Вселенскиот патријарх Вартоломеј Archives - Република https://republika.mk/tema/vselenskiot-patrijarh-vartolomej/ За подобро да се разбереме Sat, 06 Jan 2024 12:54:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Вселенскиот патријарх Вартоломеј Archives - Република https://republika.mk/tema/vselenskiot-patrijarh-vartolomej/ 32 32 Вартоломеј: Мирот не е нешто што е дадено и самосмислено, туку е должност, потфат, постојана грижа и непрекината борба за негово одржување https://republika.mk/vesti/svet/vartolomej-mirot-ne-e-neshto-shto-e-dadeno-i-samosmisleno-tuku-e-dolzhnost-potfat-postojana-grizha-i-neprekinata-borba-za-negovo-odrzhuvane/ Sat, 06 Jan 2024 12:53:32 +0000 https://republika.mk/?p=730414

ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП НА КОНСТАНТИНОПОЛ – НОВ РИМ

И ВСЕЛЕНСКИ ПАТРИЈАРХ,

ДО СЕТА ПОЛНОТА НА ЦРКВАТА,

БЛАГОДАТ, МИЛОСТ И МИР

ОТКАЈ РОДЕНИОТ ВО ВИТЛЕЕМ СПАСИТЕЛ ХРИСТОС

***

Сечесни во Христа браќа и најсакани чеда,

По благоволение одозгора, го празнуваме и годинава, со псалми и химни и духовни песни, Рождеството според плот на предвечниот Син и Слово на Бога, односно пројавувањето на таинството на Бога и на човекот. Според Светиот Николаj Кавасила, она што се извршува на Божествената Литургија е „тајноводство на вочовечувањето на Господ“, а славословниот возглас на нејзиниот почеток: „Благословено е Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух“, сведочи „дека преку вочовечувањето на Господ, луѓето за прв пат научија дека Бог е Три Лица“[1]. Свештениот отец возвестува дека Господ и Спасителот наш Исус Христос „прв и единствен го покажа вистинскиот и совршен човек, во однос на етосот, животот и на сѐ друго“[2].

Опфаќањето на човечката природа во Личноста на Синот и Словото Божјо и отворањето за човекот на патот на обожението според благодат, му придаваат на човека ненадминлива вредност. Заборавањето на оваа вистина води кон намалување на почитта кон човековата личност. Отфрлањето на возвишеното предназначение на човекот, не само што не го ослободува, туку и води кон разни деградирања  и поделби. Без свеста за својот Божествен происход и без надежта за вечноста, човекот се соочува со тешкотии да остане човечен, немоќен е да се справи со противречноста на „човечката состојба“.

Христијанското разбирање на човечкото суштествување принесува решение на проблемите што ги создаваат насилството, војната и неправдата во нашиот свет. Почитувањето на човековото лице, мирот и справедливоста се дар од Бога, но воспоставувањето на мирот што го донесе Христос бара соучество и соработка од луѓето. Христијанската позиција во однос на борбата за мир се темели на зборовите на Спасителот Христос, Кој благовести мир, поздравува со „Мир вам“ и ги поттикнува луѓето да ги љубат своите непријатели[3]. Откровението во Христа се карактеризира како „благовестие на мирот“[4]. Тоа значи дека за нас Христијаните, патот кон мирот е само мирот; дека ненасилството, дијалогот, љубовта, проштавањето и помирувањето имаат предност пред други начини на решавање на разликите. Богословието на мирот е јасно опишано во текстот на Вселенската Патријаршија „За животот на светот. Социјалната етика на Православната Црква“ (2020): „Ништо не се спротивставува повеќе на Божјата волја за Неговите творенија, создадени според Неговите образ и подобие, од насилството што се врши против ближниот… Можеме со право да тврдиме дека насилството е грев над гревовите. Тоа е целосна спротивност меѓу нашата создадена природа и нашиот натприроден повик за трагање на љубовно единство со Бога и со нашиот ближен… Мирот претставува вистинско откровение на подлабоката стварност на созданието, согласно со волјата на Бога и на обликот како што го замислил Он според Своите вечни совети“[5].

Мирот не е нешто што е дадено и самосмислено, туку е должност, потфат, постојана грижа и непрекината борба за негово одржување. Не постојат автоматизми и трајни рецепти. Спроти секоја закана за мирот, потребна е будност, волја за решавање на проблемите со посредство на дијалог. Големите херои на политиката се борците за мирот. Ние продолжуваме да ја нагласуваме миротворната улога на религиите, во една епоха кога религиите се подложени на критика, бидејќи, наместо да покажуваат сили на мирот, на солидарноста и на помирувањето, тие го хранат фанатизмот и насилството „во името на Бога“. Тука станува збор за извитоперување на религиозната вера, а не за феномен што природно произлегува од неа. Искрената верба во Бога е најстрогиот судија на религиозниот фанатизам. Религиите се природни сојузници на сите луѓе коишто се борат за мирот, за справедливоста и за заштитата на тварта од човечката катастрофа.

Човештвото оваа година ја одбележува 75-годишнината од Универзалната декларација за човековите права (10 декември 1948), којашто претставува синтеза на основните хуманистички идеи и вредности, „заеднички идеал кон кого треба да стремат сите народи и сите нации“. Човековите права, чијашто централна точка на референца е заштитата на човековото достоинство и на неговите индивидуални, социјални, културни, економски и еколошки услови, можат да бидат разбрани во својата иницијална динамика, доколку бидат признаени како основа и критериум за светскиот мир, кој е поврзан со слободата и со справедливоста. Во оваа смисла, иднината на човековите права и на мирот е поврзана и со придонесот на религиите кон целта за почитување и реализација на истите.

Со вакви размислувања и со празнични чувства, во целосна увереност дека животот на Црквата сам по себе претставува отпор кон нечовечноста, од каде и да произлегува таа, секогаш ве повикуваме на добрата борба за изградба на една култура на мир и помирување, во која човекот ќе гледа во својот со-човек свој брат и пријател, а не сплеткар и непријател, и потсетувајќи ве сите вас, браќа и чеда, дека Божик е време за самоспознание и за благодарност, за откривање на разликата меѓу Богочовекот и „човекобогот“, за осознавање на „великото чудо“ на слободата во Христа и за исцелувањето на „големата рана“ од отуѓувањето од Бога, со длабока почит свиваме колена пред Онаа Која во своите прегратки Го држи воплотеното Слово, Богомајката Марија, и пренесувајќи го до вас благословот на Светата Мајка, Великата Христова Црква, ви посакуваме среќен, здрав, доброплоден, мирен и радосен нов претстоен годишен круг на благоста Господова.

The post Вартоломеј: Мирот не е нешто што е дадено и самосмислено, туку е должност, потфат, постојана грижа и непрекината борба за негово одржување appeared first on Република.

]]>

ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП НА КОНСТАНТИНОПОЛ – НОВ РИМ И ВСЕЛЕНСКИ ПАТРИЈАРХ, ДО СЕТА ПОЛНОТА НА ЦРКВАТА, БЛАГОДАТ, МИЛОСТ И МИР ОТКАЈ РОДЕНИОТ ВО ВИТЛЕЕМ СПАСИТЕЛ ХРИСТОС *** Сечесни во Христа браќа и најсакани чеда, По благоволение одозгора, го празнуваме и годинава, со псалми и химни и духовни песни, Рождеството според плот на предвечниот Син и Слово на Бога, односно пројавувањето на таинството на Бога и на човекот. Според Светиот Николаj Кавасила, она што се извршува на Божествената Литургија е „тајноводство на вочовечувањето на Господ“, а славословниот возглас на нејзиниот почеток: „Благословено е Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух“, сведочи „дека преку вочовечувањето на Господ, луѓето за прв пат научија дека Бог е Три Лица“[1]. Свештениот отец возвестува дека Господ и Спасителот наш Исус Христос „прв и единствен го покажа вистинскиот и совршен човек, во однос на етосот, животот и на сѐ друго“[2]. Опфаќањето на човечката природа во Личноста на Синот и Словото Божјо и отворањето за човекот на патот на обожението според благодат, му придаваат на човека ненадминлива вредност. Заборавањето на оваа вистина води кон намалување на почитта кон човековата личност. Отфрлањето на возвишеното предназначение на човекот, не само што не го ослободува, туку и води кон разни деградирања  и поделби. Без свеста за својот Божествен происход и без надежта за вечноста, човекот се соочува со тешкотии да остане човечен, немоќен е да се справи со противречноста на „човечката состојба“.
Христијанското разбирање на човечкото суштествување принесува решение на проблемите што ги создаваат насилството, војната и неправдата во нашиот свет. Почитувањето на човековото лице, мирот и справедливоста се дар од Бога, но воспоставувањето на мирот што го донесе Христос бара соучество и соработка од луѓето. Христијанската позиција во однос на борбата за мир се темели на зборовите на Спасителот Христос, Кој благовести мир, поздравува со „Мир вам“ и ги поттикнува луѓето да ги љубат своите непријатели[3]. Откровението во Христа се карактеризира како „благовестие на мирот“[4]. Тоа значи дека за нас Христијаните, патот кон мирот е само мирот; дека ненасилството, дијалогот, љубовта, проштавањето и помирувањето имаат предност пред други начини на решавање на разликите. Богословието на мирот е јасно опишано во текстот на Вселенската Патријаршија „За животот на светот. Социјалната етика на Православната Црква“ (2020): „Ништо не се спротивставува повеќе на Божјата волја за Неговите творенија, создадени според Неговите образ и подобие, од насилството што се врши против ближниот… Можеме со право да тврдиме дека насилството е грев над гревовите. Тоа е целосна спротивност меѓу нашата создадена природа и нашиот натприроден повик за трагање на љубовно единство со Бога и со нашиот ближен… Мирот претставува вистинско откровение на подлабоката стварност на созданието, согласно со волјата на Бога и на обликот како што го замислил Он според Своите вечни совети“[5].
Мирот не е нешто што е дадено и самосмислено, туку е должност, потфат, постојана грижа и непрекината борба за негово одржување. Не постојат автоматизми и трајни рецепти. Спроти секоја закана за мирот, потребна е будност, волја за решавање на проблемите со посредство на дијалог. Големите херои на политиката се борците за мирот. Ние продолжуваме да ја нагласуваме миротворната улога на религиите, во една епоха кога религиите се подложени на критика, бидејќи, наместо да покажуваат сили на мирот, на солидарноста и на помирувањето, тие го хранат фанатизмот и насилството „во името на Бога“. Тука станува збор за извитоперување на религиозната вера, а не за феномен што природно произлегува од неа. Искрената верба во Бога е најстрогиот судија на религиозниот фанатизам. Религиите се природни сојузници на сите луѓе коишто се борат за мирот, за справедливоста и за заштитата на тварта од човечката катастрофа.
Човештвото оваа година ја одбележува 75-годишнината од Универзалната декларација за човековите права (10 декември 1948), којашто претставува синтеза на основните хуманистички идеи и вредности, „заеднички идеал кон кого треба да стремат сите народи и сите нации“. Човековите права, чијашто централна точка на референца е заштитата на човековото достоинство и на неговите индивидуални, социјални, културни, економски и еколошки услови, можат да бидат разбрани во својата иницијална динамика, доколку бидат признаени како основа и критериум за светскиот мир, кој е поврзан со слободата и со справедливоста. Во оваа смисла, иднината на човековите права и на мирот е поврзана и со придонесот на религиите кон целта за почитување и реализација на истите.
Со вакви размислувања и со празнични чувства, во целосна увереност дека животот на Црквата сам по себе претставува отпор кон нечовечноста, од каде и да произлегува таа, секогаш ве повикуваме на добрата борба за изградба на една култура на мир и помирување, во која човекот ќе гледа во својот со-човек свој брат и пријател, а не сплеткар и непријател, и потсетувајќи ве сите вас, браќа и чеда, дека Божик е време за самоспознание и за благодарност, за откривање на разликата меѓу Богочовекот и „човекобогот“, за осознавање на „великото чудо“ на слободата во Христа и за исцелувањето на „големата рана“ од отуѓувањето од Бога, со длабока почит свиваме колена пред Онаа Која во своите прегратки Го држи воплотеното Слово, Богомајката Марија, и пренесувајќи го до вас благословот на Светата Мајка, Великата Христова Црква, ви посакуваме среќен, здрав, доброплоден, мирен и радосен нов претстоен годишен круг на благоста Господова.

The post Вартоломеј: Мирот не е нешто што е дадено и самосмислено, туку е должност, потфат, постојана грижа и непрекината борба за негово одржување appeared first on Република.

]]>
Архиепископот г.г. Стефан до Вартоломеј: Ве молиме – не заборавајте нѐ, помагајте ни да растеме https://republika.mk/vesti/makedonija/arhiepiskopot-g-g-stefan-do-vartolomej-ve-molime-ne-zaboravajte-n-pomagajte-ni-da-rasteme/ Sun, 12 Jun 2022 11:55:24 +0000 https://republika.mk/?p=514102

Добро ви е познат копнежот на нашата јерархија и на нашиот православен народ, и тоа не го сокриваме од Вас и пред Вас, и пред членовите на свештената јерархија на Вашата Црква и на верниот народ што ѝ принадлежи – да ја видиме Охридската Архиепископија возобновена и уредена како автокефална Црква, истакна архиепископот г.г. Стефан во обраќањето до вселенскиот патријарх Вартоломеј по денешната нивна заедничка Патријаршиска и синодална литургија во Соборниот храм „Св. Георгиј“ во Истанбул.
– Но, Господ ни е сведок, дека колку ни е надежта голема, уште поголема е нашата полна доверба во Вашиот суд, во Вашето расудување за времето кога треба да се случи уредувањето на овие работи. Вам Ви го оставаме судот на времето, но Ве молиме – не заборавајте нѐ, помагајте ни да растеме…. , рече меѓу другото г.г Стефан.
Како што јави известувачот на МИА од Истанбул, тој му порача на Вартоломеј дека во него е одговорноста на Мајката Црква за добробитот и преуспевањето на православното семејство.
– При Вас се принадлежностите и правата и не молиме повеќе и поинаку од она како што постапивте со доделувањето на автокефалиите низ историјата, па и во современието. Без да поставуваме аналогија со зборовите на Мудриот Соломон, а имајќи го предвид одговорното и служечко првенство и привилегиите и авторитетот на Константинополската катедра, ќе речеме: „Имаш голема сила, и кој може да се дигне против силата на Твојата мишка? …сите ги милуваш… сè запазуваш …ги сакаш душите“, рече архиепископот Стефан.

Тој натаму нагласи дека нашиот завет е дека „упорно ќе работиме на своето издигнување и дека трпеливо ќе го чекаме тоа благопријатно време, кога радосната објава на Великата Христова Црква за нас, пропратена со веселото биење на црковните камбани, ќе ги преисполни со неопислива радост срцата на нас современите и ќе ги смири духовите на упокоените“.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј од своја страна изјави дека на крајот на денешното историско сослужување со Вас, во овој наш Сечесен Патријаршиски Храм, „го насочуваме нашето слово, нашиот ум и срце кон сите наши возљубени чеда од Најсветата Охридска Архиепископија во државата Македонија, водачите и водените, овде присутните и оние што се наоѓаат таму“.
– Особено се радуваме за личното присуство на Превосходниот Претседател на Владата на Македонија г. Димитар Ковачевски и заедно со него министрите и останатите негови соработници, како и за големиот број на верни чеда од Црквата на оваа благословена земја, кои го наполнија овој славен Храм и му дадоа друга димензија на денешниов празник на Педесетницата – како соборна, така и лична за нас, додаде патријархот Вартоломеј.
Тој изрази верба дека овој настан значи потполно разбирање од наша страна за големината на дарот на Мајката Црква кон нашиот народ, но и за одговорноста која се понесува, влегувајќи од денес во Сеправославниот Свет.
– Огноосветлени од благодатта на Утешителот, Го молиме, Го умолуваме и просиме од животворниот Свет Дух, обновителниот и сесилниот, слаткиот и Кој ги лекува раните, Кој ги надополнува човечките недостатоци, Кој ги испитува нашите срца – да ве утврди во вистината, да ве умножи во верата, да ве умудрува во борбата за Црквата, та и ние, вашиот заеднички отец и застапник, првиот и последниот помеѓу Епископите на Источната Света Христова Црква, да можеме духовно да се радуваме за вас и за вашите дела; та во нив да се прослави сечесното и великолепно име на Отецот и Синот и Светиот Дух, постојано, сега и секогаш и во вечни векови. Амин, истакна г. Вартоломеј .
На литургијата присуствуваше и владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, во чиј состав беа и шефот на дипломатијата Бујар Османи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски, пратеници и околу 700 верници од државава кои самоорганизирано допатуваа во Истанбул да присуствуваат на овој историски чин.

The post Архиепископот г.г. Стефан до Вартоломеј: Ве молиме – не заборавајте нѐ, помагајте ни да растеме appeared first on Република.

Утре заедничка богослужба на патријархот Вартоломеј и архиепископт Стефан https://republika.mk/vesti/makedonija/utre-zaednichka-bogosluzba-na-patrijarhot-vartolomej-i-arhiepiskopt-stefan/ Sat, 11 Jun 2022 06:59:05 +0000 https://republika.mk/?p=513729

Откако во четвртокот вселенскиот патријарх г. Вартоломеј на нашиот архиепископ г. Стефан му го предаде Патријаршискиот и синодален акт на Вселенската патријаршија за примање на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство, а вчера наша црковна делегација молитвено присуствуваше на празнична Божествена литургија по повод именденот на вселенскиот патријарх, утре во патријаршискиот храм во Фанар поглаварите на двете цркви ќе одржат заедничка Патријаршиска и синодална света литургија.

Во обраќањето кон патријархот Вартоломеј, по вчерашната Божествена литургија по повод неговиот именден во вселенскиот Соборен храм „Св. Георгиј Победоносец“ во Истанбул, архиепископот Стефан му се заблагодари за прифаќање на нашето апелациско прибегнување и за востановувањето на литургиското општење со нашата Црква.

Како првојерарх на Охридскиот престол, од името на свештениот Синод, на свештенојерархијата, на монаштвото и на верниот народ, како и од свое име, со преполно срце на уважување и почит, уште еднаш Ви благодарам за честа со која нè удостоивте и за срдечната љубов со која нè прегрнавте – соопштувајќи ни го благопријатниот Ваш суд за нашето апелациско прибегнување: востановувањето на литургиското општење со Вас и, преку Вас, со полнотата на Православната Црква, истакна архиепископот Стефан по Литургијата на која покрај него присуствуваа и митрополитите дебарско-кичевски г. Тимотеј и преспанско-пелагониски г. Петар, како и епископите хераклејски Климент и антаниски Партениј.

Архиепископ Стефан

Сега е јасно, додаде г. Стефан, колку Вашето добротворство за нашата Охридска Архиепископија, се покажа, всушност, како Ваш најнов принос пред Сељубивиот Бог – како долично дело за таткото на Православните.

А ние, скромните Ваши чеда, можеме да Му заблагодариме на Бога, покрај за споменатата милост, ете – и за тоа што сме удостоени да бидеме современици на Вашата личност и на Вашите дела за доброто на Црквата и што ја имаме можноста да се радуваме и да се утешуваме од Вашиот подвиг на „добро стоење“, на автентично последување и себепрегорно, дури до мачеништво, исповедање на канонскиот и свештен поредок на Православната Црква, рече меѓу другото архепископот Стефан по литургијата на која присуствуваа и голем број верници од земјава, кои допатува во Истанбул по повод значајните настани за нашата Црква што деновиве се случуваат во древниот Фанар.

На крајот од богослужбата, епископот антаниски Партениј со неговото братство и сестринство, на вселенскиот патријарх Вартоломеј му подари архиерејска панагија во чест на неговиот именден и во знак на благодарност за признавањето на Охридската Архиепископија.

Во четвртокот во вечерната богослужба во Ставропигијалниот манастир „Балаклија” во Истанбул, што се одржа по повод споменот на Светите Апостоли Вартоломеј и Варнава и празникот на иконата на Мајката Божја „Достојно ест“, откако на г. Стефан му го предаде Патријаршискиот и синодален акт на Вселенската патријаршија за примање на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви, со кој се отстранува повеќедецениската шизма наложена врз нашата Црква, вселенскиот патријарх Вартоломеј порача дека многумина православни верници „се радуваат за враќањето на христоносниот народ во прегратките на Мајката Црква“.

Денеска, браќа мои, кога наскоро ќе се исполни великиот ден на Педесетница, стаса и многукопнежниот час на решение за еден долг и болен раскол во Телото на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква. Денеска помеѓу нас стојат овде… најсвештениот во Христа брат, архиепископот охридски г. Стефан и неговата чесна придружба, за да го примат од нашите раце Патријаршискиот и синодален акт за востановување на црковното општење на нивната Мајка, Великата Христова Црква со нив, а од неа и преку неа со останатите помесни, свети Божји Цркви, преку врската на љубовта, единството и евхаристиското зближување преку взаемна почит, истакна патријархот Вартоломеј.

Тој нагласи дека станува збор за „голема радост на небото, зашто одамна скинатата риза на Господа се обновува, цела и неповредена, со иглата на Светиот Дух“ и „мноштвата на православните се радуваат за враќањето на христоносниот народ во прегратките на Мајката Црква“.

Свештенејши архиепископе г. Стефане, Мајката Црква Константинополска болуваше, се молеше, долго трпеше, очекуваше, се надеваше, советуваше и се подготвуваше за наоѓање решение за проблемот што ја засегаше Вашата помесна Црква… Ги разбираме вашите потешкотии, искрснатите дилеми, внатрешните соображенија, променливите различни мислења, но решенијата сакаат жртва и храброст. Така ја чувствуваме и радоста на сите вас за настанатиот развој. Од денеска, кога добивате положба и служба во сесвештеното Тело на Црквата, се надеваме дека ќе се покажете еднакво достојни на благонаклонетоста на Великата Христова Црква кон вас… Го благословуваме Народот на најсветата Архиепископија Охридска. Ја поздравуваме видливата, добра и братољубива расположба на најсветата Црква на Србија кон вас. Очекуваме и официјално известување од вас за напредокот на дијалогот помеѓу вас. На крај, ви го врачуваме востановителниот за црковното општење Патријаршиски и Синодален Акт и го претвкусуваме сослужението со вас на претстојната недела на Педесетница, а Бог на мирот нека биде со сите вас, амин, додаде патријархот Вартоломеј.

Архиепископот г. Стефан на чинот на примопредавањето на Актот во своето обраќање кон патријархот Вартоломеј, нагласи дека делегацијата на нашата Црква дошла кај него, во време во кое тој го слушнал крикот на нашето срце и го почувствувал копнежот на нашите души.

Дојдовме при Вас и сме многу радосни поради тоа. Дојдовме да го изразиме нашиот копнеж по Христа, кој, како православни Христијани, го имаме, и да ги изразиме почитта, честа и благодарноста пред Вашиот престол – да ги објавиме гласно, овде, од под куполата на Константинополската Црква, пред сечесниот Вселенски престол, нашата љубов кон целата Вселена, истакна неговото блаженство г. Стефан.

Затоа, додаде тој, стоејќи денес пред Вас и со привилегијата да стоиме со Вас, дојдовме да Ви кажеме едно големо благодарам.

Еве, токму во оваа благословена вечер, во која се собрани многу благодатни добрини: празникот на апостолите Вартоломеј и Варнава и соборот на првата светогорска икона ‘Достојно ест,; оваа ставропигија во која се наоѓаме и живата вода која се роди од Живоносниот источник, мртвите во гробовите и мртвите што воскреснавме. еклитонот кој кон Вас го упативме и преку чие оправдување нè прифативте во општење со Вас и со сиот православен свет и Вие, Архиепископе Константинополски, Вашите привилегии и Вашето срце полно со љубов, нагласи архиепископот Стефан.

По четврточната богослужба, архиепископ г. Стефан, во знак на благодарност отслужи Трисагија пред гробот на патријархот Димитриј, за покојните цариградски пастири погребани на истите гробишта.

Одлуката на Светиот патријаршиски синод за отстранување на шизмата и примање на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви беше донесена на синодското заседание на 9 мај, со што практично Вселенската Патријаршија ја призна црковната јерархија предводена од архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспостави канонско и литургиско општење со неа.

Предавањето на Патријаршискиот и синодален акт за отстранување на шизмата не значи и давање томос за автокефалност со кој официјално се регулира меѓународното име и статус на нашата Црква, туку е израз на татковска љубов и грижа од страна на Вселенската Патријаршија и претставува објава дека таа повеќе не е во шизма и раскол со севкупната православната Црква и нејзините свештенослужители можат да сослужуваат со свештенослужители од другите помесни православни цркви, додека за утврдување на конечниот статус ќе следуваат дополнителни преговори.

Ваквиот потег на патријархот Вартоломеј и на Вселенската Патријаршија претставува историски настан, бидејќи со него конечно се исправи долгата неправда нанесена врз нашата Црква и со признавањето на нејзината каноничноста се стави крај на речиси седумдесетгодишната изолација на возобновената Охридска Архиепископија.

The post Утре заедничка богослужба на патријархот Вартоломеј и архиепископт Стефан appeared first on Република.

]]>

Откако во четвртокот вселенскиот патријарх г. Вартоломеј на нашиот архиепископ г. Стефан му го предаде Патријаршискиот и синодален акт на Вселенската патријаршија за примање на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство, а вчера наша црковна делегација молитвено присуствуваше на празнична Божествена литургија по повод именденот на вселенскиот патријарх, утре во патријаршискиот храм во Фанар поглаварите на двете цркви ќе одржат заедничка Патријаршиска и синодална света литургија. Во обраќањето кон патријархот Вартоломеј, по вчерашната Божествена литургија по повод неговиот именден во вселенскиот Соборен храм „Св. Георгиј Победоносец“ во Истанбул, архиепископот Стефан му се заблагодари за прифаќање на нашето апелациско прибегнување и за востановувањето на литургиското општење со нашата Црква. Како првојерарх на Охридскиот престол, од името на свештениот Синод, на свештенојерархијата, на монаштвото и на верниот народ, како и од свое име, со преполно срце на уважување и почит, уште еднаш Ви благодарам за честа со која нè удостоивте и за срдечната љубов со која нè прегрнавте – соопштувајќи ни го благопријатниот Ваш суд за нашето апелациско прибегнување: востановувањето на литургиското општење со Вас и, преку Вас, со полнотата на Православната Црква, истакна архиепископот Стефан по Литургијата на која покрај него присуствуваа и митрополитите дебарско-кичевски г. Тимотеј и преспанско-пелагониски г. Петар, како и епископите хераклејски Климент и антаниски Партениј. Архиепископ Стефан Сега е јасно, додаде г. Стефан, колку Вашето добротворство за нашата Охридска Архиепископија, се покажа, всушност, како Ваш најнов принос пред Сељубивиот Бог – како долично дело за таткото на Православните.
А ние, скромните Ваши чеда, можеме да Му заблагодариме на Бога, покрај за споменатата милост, ете – и за тоа што сме удостоени да бидеме современици на Вашата личност и на Вашите дела за доброто на Црквата и што ја имаме можноста да се радуваме и да се утешуваме од Вашиот подвиг на „добро стоење“, на автентично последување и себепрегорно, дури до мачеништво, исповедање на канонскиот и свештен поредок на Православната Црква, рече меѓу другото архепископот Стефан по литургијата на која присуствуваа и голем број верници од земјава, кои допатува во Истанбул по повод значајните настани за нашата Црква што деновиве се случуваат во древниот Фанар.
На крајот од богослужбата, епископот антаниски Партениј со неговото братство и сестринство, на вселенскиот патријарх Вартоломеј му подари архиерејска панагија во чест на неговиот именден и во знак на благодарност за признавањето на Охридската Архиепископија. Во четвртокот во вечерната богослужба во Ставропигијалниот манастир „Балаклија” во Истанбул, што се одржа по повод споменот на Светите Апостоли Вартоломеј и Варнава и празникот на иконата на Мајката Божја „Достојно ест“, откако на г. Стефан му го предаде Патријаршискиот и синодален акт на Вселенската патријаршија за примање на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви, со кој се отстранува повеќедецениската шизма наложена врз нашата Црква, вселенскиот патријарх Вартоломеј порача дека многумина православни верници „се радуваат за враќањето на христоносниот народ во прегратките на Мајката Црква“.
Денеска, браќа мои, кога наскоро ќе се исполни великиот ден на Педесетница, стаса и многукопнежниот час на решение за еден долг и болен раскол во Телото на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква. Денеска помеѓу нас стојат овде… најсвештениот во Христа брат, архиепископот охридски г. Стефан и неговата чесна придружба, за да го примат од нашите раце Патријаршискиот и синодален акт за востановување на црковното општење на нивната Мајка, Великата Христова Црква со нив, а од неа и преку неа со останатите помесни, свети Божји Цркви, преку врската на љубовта, единството и евхаристиското зближување преку взаемна почит, истакна патријархот Вартоломеј.
Тој нагласи дека станува збор за „голема радост на небото, зашто одамна скинатата риза на Господа се обновува, цела и неповредена, со иглата на Светиот Дух“ и „мноштвата на православните се радуваат за враќањето на христоносниот народ во прегратките на Мајката Црква“.
Свештенејши архиепископе г. Стефане, Мајката Црква Константинополска болуваше, се молеше, долго трпеше, очекуваше, се надеваше, советуваше и се подготвуваше за наоѓање решение за проблемот што ја засегаше Вашата помесна Црква… Ги разбираме вашите потешкотии, искрснатите дилеми, внатрешните соображенија, променливите различни мислења, но решенијата сакаат жртва и храброст. Така ја чувствуваме и радоста на сите вас за настанатиот развој. Од денеска, кога добивате положба и служба во сесвештеното Тело на Црквата, се надеваме дека ќе се покажете еднакво достојни на благонаклонетоста на Великата Христова Црква кон вас… Го благословуваме Народот на најсветата Архиепископија Охридска. Ја поздравуваме видливата, добра и братољубива расположба на најсветата Црква на Србија кон вас. Очекуваме и официјално известување од вас за напредокот на дијалогот помеѓу вас. На крај, ви го врачуваме востановителниот за црковното општење Патријаршиски и Синодален Акт и го претвкусуваме сослужението со вас на претстојната недела на Педесетница, а Бог на мирот нека биде со сите вас, амин, додаде патријархот Вартоломеј.
Архиепископот г. Стефан на чинот на примопредавањето на Актот во своето обраќање кон патријархот Вартоломеј, нагласи дека делегацијата на нашата Црква дошла кај него, во време во кое тој го слушнал крикот на нашето срце и го почувствувал копнежот на нашите души.
Дојдовме при Вас и сме многу радосни поради тоа. Дојдовме да го изразиме нашиот копнеж по Христа, кој, како православни Христијани, го имаме, и да ги изразиме почитта, честа и благодарноста пред Вашиот престол – да ги објавиме гласно, овде, од под куполата на Константинополската Црква, пред сечесниот Вселенски престол, нашата љубов кон целата Вселена, истакна неговото блаженство г. Стефан.
Затоа, додаде тој, стоејќи денес пред Вас и со привилегијата да стоиме со Вас, дојдовме да Ви кажеме едно големо благодарам.
Еве, токму во оваа благословена вечер, во која се собрани многу благодатни добрини: празникот на апостолите Вартоломеј и Варнава и соборот на првата светогорска икона ‘Достојно ест,; оваа ставропигија во која се наоѓаме и живата вода која се роди од Живоносниот источник, мртвите во гробовите и мртвите што воскреснавме. еклитонот кој кон Вас го упативме и преку чие оправдување нè прифативте во општење со Вас и со сиот православен свет и Вие, Архиепископе Константинополски, Вашите привилегии и Вашето срце полно со љубов, нагласи архиепископот Стефан.
По четврточната богослужба, архиепископ г. Стефан, во знак на благодарност отслужи Трисагија пред гробот на патријархот Димитриј, за покојните цариградски пастири погребани на истите гробишта. Одлуката на Светиот патријаршиски синод за отстранување на шизмата и примање на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви беше донесена на синодското заседание на 9 мај, со што практично Вселенската Патријаршија ја призна црковната јерархија предводена од архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспостави канонско и литургиско општење со неа. Предавањето на Патријаршискиот и синодален акт за отстранување на шизмата не значи и давање томос за автокефалност со кој официјално се регулира меѓународното име и статус на нашата Црква, туку е израз на татковска љубов и грижа од страна на Вселенската Патријаршија и претставува објава дека таа повеќе не е во шизма и раскол со севкупната православната Црква и нејзините свештенослужители можат да сослужуваат со свештенослужители од другите помесни православни цркви, додека за утврдување на конечниот статус ќе следуваат дополнителни преговори. Ваквиот потег на патријархот Вартоломеј и на Вселенската Патријаршија претставува историски настан, бидејќи со него конечно се исправи долгата неправда нанесена врз нашата Црква и со признавањето на нејзината каноничноста се стави крај на речиси седумдесетгодишната изолација на возобновената Охридска Архиепископија.

The post Утре заедничка богослужба на патријархот Вартоломеј и архиепископт Стефан appeared first on Република.

]]>
Ѓукановиќ си го крсти внукот кај Вартоломеј https://republika.mk/vesti/balkan/gjukanovikj-si-go-krsti-vnukot-kaj-vartolomej/ Thu, 09 Jun 2022 11:54:53 +0000 https://republika.mk/?p=513153

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ денеска во Цариградската патријаршија во Фанар се сретна со вселенскиот патријарх Вартоломеј, што беше прва посета на шефот на црногорската држава на Вселенската патријаршија по 1899 година, кога принцот Никола Петровиќ беше во Истанбул.

По официјалната средба, патријархот Вартоломеј го благослови крштевањето на внукот на претседателот Ѓукановиќ во Вселенската патријаршија.

Денес ја споделуваме со вас радоста што ја имате за крштевањето на вашиот внук што ќе следи (денес).Неговото Високопреосвештенство е тука да ја изврши церемонијата, а вие го имате мојот благослов и се надеваме дека вашиот внук ќе стане дел од нашето семејство и ќе стане добро преку овој свечен чин христијанин“, рече Вартоломеј.

Црногорската православна црква не е призната од Вселенската патријаршија

The post Ѓукановиќ си го крсти внукот кај Вартоломеј appeared first on Република.

]]>

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ денеска во Цариградската патријаршија во Фанар се сретна со вселенскиот патријарх Вартоломеј, што беше прва посета на шефот на црногорската држава на Вселенската патријаршија по 1899 година, кога принцот Никола Петровиќ беше во Истанбул. По официјалната средба, патријархот Вартоломеј го благослови крштевањето на внукот на претседателот Ѓукановиќ во Вселенската патријаршија.
Денес ја споделуваме со вас радоста што ја имате за крштевањето на вашиот внук што ќе следи (денес).Неговото Високопреосвештенство е тука да ја изврши церемонијата, а вие го имате мојот благослов и се надеваме дека вашиот внук ќе стане дел од нашето семејство и ќе стане добро преку овој свечен чин христијанин“, рече Вартоломеј.
Црногорската православна црква не е призната од Вселенската патријаршија

The post Ѓукановиќ си го крсти внукот кај Вартоломеј appeared first on Република.

]]>
На 5 јуни прво заедничко сослужение на Вартоломеј и г.г Стефан? https://republika.mk/vesti/makedonija/na-5-juni-prvo-zaednichko-sosluzenie-na-vartolomej-i-g-g-stefan/ Mon, 16 May 2022 08:08:13 +0000 https://republika.mk/?p=502770

На 5 јуни, на празникот Педесетница или Св. Тројца, поглаварот на МПЦ-ОА, Г.Г. Стефан, и Вселенскиот патријарх Вартоломеј најверојатно во Цариград ќе ја одржат првата заедничка богослужба.

Ова го најави софиски Дневник на својата веб-страница во текст посветен за црковните состојби по признавањето на МПЦ-ОА од страна на Вселенската Патријаршија за канонска и ја повика решението за автокефалност да го бара низ дијалог со СПЦ.

-Ниту ја потврдувам, ниту ја демантирам ваквата информација, изјави за „Пресинг ТВ“ портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА, владиката Тимотеј.

Во текстот не се споменува децидно местото на заедничкото богослужење, но најверојатно тоа ќе биде во Царигардската патријаршија.

https://republika.mk/vesti/balkan/deneska-spc-kje-rasprava-za-mpc-oa/

The post На 5 јуни прво заедничко сослужение на Вартоломеј и г.г Стефан? appeared first on Република.

]]>

На 5 јуни, на празникот Педесетница или Св. Тројца, поглаварот на МПЦ-ОА, Г.Г. Стефан, и Вселенскиот патријарх Вартоломеј најверојатно во Цариград ќе ја одржат првата заедничка богослужба. Ова го најави софиски Дневник на својата веб-страница во текст посветен за црковните состојби по признавањето на МПЦ-ОА од страна на Вселенската Патријаршија за канонска и ја повика решението за автокефалност да го бара низ дијалог со СПЦ.
-Ниту ја потврдувам, ниту ја демантирам ваквата информација, изјави за „Пресинг ТВ“ портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА, владиката Тимотеј.
Во текстот не се споменува децидно местото на заедничкото богослужење, но најверојатно тоа ќе биде во Царигардската патријаршија. https://republika.mk/vesti/balkan/deneska-spc-kje-rasprava-za-mpc-oa/

The post На 5 јуни прво заедничко сослужение на Вартоломеј и г.г Стефан? appeared first on Република.

]]>
Митрополит Тимотеј: Вартоломеј може да додели автокефалност, но прашање е дали тоа ќе го прифатат сите цркви https://republika.mk/vesti/makedonija/mitropolit-timotej-vartolomej-moze-da-dodeli-avtokefalnost-no-prashanje-e-dali-toa-kje-go-prifatat-site-crkvi/ Thu, 12 May 2022 08:43:19 +0000 https://republika.mk/?p=501339

Одлуката на вселенскиот патријарх Вартолмеј за признавање на Македонската православна црква – Охридска архиепископија како канонска е добар потег, зашто црквата и народот повеќе не се во изолација, но за добивање на автокефалност ќе мора да има договор со СПЦ, вели портпаролот на МПЦ-ОА, миторполитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски, Тимотеј.

Ова е добар потег на Вселенската патријаршија или на г-дин Вартоломеј, како поглавар или патријарх вселенски. Тоа значи дека јерархијата и народот не се веќе во изолација, како што 55 години беше, туку може да сослужува рамноправно со останатите православни хиерарси низ целиот православен свет, според законот или прописот на Вселенската патријаршија. Но, прашање е дали сите православни цркви тоа ќе го примаат како релевантно или ќе имаат свои поинакви ставови и мислења, наведува митрополитот Тимотеј во интервју за Гласот на Америка.​

За тоа кои се следните чекори до целосна автокефалност на МПЦ-ОА, тој посочува дека разговорите со СПЦ продолжуваат се додека не се постигне посакуваната цел, а тоа е автокефалност која ќе биде призната не само од една црква, туку од сите.

Кога тоа ќе се случи, тогаш ќе ви кажеме. Според договор на сите православни цркви кои учествувале во Шембези близу Женева, каде Цариградската патријаршија има свој културен центар со учество на делегации на сите православни цркви е изграден став како може да се дојде до томос, односно до признавање на една автокефална црква и со тој договор треба најпрво да се согласи црквата од каде се излегува. Во случајот на МПЦ, хиерархија добиваме преку Српска православна црква. Значи треба СПЦ да предложи до останатите православни цркви, а потоа томосот да го потпишат заедно и српскиот и евентуално цариградскиот патријарх или цариградскиот и останатите. Но, кога ќе биди тоа, не зависи од нас. Ние се молиме и работиме на тоа, истакнува митрополитот Тимотеј.​

Прашан што доколку СПЦ не се согласи, и дали вселенскиот патријарх има овластување сам да го потпише томосот, Тимотеј вели тоа може да го направи, но прашање е дали ќе биде валидно за сите православни цркви.

Знаете дека во овој момент има голем судир помеѓу Москва и Цариград. Така да нема да го примат. Како што веќе има изјави од Москва и за ова решение на Цариград, дека тие тоа не го признаваат, а ние не сме заинтересирани да не бидеме признати од Москва. Сепак, тоа е најголема православна земја и најголем православен народ, изјави владиката Тимотеј.​

За ставот на Руската православна црква, која се изјасни дека ги признава исклучиво правата на СПЦ во Македонија, тој вели дека Москва си ги штити своите интереси визави Цариград, поради Украина.

– И тоа е легитимно нивно право. Дали јас се согласувам или не се согласувам тоа е друго прашање, додава митрополитит Дебарско-кичевски.​

Реакциите од Бугарија, пак, дека тие биле единствени наследници на Охридската архиепископија, владиката Тимотеј ги оценува како „глупост, и ништо повеќе“.

The post Митрополит Тимотеј: Вартоломеј може да додели автокефалност, но прашање е дали тоа ќе го прифатат сите цркви appeared first on Република.

]]>

Одлуката на вселенскиот патријарх Вартолмеј за признавање на Македонската православна црква – Охридска архиепископија како канонска е добар потег, зашто црквата и народот повеќе не се во изолација, но за добивање на автокефалност ќе мора да има договор со СПЦ, вели портпаролот на МПЦ-ОА, миторполитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски, Тимотеј.
Ова е добар потег на Вселенската патријаршија или на г-дин Вартоломеј, како поглавар или патријарх вселенски. Тоа значи дека јерархијата и народот не се веќе во изолација, како што 55 години беше, туку може да сослужува рамноправно со останатите православни хиерарси низ целиот православен свет, според законот или прописот на Вселенската патријаршија. Но, прашање е дали сите православни цркви тоа ќе го примаат како релевантно или ќе имаат свои поинакви ставови и мислења, наведува митрополитот Тимотеј во интервју за Гласот на Америка.​
За тоа кои се следните чекори до целосна автокефалност на МПЦ-ОА, тој посочува дека разговорите со СПЦ продолжуваат се додека не се постигне посакуваната цел, а тоа е автокефалност која ќе биде призната не само од една црква, туку од сите.
Кога тоа ќе се случи, тогаш ќе ви кажеме. Според договор на сите православни цркви кои учествувале во Шембези близу Женева, каде Цариградската патријаршија има свој културен центар со учество на делегации на сите православни цркви е изграден став како може да се дојде до томос, односно до признавање на една автокефална црква и со тој договор треба најпрво да се согласи црквата од каде се излегува. Во случајот на МПЦ, хиерархија добиваме преку Српска православна црква. Значи треба СПЦ да предложи до останатите православни цркви, а потоа томосот да го потпишат заедно и српскиот и евентуално цариградскиот патријарх или цариградскиот и останатите. Но, кога ќе биди тоа, не зависи од нас. Ние се молиме и работиме на тоа, истакнува митрополитот Тимотеј.​
Прашан што доколку СПЦ не се согласи, и дали вселенскиот патријарх има овластување сам да го потпише томосот, Тимотеј вели тоа може да го направи, но прашање е дали ќе биде валидно за сите православни цркви.
Знаете дека во овој момент има голем судир помеѓу Москва и Цариград. Така да нема да го примат. Како што веќе има изјави од Москва и за ова решение на Цариград, дека тие тоа не го признаваат, а ние не сме заинтересирани да не бидеме признати од Москва. Сепак, тоа е најголема православна земја и најголем православен народ, изјави владиката Тимотеј.​
За ставот на Руската православна црква, која се изјасни дека ги признава исклучиво правата на СПЦ во Македонија, тој вели дека Москва си ги штити своите интереси визави Цариград, поради Украина. – И тоа е легитимно нивно право. Дали јас се согласувам или не се согласувам тоа е друго прашање, додава митрополитит Дебарско-кичевски.​ Реакциите од Бугарија, пак, дека тие биле единствени наследници на Охридската архиепископија, владиката Тимотеј ги оценува како „глупост, и ништо повеќе“.

The post Митрополит Тимотеј: Вартоломеј може да додели автокефалност, но прашање е дали тоа ќе го прифатат сите цркви appeared first on Република.

]]>
Вартолоеј му честита на Ковачевски https://republika.mk/vesti/makedonija/vartoloej-mu-chestita-na-kovachevski/ Sat, 22 Jan 2022 22:07:50 +0000 https://republika.mk/?p=448237

 Неговата Божествена Сесветост, Патријархот Вартоломеј испрати пораки со честитки од името на Вселенската Патријаршија до новоизбраниот македонски премиер Димитар Ковачевски.
Неговата Сесветост на Ковачевски му посака плодотворна и успешна служба.

The post Вартолоеј му честита на Ковачевски appeared first on Република.