќе угинало, соопшти МВР.
По извршена обдукција од страна на Факултет за ветеринарство било утврдено дека причина за угинувањето на кучето е угушување, предизвикано од топлотен удар. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди согласно своите надлежности и овластувања против полицискиот службеник Д.М. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска и на материјална одговорност.  

The post Полициско куче угина откако беше оставено во вжештен автомобил час и половина appeared first on Република.

]]>
Бебе почина од топлотен удар, родителите го оставиле во автомобил за да одат на миса https://republika.mk/vesti/svet/bebe-pochina-od-toploten-udar-roditelite-go-ostavile-vo-avtomobil-za-da-odat-na-misa/ Wed, 31 May 2023 11:47:12 +0000 https://republika.mk/?p=646455

Единаесетмесечно девојче почина од топлотен удар откако била оставена заклучена во автомобил над три часа, додека родителите присуствувале на црковна миса. Несреќата се случила во Палм Беј, Флорида во неделата, 28 мај, кога температурата била 27 степени, но во вжештеното возило достигнала околу 38 степени.

Кога завршила мисата, родителите биле шокирани кога виделе дека нивната ќерка е во несвест.

Брза помош набрзо пристигнала на лице место и го пренела девојчето во локалната болница. Сепак, лекарите набрзо констатирале смрт на девојчето.

Полицијата се уште го истражува инцидентот и засега родителите не се уапсени.

Неколку дена пред оваа трагедија, едногодишно дете починало во Вашингтон откако било оставено во автомобил повеќе од девет часа, потсетува „Мирор“.

 

The post Бебе почина од топлотен удар, родителите го оставиле во автомобил за да одат на миса appeared first on Република.

]]>

Единаесетмесечно девојче почина од топлотен удар откако била оставена заклучена во автомобил над три часа, додека родителите присуствувале на црковна миса. Несреќата се случила во Палм Беј, Флорида во неделата, 28 мај, кога температурата била 27 степени, но во вжештеното возило достигнала околу 38 степени. Кога завршила мисата, родителите биле шокирани кога виделе дека нивната ќерка е во несвест. Брза помош набрзо пристигнала на лице место и го пренела девојчето во локалната болница. Сепак, лекарите набрзо констатирале смрт на девојчето. Полицијата се уште го истражува инцидентот и засега родителите не се уапсени. Неколку дена пред оваа трагедија, едногодишно дете починало во Вашингтон откако било оставено во автомобил повеќе од девет часа, потсетува „Мирор“.  

The post Бебе почина од топлотен удар, родителите го оставиле во автомобил за да одат на миса appeared first on Република.

]]>