вознемирена земја Archives - Република https://republika.mk/tema/voznemirena-zemja/ За подобро да се разбереме Thu, 25 May 2023 07:35:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вознемирена земја Archives - Република https://republika.mk/tema/voznemirena-zemja/ 32 32 „Вознемирена земја“ на Кумјана Новакова номиниран за најдобар документарен филм во Кан https://republika.mk/vesti/kultura/voznemirena-zemja-na-kumjana-novakova-nominiran-za-najdobar-dokumentaren-film-vo-kan/ Thu, 25 May 2023 07:35:55 +0000 https://republika.mk/?p=644407

„Вознемирена земја“ на Кумјана Новакова и Гиљермо Карерас-Канди е номиниран за најдобар долгометражен филм од страна на ДокуФест.

Во рамки на чествувањето на документарниот филм во Кан, Алијансата на документарни фестивали (Doc Alliance) и Кан Док (Cannes Docs), вчера ги објавија филмовите номинирани за наградата за најдобар документарен филм на Doc Alliance за 2023 година.

Наградата ги поддржува новите таленти во европскиот документарен филм, а секој фестивал член на Doc Alliance, вклучувајќи го и гостинот партнер за 2023 година, ДокуФест, номинираа по еден долгометражен и еден краток филм од нивните програми. „Вознемирена земја“ на Кумјана Новакова и Гиљермо Карерас-Канди е номиниран за најдобар долгометражен филм од страна на ДокуФест.

Наградите ќе бидат доделени на затворањето на ДокуФест во Призрен во август, а за нив ќе одлучува тро-члено меѓународно жири во состав: Џонатан Али (Jonathan Ali), Ана Бертолет (Anna Berthollet) и Арно Хе (Arnaud Hée).

„Вознемирена земја“, филм на Кумјана Новакова во корежија со Гиљермо Карерас-Канди, е во шпанско-босанска-македонска копродукција, се квалификуваше за „Оскар“ во категоријата за долгометражен документарен филм за 2022 година. По премиерата во официјалната селекција во Сараево, „Вознемирена земја“ беше дел од официјалната програма на некои од најреномираните меѓународни филмски фестивали во светот. Филмот го доби и специјалното признание „Кромид“ во главната програма за најдобар меѓународен долгометражен креативен документарен филм на овогодинешниот МакеДокс.

The post „Вознемирена земја“ на Кумјана Новакова номиниран за најдобар документарен филм во Кан appeared first on Република.

]]>

„Вознемирена земја“ на Кумјана Новакова и Гиљермо Карерас-Канди е номиниран за најдобар долгометражен филм од страна на ДокуФест. Во рамки на чествувањето на документарниот филм во Кан, Алијансата на документарни фестивали (Doc Alliance) и Кан Док (Cannes Docs), вчера ги објавија филмовите номинирани за наградата за најдобар документарен филм на Doc Alliance за 2023 година. Наградата ги поддржува новите таленти во европскиот документарен филм, а секој фестивал член на Doc Alliance, вклучувајќи го и гостинот партнер за 2023 година, ДокуФест, номинираа по еден долгометражен и еден краток филм од нивните програми. „Вознемирена земја“ на Кумјана Новакова и Гиљермо Карерас-Канди е номиниран за најдобар долгометражен филм од страна на ДокуФест. Наградите ќе бидат доделени на затворањето на ДокуФест во Призрен во август, а за нив ќе одлучува тро-члено меѓународно жири во состав: Џонатан Али (Jonathan Ali), Ана Бертолет (Anna Berthollet) и Арно Хе (Arnaud Hée). „Вознемирена земја“, филм на Кумјана Новакова во корежија со Гиљермо Карерас-Канди, е во шпанско-босанска-македонска копродукција, се квалификуваше за „Оскар“ во категоријата за долгометражен документарен филм за 2022 година. По премиерата во официјалната селекција во Сараево, „Вознемирена земја“ беше дел од официјалната програма на некои од најреномираните меѓународни филмски фестивали во светот. Филмот го доби и специјалното признание „Кромид“ во главната програма за најдобар меѓународен долгометражен креативен документарен филм на овогодинешниот МакеДокс.

The post „Вознемирена земја“ на Кумјана Новакова номиниран за најдобар документарен филм во Кан appeared first on Република.

]]>
„Вознемирена земја“ на македонската авторка Кумјана Новакова се квалификува за „Оскар“ https://republika.mk/vesti/kultura/voznemirena-zemja-na-makedonskata-avtorka-kumjana-novakova-se-kvalifikuva-za-oskar/ Mon, 12 Dec 2022 07:43:58 +0000 https://republika.mk/?p=584474

„Вознемирена земја“ на македонската режисерка Кумјана Новакова се квалификува за „Оскар“ во категоријата за долгометражен документарен филм. Академијата за филмски уметности и науки во САД ја објави листата на филмови кои се квалификуваа за 95-то издание на Оскарите, а гласањето започнува денеска (12 декември).

„Вознемирена земја“ кој е во македонска копродукција се квалификува за „Оскар“ со освојувањето на Големата награда (Grand Prize) на 14. издание на фестивалот на документарен ДМЗ Докс (DMZ Docs), информира режисераката Новакова.

Освојувањето на наградата на ДМЗ Докс беше проследено и со втората извонредна рецензија во едно од најпрестижните филмски списанија на светот „Скрин Дејли”.

– „Вознемирена земја“ е рефлексија и оддава почит на одлучната истрајност на човечкиот дух и неговиот капацитет да ги издржи и преживее и најстрашните околности, се наведува во рецензијата на „Скрин Дејли”.

„Вознемирена земја“ на Кумјана Новакова во корежија со Гиљермо Карерас-Канди, е во шпанско-босанска-македонска копродукција.

По премиерата во официјалната селекција во Сараево, филмот беше дел од официјалната програма на некои од најреномираните интернационални филмски фестивали во светот. Филмот го доби и специјалното признание „Кромид“ во главната програма за најдобар интернационален долгометражен креативен документарен филм на овогодинешниот МакеДокс, а беше номиниран и за најдобар источноевропски долгометражен документарен филм од Институтот за документарен филм во Прага.

 

The post „Вознемирена земја“ на македонската авторка Кумјана Новакова се квалификува за „Оскар“ appeared first on Република.

]]>

„Вознемирена земја“ на македонската режисерка Кумјана Новакова се квалификува за „Оскар“ во категоријата за долгометражен документарен филм. Академијата за филмски уметности и науки во САД ја објави листата на филмови кои се квалификуваа за 95-то издание на Оскарите, а гласањето започнува денеска (12 декември). „Вознемирена земја“ кој е во македонска копродукција се квалификува за „Оскар“ со освојувањето на Големата награда (Grand Prize) на 14. издание на фестивалот на документарен ДМЗ Докс (DMZ Docs), информира режисераката Новакова. Освојувањето на наградата на ДМЗ Докс беше проследено и со втората извонредна рецензија во едно од најпрестижните филмски списанија на светот „Скрин Дејли”. – „Вознемирена земја“ е рефлексија и оддава почит на одлучната истрајност на човечкиот дух и неговиот капацитет да ги издржи и преживее и најстрашните околности, се наведува во рецензијата на „Скрин Дејли”. „Вознемирена земја“ на Кумјана Новакова во корежија со Гиљермо Карерас-Канди, е во шпанско-босанска-македонска копродукција. По премиерата во официјалната селекција во Сараево, филмот беше дел од официјалната програма на некои од најреномираните интернационални филмски фестивали во светот. Филмот го доби и специјалното признание „Кромид“ во главната програма за најдобар интернационален долгометражен креативен документарен филм на овогодинешниот МакеДокс, а беше номиниран и за најдобар источноевропски долгометражен документарен филм од Институтот за документарен филм во Прага.  

The post „Вознемирена земја“ на македонската авторка Кумјана Новакова се квалификува за „Оскар“ appeared first on Република.

]]>