возило Archives - Република https://republika.mk/tema/vozilo/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Oct 2024 08:39:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png возило Archives - Република https://republika.mk/tema/vozilo/ 32 32 Имам едно интересно возило, да го проверите, им рекол на полицајците таткото на Вања кој го предочил возилото на Панче, сведочеше началник во СВР Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/imam-edno-interesno-vozilo-da-go-proverite-im-rekol-na-politsajtsite-tatkoto-na-vana-koj-go-predochil-voziloto-na-panche-svedocheshe-nachalnik-vo-svr-skopje/ Fri, 18 Oct 2024 09:57:38 +0000 https://republika.mk/?p=828384

Двете истраги одеа паралелно. Цело време од Александар бевме брифирани, види ова, она. На 1 декември дури ми се јави, ми вика „имам едно возило интересно, да го проверите“. Тоа беа слики од камери кои ние веќе ги имавме, но го посочи како сомнително. Колегите го проверија, немаше ништо посебно, но се јавија во „Сејф сити“ и излезе дека е запалениот „цитроен“. И тогаш се јавив кај колегите што го водеа тој случај, изјави началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје, кој сведочеше на денешното рочиште за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во Основниот кривичен суд Скопје.

Сведокот Дејан Димовски, кој во тоа време работел како началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје, за настанот бил известен на 27 ноември 2023 година, што како што вели било невообичаено, иако надлежноста за постапување по исчезнатото девојче било под ПС Центар.

Во однос на запаленото возило на 27 ноември во село Бразда, сведокот рече дека тогаш работеле други колеги, бидејќи немало никакви индиции за поврзаност.

Она што беше интересно, посочи сведокот, дека тоа што Александар во разговор посочил дека може девојчето е во странство, Охрид, Велес... што, како што рече, било нагласено, а тие веќе лоцирале дека запаленото возило е од Велес. Така било најдено и пик-ап возилото, кое било лоцирано паркирано пред Политичка партија „Десна“, на Љупчо Палевски.

- Баравме налог за претрес, но бидејќи се работи за политичка партија, доста доцна влеговме. Внатре беа тројца, меѓу кои Кешишов, кој кога прашавме каде е претседателот на партијата ни рече дека е во Турција поради проблеми со кичмата. Тука беше и адвокатот Васко, кој рече дека тој го возел до Белград, изјави сведокот. Во тој момент, нагласи сведокот уште немавме никаква поврзаност и мислеле дека се на трага за запаленото возило.

За денешното рочиште се повикани уште четворица сведоци, предложени од Обвинителството.

Обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски на првото рочиште се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Според обвинението, тие се сомничат дека испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. На 22 ноември минатата година, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

The post Имам едно интересно возило, да го проверите, им рекол на полицајците таткото на Вања кој го предочил возилото на Панче, сведочеше началник во СВР Скопје appeared first on Република.

]]>

Двете истраги одеа паралелно. Цело време од Александар бевме брифирани, види ова, она. На 1 декември дури ми се јави, ми вика „имам едно возило интересно, да го проверите“. Тоа беа слики од камери кои ние веќе ги имавме, но го посочи како сомнително. Колегите го проверија, немаше ништо посебно, но се јавија во „Сејф сити“ и излезе дека е запалениот „цитроен“. И тогаш се јавив кај колегите што го водеа тој случај, изјави началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје, кој сведочеше на денешното рочиште за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во Основниот кривичен суд Скопје. Сведокот Дејан Димовски, кој во тоа време работел како началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје, за настанот бил известен на 27 ноември 2023 година, што како што вели било невообичаено, иако надлежноста за постапување по исчезнатото девојче било под ПС Центар. Во однос на запаленото возило на 27 ноември во село Бразда, сведокот рече дека тогаш работеле други колеги, бидејќи немало никакви индиции за поврзаност. Она што беше интересно, посочи сведокот, дека тоа што Александар во разговор посочил дека може девојчето е во странство, Охрид, Велес... што, како што рече, било нагласено, а тие веќе лоцирале дека запаленото возило е од Велес. Така било најдено и пик-ап возилото, кое било лоцирано паркирано пред Политичка партија „Десна“, на Љупчо Палевски.
- Баравме налог за претрес, но бидејќи се работи за политичка партија, доста доцна влеговме. Внатре беа тројца, меѓу кои Кешишов, кој кога прашавме каде е претседателот на партијата ни рече дека е во Турција поради проблеми со кичмата. Тука беше и адвокатот Васко, кој рече дека тој го возел до Белград, изјави сведокот. Во тој момент, нагласи сведокот уште немавме никаква поврзаност и мислеле дека се на трага за запаленото возило.
За денешното рочиште се повикани уште четворица сведоци, предложени од Обвинителството. Обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски на првото рочиште се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни. Според обвинението, тие се сомничат дека испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. На 22 ноември минатата година, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

The post Имам едно интересно возило, да го проверите, им рекол на полицајците таткото на Вања кој го предочил возилото на Панче, сведочеше началник во СВР Скопје appeared first on Република.

]]>
Шекил О Нил си купи „Тесла“ што е забранета во Европа https://republika.mk/sport/kosarka/shekil-o-nil-si-kupi-tesla-shto-e-zabraneta-vo-evropa/ Fri, 13 Sep 2024 06:37:05 +0000 https://republika.mk/?p=815773

Легендарниот американски кошаркар Шекил О'Нил се почести со нов луксузен четири тркала.

Познатиот Американец го купи „Сајберѕверот“ на Тесла, кој го одзема здивот со својот необичен футуристички изглед.

Станува збор за нова варијанта, со помоќен мотор, на веќе познатиот „Сајбертрак“.

Иако веќе имал ваков автомобил, Шек решил да купи уште еден.

Да не бидам груб, но ми недостига мојот „Сајбертрак“ и не сакам да го испраќам од Вегас до Атланта, па купив друг.

https://republika.mk/zivot/tehnologija/ilon-mask-go-pretstavi-svojot-sajbertrak-voziloto-so-koe-idninata-ke-izgleda-kako-idnina/

The post Шекил О Нил си купи „Тесла“ што е забранета во Европа appeared first on Република.

]]>

Легендарниот американски кошаркар Шекил О'Нил се почести со нов луксузен четири тркала. Познатиот Американец го купи „Сајберѕверот“ на Тесла, кој го одзема здивот со својот необичен футуристички изглед. Станува збор за нова варијанта, со помоќен мотор, на веќе познатиот „Сајбертрак“. Иако веќе имал ваков автомобил, Шек решил да купи уште еден.
Да не бидам груб, но ми недостига мојот „Сајбертрак“ и не сакам да го испраќам од Вегас до Атланта, па купив друг.
https://republika.mk/zivot/tehnologija/ilon-mask-go-pretstavi-svojot-sajbertrak-voziloto-so-koe-idninata-ke-izgleda-kako-idnina/

The post Шекил О Нил си купи „Тесла“ што е забранета во Европа appeared first on Република.

]]>
Пријател на мајката ја допирал нејзината ќерка во неговото возило https://republika.mk/vesti/crna-hronika/prijatel-na-majkata-ja-dopiral-nejzinata-kerka-vo-negovoto-vozilo/ Mon, 26 Aug 2024 14:44:13 +0000 https://republika.mk/?p=810324

Триесет и шестгодишна жена од скопско пријавила дека на 27 јули, Р.Ж. од Скопје, додека ја возел нејзината малолетна ќерка, на возраст од 17 години, кон дома со неговото возило, која го познавала од порано, ја гушнал и бакнал ќерката, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот

The post Пријател на мајката ја допирал нејзината ќерка во неговото возило appeared first on Република.

]]>

Триесет и шестгодишна жена од скопско пријавила дека на 27 јули, Р.Ж. од Скопје, додека ја возел нејзината малолетна ќерка, на возраст од 17 години, кон дома со неговото возило, која го познавала од порано, ја гушнал и бакнал ќерката, информираат од Министерството за внатрешни работи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот

The post Пријател на мајката ја допирал нејзината ќерка во неговото возило appeared first on Република.

]]>
При гаснење на пожар изгоре единственото возило на пожарната од Пехчево https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pri-gasnene-na-pozhar-izgore-edinstvenoto-vozilo-na-pozharnata-od-pehchevo/ Mon, 12 Aug 2024 07:00:28 +0000 https://republika.mk/?p=805631

Во големиот пожар во Пехчевско изгоре единственото возило на ДПД Пехчево објави заменик директорот на ЈП Национални Шуми Кире Михаилов. Пожарникарите се добро, објавија од пехчевската противпожарна.

За жал ни се случи голема катастрофа. Зафатено од пламените јазици ни изгоре единственото противпожарно возило на ДПД – Пехчево, за среќа колегите пожарникари се здрави и живи, се вели во објавата на социјалните мрежи.

The post При гаснење на пожар изгоре единственото возило на пожарната од Пехчево appeared first on Република.

Одиме до Прохор Пчински да се помолиме дека сме живи: Српски туристи едвај се спасиле откако им се запали возилото кај Гевгелија https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/odime-do-prohor-pchinski-da-se-pomolime-deka-sme-zhivi-srpski-turisti-edvaj-se-spasile-otkako-im-se-zapali-voziloto-kaj-gevgelija/ Tue, 06 Aug 2024 09:05:43 +0000 https://republika.mk/?p=803797

Семејство од Србија вчера поминало низ вистински пекол кога нивниот автомобил се запалил на македонските патишта додека се враќале дома, по одморот во Грција. Пожарот од возилото ја зафатил и ниската вегетација покрај патот, поради што извесно време бил затворен дури и самиот граничен премин.

Владимир и Јелена во исповед на социјалните мрежи опишале како настанал пожарот. Според нив, автомобилот бил редовно сервисиран, а последен пат пред да заминат на одмор и во таа прилика се било исправно. Со себе имале и ПП апарат.

Несреќата, во која за среќа нема загинати, се случила ненадејно кај Гевгелија, откако го поминале ГП „Богородица“. Само благодарение на смиреноста и брзината на Владимир, работите биле извлечени од автомобилот, а избегнале и дополнителни оштетувања, барем кога се работи за работи, пари и документи.

Возилото ми изгоре на автопатот кај Гевгелија за 2 минути. Неверојатно е некој да ми кажеше немаше да поверувам, но важно е што јас и мојата сопруга сме живи и здрави, стои во описот на сликата на која се гледа запалениот автомобил.

Целата приказна за несреќата ја раскажале за „Никана.гр“ каде го опишале ужасот што ги снашол.

Како што велат, утре се враќаат во Белград. Пред тоа ќе го посетат манастирот Прохор Пчињски за да му се заблагодарат на Бога што се живи и здрави.

„Мојот сопруг претходно резервира соба во Велес. Зедов „помош на пат“, така да луѓе ни помогнаа и не однесоа до хотелот. Во среда доаѓа пријател да не земе, па вечерта сме во Белград. Сè уште сум во шок. Не поради автомобилот, туку поради тоа што можеше да се случи. Имам слика во мојата глава кога маж ми ги вадеше работите и кога пожарот се прошири низ шумата. Не знаев ни каде да застанам. Верувајте ми, целосно проверивме сè пред патувањето. Не знаеме што е во прашање. Се наоѓаме во хотел во Македонија. Во среда ни доаѓа другарка, па ќе застанеме кај манастирот Прохор Пчињски. Се чувствуваме благодарни и имамте потреба да се помолиме дека останавме живи“, изјавила Јелена.

The post Одиме до Прохор Пчински да се помолиме дека сме живи: Српски туристи едвај се спасиле откако им се запали возилото кај Гевгелија appeared first on Република.

]]>

Семејство од Србија вчера поминало низ вистински пекол кога нивниот автомобил се запалил на македонските патишта додека се враќале дома, по одморот во Грција. Пожарот од возилото ја зафатил и ниската вегетација покрај патот, поради што извесно време бил затворен дури и самиот граничен премин. Владимир и Јелена во исповед на социјалните мрежи опишале како настанал пожарот. Според нив, автомобилот бил редовно сервисиран, а последен пат пред да заминат на одмор и во таа прилика се било исправно. Со себе имале и ПП апарат. Несреќата, во која за среќа нема загинати, се случила ненадејно кај Гевгелија, откако го поминале ГП „Богородица“. Само благодарение на смиреноста и брзината на Владимир, работите биле извлечени од автомобилот, а избегнале и дополнителни оштетувања, барем кога се работи за работи, пари и документи. Возилото ми изгоре на автопатот кај Гевгелија за 2 минути. Неверојатно е некој да ми кажеше немаше да поверувам, но важно е што јас и мојата сопруга сме живи и здрави, стои во описот на сликата на која се гледа запалениот автомобил. Целата приказна за несреќата ја раскажале за „Никана.гр“ каде го опишале ужасот што ги снашол. Како што велат, утре се враќаат во Белград. Пред тоа ќе го посетат манастирот Прохор Пчињски за да му се заблагодарат на Бога што се живи и здрави. „Мојот сопруг претходно резервира соба во Велес. Зедов „помош на пат“, така да луѓе ни помогнаа и не однесоа до хотелот. Во среда доаѓа пријател да не земе, па вечерта сме во Белград. Сè уште сум во шок. Не поради автомобилот, туку поради тоа што можеше да се случи. Имам слика во мојата глава кога маж ми ги вадеше работите и кога пожарот се прошири низ шумата. Не знаев ни каде да застанам. Верувајте ми, целосно проверивме сè пред патувањето. Не знаеме што е во прашање. Се наоѓаме во хотел во Македонија. Во среда ни доаѓа другарка, па ќе застанеме кај манастирот Прохор Пчињски. Се чувствуваме благодарни и имамте потреба да се помолиме дека останавме живи“, изјавила Јелена.

The post Одиме до Прохор Пчински да се помолиме дека сме живи: Српски туристи едвај се спасиле откако им се запали возилото кај Гевгелија appeared first on Република.

]]>
Се запали возило на автопатот Скопје-Велес https://republika.mk/vesti/crna-hronika/se-zapali-vozilo-na-avtopatot-skopje-veles/ Tue, 18 Jun 2024 17:07:38 +0000 https://republika.mk/?p=788851

Автомобил се запалил и потоа целосно изгорел на автопатот Скопје-Велес, пренесува 24инфо.мк.

Засега, според информациите, нема повредени лица, а не се знаат ниту причините што го предизвикале пожарот во автомобилот во движење.

Повеќе информации очекуваме од МВР во следните неколку часа.

The post Се запали возило на автопатот Скопје-Велес appeared first on Република.

]]>

Автомобил се запалил и потоа целосно изгорел на автопатот Скопје-Велес, пренесува 24инфо.мк. Засега, според информациите, нема повредени лица, а не се знаат ниту причините што го предизвикале пожарот во автомобилот во движење. Повеќе информации очекуваме од МВР во следните неколку часа.

The post Се запали возило на автопатот Скопје-Велес appeared first on Република.

]]>
ФОТО: Возило се преврте во близина на Универзална сала https://republika.mk/vesti/crna-hronika/foto-vozilo-se-prevrte-vo-blizina-na-univerzalna-sala/ Fri, 26 Apr 2024 20:58:40 +0000 https://republika.mk/?p=771556

Возило се преврте вечерва на булеварот „Партизански Одреди“ во близина на Универзална сала во Скопје. Засега не е позната причината како дошло до оваа сообраќајна незгода, и дали има повредени. Полициски екипи вршат увид на незгодата.

The post ФОТО: Возило се преврте во близина на Универзална сала appeared first on Република.

Становите во Скопје поскапеле за 4,7 отсто, сега градители се практично трговци поединци кои еднократно инвестираат во недвижности https://republika.mk/vesti/ekonomija/stanovite-vo-skopje-poskapele-za-4-7-otsto-sega-graditeli-se-praktichno-trgovtsi-poedintsi-koi-ednokratno-investiraat-vo-nedvizhnosti/ Sat, 06 Apr 2024 18:28:23 +0000 https://republika.mk/?p=763174

Цените на становите во Скопје во првиот квартал годинава поскапеле за 4,7 отсто на годишнo ниво, а бележат пад од 0,8 проценти  во однос на претходниот квартал, покажува Индексот на цените на станови на Народната банка. Ова е прво минимално квартално намалување на цените на становите по долг период, откако последен пат имаше пад од еден процент во третиот квартал од 2020 година.

Според податоците на Народната банка, во последното тримесечје од 2023 година становите поскапеа за еден процент во однос на третото тримесечје, а на годишно ниво за седум проценти. Во првиот квартал лани цените на становите  се зголемија за 18,8 проценти на годишно ниво, односно од 1,3 отсто на квартално ниво, во второто тримесечие од 1,6 отсто, односно од 12,9 отсто, а во третиот квартал од 2,9 проценти, односно од 11 проценти.

Никола Велковски од Здружението за градежништво при Стопанската комора, смета дека цените на становите кои подолг период бележaт постојан раст не се реални, но се очекувани.

Велковски во изјава за МИА, укажува дека е намален бројот на  интересни профитабилни градежни парцели во поинтересниот дел од градската средина и оти нивната цена расте. Според него, добрата работа е што добар дел од инвеститорите почнаа да градат на периферијата на градот, што е за поздравување, но како што укажува тоа треба да го следи соодветна инфраструктура.

Велковски појаснува дека сега најмалку има градежни фирми екипирани со инеженерски и работнички кадар што тоа им е основна дејност на работење. Сега градители се практично трговци поединци кои еднократно инвестираат, имаат свои пари и ги инвестираат во недвижности и градежништво затоа што тука сега е конјуктурно и профитабилно. Тие единствено го гледаат профитот, па може да биде еднократно да градат една, две, пет згради, но водилка е исклучиво профитот.

Мене не ме лути толку тоа, туку тоа што ние како инженерска фела, како урбанисти им влегуваме во нивната шема на креирање и планирање на просторот. Треба практично да го релаксираме посторот, не мора да се гради секаде затоа што сега најмногу каде се гради по порачка за измена и дополна на урбанистичките планови со самофинансирање. Врз основа на тие инцијативи што ги покренуваат баш овие градители што им се интересни урбанистичките и градежните парцели, потоа се прилагодува кон нивните барања – да стават повеќе објекти во еден блок, повисоко, пониско, па нема ниту осончување, ниту проветрување, а ним им е важно да има кандидатура и износот на профитот на продажбата, вели Велковски за МИА.

Велковски дополнува дека поголемиот проблем е што сега трговците инвеститори со станови немаат свои локации и се обраќаат кај сопствениците на земјиште на кое е предвидено да се гради, кои пак, ги покачија условите и цената.

Порано имаше два модела за договор со инвеститорот, да го откупат земјиштето или да се договорат за заедничка градба со соинвеститороство. Кога сопствениците видоа дека градителите ги покачија цените на становите сега и тие ги зголемија нивните  услови Ако порано за заедничка градба се бараше 20, 25, 27, максимум 30 проценти од земјиштето, сега отиде и до 40 проценти од земјиштето, што  не е ниту легитимно, легално и логично. Но, затоа што овие сакаат да градат сега овие другите ги  зголемуваат условите и потоа се зголемува цената. На крај мене ме чуди која е уште таа категорија која може да поднесе таква цена на станови, а во Скопје сега веќе има 70.000 до 80.000 празни станови, вели Велковски.

Тој појаснува дека ако се оди со моделот со откуп на катастарска парцела во склоп на градежната парцела, тогаш се наоѓаат пари во готовина, имаат веројатно некоја „слободна пара“ која тука се легализира преку откуп на земјиште.

Замката во целата работа е што сега е намален бројот на интересни профитабилни градежни парцели во поинтересниот дел од градската средина и нивната цена сега скока. Добрата  работа што ми се допаѓа е што добар дел од инвеститорите почнаа да бегаат по периферијата на градот,  во Ѓорче Петров, Волково, Идризово, Петровец,.. што е добро за градот кој треба да се шири, вели Велковски.

Но, како што потенцира Велковски, тој дел треба да го следи соодветна инфраструктура, покрај патишта и училишта, градинки, места за рекреација и спорт.

Сега се гради на многу места, но нема ниту градинки, ниту училишта, зеленило, места за спорт и рекреација…  Станот не е само место за спиење, треба да се обезбедат сите услови, посочува Велковски.

Тој укажува дека во формирањето на цената на становите прва е цената на чинење на градежната парцела. Ако порано беше 250 до 300 евра по метар квадратен, Велковски вели дека сега по метар квадратен цената за откуп на земјиштето достигнува и по 1000 евра.

Согласно квадратурата на градбата, односно колку квадрати се градат се формира цената на градежната парцела. Потоа доаѓаат комуналиите кои не се многу зголемени, изнесуваат од 80 до 120, 130 евра по метар квадратен, па учеството на градежните материјали и работната рака.  Зголемената цена воопшто не е одраз на цената на градежните материјали кои се поскапени 20 до 30 проценти. Има учество и  недостатокот на работна рака, не е толку работата  во платата на луѓето, туку во квалитетот на тие кои сега градат бидејќи нема веќе стручни мајстори и тоа е голем проблем. Државата мора да се сврти кон продукција на таков профил на кадар  – занаетчии во сите професии. Треба да се стимулираат децата  да се запишуваат на такво школовување. Иако се работи повеќе, повеќе и се заработува, вели Велковски.

The post Становите во Скопје поскапеле за 4,7 отсто, сега градители се практично трговци поединци кои еднократно инвестираат во недвижности appeared first on Република.

]]>

Цените на становите во Скопје во првиот квартал годинава поскапеле за 4,7 отсто на годишнo ниво, а бележат пад од 0,8 проценти  во однос на претходниот квартал, покажува Индексот на цените на станови на Народната банка. Ова е прво минимално квартално намалување на цените на становите по долг период, откако последен пат имаше пад од еден процент во третиот квартал од 2020 година. Според податоците на Народната банка, во последното тримесечје од 2023 година становите поскапеа за еден процент во однос на третото тримесечје, а на годишно ниво за седум проценти. Во првиот квартал лани цените на становите  се зголемија за 18,8 проценти на годишно ниво, односно од 1,3 отсто на квартално ниво, во второто тримесечие од 1,6 отсто, односно од 12,9 отсто, а во третиот квартал од 2,9 проценти, односно од 11 проценти. Никола Велковски од Здружението за градежништво при Стопанската комора, смета дека цените на становите кои подолг период бележaт постојан раст не се реални, но се очекувани. Велковски во изјава за МИА, укажува дека е намален бројот на  интересни профитабилни градежни парцели во поинтересниот дел од градската средина и оти нивната цена расте. Според него, добрата работа е што добар дел од инвеститорите почнаа да градат на периферијата на градот, што е за поздравување, но како што укажува тоа треба да го следи соодветна инфраструктура. Велковски појаснува дека сега најмалку има градежни фирми екипирани со инеженерски и работнички кадар што тоа им е основна дејност на работење. Сега градители се практично трговци поединци кои еднократно инвестираат, имаат свои пари и ги инвестираат во недвижности и градежништво затоа што тука сега е конјуктурно и профитабилно. Тие единствено го гледаат профитот, па може да биде еднократно да градат една, две, пет згради, но водилка е исклучиво профитот.
Мене не ме лути толку тоа, туку тоа што ние како инженерска фела, како урбанисти им влегуваме во нивната шема на креирање и планирање на просторот. Треба практично да го релаксираме посторот, не мора да се гради секаде затоа што сега најмногу каде се гради по порачка за измена и дополна на урбанистичките планови со самофинансирање. Врз основа на тие инцијативи што ги покренуваат баш овие градители што им се интересни урбанистичките и градежните парцели, потоа се прилагодува кон нивните барања – да стават повеќе објекти во еден блок, повисоко, пониско, па нема ниту осончување, ниту проветрување, а ним им е важно да има кандидатура и износот на профитот на продажбата, вели Велковски за МИА.
Велковски дополнува дека поголемиот проблем е што сега трговците инвеститори со станови немаат свои локации и се обраќаат кај сопствениците на земјиште на кое е предвидено да се гради, кои пак, ги покачија условите и цената.
Порано имаше два модела за договор со инвеститорот, да го откупат земјиштето или да се договорат за заедничка градба со соинвеститороство. Кога сопствениците видоа дека градителите ги покачија цените на становите сега и тие ги зголемија нивните  услови Ако порано за заедничка градба се бараше 20, 25, 27, максимум 30 проценти од земјиштето, сега отиде и до 40 проценти од земјиштето, што  не е ниту легитимно, легално и логично. Но, затоа што овие сакаат да градат сега овие другите ги  зголемуваат условите и потоа се зголемува цената. На крај мене ме чуди која е уште таа категорија која може да поднесе таква цена на станови, а во Скопје сега веќе има 70.000 до 80.000 празни станови, вели Велковски.
Тој појаснува дека ако се оди со моделот со откуп на катастарска парцела во склоп на градежната парцела, тогаш се наоѓаат пари во готовина, имаат веројатно некоја „слободна пара“ која тука се легализира преку откуп на земјиште.
Замката во целата работа е што сега е намален бројот на интересни профитабилни градежни парцели во поинтересниот дел од градската средина и нивната цена сега скока. Добрата  работа што ми се допаѓа е што добар дел од инвеститорите почнаа да бегаат по периферијата на градот,  во Ѓорче Петров, Волково, Идризово, Петровец,.. што е добро за градот кој треба да се шири, вели Велковски.
Но, како што потенцира Велковски, тој дел треба да го следи соодветна инфраструктура, покрај патишта и училишта, градинки, места за рекреација и спорт.
Сега се гради на многу места, но нема ниту градинки, ниту училишта, зеленило, места за спорт и рекреација…  Станот не е само место за спиење, треба да се обезбедат сите услови, посочува Велковски.
Тој укажува дека во формирањето на цената на становите прва е цената на чинење на градежната парцела. Ако порано беше 250 до 300 евра по метар квадратен, Велковски вели дека сега по метар квадратен цената за откуп на земјиштето достигнува и по 1000 евра.
Согласно квадратурата на градбата, односно колку квадрати се градат се формира цената на градежната парцела. Потоа доаѓаат комуналиите кои не се многу зголемени, изнесуваат од 80 до 120, 130 евра по метар квадратен, па учеството на градежните материјали и работната рака.  Зголемената цена воопшто не е одраз на цената на градежните материјали кои се поскапени 20 до 30 проценти. Има учество и  недостатокот на работна рака, не е толку работата  во платата на луѓето, туку во квалитетот на тие кои сега градат бидејќи нема веќе стручни мајстори и тоа е голем проблем. Државата мора да се сврти кон продукција на таков профил на кадар  – занаетчии во сите професии. Треба да се стимулираат децата  да се запишуваат на такво школовување. Иако се работи повеќе, повеќе и се заработува, вели Велковски.

The post Становите во Скопје поскапеле за 4,7 отсто, сега градители се практично трговци поединци кои еднократно инвестираат во недвижности appeared first on Република.

]]>
Ким Џонг-Ун доби подарок автомобил „за лична употреба“ од Путин https://republika.mk/vesti/svet/kim-dhong-un-dobi-podarok-avtomobil-za-lichna-upotreba-od-putin/ Tue, 20 Feb 2024 14:45:33 +0000 https://republika.mk/?p=746207

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-Ун доби автомобил „за лична употреба“ како подарок од рускиот претседател Владимир Путин. Руското возило им било доставено на помошниците на Ким на 18 февруари, објавија севернокорејските медиуми.

Сестрата на Ким „љубезно ѝ укажа на руската страна дека Ким Јонг-Ун му се заблагодарува на Путин“, истакнувајќи дека подарокот јасно покажува дека има „посебни лични односи меѓу двајцата лидери“, се наведува во соопштението.

Овие две земји се зближиле, според западните медиуми, откако Ким и Путин се сретнаа во септември и си ветија соработка во сите области. А, во истовреме, се додава, меѓународната изолација против нив – „против Русија поради војната во Украина и против Северна Кореја поради развојот на нуклеарно оружје“, расте.

Ким, инаку, важи за голем љубител на автомобили. Се верува дека има колекција луксузни возила прокриумчарени во Северна Кореја.

Во септември, за време на посетата на руската вселенска станица на далечниот исток на Русија, Ким наводно бил заинтересиран и за претседателската лимузина на Путин – „Аурус сенат“. Севернокорејскиот лидер до местото на средбата се возел со лимузина „Мајбах“, која била префрлена со специјален воз од Пјонгјанг. Ким е виден и во неколку други луксузни автомобили, како „Мерцедес“, „Ролс ројс фантом“ и „Лексус“.

https://www.youtube.com/watch?v=npi9lI_ZuOA&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Flider.mk%2F&source_ve_path=OTY3MTQ&feature=emb_imp_woyt

The post Ким Џонг-Ун доби подарок автомобил „за лична употреба“ од Путин appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-Ун доби автомобил „за лична употреба“ како подарок од рускиот претседател Владимир Путин. Руското возило им било доставено на помошниците на Ким на 18 февруари, објавија севернокорејските медиуми. Сестрата на Ким „љубезно ѝ укажа на руската страна дека Ким Јонг-Ун му се заблагодарува на Путин“, истакнувајќи дека подарокот јасно покажува дека има „посебни лични односи меѓу двајцата лидери“, се наведува во соопштението. Овие две земји се зближиле, според западните медиуми, откако Ким и Путин се сретнаа во септември и си ветија соработка во сите области. А, во истовреме, се додава, меѓународната изолација против нив – „против Русија поради војната во Украина и против Северна Кореја поради развојот на нуклеарно оружје“, расте. Ким, инаку, важи за голем љубител на автомобили. Се верува дека има колекција луксузни возила прокриумчарени во Северна Кореја. Во септември, за време на посетата на руската вселенска станица на далечниот исток на Русија, Ким наводно бил заинтересиран и за претседателската лимузина на Путин – „Аурус сенат“. Севернокорејскиот лидер до местото на средбата се возел со лимузина „Мајбах“, која била префрлена со специјален воз од Пјонгјанг. Ким е виден и во неколку други луксузни автомобили, како „Мерцедес“, „Ролс ројс фантом“ и „Лексус“. https://www.youtube.com/watch?v=npi9lI_ZuOA&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Flider.mk%2F&source_ve_path=OTY3MTQ&feature=emb_imp_woyt

The post Ким Џонг-Ун доби подарок автомобил „за лична употреба“ од Путин appeared first on Република.

]]>
Возило излета во близина на тетовското село Челопек: Патниците се здобиле со тешки телесни повреди https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vozilo-izleta-vo-blizina-na-tetovskoto-selo-chelopek-patnitsite-se-zdobile-so-teshki-telesni-povredi/ Sun, 18 Feb 2024 09:32:00 +0000 https://republika.mk/?p=745286

На 17.02.2024 во 10.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локален пат во с.Челопек, тетовско, на излез од селото, патничко возило „фолксваген бора“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(41) од Тетово, излетало од патот.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговата сопатничка М.Б.(36) од Тетово, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово.

The post Возило излета во близина на тетовското село Челопек: Патниците се здобиле со тешки телесни повреди appeared first on Република.

]]>

На 17.02.2024 во 10.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локален пат во с.Челопек, тетовско, на излез од селото, патничко возило „фолксваген бора“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(41) од Тетово, излетало од патот. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговата сопатничка М.Б.(36) од Тетово, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово.

The post Возило излета во близина на тетовското село Челопек: Патниците се здобиле со тешки телесни повреди appeared first on Република.

]]>
Пронајдени 10 мигранти од Сирија во возило на автопатот Куманово – Крива Паланка https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pronajdeni-10-migranti-od-sirija-vo-vozilo-na-avtopatot-kumanovo-kriva-palanka/ Thu, 08 Feb 2024 20:29:06 +0000 https://republika.mk/?p=741989

Полициски службеници утрово на автопатот Куманово – Крива Паланка во возило со скопски регистарски ознаки пронајдени 10 мигранти од Сирија.

Утрово во 05:00 часот на наплатна станица Романовце на автопатот Куманово – Крива Паланка, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај дале знак за запирање на патничко моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки. Возилото продолжило со движење, по што во близина на клучка за Крива Паланка возачот го запрел возилото и го напуштил местото. При преглед во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Пронајдени 10 мигранти од Сирија во возило на автопатот Куманово – Крива Паланка appeared first on Република.

ВМРО-ДПМНЕ: Возилото на убиениот Панче во Скопје било 3 дена возено, без да биде сопрено и легитимирано https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-voziloto-na-ubieniot-panche-vo-skopje-bilo-3-dena-vozeno-bez-da-bide-sopreno-i-legitimirano/ Sun, 10 Dec 2023 08:54:46 +0000 https://republika.mk/?p=721414

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека секој ден излегуваат се повеќе информации дека поради пропусти на МВР на Спасовски не бил спречен трагичниот настан со грабнувањето и двојното убиство за кое се осомничени Палевски и неговата група.

Последните информации, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ за кои додаваат дека надлежните институции не ги демантираат, говорат дека возилото на Панче Жежовски кое било уредно пријавено после неговото исчезнување 5 дена пред убиството на малата Вања, се движело без проблем во Скопје.

-Доколку МВР распишало централна објава по возилото, тоа ќе било најдено веднаш штом ќе се регистрира од страна на системот Сејф Сити, а убијците на Панче ќе биле фатени, односно убиството на Вања можеби и немало да се случи. Возилото со кое е киднапирана Вања и со кое е пренесена до местото на ликвидација, од Велес во Скопје влегува на 24 ноември, што значи дека во тие три дена морало да биде откриено, сопрено и легитимирано од страна на полицијата. Единствена шанса ова возило да не биде забележано во најголемиот безбедносен степен кој владееше во Скопје, е доколку истото не било внесено во системот за централна објава.

Индициите говорат дека постоеле низа на пропусти во истрагата пред и после настаните. Фактите говорат дека Палевски и неговата група пред 7 месеци биле откриени како диво копаат артефакти и поседувале нелегано оружје и за истото не биле санкционирани. Доколку власта и Спасовски не замижуваа пред поведението на Палевски и ако ја работеа работата до оваа трагедија немаше да дојде, се вели во соопштението на партијата

Спасовски нека не се крие, нека излезе и нека ги даде одговорите за вистинските прашања. Тоа им го должи и на жртвите и на македонската јавност.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Возилото на убиениот Панче во Скопје било 3 дена возено, без да биде сопрено и легитимирано appeared first on Република.

]]>

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека секој ден излегуваат се повеќе информации дека поради пропусти на МВР на Спасовски не бил спречен трагичниот настан со грабнувањето и двојното убиство за кое се осомничени Палевски и неговата група. Последните информации, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ за кои додаваат дека надлежните институции не ги демантираат, говорат дека возилото на Панче Жежовски кое било уредно пријавено после неговото исчезнување 5 дена пред убиството на малата Вања, се движело без проблем во Скопје. -Доколку МВР распишало централна објава по возилото, тоа ќе било најдено веднаш штом ќе се регистрира од страна на системот Сејф Сити, а убијците на Панче ќе биле фатени, односно убиството на Вања можеби и немало да се случи. Возилото со кое е киднапирана Вања и со кое е пренесена до местото на ликвидација, од Велес во Скопје влегува на 24 ноември, што значи дека во тие три дена морало да биде откриено, сопрено и легитимирано од страна на полицијата. Единствена шанса ова возило да не биде забележано во најголемиот безбедносен степен кој владееше во Скопје, е доколку истото не било внесено во системот за централна објава. Индициите говорат дека постоеле низа на пропусти во истрагата пред и после настаните. Фактите говорат дека Палевски и неговата група пред 7 месеци биле откриени како диво копаат артефакти и поседувале нелегано оружје и за истото не биле санкционирани. Доколку власта и Спасовски не замижуваа пред поведението на Палевски и ако ја работеа работата до оваа трагедија немаше да дојде, се вели во соопштението на партијата Спасовски нека не се крие, нека излезе и нека ги даде одговорите за вистинските прашања. Тоа им го должи и на жртвите и на македонската јавност.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Возилото на убиениот Панче во Скопје било 3 дена возено, без да биде сопрено и легитимирано appeared first on Република.

]]>
Се запали „сеат леон“ во Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/se-zapali-seat-leon-vo-skopje/ Tue, 14 Nov 2023 20:51:20 +0000 https://republika.mk/?p=701586

Денеска околу 05.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „МАНАПО“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 26-годишниот С.Р. од Скопје, извести МВР..

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема, додаваат од МВР.

Бил извршен увид.

The post Се запали „сеат леон“ во Скопје appeared first on Република.

Се запали возило на италијанската амбасада во Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/se-zapali-vozilo-na-italijanskata-ambasada-vo-skopje/ Sat, 23 Sep 2023 15:09:06 +0000 https://republika.mk/?p=684427

Возило на Амбасадата на Италија се запалило вчера на место викано Теферич-Кисела Вода.

Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода излегле местото на настанот, при што е констатирано дека е опожарено возило „џип”, сопственост на Амбасадата на Италија, а управувано од Д.М.(41) од Скопје.

Возачот објаснил дека движејќи се во правец од Теферич кон Сопиште забележал чад и оган од десната страна на предната хауба, при што застанал и со помош на граѓани го изгаснале пожарот.

Опожарен е делот на моторот и шал таблата. Повредени нема.

The post Се запали возило на италијанската амбасада во Скопје appeared first on Република.

]]>

Возило на Амбасадата на Италија се запалило вчера на место викано Теферич-Кисела Вода. Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода излегле местото на настанот, при што е констатирано дека е опожарено возило „џип”, сопственост на Амбасадата на Италија, а управувано од Д.М.(41) од Скопје. Возачот објаснил дека движејќи се во правец од Теферич кон Сопиште забележал чад и оган од десната страна на предната хауба, при што застанал и со помош на граѓани го изгаснале пожарот. Опожарен е делот на моторот и шал таблата. Повредени нема.  

The post Се запали возило на италијанската амбасада во Скопје appeared first on Република.

]]>
Запалено возило пред плоштадот „Скендербег” https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zapaleno-vozilo-pred-ploshtadot-skenderbeg/ Tue, 22 Aug 2023 08:54:39 +0000 https://republika.mk/?p=674495

Кај плоштадот „Скендербег”, на влезот пред Старата скопска чаршија претпладнево се запали возило, кое е изгасено со интервенција на противапжарните екипи.

Како што изјави сопственикот за МИА, возилото марка „форд” се запалило додека тој бил внатре во возилото.

- Не знам како се запали, почна од хаубата да гори, јас излегов брзо од возилото, рече сопственикот. По избувнувањето на пожарот, службениците од Градски паркинзи го контролираа сообраќајот за да не се доближат други возила до возилото што гореше се додека стигнаа полициска екипа и противпожарна екипа.

Противпожарната екипа со четири пожарникари стигна за неколку минути по избувнување на пожарот  по што за кратко време беше ставен под контрола.

The post Запалено возило пред плоштадот „Скендербег” appeared first on Република.

]]>

Кај плоштадот „Скендербег”, на влезот пред Старата скопска чаршија претпладнево се запали возило, кое е изгасено со интервенција на противапжарните екипи. Како што изјави сопственикот за МИА, возилото марка „форд” се запалило додека тој бил внатре во возилото. - Не знам како се запали, почна од хаубата да гори, јас излегов брзо од возилото, рече сопственикот. По избувнувањето на пожарот, службениците од Градски паркинзи го контролираа сообраќајот за да не се доближат други возила до возилото што гореше се додека стигнаа полициска екипа и противпожарна екипа. Противпожарната екипа со четири пожарникари стигна за неколку минути по избувнување на пожарот  по што за кратко време беше ставен под контрола.

The post Запалено возило пред плоштадот „Скендербег” appeared first on Република.

]]>
Возилото смачкано, работите расфрлaни по патот: Кај Љеш, повредено цело семејство кое тргнало на одмор https://republika.mk/vesti/balkan/voziloto-smachkano-rabotite-rasfrlani-po-patot-kaj-lesh-povredeno-tselo-semejstvo-koe-trgnalo-na-odmor/ Sun, 06 Aug 2023 08:46:52 +0000 https://republika.mk/?p=669182

Кај албанскиот град Љеш утринава се случила тешка сообраќајна несреќа во која се повредени пет члена на семејство од Србија.

На снимката на албанските медиуми може да се види дека нивниот автомобил прилично е оштетен, односно дека хаубата му е смачкана, а нивните работи се расфрлени насекаде  по патот.

Според првичните информации автомобилот налетал на банкина која ги дели лентите на државниот пат.

Возилото слетало од коловозот, а во несреќата се повредени три деца и брачен пар. Повредените се однесени во болница, а жената е во тешка состојба.

Семејството само што допатувало во Албанија, каде требало да го поминат одморот. Најверојатно брзината и мокриот коловоз предизвикале губење на контрола над возилото.

The post Возилото смачкано, работите расфрлaни по патот: Кај Љеш, повредено цело семејство кое тргнало на одмор appeared first on Република.

]]>

Кај албанскиот град Љеш утринава се случила тешка сообраќајна несреќа во која се повредени пет члена на семејство од Србија. На снимката на албанските медиуми може да се види дека нивниот автомобил прилично е оштетен, односно дека хаубата му е смачкана, а нивните работи се расфрлени насекаде  по патот. Според првичните информации автомобилот налетал на банкина која ги дели лентите на државниот пат. Возилото слетало од коловозот, а во несреќата се повредени три деца и брачен пар. Повредените се однесени во болница, а жената е во тешка состојба. Семејството само што допатувало во Албанија, каде требало да го поминат одморот. Најверојатно брзината и мокриот коловоз предизвикале губење на контрола над возилото.

The post Возилото смачкано, работите расфрлaни по патот: Кај Љеш, повредено цело семејство кое тргнало на одмор appeared first on Република.

]]>
Груби: Ако имате потреба, јас преку мои пријатели ќе ви помогнам да си земете возило за приватни потреби, како што на мене ми излагаат во пресрет https://republika.mk/tvitovi/grubi-ako-imate-potreba-jas-preku-moi-prijateli-ke-vi-pomognam-da-si-zemete-vozilo-za-privatni-potrebi-kako-shto-na-mene-mi-izlagaat-vo-presret/ Tue, 25 Jul 2023 17:11:14 +0000 https://republika.mk/?p=665225

https://twitter.com/pejacot/status/1683839524101824514?s=21&t=CnuSlwT22iVxoi5AFUA_NQ

The post Груби: Ако имате потреба, јас преку мои пријатели ќе ви помогнам да си земете возило за приватни потреби, како што на мене ми излагаат во пресрет appeared first on Република.

Ковачки: Демолирањето на возилото на портпаролката Митева нема да не спречи да ги објавуваме скандалите на ДУИ И СДС https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-demoliraneto-na-voziloto-na-portparolkata-miteva-nema-da-ne-sprechi-da-gi-objavuvame-skandalite-na-dui-i-sds/ Mon, 24 Jul 2023 20:31:01 +0000 https://republika.mk/?p=664894

„Случајот со демолирање на автомобилот на портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ не е поврзано со уставните измени туку со обелоденувањето на криминалот, кој што ние како политичка партија секојдневно го обелоденуваме. А, посебно нашата портпаролка, и другите наши портпароли, нашите пратеници ги изнесуваат криминалите скоро секојдневно поврзани со Демократската унија за интеграција, а пред се и за Социјалдемократскиот сојуз како нивен извршител односно нивен измеќар во Владата на Република Македонија“, истакна Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Ковачки додаде дека она што се случи со автомобилот на портпаролката е порака, но таа порака доаѓа од немоќ, од страв. А, сето тоа е доказ и потврда дека од власта се свесни дека доаѓа крајот, се свесни дека после крајот доаѓа и одговорност и дека пардон нема да има.

„Ние нема да престанеме со објавување на скандали туку напротив дополнително ќе продолжиме да ги изложуваме сите скандали во јавноста. И ќе бараме одговорност за овие скандали. Ќе бараме надлежните институции да постапуваат по скандалите кои што ги објавуваме, по криминалите кои што секојдневно ни се случуваат. Срамота е во една држава толку скандали да има, имаме хиперинфлација на скандали секојдневно за криминали и корупција, а да немаме никакво процесуирање. И сето тоа со непроцесуирањето на овие скандали кои што ги објавуваме секојдневно се должи на тоа што системот е корумпиран од МВР преку ЈО до судството, а сето тоа е под капата на ДУИ и Социјалдемократскиот сојуз“, рече Ковачки.

Тој посочи дека и покрупните скандали немаат разрешница за жал, сето тоа се заташкува од страна на институциите. Но, доаѓа време кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт и тогаш сите ќе одговараат пред словото на правдата.

The post Ковачки: Демолирањето на возилото на портпаролката Митева нема да не спречи да ги објавуваме скандалите на ДУИ И СДС appeared first on Република.

]]>

„Случајот со демолирање на автомобилот на портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ не е поврзано со уставните измени туку со обелоденувањето на криминалот, кој што ние како политичка партија секојдневно го обелоденуваме. А, посебно нашата портпаролка, и другите наши портпароли, нашите пратеници ги изнесуваат криминалите скоро секојдневно поврзани со Демократската унија за интеграција, а пред се и за Социјалдемократскиот сојуз како нивен извршител односно нивен измеќар во Владата на Република Македонија“, истакна Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија. Ковачки додаде дека она што се случи со автомобилот на портпаролката е порака, но таа порака доаѓа од немоќ, од страв. А, сето тоа е доказ и потврда дека од власта се свесни дека доаѓа крајот, се свесни дека после крајот доаѓа и одговорност и дека пардон нема да има. „Ние нема да престанеме со објавување на скандали туку напротив дополнително ќе продолжиме да ги изложуваме сите скандали во јавноста. И ќе бараме одговорност за овие скандали. Ќе бараме надлежните институции да постапуваат по скандалите кои што ги објавуваме, по криминалите кои што секојдневно ни се случуваат. Срамота е во една држава толку скандали да има, имаме хиперинфлација на скандали секојдневно за криминали и корупција, а да немаме никакво процесуирање. И сето тоа со непроцесуирањето на овие скандали кои што ги објавуваме секојдневно се должи на тоа што системот е корумпиран од МВР преку ЈО до судството, а сето тоа е под капата на ДУИ и Социјалдемократскиот сојуз“, рече Ковачки. Тој посочи дека и покрупните скандали немаат разрешница за жал, сето тоа се заташкува од страна на институциите. Но, доаѓа време кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт и тогаш сите ќе одговараат пред словото на правдата.

The post Ковачки: Демолирањето на возилото на портпаролката Митева нема да не спречи да ги објавуваме скандалите на ДУИ И СДС appeared first on Република.

]]>
Груби: Има тенденциозни индиции за тоа кој би стоел зад инцидентот https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-ima-tendentsiozni-inditsii-za-toa-koj-bi-stoel-zad-intsidentot/ Mon, 24 Jul 2023 16:31:24 +0000 https://republika.mk/?p=664862

Првиот вицепремиер Артан Груби во вестите на Канал 5 го објасни инцидентот со запаленото Ауди, кое тој го користел.

Груби вели дека има тенденциозни индиции за тоа кој би стоел зад инцидентот, како од опозицијата , одредени медиуми кои тенденциозно известуваат. Исто се случуваше и со моите деца кои одат во јавни училишта, кои се на подложени на секојдневен притисок.

Истрагата ќе ја оставам на полицијата, се надевам дека набргу ќе се пронајде и тој што го напрачал и тој што го извршил палењето на возилото. Се надевам дека според она како работат институциите, презедоа огромна операција , имаат добра координација тактика што набргу ќе се реши.

На прашањето дали станува збор за пресметка со поранешни сопартијци или криминална пресметка, тој вели дека има индиции дека станува збор за политички чин.

The post Груби: Има тенденциозни индиции за тоа кој би стоел зад инцидентот appeared first on Република.

]]>

Првиот вицепремиер Артан Груби во вестите на Канал 5 го објасни инцидентот со запаленото Ауди, кое тој го користел. Груби вели дека има тенденциозни индиции за тоа кој би стоел зад инцидентот, како од опозицијата , одредени медиуми кои тенденциозно известуваат. Исто се случуваше и со моите деца кои одат во јавни училишта, кои се на подложени на секојдневен притисок.
Истрагата ќе ја оставам на полицијата, се надевам дека набргу ќе се пронајде и тој што го напрачал и тој што го извршил палењето на возилото. Се надевам дека според она како работат институциите, презедоа огромна операција , имаат добра координација тактика што набргу ќе се реши.
На прашањето дали станува збор за пресметка со поранешни сопартијци или криминална пресметка, тој вели дека има индиции дека станува збор за политички чин.

The post Груби: Има тенденциозни индиции за тоа кој би стоел зад инцидентот appeared first on Република.

]]>
Демолирано возилото на портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева https://republika.mk/vesti/makedonija/demolirano-voziloto-na-miteva-ova-go-poracha-portparolkata-na-vmro-dpmne/ Mon, 24 Jul 2023 11:02:58 +0000 https://republika.mk/?p=664702

Искршено и демолирано е возилото на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Понеделничкото утро на мене и мојата фамилија ни започна вака, го најдов моето возило искршено и демолирано.
Очигледно се во паника и исплашени, па тргнаа да не заплашуваат и нас зошто знаат дека ќе има одговорност за сите криминали, пишува Митева на Фејсбук и додава:

Ако некој мисли дека пораката е примена, можам само да ви порачам дека ваквите методи кои се одлика на страв предизвикуваат поголема храброст и кај мене и кај ВМРО-ДПМНЕ. Сега сме 100% уверени дека сме погодиле точно во сржта, а да знаете одговорност ќе има.

The post Демолирано возилото на портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева appeared first on Република.

]]>

Искршено и демолирано е возилото на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева. Понеделничкото утро на мене и мојата фамилија ни започна вака, го најдов моето возило искршено и демолирано. Очигледно се во паника и исплашени, па тргнаа да не заплашуваат и нас зошто знаат дека ќе има одговорност за сите криминали, пишува Митева на Фејсбук и додава:  