врачена наградата Роман на годината Archives - Република https://republika.mk/tema/vrachena-nagradata-roman-na-godinata/ За подобро да се разбереме Wed, 31 May 2023 08:49:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png врачена наградата Роман на годината Archives - Република https://republika.mk/tema/vrachena-nagradata-roman-na-godinata/ 32 32 Македонскиот е јазик кој може да се справи со најтешките задачи што книжевното творештво ги поставува пред него https://republika.mk/vesti/kultura/makedonskiot-e-jazik-koj-mozhe-da-se-spravi-so-najteshkite-zadachi-shto-knizhevnoto-tvoreshtvo-gi-postavuva-pred-nego/ Wed, 31 May 2023 08:47:47 +0000 https://republika.mk/?p=646358

Македонскиот јазик е јазик кој може да се справи со најтешките задачи што книжевното творештво ги поставува пред него. На планот на книжевните идеи имаме што да му покажеме на светот, рече академик Влада Урошевиќ, кому синоќа свечено му беше врачена наградата „Роман на годината“ за „Вистината но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“. Романот е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и е седмиот роман на Урошевиќ.

Свеченото врачување на наградата што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ се одржа по 24 пат.

Писателот на наградениот роман, Урошевиќ изрази благодарност и истакна дека во писателот Славко Јаневски отсекогаш пронаоѓал голема инспирација и дека на него гледа со вооддушевеност. Изрази задоволство што за наградата се пријавиле голем број на романи.

Можеме да констатираме дека имаме една литература во која објавувањето на нов роман станува секојдневна нормална појава и годинава за оваа награда се пријавија голем број на романи. Такво нешто никој од нас во тоа време не можеше да си го претпостави. Тоа што никој не можеше да го замисли се оствари, мене ми е мило што бев сведок на ова добро патување. Изминавме еден долг пат и притоа докажавме дека имаме предиспозиции да се развиваме и понатаму, рече академик Урошевиќ на доделувањето на наградата.

Жирито беше во состав на Симона Јовановска, Сашо Кокаланов, Гоце Ристовски и Катерина Богоева. Во конкуренција за оваа престижна награда, која се доделува по 24. пат, годинава беа триесет и пет романи, од кои во финалето влегоа и романите: „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски („Три“), „Писмо за Глорија“ од Живко Грозданоски („Или или“) и „Столб што пее“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“) .

На свечениот настан во Музејот на современата култура писателката Симона Јовановска во име на жирито ги пренесе впечатоците за романот.

За да може еден роман да се носи со провокативноста на толку долг наслов навистина мора да е врвно напишан овој наслов што само го најавува патешествието на семејството Пустополски претставува вистинско чистателско уживање. Владо Урошевиќ оживувајќи го македонски јазик во романот ја раскажува историјата на скопското семејство Пустополским, такашто вешто не вовлекува во приказната на толку ненаметлив начин оставајќи го притоа читателот во пријатни чувства и задоволсто по секоја прочитана страница, нестандарден во секоја смисла романот ни се обраќа преку своите протагонисти со променлива среќа и ни говори за животот на некое друго сега веќе далечно време кое што преминувало пред лицето на Вардар, каков што не го знаеме, истакна Јованоска.

Извршниот директор на фонацијата, Ѕвездан Георгиевски изрази надеж дека во иднина преку ваквите настани македонскиот роман ќе биде доближен не само до македонските читатели, туку и пошироко.

Следната година ќе правиме четврт век, се надевам дека ќе биде поамбициозно и попомпезно би рекол, поамбициозно во смисла да го доближиме романот не само на македонските чиутатели туку и малку повисоко, изјави тој.

Вкупно 35 романи биле во конкуренција за наградата која се состои од плакета, оригинална статуетка, авторство на скулпторот Сашо Саздовски и паричен износ од 150.000 денари.

The post Македонскиот е јазик кој може да се справи со најтешките задачи што книжевното творештво ги поставува пред него appeared first on Република.

]]>

Македонскиот јазик е јазик кој може да се справи со најтешките задачи што книжевното творештво ги поставува пред него. На планот на книжевните идеи имаме што да му покажеме на светот, рече академик Влада Урошевиќ, кому синоќа свечено му беше врачена наградата „Роман на годината“ за „Вистината но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“. Романот е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и е седмиот роман на Урошевиќ. Свеченото врачување на наградата што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ се одржа по 24 пат. Писателот на наградениот роман, Урошевиќ изрази благодарност и истакна дека во писателот Славко Јаневски отсекогаш пронаоѓал голема инспирација и дека на него гледа со вооддушевеност. Изрази задоволство што за наградата се пријавиле голем број на романи.
Можеме да констатираме дека имаме една литература во која објавувањето на нов роман станува секојдневна нормална појава и годинава за оваа награда се пријавија голем број на романи. Такво нешто никој од нас во тоа време не можеше да си го претпостави. Тоа што никој не можеше да го замисли се оствари, мене ми е мило што бев сведок на ова добро патување. Изминавме еден долг пат и притоа докажавме дека имаме предиспозиции да се развиваме и понатаму, рече академик Урошевиќ на доделувањето на наградата.
Жирито беше во состав на Симона Јовановска, Сашо Кокаланов, Гоце Ристовски и Катерина Богоева. Во конкуренција за оваа престижна награда, која се доделува по 24. пат, годинава беа триесет и пет романи, од кои во финалето влегоа и романите: „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски („Три“), „Писмо за Глорија“ од Живко Грозданоски („Или или“) и „Столб што пее“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“) . На свечениот настан во Музејот на современата култура писателката Симона Јовановска во име на жирито ги пренесе впечатоците за романот.