врховни судии Archives - Република https://republika.mk/tema/vrhovni-sudii/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Oct 2023 15:27:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png врховни судии Archives - Република https://republika.mk/tema/vrhovni-sudii/ 32 32 Судството не смее да биде под притисок на политиката, им порача амбасадорката Агелер на врховните судии https://republika.mk/vesti/makedonija/sudstvoto-ne-smee-da-bide-pod-pritisok-na-politikata-im-poracha-ambasadorkata-ageler-na-vrhovnite-sudii/ Wed, 25 Oct 2023 15:48:18 +0000 https://republika.mk/?p=694988

Судството не смее да биде под притисок на политиката и не треба да се дозволи мешање на другите власти во донесувањето на судските одлуки кои мора да се засновани на законите, беше истакнато на денешната средба меѓу претседателката на Врховниот суд Беса Адеми и амбасадорката на САД Ангела Агелер, на која присуствуваа и другите судии од највисокиот судски орган.

Потребно е да се почитува уставното начело на поделба на власта, а судиите да бидат ослободени од какви било влијанија. Суштинска улога за независноста на судството има и транспарентноста како еден од најважните фактори за јавната перцепција и доверба. Од големо значење е и доследната примена на европските стандарди и почитувањето на правните вредности, посочија соговорниците.

Во таа насока, на средбата беше нагласено дека независноста на судството е најсилната гаранција за владеењето на правото и дека интегритетот на судиите претставува клучен фактор за остварување на принципите на независното судство.

Амбасадорката на САД Ангела Агелер истакна дека потребно е да се даде силна поддршка на ваквите заложби за независно и транспарентно судство и дека активностите на Врховниот суд во таа насока даваат клучен придонес во реформскиот процес, известуваат од Врховниот суд.

The post Судството не смее да биде под притисок на политиката, им порача амбасадорката Агелер на врховните судии appeared first on Република.

]]>