Вулин Archives - Република https://republika.mk/tema/vulin/ За подобро да се разбереме Sat, 04 Nov 2023 11:56:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Вулин Archives - Република https://republika.mk/tema/vulin/ 32 32 Данијел Сервер: Оставката на Вулин не значи отстапување во политиката на Србија кон Русија https://republika.mk/vesti/balkan/danijel-server-ostavkata-na-vulin-ne-znachi-otstapuvane-vo-politikata-na-srbija-kon-rusija/ Sat, 04 Nov 2023 13:34:47 +0000 https://republika.mk/?p=698109

Александар Вулин поднесе оставка од функцијата директор на Безбедносно-информативната служба (БИА) на Србија под притисок на Европејците и Американците, изјави за РСЕ Даниел Сервер, професор на американскиот универзитет Џон Хопкинс, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој смета дека неговата оставка не претставува отстапување на политиката на Србија во поддршка на Русија, туку обид да се избегнат дополнителни санкции.

-Тој поднесе оставка под притисок на Европејците и Американците. Но, фактот дека беа потребни три месеци, а не три дена, покажува дека имало вистински отпор од претседателот (на Србија) Александар Вучиќ, кој го дели светогледот на Вулин и српската амбиција за политичка контрола на српското население во соседните земји, ка Сервер.

Во одговор на прашањата на РСЕ, Сервер оцени дека Вашингтон ќе ја поздрави оставката на Вулин, додека Москва ќе биде незадоволна.

-Мислам дека не треба лично да се обвинува за штетата што е направена. Колку што разбрав, во БИА длабоко се навлезени Русите. Врската со Москва Вулин ја дозволи и ја негуваше, но и други во БИА кои се уште се таму. Русите и Американците знаат дека Вулин не е единствениот руски човек во БИА.

Во поглег дали оставката на Вулин ја отстранила можноста за руско влијание врз тајната служба во Србија,Сервер кратко одговори: Не, очигледно не.

Александар Вулин, директор на Безбедносно-информативната агенција на Србија (БИА), поднесе оставка од таа функција на 3 ноември.

Тој изјави дека САД и ЕУ „ја бараат неговата глава како предуслов за да не се воведат санкции кон Србија“.

Во јули, САД го ставија Вулин на списокот со санкции поради наводна корупција и вмешаност во трговија со дрога и врски со Русија.

The post Данијел Сервер: Оставката на Вулин не значи отстапување во политиката на Србија кон Русија appeared first on Република.

]]>

Александар Вулин поднесе оставка од функцијата директор на Безбедносно-информативната служба (БИА) на Србија под притисок на Европејците и Американците, изјави за РСЕ Даниел Сервер, професор на американскиот универзитет Џон Хопкинс, јави дописникот на МИА од Белград. Тој смета дека неговата оставка не претставува отстапување на политиката на Србија во поддршка на Русија, туку обид да се избегнат дополнителни санкции. -Тој поднесе оставка под притисок на Европејците и Американците. Но, фактот дека беа потребни три месеци, а не три дена, покажува дека имало вистински отпор од претседателот (на Србија) Александар Вучиќ, кој го дели светогледот на Вулин и српската амбиција за политичка контрола на српското население во соседните земји, ка Сервер. Во одговор на прашањата на РСЕ, Сервер оцени дека Вашингтон ќе ја поздрави оставката на Вулин, додека Москва ќе биде незадоволна. -Мислам дека не треба лично да се обвинува за штетата што е направена. Колку што разбрав, во БИА длабоко се навлезени Русите. Врската со Москва Вулин ја дозволи и ја негуваше, но и други во БИА кои се уште се таму. Русите и Американците знаат дека Вулин не е единствениот руски човек во БИА. Во поглег дали оставката на Вулин ја отстранила можноста за руско влијание врз тајната служба во Србија,Сервер кратко одговори: Не, очигледно не. Александар Вулин, директор на Безбедносно-информативната агенција на Србија (БИА), поднесе оставка од таа функција на 3 ноември. Тој изјави дека САД и ЕУ „ја бараат неговата глава како предуслов за да не се воведат санкции кон Србија“. Во јули, САД го ставија Вулин на списокот со санкции поради наводна корупција и вмешаност во трговија со дрога и врски со Русија.

The post Данијел Сервер: Оставката на Вулин не значи отстапување во политиката на Србија кон Русија appeared first on Република.

]]>
Вулин виден во Ерусалим, три дена по нападот на северот на Косово https://republika.mk/vesti/balkan/vulin-viden-vo-erusalim-tri-dena-po-napadot-na-severot-na-kosovo/ Wed, 27 Sep 2023 16:29:33 +0000 https://republika.mk/?p=685738

Директорот на Безбедносно-информативната агенција на Србија (БИА) Александар Вулин е фотографиран во Ерусалим, три дена по вооружениот инцидент на Косово во кој загинаа косовски полицаец и тројца Срби кои ја нападнаа полицијата, објави порталот Нова.рс.

Фотографиите до кои дојде порталот Nova.rs откриваат дека првиот човек на БИА бил во црквата на Светиот гроб, придружуван од обезбедувањето, каде што дошол да се поклони.

Како што изјавиле соговорниците на Нова.рс, Вулин дошол во црквата придружуван од обезбедувањето.

Ги запреа сите аџии за да може да влезе преку линијата. Тој беше таму 20-тина минути и си замина“, вели соговорникот на Нова.рс.

Александар Вулин ретко се појавува во јавноста откако е на чело на Безбедносно-информативната агенција.

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељал Свечља, објави дека еден од тројцата вооружени српски напаѓачи, убиени во неделата во акцијата на косовската полиција во Бањска кај Звечан, е телохранител на шефот на Агенцијата за разузнавање во Србија (БИА), Александар Вулин.

На неговата страница на Фејсбук, Свечља објави слика од убиениот Бојан Мијаиловиќ, за кого тврди дека како телохранител го придружувал Вулин за време на неговата посета на Косово во 2013 година, како тогашен министер за внатрешни работи.

The post Вулин виден во Ерусалим, три дена по нападот на северот на Косово appeared first on Република.

]]>

Директорот на Безбедносно-информативната агенција на Србија (БИА) Александар Вулин е фотографиран во Ерусалим, три дена по вооружениот инцидент на Косово во кој загинаа косовски полицаец и тројца Срби кои ја нападнаа полицијата, објави порталот Нова.рс. Фотографиите до кои дојде порталот Nova.rs откриваат дека првиот човек на БИА бил во црквата на Светиот гроб, придружуван од обезбедувањето, каде што дошол да се поклони. Како што изјавиле соговорниците на Нова.рс, Вулин дошол во црквата придружуван од обезбедувањето.
Ги запреа сите аџии за да може да влезе преку линијата. Тој беше таму 20-тина минути и си замина“, вели соговорникот на Нова.рс.
Александар Вулин ретко се појавува во јавноста откако е на чело на Безбедносно-информативната агенција. Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељал Свечља, објави дека еден од тројцата вооружени српски напаѓачи, убиени во неделата во акцијата на косовската полиција во Бањска кај Звечан, е телохранител на шефот на Агенцијата за разузнавање во Србија (БИА), Александар Вулин. На неговата страница на Фејсбук, Свечља објави слика од убиениот Бојан Мијаиловиќ, за кого тврди дека како телохранител го придружувал Вулин за време на неговата посета на Косово во 2013 година, како тогашен министер за внатрешни работи.

The post Вулин виден во Ерусалим, три дена по нападот на северот на Косово appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Американските санкции кон Вулин се поради неговиот однос кон Русија https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-amerikanskite-sanktsii-kon-vulin-se-poradi-negoviot-odnos-kon-rusija/ Wed, 12 Jul 2023 08:56:05 +0000 https://republika.mk/?p=660326

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека САД не вовеле санкции за директорот на Безбедносно-информативната агенција (БИА), Александар Вулин, поради неговата вмешаност во криминал или корупција, туку поради неговиот однос кон Руската Федерација.

Кокаинот не беше пронајден во кабинетот на Вулин, туку во Белата куќа. Мислам дека е многу важно да се спроведе истрага затоа што тоа е некоја општа статија што ја користат за да напишат нешто. Утре детално ќе зборувам за сето тоа. За неговата позиција и позицијата на државата Србија, рече Вучиќ.

Вучиќ изјави дека упатил официјално барање за средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој претходно изјави дека е секогаш подготвен за средба со него и изрази загриженост за тензиите на Косово.

Тој вчера имаше самит во Вилнус, очекувам да се видиме во наредните денови, изјави Вучиќ и додаде дека барањето за средба со Столтенберг го испратил вчера.

Тој наведе дека неговото прашање е како тоа САД да воведуваат санкции против директорот на Безбедносно-информативната агенција Александар Вулин, а нема санкции за министерот за внатрешни работи на Косово, Џељал Свечља.

Нема и нема ни да има, знаеме како треба да се создаде рамнотежа, заклучи Вучиќ.

The post Вучиќ: Американските санкции кон Вулин се поради неговиот однос кон Русија appeared first on Република.