вредност Archives - Република https://republika.mk/tema/vrednost/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Nov 2024 09:37:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вредност Archives - Република https://republika.mk/tema/vrednost/ 32 32 Биткоинот не запира – новата рекордна вредност е речиси 80.000 долари https://republika.mk/vesti/svet/bitkoinot-ne-zapira-novata-rekordna-vrednost-e-rechisi-80-000-dolari/ Sun, 10 Nov 2024 09:45:23 +0000 https://republika.mk/?p=836008

Цената на криптовалутата Биткоин достигна нов рекорд – синоќа достигна ново рекордно ниво од 79.654 долари.

Вредноста на најпознатата криптовалута претходно „скокна“ за повеќе од 10 отсто веднаш откако Трамп обезбеди втор мандат во Белата куќа, а републиканците го освоија Сенатот, со големи шанси да победат во Претставничкиот дом, пренесуваат странските медиуми.

Зголемувањето е најголемо од претходниот скок во март, кога инвеститорите беа израдувани од приливите во фондови кои ја следат цената на биткоинот на американските берзи.

The post Биткоинот не запира – новата рекордна вредност е речиси 80.000 долари appeared first on Република.

]]>

Цената на криптовалутата Биткоин достигна нов рекорд – синоќа достигна ново рекордно ниво од 79.654 долари. Вредноста на најпознатата криптовалута претходно „скокна“ за повеќе од 10 отсто веднаш откако Трамп обезбеди втор мандат во Белата куќа, а републиканците го освоија Сенатот, со големи шанси да победат во Претставничкиот дом, пренесуваат странските медиуми. Зголемувањето е најголемо од претходниот скок во март, кога инвеститорите беа израдувани од приливите во фондови кои ја следат цената на биткоинот на американските берзи.

The post Биткоинот не запира – новата рекордна вредност е речиси 80.000 долари appeared first on Република.

]]>
Помама по прачки: За прв пат во историјата вредноста на еднo златно парче надмина милион долари https://republika.mk/vesti/svet/pomama-po-prachki-za-prv-pat-vo-istorijata-vrednosta-na-edno-zlatno-parche-nadmina-milion-dolari/ Tue, 20 Aug 2024 12:51:02 +0000 https://republika.mk/?p=808317

За прв пат во историјата вредноста на една стандардна прачка злато надмина милион долари.

Пресвртницата беше достигната во петокот, кога цената на благородниот метал се зголеми на 2.500 долари за унца, што е рекорд на сите времиња.

Вообичаено златните прачки тежат околу 400 унци, тоа значи дека секоја од нив вреди повеќе од милион долари.

The post Помама по прачки: За прв пат во историјата вредноста на еднo златно парче надмина милион долари appeared first on Република.

]]>

За прв пат во историјата вредноста на една стандардна прачка злато надмина милион долари. Пресвртницата беше достигната во петокот, кога цената на благородниот метал се зголеми на 2.500 долари за унца, што е рекорд на сите времиња. Вообичаено златните прачки тежат околу 400 унци, тоа значи дека секоја од нив вреди повеќе од милион долари.

The post Помама по прачки: За прв пат во историјата вредноста на еднo златно парче надмина милион долари appeared first on Република.

]]>
Незапирливо кон врвот: Биткоин ја надмина границата од 72.000 долари https://republika.mk/vesti/svet/nezapirlivo-kon-vrvot-bitkoin-ja-nadmina-granitsata-od-72-000-dolari/ Tue, 12 Mar 2024 09:00:39 +0000 https://republika.mk/?p=753902

И неделава продолжува растот на вредноста на најпознатата криптовалута биткоин. Имено, биткоин вчера на азиските берзи достигна вредност поголема од 72.000 американски долари.

Биткоин стабилно расте последните недели, а минатата недела ја надмина границата од 70.000 долари и постави нови рекорди на својата вредност. Експертите велат дека брзиот раст на вредноста на оваа криптовалута ја поттикнал одлуката за „спот“ тргување во САД, но и одлуката на Лондонската берза да почне да прифаќа барања за биткоин и етереум ETN.

Најголем дел од експертите, сепак, се сложуваат дека секој пад на биткоин веројатно ќе биде краткотраен благодарение на нерамнотежата на понудата и побарувачката во САД и претстојното преполовување на „наградите“ кои ги добиваат рударите на биткоин.

The post Незапирливо кон врвот: Биткоин ја надмина границата од 72.000 долари appeared first on Република.

]]>

И неделава продолжува растот на вредноста на најпознатата криптовалута биткоин. Имено, биткоин вчера на азиските берзи достигна вредност поголема од 72.000 американски долари. Биткоин стабилно расте последните недели, а минатата недела ја надмина границата од 70.000 долари и постави нови рекорди на својата вредност. Експертите велат дека брзиот раст на вредноста на оваа криптовалута ја поттикнал одлуката за „спот“ тргување во САД, но и одлуката на Лондонската берза да почне да прифаќа барања за биткоин и етереум ETN. Најголем дел од експертите, сепак, се сложуваат дека секој пад на биткоин веројатно ќе биде краткотраен благодарение на нерамнотежата на понудата и побарувачката во САД и претстојното преполовување на „наградите“ кои ги добиваат рударите на биткоин.

The post Незапирливо кон врвот: Биткоин ја надмина границата од 72.000 долари appeared first on Република.

]]>
Познат експерт тврди: Не сте ни свесни што ќе се случи со Биткоин https://republika.mk/vesti/svet/poznat-ekspert-tvrdi-ne-ste-ni-svesni-shto-ke-se-sluchi-so-bitkoin/ Thu, 07 Mar 2024 10:10:22 +0000 https://republika.mk/?p=752167

Тон Веис, кој 10 години работел на „Wall Street“ за најголемите компании, е оптимистичен дека Биткоин ќе ги надмине сите очекувања во моменталниот пазарен циклус.

Веис неодамна на своите 122.000 претплатници на ЈуТјуб им сугерирал дека иднината на Биткоин е уште посветла од неговите претходни предвидувања за оваа година, известува „The Daily Hodl“ во среда на 6-ти март. Истакнал дека неодамнешното воведување на фондови со кои се тргува на брзиот пазар (EFT) би можеле да го поттикнат Биткоин на нови височини.

Според Веис, пробивањето на прагот од 84.00 до 85.000 долари ќе направи „многу тешко“ Биткоин повторно да падне под 65.000 долари. Предвидел дека Биткоин ќе ги изненади луѓето со својот раст, потенцијално достигнувајќи 355.000 долари до април 2027-ма.

„Мислам дека Биткоин ќе ги изненади луѓето бидејќи цена од 250.000 или 300.000 е разумна проекција“, рекол тој.

Инаку, оваа прогноза на Веис доаѓа по нестабилниот период за Биткоин. Неодамна го доживеа најстрмниот дневен пад од ноември 2022-ра година, и покрај тоа што на почетокот достигна нови врвови.

Претходно, во октомври 2023-та година, Ваис ги предупредил трговците на одржливоста на растот на Биткоин. И покрај значајниот пораст на вредноста, предупредил на претеран оптимизам, предвидувајќи повлекување во ноември. Неговиот моментален изглед сугерира на промена на расположението, одразувајќи ги потенцијалот за поодржлив тренд, пренесува „Јутарњи“.

The post Познат експерт тврди: Не сте ни свесни што ќе се случи со Биткоин appeared first on Република.

]]>

Тон Веис, кој 10 години работел на „Wall Street“ за најголемите компании, е оптимистичен дека Биткоин ќе ги надмине сите очекувања во моменталниот пазарен циклус. Веис неодамна на своите 122.000 претплатници на ЈуТјуб им сугерирал дека иднината на Биткоин е уште посветла од неговите претходни предвидувања за оваа година, известува „The Daily Hodl“ во среда на 6-ти март. Истакнал дека неодамнешното воведување на фондови со кои се тргува на брзиот пазар (EFT) би можеле да го поттикнат Биткоин на нови височини. Според Веис, пробивањето на прагот од 84.00 до 85.000 долари ќе направи „многу тешко“ Биткоин повторно да падне под 65.000 долари. Предвидел дека Биткоин ќе ги изненади луѓето со својот раст, потенцијално достигнувајќи 355.000 долари до април 2027-ма. „Мислам дека Биткоин ќе ги изненади луѓето бидејќи цена од 250.000 или 300.000 е разумна проекција“, рекол тој. Инаку, оваа прогноза на Веис доаѓа по нестабилниот период за Биткоин. Неодамна го доживеа најстрмниот дневен пад од ноември 2022-ра година, и покрај тоа што на почетокот достигна нови врвови. Претходно, во октомври 2023-та година, Ваис ги предупредил трговците на одржливоста на растот на Биткоин. И покрај значајниот пораст на вредноста, предупредил на претеран оптимизам, предвидувајќи повлекување во ноември. Неговиот моментален изглед сугерира на промена на расположението, одразувајќи ги потенцијалот за поодржлив тренд, пренесува „Јутарњи“.

The post Познат експерт тврди: Не сте ни свесни што ќе се случи со Биткоин appeared first on Република.

]]>
Доларот зајакнува петта недела по ред https://republika.mk/vesti/svet/dolarot-zajaknuva-petta-nedela-po-red/ Sun, 18 Feb 2024 10:24:07 +0000 https://republika.mk/?p=745296

На девизните пазари и минатата недела благо порасна вредноста на доларот во однос на кошничката валути, петти пат по ред, бидејќи се појасно е дека поради високата инфлација, американската централна банка нема да брза со намалување на каматните стапки.

Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, порасна за 0,15 отсто минатата недела, на 104,26 поени.

Истовремено, вредноста на доларот во однос на европската валута зајакна за 0,1 отсто, па цената на еврото се лизна на 1,0775 долари. Курсот на доларот порасна и во однос на јапонската валута, за 0,6 отсто, на 150,20 јени.

Јакнењето на доларот петта недела по ред уследи по извештајот за пораст на инфлацијата во САД во првиот месец од оваа година.

Извештајот, објавен во вторникот, покажа дека во јануари потрошувачките цени пораснале за 0,3 отсто на месечно ниво и 3,1 отсто на годишно ниво, што е повеќе од очекувањата на аналитичарите. Производните цени и во јануари пораснаа повеќе од очекуваното, што покажува дека борбата со инфлацијата се уште не е завршена.

На крајот на минатата година, доларот беше под притисок бидејќи пазарот процени дека инфлацијата ќе ослабне и дека како резултат на тоа ФЕД ќе почне да ги намалува каматните стапки веќе во март.

Сепак, имајќи предвид дека инфлацијата се уште се движи далеку над целното ниво на ФЕД од 2 отсто, на пазарот веќе не се ни споменува мартовскиот пад, а по извештајот за потрошувачките цени, шпекулациите за намалување на каматните стапки во мај стивнаа.

Пазарот на пари сега проценува дека шансите за намалување на стапката на ФЕД во мај се помали од 50 проценти.

The post Доларот зајакнува петта недела по ред appeared first on Република.

]]>

На девизните пазари и минатата недела благо порасна вредноста на доларот во однос на кошничката валути, петти пат по ред, бидејќи се појасно е дека поради високата инфлација, американската централна банка нема да брза со намалување на каматните стапки. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, порасна за 0,15 отсто минатата недела, на 104,26 поени. Истовремено, вредноста на доларот во однос на европската валута зајакна за 0,1 отсто, па цената на еврото се лизна на 1,0775 долари. Курсот на доларот порасна и во однос на јапонската валута, за 0,6 отсто, на 150,20 јени. Јакнењето на доларот петта недела по ред уследи по извештајот за пораст на инфлацијата во САД во првиот месец од оваа година. Извештајот, објавен во вторникот, покажа дека во јануари потрошувачките цени пораснале за 0,3 отсто на месечно ниво и 3,1 отсто на годишно ниво, што е повеќе од очекувањата на аналитичарите. Производните цени и во јануари пораснаа повеќе од очекуваното, што покажува дека борбата со инфлацијата се уште не е завршена. На крајот на минатата година, доларот беше под притисок бидејќи пазарот процени дека инфлацијата ќе ослабне и дека како резултат на тоа ФЕД ќе почне да ги намалува каматните стапки веќе во март. Сепак, имајќи предвид дека инфлацијата се уште се движи далеку над целното ниво на ФЕД од 2 отсто, на пазарот веќе не се ни споменува мартовскиот пад, а по извештајот за потрошувачките цени, шпекулациите за намалување на каматните стапки во мај стивнаа. Пазарот на пари сега проценува дека шансите за намалување на стапката на ФЕД во мај се помали од 50 проценти.

The post Доларот зајакнува петта недела по ред appeared first on Република.

]]>
Доларот падна на најниско ниво во последните четири месеци https://republika.mk/vesti/svet/dolarot-padna-na-najnisko-nivo-vo-poslednite-chetiri-mesetsi/ Fri, 15 Dec 2023 07:45:56 +0000 https://republika.mk/?p=723128

На Азиските берзи пораснаа цените на акциите, како и на Волстрит ден претходно, бидејќи се очекува централните банки на западните земји да почнат да ги намалуваат каматните стапки следната година.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, порасна за 1,3 отсто околу 07:00 часот, така што е на пат за добивка оваа недела од околу 3 отсто.

Истовремено, на токиската берза индексот Никеи зајакна за 0,9 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја, Австралија и Хонг Конг пораснаа меѓу 0,6 и 2,3 отсто. Во Шангај, пак, тие паднаа за околу 0,4 отсто.

Така, повеќето азиски берзи го следат вчерашниот раст на Волстрит, каде Dow Jones зајакна 0,43 отсто, на рекордни 37.248 поени, додека S&P 500 порасна за 0,26 отсто, а Nasdaq индексот 0,19 отсто.

На берзите се уште има добро расположение, бидејќи по пораките на првиот човек на ФЕД од седницата во средата, инвеститорите сметаат дека циклусот на заострување на монетарната политика е завршен и дека следната година ќе следи намалување на каматите.

На последната седница од годината, челниците на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети во опсег од 5,25 до 5,50 отсто во средата, имајќи предвид дека инфлаторните притисоци постепено се намалуваат.

Претседателот на ФЕД Џером Пауел на прес-конференција рече дека централната банка најверојатно нема повторно да ги зголеми каматните стапки и дека сега е фокусирана на „не правење грешка да ги држи каматните стапки премногу високи предолго“.

По пораките на првиот човек на ФЕД, пазарот проценува дека има 90 отсто шанси централната банка по повеќе од година и пол затегнување на монетарната политика во мај да почне да ги намалува каматните стапки.

Дополнително, се чини дека и покрај наглото зголемување на каматните стапки, американската економија ќе избегне рецесија. На тоа укажуваат и вчера објавените податоци за неочекуваниот раст на прометот во трговијата на мало во ноември.

Освен Дау Џонс, и другите индекси вчера достигнаа нови највисоки годишно ниво.

Цените на акциите вчера пораснаа и на повеќето европски берзи, откако челниците на Европската централна банка одлучија да ги задржат каматните стапки непроменети на последната сесија од годината.

Аналитичарите проценуваат дека ЕЦБ, како и ФЕД, го завршија циклусот на зголемување на каматните стапки и дека следната година ќе следи намалување на каматните стапки.

А на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна втор ден по ред, на најниско ниво во речиси четири месеци.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 102,03 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 102,62 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се движи околу 141,80 јени, колку што беше и вчера во овој момент.

Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0980 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0895 долари.

Цените на нафтата, пак, пораснаа втор ден по ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,39 отсто, на 76,90 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,34 отсто, на 71,80 долари.

The post Доларот падна на најниско ниво во последните четири месеци appeared first on Република.

]]>

На Азиските берзи пораснаа цените на акциите, како и на Волстрит ден претходно, бидејќи се очекува централните банки на западните земји да почнат да ги намалуваат каматните стапки следната година. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, порасна за 1,3 отсто околу 07:00 часот, така што е на пат за добивка оваа недела од околу 3 отсто. Истовремено, на токиската берза индексот Никеи зајакна за 0,9 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја, Австралија и Хонг Конг пораснаа меѓу 0,6 и 2,3 отсто. Во Шангај, пак, тие паднаа за околу 0,4 отсто. Така, повеќето азиски берзи го следат вчерашниот раст на Волстрит, каде Dow Jones зајакна 0,43 отсто, на рекордни 37.248 поени, додека S&P 500 порасна за 0,26 отсто, а Nasdaq индексот 0,19 отсто. На берзите се уште има добро расположение, бидејќи по пораките на првиот човек на ФЕД од седницата во средата, инвеститорите сметаат дека циклусот на заострување на монетарната политика е завршен и дека следната година ќе следи намалување на каматите. На последната седница од годината, челниците на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети во опсег од 5,25 до 5,50 отсто во средата, имајќи предвид дека инфлаторните притисоци постепено се намалуваат. Претседателот на ФЕД Џером Пауел на прес-конференција рече дека централната банка најверојатно нема повторно да ги зголеми каматните стапки и дека сега е фокусирана на „не правење грешка да ги држи каматните стапки премногу високи предолго“. По пораките на првиот човек на ФЕД, пазарот проценува дека има 90 отсто шанси централната банка по повеќе од година и пол затегнување на монетарната политика во мај да почне да ги намалува каматните стапки. Дополнително, се чини дека и покрај наглото зголемување на каматните стапки, американската економија ќе избегне рецесија. На тоа укажуваат и вчера објавените податоци за неочекуваниот раст на прометот во трговијата на мало во ноември. Освен Дау Џонс, и другите индекси вчера достигнаа нови највисоки годишно ниво. Цените на акциите вчера пораснаа и на повеќето европски берзи, откако челниците на Европската централна банка одлучија да ги задржат каматните стапки непроменети на последната сесија од годината. Аналитичарите проценуваат дека ЕЦБ, како и ФЕД, го завршија циклусот на зголемување на каматните стапки и дека следната година ќе следи намалување на каматните стапки. А на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна втор ден по ред, на најниско ниво во речиси четири месеци. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 102,03 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 102,62 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се движи околу 141,80 јени, колку што беше и вчера во овој момент. Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0980 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0895 долари. Цените на нафтата, пак, пораснаа втор ден по ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,39 отсто, на 76,90 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,34 отсто, на 71,80 долари.

The post Доларот падна на најниско ниво во последните четири месеци appeared first on Република.

]]>
Пад на вредноста на рубљата https://republika.mk/vesti/svet/pad-na-vrednosta-na-rublata/ Tue, 03 Oct 2023 07:53:41 +0000 https://republika.mk/?p=687316

Руската валута денеска на кратко го надмина симболичниот праг од сто рубљи за еден американски долар поради одливот на валути и намалувањето на суфицитот на тековната сметка на земјата.

Потоа руската валута поврати дел од загубите и беше котирана на ниво од 99,41 рубљи за долар, откако достигна 100,2550 рубљи за долар.

Последниот трицифрен пад на рубљата, во август, ја поттикна Банката на Русија да преземе итно зголемување на каматните стапки од 350 базични поени (3,5 процентни поени) на 12 отсто додека властите разговараа за повторно воведување на контроли за зајакнување на валутата.

The post Пад на вредноста на рубљата appeared first on Република.

]]>

Руската валута денеска на кратко го надмина симболичниот праг од сто рубљи за еден американски долар поради одливот на валути и намалувањето на суфицитот на тековната сметка на земјата. Потоа руската валута поврати дел од загубите и беше котирана на ниво од 99,41 рубљи за долар, откако достигна 100,2550 рубљи за долар. Последниот трицифрен пад на рубљата, во август, ја поттикна Банката на Русија да преземе итно зголемување на каматните стапки од 350 базични поени (3,5 процентни поени) на 12 отсто додека властите разговараа за повторно воведување на контроли за зајакнување на валутата.

The post Пад на вредноста на рубљата appeared first on Република.

]]>