володмир зеленски Archives - Република https://republika.mk/tema/volodmir-zelenski/ За подобро да се разбереме Fri, 06 Sep 2024 05:58:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png володмир зеленски Archives - Република https://republika.mk/tema/volodmir-zelenski/ 32 32 Шолц и Зеленски ќе разговараат за нова воена помош https://republika.mk/vesti/svet/sholts-i-zelenski-ke-razgovaraat-za-nova-voena-pomosh/ Fri, 06 Sep 2024 06:40:18 +0000 https://republika.mk/?p=813674

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц, потврди портпарол на германската влада.

Без да даде повеќе детали, портпаролот изјави дека двајцата лидери ќе одржат билатерална средба утрово во Германија, каде што Зеленски ќе пристигне во рамките на својата официјална посета.

The post Шолц и Зеленски ќе разговараат за нова воена помош appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц, потврди портпарол на германската влада. Без да даде повеќе детали, портпаролот изјави дека двајцата лидери ќе одржат билатерална средба утрово во Германија, каде што Зеленски ќе пристигне во рамките на својата официјална посета.

The post Шолц и Зеленски ќе разговараат за нова воена помош appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Не сме потпишале никакви договори со Зеленски https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-ne-sme-potpishale-nikakvi-dogovori-so-zelenski/ Thu, 29 Feb 2024 13:23:53 +0000 https://republika.mk/?p=749664

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека во Тирана, на самитот Украина – Југоисточна Европа, Србија не потпишала никакви аранжмани и договори со претседателот на Украина Володимир Зеленски за соработка во однос на оружје и муниција.

Не, ние не потпишавме никакви аранжмани со претседателот Зеленски. Ние го поддржуваме територијалниот интегритет на Украина, а тие го поддржуваат територијалниот интегритет на Србија. И ние сме им длабоко благодарни. Двете земји ги поддржуваат прописите на Повелбата на ОН и резолуциите на ОН, кои се темел и основа на меѓународното јавно право, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија со ова одговори на прашањето на странските медиуми да коментираат како во средата во Тирана ја потпишал Декларацијата за осуда на руската агресија врз Украина, а во исто време порачал дека Србија нема да воведе санкции против Руската Федерација и зошто Србија би задржал таков „хибриден однос“ кон Украина и Русија, како и дали потпишал некакви конкретни договори со Зеленски во врска со оружје или муниција.

Зборувајќи за односот на Србија кон Русија, Вучиќ истакна дека тоа не е „хибридна позиција“, туку многу јасен став на слободна земја која носи свои одлуки, за себе и за доброто на својот народ.

Тој потсети дека Србија беше под санкции речиси една деценија и дека „добро знае како тоа функционира“.

The post Вучиќ: Не сме потпишале никакви договори со Зеленски appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека во Тирана, на самитот Украина – Југоисточна Европа, Србија не потпишала никакви аранжмани и договори со претседателот на Украина Володимир Зеленски за соработка во однос на оружје и муниција.
Не, ние не потпишавме никакви аранжмани со претседателот Зеленски. Ние го поддржуваме територијалниот интегритет на Украина, а тие го поддржуваат територијалниот интегритет на Србија. И ние сме им длабоко благодарни. Двете земји ги поддржуваат прописите на Повелбата на ОН и резолуциите на ОН, кои се темел и основа на меѓународното јавно право, рече Вучиќ.
Претседателот на Србија со ова одговори на прашањето на странските медиуми да коментираат како во средата во Тирана ја потпишал Декларацијата за осуда на руската агресија врз Украина, а во исто време порачал дека Србија нема да воведе санкции против Руската Федерација и зошто Србија би задржал таков „хибриден однос“ кон Украина и Русија, како и дали потпишал некакви конкретни договори со Зеленски во врска со оружје или муниција. Зборувајќи за односот на Србија кон Русија, Вучиќ истакна дека тоа не е „хибридна позиција“, туку многу јасен став на слободна земја која носи свои одлуки, за себе и за доброто на својот народ. Тој потсети дека Србија беше под санкции речиси една деценија и дека „добро знае како тоа функционира“.

The post Вучиќ: Не сме потпишале никакви договори со Зеленски appeared first on Република.

]]>
Зеленски: Ако руската инвазија биде успешна, и другите делови на Европа ќе бидат во опасност од воена агресија на Кремљ https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-ako-ruskata-invazija-bide-uspeshna-i-drugite-delovi-na-evropa-ke-bidat-vo-opasnost-od-voena-agresija-na-kreml/ Mon, 21 Aug 2023 12:10:02 +0000 https://republika.mk/?p=674207

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во денешниот говор во данскиот Парламент, им се заблагодари на пратениците што помогнале на неговата земја да се спротивстави на инвазијата на Русија, еден ден откако Данска и Холандија објавија дека ќе му обезбедат на Киев борбени авиони Ф-16 од американско производство, кои би можеле да бидат испорачани на крајот на годината.

Зеленски им рекол на пратениците дека доколку руската инвазија биде успешна, и другите делови на Европа ќе бидат во опасност од воена агресија на Кремљ.

Сите соседи на Русија ќе бидат загрозени доколку Украина не победи, рече тој во говорот во Копенхаген.

Зеленски рече дека Украина треба да биде соодветно опремена за да се одбрани од многубројните руски сили.

Холандија и Данска ветија дека ќе и достават на Украина американски повеќенаменски борбени авиони Ф-16, а САД исто така ја одобрија испораката.

The post Зеленски: Ако руската инвазија биде успешна, и другите делови на Европа ќе бидат во опасност од воена агресија на Кремљ appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во денешниот говор во данскиот Парламент, им се заблагодари на пратениците што помогнале на неговата земја да се спротивстави на инвазијата на Русија, еден ден откако Данска и Холандија објавија дека ќе му обезбедат на Киев борбени авиони Ф-16 од американско производство, кои би можеле да бидат испорачани на крајот на годината. Зеленски им рекол на пратениците дека доколку руската инвазија биде успешна, и другите делови на Европа ќе бидат во опасност од воена агресија на Кремљ. Сите соседи на Русија ќе бидат загрозени доколку Украина не победи, рече тој во говорот во Копенхаген. Зеленски рече дека Украина треба да биде соодветно опремена за да се одбрани од многубројните руски сили. Холандија и Данска ветија дека ќе и достават на Украина американски повеќенаменски борбени авиони Ф-16, а САД исто така ја одобрија испораката.

The post Зеленски: Ако руската инвазија биде успешна, и другите делови на Европа ќе бидат во опасност од воена агресија на Кремљ appeared first on Република.

]]>
Зеленски со порака до Путин: Сите системи „Патриот“ работат и соборуваат руски ракети https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-so-poraka-do-putin-site-sistemi-patriot-rabotat-i-soboruvaat-ruski-raketi/ Mon, 19 Jun 2023 10:25:44 +0000 https://republika.mk/?p=653050

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, во своето редовно обраќање до граѓаните, му одговори на рускиот претседател Владимир Путин за неговите минатонеделни тврдења дека се уништени американски противвоздушни системи „Патриот“, што Украина ги доби од Западот.

Зеленски беше дециден дека сите системи за воздушна и ракетна одбрана „Патриот“, што САД и ги доставиле на Украина, сè уште работат.

Тие се уште се на бојното поле, оперативни се и соборуваат руски ракети, што е можно поефикасно. Ниту еден систем за воздушна одбрана „Патриот“ не е уништен, изјави Зеленски.

Како што пишува лондонски „Гардијан“, се чини дека коментарите на украинскиот претседател се одговор на тврдењата на рускиот претседател Владимир Путин, искажани на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, во кои тој сугерираше дека Москва уништила пет системи Патриот во близина на Киев.

Зеленски им се заблагодари на „бранителите на украинското небо“, вклучително и украинските пилоти, велејќи дека во текот на изминатата недела извршиле повеќе од 100 координирани напади со батерии врз непријателските позиции и заднинскиот дел и дека уништиле речиси триесет проектили и педесет беспилотни летала.

The post Зеленски со порака до Путин: Сите системи „Патриот“ работат и соборуваат руски ракети appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, во своето редовно обраќање до граѓаните, му одговори на рускиот претседател Владимир Путин за неговите минатонеделни тврдења дека се уништени американски противвоздушни системи „Патриот“, што Украина ги доби од Западот. Зеленски беше дециден дека сите системи за воздушна и ракетна одбрана „Патриот“, што САД и ги доставиле на Украина, сè уште работат.
Тие се уште се на бојното поле, оперативни се и соборуваат руски ракети, што е можно поефикасно. Ниту еден систем за воздушна одбрана „Патриот“ не е уништен, изјави Зеленски.
Како што пишува лондонски „Гардијан“, се чини дека коментарите на украинскиот претседател се одговор на тврдењата на рускиот претседател Владимир Путин, искажани на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, во кои тој сугерираше дека Москва уништила пет системи Патриот во близина на Киев. Зеленски им се заблагодари на „бранителите на украинското небо“, вклучително и украинските пилоти, велејќи дека во текот на изминатата недела извршиле повеќе од 100 координирани напади со батерии врз непријателските позиции и заднинскиот дел и дека уништиле речиси триесет проектили и педесет беспилотни летала.

The post Зеленски со порака до Путин: Сите системи „Патриот“ работат и соборуваат руски ракети appeared first on Република.

]]>
Русија го продава имотот на Зеленски на Крим https://republika.mk/vesti/svet/rusija-go-prodava-imotot-na-zelenski-na-krim/ Sun, 28 May 2023 11:53:28 +0000 https://republika.mk/?p=645368

Национализираниот стан на семејството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и други национализирани предмети на Крим, ќе бидат ставени на аукција, а средствата ќе бидат наменети за помош на борците во војната.

Станот на Зеленски е национализиран и сега е во сопственост на државата. Одлуката за национализација на голем број големи згради во сопственост на украински олигарси на Крим беше донесена денеска на седница на Кримскиот парламент.

Национализацијата го опфати и недвижниот имот на семејството на Володимир Зеленски во Ливадија, на јужниот брег на Крим.

The post Русија го продава имотот на Зеленски на Крим appeared first on Република.

]]>

Национализираниот стан на семејството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и други национализирани предмети на Крим, ќе бидат ставени на аукција, а средствата ќе бидат наменети за помош на борците во војната. Станот на Зеленски е национализиран и сега е во сопственост на државата. Одлуката за национализација на голем број големи згради во сопственост на украински олигарси на Крим беше донесена денеска на седница на Кримскиот парламент. Национализацијата го опфати и недвижниот имот на семејството на Володимир Зеленски во Ливадија, на јужниот брег на Крим.

The post Русија го продава имотот на Зеленски на Крим appeared first on Република.

]]>
Зеленски го повика претседателот на Кина по Русија да ја посети и Украина https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-go-povika-pretsedatelot-na-kina-po-rusija-da-ja-poseti-i-ukraina/ Wed, 29 Mar 2023 06:07:25 +0000 https://republika.mk/?p=624831

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати покана до кинескиот претседател Си Џинпинг да ја посети Украина.

- Ние сме подготвени да го пречекаме овде, рече Зеленски во интервју за Асошиејтед прес.

Си не разговарал со Зеленски од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари минатата година, но Кина минатиот месец објави план од 12 точки за „политичко решение на украинската криза“.

Си разговараше за конфликтот со рускиот претседател Владимир Путин, за време на државната посета на Москва минатата недела, иако разговорите не покажаа напредок за тоа како да се стави крај на војната.

Кинескиот предлог вклучува повик за деескалација и прекин на огнот во Украина.

САД го отфрлија предлогот, велејќи дека Кина нема кредибилитет затоа што одбива да ја осуди Русија за нејзината инвазија врз Украина. САД велат дека прекинот на огнот во овој момент ќе ги зацврсти руските територијални придобивки и ќе ѝ даде на војската на Путин повеќе време да се прегрупира.

Украина го поздрави дипломатскиот ангажман на Кина, но Зеленски рече дека ќе ги разгледа мировните решенија само откако руските трупи ќе ја напуштат украинската територија

The post Зеленски го повика претседателот на Кина по Русија да ја посети и Украина appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати покана до кинескиот претседател Си Џинпинг да ја посети Украина. - Ние сме подготвени да го пречекаме овде, рече Зеленски во интервју за Асошиејтед прес.
Си не разговарал со Зеленски од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари минатата година, но Кина минатиот месец објави план од 12 точки за „политичко решение на украинската криза“. Си разговараше за конфликтот со рускиот претседател Владимир Путин, за време на државната посета на Москва минатата недела, иако разговорите не покажаа напредок за тоа како да се стави крај на војната. Кинескиот предлог вклучува повик за деескалација и прекин на огнот во Украина. САД го отфрлија предлогот, велејќи дека Кина нема кредибилитет затоа што одбива да ја осуди Русија за нејзината инвазија врз Украина. САД велат дека прекинот на огнот во овој момент ќе ги зацврсти руските територијални придобивки и ќе ѝ даде на војската на Путин повеќе време да се прегрупира. Украина го поздрави дипломатскиот ангажман на Кина, но Зеленски рече дека ќе ги разгледа мировните решенија само откако руските трупи ќе ја напуштат украинската територија

The post Зеленски го повика претседателот на Кина по Русија да ја посети и Украина appeared first on Република.

]]>
Зеленски: Донбас е една од најтешките битки – болна и тешка https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-donbas-e-edna-od-najteshkite-bitki-bolna-i-teshka/ Mon, 06 Mar 2023 07:16:31 +0000 https://republika.mk/?p=616226

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата армија е ангажирана во „болна и тешка“ битка против руските сили во регионот Донбас, на истокот на земјата, каде што се наоѓа градот Бахмут.

Би сакал да оддадам посебна почит на храброста, силата и издржливоста на војниците кои се борат во Донбас, рече Зеленски во своето секојдневно обраќање и додаде дека тоа е „една од најтешките битки – болна и тешка“.

И покрај неговата стратешка важност, која експертите ја оспоруваат, Бахмут стана симбол на борбата за контрола на индустрискиот регион Донбас, кој се состои од регионите Луганск и Доњецк. Русија го анектираше без да преземе целосна контрола врз областа.

Зеленски им се заблагодари и на украинските војници „кои ги одбиле нападите, го уништиле противникот, ги ослабнале позициите и логистиката на непријателот и ги заштитиле украинските граници и градови“.

Им благодарам на целата армија, стража, граничари кои ја бранат нашата земја околу Бахмут, Вугледар, Авдиевка, Сиверск, Сватов, Лиман и Запорожје, додаде претседателот на Украина.

The post Зеленски: Донбас е една од најтешките битки – болна и тешка appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата армија е ангажирана во „болна и тешка“ битка против руските сили во регионот Донбас, на истокот на земјата, каде што се наоѓа градот Бахмут.
Би сакал да оддадам посебна почит на храброста, силата и издржливоста на војниците кои се борат во Донбас, рече Зеленски во своето секојдневно обраќање и додаде дека тоа е „една од најтешките битки – болна и тешка“.
И покрај неговата стратешка важност, која експертите ја оспоруваат, Бахмут стана симбол на борбата за контрола на индустрискиот регион Донбас, кој се состои од регионите Луганск и Доњецк. Русија го анектираше без да преземе целосна контрола врз областа. Зеленски им се заблагодари и на украинските војници „кои ги одбиле нападите, го уништиле противникот, ги ослабнале позициите и логистиката на непријателот и ги заштитиле украинските граници и градови“.
Им благодарам на целата армија, стража, граничари кои ја бранат нашата земја околу Бахмут, Вугледар, Авдиевка, Сиверск, Сватов, Лиман и Запорожје, додаде претседателот на Украина.

The post Зеленски: Донбас е една од најтешките битки – болна и тешка appeared first on Република.

]]>
Зеленски го разреши командантот на украинските здружени сили генерал-мајор Москалов https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-go-razreshi-komandantot-na-ukrainskite-zdruzheni-sili-general-major-moskalov-2/ Mon, 27 Feb 2023 09:22:42 +0000 https://republika.mk/?p=613634

Командантот на операциите на здружените сили на Украина, Едуард Михаилович Москалов е разрешен од должноста, соопшти денеска претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Генерал-мајор Москалов беше назначен на функцијата во март минатата година, кога генерал-полковник Олександр Пављук беше назначен за шеф на Киевската регионална воена администрација, пренесе Си-Ен-Ен.

Зеленски не даде објаснување поради смената на Москалов, кој е само еден во долгата низа промени на високи државни официјални претставници кои ги нареди претседателот на Украина.

Украинските власти спроведоа серија антикорупциски истраги и претреси низ целата земја, по што следеа бројни отпуштања на високо позиционирани функционери.

Засега не се знае дали отпуштањето на Москалов е поврзано со неодамна започнатата акција за борба против корупцијата.

The post Зеленски го разреши командантот на украинските здружени сили генерал-мајор Москалов appeared first on Република.

]]>

Командантот на операциите на здружените сили на Украина, Едуард Михаилович Москалов е разрешен од должноста, соопшти денеска претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Генерал-мајор Москалов беше назначен на функцијата во март минатата година, кога генерал-полковник Олександр Пављук беше назначен за шеф на Киевската регионална воена администрација, пренесе Си-Ен-Ен. Зеленски не даде објаснување поради смената на Москалов, кој е само еден во долгата низа промени на високи државни официјални претставници кои ги нареди претседателот на Украина. Украинските власти спроведоа серија антикорупциски истраги и претреси низ целата земја, по што следеа бројни отпуштања на високо позиционирани функционери. Засега не се знае дали отпуштањето на Москалов е поврзано со неодамна започнатата акција за борба против корупцијата.

The post Зеленски го разреши командантот на украинските здружени сили генерал-мајор Москалов appeared first on Република.

]]>
Зеленски призна дека ситуацијата на источниот фронт е исклучително тешка https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-prizna-deka-situatsijata-na-istochniot-front-e-iskluchitelno-teshka/ Wed, 15 Feb 2023 07:39:45 +0000 https://republika.mk/?p=609122

краинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека ситуацијата во источниот дел на земјата е исклучително тешка, и таму руските сили напредуваат во последните недели, особено во близина на Бахмут.

- Ситуацијата на линијата на фронтот сè уште е исклучително тешка, особено во регионите Доњецк и Луганск. Буквално се води битка за секоја педа украинска земја, рече Зеленски во вечерното видео обраќање. Тој додаде дека Русија брза да ги постигне целите што си ги поставила во најновата офанзива пред Киев да добие ново оружје.

- Затоа, брзината е клучна. Брзината во сè – донесување одлуки, спроведување одлуки, испраќање на материјали, обука … Брзината спасува човечки животи, брзината ја враќа безбедноста, нагласи Зеленски.

Тој им се заблагодари на сојузниците за нивните ветувања за дополнителни пратки одбранбено оружје, тенкови, артилерија, гранати и обука

The post Зеленски призна дека ситуацијата на источниот фронт е исклучително тешка appeared first on Република.

]]>

краинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека ситуацијата во источниот дел на земјата е исклучително тешка, и таму руските сили напредуваат во последните недели, особено во близина на Бахмут. - Ситуацијата на линијата на фронтот сè уште е исклучително тешка, особено во регионите Доњецк и Луганск. Буквално се води битка за секоја педа украинска земја, рече Зеленски во вечерното видео обраќање. Тој додаде дека Русија брза да ги постигне целите што си ги поставила во најновата офанзива пред Киев да добие ново оружје. - Затоа, брзината е клучна. Брзината во сè – донесување одлуки, спроведување одлуки, испраќање на материјали, обука … Брзината спасува човечки животи, брзината ја враќа безбедноста, нагласи Зеленски. Тој им се заблагодари на сојузниците за нивните ветувања за дополнителни пратки одбранбено оружје, тенкови, артилерија, гранати и обука

The post Зеленски призна дека ситуацијата на источниот фронт е исклучително тешка appeared first on Република.

]]>
Зеленски главна звезда во ЕУ: Добредојде дома https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-glavna-zvezda-vo-eu-dobredojde-doma/ Thu, 09 Feb 2023 11:17:50 +0000 https://republika.mk/?p=606850

Лидерите на ЕУ денеска го поздравија доаѓањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Брисел за неговата прва посета во „срцето“ на Унијата по руската инвазија.

„Добре дојдовте дома, добре дојдовте во ЕУ“, твитна шефот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на фотографијата на која се ракува со Зеленски, заедно со шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Зеленски пристигна во Брисел на средба со лидерите на ЕУ од кои ќе бара да ја засилат поддршката за неговата земја опустошена од војна на третиот дел од неговата европска турнеја, соопштија официјални лица.

Тој пристигна во седиштето на Европската Унија со францускиот претседател Емануел Макрон за да се обрати во Парламентот на блокот и да присуствува на состанокот на самито

The post Зеленски главна звезда во ЕУ: Добредојде дома appeared first on Република.

]]>

Лидерите на ЕУ денеска го поздравија доаѓањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Брисел за неговата прва посета во „срцето“ на Унијата по руската инвазија.

„Добре дојдовте дома, добре дојдовте во ЕУ“, твитна шефот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на фотографијата на која се ракува со Зеленски, заедно со шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Зеленски пристигна во Брисел на средба со лидерите на ЕУ од кои ќе бара да ја засилат поддршката за неговата земја опустошена од војна на третиот дел од неговата европска турнеја, соопштија официјални лица.

Тој пристигна во седиштето на Европската Унија со францускиот претседател Емануел Макрон за да се обрати во Парламентот на блокот и да присуствува на состанокот на самито

The post Зеленски главна звезда во ЕУ: Добредојде дома appeared first on Република.

]]>
Зеленски предвидува дека оваа недела ќе биде тешка, Русите планирале нови напади https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-predviduva-deka-ovaa-nedela-kje-bide-teshka-rusite-planirale-novi-napadi/ Mon, 28 Nov 2022 07:11:46 +0000 https://republika.mk/?p=578881

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека верува оти оваа недела би можела да биде тешка како и минатата, бидејќи Русите подготвуваат нови напади.

– Терористите подготвуваат нови напади. Тоа сигурно го знаеме. И додека имаат проектили, тие нема да запрат, за жал … Следната недела може да биде тешка како и минатата. Нашите одбранбени сили се подготвуваат. Целата земја се подготвува. Ги разработуваме сите можни сценарија, вклучително и консултации со нашите партнери, рече тој.

Зеленски ги повика Украинците да ги почитуваат безбедносните мерки за време на сирените за воздушни напади и да им помагаат на луѓето околу нив секогаш кога е можно.

Тој додаде дека во повеќето региони ќе се спроведуваат само редовни исклучувања на струја.

– Ситуацијата е под контрола, нагласи тој.

Зеленски додаде и дека ситуацијата на фронтот сè уште е многу тешка, особено во регионот на Доњецк

The post Зеленски предвидува дека оваа недела ќе биде тешка, Русите планирале нови напади appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека верува оти оваа недела би можела да биде тешка како и минатата, бидејќи Русите подготвуваат нови напади. – Терористите подготвуваат нови напади. Тоа сигурно го знаеме. И додека имаат проектили, тие нема да запрат, за жал … Следната недела може да биде тешка како и минатата. Нашите одбранбени сили се подготвуваат. Целата земја се подготвува. Ги разработуваме сите можни сценарија, вклучително и консултации со нашите партнери, рече тој. Зеленски ги повика Украинците да ги почитуваат безбедносните мерки за време на сирените за воздушни напади и да им помагаат на луѓето околу нив секогаш кога е можно. Тој додаде дека во повеќето региони ќе се спроведуваат само редовни исклучувања на струја. – Ситуацијата е под контрола, нагласи тој. Зеленски додаде и дека ситуацијата на фронтот сè уште е многу тешка, особено во регионот на Доњецк

The post Зеленски предвидува дека оваа недела ќе биде тешка, Русите планирале нови напади appeared first on Република.

]]>
Зеленски: Нема да дадам дел од Украина во замена за мир https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-nema-da-dadam-del-od-ukraina-vo-zamena-za-mir/ Mon, 11 Apr 2022 18:17:57 +0000 https://republika.mk/?p=486974

Украинскиот претседател Володимир Зеленски даде интервју за емисијата „60 минути“ на Си-Би-Ес што се емитуваше вчера вечер. Зеленски рече дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во разговорите за ставање крај на војната, но на прашањето дали е подготвен да се откаже од кој било дел од Украина за мир, тој рече дека „не е подготвен да се откаже од својата земја“.

Во интервју за Си-Би-Ес Володимир Зеленски исто така рече дека никогаш нема да го признае Крим како руска територија и покрај тоа што полуостровот е анектиран од Русија во 2014 година.

Водителот Пели истакнал дека претседателот Бајден и лидерите на НАТО изразиле бес поради руските злосторства во Буча и го праша Зеленски што треба да направат понатаму, на што тој одговорил: „Тие мора да достават оружје во Украина“.

Зеленски рече дека Украинците го бранат правото на живот.

„Никогаш не мислев дека ова право е толку скапо. Тоа се човечки вредности што Русија не избира што прави и како јас да ги користам моите права. Тоа право ми го даде Бог и моите родители“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател изјави и дека е подготвен да го даде животот за својата земја.

„Не сакам да глумам херој. Го сакам моето семејство. Сакам да живеам уште многу години, но помеѓу бегството и да бидам со мојот народ, секако дека сум подготвен да го дадам животот за мојата земја“, кажа Зеленски.

The post Зеленски: Нема да дадам дел од Украина во замена за мир appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски даде интервју за емисијата „60 минути“ на Си-Би-Ес што се емитуваше вчера вечер. Зеленски рече дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во разговорите за ставање крај на војната, но на прашањето дали е подготвен да се откаже од кој било дел од Украина за мир, тој рече дека „не е подготвен да се откаже од својата земја“. Во интервју за Си-Би-Ес Володимир Зеленски исто така рече дека никогаш нема да го признае Крим како руска територија и покрај тоа што полуостровот е анектиран од Русија во 2014 година. Водителот Пели истакнал дека претседателот Бајден и лидерите на НАТО изразиле бес поради руските злосторства во Буча и го праша Зеленски што треба да направат понатаму, на што тој одговорил: „Тие мора да достават оружје во Украина“. Зеленски рече дека Украинците го бранат правото на живот.
„Никогаш не мислев дека ова право е толку скапо. Тоа се човечки вредности што Русија не избира што прави и како јас да ги користам моите права. Тоа право ми го даде Бог и моите родители“, рече Зеленски.
Украинскиот претседател изјави и дека е подготвен да го даде животот за својата земја.
„Не сакам да глумам херој. Го сакам моето семејство. Сакам да живеам уште многу години, но помеѓу бегството и да бидам со мојот народ, секако дека сум подготвен да го дадам животот за мојата земја“, кажа Зеленски.

The post Зеленски: Нема да дадам дел од Украина во замена за мир appeared first on Република.

]]>