врховен суд Archives - Република https://republika.mk/tema/vrhoven-sud/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Oct 2024 16:48:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png врховен суд Archives - Република https://republika.mk/tema/vrhoven-sud/ 32 32 Врховен суд: Граѓаните ќе можат да ја тужат државата пред Управниот суд поради загаден воздух https://republika.mk/vesti/makedonija/vrhoven-sud-graganite-ke-mozhat-da-ja-tuzhat-drzhavata-pred-upravniot-sud-poradi-zagaden-vozduh/ Tue, 08 Oct 2024 16:55:05 +0000 https://republika.mk/?p=824309

Врховниот суд денеска на општа седница утврди начелен став дека „државата е должна да обезбеди здрава животна средина, меѓу кои и правото на чист воздух, како поединечно право на граѓаните“, по поднесена Иницијатива од страна на Адвокатското друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“, за утврдување начелен став и правно мислење, за тоа колку државата обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина, согласно законски утврдените должности и надлежности во областа на животната средина.

Ова доаѓа откако двајца македонски граѓани поднесoa тужби до Управниот суд за заштита на слободите и правата, каде наведуваат дека дишат енормно загаден воздух и бараат од државата да донесе стратешки акционен план за заштита.

Со оглед на тоа дека денешната расправа е од висок јавен интерес, по предлог на претседателката на Врховен, Беса Адеми, како експерт во областа беше повикан професорот Борче Давитковски, кој во своето излагање нагласи дека секој може да бара заштита и Судот треба да носи одлуки со кои ќе ги натера надлежните органи да постапуваат согласно Законот за амбиентален воздух.

Уставот којшто вели „секој“ граѓанин, значи секој може. Ова не е „Actio popularis“, знаете кај нас наводно е забрането „actio popularis“, ова не е јавна тужба, ова е тужба за заштита на своето право. Не дај Боже ако на некој му е повредено правото и почине, после кој ќе го брани, фамилијата ли ќе го брани? Значи секој може  да бара заштита и Судот треба тоа да го земе, доколку јавните органи не ги презеле своите надлежности, согласно Законот за амбиенталниот воздух, треба Судот да носи пресуди со цел да им укажува на носителите дека судската власт е голем коректив на извршната власт. На овој начин судот ако влезе во спор, бидејќи се работи за јавен интерес, Судот и превентивно ќе дејствува со цел да ги натера надлежните органи, Градот Скопје, општините дека некој води грижа за граѓаните на оваа земја и дека треба да ги стават на столбот на срамот јавните органи коишто не постапиле согласни надлежностите, нагласи Давитковски.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, посочи Давитковски, во земјава секоја година умираат од 4.500 до 5.000 граѓани.

Институтот за јавно здравје излезе со податоци дека во Македонија секоја година умираат од 4.500 до 5.000 граѓани. Ако ги земете изминативе 32 години од кога постоиме, тоа значи дека ние сме изгубиле една десетина од населението само од загаден воздух и никој не одговара и никој не реагира. Сега имаме адвокати кои реагираат и веднаш Управниот суд се огласува дека немало поединечен акт, немало поединечен случај и тн. Втора информација која излезе деновиве е дека од 10 родени деца, едно починува поради загаден воздух во државата, посочи Давитковски.

Како што претходно појасни судијата известител Џемали Саити, со тужбите биле засегнати повеќе државни органи за непостапување, бидејќи во нив се наведува дека државата со непреземање на дејствија ги оштетила правата на граѓаните за здрава животна средина, и затоа, во начелниот став кој денеска го утврди Врховен се вели „право на здрава животна средина на засегнатите физички и правни лица се однесува за дејствија на преземање или непреземање, од страна на овластено лице како претставник на државната власт или службено лице што работи во органите на државната управа, од аспект на одговорност за преземање на дејствија во рамките на своите надлежности, co кои спротивно на законот, непосредно се ограничува остварување на слобода или некое право загарантирано со Уставот, законите и меѓународните акти“.

Ставот на Врховен е дека „во остварувањето на правото на здрава животна средина се применуваат одредбите од Законот за управните спорови, кои обезбедуваат судска заштита од незаконски акти и дејствија (или непреземени дествија) со кои се повредуваат уставно загарантираните права и слободи на човекот или граѓанинот, кога таа конкретна судска заштита не е предвидена со Уставот и другите закони“, и како што појаснија, под дејствие на службено лице се смета „секое дејствие, активност или акт на сторување или несторување во извршувањето на законските обврски во рамките на своите надлежности предвидени со Уставот, законите и меѓународните документи ратификувани од страна на Република Македонија“.

Целата постапка тргна откако Управниот суд најпрво ги одбил тужбите со образложение дека не е надлежен, потоа Врховен, како највисок судски орган, ги укинал со укажување дека всушност Управниот суд е надлежен, но Управниот суд повторно ги одбил со образложение дека не може поединец да суди за колективно добро. Врховниот суд повторно го вратил предметот до Управен, но таму е донесена иста одлука од други причини, по што со третата одлука, Врховниот суд го прифатил ставот на Управен.

Правото на здрава животна средина е загарантирано со Уставот на Република Македонија во членот 43 „Секој човек има право на здрава животна средина. Секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата. Републиката обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина“.

The post Врховен суд: Граѓаните ќе можат да ја тужат државата пред Управниот суд поради загаден воздух appeared first on Република.

]]>

Врховниот суд денеска на општа седница утврди начелен став дека „државата е должна да обезбеди здрава животна средина, меѓу кои и правото на чист воздух, како поединечно право на граѓаните“, по поднесена Иницијатива од страна на Адвокатското друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“, за утврдување начелен став и правно мислење, за тоа колку државата обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина, согласно законски утврдените должности и надлежности во областа на животната средина. Ова доаѓа откако двајца македонски граѓани поднесoa тужби до Управниот суд за заштита на слободите и правата, каде наведуваат дека дишат енормно загаден воздух и бараат од државата да донесе стратешки акционен план за заштита. Со оглед на тоа дека денешната расправа е од висок јавен интерес, по предлог на претседателката на Врховен, Беса Адеми, како експерт во областа беше повикан професорот Борче Давитковски, кој во своето излагање нагласи дека секој може да бара заштита и Судот треба да носи одлуки со кои ќе ги натера надлежните органи да постапуваат согласно Законот за амбиентален воздух.
Уставот којшто вели „секој“ граѓанин, значи секој може. Ова не е „Actio popularis“, знаете кај нас наводно е забрането „actio popularis“, ова не е јавна тужба, ова е тужба за заштита на своето право. Не дај Боже ако на некој му е повредено правото и почине, после кој ќе го брани, фамилијата ли ќе го брани? Значи секој може  да бара заштита и Судот треба тоа да го земе, доколку јавните органи не ги презеле своите надлежности, согласно Законот за амбиенталниот воздух, треба Судот да носи пресуди со цел да им укажува на носителите дека судската власт е голем коректив на извршната власт. На овој начин судот ако влезе во спор, бидејќи се работи за јавен интерес, Судот и превентивно ќе дејствува со цел да ги натера надлежните органи, Градот Скопје, општините дека некој води грижа за граѓаните на оваа земја и дека треба да ги стават на столбот на срамот јавните органи коишто не постапиле согласни надлежностите, нагласи Давитковски.
Според податоците на Институтот за јавно здравје, посочи Давитковски, во земјава секоја година умираат од 4.500 до 5.000 граѓани.
Институтот за јавно здравје излезе со податоци дека во Македонија секоја година умираат од 4.500 до 5.000 граѓани. Ако ги земете изминативе 32 години од кога постоиме, тоа значи дека ние сме изгубиле една десетина од населението само од загаден воздух и никој не одговара и никој не реагира. Сега имаме адвокати кои реагираат и веднаш Управниот суд се огласува дека немало поединечен акт, немало поединечен случај и тн. Втора информација која излезе деновиве е дека од 10 родени деца, едно починува поради загаден воздух во државата, посочи Давитковски.
Како што претходно појасни судијата известител Џемали Саити, со тужбите биле засегнати повеќе државни органи за непостапување, бидејќи во нив се наведува дека државата со непреземање на дејствија ги оштетила правата на граѓаните за здрава животна средина, и затоа, во начелниот став кој денеска го утврди Врховен се вели „право на здрава животна средина на засегнатите физички и правни лица се однесува за дејствија на преземање или непреземање, од страна на овластено лице како претставник на државната власт или службено лице што работи во органите на државната управа, од аспект на одговорност за преземање на дејствија во рамките на своите надлежности, co кои спротивно на законот, непосредно се ограничува остварување на слобода или некое право загарантирано со Уставот, законите и меѓународните акти“. Ставот на Врховен е дека „во остварувањето на правото на здрава животна средина се применуваат одредбите од Законот за управните спорови, кои обезбедуваат судска заштита од незаконски акти и дејствија (или непреземени дествија) со кои се повредуваат уставно загарантираните права и слободи на човекот или граѓанинот, кога таа конкретна судска заштита не е предвидена со Уставот и другите закони“, и како што појаснија, под дејствие на службено лице се смета „секое дејствие, активност или акт на сторување или несторување во извршувањето на законските обврски во рамките на своите надлежности предвидени со Уставот, законите и меѓународните документи ратификувани од страна на Република Македонија“. Целата постапка тргна откако Управниот суд најпрво ги одбил тужбите со образложение дека не е надлежен, потоа Врховен, како највисок судски орган, ги укинал со укажување дека всушност Управниот суд е надлежен, но Управниот суд повторно ги одбил со образложение дека не може поединец да суди за колективно добро. Врховниот суд повторно го вратил предметот до Управен, но таму е донесена иста одлука од други причини, по што со третата одлука, Врховниот суд го прифатил ставот на Управен. Правото на здрава животна средина е загарантирано со Уставот на Република Македонија во членот 43 „Секој човек има право на здрава животна средина. Секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата. Републиката обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина“.

The post Врховен суд: Граѓаните ќе можат да ја тужат државата пред Управниот суд поради загаден воздух appeared first on Република.

]]>
Врховниот суд ги отвора седниците за јавноста https://republika.mk/vesti/makedonija/vrhovniot-sud-gi-otvora-sednitsite-za-javnosta/ Thu, 19 Sep 2024 19:18:56 +0000 https://republika.mk/?p=817956

На предлог на претседателката на судот, Беса Адеми, Врховниот суд донесе измени на Деловникот за работа со кои се овозможува јавност на општите седници. Во новите измени на Деловникот за работа на Врховниот суд се пропишува дека општите седници на судот се јавни, а јавноста во работата на општата седница се обезбедува и со присуство на претставници на средствата за јавно информирање.

Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми на денешната општа седница истакнала дека значењето на Врховниот суд од уставен и законски аспект, како и значењето на прашањата кои се разгледуваат пред општата седница од правен аспект, а воедно се од интерес за граѓаните, ја наметнуваат потребата од јавност.

„Измените на Деловникот за работата на Врховниот суд се во согласност со темелните уставни вредности, законските начела и меѓународните принципи. Со предложените измени на Деловникот, ќе се даде значаен придонес за јакнење на јавната доверба и углед на судството и на Врховниот суд како највисок суд во државата. Со предложените измени се предвидува јавност во работата на Општата седница и остварување на јавноста во работењето на судот преку нормативна новина која ќе ја унапреди и соработката и комуникацијата на Врховниот суд на Република Македонија со медиумската заедница и со пошироката заинтересирана јавност“, образложила Адеми.

Од Врховниот суд инфромираат дека Адеми образложила предложените измени да се засноваат на уставните и законските начела за јавност на судството, највисоките меѓународни правни норми интегрирани во домашното законодавство, принципите на Европската конвенција за заштита на човековите права и стандардите на Европскиот суд за човековите права, европските стандарди и меѓународните документи од областа на судството и заложбите и активностите на Советот за отворено судство.

The post Врховниот суд ги отвора седниците за јавноста appeared first on Република.

]]>

На предлог на претседателката на судот, Беса Адеми, Врховниот суд донесе измени на Деловникот за работа со кои се овозможува јавност на општите седници. Во новите измени на Деловникот за работа на Врховниот суд се пропишува дека општите седници на судот се јавни, а јавноста во работата на општата седница се обезбедува и со присуство на претставници на средствата за јавно информирање. Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми на денешната општа седница истакнала дека значењето на Врховниот суд од уставен и законски аспект, како и значењето на прашањата кои се разгледуваат пред општата седница од правен аспект, а воедно се од интерес за граѓаните, ја наметнуваат потребата од јавност.
„Измените на Деловникот за работата на Врховниот суд се во согласност со темелните уставни вредности, законските начела и меѓународните принципи. Со предложените измени на Деловникот, ќе се даде значаен придонес за јакнење на јавната доверба и углед на судството и на Врховниот суд како највисок суд во државата. Со предложените измени се предвидува јавност во работата на Општата седница и остварување на јавноста во работењето на судот преку нормативна новина која ќе ја унапреди и соработката и комуникацијата на Врховниот суд на Република Македонија со медиумската заедница и со пошироката заинтересирана јавност“, образложила Адеми.

Од Врховниот суд инфромираат дека Адеми образложила предложените измени да се засноваат на уставните и законските начела за јавност на судството, највисоките меѓународни правни норми интегрирани во домашното законодавство, принципите на Европската конвенција за заштита на човековите права и стандардите на Европскиот суд за човековите права, европските стандарди и меѓународните документи од областа на судството и заложбите и активностите на Советот за отворено судство.

The post Врховниот суд ги отвора седниците за јавноста appeared first on Република.

]]>
Врховниот суд ја врати на повторно одлучување екстрадицијата на поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани https://republika.mk/vesti/makedonija/vrhovniot-sud-ja-vrati-na-povtorno-odluchuvane-ekstraditsijata-na-poraneshniot-vojnik-na-ovk-blerim-ramadani/ Thu, 22 Aug 2024 14:49:29 +0000 https://republika.mk/?p=809150

Врховниот суд донесе решение за предметот во врска со екстрадицијата на поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани, баран од Србија како сомничен за воени злосторства на Косово, со кое се укинува Решението на Основниот кривичен суд Скопје и предметот се враќа на повторно одлучување и постапување. Решението на Кривичниот суд што го донеле тројца судии беше дека нема основа за екстрадиција на Рамадани, кој и онака избега од куќниот притвор што му го додели судијата Пајазит Пајазити од истиот суд.

Пајазити го пуштил да избега бараниот со потерница Блерим Рамадани, но други тројца судии згрешиле со екстрадицијата. Куќниот притвор е еден пропуст, екстрадицијата е друг пропуст од истиот суд.

„Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, при донесување на својата одлука со која утврдил дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на именуваното лице, не дал образложени причини од кои се раководел кога прифатил дека постапката започната согласно член 75 став 1 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, како скратена постапка да се води како редовна постапка согласно член 68 во врска со член 51 од истиот закон. Ваквото постапување и донесување на одлука на првостепениот суд по оценка на Врховниот суд на Република Македонија е нејасно и неразбирливо, без дадени релевантни причини од кои советот се раководел при донесување на својата одлука“, соопшти Врховниот суд.

При повторното постапување, првостепениот суд е должен да ги има предвид наведените укажувања, како и одредбите од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја и Европската конвенција за екстрадиција со Првиот и Вториот Дополнителен протокол во врска со Законот за ратификација на Третиот Дополнителен протокол на Европската конвенција за екстрадиција, па врз основа на истите со правилна примена на одредбите да донесе правилна и законита одлука, бара Врховниот суд.

The post Врховниот суд ја врати на повторно одлучување екстрадицијата на поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани appeared first on Република.

]]>

Врховниот суд донесе решение за предметот во врска со екстрадицијата на поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани, баран од Србија како сомничен за воени злосторства на Косово, со кое се укинува Решението на Основниот кривичен суд Скопје и предметот се враќа на повторно одлучување и постапување. Решението на Кривичниот суд што го донеле тројца судии беше дека нема основа за екстрадиција на Рамадани, кој и онака избега од куќниот притвор што му го додели судијата Пајазит Пајазити од истиот суд. Пајазити го пуштил да избега бараниот со потерница Блерим Рамадани, но други тројца судии згрешиле со екстрадицијата. Куќниот притвор е еден пропуст, екстрадицијата е друг пропуст од истиот суд.
„Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, при донесување на својата одлука со која утврдил дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на именуваното лице, не дал образложени причини од кои се раководел кога прифатил дека постапката започната согласно член 75 став 1 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, како скратена постапка да се води како редовна постапка согласно член 68 во врска со член 51 од истиот закон. Ваквото постапување и донесување на одлука на првостепениот суд по оценка на Врховниот суд на Република Македонија е нејасно и неразбирливо, без дадени релевантни причини од кои советот се раководел при донесување на својата одлука“, соопшти Врховниот суд.
При повторното постапување, првостепениот суд е должен да ги има предвид наведените укажувања, како и одредбите од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја и Европската конвенција за екстрадиција со Првиот и Вториот Дополнителен протокол во врска со Законот за ратификација на Третиот Дополнителен протокол на Европската конвенција за екстрадиција, па врз основа на истите со правилна примена на одредбите да донесе правилна и законита одлука, бара Врховниот суд.

The post Врховниот суд ја врати на повторно одлучување екстрадицијата на поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани appeared first on Република.

]]>
Врховен дури попладнево го доби предметот за екстрадиција на Блерим Рамадани  https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vrhoven-duri-popladnevo-go-dobi-predmetot-za-ekstraditsija-na-blerim-ramadani/ Fri, 16 Aug 2024 14:45:55 +0000 https://republika.mk/?p=807282

Врховен дури попладнево го доби предметот за екстрадицијата на Блерим Рамадани.

Врховниот суд на Република Македонија ја информира јавноста дека денеска, 16.08.2024 година Основен кривичен суд Скопје, Кривичен совет на Одделението за организиран криминал и корупција, постапувајќи по службена должност до Врховниот суд на Република Македонија, согласно член 68 став 2 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, достави правосилно решение КИОК-КС бр.180/24 од 08.08.2024 година, во врска со екстрадицијата на лицето Блерим Рамадани од Урошевац, Република Косово, по кое е оформен предметот на овој суд КР-32/24, кој преку АКМИС системот распореден е кај судија-известител за понатамошно постапување согласно законските надлежности, информираат од Врховен суд.

The post Врховен дури попладнево го доби предметот за екстрадиција на Блерим Рамадани  appeared first on Република.

]]>

Врховен дури попладнево го доби предметот за екстрадицијата на Блерим Рамадани. Врховниот суд на Република Македонија ја информира јавноста дека денеска, 16.08.2024 година Основен кривичен суд Скопје, Кривичен совет на Одделението за организиран криминал и корупција, постапувајќи по службена должност до Врховниот суд на Република Македонија, согласно член 68 став 2 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, достави правосилно решение КИОК-КС бр.180/24 од 08.08.2024 година, во врска со екстрадицијата на лицето Блерим Рамадани од Урошевац, Република Косово, по кое е оформен предметот на овој суд КР-32/24, кој преку АКМИС системот распореден е кај судија-известител за понатамошно постапување согласно законските надлежности, информираат од Врховен суд.

The post Врховен дури попладнево го доби предметот за екстрадиција на Блерим Рамадани  appeared first on Република.

]]>
Судијата Георгиев бара неговите колеги да поседат малку во Шутка пред да му го продолжуваат притворот https://republika.mk/vesti/makedonija/sudijata-georgiev-bara-negovite-kolegi-da-posedat-malku-vo-shutka-pred-da-mu-go-prodolzhuvaat-pritvorot/ Wed, 07 Aug 2024 09:11:38 +0000 https://republika.mk/?p=804177

Врховнот судија Наќе Георгиев кој е во притвор во Шутка поради мито од 10.000 евра и се сомничи дека поседувал во друг предмет за поранешниот градоначалник Боро Стојчев има само едно посебно барање.

Директорот на затворот „Шутка“ Бобан Утковски за емисијата „За или против“ вели дека судијата нема некои посебни барања или услови и е во ќелија со уште двајца притвореници.

Сепак има едно барање кое не е во надлежност на затворската управа.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=2083&v=LK6dpjpUqrM&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Ftime.mk%2F&source_ve_path=MzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMjM4NTE

Се жали дека не ги читаат предметите туку дека по автоматизам му го продолжуваат притворот.Како препорака од него е идините колеги да поседат еден месец внатре и пред да дадат продолжување мерка притвор да видат дека не се дава тукутака-откри Уктовски што му кажал Георгиев.

The post Судијата Георгиев бара неговите колеги да поседат малку во Шутка пред да му го продолжуваат притворот appeared first on Република.

]]>

Врховнот судија Наќе Георгиев кој е во притвор во Шутка поради мито од 10.000 евра и се сомничи дека поседувал во друг предмет за поранешниот градоначалник Боро Стојчев има само едно посебно барање. Директорот на затворот „Шутка“ Бобан Утковски за емисијата „За или против“ вели дека судијата нема некои посебни барања или услови и е во ќелија со уште двајца притвореници. Сепак има едно барање кое не е во надлежност на затворската управа. https://www.youtube.com/watch?time_continue=2083&v=LK6dpjpUqrM&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Ftime.mk%2F&source_ve_path=MzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMzY4NDIsMjM4NTE
Се жали дека не ги читаат предметите туку дека по автоматизам му го продолжуваат притворот.Како препорака од него е идините колеги да поседат еден месец внатре и пред да дадат продолжување мерка притвор да видат дека не се дава тукутака-откри Уктовски што му кажал Георгиев.

The post Судијата Георгиев бара неговите колеги да поседат малку во Шутка пред да му го продолжуваат притворот appeared first on Република.

]]>
Врховен суд на САД: Поранешните претседатели имаат право на имунитет https://republika.mk/vesti/svet/vrhoven-sud-na-sad-poraneshnite-pretsedateli-imaat-pravo-na-imunitet/ Mon, 01 Jul 2024 16:47:30 +0000 https://republika.mk/?p=792496

Врховниот суд на САД пресуди дека поранешните претседатели имаат право на одреден степен на имунитет од кривично гонење, со што се намалува веројатноста за постапка против Доналд Трамп под обвинение дека планирал да го запре трансферот на власта, да продолжи пред изборите во 2024 година.

Трамп е обвинет дека ги надгледувал напорите за поништување на изборите во 2020 година, за заговор за мешање во потврдувањето на изборните резултати, заговор за измама на владата и заговор за одземање правото на гласачите.

Во тужбата, исто така, се наведува дека тој ширел лажни тврдења за изборни измами, планирал да регрутира лажни избирачки списоци, вршел притисок врз претставниците на американското Министерство за правда да отворат лажни истраги за изборни измами и вршел притисок врз неговиот потпретседател Мајк Пенс да ја попречи конгресната потврда за победата на Џо Бајден.

Пресудата во случајот со изборната субверзија на Трамп беше една од последните што Врховниот суд ја донесе во овој мандат. Конзервативното мнозинство во Врховниот суд се обидуваше да го одложи секое судење што е можно подолго.

The post Врховен суд на САД: Поранешните претседатели имаат право на имунитет appeared first on Република.

]]>

Врховниот суд на САД пресуди дека поранешните претседатели имаат право на одреден степен на имунитет од кривично гонење, со што се намалува веројатноста за постапка против Доналд Трамп под обвинение дека планирал да го запре трансферот на власта, да продолжи пред изборите во 2024 година. Трамп е обвинет дека ги надгледувал напорите за поништување на изборите во 2020 година, за заговор за мешање во потврдувањето на изборните резултати, заговор за измама на владата и заговор за одземање правото на гласачите. Во тужбата, исто така, се наведува дека тој ширел лажни тврдења за изборни измами, планирал да регрутира лажни избирачки списоци, вршел притисок врз претставниците на американското Министерство за правда да отворат лажни истраги за изборни измами и вршел притисок врз неговиот потпретседател Мајк Пенс да ја попречи конгресната потврда за победата на Џо Бајден. Пресудата во случајот со изборната субверзија на Трамп беше една од последните што Врховниот суд ја донесе во овој мандат. Конзервативното мнозинство во Врховниот суд се обидуваше да го одложи секое судење што е можно подолго.

The post Врховен суд на САД: Поранешните претседатели имаат право на имунитет appeared first on Република.

]]>
Таткото на Вања со нова жалба пред Врховен против мерката притвор https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tatkoto-na-vana-so-nova-zhalba-pred-vrhoven-protiv-merkata-pritvor/ Thu, 25 Apr 2024 09:20:20 +0000 https://republika.mk/?p=770848

Врховниот суд денеска одржа јавна седница по жалбата на осомничениот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, против решението на Апелацискиот суд Скопје за мерката притвор.

Ова е втора јавна седница пред Врховниот суд по мерката притвор на таткото на Вања, откако во март годинава Врховен ја одби како неоснована жалбата против мерката притвор на Ѓорчевски, по решението на Апелациониот суд Скопје.

Бранителот на осомничениот Ѓорчевски, адвокатот Владимир Туфегџиќ, на седницата рече дека од последната одржана јавна седница до денеска, околностите воопшто не се променети.

Затоа останувам при жалбените наводи дека решението со кое е продолжена мерката притвор е донесено без доволно образложенија во кои не се наведува ниту еден доказ со кој се докажува зошто овој човек би требало да остане во притвор, рече тој.

Дополни дека осомничениот не може да се даде во бегство затоа што важноста на патната исправа му истекла и дека тој активно учествува во истрагата.

Во изјава за медиуми по седницата, Туфегџиќ информираше дека бил вештачен мобилниот уред на Ѓорчевски, но дека сѐ уште немаат никакви информации од вештачењето. Тој посочи и дека случајот стигнал и до Центарот за социјални грижи, откако на семејството на таткото на Вања, не им било дозволено да остварат контакт со неговата помала ќерка.

Осомничениот Александар Ѓорѓиевски, се сложи со образложението на својот адвокат и истакна дека е обвинуван, како што рече, за некои работи кои и ден денеска не ги разбира.

Бев прикажувани екстремно спротивно од тоа што сум како родител и татко. Сакам и јас да знам што точно се случува затоа што и јас водев истрага, знам парченца од тие делови. Би сакал да го дочекам моментот кога ќе го дознам идентитетот на тие луѓе, сите се подеднакво криви, рече тој.

Јавниот обвинител Наум Паноски, рече дека ЈО останува во целост при изнесените наводи во предлогот.

Малолетната Вања Ѓорчевска, која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември.

За двете убиства, за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ првообвинет е Љубомир Палевски Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција, а за соучество се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, осомничен дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со другите осомничени за движењето на неговата ќерка.

По предлог на надлежен обвинител беше укинат притворот на Стефан Димовски, возачот на Љупчо Палевски-Палчо, кој е осомничен за помагање при бегството. На Димовски му се определени мерки на претпазливост - забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа и обврска за јавување во суд.

The post Таткото на Вања со нова жалба пред Врховен против мерката притвор appeared first on Република.

]]>

Врховниот суд денеска одржа јавна седница по жалбата на осомничениот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, против решението на Апелацискиот суд Скопје за мерката притвор. Ова е втора јавна седница пред Врховниот суд по мерката притвор на таткото на Вања, откако во март годинава Врховен ја одби како неоснована жалбата против мерката притвор на Ѓорчевски, по решението на Апелациониот суд Скопје. Бранителот на осомничениот Ѓорчевски, адвокатот Владимир Туфегџиќ, на седницата рече дека од последната одржана јавна седница до денеска, околностите воопшто не се променети.
Затоа останувам при жалбените наводи дека решението со кое е продолжена мерката притвор е донесено без доволно образложенија во кои не се наведува ниту еден доказ со кој се докажува зошто овој човек би требало да остане во притвор, рече тој.
Дополни дека осомничениот не може да се даде во бегство затоа што важноста на патната исправа му истекла и дека тој активно учествува во истрагата. Во изјава за медиуми по седницата, Туфегџиќ информираше дека бил вештачен мобилниот уред на Ѓорчевски, но дека сѐ уште немаат никакви информации од вештачењето. Тој посочи и дека случајот стигнал и до Центарот за социјални грижи, откако на семејството на таткото на Вања, не им било дозволено да остварат контакт со неговата помала ќерка. Осомничениот Александар Ѓорѓиевски, се сложи со образложението на својот адвокат и истакна дека е обвинуван, како што рече, за некои работи кои и ден денеска не ги разбира.
Бев прикажувани екстремно спротивно од тоа што сум како родител и татко. Сакам и јас да знам што точно се случува затоа што и јас водев истрага, знам парченца од тие делови. Би сакал да го дочекам моментот кога ќе го дознам идентитетот на тие луѓе, сите се подеднакво криви, рече тој.
Јавниот обвинител Наум Паноски, рече дека ЈО останува во целост при изнесените наводи во предлогот. Малолетната Вања Ѓорчевска, која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември. За двете убиства, за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ првообвинет е Љубомир Палевски Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција, а за соучество се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, осомничен дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со другите осомничени за движењето на неговата ќерка. По предлог на надлежен обвинител беше укинат притворот на Стефан Димовски, возачот на Љупчо Палевски-Палчо, кој е осомничен за помагање при бегството. На Димовски му се определени мерки на претпазливост - забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа и обврска за јавување во суд.  

The post Таткото на Вања со нова жалба пред Врховен против мерката притвор appeared first on Република.

]]>
Трамп за пресудата на Врховниот суд: Голема и важна победа за Америка https://republika.mk/vesti/svet/tramp-za-presudata-na-vrhovniot-sud-golema-i-vazhna-pobeda-za-amerika/ Mon, 04 Mar 2024 19:39:50 +0000 https://republika.mk/?p=751197

Кандидатот на Републиканската партија за претседателска номинација Доналд Трамп денеска изјави дека одлуката на Врховниот суд на САД, која му дозволи да остане на гласачкото ливче во Колорадо, претставува голема победа за Америка.

-Ова е голема победа за Америка. Многу, многу важна. Подеднакво важна за нашата земја ќе биде и одлуката што Врховниот суд наскоро ќе ја донесе за претседателскиот имунитет – без која функцијата на претседателот би станала само церемонијална, што е далеку од она што основачите сакаа, рече Трамп во изјава за Фокс њуз.

Тој додаде дека ниту еден претседател не може да функционира правилно и ефикасно без „тотален имунитет“.

-Нашата земја би била изложена на голем ризик, рече Трамп.

Врховниот суд на САД денеска едногласно застана на страната на поранешниот претседател, поништувајќи ја одлуката на државата Колорадо со која беше дисквалификуван поради неговата наводна вмешаност во нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.

Судиите на Врховниот суд одлуката ја соопштија ден пред утрешниот „супер вторник“, кога републиканците во 15 сојузни држави одат на внатрепартиски избори.

The post Трамп за пресудата на Врховниот суд: Голема и важна победа за Америка appeared first on Република.

]]>

Кандидатот на Републиканската партија за претседателска номинација Доналд Трамп денеска изјави дека одлуката на Врховниот суд на САД, која му дозволи да остане на гласачкото ливче во Колорадо, претставува голема победа за Америка. -Ова е голема победа за Америка. Многу, многу важна. Подеднакво важна за нашата земја ќе биде и одлуката што Врховниот суд наскоро ќе ја донесе за претседателскиот имунитет – без која функцијата на претседателот би станала само церемонијална, што е далеку од она што основачите сакаа, рече Трамп во изјава за Фокс њуз. Тој додаде дека ниту еден претседател не може да функционира правилно и ефикасно без „тотален имунитет“. -Нашата земја би била изложена на голем ризик, рече Трамп. Врховниот суд на САД денеска едногласно застана на страната на поранешниот претседател, поништувајќи ја одлуката на државата Колорадо со која беше дисквалификуван поради неговата наводна вмешаност во нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година. Судиите на Врховниот суд одлуката ја соопштија ден пред утрешниот „супер вторник“, кога републиканците во 15 сојузни држави одат на внатрепартиски избори.

The post Трамп за пресудата на Врховниот суд: Голема и важна победа за Америка appeared first on Република.

]]>
За убиството на ракометарот Денис Тот, потврдени казните од 18 и од 16 години затвор https://republika.mk/vesti/crna-hronika/za-ubistvoto-na-rakometarot-denis-tot-potvrdeni-kaznite-od-18-i-od-16-godini-zatvor/ Fri, 09 Feb 2024 10:42:48 +0000 https://republika.mk/?p=742159

Советот за казниви дела при Врховниот суд одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, по предметот за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.

Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Македонија донесе пресуда КВП2-101/23, со која барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, поднесени од осуденитe А. Ѓ., К.Л. и А.К. против пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1768/22 од 30.11.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-224/23 од 05.06.2023 година, ги одби како неосновани“, соопшти Врховниот суд.

Претходно, Апелација ги потврди казните на сите осудени за убиството на Денис Тот. Првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски издржува 18 години. Второобвинетата Клементина Лефковска исто така издржува 18 години затвор. И на третообвинетиот Андреј Костовски му е потврдена казната затвор од 16 години.

Пресудата за Денис Тот од Кривичен беше изречена во ноември 2022 година. Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ изрече високи затворски казни за тројцата, тогаш осомничени, сега правосилно осудени за убиството на Денис Тот.

Обвинетите негираа вина за делото убиство. Тие бараа да им се суди за тепачка. Тврдеа дека немале намера да го убијат Тот, ниту умисла, што е еден од условите за да се исполни битието на делото. Судскиот процес траеше два ипол месеца. Обвинителката Тања Трајчевска беше убедена дека докажала вина за убиството кај обвинетите. На судењата беа сослушани многубројни сведоци на настанот, како и вештаци. Клучни беа и снимките од видеонадзорот како од клубот пред кој Тот беше убиен така и снимките од градските камери.

Доколку ракометарот Денис Тот немал повреда на ‘рбетниот мозок, ќе преживеел. Ова го покажа вештачењето на Александар Станков, директор и доктор во Судска медицина при обдукција на телото. Докторот Станков вели: „Доколку таа повреда би ја немало, тој би можел да преживее“. Ударот во главата во тврда површина бил клучниот момент. Тој се случил кога Тот бил со бокс удрен од страна на обвинетиот Анџело Ѓорѓиевски. Сите обвинети се извинија за делото што го сториле.

Денис Тот беше убиен во април минатата година пред скопска дискотека. Во јавноста се рашири видео од тепачката пред дискотеката, на кое се гледа како обвинетите го удираат Тот, тој паѓа на асфалтот и останува без значи на живот.

Од април минатата година за неговото убиство во притвор се 28-годишниот Анџело Ѓорѓиевски, 19-годишната Клементина Лефковска и 22-годишниот Андреј Костовски. Обвинителниот акт беше поднесен на крајот од јули 2022 година.

„Обвинетите, на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди, од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал“, стои во обвинението.

The post За убиството на ракометарот Денис Тот, потврдени казните од 18 и од 16 години затвор appeared first on Република.

]]>

Советот за казниви дела при Врховниот суд одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, по предметот за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.
Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Македонија донесе пресуда КВП2-101/23, со која барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, поднесени од осуденитe А. Ѓ., К.Л. и А.К. против пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1768/22 од 30.11.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-224/23 од 05.06.2023 година, ги одби како неосновани“, соопшти Врховниот суд.
Претходно, Апелација ги потврди казните на сите осудени за убиството на Денис Тот. Првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски издржува 18 години. Второобвинетата Клементина Лефковска исто така издржува 18 години затвор. И на третообвинетиот Андреј Костовски му е потврдена казната затвор од 16 години. Пресудата за Денис Тот од Кривичен беше изречена во ноември 2022 година. Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ изрече високи затворски казни за тројцата, тогаш осомничени, сега правосилно осудени за убиството на Денис Тот. Обвинетите негираа вина за делото убиство. Тие бараа да им се суди за тепачка. Тврдеа дека немале намера да го убијат Тот, ниту умисла, што е еден од условите за да се исполни битието на делото. Судскиот процес траеше два ипол месеца. Обвинителката Тања Трајчевска беше убедена дека докажала вина за убиството кај обвинетите. На судењата беа сослушани многубројни сведоци на настанот, како и вештаци. Клучни беа и снимките од видеонадзорот како од клубот пред кој Тот беше убиен така и снимките од градските камери. Доколку ракометарот Денис Тот немал повреда на ‘рбетниот мозок, ќе преживеел. Ова го покажа вештачењето на Александар Станков, директор и доктор во Судска медицина при обдукција на телото. Докторот Станков вели: „Доколку таа повреда би ја немало, тој би можел да преживее“. Ударот во главата во тврда површина бил клучниот момент. Тој се случил кога Тот бил со бокс удрен од страна на обвинетиот Анџело Ѓорѓиевски. Сите обвинети се извинија за делото што го сториле. Денис Тот беше убиен во април минатата година пред скопска дискотека. Во јавноста се рашири видео од тепачката пред дискотеката, на кое се гледа како обвинетите го удираат Тот, тој паѓа на асфалтот и останува без значи на живот. Од април минатата година за неговото убиство во притвор се 28-годишниот Анџело Ѓорѓиевски, 19-годишната Клементина Лефковска и 22-годишниот Андреј Костовски. Обвинителниот акт беше поднесен на крајот од јули 2022 година. „Обвинетите, на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди, од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал“, стои во обвинението.  

The post За убиството на ракометарот Денис Тот, потврдени казните од 18 и од 16 години затвор appeared first on Република.

]]>
Сојузот на синдикати остана без своето седиште: Со пресуда на Врховен одземена зградата на ССМ https://republika.mk/vesti/makedonija/sojuzot-na-sindikati-ostana-bez-svoeto-sedishte-so-presuda-na-vrhoven-odzemena-zgradata-na-ssm/ Wed, 24 Jan 2024 12:23:04 +0000 https://republika.mk/?p=736313

Сојузот на синдикати остана без своето седиште. Со пресуда од Врховниот суд зградата на ССМ во центарот на Скопје е предадена во сопственост на државата.

Според пресудата на Врховниот суд, објектот на ССМ се градел со пари од државата, а не со средства на синдикатот бидејќи, како што се наведува во пресудата, ССМ не извршува стопанска дејност, па нема ниту сопствени приходи за стекнување на имот.

Од Сојузот на синдикати побараа оставки од врховните судии кои одлучиле државата да ја добие зградата на ССМ. Обвинија за корумпираност на судиите, а препознаваат и обид за дисциплинирање на синдикалното движење и негово уништување.

Од Владата сепак до овој момент нема информации што оваа пресуда ќе значи во пракса и дали синдикатот ќе треба да се исели од зградата.

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, денеска на вонредна прес-конференција соопшти дека според неофицијалните информации што ги има ССМ, Врховниот суд донел пресуда со која се одзема зградата Работнички дом во Скопје, која од почетокот на нејзината изградба во 1958 година е во сопственост на Сојузот на синдикати на Македонија.

Вели дека Домот бил граден со средства на работниците во 1958 година врз основа на договор и одобрение за градба. Од 1992 година наваму, пак, како што додава претседателот на ССМ, имало многубројни обиди за Работничкиот дом да се приграби во интерес на елитите, но, како што вели, аргументите во сите постапки кои се воделе изминатите години биле пресилни за одземање на имотот.

„Врховниот суд кој е највисоката судска инстанца во државата, која со таквата одлука не може да биде оспорувана во домашното законодавство туку само надвор, донел некоја пресуда со која ги поништува сите постапки од 1992 година започната од тогашните влади, функционери и правобранители кои се во име на ССМ врз основа на целокупните аргументи. Повеќе од 15 судски пресуди, од кои шест само во последниот случај од 2005 година до денес, повеќе од 15 решенија на управни институции на управни органи, Судот преиначува, поништува и кажува дека поради претпоставка дека синдикатите во тој систем не можеле да располагаат со толкави средства, поради претпоставка дека одлуката е повисока од Уставот на државата и во тој систем и денеска, и поради тоа што денешните судии кои претседавале со советот во Врховниот суд кои тогаш не биле родени или биле во пелени, одлучуваат на каков начин одлучувале тогашните органи на таа држава во која Македонија била дел. Сме успеале да го зачуваме имотот на работниците, за возврат на тоа што сме се бореле Врховниот суд не спречил општествениот имот на граѓаните и работниците и фирмите да бидат разграбани од олигархијата и тоа што ние успеавме да го зачуваме денеска сакаат да го земат“,

изјави Трендафилов.

Доколку ваквата одлука на Врховниот суд, за која ССМ чека официјална потврда, се испостави за вистинита, оттаму најавија дека ќе бараат оставка од претседателката на Судот и од судиите во Советот кои одлучувале по однос на ова прашање. Работничкиот дом, вели претседателот на ССМ, го преживеал катастрофалниот земјотрес во 1963 година, а ќе го преживее и потресот од Врховниот суд кој се обидува да го направи на ваков начин.

„Симптоматично е тоа што претседателот на Врховниот суд бил вклучен во постапката од 2005 година додека извршувал функција заменик-јавен правобранител и сакал да го земе имотот на работниците – Работничкиот дом, а денеска кога е претседател на Врховниот суд да се преиначат сите постапки со кои тој бил неуспешен и на таков начин да ја одземе зградата од позиција на моќ“,

додаде Трендафилов.

Првиот човек на ССМ оцени дека сите синдикални протести и штрајкови во минатото, како и борбата за подобрување на работничките права и борбата за зголемување на платите на работниците, биле кнедла во грлото на многу функционери, судии и избрани и именувани лица кои, како што вели, сакаат на своевиден начин да го дисциплинираат синдикалното движење во Македонија и ССМ и на таков начин да го уништат.

„Нападот на ССМ е напад на секој еден работник во државата. Обезглавувањето на ССМ или стапнувањето со чизма на вратот на лидерот на борбата на работниците нема да дозволиме да биде стапнување на функционерска чизма во Работничкиот дом. Нема да дозволиме Работничкиот дом кој постои повеќе од 70 години да стане функционерски или судски дом. Ќе се бориме против сите тие кои сакаат да земат од устата на работниците. Тоа што ние го правиме нема да запреме да го правиме. Не можете да дисциплинирате синдикати, можете само да ги разгневните“,

додаде претседателот на ССМ.

The post Сојузот на синдикати остана без своето седиште: Со пресуда на Врховен одземена зградата на ССМ appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикати остана без своето седиште. Со пресуда од Врховниот суд зградата на ССМ во центарот на Скопје е предадена во сопственост на државата. Според пресудата на Врховниот суд, објектот на ССМ се градел со пари од државата, а не со средства на синдикатот бидејќи, како што се наведува во пресудата, ССМ не извршува стопанска дејност, па нема ниту сопствени приходи за стекнување на имот. Од Сојузот на синдикати побараа оставки од врховните судии кои одлучиле државата да ја добие зградата на ССМ. Обвинија за корумпираност на судиите, а препознаваат и обид за дисциплинирање на синдикалното движење и негово уништување. Од Владата сепак до овој момент нема информации што оваа пресуда ќе значи во пракса и дали синдикатот ќе треба да се исели од зградата. Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, денеска на вонредна прес-конференција соопшти дека според неофицијалните информации што ги има ССМ, Врховниот суд донел пресуда со која се одзема зградата Работнички дом во Скопје, која од почетокот на нејзината изградба во 1958 година е во сопственост на Сојузот на синдикати на Македонија. Вели дека Домот бил граден со средства на работниците во 1958 година врз основа на договор и одобрение за градба. Од 1992 година наваму, пак, како што додава претседателот на ССМ, имало многубројни обиди за Работничкиот дом да се приграби во интерес на елитите, но, како што вели, аргументите во сите постапки кои се воделе изминатите години биле пресилни за одземање на имотот.
„Врховниот суд кој е највисоката судска инстанца во државата, која со таквата одлука не може да биде оспорувана во домашното законодавство туку само надвор, донел некоја пресуда со која ги поништува сите постапки од 1992 година започната од тогашните влади, функционери и правобранители кои се во име на ССМ врз основа на целокупните аргументи. Повеќе од 15 судски пресуди, од кои шест само во последниот случај од 2005 година до денес, повеќе од 15 решенија на управни институции на управни органи, Судот преиначува, поништува и кажува дека поради претпоставка дека синдикатите во тој систем не можеле да располагаат со толкави средства, поради претпоставка дека одлуката е повисока од Уставот на државата и во тој систем и денеска, и поради тоа што денешните судии кои претседавале со советот во Врховниот суд кои тогаш не биле родени или биле во пелени, одлучуваат на каков начин одлучувале тогашните органи на таа држава во која Македонија била дел. Сме успеале да го зачуваме имотот на работниците, за возврат на тоа што сме се бореле Врховниот суд не спречил општествениот имот на граѓаните и работниците и фирмите да бидат разграбани од олигархијата и тоа што ние успеавме да го зачуваме денеска сакаат да го земат“, изјави Трендафилов.
Доколку ваквата одлука на Врховниот суд, за која ССМ чека официјална потврда, се испостави за вистинита, оттаму најавија дека ќе бараат оставка од претседателката на Судот и од судиите во Советот кои одлучувале по однос на ова прашање. Работничкиот дом, вели претседателот на ССМ, го преживеал катастрофалниот земјотрес во 1963 година, а ќе го преживее и потресот од Врховниот суд кој се обидува да го направи на ваков начин.
„Симптоматично е тоа што претседателот на Врховниот суд бил вклучен во постапката од 2005 година додека извршувал функција заменик-јавен правобранител и сакал да го земе имотот на работниците – Работничкиот дом, а денеска кога е претседател на Врховниот суд да се преиначат сите постапки со кои тој бил неуспешен и на таков начин да ја одземе зградата од позиција на моќ“, додаде Трендафилов.
Првиот човек на ССМ оцени дека сите синдикални протести и штрајкови во минатото, како и борбата за подобрување на работничките права и борбата за зголемување на платите на работниците, биле кнедла во грлото на многу функционери, судии и избрани и именувани лица кои, како што вели, сакаат на своевиден начин да го дисциплинираат синдикалното движење во Македонија и ССМ и на таков начин да го уништат.
„Нападот на ССМ е напад на секој еден работник во државата. Обезглавувањето на ССМ или стапнувањето со чизма на вратот на лидерот на борбата на работниците нема да дозволиме да биде стапнување на функционерска чизма во Работничкиот дом. Нема да дозволиме Работничкиот дом кој постои повеќе од 70 години да стане функционерски или судски дом. Ќе се бориме против сите тие кои сакаат да земат од устата на работниците. Тоа што ние го правиме нема да запреме да го правиме. Не можете да дисциплинирате синдикати, можете само да ги разгневните“, додаде претседателот на ССМ.

The post Сојузот на синдикати остана без своето седиште: Со пресуда на Врховен одземена зградата на ССМ appeared first on Република.

]]>
Судството не смее да биде под притисок на политиката, им порача амбасадорката Агелер на врховните судии https://republika.mk/vesti/makedonija/sudstvoto-ne-smee-da-bide-pod-pritisok-na-politikata-im-poracha-ambasadorkata-ageler-na-vrhovnite-sudii/ Wed, 25 Oct 2023 15:48:18 +0000 https://republika.mk/?p=694988

Судството не смее да биде под притисок на политиката и не треба да се дозволи мешање на другите власти во донесувањето на судските одлуки кои мора да се засновани на законите, беше истакнато на денешната средба меѓу претседателката на Врховниот суд Беса Адеми и амбасадорката на САД Ангела Агелер, на која присуствуваа и другите судии од највисокиот судски орган.

Потребно е да се почитува уставното начело на поделба на власта, а судиите да бидат ослободени од какви било влијанија. Суштинска улога за независноста на судството има и транспарентноста како еден од најважните фактори за јавната перцепција и доверба. Од големо значење е и доследната примена на европските стандарди и почитувањето на правните вредности, посочија соговорниците.

Во таа насока, на средбата беше нагласено дека независноста на судството е најсилната гаранција за владеењето на правото и дека интегритетот на судиите претставува клучен фактор за остварување на принципите на независното судство.

Амбасадорката на САД Ангела Агелер истакна дека потребно е да се даде силна поддршка на ваквите заложби за независно и транспарентно судство и дека активностите на Врховниот суд во таа насока даваат клучен придонес во реформскиот процес, известуваат од Врховниот суд.

The post Судството не смее да биде под притисок на политиката, им порача амбасадорката Агелер на врховните судии appeared first on Република.

Врховниот суд на САД го отфрли барањето за дисквалификација на Трамп од претседателските избори https://republika.mk/vesti/svet/vrhovniot-sud-na-sad-go-otfrli-baraneto-za-diskvalifikatsija-na-tramp-od-pretsedatelskite-izbori/ Mon, 02 Oct 2023 14:42:10 +0000 https://republika.mk/?p=687173

Врховниот суд на САД денеска го отфрли случајот со кој се бара дисквалификација на Доналд Трамп од претседателските избори во 2024 година, врз основа на уставната одредба која забранува секој што „учествувал во бунт“ да извршува јавна функција.

Судиите ја отфрлија жалбата на Џон Ентони Кастро, даночен консултант од Тексас, кој побара Трамп, во рамките на 14-тиот амандман на американскиот Устав, да биде дисквалификуван како кандидат за претседателска номинација на Републиканската партија.

Во својата тужба, Кастро наведува дека Трамп, со своите постапки за време на немирите и нападот на Капитол Хил на 6 јануари 2021 година, учествувал во бунт со неговите поддржувачи.

The post Врховниот суд на САД го отфрли барањето за дисквалификација на Трамп од претседателските избори appeared first on Република.

]]>

Врховниот суд на САД денеска го отфрли случајот со кој се бара дисквалификација на Доналд Трамп од претседателските избори во 2024 година, врз основа на уставната одредба која забранува секој што „учествувал во бунт“ да извршува јавна функција. Судиите ја отфрлија жалбата на Џон Ентони Кастро, даночен консултант од Тексас, кој побара Трамп, во рамките на 14-тиот амандман на американскиот Устав, да биде дисквалификуван како кандидат за претседателска номинација на Републиканската партија. Во својата тужба, Кастро наведува дека Трамп, со своите постапки за време на немирите и нападот на Капитол Хил на 6 јануари 2021 година, учествувал во бунт со неговите поддржувачи.

The post Врховниот суд на САД го отфрли барањето за дисквалификација на Трамп од претседателските избори appeared first on Република.

]]>
Врховен конечно ја потврди во целост пресудата за „Монструм“ https://republika.mk/vesti/makedonija/vrhoven-konechno-ja-potvrdi-vo-tselost-presudata-za-monstrum/ Fri, 15 Sep 2023 14:25:48 +0000 https://republika.mk/?p=682218

Врховниот суд  ги одби како неосновани жалбите на обвинетите за случајот „Монструм“ и ја потврди во целост пресудата на Апелациониот суд Скопје од 31 март 2022 година.

Постапувајќи во случајот познат во јавноста како „Монструм“, по одржаната јавна седница на ден 27.06.2023 година и по одржаното советување и гласање на ден 15.09.2023 година, Врховниот суд донесе пресуда ВКЖ2-33/22 со која жалбите на обвинетите А.Д., А.И. и А.И. ги одби како неосновани и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ-109/21 од 31.03.2022 година, ја потврди во целост, информираат од Врховниот суд.

Апелација во септември 2022 година ги одби како неосновани жалбите на обвинети во случајот „Монструм“, и ги потврди казните на осудените, односно доживотниот затвор за Алил Демири и браќата Агим и Африм Исмаиловиќ. Со правосилната пресуда потврдена е и казната за Хаки Азири кој беше осуден на казна затвор од девет години, а Фејзи Азири на казна затвор од 15 години. Ослободителна пресуда доби единствено обвинетиот Сами Љута. Првостепената пресуда, второстепениот суд ја преиначи само по однос на засметувањето на мерката притвор што ја поминале обвинетите

Петкратното убиство се случи на 12 април 2012 година кај Смилковското Езеро, кога беа убиени Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и рибарот Борче Стевковски.

„Монструм“ имаше две судења откако во 2017 година Врховниот суд го врати случајот на почеток кај Специјалното јавно обвинителство.

The post Врховен конечно ја потврди во целост пресудата за „Монструм“ appeared first on Република.

]]>

Врховниот суд  ги одби како неосновани жалбите на обвинетите за случајот „Монструм“ и ја потврди во целост пресудата на Апелациониот суд Скопје од 31 март 2022 година.
Постапувајќи во случајот познат во јавноста како „Монструм“, по одржаната јавна седница на ден 27.06.2023 година и по одржаното советување и гласање на ден 15.09.2023 година, Врховниот суд донесе пресуда ВКЖ2-33/22 со која жалбите на обвинетите А.Д., А.И. и А.И. ги одби како неосновани и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ-109/21 од 31.03.2022 година, ја потврди во целост, информираат од Врховниот суд.
Апелација во септември 2022 година ги одби како неосновани жалбите на обвинети во случајот „Монструм“, и ги потврди казните на осудените, односно доживотниот затвор за Алил Демири и браќата Агим и Африм Исмаиловиќ. Со правосилната пресуда потврдена е и казната за Хаки Азири кој беше осуден на казна затвор од девет години, а Фејзи Азири на казна затвор од 15 години. Ослободителна пресуда доби единствено обвинетиот Сами Љута. Првостепената пресуда, второстепениот суд ја преиначи само по однос на засметувањето на мерката притвор што ја поминале обвинетите Петкратното убиство се случи на 12 април 2012 година кај Смилковското Езеро, кога беа убиени Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и рибарот Борче Стевковски. „Монструм“ имаше две судења откако во 2017 година Врховниот суд го врати случајот на почеток кај Специјалното јавно обвинителство.

The post Врховен конечно ја потврди во целост пресудата за „Монструм“ appeared first on Република.

]]>
Врховен суд: Донесувањето на законски измени без транспарентен процес е спротивно на европските стандарди https://republika.mk/vesti/makedonija/vrhoven-sud-donesuvaneto-na-zakonski-izmeni-bez-transparenten-protses-e-sprotivno-na-evropskite-standardi/ Wed, 13 Sep 2023 15:30:16 +0000 https://republika.mk/?p=681659

Донесувањето на законски измени без транспарентен процес е спротивно на европските стандарди, е заклучокот на денешната седница на Одделот за казниви дела при Врховниот суд, во врска со измените на Кривичниот законик, а за кои не било побарано мислење од врховните судии. Од Врховниот суд известуваат дека на денешната седница беа разгледани и измените во врска со злоупотребата на службената положба и овластување.

Подготвувањето на законски измени кои имаат влијание врз судските постапки мора да биде спроведено низ транспарентен процес преку јавна дебата и стручна расправа. Во Врховниот суд од страна на Министерството за правда не беа доставени на мислење предметните измени на Кривичниот законик. Со тоа беше оневозможено Врховниот суд да даде мислење за донесените законски измени кои претставуваат прашање од висок јавен интерес. Врховниот суд смета дека донесувањето на законски измени без транспарентен процес преку јавна дебата и стручна расправа е спротивно на заложбите за реформи на законодавството во согласност со европските стандарди, потенцираат од Врховниот суд.

Оттаму истакнуваат дека Врховниот суд секогаш давал поддршка на законски решенија кои придонесуваат за ефикасна борба против корупцијата и криминалот и поаѓајќи од тие заложби и во минатото немал забелешки за висината на казните за предметните кривични дела, ниту предложил нивно ублажување.

The post Врховен суд: Донесувањето на законски измени без транспарентен процес е спротивно на европските стандарди appeared first on Република.

Врховен го прифати барањето на Груевски за преиспитување на пресудата за „Плацеви на Водно“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vrhoven-go-prifati-baraneto-na-gruevski-za-preispituvane-na-presudata-za-platsevi-na-vodno/ Wed, 12 Jul 2023 08:01:44 +0000 https://republika.mk/?p=660295

Врховниот суд соопшти дека е оформен предмет и ќе се постапува по поднесеното барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда за предметот „Плацеви на Водно“ од осудениот поранешен премиер Никола Груевски.

На ден 10.07.2023 година до Врховниот суддоставено е Барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда од осудениот Никола Груевски преку неговиот бранител Димитар Дангов, адвокат од Скопје, по предметот познат во јавноста како „Плацеви на Водно“. По поднесеното барање оформен е предмет под КВП-КОК2-16/23 и е распореден кај судија-известител за понатамошно постапување, се неведува во соопштението од Врховниот суд.

Груевски за „Плацеви на Водно“ првостепено беше осуден на седум години затвор, а Апелација годинава ја преиначи пресудата и му ја зголеми казната на девет години затвор.

The post Врховен го прифати барањето на Груевски за преиспитување на пресудата за „Плацеви на Водно“ appeared first on Република.

Ако Врховен за „Транспортер“ одлучи дека важи аболицијата од Иванов, ќе важи и за сите други случаи https://republika.mk/vesti/makedonija/ako-vrhoven-za-transporter-odluchi-deka-vazhi-abolitsijata-od-ivanov-ke-vazhi-i-za-site-drugi-sluchai/ Mon, 05 Jun 2023 07:16:37 +0000 https://republika.mk/?p=647803

Доколку одлуката на Врховниот суд за случајот „Транспортер“ биде дека е важечка аболицијата дадена од поранешниот претседател Ѓорге Иванов тоа ќе биде јасен показтел во кој правец ќе се движат и одлуките на Судот за човекови права во Стразбур.

Она што е важно дека одлуката на Врховниот суд за овој случај, ќе важат и за останатите судски предмети во кои се вклучени лица што добија аболиција од Иванов.

Ова доаѓа откако на средината на февруари Стразбур се изјасни дека барањето дали важат аболициите е преурането и оти апликантите прерано се жалеле, односно ги „прескокнале“ повисоките македонски судови.

Обвинетите од СЈО мора да ги поминат сите домашни редовни и вонредни правни лекови што им стојат на располагање, односно Апелацискиот и Врховниот суд, па дури тогаш да ја тужат државата.

Зад тужбата стојат Никола Груевски, Тони Јакимовски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Сашо Мијалков, Кирил Божиновски и други, коишто беа опфатени со аболицијата на експретседателот Ѓорге Иванов, а се обвинети во предметите кои ги отвори поранешното СЈО.

Тие доставија жалба во 2017 година, во која се повикуваат на одлука во Стразбур за сличен случај кога било одлучено дека доделена аболиција не може да биде поништена.

Со аболицијата на Иванов од април 2016 година беа опфатени 54 лица од предметите на СЈО. Но, таквиот потег на бившиот претседател предизвика бурни реакции во јавноста и протести, па по месец и половина и по направени законски измени во Законот за помилување тој ги повлече аболициите.

The post Ако Врховен за „Транспортер“ одлучи дека важи аболицијата од Иванов, ќе важи и за сите други случаи appeared first on Република.

]]>

Доколку одлуката на Врховниот суд за случајот „Транспортер“ биде дека е важечка аболицијата дадена од поранешниот претседател Ѓорге Иванов тоа ќе биде јасен показтел во кој правец ќе се движат и одлуките на Судот за човекови права во Стразбур. Она што е важно дека одлуката на Врховниот суд за овој случај, ќе важат и за останатите судски предмети во кои се вклучени лица што добија аболиција од Иванов. Ова доаѓа откако на средината на февруари Стразбур се изјасни дека барањето дали важат аболициите е преурането и оти апликантите прерано се жалеле, односно ги „прескокнале“ повисоките македонски судови. Обвинетите од СЈО мора да ги поминат сите домашни редовни и вонредни правни лекови што им стојат на располагање, односно Апелацискиот и Врховниот суд, па дури тогаш да ја тужат државата. Зад тужбата стојат Никола Груевски, Тони Јакимовски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Сашо Мијалков, Кирил Божиновски и други, коишто беа опфатени со аболицијата на експретседателот Ѓорге Иванов, а се обвинети во предметите кои ги отвори поранешното СЈО. Тие доставија жалба во 2017 година, во која се повикуваат на одлука во Стразбур за сличен случај кога било одлучено дека доделена аболиција не може да биде поништена. Со аболицијата на Иванов од април 2016 година беа опфатени 54 лица од предметите на СЈО. Но, таквиот потег на бившиот претседател предизвика бурни реакции во јавноста и протести, па по месец и половина и по направени законски измени во Законот за помилување тој ги повлече аболициите.

The post Ако Врховен за „Транспортер“ одлучи дека важи аболицијата од Иванов, ќе важи и за сите други случаи appeared first on Република.

]]>
Врховен ја одложи седницата за „Монструм“ за 14 јуни https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vrhoven-ja-odlozhi-sednitsata-za-monstrum-za-14-juni/ Wed, 17 May 2023 11:11:49 +0000 https://republika.mk/?p=641748

Поради барање на одбраната за изземање на двајца судии од Судечкиот совет, денешната јавна седница за случајот „Монструм“ во Врховниот суд се одложи. Според одбраната на обвинетите, двајцата судии, дел од Судечкиот совет, според списите од предметот, веќе одлучувале по истиот.

По ова барање, Судот, со објаснување дека нема увид во предметот којшто се однесува на двајцата судии, реши да ја одложи седницата за 14 јуни со цел да изврши увид и донесе решение.

Жалбите на петмината обвинети во случајот „Монструм“ беа одбиени како неосновани од Апелација, а првостепената пресуда беше преиначена само по однос на засметувањето на мерката притвор што ја поминале обвинетите.

Второстепениот суд ги потврди казните на осудените, односно доживотен затвор за Алил Демири и браќата Агим и Африм Исмаиловиќ. Со правосилната пресуда потврдена е и казната за Хаки Азири кој беше осуден на казна затвор од девет години, а Фејзи Азири на казна затвор од 15 години. Ослободителна пресуда доби единствено обвинетиот Сами Љута.

Петкратното убиство се случи на 12 април 2012 година кај Смилковското Езеро, кога беа убиени Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Трпковски, како и рибарот Борче Стевковски. „Монструм“ имаше две судења, откако во 2017 година, Врховниот суд го врати случајот на почеток кај Специјалното јавно обвинителство. Обвинението го застапуваше обвинителката Фатиме Фетаи.

The post Врховен ја одложи седницата за „Монструм“ за 14 јуни appeared first on Република.

]]>

Поради барање на одбраната за изземање на двајца судии од Судечкиот совет, денешната јавна седница за случајот „Монструм“ во Врховниот суд се одложи. Според одбраната на обвинетите, двајцата судии, дел од Судечкиот совет, според списите од предметот, веќе одлучувале по истиот. По ова барање, Судот, со објаснување дека нема увид во предметот којшто се однесува на двајцата судии, реши да ја одложи седницата за 14 јуни со цел да изврши увид и донесе решение. Жалбите на петмината обвинети во случајот „Монструм“ беа одбиени како неосновани од Апелација, а првостепената пресуда беше преиначена само по однос на засметувањето на мерката притвор што ја поминале обвинетите. Второстепениот суд ги потврди казните на осудените, односно доживотен затвор за Алил Демири и браќата Агим и Африм Исмаиловиќ. Со правосилната пресуда потврдена е и казната за Хаки Азири кој беше осуден на казна затвор од девет години, а Фејзи Азири на казна затвор од 15 години. Ослободителна пресуда доби единствено обвинетиот Сами Љута. Петкратното убиство се случи на 12 април 2012 година кај Смилковското Езеро, кога беа убиени Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Трпковски, како и рибарот Борче Стевковски. „Монструм“ имаше две судења, откако во 2017 година, Врховниот суд го врати случајот на почеток кај Специјалното јавно обвинителство. Обвинението го застапуваше обвинителката Фатиме Фетаи.

The post Врховен ја одложи седницата за „Монструм“ за 14 јуни appeared first on Република.

]]>
Врховниот суд ги одби како неосновани барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда за „Јавна соба“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vrhovniot-sud-gi-odbi-kako-neosnovani-baranata-za-vonredno-preispituvane-na-pravosilnata-presuda-za-javna-soba/ Thu, 30 Mar 2023 09:45:46 +0000 https://republika.mk/?p=625388

Советот за казниви дела при Врховниот суд на вчерашната седница ги одби како неосновани поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда по предметот познат во јавноста како „Јавна соба“.

Како што соопштија оттаму, „Советот донесе пресуда Квп2.бр.23/2023 со која барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1851/21 од 11.03.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ.бр.588/22 од 24.11.2022 година, ги одби како неосновани“.

Основниот кривичен суд Скопје во март минатата година им изрече затворски казни од по четири години на Дарко Костовски и Михаил Паневски, креатори на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм. Тие се обвинети за производство и дистрибуција на детска порнографија.

Според обвинението, во периодот од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година, двајцата обвинети, како основач и модератор на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата. Но, тие со умисла дозволиле на групата да се направи достапна содржина – аудио-визуелен материјал на кој се прикажани очигледни полови дејствија со дете.

На социјалната мрежа Телеграм оваа група веќе е згасната. Обвинителството во овој предмет поведе постапка за ова кривично дело, бидејќи во текот на предистрагата беа обезбедени материјални докази кои упатуваат токму на оваа правна квалификација.

The post Врховниот суд ги одби како неосновани барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда за „Јавна соба“ appeared first on Република.

]]>

Советот за казниви дела при Врховниот суд на вчерашната седница ги одби како неосновани поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда по предметот познат во јавноста како „Јавна соба“. Како што соопштија оттаму, „Советот донесе пресуда Квп2.бр.23/2023 со која барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1851/21 од 11.03.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ.бр.588/22 од 24.11.2022 година, ги одби како неосновани“. Основниот кривичен суд Скопје во март минатата година им изрече затворски казни од по четири години на Дарко Костовски и Михаил Паневски, креатори на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм. Тие се обвинети за производство и дистрибуција на детска порнографија. Според обвинението, во периодот од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година, двајцата обвинети, како основач и модератор на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата. Но, тие со умисла дозволиле на групата да се направи достапна содржина – аудио-визуелен материјал на кој се прикажани очигледни полови дејствија со дете. На социјалната мрежа Телеграм оваа група веќе е згасната. Обвинителството во овој предмет поведе постапка за ова кривично дело, бидејќи во текот на предистрагата беа обезбедени материјални докази кои упатуваат токму на оваа правна квалификација.

The post Врховниот суд ги одби како неосновани барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда за „Јавна соба“ appeared first on Република.

]]>
Врховен суд го одби барањето, нема да се преиспитува пресудата за „Јавна соба“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vrhoven-sud-go-odbi-baraneto-nema-da-se-preispituva-presudata-za-javna-soba/ Thu, 30 Mar 2023 08:45:01 +0000 https://republika.mk/?p=625364

Советот за казниви дела при Врховниот суд одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот познат во јавноста како „Јавна соба“.

„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Македонија донесе пресуда Квп2.бр.23/2023 со која барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1851/21 од 11.03.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ.бр.588/22 од 24.11.2022 година, ги одби како неосновани“, велат од Врховен суд.

Во овој случај, девојки биа жртви на таканаречената „Јавна соба“ на Телеграм во 2020 година, каде со прикриен идентитет членовите разменуваа телефонски броеви и експлицитни фотографии. Откако згасна оваа група, други лица основаа друга група со истото име кое функционираше долго време. И во неа се споделуваа броеви од жени и девојки, но и нивни разголени фотографии.

The post Врховен суд го одби барањето, нема да се преиспитува пресудата за „Јавна соба“ appeared first on Република.

]]>

Советот за казниви дела при Врховниот суд одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот познат во јавноста како „Јавна соба“. „Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Македонија донесе пресуда Квп2.бр.23/2023 со која барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1851/21 од 11.03.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ.бр.588/22 од 24.11.2022 година, ги одби како неосновани“, велат од Врховен суд. Во овој случај, девојки биа жртви на таканаречената „Јавна соба“ на Телеграм во 2020 година, каде со прикриен идентитет членовите разменуваа телефонски броеви и експлицитни фотографии. Откако згасна оваа група, други лица основаа друга група со истото име кое функционираше долго време. И во неа се споделуваа броеви од жени и девојки, но и нивни разголени фотографии.  

The post Врховен суд го одби барањето, нема да се преиспитува пресудата за „Јавна соба“ appeared first on Република.

]]>
Избрани две нови судијки во врховниот суд: За предмети од граѓанската област ќе одлучуваат Георгиевска и Бошковска https://republika.mk/vesti/makedonija/izbrani-dve-novi-sudijki-vo-vrhovniot-sud-za-predmeti-od-graganskata-oblast-ke-odluchuvaat-georgievska-i-boshkovska/ Wed, 29 Mar 2023 09:00:22 +0000 https://republika.mk/?p=624942

Судскиот совет на денешната 436-та седница ги избра Анита Бошковска и Катерина Георгиевска за судијки во Врховниот суд од граѓанска област.

На огласот за избор на четири судии во Врховниот суд, од кои двајца за кривична област и двајца за граѓанска област, беа пријавени по петмина кандидати, но Судскиот совет не избра ниту еден од петмината кандидати за судии од кривична област.

Од граѓанска област пријавени беа пет кандидати, од кои прворангирана со 74 бода судијката Анита Бошковска која доби 10 гласа „за“ и 2 против, додека второрангираната со 68,4 бода Катерина Георгиевска која доби 10 гласа „за“ и два против. Судскиот совет согласно закон судиите ги избира со најмалку осум гласа „за“ од судиите со право на глас и гласа од прворангираниот се до изборот на потребниот број судии согласно објавениот оглас. Останатите кандидати беа Елизабета Дуковска со 64,8 бода, Роза Георгиева со 55,5 бода и за Енвер Беџети со 53,3 бодови.

Од кривична област, од пријавените пет кандидати Зоран Димитриевски доби 4 гласа „за“ и 8 против, Данка Ристова 6 гласа „за“, 6 против, Татјана Дукоска 4 гласа „за“ и 8 против, Енвер Беџети 4 гласа „за“ и 8 против и Енвер Амзаи, исто така 4 гласа „за“ и 8 против.

Ова е прв избор на судии во повисок суд, по новите критериуми за оценка.

The post Избрани две нови судијки во врховниот суд: За предмети од граѓанската област ќе одлучуваат Георгиевска и Бошковска appeared first on Република.

]]>

Судскиот совет на денешната 436-та седница ги избра Анита Бошковска и Катерина Георгиевска за судијки во Врховниот суд од граѓанска област. На огласот за избор на четири судии во Врховниот суд, од кои двајца за кривична област и двајца за граѓанска област, беа пријавени по петмина кандидати, но Судскиот совет не избра ниту еден од петмината кандидати за судии од кривична област. Од граѓанска област пријавени беа пет кандидати, од кои прворангирана со 74 бода судијката Анита Бошковска која доби 10 гласа „за“ и 2 против, додека второрангираната со 68,4 бода Катерина Георгиевска која доби 10 гласа „за“ и два против. Судскиот совет согласно закон судиите ги избира со најмалку осум гласа „за“ од судиите со право на глас и гласа од прворангираниот се до изборот на потребниот број судии согласно објавениот оглас. Останатите кандидати беа Елизабета Дуковска со 64,8 бода, Роза Георгиева со 55,5 бода и за Енвер Беџети со 53,3 бодови. Од кривична област, од пријавените пет кандидати Зоран Димитриевски доби 4 гласа „за“ и 8 против, Данка Ристова 6 гласа „за“, 6 против, Татјана Дукоска 4 гласа „за“ и 8 против, Енвер Беџети 4 гласа „за“ и 8 против и Енвер Амзаи, исто така 4 гласа „за“ и 8 против. Ова е прв избор на судии во повисок суд, по новите критериуми за оценка.

The post Избрани две нови судијки во врховниот суд: За предмети од граѓанската област ќе одлучуваат Георгиевска и Бошковска appeared first on Република.

]]>