возачки дозволи Archives - Република https://republika.mk/tema/vozachki-dozvoli/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Oct 2024 12:49:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png возачки дозволи Archives - Република https://republika.mk/tema/vozachki-dozvoli/ 32 32 Тошковски со апел: Заменете ги возачките дозволи до Нова година https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-so-apel-zamenete-gi-vozachkite-dozvoli-do-nova-godina/ Fri, 04 Oct 2024 12:49:23 +0000 https://republika.mk/?p=822725

Според законот од нова година престануваат да важат возачките дозволи со старото име. Панче Тошковски во „Дејли Клик“ на ТВ21 објасни дали тоа ќе значи дека оние граѓани кои ја немаат сменето возачката дозвола, ќе бидат казнувани.

„Се надевам дека нема да дојдеме до таква ситуација, повторно ќе упатам апел да си ги променат возачките за да ги запазиме законско утврдените роковите за промена на возачките дозволи со уставното име. Максимално ќе апелираме сите услуги потребни, од аспект на капацитет ги имаме обезбедено, нема гужви, ги имаме обрасците, може да се закаже од ден за ден“, рече Тошковски.

The post Тошковски со апел: Заменете ги возачките дозволи до Нова година appeared first on Република.

]]>

Од 23 август српските возачки дозволи повеќе нема да важат во Косово https://republika.mk/vesti/balkan/od-23-avgust-srpskite-vozachki-dozvoli-poveke-nema-da-vazhat-vo-kosovo/ Wed, 21 Aug 2024 10:55:26 +0000 https://republika.mk/?p=808628

По одлуката на Министерството за внатрешни работи на Косово за продолжување на рокот за замена на српските возачки дозволи издадени за граѓаните во Косово, возачите кои нема да ги заменат дозволите до петок ќе се соочат со казни од 500 до 1.500 евра.

Заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани, изјави дека српските возачки дозволи, по истекот на овој рок, ќе се сметаат за неважечки, а возачите со такви документи ќе бидат казнувани како да немаат возачка дозвола.

Министерството за внатрешни работи на Косово на почетокот на мај донесе одлука за замена на српските возачки дозволи, издадени за граѓаните во Косово, кои се нелегални, со косовски дозволи. Одлуката стапи во сила на 9 мај, а рокот за замена е петок, 23 август.

The post Од 23 август српските возачки дозволи повеќе нема да важат во Косово appeared first on Република.

]]>

По одлуката на Министерството за внатрешни работи на Косово за продолжување на рокот за замена на српските возачки дозволи издадени за граѓаните во Косово, возачите кои нема да ги заменат дозволите до петок ќе се соочат со казни од 500 до 1.500 евра. Заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани, изјави дека српските возачки дозволи, по истекот на овој рок, ќе се сметаат за неважечки, а возачите со такви документи ќе бидат казнувани како да немаат возачка дозвола. Министерството за внатрешни работи на Косово на почетокот на мај донесе одлука за замена на српските возачки дозволи, издадени за граѓаните во Косово, кои се нелегални, со косовски дозволи. Одлуката стапи во сила на 9 мај, а рокот за замена е петок, 23 август.

The post Од 23 август српските возачки дозволи повеќе нема да важат во Косово appeared first on Република.

]]>
КСЗД утврди нееднаков третман кон граѓаните кои платиле за да променат возачки и сообраќајни дозволи https://republika.mk/vesti/makedonija/kszd-utvrdi-neednakov-tretman-kon-graganite-koi-platile-za-da-promenat-vozachki-i-soobrakajni-dozvoli/ Wed, 14 Feb 2024 14:31:14 +0000 https://republika.mk/?p=744124

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација смета дека се прави нееднаков третман кон граѓаните кои промениле важечки документи со новото име на државата и за истите платиле и повикуваат институциите да преземат мерки за обезбедување на еднаков третман на сите граѓани во постапките на промена на важечките документи со новото име на државата.

Нивниот став доаѓа по повод вчерашната одлука на Владата за бесплатно вадење на возачки дозволи и сообраќајни дозволи.

Во овој случај, не се работи за дискриминаторска основа, постои нееднаков третман, но не и дискриминација. Институциите треба да преземат мерки за обезбедување на еднаков третман на сите граѓани во постапките на промена на важечки документи со новото име на државата, стои во соопштението од КСЗД.

Оттаму потсетуваат дека сите граѓани имаат еднакво право на важечки лични документи.

Потфрлањето на државата да обезбеди важечки лични документи може да ги повреди останатите права на граѓаните како правото на слободно движење, правото на работа, правото на здравствена заштита итн. Ги поздравуваме мерките кои ги презема Владата за да обезбеди лични документи на сите граѓани, но истите се ненавремени со што се наруши правната сигурност на граѓаните, дополнуваат оттаму.

The post КСЗД утврди нееднаков третман кон граѓаните кои платиле за да променат возачки и сообраќајни дозволи appeared first on Република.

]]>

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација смета дека се прави нееднаков третман кон граѓаните кои промениле важечки документи со новото име на државата и за истите платиле и повикуваат институциите да преземат мерки за обезбедување на еднаков третман на сите граѓани во постапките на промена на важечките документи со новото име на државата. Нивниот став доаѓа по повод вчерашната одлука на Владата за бесплатно вадење на возачки дозволи и сообраќајни дозволи.
Во овој случај, не се работи за дискриминаторска основа, постои нееднаков третман, но не и дискриминација. Институциите треба да преземат мерки за обезбедување на еднаков третман на сите граѓани во постапките на промена на важечки документи со новото име на државата, стои во соопштението од КСЗД.
Оттаму потсетуваат дека сите граѓани имаат еднакво право на важечки лични документи.
Потфрлањето на државата да обезбеди важечки лични документи може да ги повреди останатите права на граѓаните како правото на слободно движење, правото на работа, правото на здравствена заштита итн. Ги поздравуваме мерките кои ги презема Владата за да обезбеди лични документи на сите граѓани, но истите се ненавремени со што се наруши правната сигурност на граѓаните, дополнуваат оттаму.

The post КСЗД утврди нееднаков третман кон граѓаните кои платиле за да променат возачки и сообраќајни дозволи appeared first on Република.

]]>
Возачките дозволи ќе важат уште 10 месеци, најави Пендаровски https://republika.mk/vesti/makedonija/vozachkite-dozvoli-ke-vazhat-ushte-10-mesetsi-najavi-pendarovski/ Mon, 12 Feb 2024 14:23:26 +0000 https://republika.mk/?p=743294

Претседателот на државата Стево Пендаровски во изјава за медиумите рече дека ќе се продолжи важноста на возачките дозволи за 10 месеци.

Можам да ве информирам дека сите пратенички групи безмалку сите дадоа поддршка, денеска во 17 или 18 часот е закажана седница на парламентот колку што јас знам, на која ќе се донесе измена на законот за возачки дозволи со која ќе се продолжи рокот за важење во внатрешноста на државата. Мислам дека во законот ќе стои 10 месеци плус, треба да се сменат во тие 10 следни месеци околу 270 илјади возачки дозволи и тоа е изводливо“, изјави Пендаровски.

Како што додаде Пендаровски, добро е што се оди конечно во добра насока и што партиите постигнаа консенуз коj што е од значењее за сите граѓани.

The post Возачките дозволи ќе важат уште 10 месеци, најави Пендаровски appeared first on Република.

ДНК: Ќе помогнеме околу плаќањето на секоја казна за возење со стара возачка, секој полицаец да се подзамисли пред да казни https://republika.mk/vesti/makedonija/dnk-ke-pomogneme-okolu-plakaneto-na-sekoja-kazna-za-vozene-so-stara-vozachka-sekoj-politsaets-da-se-podzamisli-pred-da-kazni/ Mon, 12 Feb 2024 09:25:38 +0000 https://republika.mk/?p=743071

Драги наши сограѓани, Македонци.
Сакаме да ви кажеме дека секој оној наш сограѓанин што ќе добие казна за возење со старата возачка дозвола да ни се обрати за да му помогнеме околу плаќање на истата, велат момците од ДНК, ВЛадимир Блажев Панчо и Андреј Ѓорѓиев. Велат - не сме држава, а уште помаклу сме богати, но пред сè сме луѓе
и колку можеме ќе учествуваме во неправдата нанесена врз секој наш сограѓанин!

Тие испраќаат и апел до секој еден полицаец да се подзамисли кога ќе сака да казни некој шофер за најсмешниот „закон” во човековото постоење и дека тој истиот е негов сограѓанин од кого зема плата!

The post ДНК: Ќе помогнеме околу плаќањето на секоја казна за возење со стара возачка, секој полицаец да се подзамисли пред да казни appeared first on Република.

]]>

Драги наши сограѓани, Македонци. Сакаме да ви кажеме дека секој оној наш сограѓанин што ќе добие казна за возење со старата возачка дозвола да ни се обрати за да му помогнеме околу плаќање на истата, велат момците од ДНК, ВЛадимир Блажев Панчо и Андреј Ѓорѓиев. Велат - не сме држава, а уште помаклу сме богати, но пред сè сме луѓе и колку можеме ќе учествуваме во неправдата нанесена врз секој наш сограѓанин! Тие испраќаат и апел до секој еден полицаец да се подзамисли кога ќе сака да казни некој шофер за најсмешниот „закон” во човековото постоење и дека тој истиот е негов сограѓанин од кого зема плата!

The post ДНК: Ќе помогнеме околу плаќањето на секоја казна за возење со стара возачка, секој полицаец да се подзамисли пред да казни appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Партиите да донесат законски измени за возачките дозволи https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-partiite-da-donesat-zakonski-izmeni-za-vozachkite-dozvoli/ Mon, 12 Feb 2024 07:47:40 +0000 https://republika.mk/?p=743011

Неприфатливо е македонските граѓани кои се веќе изложени на сопствен трошок да менуваат документи, да бидат ставени во состојба на паника и страв дали ќе бидат казнувани при нивното учество во сообраќајот. Барам од парламентарните политички партии веднаш да донесат измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и соодветните норми во други закони што ја регулираат оваа област за да им се овозможи на граѓаните да им важат возачките дозволи и возачките книшки на сите возачи кои учествуваат во сообраќајот на територијата на државата, а чиј рок на важење не е истечен сметано од нивното издавање, вели претседателот на државата Стево Пендаровски по повод важноста на граѓански документи по 12 февруари 2024 година.

Како што кажав и пред неколку седмици, порачува Пендаровски, доколку се има политичка волја, законските решенија може да се донесат во многу краток рок.

Никој не смее да биде казнет поради непроменета возачка дозвола и возачка книшка без вина на граѓаните и кои не се истечени во поглед на нивниот рок на важност сметано од издавањето, особено не за учество во сообраќајот во рамките на територијата на нашата држава. Ги повикувам надлежните институции навремено и точно да ги информираат граѓаните за сите чекори кои се преземаат да се надмине оваа неприфатлива ситуација, нагласува Пендаровски.

Истовремено, како претседател на државата, стои во ставот од Пендаровски, сакам да ја повторам нашата посветеност кон имплементација на сите меѓународно правни обврски што ги имаме преземено, а произлегуваат од т.н. „Преспански договор”.

The post Пендаровски: Партиите да донесат законски измени за возачките дозволи appeared first on Република.

]]>

Неприфатливо е македонските граѓани кои се веќе изложени на сопствен трошок да менуваат документи, да бидат ставени во состојба на паника и страв дали ќе бидат казнувани при нивното учество во сообраќајот. Барам од парламентарните политички партии веднаш да донесат измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и соодветните норми во други закони што ја регулираат оваа област за да им се овозможи на граѓаните да им важат возачките дозволи и возачките книшки на сите возачи кои учествуваат во сообраќајот на територијата на државата, а чиј рок на важење не е истечен сметано од нивното издавање, вели претседателот на државата Стево Пендаровски по повод важноста на граѓански документи по 12 февруари 2024 година. Како што кажав и пред неколку седмици, порачува Пендаровски, доколку се има политичка волја, законските решенија може да се донесат во многу краток рок.
Никој не смее да биде казнет поради непроменета возачка дозвола и возачка книшка без вина на граѓаните и кои не се истечени во поглед на нивниот рок на важност сметано од издавањето, особено не за учество во сообраќајот во рамките на територијата на нашата држава. Ги повикувам надлежните институции навремено и точно да ги информираат граѓаните за сите чекори кои се преземаат да се надмине оваа неприфатлива ситуација, нагласува Пендаровски.
Истовремено, како претседател на државата, стои во ставот од Пендаровски, сакам да ја повторам нашата посветеност кон имплементација на сите меѓународно правни обврски што ги имаме преземено, а произлегуваат од т.н. „Преспански договор”.

The post Пендаровски: Партиите да донесат законски измени за возачките дозволи appeared first on Република.

]]>
Колку пари се собраа од замена на лични карти и возачки, а сега кажуваат дека ќе важат… https://republika.mk/vesti/makedonija/kolku-pari-se-sobraa-od-zamena-na-lichni-karti-i-vozachki-a-sega-kazhuvaat-deka-ke-vazhat/ Wed, 17 Jan 2024 19:29:39 +0000 https://republika.mk/?p=734145

Министерството за внатрешни работи (МВР), по неколкумесечна тензија што се создава во процесот за менување на личните документи со новото уставно име на државата, денеска кажа дека личните карти и возачките дозволи за внатрешен промет ќе важат, истакна Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и градиначалник на Општина Аеродром, во интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма, во контекст на промената на личните документи на граѓаните, мешаниците на шалтерите за нивно подигнување.

Се поставува прашањето колку во последните месеци МВР имало приход од граѓани кои што предвремено ги менувале тие документи и зошто дозволило да се создаде ваков хаос во системот. Има отворена неодговорност кон граѓаните. Огромен дел од возачките дозволи и личните карти се заменети, иако немало потреба да се направи тоа. Но, сега одлучија од МВР да ги информираат граѓаните дека немало потреба да се право вакво нешто во овој момент, освен ако не се истечени. Голем дел од граѓаните, сепак, ги менуваа, бидејќи сметаа дека доаѓаат рокови во кои што сето тоа треба да се реализира, изјави Муцунски.

Според него, доколку сакала, можела да најде начин да го реши проблемот.

Прво, технички да се најде решение, бидејќи ова е истата влада, истите луѓе, голем дел од нив на истите позиции кога се носеле и уставните закони и овие законски измени кои ја создадоа оваа состојба. И знаеле каков логистички предизвик ќе биде сето тоа, односно кои се капацитетите во рамки на МВР за период од пет години за да се реализира сето тоа. Првиот показател е дека нема стратешко планирање во институциите и кога се доаѓа до цајтнот, граѓаните се виновни, не биле одговорни, не знаеле да постапат на време и се создава дополнителна криза, вели Муцунски и во тој контекст додава дека владата сама создава кризи.

The post Колку пари се собраа од замена на лични карти и возачки, а сега кажуваат дека ќе важат… appeared first on Република.

Европа воведува нови возачки дозволи: Младите возачи на двегодишен пробен период https://republika.mk/vesti/svet/evropa-voveduva-novi-vozachki-dozvoli-mladite-vozachi-na-dvegodishen-proben-period/ Fri, 03 Mar 2023 08:52:00 +0000 https://republika.mk/?p=615396

Во рамките на законодавниот пакет за безбедност на патиштата, Европската комисија предложи воведување единствена дигитална возачка дозвола во ЕУ и нови правила кои ќе ја олеснат наплатата на сообраќајните казни сторени во друга земја членка.

Новиот пакет, исто така, треба да ја елиминира неказнивоста за оние кои ќе извршат сообраќајни прекршоци во друга земја-членка преку подобро споделување информации за сторените прекршоци и дисквалификација на возачите кои прават сериозни сообраќајни прекршоци.

Комисијата предлага воведување на дигитална возачка дозвола за да се олесни признавањето на дозволите меѓу земјите-членки и да се поедностави замената или продолжувањето на возачката дозвола. Целиот процес на издавање на дигитална возачка дозвола ќе се врши „онлајн“.

Тоа ќе биде првата дигитална возачка дозвола во светот.

Покрај дигиталната, која возачите ќе ја имаат во мобилниот телефон, ќе се задржи и возачката дозвола во физичка форма.

Новиот пакет за безбедност на патиштата предвидува и пробен период за младите возачи од најмалку две години по полагањето на возачкиот испит и правило за нулта толеранција за возење под дејство на алкохол за младите возачи. Иако младите возачи сочинуваат само 8 отсто од сите возачи, 2 од 5 сообраќајни несреќи со фатални последици вклучуваат возачи помлади од 30 години.

Предлогот предвидува можност за полагање на теоретски и практичен возачки испит на мајчин јазик во друга земја членка на ЕУ. Исто така, се предлага возачите со положена Б категорија да можат да управуваат возила со тежина до 4,25 тони наместо досегашните 2,5 тони доколку тие возила немаат мотори со внатрешно согорување.

Комисијата предлага нова директива со која би се регулирало одземањето на возачките дозволи за тешки сообраќајни прекршоци, без разлика во која земја се сторени. Сега се уште има дупки кои дозволуваат граѓанин на една држава, кога ќе му се одземе лиценцата поради тежок сообраќаен прекршок, да оди во својата земја, да го пријави исчезнувањето и да добие нова дозвола. Според новиот предлог, тоа повеќе нема да биде возможно.

Во предлогот се наведени тешки сообраќајни прекршоци за кои се одземаат возачките дозволи во целиот Сојуз. Станува збор за преголема брзина, 50 km/h повеќе од дозволената брзина, возење под дејство на алкохол или дрога и предизвикување смрт или сериозни повреди во сообраќајот.

Според новата директива, земјата која ја одземала возачката дозвола е должна да ја извести земјата каде што е одземена дозволата.

Правилата за прекугранично извршување на сообраќајните казни што сега се на сила помогнале да се осигура дека прекршителите на патиштата кои не се резиденти не останат непознати. И покрај ова, во 2019 година околу 40 проценти од прекуграничните прекршоци останале неказнети, или затоа што сторителот не бил идентификуван или затоа што немало начин да се натера сторителот да плати.

Комисијата се обидува да го реши овој проблем со новиот предлог со што ќе им се овозможи на надлежните органи пристап до националните регистри на возачки дозволи и зајакнување на соработката меѓу надлежните органи во земјите-членки.

Сегашните правила за прекугранична размена на податоци за сторени прекршоци опфаќаат прекршоци како што се брзо возење или возење под дејство на алкохол.

Комисијата сега предлага да се прошири на следните прекршоци: неодржување доволно растојание помеѓу возилата; опасно претекнување; опасно паркирање, преминување на една или повеќе полни линии, возење во погрешна насока; непочитување на правилата за ослободување на коридорот за возила на Итна помош и користење на преоптоварено возило.

The post Европа воведува нови возачки дозволи: Младите возачи на двегодишен пробен период appeared first on Република.

]]>

Во рамките на законодавниот пакет за безбедност на патиштата, Европската комисија предложи воведување единствена дигитална возачка дозвола во ЕУ и нови правила кои ќе ја олеснат наплатата на сообраќајните казни сторени во друга земја членка. Новиот пакет, исто така, треба да ја елиминира неказнивоста за оние кои ќе извршат сообраќајни прекршоци во друга земја-членка преку подобро споделување информации за сторените прекршоци и дисквалификација на возачите кои прават сериозни сообраќајни прекршоци. Комисијата предлага воведување на дигитална возачка дозвола за да се олесни признавањето на дозволите меѓу земјите-членки и да се поедностави замената или продолжувањето на возачката дозвола. Целиот процес на издавање на дигитална возачка дозвола ќе се врши „онлајн“. Тоа ќе биде првата дигитална возачка дозвола во светот. Покрај дигиталната, која возачите ќе ја имаат во мобилниот телефон, ќе се задржи и возачката дозвола во физичка форма. Новиот пакет за безбедност на патиштата предвидува и пробен период за младите возачи од најмалку две години по полагањето на возачкиот испит и правило за нулта толеранција за возење под дејство на алкохол за младите возачи. Иако младите возачи сочинуваат само 8 отсто од сите возачи, 2 од 5 сообраќајни несреќи со фатални последици вклучуваат возачи помлади од 30 години. Предлогот предвидува можност за полагање на теоретски и практичен возачки испит на мајчин јазик во друга земја членка на ЕУ. Исто така, се предлага возачите со положена Б категорија да можат да управуваат возила со тежина до 4,25 тони наместо досегашните 2,5 тони доколку тие возила немаат мотори со внатрешно согорување. Комисијата предлага нова директива со која би се регулирало одземањето на возачките дозволи за тешки сообраќајни прекршоци, без разлика во која земја се сторени. Сега се уште има дупки кои дозволуваат граѓанин на една држава, кога ќе му се одземе лиценцата поради тежок сообраќаен прекршок, да оди во својата земја, да го пријави исчезнувањето и да добие нова дозвола. Според новиот предлог, тоа повеќе нема да биде возможно. Во предлогот се наведени тешки сообраќајни прекршоци за кои се одземаат возачките дозволи во целиот Сојуз. Станува збор за преголема брзина, 50 km/h повеќе од дозволената брзина, возење под дејство на алкохол или дрога и предизвикување смрт или сериозни повреди во сообраќајот. Според новата директива, земјата која ја одземала возачката дозвола е должна да ја извести земјата каде што е одземена дозволата. Правилата за прекугранично извршување на сообраќајните казни што сега се на сила помогнале да се осигура дека прекршителите на патиштата кои не се резиденти не останат непознати. И покрај ова, во 2019 година околу 40 проценти од прекуграничните прекршоци останале неказнети, или затоа што сторителот не бил идентификуван или затоа што немало начин да се натера сторителот да плати. Комисијата се обидува да го реши овој проблем со новиот предлог со што ќе им се овозможи на надлежните органи пристап до националните регистри на возачки дозволи и зајакнување на соработката меѓу надлежните органи во земјите-членки. Сегашните правила за прекугранична размена на податоци за сторени прекршоци опфаќаат прекршоци како што се брзо возење или возење под дејство на алкохол. Комисијата сега предлага да се прошири на следните прекршоци: неодржување доволно растојание помеѓу возилата; опасно претекнување; опасно паркирање, преминување на една или повеќе полни линии, возење во погрешна насока; непочитување на правилата за ослободување на коридорот за возила на Итна помош и користење на преоптоварено возило.

The post Европа воведува нови возачки дозволи: Младите возачи на двегодишен пробен период appeared first on Република.

]]>