втора година по ред Archives - Република https://republika.mk/tema/vtora-godina-po-red/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Jun 2023 17:40:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png втора година по ред Archives - Република https://republika.mk/tema/vtora-godina-po-red/ 32 32 Никола Димитров се жали: Втора година по ред не ме канат на Преспа форумот! https://republika.mk/vesti/makedonija/nikola-dimitrov-se-zhali-vtora-godina-po-red-ne-me-kanat-na-prespa-forumot/ Thu, 15 Jun 2023 17:40:30 +0000 https://republika.mk/?p=651839

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и министер за надворешни работи Никола Димитров во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 рече дека втора година по ред Владата и МНР како организатори на Преспа форумот за дијалог, кој годинава е во тек во Струга, не сакаат да го поканат да учествува.

Две години по ред не сум поканет на Преспа форум. Ќе се видиме на Преспа форумот, ќе ми речат странците, а јас во наводници им кажувам дека нема да дојдам. Ова што е повик за единство се празни зборови и полутажна ситуација, рече потписникот на Преспанскиот договор.

Димитров ги повтори своите критики дека 80-90 отсто од евентуалниот влез на Македонија во ЕУ зависи од наш самите.

Бродот оди надолу, има неуспеси во реформите, образованието, здравството, а спасот се гледа во еден кош - проширувањето на ЕУ, но драстична е разликата од тоа што се зборува и тоа што се зборува дома, вели Димитров.

Тој додаде дека под претпоставка уште утре Брисел да не прифати како земја-членка, младите со ЕУ-пасош ќе се разбегаат, затоа што ништо не е средено и тоа е потврда дека нас повеќе ни е потребен процесот, отколку самото членство.

Во поглед на уставните измени и преговорите помеѓу политичките партии, тој вели дека Софија ако сака да биде искрен пријател треба да седне повторно на маса и да направи отстапки.

Ние имаме поприлично едностран договор пренаклонет кон една членка, кон бугарските позиции, кој е неспроведлив. Бугарија треба да размисли ако сака да ги заштити тие работи треба да направи нешто и за македонската страна. Пакетот е толку искривен и ние сме толку навредени заради негацијата, што многу граѓани во Софија гледаат непријател. Ако им е гајле за нашите односи, Софија треба да се вложи. Оваа дебата кој да влезе кој да излезе од влада е само едно замачкување, смета Димитров.

The post Никола Димитров се жали: Втора година по ред не ме канат на Преспа форумот! appeared first on Република.

]]>

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и министер за надворешни работи Никола Димитров во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 рече дека втора година по ред Владата и МНР како организатори на Преспа форумот за дијалог, кој годинава е во тек во Струга, не сакаат да го поканат да учествува.
Две години по ред не сум поканет на Преспа форум. Ќе се видиме на Преспа форумот, ќе ми речат странците, а јас во наводници им кажувам дека нема да дојдам. Ова што е повик за единство се празни зборови и полутажна ситуација, рече потписникот на Преспанскиот договор.
Димитров ги повтори своите критики дека 80-90 отсто од евентуалниот влез на Македонија во ЕУ зависи од наш самите.
Бродот оди надолу, има неуспеси во реформите, образованието, здравството, а спасот се гледа во еден кош - проширувањето на ЕУ, но драстична е разликата од тоа што се зборува и тоа што се зборува дома, вели Димитров.
Тој додаде дека под претпоставка уште утре Брисел да не прифати како земја-членка, младите со ЕУ-пасош ќе се разбегаат, затоа што ништо не е средено и тоа е потврда дека нас повеќе ни е потребен процесот, отколку самото членство. Во поглед на уставните измени и преговорите помеѓу политичките партии, тој вели дека Софија ако сака да биде искрен пријател треба да седне повторно на маса и да направи отстапки.