возачки дозвои Archives - Република https://republika.mk/tema/vozachki-dozvoi/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Feb 2024 16:39:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png возачки дозвои Archives - Република https://republika.mk/tema/vozachki-dozvoi/ 32 32 Усвоени измените: Возачите можат да здивнат, возачките дозволи ќе важат до крајот на годината https://republika.mk/vesti/makedonija/usvoeni-izmenite-vozachite-mozhat-da-zdvivnat-vozachkite-dozvoli-ke-vazhat-do-krajot-na-godinata/ Mon, 12 Feb 2024 16:38:32 +0000 https://republika.mk/?p=743341

Собранието попладнево, со 90 гласови „за“, ниту еден против и воздржан, во рамки на 144. седница, по скратена постапка го донесе Законот за измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата според кој, возачките дозволи со „Република Македонија“ ќе важат до крајот на годината. Согласно измените, рокот за вадење нови возачки со ознаката „Република Македонија“ наместо до вечерва на полноќ, се продолжува до 31 декември 2024.

Законските измени се на предлог на пратениците Никола Мицевски, Мартин Костовски, Вјолца Адеми, Аднан Незири, Димитар Апасиев и Павле Трајанов.

Како што истакна истакна координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицевски, образложувајќи ги предложените измени, целта е изнаоѓање брзо решение во интерес на граѓаните и нивно ослободување од дополнителниот притисок околу вадењето на личните документи.

-Преку меѓусебен консензус, сите координатори на партиите дојдоа до заедничко решение, на оваа седница да предложат измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка. Се работи за мали измени, односно одредбата во која стои 12 февруари 2024 (денес), се менуваа со 31 декември 2024 или до крајот на годината. Сметаме дека ова законско решение ќе овозможи намалување на долгите редици чекања. Со оглед на кратките рокови и непознаниците кај граѓаните, би апелирал до политичките субјекти во и надвор од Собраниоето, да не ја злоупотребуваат темата зашто во овој момент треба да се најде брзо решение за личните документи на граѓаните, нагласи Мицевски.

За збор, пред гласањето, се јавија пратениците Бејџан Иљаз од Демократската партија на Турците, Димитар Апасиев од Левица и Гордана Сиљановска-Давкова, независен пратеник. Иљаз укажа дека се прави дискриминација врз труската заедница која, објасни, за лични документи треба да аплицира на други јазици, а не на труски. Тој побара од надлежните институции да преземат иницијатива за итна набавка на пасоши на турски јазик и да ја исправат, како што рече, неправдата кон Турците во земјава. Апасиев оцени дека законските измени за возачките што сега се носат, се носат се изнудени и не претставуваат конечно решение. Според него, во декември ќе треба повторно да се носи ист ваков закон. Сиљановска-Давкова оцени дека и Грција и ЕУ го кршат Преспанскиот договор.

Според првичното решение, возачките дозволи со ознаката „Република Македонија“, од утре веќе немаше да важат, не само надвор, туку и во државава

The post Усвоени измените: Возачите можат да здивнат, возачките дозволи ќе важат до крајот на годината appeared first on Република.

]]>

Собранието попладнево, со 90 гласови „за“, ниту еден против и воздржан, во рамки на 144. седница, по скратена постапка го донесе Законот за измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата според кој, возачките дозволи со „Република Македонија“ ќе важат до крајот на годината. Согласно измените, рокот за вадење нови возачки со ознаката „Република Македонија“ наместо до вечерва на полноќ, се продолжува до 31 декември 2024. Законските измени се на предлог на пратениците Никола Мицевски, Мартин Костовски, Вјолца Адеми, Аднан Незири, Димитар Апасиев и Павле Трајанов. Како што истакна истакна координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицевски, образложувајќи ги предложените измени, целта е изнаоѓање брзо решение во интерес на граѓаните и нивно ослободување од дополнителниот притисок околу вадењето на личните документи.
-Преку меѓусебен консензус, сите координатори на партиите дојдоа до заедничко решение, на оваа седница да предложат измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка. Се работи за мали измени, односно одредбата во која стои 12 февруари 2024 (денес), се менуваа со 31 декември 2024 или до крајот на годината. Сметаме дека ова законско решение ќе овозможи намалување на долгите редици чекања. Со оглед на кратките рокови и непознаниците кај граѓаните, би апелирал до политичките субјекти во и надвор од Собраниоето, да не ја злоупотребуваат темата зашто во овој момент треба да се најде брзо решение за личните документи на граѓаните, нагласи Мицевски.
За збор, пред гласањето, се јавија пратениците Бејџан Иљаз од Демократската партија на Турците, Димитар Апасиев од Левица и Гордана Сиљановска-Давкова, независен пратеник. Иљаз укажа дека се прави дискриминација врз труската заедница која, објасни, за лични документи треба да аплицира на други јазици, а не на труски. Тој побара од надлежните институции да преземат иницијатива за итна набавка на пасоши на турски јазик и да ја исправат, како што рече, неправдата кон Турците во земјава. Апасиев оцени дека законските измени за возачките што сега се носат, се носат се изнудени и не претставуваат конечно решение. Според него, во декември ќе треба повторно да се носи ист ваков закон. Сиљановска-Давкова оцени дека и Грција и ЕУ го кршат Преспанскиот договор. Според првичното решение, возачките дозволи со ознаката „Република Македонија“, од утре веќе немаше да важат, не само надвор, туку и во државава

The post Усвоени измените: Возачите можат да здивнат, возачките дозволи ќе важат до крајот на годината appeared first on Република.

]]>
Барање на ВМРО-ДПМНЕ за итна седница за пасошите и возачките https://republika.mk/vesti/makedonija/barane-na-vmro-dpmne-za-itna-sednitsa-za-pasoshite-i-vozachkite/ Mon, 12 Feb 2024 10:47:27 +0000 https://republika.mk/?p=743144

Пратеникот Антонио Милошоски објави дека ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање за итна седница измена на два закони околу патните исправи и возачките дозволи.

https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-samo-so-izmena-na-ovie-dva-zakoni-mozhe-da-se-reshat-problemite-na-graganite/

Барање на ВМРО-ДПМНЕ за итна седница за пасошите и возачките, за да се поправи понижувањето што безрбетниците Пендаровски, Спасовски, Бујар, Артан, Заев, Ковачевски, Зечевиќ и Маричиќ им го приредија на државјаните на Македонија.
Со сервилноста кон трети држави ги затворија македонските граѓани во „државен притвор“ од г.п. Табановце до г.п. Богородица. Ветуваа интеграција, а го донесоа народот во состојба на буквална изолација. Полошо не било!, порача Милошоски.

The post Барање на ВМРО-ДПМНЕ за итна седница за пасошите и возачките appeared first on Република.

]]>

Пратеникот Антонио Милошоски објави дека ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање за итна седница измена на два закони околу патните исправи и возачките дозволи. https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-samo-so-izmena-na-ovie-dva-zakoni-mozhe-da-se-reshat-problemite-na-graganite/
Барање на ВМРО-ДПМНЕ за итна седница за пасошите и возачките, за да се поправи понижувањето што безрбетниците Пендаровски, Спасовски, Бујар, Артан, Заев, Ковачевски, Зечевиќ и Маричиќ им го приредија на државјаните на Македонија. Со сервилноста кон трети држави ги затворија македонските граѓани во „државен притвор“ од г.п. Табановце до г.п. Богородица. Ветуваа интеграција, а го донесоа народот во состојба на буквална изолација. Полошо не било!, порача Милошоски.

The post Барање на ВМРО-ДПМНЕ за итна седница за пасошите и возачките appeared first on Република.

]]>