вози право вози здраво Archives - Република https://republika.mk/tema/vozi-pravo-vozi-zdravo/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Jun 2024 07:17:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вози право вози здраво Archives - Република https://republika.mk/tema/vozi-pravo-vozi-zdravo/ 32 32 Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје: „Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици https://republika.mk/vesti/skopje/poseben-rezhim-na-soobrakaj-vo-tsentarot-na-skopje-vozi-pravo-vozi-zdravo-osmi-pat-niz-skopskite-ulitsi/ Sun, 02 Jun 2024 07:26:57 +0000 https://republika.mk/?p=784008

Поради одржување на ревијална трка на велосипеди, ролерки, тротинети, детска трка, како и трка на родители со бебешки колички, насловена како „Вози право, вози здраво“ денеска од 11:00 до 12:00 часот во центарот на Скопје ќе има посебен режим на сообраќај по сообраќајниците каде ќе се движат учесниците на трката.

Како што информираат од МВР, стартната позиција на трката е од Порта Македонија, десно вдолж улицата „Димитрие Чупоски“, десно по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“ до крстосницата со улицата „Наум Наумовски Борче“– Градски парк, кај споменикот на Гоце Делчев.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот

Во Скопје денеска по осми пат се одржува најмасовниот ревијален настан на тркала „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка АД - Скопје. Центарот на Скопје повторно ќе биде преплавен со најразлични видови превозни средства кои не ја загадуваат животната средина и нудат алтернативни опции за превоз низ градските улици, со што се поттикнуваат здрави животни навики и начин на живот. Стартот на трката е од Порта Македонија, а возењето завршува во Градскиот парк со голема забава на отворено.

Осмото издание на „Вози право, вози здраво“ се одржува во јубилејната година на Стопанска банка, кога се одбележуваат 80 години од нејзиното основање. Големиот јубилеј е отсликан и во наградите за лотаријата каде што ќе бидат доделени по осум награди од 10 категории: Specialized велосипеди за деца и за возрасни, Specialized заштитни кациги, тротинети, Garmin паметни часовници, ролерки, спортски ранци, хамоци, JBL слушалки и Stanley термоси. Покрај лотаријата, за учесниците ќе има организирана забава со уникатните 5+ фамилија, DJ, забавни и спортски активности, освежување и подароци – пластични шишиња, торби за велосипеди и маички.

Минатогодишното издание на „Вози право, вози здраво“ обедини околу 8.000 учесници од сите возрасни категории, при што сите од нив беа победници. Настанот е наменет за забава, дружење и промоција на здравите животни навики и затоа на трката не се мери времето и не се прогласуваат поединечни победници. Најважно е сите учесници да ја пренесат пораката за користење алтернативни начини на превоз со што ќе се намали сообраќајниот метеж низ градските улици и загадувањето на воздухот, а Банката како и претходните години продолжува да донира урбана опрема во поддршка на велосипедизмот за Градот Скопје.

The post Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје: „Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици appeared first on Република.

]]>

Поради одржување на ревијална трка на велосипеди, ролерки, тротинети, детска трка, како и трка на родители со бебешки колички, насловена како „Вози право, вози здраво“ денеска од 11:00 до 12:00 часот во центарот на Скопје ќе има посебен режим на сообраќај по сообраќајниците каде ќе се движат учесниците на трката. Како што информираат од МВР, стартната позиција на трката е од Порта Македонија, десно вдолж улицата „Димитрие Чупоски“, десно по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“ до крстосницата со улицата „Наум Наумовски Борче“– Градски парк, кај споменикот на Гоце Делчев. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот Во Скопје денеска по осми пат се одржува најмасовниот ревијален настан на тркала „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка АД - Скопје. Центарот на Скопје повторно ќе биде преплавен со најразлични видови превозни средства кои не ја загадуваат животната средина и нудат алтернативни опции за превоз низ градските улици, со што се поттикнуваат здрави животни навики и начин на живот. Стартот на трката е од Порта Македонија, а возењето завршува во Градскиот парк со голема забава на отворено. Осмото издание на „Вози право, вози здраво“ се одржува во јубилејната година на Стопанска банка, кога се одбележуваат 80 години од нејзиното основање. Големиот јубилеј е отсликан и во наградите за лотаријата каде што ќе бидат доделени по осум награди од 10 категории: Specialized велосипеди за деца и за возрасни, Specialized заштитни кациги, тротинети, Garmin паметни часовници, ролерки, спортски ранци, хамоци, JBL слушалки и Stanley термоси. Покрај лотаријата, за учесниците ќе има организирана забава со уникатните 5+ фамилија, DJ, забавни и спортски активности, освежување и подароци – пластични шишиња, торби за велосипеди и маички. Минатогодишното издание на „Вози право, вози здраво“ обедини околу 8.000 учесници од сите возрасни категории, при што сите од нив беа победници. Настанот е наменет за забава, дружење и промоција на здравите животни навики и затоа на трката не се мери времето и не се прогласуваат поединечни победници. Најважно е сите учесници да ја пренесат пораката за користење алтернативни начини на превоз со што ќе се намали сообраќајниот метеж низ градските улици и загадувањето на воздухот, а Банката како и претходните години продолжува да донира урбана опрема во поддршка на велосипедизмот за Градот Скопје.

The post Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје: „Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици appeared first on Република.

]]>
Центарот затворен од Порта „Македонија“ до Градскиот парк https://republika.mk/vesti/skopje/centarot-zatvoren-od-porta-makedonija-do-gradskiot-park/ Sun, 05 Jun 2022 07:01:17 +0000 https://republika.mk/?p=511285

Посебен режим на сообраќај ќе има денеска во Скопје поради одржување на ревијалната трка „Вози право, вози здраво".

Повеќе од 3.500 деца и возрасни со велосипеди, тротинети, ролерки, бебешки колички и скејтборди ќе учествуваат на денешниот настан „Вози право, вози здраво“ што го организира Стопанска банка АД низ улиците на Скопје.

Трката ќе се одржи од 18 до 20 часот, со старт од Порта Македонија, десно по улицата „Димитрие Чуповски", десно по улицата „Даме Груев", право по булеварот „ВМРО" до крстосница со булеварот „Илинден", лево по булеварот „Илинден" до крстосница со улицата „Наум Наумовски Борче" – Градски парк кај споменикот на Гоце Делчев.

Од тие причини, како што информираат од МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

На стартот ќе има групни предизвици, а најуспешните ќе добијат подароци од Стопанска банка. На крајот на настанот ќе има лотарија, а ќе се доделуваат 10 SPECIALIZED велосипеди, 10 Apple часовници, како и 20 JBL Clip 4 звучници заедно со торби за велосипед.

Како што објаснуваат организаторите, добитници на наградите ќе бидат учесниците чиј стартен број ќе биде извлечен, а не тие што пристигнале први на целта. Извлечените добитници мора да се лично присутни за време на лотаријата за да го покажат својот стартен број. Во спротивно, наградата ќе биде доделена на следниот извлечен добитник.

„Вози право, вози здраво“ е ревијален настан со кој се промовираат здравите животни навики и користењето еколошки транспортни средства со кои ја чуваме животната средина, како и забавата за сите генерации, семејства и пријатели. Ова ќе биде шести пат како се организира овој настан на кој во изминатите години учествуваа десетици илјади граѓани.

The post Центарот затворен од Порта „Македонија“ до Градскиот парк appeared first on Република.

]]>

Посебен режим на сообраќај ќе има денеска во Скопје поради одржување на ревијалната трка „Вози право, вози здраво". Повеќе од 3.500 деца и возрасни со велосипеди, тротинети, ролерки, бебешки колички и скејтборди ќе учествуваат на денешниот настан „Вози право, вози здраво“ што го организира Стопанска банка АД низ улиците на Скопје. Трката ќе се одржи од 18 до 20 часот, со старт од Порта Македонија, десно по улицата „Димитрие Чуповски", десно по улицата „Даме Груев", право по булеварот „ВМРО" до крстосница со булеварот „Илинден", лево по булеварот „Илинден" до крстосница со улицата „Наум Наумовски Борче" – Градски парк кај споменикот на Гоце Делчев. Од тие причини, како што информираат од МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот. На стартот ќе има групни предизвици, а најуспешните ќе добијат подароци од Стопанска банка. На крајот на настанот ќе има лотарија, а ќе се доделуваат 10 SPECIALIZED велосипеди, 10 Apple часовници, како и 20 JBL Clip 4 звучници заедно со торби за велосипед. Како што објаснуваат организаторите, добитници на наградите ќе бидат учесниците чиј стартен број ќе биде извлечен, а не тие што пристигнале први на целта. Извлечените добитници мора да се лично присутни за време на лотаријата за да го покажат својот стартен број. Во спротивно, наградата ќе биде доделена на следниот извлечен добитник. „Вози право, вози здраво“ е ревијален настан со кој се промовираат здравите животни навики и користењето еколошки транспортни средства со кои ја чуваме животната средина, како и забавата за сите генерации, семејства и пријатели. Ова ќе биде шести пат како се организира овој настан на кој во изминатите години учествуваа десетици илјади граѓани.

The post Центарот затворен од Порта „Македонија“ до Градскиот парк appeared first on Република.

]]>