врачување Archives - Република https://republika.mk/tema/vrachuvanje/ За подобро да се разбереме Thu, 19 May 2022 15:17:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png врачување Archives - Република https://republika.mk/tema/vrachuvanje/ 32 32 Свечено врачување на наградата „Златен објектив“ за 2022 на Луковска-Дончиќ и Куновски-Доре во Кинотека https://republika.mk/vesti/kultura/svecheno-vrachuvanje-na-nagradata-zlaten-objektiv-za-2022-na-lukovska-donchikj-i-kunovski-dore-vo-kinoteka/ Thu, 19 May 2022 15:16:55 +0000 https://republika.mk/?p=504467

Кинотеката, по повод својот „роденден“ на 29 април, секоја година го доделува признанието „Златен објектив“ на филмски работници кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија.

Оваа година – на 20 мај (петок) во 12 ч. – на сцената на летното кино „Мирно Лето“ на Кинотеката ќе бидат доделени годишните награди „Златен објектив“ на филмската монтажерка Олга Луковска-Дончиќ и филмскиот критичар Благоја Куновски-Доре. На Лауреатите ќе им бидат доделени традиционалните пригодни плакети и значки стилизирани во духот на кинотечните вредности.

Доколку временските услови не дозволуваат одржување на настанот на отворено – Доделувањето на наградите ќе се одржи во кино-салата на Кинотеката, информираат оттаму.

Досегашни добитници на „Златен објектив“ беа: режисерите Бранко Гапо, Трајче Попов, Кирил Ценевски, Коле Ангеловски и Коле Манев; тонскиот снимател Глигор Паковски; аниматорот и карикатурист Дарко Марковиќ; директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков; филмскиот работник Коста Крпач; продуцентот Панта Мижимаков; филмската критичарка Илинденка Петрушева; монтажерите Димитар Грбевски и Спасе Тасевски; костимографките Елена Дончева и Зорка Тодорова-Младеновиќ.

The post Свечено врачување на наградата „Златен објектив“ за 2022 на Луковска-Дончиќ и Куновски-Доре во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Кинотеката, по повод својот „роденден“ на 29 април, секоја година го доделува признанието „Златен објектив“ на филмски работници кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија.
Оваа година – на 20 мај (петок) во 12 ч. – на сцената на летното кино „Мирно Лето“ на Кинотеката ќе бидат доделени годишните награди „Златен објектив“ на филмската монтажерка Олга Луковска-Дончиќ и филмскиот критичар Благоја Куновски-Доре. На Лауреатите ќе им бидат доделени традиционалните пригодни плакети и значки стилизирани во духот на кинотечните вредности. Доколку временските услови не дозволуваат одржување на настанот на отворено – Доделувањето на наградите ќе се одржи во кино-салата на Кинотеката, информираат оттаму.