возачки Archives - Република https://republika.mk/tema/vozachki/ За подобро да се разбереме Mon, 16 Sep 2024 10:38:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png возачки Archives - Република https://republika.mk/tema/vozachki/ 32 32 МВР потсетува: Рокот за замена на возачките дозволи е до крајот на годината https://republika.mk/vesti/makedonija/mvr-potsetuva-rokot-za-zamena-na-vozachkite-dozvoli-e-do-krajot-na-godinata/ Mon, 16 Sep 2024 07:56:51 +0000 https://republika.mk/?p=816686

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година.

Министерството ги повикува сите граѓани кои се уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви.

Сите капацитети на министерството и шалтерите на управните служби функционираат во полн капацитет и можат да ги услужат граѓаните да ги заменат своите возачки дозволи во редовниот рок до 31.12.2024, без никакво доцнење и гужви.

The post МВР потсетува: Рокот за замена на возачките дозволи е до крајот на годината appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година. Министерството ги повикува сите граѓани кои се уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви. Сите капацитети на министерството и шалтерите на управните служби функционираат во полн капацитет и можат да ги услужат граѓаните да ги заменат своите возачки дозволи во редовниот рок до 31.12.2024, без никакво доцнење и гужви.

The post МВР потсетува: Рокот за замена на возачките дозволи е до крајот на годината appeared first on Република.

]]>
На северот на Косово 128 барања за замена на возачки дозволи https://republika.mk/vesti/balkan/na-severot-na-kosovo-128-barana-za-zamena-na-vozachki-dozvoli/ Wed, 15 May 2024 09:17:10 +0000 https://republika.mk/?p=778215

Директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани изјави дека од 10 мај, кога Министерството за внатрешни работи на Косово одобри замена на возачките дозволи издадени од српските институции со возачки дозволи издадени од Косово, пристигнати се 128 барања.

Елшани за Косово онлајн вели дека МВР одговорило на барањата на граѓаните за замена на возачките дозволи и донело одлука барањата да се поднесуваат во следните три месеци, односно до 9 август.

Тој додаде дека ќе има поинаков процес за замена на личните карти и дека најверојатно ќе започне овој месец, пренесе Бета.

The post На северот на Косово 128 барања за замена на возачки дозволи appeared first on Република.

]]>

Директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани изјави дека од 10 мај, кога Министерството за внатрешни работи на Косово одобри замена на возачките дозволи издадени од српските институции со возачки дозволи издадени од Косово, пристигнати се 128 барања. Елшани за Косово онлајн вели дека МВР одговорило на барањата на граѓаните за замена на возачките дозволи и донело одлука барањата да се поднесуваат во следните три месеци, односно до 9 август. Тој додаде дека ќе има поинаков процес за замена на личните карти и дека најверојатно ќе започне овој месец, пренесе Бета.

The post На северот на Косово 128 барања за замена на возачки дозволи appeared first on Република.

]]>
Од утре до 9 август во Косово ќе се менуваат српските возачки дозволи https://republika.mk/vesti/balkan/od-utre-do-9-avgust-vo-kosovo-ke-se-menuvaat-srpskite-vozachki-dozvoli/ Thu, 09 May 2024 08:19:32 +0000 https://republika.mk/?p=776181

Приштинските институции соопштија дека постапката за замена на возачките дозволи издадени од надлежните институции на Република Србија за возачки дозволи на Косово ќе почне утре на 10 мај и ќе трае до 9 август 2024 година.

Сите граѓани кои имаат возачка дозвола издадена од српски институции можат да аплицираат за официјална косовска возачка дозвола преку електронскиот формулар на веб-страницата https://patentshoferonline.rks-gov.net/ или лично да дојдат во Центарот за издавање. Документи во сите општини во Косово, се вели во соопштението на властите во Приштина.

Во соопштението се наведува дека граѓаните кои лично ќе дојдат на шалтерите на Центарот за издавање документи задолжително треба да поседуваат лична карта, оригинална возачка дозвола издадена од надлежните органи на Република Србија, здравствена потврда и лиценца.

Здравственото уверение го издаваат здравствени установи лиценцирани од Министерството за здравство, на целата територија на Косово“, се наведува во соопштението.

The post Од утре до 9 август во Косово ќе се менуваат српските возачки дозволи appeared first on Република.

]]>

Приштинските институции соопштија дека постапката за замена на возачките дозволи издадени од надлежните институции на Република Србија за возачки дозволи на Косово ќе почне утре на 10 мај и ќе трае до 9 август 2024 година. Сите граѓани кои имаат возачка дозвола издадена од српски институции можат да аплицираат за официјална косовска возачка дозвола преку електронскиот формулар на веб-страницата https://patentshoferonline.rks-gov.net/ или лично да дојдат во Центарот за издавање. Документи во сите општини во Косово, се вели во соопштението на властите во Приштина. Во соопштението се наведува дека граѓаните кои лично ќе дојдат на шалтерите на Центарот за издавање документи задолжително треба да поседуваат лична карта, оригинална возачка дозвола издадена од надлежните органи на Република Србија, здравствена потврда и лиценца. Здравственото уверение го издаваат здравствени установи лиценцирани од Министерството за здравство, на целата територија на Косово“, се наведува во соопштението.

The post Од утре до 9 август во Косово ќе се менуваат српските возачки дозволи appeared first on Република.

]]>
Владата на Косово дозволи замена на српските возачки дозволи за косовски https://republika.mk/vesti/balkan/vladata-na-kosovo-dozvoli-zamena-na-srpskite-vozachki-dozvoli-za-kosovski/ Tue, 07 May 2024 09:48:22 +0000 https://republika.mk/?p=774961

Владата на Косово соопшти дека Министерството за внатрешни работи донело одлука на граѓаните да им дозволи да ги заменат српските возачки дозволи за косовски.

Возачките дозволи издадени од Србија за градовите во Косово главно ги користат припадниците на српската заедница, додека официјална Приштина ги смета за нелегални документи.

Веќе долго време добиваме барања за ваква одлука. Сакаме да ги ослободиме нашите граѓани од секојдневните проблеми со кои се соочуваат, рече премиерот Албин Курти во обраќањето на српски јазик.

Тој изјави дека замената на српските возачки дозволи за косовските „ќе им овозможи на граѓаните полесно да ги регистрираат своите возила со регистарски таблички RKS (Република Косово).

Министерството за внатрешни работи на Косово соопшти дека за преминување во возачка дозвола издадена од косовските институции, нема да биде потребно повторно полагање на тестовите.

The post Владата на Косово дозволи замена на српските возачки дозволи за косовски appeared first on Република.

]]>

Владата на Косово соопшти дека Министерството за внатрешни работи донело одлука на граѓаните да им дозволи да ги заменат српските возачки дозволи за косовски. Возачките дозволи издадени од Србија за градовите во Косово главно ги користат припадниците на српската заедница, додека официјална Приштина ги смета за нелегални документи. Веќе долго време добиваме барања за ваква одлука. Сакаме да ги ослободиме нашите граѓани од секојдневните проблеми со кои се соочуваат, рече премиерот Албин Курти во обраќањето на српски јазик. Тој изјави дека замената на српските возачки дозволи за косовските „ќе им овозможи на граѓаните полесно да ги регистрираат своите возила со регистарски таблички RKS (Република Косово). Министерството за внатрешни работи на Косово соопшти дека за преминување во возачка дозвола издадена од косовските институции, нема да биде потребно повторно полагање на тестовите.

The post Владата на Косово дозволи замена на српските возачки дозволи за косовски appeared first on Република.

]]>
Бесплатни возачки и сообраќајни дозволи со новото име, иселениците нема да плаќаат за патен лист https://republika.mk/vesti/makedonija/besplatni-vozachki-i-soobrakajni-dozvoli-so-novoto-ime-iselenitsite-nema-da-plakaat-za-paten-list/ Tue, 13 Feb 2024 14:14:13 +0000 https://republika.mk/?p=743682

На денешната владина седница се донесени неколку решенија за предвременото менување на личните карти, возачките дозволи и патните исправи.
Вицепремиерот Фатмир Битиќи објави дека денес Владата донесе одлука возачките и сообраќајните дозволи кои треба предвремено да се сменат да бидат без надомест.

Вториот заклучок е поврзан со МНР кое треба да преземе активности издавањето на патните листови за сите граѓани кои живеат надвор од територијата на Македонија кои имаат потреба да се вратат со патни листови, овој надомест ќе биде бесплатен.

МНР се задолжи во државите каде што нема ДКП, издавањето да се направи онлајн и да биде испратено по пошта. Со ова сметаме дека им излегуваме во пресрет на сите граѓани – информираше Битиќи.

МВР ќе ги издава возачките дозволи и сообраќајните дозволи без надомест од утре. Сите вработени во МВР утре ќе добијат по една плата плус во висина на последната исплатена плата.

Оние луѓе кои платиле за вадење на документи после промената на името во Cеверна Македонија, а добиле обрасци со старото име, се дискриминирани и министерот Битиќи тоа го призна пред новинарите.

Искрено тие се дискриминирани, оние кои биле совесни и постапиле согласно законските измени, поднеле на време барања за возачки и патни исправи. Мислам дека треба да се најде начин да им се оддолжиме што биле совесни граѓани. Има одредени работи кои за жал ги забораваме. Бевме во период на ковид криза во која најверојатно издавањето на патни исправи не беше прва нужност. Не знам колку од нашите сограѓани мислеа на патување. Мислам дека првите патни исправи се издавани во јули 2021 година и можеби во овој период требаше поголема медиумска кампања – додаде Битиќи.

The post Бесплатни возачки и сообраќајни дозволи со новото име, иселениците нема да плаќаат за патен лист appeared first on Република.

]]>

На денешната владина седница се донесени неколку решенија за предвременото менување на личните карти, возачките дозволи и патните исправи. Вицепремиерот Фатмир Битиќи објави дека денес Владата донесе одлука возачките и сообраќајните дозволи кои треба предвремено да се сменат да бидат без надомест. Вториот заклучок е поврзан со МНР кое треба да преземе активности издавањето на патните листови за сите граѓани кои живеат надвор од територијата на Македонија кои имаат потреба да се вратат со патни листови, овој надомест ќе биде бесплатен.
МНР се задолжи во државите каде што нема ДКП, издавањето да се направи онлајн и да биде испратено по пошта. Со ова сметаме дека им излегуваме во пресрет на сите граѓани – информираше Битиќи.
МВР ќе ги издава возачките дозволи и сообраќајните дозволи без надомест од утре. Сите вработени во МВР утре ќе добијат по една плата плус во висина на последната исплатена плата. Оние луѓе кои платиле за вадење на документи после промената на името во Cеверна Македонија, а добиле обрасци со старото име, се дискриминирани и министерот Битиќи тоа го призна пред новинарите.
Искрено тие се дискриминирани, оние кои биле совесни и постапиле согласно законските измени, поднеле на време барања за возачки и патни исправи. Мислам дека треба да се најде начин да им се оддолжиме што биле совесни граѓани. Има одредени работи кои за жал ги забораваме. Бевме во период на ковид криза во која најверојатно издавањето на патни исправи не беше прва нужност. Не знам колку од нашите сограѓани мислеа на патување. Мислам дека првите патни исправи се издавани во јули 2021 година и можеби во овој период требаше поголема медиумска кампања – додаде Битиќи.

The post Бесплатни возачки и сообраќајни дозволи со новото име, иселениците нема да плаќаат за патен лист appeared first on Република.

]]>