воспаление Archives - Република https://republika.mk/tema/vospalenie/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Apr 2022 08:46:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png воспаление Archives - Република https://republika.mk/tema/vospalenie/ 32 32 Десетици необјаснети случаи на воспаление на црниот дроб кај деца во Велика Британија https://republika.mk/vesti/svet/desetici-neobjasneti-sluchai-na-vospalenie-na-crniot-drob-kaj-deca-vo-velika-britanija/ Tue, 19 Apr 2022 08:46:42 +0000 https://republika.mk/?p=490375

Здравствените власти во Велика Британија истражуваат десетици необјаснети случаи на акутен хепатитис и воспаление на црниот дроб. Случаите се претежно кај деца.

Слични случаи на хепатитис кај деца се пријавени и во САД и Шпанија. Некои од заболените деца во Велика Британија биле толку болни што морале да бидат подложени на трансплантација, соопшти британската Агенција за здравствена безбедност. Иако хепатитисот (А, Б, Ц, Д и Е) е предизвикан од вируси, ниту едно од децата не е заразено со вирус. Потенцијалните компликации на хепатитисот вклучуваат откажување на црниот дроб и смрт, а трансплантацијата на црн дроб најчесто се користи за лекување на краен стадиум при откажувањето на органот, објави списанието за детско здравје, „Стенфорд“.

Зголемувањето на бројот деца со воспаление на црниот дроб е загрижувачки, вели д-р Рејчел Тејлор, педијатриски гастроентеролог во Кралската детска болница во Глазгов.

Тејлор и нејзините колеги ја проучуваат оваа појава. Симптомите вклучуваат повраќање, болки во стомакот, жолтица, темна урина, бледа столица, чешање на кожата, вкочанетост на зглобовите, болки во мускулите, треска, гадење, летаргија и губење апетит.

Причината за овие случаи на хепатитис останува непозната, но лекарите се сомневаат дека тоа може да е заразен патоген или внос на контаминирана храна, пијалак или допир со контаминирани играчки, се вели во извештајот.

Според некои стручњаци, болеста може да биде поврзана и со нов сој на Ковид-19.

The post Десетици необјаснети случаи на воспаление на црниот дроб кај деца во Велика Британија appeared first on Република.

]]>

Здравствените власти во Велика Британија истражуваат десетици необјаснети случаи на акутен хепатитис и воспаление на црниот дроб. Случаите се претежно кај деца. Слични случаи на хепатитис кај деца се пријавени и во САД и Шпанија. Некои од заболените деца во Велика Британија биле толку болни што морале да бидат подложени на трансплантација, соопшти британската Агенција за здравствена безбедност. Иако хепатитисот (А, Б, Ц, Д и Е) е предизвикан од вируси, ниту едно од децата не е заразено со вирус. Потенцијалните компликации на хепатитисот вклучуваат откажување на црниот дроб и смрт, а трансплантацијата на црн дроб најчесто се користи за лекување на краен стадиум при откажувањето на органот, објави списанието за детско здравје, „Стенфорд“. Зголемувањето на бројот деца со воспаление на црниот дроб е загрижувачки, вели д-р Рејчел Тејлор, педијатриски гастроентеролог во Кралската детска болница во Глазгов. Тејлор и нејзините колеги ја проучуваат оваа појава. Симптомите вклучуваат повраќање, болки во стомакот, жолтица, темна урина, бледа столица, чешање на кожата, вкочанетост на зглобовите, болки во мускулите, треска, гадење, летаргија и губење апетит. Причината за овие случаи на хепатитис останува непозната, но лекарите се сомневаат дека тоа може да е заразен патоген или внос на контаминирана храна, пијалак или допир со контаминирани играчки, се вели во извештајот. Според некои стручњаци, болеста може да биде поврзана и со нов сој на Ковид-19.

The post Десетици необјаснети случаи на воспаление на црниот дроб кај деца во Велика Британија appeared first on Република.

]]>