Волидимир Зеленски Archives - Република https://republika.mk/tema/volidimir-zelenski/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 07:02:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Волидимир Зеленски Archives - Република https://republika.mk/tema/volidimir-zelenski/ 32 32 Зеленски бара Крим да се врати на Украина https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-bara-krim-da-se-vrati-na-ukraina/ Thu, 21 Nov 2024 07:02:33 +0000 https://republika.mk/?p=840117

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Крим, полуостровот кој Русија го анектираше во 2014 година, ќе мора да и биде вратен на Украина преку дипломатски канали, а не преку воена сила.

Во интервју за „Фокс њуз“, снимено во Украина додека бил во воз, Зеленски нагласи дека Украина не може да си дозволи да изгуби толку многу животи што би биле потребни за воена опсада на Крим.

- Веќе спомнав дека сме подготвени дипломатски да го вратиме Крим, рече Зеленски и додаде дека Украина „не може законски да признае кој било окупиран дел од Украина како руски“.

Тој рече дека не е сигурно дека Крим може „да се врати со оружје“.

Од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, руските трупи окупираа околу една петтина од територијата на Украина и прогласија анексија на четири украински провинции, иако Москва целосно не контролира ниту една од нив.

Зеленски предложи формула за мир и предлог за неговиот „план за победа“ врз основа на повлекување на руските трупи од Украина

The post Зеленски бара Крим да се врати на Украина appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Крим, полуостровот кој Русија го анектираше во 2014 година, ќе мора да и биде вратен на Украина преку дипломатски канали, а не преку воена сила. Во интервју за „Фокс њуз“, снимено во Украина додека бил во воз, Зеленски нагласи дека Украина не може да си дозволи да изгуби толку многу животи што би биле потребни за воена опсада на Крим.
- Веќе спомнав дека сме подготвени дипломатски да го вратиме Крим, рече Зеленски и додаде дека Украина „не може законски да признае кој било окупиран дел од Украина како руски“.
Тој рече дека не е сигурно дека Крим може „да се врати со оружје“. Од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, руските трупи окупираа околу една петтина од територијата на Украина и прогласија анексија на четири украински провинции, иако Москва целосно не контролира ниту една од нив. Зеленски предложи формула за мир и предлог за неговиот „план за победа“ врз основа на повлекување на руските трупи од Украина

The post Зеленски бара Крим да се врати на Украина appeared first on Република.

]]>
Зеленски во посета на Доњецк https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-vo-poseta-na-donetsk/ Mon, 18 Nov 2024 16:06:21 +0000 https://republika.mk/?p=839303

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски изврши увид во изградбата на утврдувања во регионот на Доњецк и претседаваше со состанок на кој се разговараше за мерките за одржување на животот во регионот, објавија украинските медиуми.

-Регионот Доњецк. Изградба на утврдувања и состанок за прашањата за регионалното снабдување. Безбедноста е врвен приоритет. Денеска извршив увид во текот на изградбата на одбранбените структури. Повеќето од планираните локации се веќе завршени. Благодарен сум на сите што учествуваат во ова важно дело, напиша Зеленски на Телеграм

The post Зеленски во посета на Доњецк appeared first on Република.

Лоша карма: Кој ќе се слика со Зеленски станува поранешен https://republika.mk/vesti/svet/losha-karma-koj-ke-se-slika-so-zelenski-stanuva-poraneshen/ Thu, 07 Nov 2024 13:44:27 +0000 https://republika.mk/?p=835036

Победата на Доналд Трамп не беше со воодушевување примена кај претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Од помошта на САД зависи исходот на војната и со новата администрација прашање е дали ќе ја има.

На социјалните мрежи е објавена фотографија на голем број лидери со кои се сретнал Зеленски а кои потоа губат на избори.

Прва е се разбира Харис, но и Бајден, Борис Џонсон и Кирил Петков.

The post Лоша карма: Кој ќе се слика со Зеленски станува поранешен appeared first on Република.

]]>

Победата на Доналд Трамп не беше со воодушевување примена кај претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Од помошта на САД зависи исходот на војната и со новата администрација прашање е дали ќе ја има. На социјалните мрежи е објавена фотографија на голем број лидери со кои се сретнал Зеленски а кои потоа губат на избори. Прва е се разбира Харис, но и Бајден, Борис Џонсон и Кирил Петков.

The post Лоша карма: Кој ќе се слика со Зеленски станува поранешен appeared first on Република.

]]>
На Бајден му се брза да му даде помош на Зеленски пред да дојде Трамп https://republika.mk/vesti/svet/na-bajden-mu-se-brza-da-mu-dade-pomosh-na-zelenski-pred-da-dojde-tramp/ Thu, 07 Nov 2024 07:44:25 +0000 https://republika.mk/?p=834958

Белата куќа планира да испорача воена помош од милијарди долари за Украина за време на претседателот Џозеф Бајден, кој ја напушта функцијата во јануари.

Како што рекоа неименувани официјални лица,„ испраќањето помош за Украина се брза за зајакнување на владата во Киев пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на 20 јануари“.

Трамп ја критикуваше помошта на Бајден за Украина, предизвикувајќи загриженост за иднината на американската поддршка за украинскиот претседател Володимир Зеленски, додека републиканците ја контролираат Белата куќа, Сенатот, а можеби и Претставничкиот дом.

Претставничкиот дом, контролиран од републиканците, последен пат одобри помош за Украина во април, вклучувајќи го и овластувањето на Бајден да префрли милијарди долари оружје од американските залихи во Украина, осум месеци откако Бајден прв побара повеќе помош, со поддршка од повеќе демократи отколку републиканци.

Од одобрението за пренос на оружје донесено во април, останаа да се реализираат 4,3 милијарди, покрај трансферите во вредност од 2,8 милијарди долари кои беа одобрени во претходните мерки за трошење и два милијарди долари за финансирање на набавка на ново оружје

The post На Бајден му се брза да му даде помош на Зеленски пред да дојде Трамп appeared first on Република.

]]>

Белата куќа планира да испорача воена помош од милијарди долари за Украина за време на претседателот Џозеф Бајден, кој ја напушта функцијата во јануари. Како што рекоа неименувани официјални лица,„ испраќањето помош за Украина се брза за зајакнување на владата во Киев пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на 20 јануари“. Трамп ја критикуваше помошта на Бајден за Украина, предизвикувајќи загриженост за иднината на американската поддршка за украинскиот претседател Володимир Зеленски, додека републиканците ја контролираат Белата куќа, Сенатот, а можеби и Претставничкиот дом. Претставничкиот дом, контролиран од републиканците, последен пат одобри помош за Украина во април, вклучувајќи го и овластувањето на Бајден да префрли милијарди долари оружје од американските залихи во Украина, осум месеци откако Бајден прв побара повеќе помош, со поддршка од повеќе демократи отколку републиканци. Од одобрението за пренос на оружје донесено во април, останаа да се реализираат 4,3 милијарди, покрај трансферите во вредност од 2,8 милијарди долари кои беа одобрени во претходните мерки за трошење и два милијарди долари за финансирање на набавка на ново оружје

The post На Бајден му се брза да му даде помош на Зеленски пред да дојде Трамп appeared first on Република.

]]>
Мицкоски очи во очи со Зеленски https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ochi-vo-ochi-so-zelenski/ Wed, 09 Oct 2024 18:55:04 +0000 https://republika.mk/?p=824878

Премиерот Мицкоски денеска во Дубровник имаше средба со претседателот на Украина Володимир Зеленски.

Изразив поддршка и стремеж за остварување на целта за траен мир

The post Мицкоски очи во очи со Зеленски appeared first on Република.

Mицкоски се сретна со Зеленски, потврдена поддршката за Украина https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-na-samit-vo-dubrovnik-tamu-ke-bide-i-zelenski/ Wed, 09 Oct 2024 14:52:54 +0000 https://republika.mk/?p=824796

Премиерот Христијан Мицкоски  учествува на Самитот „Украина-Југоисточна Европа“ што се одржува во Дубровник.

Самитот ќе го отвори хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, а излагање ќе има и претседателот на Украина, Володомир Зеленски.

На самитот “Украина-Југоисточна Европа” во Дубровник, Република Хрватска. Поддршка за Украина и напорите за постигнувањето на траен мир. Регионот обединет во заедничката цел-нашиша премиерот по средбата.

На самитот се најавени претставници од 12 држави од регионот, а во состав на македонската делегација, покрај премиерот Мицкоски, е и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Ова е трет самит организиран во овој формат. Првиот беше организиран во август 2022 година во Атина, а вториот во февруари годинава во Тирана. Главната цел е искажување на солидарност и поддршка на Украина

The post Mицкоски се сретна со Зеленски, потврдена поддршката за Украина appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски  учествува на Самитот „Украина-Југоисточна Европа“ што се одржува во Дубровник. Самитот ќе го отвори хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, а излагање ќе има и претседателот на Украина, Володомир Зеленски.
На самитот “Украина-Југоисточна Европа” во Дубровник, Република Хрватска. Поддршка за Украина и напорите за постигнувањето на траен мир. Регионот обединет во заедничката цел-нашиша премиерот по средбата.
На самитот се најавени претставници од 12 држави од регионот, а во состав на македонската делегација, покрај премиерот Мицкоски, е и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Ова е трет самит организиран во овој формат. Првиот беше организиран во август 2022 година во Атина, а вториот во февруари годинава во Тирана. Главната цел е искажување на солидарност и поддршка на Украина

The post Mицкоски се сретна со Зеленски, потврдена поддршката за Украина appeared first on Република.

]]>
Зеленски попушта: Украина им нуди на партнерите да одлучат како го гледаат крајот на војната https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-popushta-ukraina-im-nudi-na-partnerite-da-odluchat-kako-go-gledaat-krajot-na-vojnata/ Tue, 08 Oct 2024 07:22:18 +0000 https://republika.mk/?p=824005

Украина им нуди на своите партнери да одлучат како го гледаат крајот на војната со Руската Федерација и местото на Украина во глобалната безбедносна архитектура, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски.

- Денеска го договорив распоредот на преговорите за една недела. Тоа се средби, преговори со многу партнери. Планот на нашата победа ќе им го претставиме на сите што можат да ја зајакнат Украина. Им нудиме на нашите партнери да одлучат како го гледаат крајот на оваа војна и местото на Украина во глобалната безбедносна архитектура, како и заедничките чекори кои можат да доведат до тоа војната да биде на пат да заврши, рече тој во редовното видео обраќање.

Зеленски истакна дека го очекува извештајот на украинскиот тим кој моментално работи во Вашингтон, како и извештајот на врховниот командант на вооружените сили, Олександар Сирски, истакнувајќи дека ситуацијата е особено тешка на фронтот во Доњецк.

The post Зеленски попушта: Украина им нуди на партнерите да одлучат како го гледаат крајот на војната appeared first on Република.

Трамп најверојатно ќе се сретне со Зеленски https://republika.mk/vesti/svet/tramp-najverojatno-ke-se-sretne-so-zelensk/ Thu, 19 Sep 2024 06:12:21 +0000 https://republika.mk/?p=817613

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека „веројатно“ ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој следната недела ќе престојува во САД за да се обрати на состанокот на Советот за безбедност на ОН за војната на Русија во неговата земја.

-Веројатно, да, рече Трамп на прашањето дали ќе се сретне со украинскиот лидер следната недела, но не даде дополнителни детали.

Во последниве месеци, некои други светски лидери кои ги посетија САД на самити и состаноци со претседателот Џо Бајден завршија на средба и со Трамп.

Републиканскиот претседателски кандидат ќе се соочи со демократската потпретседател Камала Харис на изборите на 5 ноември.

The post Трамп најверојатно ќе се сретне со Зеленски appeared first on Република.

]]>

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека „веројатно“ ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој следната недела ќе престојува во САД за да се обрати на состанокот на Советот за безбедност на ОН за војната на Русија во неговата земја.
-Веројатно, да, рече Трамп на прашањето дали ќе се сретне со украинскиот лидер следната недела, но не даде дополнителни детали.
Во последниве месеци, некои други светски лидери кои ги посетија САД на самити и состаноци со претседателот Џо Бајден завршија на средба и со Трамп. Републиканскиот претседателски кандидат ќе се соочи со демократската потпретседател Камала Харис на изборите на 5 ноември.

The post Трамп најверојатно ќе се сретне со Зеленски appeared first on Република.

]]>
Зеленски: Русија само во септември лансира над 640 дрона врз Украина https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-rusija-samo-vo-septemvri-lansira-nad-640-drona-vrz-ukraina/ Mon, 16 Sep 2024 14:12:14 +0000 https://republika.mk/?p=816810

Руската армија само во текот на оваа прва половина од септември употреби повеќе од 640 беспилотни летала „Шахед“ од иранско производство во нападите врз Украина, од кои украинската противвоздушна одбрана ноќеска собори 53, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

-Само во првата половина на септември, руските терористи употребија повеќе од 640 дронови „Шахед“ против украинските градови и села. За среќа, повеќето од нив беа соборени од нашите војници. Постојано работиме на тоа да ја направиме украинската воздушна одбрана поефикасна. Ги зајакнуваме нашите воздушни сили, мобилните противпожарни бригади, сите единици за противвоздушна одбрана, рече Зеленски, пренесен од Укринформ.

Тој истакна дека руската армија во текот на ноќта лансирала 56 беспилотни летала, од кои украинската воздушна одбрана не соборила само три.

Во текот на ноќта руската армија изврши серија напади врз Киев и Киевската област, што беше осми напад врз Киев во септември.

-Руски напаѓачки беспилотни летала се движеа кон Киев од различни правци и во неколку групи, изјави шефот на воената управа на Киев, Сергеј Попко, и додаде дека според прелиминарните информации, во нападот на Киев нема жртви или материјална штета

The post Зеленски: Русија само во септември лансира над 640 дрона врз Украина appeared first on Република.

]]>

Руската армија само во текот на оваа прва половина од септември употреби повеќе од 640 беспилотни летала „Шахед“ од иранско производство во нападите врз Украина, од кои украинската противвоздушна одбрана ноќеска собори 53, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
-Само во првата половина на септември, руските терористи употребија повеќе од 640 дронови „Шахед“ против украинските градови и села. За среќа, повеќето од нив беа соборени од нашите војници. Постојано работиме на тоа да ја направиме украинската воздушна одбрана поефикасна. Ги зајакнуваме нашите воздушни сили, мобилните противпожарни бригади, сите единици за противвоздушна одбрана, рече Зеленски, пренесен од Укринформ.
Тој истакна дека руската армија во текот на ноќта лансирала 56 беспилотни летала, од кои украинската воздушна одбрана не соборила само три. Во текот на ноќта руската армија изврши серија напади врз Киев и Киевската област, што беше осми напад врз Киев во септември. -Руски напаѓачки беспилотни летала се движеа кон Киев од различни правци и во неколку групи, изјави шефот на воената управа на Киев, Сергеј Попко, и додаде дека според прелиминарните информации, во нападот на Киев нема жртви или материјална штета

The post Зеленски: Русија само во септември лансира над 640 дрона врз Украина appeared first on Република.

]]>
Зошто Зеленски го разреши командантот на украинските воздухопловни оружени сили, Олешчук? https://republika.mk/vesti/svet/zoshto-zelenski-go-razreshi-komandantot-na-ukrainskite-vozduhoplovni-oruzheni-sili-oleshchuk/ Fri, 30 Aug 2024 20:45:54 +0000 https://republika.mk/?p=811706

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го разреши командантот на Воздухопловството на Оружените сили Микола Олешчук, јавуваат украински медиуми.

Повеќе детали, како и причината за смената, засега не се објавени

The post Зошто Зеленски го разреши командантот на украинските воздухопловни оружени сили, Олешчук? appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го разреши командантот на Воздухопловството на Оружените сили Микола Олешчук, јавуваат украински медиуми. Повеќе детали, како и причината за смената, засега не се објавени

The post Зошто Зеленски го разреши командантот на украинските воздухопловни оружени сили, Олешчук? appeared first on Република.

]]>
Зеленски бара оружје со долг дострел https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-bara-oruzhje-so-dolg-dostrel/ Sun, 21 Jul 2024 11:53:13 +0000 https://republika.mk/?p=798914

Украина има потреба од системи за оружје со долг дострел за да ги заштити своите градови и војници на линијата на фронтот од руски бомби и беспилотни летала, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по синоќешниот руски напад врз Украина со дронови и проектили.

Според украинскиот претседател, неопходно е да се уништат руските бомбардери на руските воени аеродроми за да се заштити Украина од воздушни напади.

Претходно, украинската армија објави дека Русија во текот на ноќта го извршила петтиот напад со беспилотни летала врз Киев во последните две недели и дека украинските системи за противвоздушна одбрана ги уништиле ракетите пред да стигнат до главниот град.

Украинските воздухопловни и одбранбени сили на каналот Телеграм соопштија дека се уништени 35 од 39 беспилотни летала и две крстосувачки ракети лансирани од Русија

The post Зеленски бара оружје со долг дострел appeared first on Република.

]]>

Украина има потреба од системи за оружје со долг дострел за да ги заштити своите градови и војници на линијата на фронтот од руски бомби и беспилотни летала, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по синоќешниот руски напад врз Украина со дронови и проектили. Според украинскиот претседател, неопходно е да се уништат руските бомбардери на руските воени аеродроми за да се заштити Украина од воздушни напади. Претходно, украинската армија објави дека Русија во текот на ноќта го извршила петтиот напад со беспилотни летала врз Киев во последните две недели и дека украинските системи за противвоздушна одбрана ги уништиле ракетите пред да стигнат до главниот град. Украинските воздухопловни и одбранбени сили на каналот Телеграм соопштија дека се уништени 35 од 39 беспилотни летала и две крстосувачки ракети лансирани од Русија

The post Зеленски бара оружје со долг дострел appeared first on Република.

]]>
Зеленски пристигна во Германија, колку пари ќе се собере за обнова на Украина? https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-pristigna-vo-germanija-kolku-pari-ke-se-sobere-za-obnova-na-ukraina/ Tue, 11 Jun 2024 06:50:37 +0000 https://republika.mk/?p=786421

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Германија на конференција посветена на повоената обнова на Украина и на разговори со канцеларот Олаф Шолц.

На Телеграм, Зеленски објави дека мерките поврзани со енергетскиот сектор на Украина, уништен од руските воздушни напади, ќе бидат приоритет на конференцијата, што се свикува секоја година.

Разговорите на Зеленски со Шолц ќе се фокусираат на континуирана воена поддршка, вклучително и средства за противвоздушна одбрана и заедничко производство на муниција, како и за усогласување на позициите пред „мировниот самит“ организиран од Швајцарија подоцна во текот на неделата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-siljanovska-e-vo-berlin-na-konferentsija-za-ukraina-so-sholts-i-zelenski/

Зеленски денеска и утре се очекува да присуствува на конференцијата за обнова на Украина организирана во Берлин, а на која учествуваат владини претставници и претставници на приватниот сектор, меѓу кои и премиери на 10 земји.

The post Зеленски пристигна во Германија, колку пари ќе се собере за обнова на Украина? appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Германија на конференција посветена на повоената обнова на Украина и на разговори со канцеларот Олаф Шолц. На Телеграм, Зеленски објави дека мерките поврзани со енергетскиот сектор на Украина, уништен од руските воздушни напади, ќе бидат приоритет на конференцијата, што се свикува секоја година. Разговорите на Зеленски со Шолц ќе се фокусираат на континуирана воена поддршка, вклучително и средства за противвоздушна одбрана и заедничко производство на муниција, како и за усогласување на позициите пред „мировниот самит“ организиран од Швајцарија подоцна во текот на неделата. https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-siljanovska-e-vo-berlin-na-konferentsija-za-ukraina-so-sholts-i-zelenski/ Зеленски денеска и утре се очекува да присуствува на конференцијата за обнова на Украина организирана во Берлин, а на која учествуваат владини претставници и претставници на приватниот сектор, меѓу кои и премиери на 10 земји.

The post Зеленски пристигна во Германија, колку пари ќе се собере за обнова на Украина? appeared first on Република.

]]>
Зеленски го обвини Путин дека е нелегитимен претседател, а нему мандатот му истече на 21 мај https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-go-obvini-putin-deka-e-nelegitimen-pretsedatel-a-nemu-mandatot-mu-isteche-na-21-maj/ Sat, 25 May 2024 20:01:21 +0000 https://republika.mk/?p=781721

Претседателот на Украина Володимир Зеленски го обвини Владимир Путин дека е нелегитимен претседател. Ова е навистина смешно ако се знае дека на Зеленски мандатот му истече на 21 мај а нови избори не се распишани, а Путин штотоку  го почна новиот мандат.

Украинците го знаат својот Устав и закон.Јасно ми е дека изјавите на нелегитимниот претседател на Русија во врска со легитимитетот на претседателот на Украина се искренп досадни и неинтересни. Сите надлежни кои знаат да читаат закон носат заклучок. Не сум многу загрижен за тоа-вели Зеленски.

The post Зеленски го обвини Путин дека е нелегитимен претседател, а нему мандатот му истече на 21 мај appeared first on Република.

Русија распиша потерница по Зеленски https://republika.mk/vesti/svet/rusija-raspisha-poternitsa-po-zelenski/ Sat, 04 May 2024 13:41:09 +0000 https://republika.mk/?p=774171

Руското Министерство за внатрешни работи распиша потерница по украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува руската државна новинска агенција РИА Новости.

Володимир Александрович Зеленски, 25 јануари 1978 година. Се бара според членот од Кривичниот законик“, пишува во базата на податоци на веб-страницата на Министерството. Не беше наведен написот по кој беше издаден налогот за апсење на украинскиот лидер.

Базата на податоци го наведува и местото на раѓање на бараното лице, градот Кривиј Рих во регионот Дњепропетровск. Објавена е и фотографија од Зеленски, направена пред војната. Зеленски беше избран за претседател во 2019 година. Тој годинава требаше да се кандидира за нов мандат на претседателските избори, но тие не се одржаа бидејќи во државата е вонредна состојба.

Радио Спутник пишува дека Русија распишала и потерница за Валериј Залужни, поранешен врховен командант на украинските вооружени сили.

Во изминатите денови Русите издадоа потерница за голем број украински политички актери: секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Александар Литвиненко, поранешниот министер за правда Павел Петренко, поранешниот шеф на Службата за безбедност Валентин Налваиченко, поранешниот министер за финансии Александар Шлапак и поранешниот шеф на Народната банка Степан Кубив.

Да потсетиме, во март минатата година Меѓународниот суд во Хаг издаде налог за апсење на Владимир Путин. Хашкиот суд издаде налог за апсење на рускиот претседател поради сомнение дека е одговорен за нелегална депортација на деца и илегално пренесување на луѓе од територијата на Украина во Руската Федерација.

The post Русија распиша потерница по Зеленски appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за внатрешни работи распиша потерница по украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува руската државна новинска агенција РИА Новости.
Володимир Александрович Зеленски, 25 јануари 1978 година. Се бара според членот од Кривичниот законик“, пишува во базата на податоци на веб-страницата на Министерството. Не беше наведен написот по кој беше издаден налогот за апсење на украинскиот лидер.
Базата на податоци го наведува и местото на раѓање на бараното лице, градот Кривиј Рих во регионот Дњепропетровск. Објавена е и фотографија од Зеленски, направена пред војната. Зеленски беше избран за претседател во 2019 година. Тој годинава требаше да се кандидира за нов мандат на претседателските избори, но тие не се одржаа бидејќи во државата е вонредна состојба. Радио Спутник пишува дека Русија распишала и потерница за Валериј Залужни, поранешен врховен командант на украинските вооружени сили. Во изминатите денови Русите издадоа потерница за голем број украински политички актери: секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Александар Литвиненко, поранешниот министер за правда Павел Петренко, поранешниот шеф на Службата за безбедност Валентин Налваиченко, поранешниот министер за финансии Александар Шлапак и поранешниот шеф на Народната банка Степан Кубив. Да потсетиме, во март минатата година Меѓународниот суд во Хаг издаде налог за апсење на Владимир Путин. Хашкиот суд издаде налог за апсење на рускиот претседател поради сомнение дека е одговорен за нелегална депортација на деца и илегално пренесување на луѓе од територијата на Украина во Руската Федерација.  

The post Русија распиша потерница по Зеленски appeared first on Република.

]]>
Путин наредил ликвидација на Зеленски! https://republika.mk/vesti/svet/putin-naredil-likvidatsija-na-zelenski/ Thu, 28 Mar 2024 14:22:27 +0000 https://republika.mk/?p=759623

Путин наредил претседателот на Украина Зеленски да биде убиен, пишува московска „Правда“. Рускиот весник дознава дека ликвидација би се случила со ракетни удари или со авион.Се оди до таму што не се исклучува можноста Зеленски да биде убиен лично од руските специјални сили.

Кинескиот весник Азија тајм пак анализира дека секакви преговори за Украина ќе доведат до губење на нејзината земја и создавање тампон зона на нејзина територија.

„Во сегашната фаза на конфликтот, каков било исход од преговорите ќе ја остави Русија со источните региони на Украина, кои таа веќе ги анектираше, а исто така веројатно ќе доведе до појава на тампон зона која би стигнала до источниот брег на Днепар“.

The post Путин наредил ликвидација на Зеленски! appeared first on Република.

]]>

Путин наредил претседателот на Украина Зеленски да биде убиен, пишува московска „Правда“. Рускиот весник дознава дека ликвидација би се случила со ракетни удари или со авион.Се оди до таму што не се исклучува можноста Зеленски да биде убиен лично од руските специјални сили. Кинескиот весник Азија тајм пак анализира дека секакви преговори за Украина ќе доведат до губење на нејзината земја и создавање тампон зона на нејзина територија.
„Во сегашната фаза на конфликтот, каков било исход од преговорите ќе ја остави Русија со источните региони на Украина, кои таа веќе ги анектираше, а исто така веројатно ќе доведе до појава на тампон зона која би стигнала до источниот брег на Днепар“.

The post Путин наредил ликвидација на Зеленски! appeared first on Република.

]]>
Зеленски доаѓа во Тирана https://republika.mk/vesti/balkan/zelenski-doaga-vo-tirana/ Tue, 13 Feb 2024 10:23:19 +0000 https://republika.mk/?p=743568

На 28 февруари во Тирана ќе се одржи самит за Украина на кој ќе присуствува и претседателот Володимир Зеленски, кому му е прва посета на Тирана а на 29 ќе се одржи Самит на лидерите на Западен Балкан, јавија албанските медиуми.

Одржувањето на Самитот претходно го најави албанскиот премиер Еди Рама кој изјави дека Самитот ќе се одржи во знак на поддршка на Украина и оти ќе се разговара за теми поврзани со безбедносните предизвици.

Тоа веднаш го поздрави украинскиот амбасадор во Тирана, Володимир Шукров, изразувајќи при тоа голема благодарност од име на неговата земја за континуираната поддршка што ја дава Албанија.

Ден подоцна, на 29 февруари, главниот град на Албанија ќе биде домаќин на Самит на лидерите на земјите од Западен Балкан.

-Во фокусот ќе биде патувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ, како и спроведувањето на Планот за економски раст, чија цел е проширување на придобивките од единствениот пазар на Европската унија во регионот пред формалното членство, со цел позитивен придонес кон економскиот раст и забрзување на социо-економската конвергенција со ЕУ, јавија албанските медиуми

The post Зеленски доаѓа во Тирана appeared first on Република.

]]>

На 28 февруари во Тирана ќе се одржи самит за Украина на кој ќе присуствува и претседателот Володимир Зеленски, кому му е прва посета на Тирана а на 29 ќе се одржи Самит на лидерите на Западен Балкан, јавија албанските медиуми. Одржувањето на Самитот претходно го најави албанскиот премиер Еди Рама кој изјави дека Самитот ќе се одржи во знак на поддршка на Украина и оти ќе се разговара за теми поврзани со безбедносните предизвици. Тоа веднаш го поздрави украинскиот амбасадор во Тирана, Володимир Шукров, изразувајќи при тоа голема благодарност од име на неговата земја за континуираната поддршка што ја дава Албанија. Ден подоцна, на 29 февруари, главниот град на Албанија ќе биде домаќин на Самит на лидерите на земјите од Западен Балкан. -Во фокусот ќе биде патувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ, како и спроведувањето на Планот за економски раст, чија цел е проширување на придобивките од единствениот пазар на Европската унија во регионот пред формалното членство, со цел позитивен придонес кон економскиот раст и забрзување на социо-економската конвергенција со ЕУ, јавија албанските медиуми

The post Зеленски доаѓа во Тирана appeared first on Република.

]]>
Meдведев го нарече Зеленски наркоман https://republika.mk/vesti/svet/medvedev-go-nareche-zelenski-narkoman/ Tue, 23 Jan 2024 09:15:24 +0000 https://republika.mk/?p=735777

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев коментирајќи го потпишувањето на указот „за историско наследство на Украинците на територијата на Руската Федерација“ истакна дека украинскиот претрседател Володимир Зеленски сака да анектира руски територии.

- Високиот украински наркоман повлече едноставен пропаганден потег, предизвикан од неуспехот на фронтот, наведе Медведев.

Според указот на Украинците кои живеат на територијата на Русија треба да им се обезбеди „право на образование на украински јазик и негова слободна употреба, пристап до медиуми на украински јазик и право на мирно собирање“. Зеленски и наложи на Владата да подготви со меѓународни експерти и да поднесе до Советот за национална безбедност и одбрана акциски план за „зачувување на националниот идентитет на Украинците во Руската Федерација, вклучувајќи ги и земјите во кои историски живееле“.

Според Зеленски указот придонесува за „враќање на вистината за историското минато заради иднината на Украина“.

- Одеднаш шмркна двојна доза и потпиша декрет за територијални претензии кон Русија, на земји „историски населени со Украинци“. Нема што да се коментира, бидејќи Украинците се Руси, а Мала Русија е дел од Русија. И време е главниот „Украинец“ да се откаже. Во спротивно ќе ја анектираат и Канада, напиша Медведев на Телеграм

The post Meдведев го нарече Зеленски наркоман appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев коментирајќи го потпишувањето на указот „за историско наследство на Украинците на територијата на Руската Федерација“ истакна дека украинскиот претрседател Володимир Зеленски сака да анектира руски територии.
- Високиот украински наркоман повлече едноставен пропаганден потег, предизвикан од неуспехот на фронтот, наведе Медведев.
Според указот на Украинците кои живеат на територијата на Русија треба да им се обезбеди „право на образование на украински јазик и негова слободна употреба, пристап до медиуми на украински јазик и право на мирно собирање“. Зеленски и наложи на Владата да подготви со меѓународни експерти и да поднесе до Советот за национална безбедност и одбрана акциски план за „зачувување на националниот идентитет на Украинците во Руската Федерација, вклучувајќи ги и земјите во кои историски живееле“. Според Зеленски указот придонесува за „враќање на вистината за историското минато заради иднината на Украина“. - Одеднаш шмркна двојна доза и потпиша декрет за територијални претензии кон Русија, на земји „историски населени со Украинци“. Нема што да се коментира, бидејќи Украинците се Руси, а Мала Русија е дел од Русија. И време е главниот „Украинец“ да се откаже. Во спротивно ќе ја анектираат и Канада, напиша Медведев на Телеграм

The post Meдведев го нарече Зеленски наркоман appeared first on Република.

]]>
Зеленски со папата разговарал за мировен план https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-so-papata-razgovaral-za-miroven-plan/ Fri, 29 Dec 2023 06:59:52 +0000 https://republika.mk/?p=727649

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека разговарал за формулата за мир на Украина во разговор со папата Франциск.

„Разговаравме за нашата заедничка работа за спроведување на мировната формула на Украина во акција“, објави Зеленски на „Х“ . „Над 80 земји веќе учествуваат во овој процес на ниво на нивни претставници. А, ќе има повеќе“, додаде тој.

Зеленски рече дека му се заблагодарил на папата за Божиќните честитки, „како и за неговите желби за праведен мир за сите нас“.

Украинскиот претседател наведе дека следната дискусија за мировната формула на Украина ќе биде во Давос, Швајцарија, но не прецизираше конкретен датум.

The post Зеленски со папата разговарал за мировен план appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека разговарал за формулата за мир на Украина во разговор со папата Франциск.
„Разговаравме за нашата заедничка работа за спроведување на мировната формула на Украина во акција“, објави Зеленски на „Х“ . „Над 80 земји веќе учествуваат во овој процес на ниво на нивни претставници. А, ќе има повеќе“, додаде тој.
Зеленски рече дека му се заблагодарил на папата за Божиќните честитки, „како и за неговите желби за праведен мир за сите нас“. Украинскиот претседател наведе дека следната дискусија за мировната формула на Украина ќе биде во Давос, Швајцарија, но не прецизираше конкретен датум.

The post Зеленски со папата разговарал за мировен план appeared first on Република.

]]>
Зеленски им го украде и Божик на Украинците https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-im-go-ukrade-i-bozhik-na-ukraintsite/ Mon, 25 Dec 2023 11:39:57 +0000 https://republika.mk/?p=726445

Украинските православни христијани присуствуваа на богослужбите во неделата додека земјата се подготвуваше за првпат да го прослави Божиќ денеска на 25 декември, откако владата го смени датумот на прославата од 7 јануари за да се дистанцира од Русија.

АФП пренесува дека многу православни цркви, вклучително и Русија, ги слават празниците според јулијанскиот календар, каде Божиќ се паѓа на 7 јануари, наместо според Грегоријанскиот календар што се користи во западните цркви.

Во јули, украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон за поместување на прославата на 25 декември, велејќи дека им дозволува на Украинците „да го остават руското наследство на наметнување на божиќните прослави на 7 јануари“, пренесува Радио Слободна Европа.

Промената на датумот е дел од забрзаните потези по руската инвазија на Украина за оддалечување на земјата од нејзиното руско и советско наследство, што вклучува преименување на улиците и отстранување на споменици.

Православната црква на Украина официјално се одвои од Руската православна црква поради руската анексија на Крим во 2014 година и нејзината поддршка за сепаратистите во источна Украина.
Но, историски поврзана со Русија, Украинската православна црква не се откажува од прославувањето на Божиќ на 7 јануари.

The post Зеленски им го украде и Божик на Украинците appeared first on Република.

]]>

Украинските православни христијани присуствуваа на богослужбите во неделата додека земјата се подготвуваше за првпат да го прослави Божиќ денеска на 25 декември, откако владата го смени датумот на прославата од 7 јануари за да се дистанцира од Русија. АФП пренесува дека многу православни цркви, вклучително и Русија, ги слават празниците според јулијанскиот календар, каде Божиќ се паѓа на 7 јануари, наместо според Грегоријанскиот календар што се користи во западните цркви. Во јули, украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон за поместување на прославата на 25 декември, велејќи дека им дозволува на Украинците „да го остават руското наследство на наметнување на божиќните прослави на 7 јануари“, пренесува Радио Слободна Европа. Промената на датумот е дел од забрзаните потези по руската инвазија на Украина за оддалечување на земјата од нејзиното руско и советско наследство, што вклучува преименување на улиците и отстранување на споменици. Православната црква на Украина официјално се одвои од Руската православна црква поради руската анексија на Крим во 2014 година и нејзината поддршка за сепаратистите во источна Украина. Но, историски поврзана со Русија, Украинската православна црква не се откажува од прославувањето на Божиќ на 7 јануари.

The post Зеленски им го украде и Божик на Украинците appeared first on Република.

]]>
Зеленски оптимист: Украина нема да влезе во НАТО без областите окупирани од Русија https://republika.mk/vesti/zelenski-optimist-ukraina-nema-da-vleze-vo-nato-bez-oblastite-okupirani-od-rusija/ Tue, 19 Dec 2023 20:15:22 +0000 https://republika.mk/?p=724663

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли идејата Украина да влезе во НАТО без нејзините територии окупирани од Русија, јави ДПА.

Тој додаде дека „најсилната безбедносна гаранција за Украина ќе биде нејзиниот пристап во западниот одбранбен сојуз како цела земја“.

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, сугерираше дека Украина може да биде прифатена во воениот сојуз дури и ако не ја контролира целата нејзина територија, тврдејќи дека тоа ќе ја одврати Русија од напад на украинска територија.

The post Зеленски оптимист: Украина нема да влезе во НАТО без областите окупирани од Русија appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли идејата Украина да влезе во НАТО без нејзините територии окупирани од Русија, јави ДПА.
 
Тој додаде дека „најсилната безбедносна гаранција за Украина ќе биде нејзиниот пристап во западниот одбранбен сојуз како цела земја“. Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, сугерираше дека Украина може да биде прифатена во воениот сојуз дури и ако не ја контролира целата нејзина територија, тврдејќи дека тоа ќе ја одврати Русија од напад на украинска територија.

The post Зеленски оптимист: Украина нема да влезе во НАТО без областите окупирани од Русија appeared first on Република.

]]>