Володимир Зеленски Archives - Република https://republika.mk/tema/volodimir-zelenski/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 12:21:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Володимир Зеленски Archives - Република https://republika.mk/tema/volodimir-zelenski/ 32 32 Зеленски „плаче“ што Русија истрела ракета со карактеристики на интерконтинентална балистичка ракета https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-plache-shto-rusija-istrela-raketa-so-karakteristiki-na-interkontinentalna-balistichka-raketa/ Thu, 21 Nov 2024 12:21:56 +0000 https://republika.mk/?p=840366

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија користела „нов тип“ ракета во утринскиот напад врз Украина.

https://republika.mk/vesti/svet/rusite-veke-soboruvaat-britanski-raketi-storm-shadow/

„Денеска нашиот луд сосед уште еднаш покажа каков е во суштина и колку го презира достоинството, слободата и човечкиот живот воопшто. Толку многу се плаши што веќе користи нови ракети“, напиша Зеленски.

Украинскиот лидер додаде дека спорната ракета е од руско потекло и дека ги „поседува сите карактеристики – брзина и висина – на интерконтинентална балистичка ракета“.

Утрово, украинските воздушни сили објавија дека Русија лансирала интерконтинентална балистичка ракета (ICBM) кон градот Дњепар, што предизвика противречни извештаи

The post Зеленски „плаче“ што Русија истрела ракета со карактеристики на интерконтинентална балистичка ракета appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија користела „нов тип“ ракета во утринскиот напад врз Украина. https://republika.mk/vesti/svet/rusite-veke-soboruvaat-britanski-raketi-storm-shadow/ „Денеска нашиот луд сосед уште еднаш покажа каков е во суштина и колку го презира достоинството, слободата и човечкиот живот воопшто. Толку многу се плаши што веќе користи нови ракети“, напиша Зеленски. Украинскиот лидер додаде дека спорната ракета е од руско потекло и дека ги „поседува сите карактеристики – брзина и висина – на интерконтинентална балистичка ракета“. Утрово, украинските воздушни сили објавија дека Русија лансирала интерконтинентална балистичка ракета (ICBM) кон градот Дњепар, што предизвика противречни извештаи

The post Зеленски „плаче“ што Русија истрела ракета со карактеристики на интерконтинентална балистичка ракета appeared first on Република.

]]>
Пратеничка во украинската Рада го обвини Зеленски за кршење на Уставот https://republika.mk/vesti/svet/pratenichka-vo-ukrainskata-rada-go-obvini-zelenski-za-krshene-na-ustavot/ Sat, 16 Nov 2024 20:47:02 +0000 https://republika.mk/?p=837853

Пратеничката на Врховната рада на Украина, Ирина Герашченко, го обвини претседателот на државата Володимир Зеленски за кршење на Уставот.

Герашченко изјави дека од 2019 година, Зеленски на никаков начин не реагирал на речиси 50 закони усвоени од парламентот, а со тоа го прекршил Уставот на Украина.

Според Уставот, претседателот има 15 дена да потпише или да стави вето на законот усвоен од Радата. Сепак, и Зеленски и неговите претходници често ја прекршуваа оваа норма. Бројот на закони кои Зеленски ги игнорираше достигна критични размери - тој не потпиша повеќе од триесет закони донесени од пратениците од 24 февруари 2022 година, ниту, пак стави вето на некој од законите“, напиша Герашченко на нејзиниот канал Телеграм.

The post Пратеничка во украинската Рада го обвини Зеленски за кршење на Уставот appeared first on Република.

]]>

Пратеничката на Врховната рада на Украина, Ирина Герашченко, го обвини претседателот на државата Володимир Зеленски за кршење на Уставот. Герашченко изјави дека од 2019 година, Зеленски на никаков начин не реагирал на речиси 50 закони усвоени од парламентот, а со тоа го прекршил Уставот на Украина.
Според Уставот, претседателот има 15 дена да потпише или да стави вето на законот усвоен од Радата. Сепак, и Зеленски и неговите претходници често ја прекршуваа оваа норма. Бројот на закони кои Зеленски ги игнорираше достигна критични размери - тој не потпиша повеќе од триесет закони донесени од пратениците од 24 февруари 2022 година, ниту, пак стави вето на некој од законите“, напиша Герашченко на нејзиниот канал Телеграм.

The post Пратеничка во украинската Рада го обвини Зеленски за кршење на Уставот appeared first on Република.

]]>
Зеленски: Ние сме технолошки најсилната земја во Европа, имаме четири типа домашни ракети за удар длабоко во Русија https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-nie-sme-tehnoloshki-najsilnata-zemja-vo-evropa-imame-chetiri-tipa-domashni-raketi-za-udar-dlaboko-vo-rusija/ Sat, 16 Nov 2024 19:02:24 +0000 https://republika.mk/?p=838550

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека неговата земја има четири различни ракети за удари длабоко во Руската Федерација

Имаме четири типа домашни ракети, нивните тестови се во тек. Технолошки, ние сме најсилната земја во Европа во развојот на дронови и ракети“, изјави Зеленски

Ваквите изјави на Зеленски доааѓаат кога на светската политичка сцена постои неизвесност околу одлуките и потезите што ќе ги преземе администрацијата на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп.

Според голем број медиуми, за време на политичкиот вакуум, до официјалното стапување на функција на рамп, можно е досегашното раководство на Пентагон да му „остави непријатно наследство на Трамп“ и да и дозволат на Украина да нападне длабоко на руска територија со ракети и дронови испорачани од НАТО што не можат да се користат без сателитска технологија.

The post Зеленски: Ние сме технолошки најсилната земја во Европа, имаме четири типа домашни ракети за удар длабоко во Русија appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека неговата земја има четири различни ракети за удари длабоко во Руската Федерација
Имаме четири типа домашни ракети, нивните тестови се во тек. Технолошки, ние сме најсилната земја во Европа во развојот на дронови и ракети“, изјави Зеленски
Ваквите изјави на Зеленски доааѓаат кога на светската политичка сцена постои неизвесност околу одлуките и потезите што ќе ги преземе администрацијата на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп. Според голем број медиуми, за време на политичкиот вакуум, до официјалното стапување на функција на рамп, можно е досегашното раководство на Пентагон да му „остави непријатно наследство на Трамп“ и да и дозволат на Украина да нападне длабоко на руска територија со ракети и дронови испорачани од НАТО што не можат да се користат без сателитска технологија.

The post Зеленски: Ние сме технолошки најсилната земја во Европа, имаме четири типа домашни ракети за удар длабоко во Русија appeared first on Република.

]]>
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-kiev-treba-da-stori-se-shto-e-mozhno-da-se-stavi-kraj-na-vojnata-po-diplomatski-pat/ Sat, 16 Nov 2024 09:08:00 +0000 https://republika.mk/?p=838399

Украина треба да стори сé што е можно за да ја заврши војната со Русија следната година преку дипломатски пат, изјави претседателот Володимир Зеленски, пренесува БТА.

Во радио интервју емитувано денеска, шефот на украинската држава повторно изјави дека, според него, рускиот претседател Владимир Путин не е заинтересиран за преговори за мировен договор.

Ситуацијата на фронтот во источна Украина е тешка и Русија напредува, призна Зеленски.

Вчера тој изјави дека под идниот американски претседател Доналд Трамп „војната ќе заврши побрзо“.

Зеленски изрази задоволство од неговите неодамнешни контакти со Трамп, и покрај загриженоста дека американската помош за Украина може да се намали во времето на следниот шеф на Белата куќа.

(МИА)

The post Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат appeared first on Република.

]]>

Украина треба да стори сé што е можно за да ја заврши војната со Русија следната година преку дипломатски пат, изјави претседателот Володимир Зеленски, пренесува БТА. Во радио интервју емитувано денеска, шефот на украинската држава повторно изјави дека, според него, рускиот претседател Владимир Путин не е заинтересиран за преговори за мировен договор. Ситуацијата на фронтот во источна Украина е тешка и Русија напредува, призна Зеленски. Вчера тој изјави дека под идниот американски претседател Доналд Трамп „војната ќе заврши побрзо“. Зеленски изрази задоволство од неговите неодамнешни контакти со Трамп, и покрај загриженоста дека американската помош за Украина може да се намали во времето на следниот шеф на Белата куќа.
(МИА)

The post Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат appeared first on Република.

]]>
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-pod-administratsijata-na-tramp-vojnata-vo-ukraina-ke-zavrshi-pobrzo/ Fri, 15 Nov 2024 19:51:10 +0000 https://republika.mk/?p=838300

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека под администрацијата на Доналд Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо.

Секако, со политиката на овој тим кој сега ќе ја води Белата куќа, војната ќе заврши побрзо. Ова е нивниот пристап, нивното ветување за нивното општество и за нив тоа е исто така многу важно“, изјави Зеленски за весникот „Суспилни“.

Зеленски рече дека се развила конструктивна интеракција меѓу него и Трамп и дека украинската страна имала можност јасно да го каже својот став за иднината на светот.

The post Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо appeared first on Република.

Украина е подготвена да отстапи територија, имаат само едно барање! https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-e-podgotvena-da-otstapi-teritorija-imaat-samo-edno-barane/ Thu, 14 Nov 2024 12:35:49 +0000 https://republika.mk/?p=837655

Како што со денови се споменуваше, расте можноста доаѓањето на Доналд Трамп за претседател на САД да ги забрза мировните преговори кога тој ќе ја преземе Белата куќа.

Украинските власти долго време нагласуваат дека земјата нема да ѝ отстапи никаква територија на Русија во ниту еден договор. Сепак, новиот извештај сугерира дека овој фактор можеби не е најважниот во пристапот на Киев кон можните преговори.

Во последно време, украинските сили губат територија на истокот на земјата, што ја ослабува нивната позиција во можните преговори.

Трамп претходно изјави дека ќе стави крај на војната на првиот ден од неговото претседателствување.

„За Украина ништо не е поважно од гаранција“

Украинските власти изјавија за Њујорк Тајмс дека гаранциите дека Владимир Путин нема да започне натамошна агресија ќе им биде поважно од какви било спорови за територија.

Роман Костенко, претседател на комисијата за одбрана и разузнавање на украинскиот парламент, рече:

„Преговорите треба да се засноваат на гаранции. Ништо не е поважно за Украина“.

Висок украински функционер, кој разговараше со новинарите под услов да остане анонимен, рече:

„Територијалното прашање е исклучително важно, но сепак е второ по важност. Првото прашање се безбедносните гаранции“.

Од руска страна, Константин Затулин, политичар од партијата на Путин, оваа недела рече дека Русија може да прифати прекин на огнот долж линијата на фронтот до пролет, доколку Украинците бидат истиснати од Курск.

„Сè ќе се заснова на факти“, рече тој. „Сè што имаме ние е наше, сè што има Украина е украинско.

Но, тврдокорните во Москва, вклучително и Константин Малофејев, конзервативен бизнисмен со врски со Кремљ, сугерираат дека веројатно нема да се постигне договор до пролет.

„Ќе биде тешко да се постигне договор токму затоа што и нашата најблага позиција вклучува дополнителни територијални отстапки од Украина“, рече Малофејев.

The post Украина е подготвена да отстапи територија, имаат само едно барање! appeared first on Република.

]]>

Како што со денови се споменуваше, расте можноста доаѓањето на Доналд Трамп за претседател на САД да ги забрза мировните преговори кога тој ќе ја преземе Белата куќа. Украинските власти долго време нагласуваат дека земјата нема да ѝ отстапи никаква територија на Русија во ниту еден договор. Сепак, новиот извештај сугерира дека овој фактор можеби не е најважниот во пристапот на Киев кон можните преговори. Во последно време, украинските сили губат територија на истокот на земјата, што ја ослабува нивната позиција во можните преговори. Трамп претходно изјави дека ќе стави крај на војната на првиот ден од неговото претседателствување.
„За Украина ништо не е поважно од гаранција“
Украинските власти изјавија за Њујорк Тајмс дека гаранциите дека Владимир Путин нема да започне натамошна агресија ќе им биде поважно од какви било спорови за територија. Роман Костенко, претседател на комисијата за одбрана и разузнавање на украинскиот парламент, рече:
„Преговорите треба да се засноваат на гаранции. Ништо не е поважно за Украина“.
Висок украински функционер, кој разговараше со новинарите под услов да остане анонимен, рече:
„Територијалното прашање е исклучително важно, но сепак е второ по важност. Првото прашање се безбедносните гаранции“.
Од руска страна, Константин Затулин, политичар од партијата на Путин, оваа недела рече дека Русија може да прифати прекин на огнот долж линијата на фронтот до пролет, доколку Украинците бидат истиснати од Курск.
„Сè ќе се заснова на факти“, рече тој. „Сè што имаме ние е наше, сè што има Украина е украинско.
Но, тврдокорните во Москва, вклучително и Константин Малофејев, конзервативен бизнисмен со врски со Кремљ, сугерираат дека веројатно нема да се постигне договор до пролет.
„Ќе биде тешко да се постигне договор токму затоа што и нашата најблага позиција вклучува дополнителни територијални отстапки од Украина“, рече Малофејев.

The post Украина е подготвена да отстапи територија, имаат само едно барање! appeared first on Република.

]]>
Украина синоќа беше нападната со рекордни 145 руски дронови, соопшти Зеленски https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-sinoka-beshe-napadnata-so-rekordni-145-ruski-dronovi-soopshti-zelenski/ Sun, 10 Nov 2024 18:48:30 +0000 https://republika.mk/?p=836162

Украина синоќа беше нападната со 145 руски дронови, што е рекорд, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски на Х.

Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека 62 од тие 145 дронови биле уништени во 13 региони во земјата.

Украинското воздухопловство истакна дека бројот на дронови во синоќешниот напад го надминал претходниот „рекорд“ од 135 дронови на 18 октомври. Тие прецизираа дека 67 дронови исчезнале од радарите, а други влегле во воздушниот простор на соседите на Украина, Белорусија и Молдавија, јави ДПА.

Најпогоден е црноморскиот град Одеса, каде се оштетени домови, продавници, автомобили и гаражи, соопштија украинските власти. Пријавени се и повредени, без да се наведат детали.

Руското Министерство за одбрана претходно денеска соопшти дека рано утрово одбило 70 напади со украински дронови, од кои 34 биле пресретнати во московскиот регион. Една жена се здобила со изгореници откако остатоци од соборен дрон паднале врз нејзината куќа По неколку часа прекин, главните аеродроми во Москва повторно работат.

The post Украина синоќа беше нападната со рекордни 145 руски дронови, соопшти Зеленски appeared first on Република.

]]>

Украина синоќа беше нападната со 145 руски дронови, што е рекорд, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски на Х. Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека 62 од тие 145 дронови биле уништени во 13 региони во земјата. Украинското воздухопловство истакна дека бројот на дронови во синоќешниот напад го надминал претходниот „рекорд“ од 135 дронови на 18 октомври. Тие прецизираа дека 67 дронови исчезнале од радарите, а други влегле во воздушниот простор на соседите на Украина, Белорусија и Молдавија, јави ДПА. Најпогоден е црноморскиот град Одеса, каде се оштетени домови, продавници, автомобили и гаражи, соопштија украинските власти. Пријавени се и повредени, без да се наведат детали. Руското Министерство за одбрана претходно денеска соопшти дека рано утрово одбило 70 напади со украински дронови, од кои 34 биле пресретнати во московскиот регион. Една жена се здобила со изгореници откако остатоци од соборен дрон паднале врз нејзината куќа По неколку часа прекин, главните аеродроми во Москва повторно работат.

The post Украина синоќа беше нападната со рекордни 145 руски дронови, соопшти Зеленски appeared first on Република.

]]>
Зеленски: Ни треба оружје, а не поддршка во преговорите со Русија https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-ni-treba-oruzhje-a-ne-poddrshka-vo-pregovorite-so-rusija/ Thu, 07 Nov 2024 20:55:28 +0000 https://republika.mk/?p=835300

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина и треба доволно количество оружје, а не поддршка во преговорите со Русија.

Ви благодарам на сите што ја поддржувате Украина и нашиот народ, не се браниме од руски зборови, туку од руски напади. Затоа ни треба доволен број оружје, а не поддршка во преговорите. Гушкањето со Путин нема да помогне. Некои од вас го прегрнуваат 20 години, а ситуацијата само се влошува, рече Зеленски во своето обраќање на самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта, пренесува Укринформ.

The post Зеленски: Ни треба оружје, а не поддршка во преговорите со Русија appeared first on Република.

Зеленски му честиташе на Трамп за „импресивната изборна победа“ https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-mu-chestitashe-na-tramp-za-impresivnata-izborna-pobeda/ Wed, 06 Nov 2024 09:52:26 +0000 https://republika.mk/?p=834646

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, му честиташе на Доналд Трамп за, како што вели, „импресивната изборна победа“

Се сеќавам на нашата прекрасна средба со претседателот Трамп во септември, кога детално разговаравме за украинско-американските односи, стратешкото партнерство, Планот за победа и начините за ставање крај на руската агресија врз Украина. Ја ценам посветеноста на претседателот Трамп на пристапот „мир преку сила“ во глобалните работи. Токму овој принцип може практично да го доближи праведен мир во Украина. Се надевам дека заедно ќе го спроведеме на дело“, напиша тој.

Зеленски додава дека Украина со нетрпение го очекува доаѓањето на ерата на силни САД под одлучувачкото водство на Трамп.

Ние сме заинтересирани за развивање на заемно корисна политичка и економска соработка која ќе биде од корист за двете земји. Украина, како една од најсилните воени сили во Европа, е посветена на обезбедување долгорочен мир и безбедност во Европа и трансатлантската заедница со поддршка на нашите сојузници“, пишува Зеленски.

The post Зеленски му честиташе на Трамп за „импресивната изборна победа“ appeared first on Република.

Зеленски повикува на акција против севернокорејските трупи во Русија https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-povikuva-na-aktsija-protiv-severnokorejskite-trupi-vo-rusija/ Sat, 02 Nov 2024 10:49:16 +0000 https://republika.mk/?p=833424

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика своите сојузници да не бидат само набљудувачи, туку да преземат акција против присуството на севернокорејски трупи во Русија пред да дојде до евентуални судири.

Во видео порака објавена на Телеграм, Зеленски нагласи дека Северна Кореја напредува во воените способности, распоредувањето на ракети и производството на оружје.

За жал, сега ќе учат современо војување, рече тој, дополнувајќи дека војниците од Северна Кореја се наоѓаат во близина на украинската граница.

Зеленски истакна дека Украина има информации за секоја позиција на севернокорејските војници во Русија, но западните сојузници сè уште не обезбедиле соодветни оружја со долг дострел за напад врз тие позиции.

Наместо потребните капацитети со долг дострел, Америка гледа, Британија гледа, Германија гледа...“, рече Зеленски.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен потврди дека во Русија се наоѓаат 10.000 севернокорејски војници, од кои околу 8.000 во јужната област Курск, каде што украинските сили започнаа офанзива во август.

Севернокорејската министерка за надворешни работи Чое Сон Хуи вчера му порача на рускиот колега Сергеј Лавров дека нејзината земја ќе ја поддржува Русија сè додека не победи во војната во Украина.

The post Зеленски повикува на акција против севернокорејските трупи во Русија appeared first on Република.

Зеленски замина на Исланд, ќе разговара за неговиот План за победа против Русија https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-zamina-na-island-ke-razgovara-za-negoviot-plan-za-pobeda-protiv-rusija/ Mon, 28 Oct 2024 18:52:02 +0000 https://republika.mk/?p=831811

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Исланд за да разговара за неговиот „план за победа“, како и за билатералната соработка.

Ја одбележувам мојата прва работна посета на Исланд, каде што ќе учествувам на четвртиот самит од форматот „Украина плус Cеверна Европа“ и ќе имам билатерални разговори“, напиша Зеленски на социјалната платформа Икс.

Тој додаде дека фокусот на разговорите ќе биде ставен на финансирањето на националното производство на оружје, способностите за гаѓање од долг дострел и воените кампови за обука на украинските сили.

The post Зеленски замина на Исланд, ќе разговара за неговиот План за победа против Русија appeared first on Република.

Зеленски одби да го прими генералниот секретар на Обединетите Нации https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-odbi-da-go-primi-generalniot-sekretar-na-obedinetite-natsii/ Fri, 25 Oct 2024 19:10:18 +0000 https://republika.mk/?p=831003

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одби да го прими генералниот секретар на ОН во Киев поради посетата на Антонио Гутереш на Казан, Русија, каде што учествуваше на самитот на БРИКС, изјави за АФП висок функционер од кабинетот на украинскиот претседател.

„По Казан, тој сакаше да дојде во Украина, но претседателот не ја потврди неговата посета поради понижувањето на меѓународното право во Казан“, рече функционерот, кој сакаше да остане анонимен.

Антонио Гутереш дојде во Русија за да се сретне со претседателот Владимир Путин на маргините на самитот на БРИКС, на кој, меѓу другите, присуствуваа и лидерите на Индија и Кина. Во разговорот со Путин, генералниот секретар на ОН му го повторил „неговиот став дека руската инвазија на Украина“ го прекршува меѓународното право, се вели во соопштението од кабинетот на неговиот портпарол.

Кремљ се уште не објави никакви информации за содржината на нивните разговори. Пред средбата, Гутереш повторно повика пред учесниците на самитот за „праведен мир“ во Украина. Уште пред разговорите Путин-Гутереш, Киев го критикуваше „погрешниот избор“ на генералниот секретар на ОН да оди во Казан, што само „го наруши угледот на ОН“.

The post Зеленски одби да го прими генералниот секретар на Обединетите Нации appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одби да го прими генералниот секретар на ОН во Киев поради посетата на Антонио Гутереш на Казан, Русија, каде што учествуваше на самитот на БРИКС, изјави за АФП висок функционер од кабинетот на украинскиот претседател.
„По Казан, тој сакаше да дојде во Украина, но претседателот не ја потврди неговата посета поради понижувањето на меѓународното право во Казан“, рече функционерот, кој сакаше да остане анонимен.
Антонио Гутереш дојде во Русија за да се сретне со претседателот Владимир Путин на маргините на самитот на БРИКС, на кој, меѓу другите, присуствуваа и лидерите на Индија и Кина. Во разговорот со Путин, генералниот секретар на ОН му го повторил „неговиот став дека руската инвазија на Украина“ го прекршува меѓународното право, се вели во соопштението од кабинетот на неговиот портпарол. Кремљ се уште не објави никакви информации за содржината на нивните разговори. Пред средбата, Гутереш повторно повика пред учесниците на самитот за „праведен мир“ во Украина. Уште пред разговорите Путин-Гутереш, Киев го критикуваше „погрешниот избор“ на генералниот секретар на ОН да оди во Казан, што само „го наруши угледот на ОН“.

The post Зеленски одби да го прими генералниот секретар на Обединетите Нации appeared first on Република.

]]>
Зеленски со една маичка ги провоцира и Путин и Трамп https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-so-edna-maichka-gi-provotsira-i-putin-i-tramp/ Fri, 25 Oct 2024 08:05:10 +0000 https://republika.mk/?p=830771

Украинскиот претседател Володимир Зеленски со една маичка успеа да ги испровоцира и рускиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп, кој повторно се кандидираше да ги води САД.

Зборувајќи за новата американска помош за Украина, Зеленски на видеото носи маица направена по слоганот на Трамп.

Направете ја Русија мала пак, порачува Зеленски алудирајќи на „Направете ја Америка голема повторно“ (Make America great again)

The post Зеленски со една маичка ги провоцира и Путин и Трамп appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски со една маичка успеа да ги испровоцира и рускиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп, кој повторно се кандидираше да ги води САД. Зборувајќи за новата американска помош за Украина, Зеленски на видеото носи маица направена по слоганот на Трамп.
Направете ја Русија мала пак, порачува Зеленски алудирајќи на „Направете ја Америка голема повторно“ (Make America great again)

The post Зеленски со една маичка ги провоцира и Путин и Трамп appeared first on Република.

]]>
Зеленски: Украина не бара од Западот нуклеарно оружје https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-ukraina-ne-bara-od-zapadot-nuklearno-oruzhje/ Tue, 22 Oct 2024 13:34:10 +0000 https://republika.mk/?p=829928

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја не бара од западните сојузници „нуклеарно оружје“ за да се бори против руската инвазија.

„Ние не бараме да ни се даде нуклеарно оружје“, им рече тој на новинарите во понеделникот, изјава со ембарго до денеска.

Во говорот во Брисел минатата недела, Зеленски рече дека Украина треба да има „нуклеарно оружје“ доколку не може да биде дел од НАТО.

„Или Украина да има нуклеарно оружје, што ќе служи како нејзина заштита, или да биде дел од некој вид на сојуз“, рече Зеленски во четвртокот, додавајќи дека не знае за „поефективен сојуз од НАТО“.

Рускиот претседател Владимир Путин, кој и самиот постојано зборуваше за нуклеарната закана од почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година, изјавата на Зеленски ја нарече „опасна провокација“.

„Можам веднаш да кажам дека Русија во никој случај нема да дозволи тоа да се случи“, рече тогаш Путин.

По распадот на Советскиот Сојуз, Украина се согласи да и го предаде на Русија советското нуклеарно оружје што се наоѓа на нејзина територија, во согласност со договорот склучен во 1994 година, познат како Будимпештански меморандум.

Во понеделникот Зеленски оцени дека неговата земја го предала своето нуклеарно оружје „без да добие ништо за возврат“.

„Требаше да го замениме (нуклеарното оружје) за (членство во) НАТО“, додаде претседателот на Украина.„Токму затоа што Украина нема оружје што може да го запре Путин, и треба НАТО“, додаде Зеленски.

Тој потсети дека му предложил на Западот, како дел од неговиот план за победа, распоредување на ненуклеарни средства за одвраќање на украинска територија

The post Зеленски: Украина не бара од Западот нуклеарно оружје appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја не бара од западните сојузници „нуклеарно оружје“ за да се бори против руската инвазија.
„Ние не бараме да ни се даде нуклеарно оружје“, им рече тој на новинарите во понеделникот, изјава со ембарго до денеска.
Во говорот во Брисел минатата недела, Зеленски рече дека Украина треба да има „нуклеарно оружје“ доколку не може да биде дел од НАТО.
„Или Украина да има нуклеарно оружје, што ќе служи како нејзина заштита, или да биде дел од некој вид на сојуз“, рече Зеленски во четвртокот, додавајќи дека не знае за „поефективен сојуз од НАТО“.
Рускиот претседател Владимир Путин, кој и самиот постојано зборуваше за нуклеарната закана од почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година, изјавата на Зеленски ја нарече „опасна провокација“.
„Можам веднаш да кажам дека Русија во никој случај нема да дозволи тоа да се случи“, рече тогаш Путин.
По распадот на Советскиот Сојуз, Украина се согласи да и го предаде на Русија советското нуклеарно оружје што се наоѓа на нејзина територија, во согласност со договорот склучен во 1994 година, познат како Будимпештански меморандум. Во понеделникот Зеленски оцени дека неговата земја го предала своето нуклеарно оружје „без да добие ништо за возврат“.
„Требаше да го замениме (нуклеарното оружје) за (членство во) НАТО“, додаде претседателот на Украина.„Токму затоа што Украина нема оружје што може да го запре Путин, и треба НАТО“, додаде Зеленски.
Тој потсети дека му предложил на Западот, како дел од неговиот план за победа, распоредување на ненуклеарни средства за одвраќање на украинска територија

The post Зеленски: Украина не бара од Западот нуклеарно оружје appeared first on Република.

]]>
Трамп: Зеленски е најголемиот трговец на светот https://republika.mk/vesti/svet/tramp-zelenski-e-najgolemiot-trgovets-na-svetot/ Sun, 20 Oct 2024 20:32:39 +0000 https://republika.mk/?p=829121

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, го нарече претседателот на Украина "еден од најголемите трговци на светот".

Секоја посета што Зеленски ја прави во САД завршува со тоа што му даваме 100 милијарди долари. Кој друг во историјата успеал да добие толку пари? Ова никогаш не се случило“, нагласи Трамп во разговорот со Патрик Бет-Дејвид.

Поранешниот американски претседател, во разговорот спомна дека шефот на владата во Киев е одговорен за почетокот на конфликтот во Украина.

The post Трамп: Зеленски е најголемиот трговец на светот appeared first on Република.

Орбан: Со „планот за победа“ на Зеленски може само да загубиме https://republika.mk/vesti/svet/orban-so-planot-za-pobeda-na-zelenski-mozhe-samo-da-zagubime/ Fri, 18 Oct 2024 08:32:30 +0000 https://republika.mk/?p=828331

Војната во Украина не може да се добие со „планот за победа“ предложен од украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Со ова можеме само да загубиме, а Унгарија нема да биде дел од тоа, изјави Орбан за јавниот сервис Кошут радио.

Орбан истакна дека ЕУ е поделена на две групи по прашањето за војната: „Тука сме ние и останатите“.

Унгарија на почетокот на војната рече дека нема да учествува во воените напори, додека другите земји на ЕУ се во неа. ЕУ се однесува како воинствена страна, рече Орбан, додавајќи дека Унгарија на почетокот јасно ставила до знаење дека тоа е погрешна стратегија.

Тој нагласи дека оваа војна не може да се добие и дека преговорите се неопходни. „Сега другите 26 земји од ЕУ зачудено слушаат дека претседателот Зеленски има 'план за победа'. Зошто, што имаше до сега? Тоа што досега го имаа како план испадна дека е план за пораз, а сега тие се обидуваат да го заменат со план за победа“, рече Орбан и повтори дека Унгарија нема да учествува во тоа.

The post Орбан: Со „планот за победа“ на Зеленски може само да загубиме appeared first on Република.

Според Трамп, Зеленски ја почнал војната со Русија https://republika.mk/vesti/svet/spored-tramp-zelenski-ja-pochnal-vojnata-so-rusija/ Fri, 18 Oct 2024 06:52:26 +0000 https://republika.mk/?p=828278

Републиканскиот кандидат на претседателските избори во САД, Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека помогнал да се започне војната со Русија, навестувајќи радикална промена на политиката кон Украина доколку победи на изборите на 5 ноември.

Поради милијардите долари американска воена помош за Украина од почетокот на војната во 2022 година, поранешниот американски претседател редовно го критикуваше Зеленски за време на кампањата, постојано нарекувајќи го „најголемиот трговец во светот“.

Трамп го критикуваше украинскиот лидер и поради тоа што не бара мир со Москва и предложи Украина да ѝ отстапи одредена територија на Русија за да постигне мировен договор, отстапка која Киев ја смета за неприфатлива.

Во подкастот ПБД на Патрик Бет-Дејвид тој рече дека Зеленски е виновен не само што не ја завршил војната, туку и што помогнал да започне.

„Тоа не значи дека не сакам да му помогнам затоа што многу ми е жал за тие луѓе. Но, тој никогаш не требаше да дозволи таа војна да започне. Во војна, сите се губитници“, рече Трамп.

На состанокот во Њујорк во септември, Зеленски му го претставил на Трамп својот „план за победа“ со кој би завршила војната, а според двајцата лидери, средбата била срдечна.

Трамп во неколку наврати изјави дека ќе го прекине конфликтот кога ќе ја преземе функцијата во јануари, но не објасни како.

Сепак, јавните коментари на Трамп сугерираат дека тој ќе ја прекине помошта за Украина доколку ја победи кандидатката на Демократската партија и потпретседателка Камала Харис. Таа вети континуирана поддршка за Украина и ја истакна победата на украинската нација како американски национален безбедносен интерес. Харис постојано го критикува Трамп дека не сака да му се спротивстави на рускиот претседател Владимир Путин

The post Според Трамп, Зеленски ја почнал војната со Русија appeared first on Република.

]]>

Републиканскиот кандидат на претседателските избори во САД, Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека помогнал да се започне војната со Русија, навестувајќи радикална промена на политиката кон Украина доколку победи на изборите на 5 ноември. Поради милијардите долари американска воена помош за Украина од почетокот на војната во 2022 година, поранешниот американски претседател редовно го критикуваше Зеленски за време на кампањата, постојано нарекувајќи го „најголемиот трговец во светот“. Трамп го критикуваше украинскиот лидер и поради тоа што не бара мир со Москва и предложи Украина да ѝ отстапи одредена територија на Русија за да постигне мировен договор, отстапка која Киев ја смета за неприфатлива. Во подкастот ПБД на Патрик Бет-Дејвид тој рече дека Зеленски е виновен не само што не ја завршил војната, туку и што помогнал да започне.
„Тоа не значи дека не сакам да му помогнам затоа што многу ми е жал за тие луѓе. Но, тој никогаш не требаше да дозволи таа војна да започне. Во војна, сите се губитници“, рече Трамп.
На состанокот во Њујорк во септември, Зеленски му го претставил на Трамп својот „план за победа“ со кој би завршила војната, а според двајцата лидери, средбата била срдечна. Трамп во неколку наврати изјави дека ќе го прекине конфликтот кога ќе ја преземе функцијата во јануари, но не објасни како. Сепак, јавните коментари на Трамп сугерираат дека тој ќе ја прекине помошта за Украина доколку ја победи кандидатката на Демократската партија и потпретседателка Камала Харис. Таа вети континуирана поддршка за Украина и ја истакна победата на украинската нација како американски национален безбедносен интерес. Харис постојано го критикува Трамп дека не сака да му се спротивстави на рускиот претседател Владимир Путин

The post Според Трамп, Зеленски ја почнал војната со Русија appeared first on Република.

]]>
Мицотакис и Зеленски потпишаа договор за соработка во безбедносни прашања https://republika.mk/vesti/svet/mitsotakis-i-zelenski-potpishaa-dogovor-za-sorabotka-vo-bezbednosni-prashana/ Thu, 17 Oct 2024 16:05:16 +0000 https://republika.mk/?p=828145

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Самитот на ЕУ во Брисел потпишаа договор за соработка во безбедносни прашања, со што Грција стана 21 земја-членка на Унијата која потпиша соодветен билатерален договор со Украина, јави дописничката на МИА од Атина.

Зеленски преку социјалните мрежи ѝ се заблагодари на Грција, посочи дека од почетокот на руската инвазија „обезбедува воена поддршка за Украина, вклучувајќи материјална и техничка помош, како и обука“.

Грција е подготвена да продолжи да ги исполнува најитните одбранбени потреби на Украина. Исто така, ќе обезбеди дополнителни ресурси за забрзување на обуката за F-16 за нашите пилоти и техничари. Ја упатувам мојата благодарност до Грција за помошта и за можностите што ги обезбедува за одбрана на нашата земја и народ, напиша украинскиот претседател.

Од кабинетот на грчкиот премиер информираа дека договорот следи по пристапувањето на Грција и ЕУ кон Заедничката декларација на Г7 од јули 2023 година за поддршка на безбедноста на Украина на долг рок, но и по соодветниот договор ЕУ-Украина, потпишан на 27 јуни 2024 година на маргините на Европската Советот во Брисел.

Дополнително посочија дека „договорот го отвора патот за активно учество на Грција во напорите за обнова на Украина“.

The post Мицотакис и Зеленски потпишаа договор за соработка во безбедносни прашања appeared first on Република.

]]>

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Самитот на ЕУ во Брисел потпишаа договор за соработка во безбедносни прашања, со што Грција стана 21 земја-членка на Унијата која потпиша соодветен билатерален договор со Украина, јави дописничката на МИА од Атина. Зеленски преку социјалните мрежи ѝ се заблагодари на Грција, посочи дека од почетокот на руската инвазија „обезбедува воена поддршка за Украина, вклучувајќи материјална и техничка помош, како и обука“.
Грција е подготвена да продолжи да ги исполнува најитните одбранбени потреби на Украина. Исто така, ќе обезбеди дополнителни ресурси за забрзување на обуката за F-16 за нашите пилоти и техничари. Ја упатувам мојата благодарност до Грција за помошта и за можностите што ги обезбедува за одбрана на нашата земја и народ, напиша украинскиот претседател.
Од кабинетот на грчкиот премиер информираа дека договорот следи по пристапувањето на Грција и ЕУ кон Заедничката декларација на Г7 од јули 2023 година за поддршка на безбедноста на Украина на долг рок, но и по соодветниот договор ЕУ-Украина, потпишан на 27 јуни 2024 година на маргините на Европската Советот во Брисел. Дополнително посочија дека „договорот го отвора патот за активно учество на Грција во напорите за обнова на Украина“.

The post Мицотакис и Зеленски потпишаа договор за соработка во безбедносни прашања appeared first on Република.

]]>
Орбан за планот на Зеленски: Тоа е повеќе од страшно https://republika.mk/vesti/svet/orban-za-planot-na-zelenski-toa-e-poveke-od-strashno/ Thu, 17 Oct 2024 11:59:42 +0000 https://republika.mk/?p=828028

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Европската унија треба да ја промени својата „воена стратегија“ во „мировна стратегија“ и повика на прекин на огнот и мировни преговори.

Во пресрет на работниот појадок, пред пратеничката група „Патриоти за Европа“ во Европскиот парламент, Орбан рече дека очекува Самитот на ЕУ да биде „тежок“ и дека го очекуваат неколку „битки“, пренесе МТИ.

Според него, првата „битка“ ќе се води за војната во Украина, а Орбан истакна дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ја закажал презентацијата на својот „План за победа“ на самитот.

Сè уште не го знаеме тоа официјално, но слушнавме што рече тој вчера во украинскиот Парламент. Тоа е повеќе од страшно, рече тој.

Орбан истакна дека тој е „понекогаш единствениот“ кој повикува на промена на воената стратегија, бидејќи ЕУ „моментално ја губи војната“.

Тој ја критикуваше стратегијата на ЕУ, велејќи дека европскиот блок „влезе во војната со лошо испланирана и лошо спроведена стратегија заснована на погрешни пресметки“.

Очигледно ја губиме војната на фронтовите. Затоа ни е потребна промена... Не мислам на повеќе војна или поопасно оружје, туку треба да ја замениме стратегијата на војна со стратегија на мир, а тоа значи прекин на огнот и мировни преговори, рече Орбан.

Тој оцени дека вчерашните изјави на Зеленски во Собранието отишле во погрешна насока и затоа ги повика германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон да започнат преговори со Русите „за да се најде излез од оваа ситуација“.

Орбан, исто така, рече дека постои и „битка околу миграцијата“, додавајќи дека многумина сакаат да ги променат регулативите за миграција. Тој го нарече „неприфатливо“ тоа што Унгарија е „критикувана за заштита на границите на ЕУ“.

Според него, сè поголем број земји-членки укажуваат на миграциска криза и затоа, како што рече, е потребна промена.

The post Орбан за планот на Зеленски: Тоа е повеќе од страшно appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Европската унија треба да ја промени својата „воена стратегија“ во „мировна стратегија“ и повика на прекин на огнот и мировни преговори. Во пресрет на работниот појадок, пред пратеничката група „Патриоти за Европа“ во Европскиот парламент, Орбан рече дека очекува Самитот на ЕУ да биде „тежок“ и дека го очекуваат неколку „битки“, пренесе МТИ. Според него, првата „битка“ ќе се води за војната во Украина, а Орбан истакна дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ја закажал презентацијата на својот „План за победа“ на самитот.
Сè уште не го знаеме тоа официјално, но слушнавме што рече тој вчера во украинскиот Парламент. Тоа е повеќе од страшно, рече тој.
Орбан истакна дека тој е „понекогаш единствениот“ кој повикува на промена на воената стратегија, бидејќи ЕУ „моментално ја губи војната“. Тој ја критикуваше стратегијата на ЕУ, велејќи дека европскиот блок „влезе во војната со лошо испланирана и лошо спроведена стратегија заснована на погрешни пресметки“.
Очигледно ја губиме војната на фронтовите. Затоа ни е потребна промена... Не мислам на повеќе војна или поопасно оружје, туку треба да ја замениме стратегијата на војна со стратегија на мир, а тоа значи прекин на огнот и мировни преговори, рече Орбан.
Тој оцени дека вчерашните изјави на Зеленски во Собранието отишле во погрешна насока и затоа ги повика германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон да започнат преговори со Русите „за да се најде излез од оваа ситуација“. Орбан, исто така, рече дека постои и „битка околу миграцијата“, додавајќи дека многумина сакаат да ги променат регулативите за миграција. Тој го нарече „неприфатливо“ тоа што Унгарија е „критикувана за заштита на границите на ЕУ“. Според него, сè поголем број земји-членки укажуваат на миграциска криза и затоа, како што рече, е потребна промена.

The post Орбан за планот на Зеленски: Тоа е повеќе од страшно appeared first on Република.

]]>
Зеленски го претстави украинскиот план за победа: „Ако ова се поддржи, војната ќе заврши следната година“ https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-go-pretstavi-ukrainskiot-plan-za-pobeda-ako-ova-se-poddrzhi-vojnata-ke-zavrshi-slednata-godina/ Wed, 16 Oct 2024 11:15:52 +0000 https://republika.mk/?p=827607

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го претстави многу дискутираниот план за победа на Украина, иако некои делови останаа доверливи.

Предлогот се состои од пет точки: покана за членство во НАТО, одбранбен аспект, одвраќање од руска агресија, економски раст и соработка и повоена безбедносна архитектура.

Планот вклучува три тајни додатоци кои се споделени со меѓународни партнери. Дејвид Арахамија, парламентарниот лидер на владејачката партија, рече дека доверливите делови ќе им бидат претставени на лидерите на фракциите, пишува Киев Индипендент .

„Ако се поддржи планот, можеме да ја завршиме војната најдоцна следната година“, рече Зеленски во парламентот во присуство на врховниот командант Александар Сирски, шефот на военото разузнавање Кирил Буданов и западни дипломати.

„Ние разбираме дека членството во НАТО е прашање на иднината, а не на сегашноста“, рече Зеленски, но додаде дека поканата понудена веднаш ќе ја покаже грешката на рускиот претседател Владимир Путин „неговите геополитички пресметки“.

„Ние сме демократска нација која докажа дека може да го заштити нашиот заеднички начин на живот“, рече Зеленски.

The post Зеленски го претстави украинскиот план за победа: „Ако ова се поддржи, војната ќе заврши следната година“ appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го претстави многу дискутираниот план за победа на Украина, иако некои делови останаа доверливи. Предлогот се состои од пет точки: покана за членство во НАТО, одбранбен аспект, одвраќање од руска агресија, економски раст и соработка и повоена безбедносна архитектура. Планот вклучува три тајни додатоци кои се споделени со меѓународни партнери. Дејвид Арахамија, парламентарниот лидер на владејачката партија, рече дека доверливите делови ќе им бидат претставени на лидерите на фракциите, пишува Киев Индипендент .