втор уписен рок Archives - Република https://republika.mk/tema/vtor-upisen-rok/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Sep 2024 13:14:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png втор уписен рок Archives - Република https://republika.mk/tema/vtor-upisen-rok/ 32 32 Денеска и утре е вториот уписен рок на УКИМ https://republika.mk/vesti/makedonija/deneska-i-utre-e-vtoriot-upisen-rok-na-ukim/ Tue, 17 Sep 2024 13:14:58 +0000 https://republika.mk/?p=817143

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска и утре е пријавувањето во вториот рок за упис во прва година додипломски студии за учебната 2024/2025 година. По првиот уписен рок на 29 и 30 август, слободни места има на речиси сите факултети во состав на Скопскиот универзитет.

Според информациите од УКИМ, на Архитектонскиот факултет во првиот уписен рок се пополнети сите слободни места, додека на Градежен факултет се слободни 233, од кои 123 се наменети за редовни студенти кои се финансираат од државниот буџет, а 110 за редовни студенти со школарина.

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) за редовни студенти во државна квота се слободни 194 места, а за тие што ќе ги кофинансираат студиите слободни се 99 места.

На ФИНКИ (Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство) за редовни студенти во државна квота има 59 места, од кои најмногу (41) на насоката компјутерско инженерство. За редовни студенти со школарина на ФИНКИ има 254 слободни места.

За редовни студенти на Машинскиот факултет за вториот уписен рок има 452 места, на Технолошко-металуршкиот факултет 238, на Природно-математичкиот факултет за редовни студенти во државна квота слободни се 418 места, за студенти во приватна квота 324 места, а за вонредни студенти 103 места.

На Економскиот факултет нема слободни места за студенти кои се финансираат од буџетот на РСМ, додека за редовни студенти со школарина слободни се 89 места и 49 за вонредни. На Правниот факултет „Јустинијан Први“ има 100 слободни места во државната квора, за студенти со школарина 323 и за вонредни студенти слободни се 49 места.

На Филозофскиот факултет слободни има 592, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ околу 300 места за сите насоки, за редовни и за вонредни студенти. На Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ за редовни студенти во државна квота се слободни 96 места, за студенти со школарина 150, додека за вонредни студенти во вториот уписен рок има 46 места.

На Факултетот за физичко образование, спорт и здравје нема слободни места за редовни студенти кои се финансираат од државниот буџет, а за редовни со кофинансирање има 73 места и за вонредни 98 места.

- Само девет места се слободни на Медицинскиот факултет за студенти кои се финансираат од Буџетот на РСМ, додека за редовни студенти со школарина се слободни 106 места, а за вонредни 92 места. На Фармацевтскиот факултет се слободни 71 место, додека на Стоматолошкиот факултет само 13 места, соопшти УКИМ.

На Факултетот за земјоделски науки и храна има 292 слободни места за редовни студенти во државна квота, 120 за студенти со школарина и 83 за вонредни студенти. На Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ се слободни 161 место, на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер има 57 места и на Факултетот за ветеринарна медицина слободни се 52 места.

- Само едно место е слободно на Факултетот за драмски уметности, додека на Факултетот за ликовна уметност само седум места. На Факултетот за музичка уметност се слободни вкупно 141 место за вториот уписен рок на прв циклус студии, од кои 52 за студенти во државна квота, а 89 за студенти во приватна квота, информира УКИМ на чија веб-страница www.ukim.edu.mk има повеќе информации за уписот на додипломски студии.

 

The post Денеска и утре е вториот уписен рок на УКИМ appeared first on Република.

]]>

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска и утре е пријавувањето во вториот рок за упис во прва година додипломски студии за учебната 2024/2025 година. По првиот уписен рок на 29 и 30 август, слободни места има на речиси сите факултети во состав на Скопскиот универзитет. Според информациите од УКИМ, на Архитектонскиот факултет во првиот уписен рок се пополнети сите слободни места, додека на Градежен факултет се слободни 233, од кои 123 се наменети за редовни студенти кои се финансираат од државниот буџет, а 110 за редовни студенти со школарина. На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) за редовни студенти во државна квота се слободни 194 места, а за тие што ќе ги кофинансираат студиите слободни се 99 места. На ФИНКИ (Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство) за редовни студенти во државна квота има 59 места, од кои најмногу (41) на насоката компјутерско инженерство. За редовни студенти со школарина на ФИНКИ има 254 слободни места. За редовни студенти на Машинскиот факултет за вториот уписен рок има 452 места, на Технолошко-металуршкиот факултет 238, на Природно-математичкиот факултет за редовни студенти во државна квота слободни се 418 места, за студенти во приватна квота 324 места, а за вонредни студенти 103 места. На Економскиот факултет нема слободни места за студенти кои се финансираат од буџетот на РСМ, додека за редовни студенти со школарина слободни се 89 места и 49 за вонредни. На Правниот факултет „Јустинијан Први“ има 100 слободни места во државната квора, за студенти со школарина 323 и за вонредни студенти слободни се 49 места. На Филозофскиот факултет слободни има 592, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ околу 300 места за сите насоки, за редовни и за вонредни студенти. На Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ за редовни студенти во државна квота се слободни 96 места, за студенти со школарина 150, додека за вонредни студенти во вториот уписен рок има 46 места. На Факултетот за физичко образование, спорт и здравје нема слободни места за редовни студенти кои се финансираат од државниот буџет, а за редовни со кофинансирање има 73 места и за вонредни 98 места. - Само девет места се слободни на Медицинскиот факултет за студенти кои се финансираат од Буџетот на РСМ, додека за редовни студенти со школарина се слободни 106 места, а за вонредни 92 места. На Фармацевтскиот факултет се слободни 71 место, додека на Стоматолошкиот факултет само 13 места, соопшти УКИМ. На Факултетот за земјоделски науки и храна има 292 слободни места за редовни студенти во државна квота, 120 за студенти со школарина и 83 за вонредни студенти. На Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ се слободни 161 место, на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер има 57 места и на Факултетот за ветеринарна медицина слободни се 52 места. - Само едно место е слободно на Факултетот за драмски уметности, додека на Факултетот за ликовна уметност само седум места. На Факултетот за музичка уметност се слободни вкупно 141 место за вториот уписен рок на прв циклус студии, од кои 52 за студенти во државна квота, а 89 за студенти во приватна квота, информира УКИМ на чија веб-страница www.ukim.edu.mk има повеќе информации за уписот на додипломски студии.  

The post Денеска и утре е вториот уписен рок на УКИМ appeared first on Република.

]]>
Од скопската петорка гимназии само во „Раде Јовчевски Корчагин“ има слободно место за вториот уписен рок https://republika.mk/vesti/makedonija/od-skopskata-petorka-gimnazii-samo-vo-rade-jovchevski-korchagin-ima-slobodno-mesto-za-vtoriot-upisen-rok/ Fri, 28 Jun 2024 10:28:23 +0000 https://republika.mk/?p=791530

Тестирање за упис во средно годинава има во две училишта во Македонија, објави Министерството за образование и наука (МОН) по објавувањето на ранг-листите по првото пријавување на учениците. Првото пријавување се реализира од 20 до 25 јуни, а на 26 беа објавени ранг-листите.

Денеска ќе има квалификациско тестирање во СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Град Скопје, здравствена струка за образовните профили фармацевтски техничар, медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик и во СОУУД „Димитар Влахов“ - Струмица, здравствена струка за образовниот профил медицинска сестра, на македонски наставен јазик. Конечните ранг-листи со резултатите од полагањето, според МОН, ќе бидат објавени денеска.

Од скопската петорка гимназии слободно место за вториот уписен рок кој е закажан за први и втори јули има само во СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, околу 60 места. МОН објави дека конкурсот за запишување ученици е завршен за гимназиско образование во „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“, „Георги Димиторв“ и „Орце Николов“.

Финалните ранг-листи покажуваат дека во првото пријавување се пријавиле 15.786 ученици, а се запишале 13.882. Според видот на образованието, во првото пријавување запишани се вкупно 4.316 ученици во гимназиско образование и 9.566 ученици во стручно образование.

Слободни места за второто пријавување има за вкупно 17.272 ученици. Во гимназиско образование има 4.878 слободни места, додека во стручно образование 12.394.

Ранг-листа на запишани ученици се објавува на 3 јули 2024 година на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет-страница, до 09:00 часот.

Пријавувањето за упис во средно се одвива електронски, односно учениците треба да пополнат е-пријава. Потоа, сите документи треба да ги однесат во хартиена форма во училиштата.

 

The post Од скопската петорка гимназии само во „Раде Јовчевски Корчагин“ има слободно место за вториот уписен рок appeared first on Република.

]]>

Тестирање за упис во средно годинава има во две училишта во Македонија, објави Министерството за образование и наука (МОН) по објавувањето на ранг-листите по првото пријавување на учениците. Првото пријавување се реализира од 20 до 25 јуни, а на 26 беа објавени ранг-листите. Денеска ќе има квалификациско тестирање во СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Град Скопје, здравствена струка за образовните профили фармацевтски техничар, медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик и во СОУУД „Димитар Влахов“ - Струмица, здравствена струка за образовниот профил медицинска сестра, на македонски наставен јазик. Конечните ранг-листи со резултатите од полагањето, според МОН, ќе бидат објавени денеска. Од скопската петорка гимназии слободно место за вториот уписен рок кој е закажан за први и втори јули има само во СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, околу 60 места. МОН објави дека конкурсот за запишување ученици е завршен за гимназиско образование во „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“, „Георги Димиторв“ и „Орце Николов“. Финалните ранг-листи покажуваат дека во првото пријавување се пријавиле 15.786 ученици, а се запишале 13.882. Според видот на образованието, во првото пријавување запишани се вкупно 4.316 ученици во гимназиско образование и 9.566 ученици во стручно образование. Слободни места за второто пријавување има за вкупно 17.272 ученици. Во гимназиско образование има 4.878 слободни места, додека во стручно образование 12.394. Ранг-листа на запишани ученици се објавува на 3 јули 2024 година на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет-страница, до 09:00 часот. Пријавувањето за упис во средно се одвива електронски, односно учениците треба да пополнат е-пријава. Потоа, сите документи треба да ги однесат во хартиена форма во училиштата.  

The post Од скопската петорка гимназии само во „Раде Јовчевски Корчагин“ има слободно место за вториот уписен рок appeared first on Република.

]]>