враќање Archives - Република https://republika.mk/tema/vrakjanje/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Dec 2023 14:37:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png враќање Archives - Република https://republika.mk/tema/vrakjanje/ 32 32 Дваесет украдени икони од македонските цркви, од Албанија ќе пристигнат во земјава https://republika.mk/vesti/kultura/dvaeset-ukradeni-ikoni-od-makedonskite-tsrkvi-od-albanija-utre-ke-pristignat-vo-zemjava-2/ Fri, 15 Dec 2023 07:35:10 +0000 https://republika.mk/?p=722972

Вкупно 20 икони украдени од македонските цркви, претежно од струшкиот регион утре ќе бидат вратени во Македонија од страна на Албанија во рамките на договорот за соработка меѓу двете држави потпишан минатата година.

Првпат во историјата на нашата држава се прави успешна реституција на културно наследство, благодарение на добрата соработка меѓу владите и министерствата за култура на Македонија и Албанија, посочија од Министерството за култура.

Иконите, како што појасни министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, ќе бидат соодветно спакувани да не се оштетат при пренос и ќе бидат однесени во Музејот на Македонија, од каде по процесот на заштита, ќе бидат изложени, а потоа и вратени на МПЦ.

Постапката за враќање на украдените икони од Македонија од Албанија почна во 2013 година, со интенизвни активности последните две години.

Во периодот од 2009 до 2013 година имаше силен бран на насилно влегување во црквите, особено во Западна и Југозападна Македонија, каде што се однесоа стотици икони. Само на подрачјето на Одделението за внатрешни работи Струга, како што информира за МИА портпаролот Стефан Димоски, имало 22 пријави за „кражба“ и „тешка кражба“ на икони од цркви. Три пријави за кривични дела „тешка кражба“ во цркви во струшко, според него, имало и во 2017 година.

Кривичните дела се извршени во цркви лоцирани во Струга, Вевчани како и во селата Мали Влај, Радожда, Ташмаруништа, Долна Белица, Безево, Јабланица, Луково, Селци, Буринец, Модрич, Дренок... Во останатите години, пријавени се кражби од цркви со одземање пари и друг црковен прибор, изјави Димоски.

Незаконски одземените икони од македонските цркви случајно ги забележале нашите експерти вo 2013 на прилог со премиерот Еди Рама на албанска телевизија.

Една од иконите албанскиот премиер Рама, симболично во знак на соработка му предаде на македонскиот колега Димитар Ковачевски при потпишувањето на договорот за враќање на иконите минатата година во Скопје.

По завршувањето на овој процес за враќање на 20 - те украдени икони во земјава, предвидено е отварање на нов процес за враќање на уште еден контингент идентификувани икони во Албанија.

 

The post Дваесет украдени икони од македонските цркви, од Албанија ќе пристигнат во земјава appeared first on Република.

]]>

Вкупно 20 икони украдени од македонските цркви, претежно од струшкиот регион утре ќе бидат вратени во Македонија од страна на Албанија во рамките на договорот за соработка меѓу двете држави потпишан минатата година.
Првпат во историјата на нашата држава се прави успешна реституција на културно наследство, благодарение на добрата соработка меѓу владите и министерствата за култура на Македонија и Албанија, посочија од Министерството за култура.
Иконите, како што појасни министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, ќе бидат соодветно спакувани да не се оштетат при пренос и ќе бидат однесени во Музејот на Македонија, од каде по процесот на заштита, ќе бидат изложени, а потоа и вратени на МПЦ. Постапката за враќање на украдените икони од Македонија од Албанија почна во 2013 година, со интенизвни активности последните две години. Во периодот од 2009 до 2013 година имаше силен бран на насилно влегување во црквите, особено во Западна и Југозападна Македонија, каде што се однесоа стотици икони. Само на подрачјето на Одделението за внатрешни работи Струга, како што информира за МИА портпаролот Стефан Димоски, имало 22 пријави за „кражба“ и „тешка кражба“ на икони од цркви. Три пријави за кривични дела „тешка кражба“ во цркви во струшко, според него, имало и во 2017 година.
Кривичните дела се извршени во цркви лоцирани во Струга, Вевчани како и во селата Мали Влај, Радожда, Ташмаруништа, Долна Белица, Безево, Јабланица, Луково, Селци, Буринец, Модрич, Дренок... Во останатите години, пријавени се кражби од цркви со одземање пари и друг црковен прибор, изјави Димоски.
Незаконски одземените икони од македонските цркви случајно ги забележале нашите експерти вo 2013 на прилог со премиерот Еди Рама на албанска телевизија. Една од иконите албанскиот премиер Рама, симболично во знак на соработка му предаде на македонскиот колега Димитар Ковачевски при потпишувањето на договорот за враќање на иконите минатата година во Скопје. По завршувањето на овој процес за враќање на 20 - те украдени икони во земјава, предвидено е отварање на нов процес за враќање на уште еден контингент идентификувани икони во Албанија.  

The post Дваесет украдени икони од македонските цркви, од Албанија ќе пристигнат во земјава appeared first on Република.

]]>
Албанија пред ратификација на договорот и враќање на 20-те икони во Македонија https://republika.mk/vesti/balkan/albanija-pred-ratifikatsija-na-dogovorot-i-vrakane-na-20-te-ikoni-vo-makedonija/ Wed, 25 Jan 2023 10:54:23 +0000 https://republika.mk/?p=600807

Албанската парламентарна комисија за правни прашања, јавна администрација и човекови права го разгледа и одобри предлог-законот за ратификација на договорот за соработка, меѓу Република Албанија и Република Македонија, за враќање на иконите шверцувани од македонска на албанска територија, јави државната агенција АТА.

Донесувањето на овој предлог-закон, за соработка меѓу Албанија и  Македонија, има за цел да се вратат 20 икони во нивната земја на потекло, кои се запленети во нашата земја а преминаа во сопственост на албанската држава врз основа на одлуките на албанските судови, образложи Мери Кумбе, заменик министерка за култура.

Дополнително појасни дека врз основа на направената процена, иконите се совпаѓаат со културните добра на соседната држава и врз основа на договорот, Министерството за култура ќе го следи целиот процес за нивно враќање во земјата на потекло, согласно обврските дефинирани во Конвенцијата на УНЕСКО од 1970 година.

Во истрагата, која албанските власти ја водат под името „Икона”, во октомври 2013 година во Албанија беа запленети повеќе од илјада икони и црковни предмети. Беше утврдено дека 20 меѓу нив се по потекло од  Македонија од каде што биле изнесени илегално.

The post Албанија пред ратификација на договорот и враќање на 20-те икони во Македонија appeared first on Република.

]]>

Албанската парламентарна комисија за правни прашања, јавна администрација и човекови права го разгледа и одобри предлог-законот за ратификација на договорот за соработка, меѓу Република Албанија и Република Македонија, за враќање на иконите шверцувани од македонска на албанска територија, јави државната агенција АТА. Донесувањето на овој предлог-закон, за соработка меѓу Албанија и  Македонија, има за цел да се вратат 20 икони во нивната земја на потекло, кои се запленети во нашата земја а преминаа во сопственост на албанската држава врз основа на одлуките на албанските судови, образложи Мери Кумбе, заменик министерка за култура. Дополнително појасни дека врз основа на направената процена, иконите се совпаѓаат со културните добра на соседната држава и врз основа на договорот, Министерството за култура ќе го следи целиот процес за нивно враќање во земјата на потекло, согласно обврските дефинирани во Конвенцијата на УНЕСКО од 1970 година. Во истрагата, која албанските власти ја водат под името „Икона”, во октомври 2013 година во Албанија беа запленети повеќе од илјада икони и црковни предмети. Беше утврдено дека 20 меѓу нив се по потекло од  Македонија од каде што биле изнесени илегално.

The post Албанија пред ратификација на договорот и враќање на 20-те икони во Македонија appeared first on Република.

]]>