војна Archives - Република https://republika.mk/tema/vojna/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Oct 2024 07:54:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png војна Archives - Република https://republika.mk/tema/vojna/ 32 32 Зеленски: Северна Кореја се приклучува во војната https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-severna-koreja-se-prikluchuva-vo-vojnata/ Mon, 14 Oct 2024 20:40:44 +0000 https://republika.mk/?p=826825

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање до нацијата изјави дека Cеверна Кореја се приклучува во војната во Украина.

Меѓу главните работи денеска беше извештајот на разузнавачките агенции за намерите на Русите за есенскиот и зимскиот период. Сè е многу детално. Практично зборуваме за вмешаност на Cеверна Кореја во војната, рече Зеленски во видео пораката.

Претходно тој предупреди дека Москва и Пјонгјанг, односно рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, се договориле за „префрлање на луѓе“ од Северна Кореја во Русија и Украина за да се борат на страната на Русите.

Кремљ негираше, соопштувајќи дека станува збор за „лажна вест“.

The post Зеленски: Северна Кореја се приклучува во војната appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање до нацијата изјави дека Cеверна Кореја се приклучува во војната во Украина.
Меѓу главните работи денеска беше извештајот на разузнавачките агенции за намерите на Русите за есенскиот и зимскиот период. Сè е многу детално. Практично зборуваме за вмешаност на Cеверна Кореја во војната, рече Зеленски во видео пораката.
Претходно тој предупреди дека Москва и Пјонгјанг, односно рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, се договориле за „префрлање на луѓе“ од Северна Кореја во Русија и Украина за да се борат на страната на Русите. Кремљ негираше, соопштувајќи дека станува збор за „лажна вест“.  

The post Зеленски: Северна Кореја се приклучува во војната appeared first on Република.

]]>
Македонски енергетски експерти: Војната меѓу Израел и Иран ќе предизвика последици врз енергетскиот сектор https://republika.mk/vesti/ekonomija/makedonski-energetski-eksperti-vojnata-megu-izrael-i-iran-ke-predizvika-posleditsi-vrz-energetskiot-sektor/ Wed, 02 Oct 2024 15:17:56 +0000 https://republika.mk/?p=821842

Македонија нема да остане имуна на последиците во енергетскиот сектор предизвикани од случувањата на Блискиот Исток и војната меѓу Израел и Иран, сметаат дел од експертите, учесници на меѓународната конференција „Енергетика 2024“, што од денеска до петок се одржува во Струга во организација на Здружението на енергетичарите на Македонија (ЗЕМАК).

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, пак, вели дека состојбата ја следат редовно и оти не очекува да има голем импакт врз регионот.

Пензионираниот професор од ФЕИТ, Вангел Фуштиќ посочува дека државата не е изолирана и оти е поврзана на европскиот електроенергетски систем.

Се што се случува на ниво на Европа, очекувам да се случува и кај нас. Иако за нас како помала земја, ефектите ќе бидат помали, сепак се што ќе се случува во регионот ќе не тангира и нас. Тоа значи дека ќе мора да бидеме подготвени да се соочиме со реалноста да видиме како може стратешки да одговориме со предизвиците што не чекаат. Да се направи стратешка анализа каде сме со енергетските ресусрси и што може да направиме најдобро за да се подготвиме, а не да чекаме кога ќе се случи нешто тогаш да реагираме, изјави Фуштиќ пред почетокот на Конференцијата.

И професорот Константин Димитров очекува актуелната состојба да се одрази на цената на енергенсите, нагласувајќи дека цената на електричната енергија во државата треба да се зголеми.

Стандард кога некаде врие, мора да се подигне притисокот, а тој притисок во случајот ќе се покаже со цената на енергенсите. Веднаш се очекува да порасне цената на течните горива на берзата, да надмине над 73 долари од барел. Ние ќе го платиме цехот на ова што се случува. Немирите веќе се одразија и на цената на електричната енергија во источна и југо-источна Европа, вели Димитров.

Во однос на цената на елетричната енергија и тоа што државите од Западен Балкан плаќаат поскапа струја од Западно-европските, ресорната министерка информира дека бил испратен допис до Енергетската заедница за кој се чека одговор.

Како што знаете од 1 јануари ќе се стави новата цена за домаќинствата. Со ЕСМ ќе дискутираме, тендерот допрва треба да биде објавен од ЕВН и ќе бидат кажани количините и цените. За околу две недели ќе ги имаме и точните пресметки колку струја би требало да се увезува и цените. Моментално е 100 евра по мегават час и нема да биде како што беше 700, 500 евра по мегават час, изјави Божиновска.

За цените на електричната енергија Фуштиќ вели дека сега не може да се каже и оти тоа зависи од енергетските ресурси и набавката на електрична енергија и расположливите капацитети колку ќе бидат во состојба да произведуваат. Според него, потребна е рехабилитација на енергетската инфраструктура, односно опремата на хидроцентралите.

The post Македонски енергетски експерти: Војната меѓу Израел и Иран ќе предизвика последици врз енергетскиот сектор appeared first on Република.

]]>

Македонија нема да остане имуна на последиците во енергетскиот сектор предизвикани од случувањата на Блискиот Исток и војната меѓу Израел и Иран, сметаат дел од експертите, учесници на меѓународната конференција „Енергетика 2024“, што од денеска до петок се одржува во Струга во организација на Здружението на енергетичарите на Македонија (ЗЕМАК). Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, пак, вели дека состојбата ја следат редовно и оти не очекува да има голем импакт врз регионот. Пензионираниот професор од ФЕИТ, Вангел Фуштиќ посочува дека државата не е изолирана и оти е поврзана на европскиот електроенергетски систем.
Се што се случува на ниво на Европа, очекувам да се случува и кај нас. Иако за нас како помала земја, ефектите ќе бидат помали, сепак се што ќе се случува во регионот ќе не тангира и нас. Тоа значи дека ќе мора да бидеме подготвени да се соочиме со реалноста да видиме како може стратешки да одговориме со предизвиците што не чекаат. Да се направи стратешка анализа каде сме со енергетските ресусрси и што може да направиме најдобро за да се подготвиме, а не да чекаме кога ќе се случи нешто тогаш да реагираме, изјави Фуштиќ пред почетокот на Конференцијата.
И професорот Константин Димитров очекува актуелната состојба да се одрази на цената на енергенсите, нагласувајќи дека цената на електричната енергија во државата треба да се зголеми.
Стандард кога некаде врие, мора да се подигне притисокот, а тој притисок во случајот ќе се покаже со цената на енергенсите. Веднаш се очекува да порасне цената на течните горива на берзата, да надмине над 73 долари од барел. Ние ќе го платиме цехот на ова што се случува. Немирите веќе се одразија и на цената на електричната енергија во источна и југо-источна Европа, вели Димитров.
Во однос на цената на елетричната енергија и тоа што државите од Западен Балкан плаќаат поскапа струја од Западно-европските, ресорната министерка информира дека бил испратен допис до Енергетската заедница за кој се чека одговор.
Како што знаете од 1 јануари ќе се стави новата цена за домаќинствата. Со ЕСМ ќе дискутираме, тендерот допрва треба да биде објавен од ЕВН и ќе бидат кажани количините и цените. За околу две недели ќе ги имаме и точните пресметки колку струја би требало да се увезува и цените. Моментално е 100 евра по мегават час и нема да биде како што беше 700, 500 евра по мегават час, изјави Божиновска.
За цените на електричната енергија Фуштиќ вели дека сега не може да се каже и оти тоа зависи од енергетските ресурси и набавката на електрична енергија и расположливите капацитети колку ќе бидат во состојба да произведуваат. Според него, потребна е рехабилитација на енергетската инфраструктура, односно опремата на хидроцентралите.

The post Македонски енергетски експерти: Војната меѓу Израел и Иран ќе предизвика последици врз енергетскиот сектор appeared first on Република.

]]>
Лавров: Блискиот исток е на работ на голема регионална војна https://republika.mk/vesti/svet/lavrov-bliskiot-istok-e-na-rabot-na-golema-regionalna-vojna/ Mon, 09 Sep 2024 20:16:44 +0000 https://republika.mk/?p=814647

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров оцени дека Блискиот Исток е на работ на голема војна.

- Блискиот исток повторно е на работ на голема регионална војна и наша заедничка одговорност е да го спречиме тоа да се случи, рече Лавров во Ријад на седницата на Стратешкиот дијалог на Русија-Совет за соработка на арапските држави од Заливот.

Тој изјави дека „неспособноста на светската заедница да ги запре борбите во Појасот Газа доведе до нагло влошување на воено-политичката ситуација на целиот Блиски Исток: од границата на Либан и Израел до Црвеното Море и во исто време, конфликтот меѓу Израел и Иран достигна ново опасно ниво“.

Лавров истакна дека без решавање на палестинско-израелскиот проблем Блискиот исток нема да може стабилно да се развива и додаде дека Русија соработува со сите страни.

Премиерот и министер за надворешни работи на Катар, Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, за време на својот говор укажа на потребата од прекин на огнот во Појасот Газа.

Тој чекор го нарече клучен фактор за воспоставување траен мир на Блискиот Исток, поради што земјите треба да соработуваат.

Лавров, кој вчера пристигна во Ријад, веќе имаше средба со генералниот секретар на Советот, Јасем ал Будаи, како и со министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Фајсал бин Фархан

The post Лавров: Блискиот исток е на работ на голема регионална војна appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров оцени дека Блискиот Исток е на работ на голема војна. - Блискиот исток повторно е на работ на голема регионална војна и наша заедничка одговорност е да го спречиме тоа да се случи, рече Лавров во Ријад на седницата на Стратешкиот дијалог на Русија-Совет за соработка на арапските држави од Заливот. Тој изјави дека „неспособноста на светската заедница да ги запре борбите во Појасот Газа доведе до нагло влошување на воено-политичката ситуација на целиот Блиски Исток: од границата на Либан и Израел до Црвеното Море и во исто време, конфликтот меѓу Израел и Иран достигна ново опасно ниво“. Лавров истакна дека без решавање на палестинско-израелскиот проблем Блискиот исток нема да може стабилно да се развива и додаде дека Русија соработува со сите страни. Премиерот и министер за надворешни работи на Катар, Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, за време на својот говор укажа на потребата од прекин на огнот во Појасот Газа. Тој чекор го нарече клучен фактор за воспоставување траен мир на Блискиот Исток, поради што земјите треба да соработуваат. Лавров, кој вчера пристигна во Ријад, веќе имаше средба со генералниот секретар на Советот, Јасем ал Будаи, како и со министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Фајсал бин Фархан

The post Лавров: Блискиот исток е на работ на голема регионална војна appeared first on Република.

]]>
Зеленски: На САД ќе им презентирам план за завршување на војната со Русија https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-na-sad-ke-im-prezentiram-plan-za-zavrshuvane-na-vojnata-so-rusija/ Tue, 27 Aug 2024 14:36:09 +0000 https://republika.mk/?p=810652

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека на САД ќе им претстави план за завршување на војната со Русија.

Тој истакна дека мировниот план ќе му биде претставен на претседателските кандидати Камала Харис и Доналд Трамп, како и на актуелниот претседател на САД, Џо Бајден.

- Планот ќе вклучува дипломатски и економски чекори, независни од украинската инвазија на Курск, што е исто така дел од стратегијата за охрабрување на Москва да почне мировни преговори, посочи Зеленски.

Тој претходно изјави дека Украина успешно ја тестирала својата прва домашна балистичка ракета, но не откри детали за оружјето.

Во меѓувреме, главниот воен командант на Киев, генерал Олександр Сирски изјави дека продолжува украинската офанзива врз руската територија Курск.

- Украинските сили контролираат 1.294 квадратни километри руска територија и сто населби, а заробија 594 руски војници, посочи генерал Сирски.

Тој истакна дека една од целите на украинската инвазија врз Курск беше „повлекување на значителен број непријателски трупи од другите подрачја“ како што се Покровск и Куракхова во Донбас, и оти успешно е постигната таа цел.

The post Зеленски: На САД ќе им презентирам план за завршување на војната со Русија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека на САД ќе им претстави план за завршување на војната со Русија. Тој истакна дека мировниот план ќе му биде претставен на претседателските кандидати Камала Харис и Доналд Трамп, како и на актуелниот претседател на САД, Џо Бајден.
- Планот ќе вклучува дипломатски и економски чекори, независни од украинската инвазија на Курск, што е исто така дел од стратегијата за охрабрување на Москва да почне мировни преговори, посочи Зеленски.
Тој претходно изјави дека Украина успешно ја тестирала својата прва домашна балистичка ракета, но не откри детали за оружјето. Во меѓувреме, главниот воен командант на Киев, генерал Олександр Сирски изјави дека продолжува украинската офанзива врз руската територија Курск.
- Украинските сили контролираат 1.294 квадратни километри руска територија и сто населби, а заробија 594 руски војници, посочи генерал Сирски.
Тој истакна дека една од целите на украинската инвазија врз Курск беше „повлекување на значителен број непријателски трупи од другите подрачја“ како што се Покровск и Куракхова во Донбас, и оти успешно е постигната таа цел.

The post Зеленски: На САД ќе им презентирам план за завршување на војната со Русија appeared first on Република.

]]>
Сијарто: Унгарија е последната пречка за невоздржаното и неконтролирано дивеење на воената психоза во Европа https://republika.mk/vesti/svet/sijarto-ungarija-e-poslednata-prechka-za-nevozdrzhanoto-i-nekontrolirano-diveene-na-voenata-psihoza-vo-evropa/ Sun, 25 Aug 2024 18:32:50 +0000 https://republika.mk/?p=810027

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, предупреди дека Западот се обидува да ја турне неговата земја во војната во Украина.

Будимпешта мора да се подготви за сериозни напади врз нејзината суверена надворешна политика и во наредната година, бидејќи либералите ќе ја нападнат политичката, физичката, економската и енергетската безбедност на земјата“, предупреди Сијарто.

Унгарскиот инистер за надворешни работи истакна дека зачувувањето на суверенитетот на Унгарија не е прашање на политичка идеологија, туку на „живот и смрт“, осврнувајќи се на загрозената безбедност на политичарите коишто се залагаат за мир, вклучително и неодамнешните обиди за убиство на словачкиот премиер Роберт Фицо и републиканскиот кандидат за американски претседател, Доналд Трамп.

Унгарија стана последната пречка за невоздржаното, неконтролирано дивеење на воената психоза во Европа“, изјави Сијарто, истакнувајќи дека Будимпешта не сака да учествува во испораката на оружје и обуката на украинските војници.

The post Сијарто: Унгарија е последната пречка за невоздржаното и неконтролирано дивеење на воената психоза во Европа appeared first on Република.

Северна Кореја предупреди на целосно уништување на непријателот во случај на војна https://republika.mk/vesti/svet/severna-koreja-predupredi-na-tselosno-unishtuvane-na-neprijatelot-vo-sluchaj-na-vojna/ Sun, 28 Jul 2024 14:47:15 +0000 https://republika.mk/?p=801057

Северна Кореја се обврза на „тотално уништување“ на своите непријатели во случај на војна кога лидерот на земјата Ким Џонг Ун ќе издаде таква наредба, јави денеска државната новинска агенција КЦНА.

Високи воени функционери, вклучително и полковникот Ри Ун-рионг и командантот на морнарицата Јо Кјонг-сон, ги дадоа изјавите поради, како што наведува државната агенција на Северна Кореја, „растечката омраза“ кон САД и Јужна Кореја на состанокот на кој присуствуваше и Ким по повод 71-годишнината од примирјето во корејската војна.

Северна Кореја и САД немаат дипломатски односи, а преговорите за намалување на тензиите и денуклеаризација на Северна Кореја се во застој од 2019 година.

Државните севернокорејски медиуми неодамна посочија дека тоа не се очекува да се промени без оглед на тоа кој ќе биде избран за шеф на Белата куќа.

Иако Пјонгјанг ги обвинува САД и Јужна Кореја дека се решени да предизвикаат нуклеарна војна по секоја цена, севернокорејските воени претставници ветија дека ќе ја зајакнат воената ефикасност за да извршат „сеопфатен напад врз непријателот во секое време и без одлагање“ за целосно да го уништат кога лидерот Ким Џонг Ун ќе издаде таква наредба.

Северна Кореја потпиша договор за примирје со САД и Кина на 27 јули 1953 година, со што заврши тригодишната војна.

The post Северна Кореја предупреди на целосно уништување на непријателот во случај на војна appeared first on Република.

]]>

Северна Кореја се обврза на „тотално уништување“ на своите непријатели во случај на војна кога лидерот на земјата Ким Џонг Ун ќе издаде таква наредба, јави денеска државната новинска агенција КЦНА. Високи воени функционери, вклучително и полковникот Ри Ун-рионг и командантот на морнарицата Јо Кјонг-сон, ги дадоа изјавите поради, како што наведува државната агенција на Северна Кореја, „растечката омраза“ кон САД и Јужна Кореја на состанокот на кој присуствуваше и Ким по повод 71-годишнината од примирјето во корејската војна. Северна Кореја и САД немаат дипломатски односи, а преговорите за намалување на тензиите и денуклеаризација на Северна Кореја се во застој од 2019 година. Државните севернокорејски медиуми неодамна посочија дека тоа не се очекува да се промени без оглед на тоа кој ќе биде избран за шеф на Белата куќа. Иако Пјонгјанг ги обвинува САД и Јужна Кореја дека се решени да предизвикаат нуклеарна војна по секоја цена, севернокорејските воени претставници ветија дека ќе ја зајакнат воената ефикасност за да извршат „сеопфатен напад врз непријателот во секое време и без одлагање“ за целосно да го уништат кога лидерот Ким Џонг Ун ќе издаде таква наредба. Северна Кореја потпиша договор за примирје со САД и Кина на 27 јули 1953 година, со што заврши тригодишната војна.

The post Северна Кореја предупреди на целосно уништување на непријателот во случај на војна appeared first on Република.

]]>
Во Украина ќе се војува и следната година! https://republika.mk/vesti/svet/vo-ukraina-ke-se-vojuva-i-slednata-godina/ Wed, 10 Jul 2024 13:53:17 +0000 https://republika.mk/?p=795379

Војната во Украина нема да заврши во 2025 година, така што НАТО мора да биде подготвен да ја поддржи Украина барем уште неколку години, изјави висок претставник на НАТО за време на Самитот на Алијансата во Вашингтон.

„На крајот на краиштата, сите ние треба да бидеме подготвени да продолжиме да ја поддржуваме Украина дури и по 2025 година. Како што веќе долго време кажувавме, ова не е конфликт што ќе заврши наскоро“, рече тој, истакнувајќи дека Русија „сигурно“ ќе може да го издржи животот во воената економија уште најмалку три или четири години, пренесува агенцијата „Униан“.

Тој оцени дека засега руското општество е подготвено за таков начин на живот. Вчера во Вашингтон почна јубилејниот самит на НАТО каде пристигна и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Како што претходно беше објавено, сојузниците на НАТО ќе и обезбедат на Украина дополнителни стратешки системи за противвоздушна одбрана, вклучително и батерии Патриот донирани од Германија, САД и Романија, како и оружје од Холандија и Италија. Американскиот претседател Џо Бајден за време на својот говор на самитот вети дека „енергично“ ќе ја брани Украина од Русија.

The post Во Украина ќе се војува и следната година! appeared first on Република.

]]>

Војната во Украина нема да заврши во 2025 година, така што НАТО мора да биде подготвен да ја поддржи Украина барем уште неколку години, изјави висок претставник на НАТО за време на Самитот на Алијансата во Вашингтон.
„На крајот на краиштата, сите ние треба да бидеме подготвени да продолжиме да ја поддржуваме Украина дури и по 2025 година. Како што веќе долго време кажувавме, ова не е конфликт што ќе заврши наскоро“, рече тој, истакнувајќи дека Русија „сигурно“ ќе може да го издржи животот во воената економија уште најмалку три или четири години, пренесува агенцијата „Униан“.
Тој оцени дека засега руското општество е подготвено за таков начин на живот. Вчера во Вашингтон почна јубилејниот самит на НАТО каде пристигна и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Како што претходно беше објавено, сојузниците на НАТО ќе и обезбедат на Украина дополнителни стратешки системи за противвоздушна одбрана, вклучително и батерии Патриот донирани од Германија, САД и Романија, како и оружје од Холандија и Италија. Американскиот претседател Џо Бајден за време на својот говор на самитот вети дека „енергично“ ќе ја брани Украина од Русија.

The post Во Украина ќе се војува и следната година! appeared first on Република.

]]>
Орбан: Само еден човек може да ја сопре војната во Украина https://republika.mk/vesti/svet/orban-samo-eden-chovek-mozhe-da-ja-sopre-vojnata-vo-ukraina/ Mon, 24 Jun 2024 14:11:58 +0000 https://republika.mk/?p=790336

Виктор Орбан, премиерот на Унгарија, кажа дека Соединетите Американски Држави мораат да иницираат прекин на огнот во Украина.

Претседателот на Соединетите Американски Држави е единствената личност во универзумот кој може да ги упати двата одлучувачки повици, до Киев и до Москва“, кажа Орбан.

Според Орбан, тој претседател може да биде само поранешниот шеф на Белата куќа Доналд Трамп.

Орбан кажа и дека не го интересираат целите кон кои Русија и Украина тежнеат во конфликтот, туку дека само сака војната што побрзо да заврши.

Унгарскиот премиер изрази и уверување дека доколку Ангела Меркел сè уште беше канцеларка на Германија, конфликтот немаше да се рашири до толкави размери.

The post Орбан: Само еден човек може да ја сопре војната во Украина appeared first on Република.

]]>

Виктор Орбан, премиерот на Унгарија, кажа дека Соединетите Американски Држави мораат да иницираат прекин на огнот во Украина.
Претседателот на Соединетите Американски Држави е единствената личност во универзумот кој може да ги упати двата одлучувачки повици, до Киев и до Москва“, кажа Орбан.
Според Орбан, тој претседател може да биде само поранешниот шеф на Белата куќа Доналд Трамп. Орбан кажа и дека не го интересираат целите кон кои Русија и Украина тежнеат во конфликтот, туку дека само сака војната што побрзо да заврши. Унгарскиот премиер изрази и уверување дека доколку Ангела Меркел сè уште беше канцеларка на Германија, конфликтот немаше да се рашири до толкави размери.

The post Орбан: Само еден човек може да ја сопре војната во Украина appeared first on Република.

]]>
Европа на чекор до војна со Русија: Орбан предупредува дека сме блиску до уништување https://republika.mk/vesti/svet/evropa-na-chekor-do-vojna-so-rusija-orban-predupreduva-deka-sme-blisku-do-unishtuvane/ Fri, 31 May 2024 12:52:07 +0000 https://republika.mk/?p=783579

Европа влезе во фаза на подготовки за војна со Русија бидејќи се повеќе е вовлечена во оружениот конфликт во Украина, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан за радио Кошут.
Унгарскиот премиер прецизираше дека секоја недела гледа сѐ повеќе знаци дека ЕУ и НАТО се подготвуваат за воена акција. Орбан посочи дека „одењето во војна не се случува во еден чекор“.

Има три фази: дискусија, подготовка и уништување. Сега ја завршуваме дискусијата и сме во фаза на подготовка. На неколку сантиметри сме од уништување – рече тој.

Зборувајќи за нуклеарното оружје, Орбан претходно рече дека европските политичари имаат тенденција да размислуваат за нуклеарната бомба најмногу како „тактичко оружје за одвраќање“, а не за нешто што треба да се користи.

Тој, меѓутоа додаде дека е што и за време на Втората светска војна, никој не помислил дека Американците ќе користат нуклеарни бомби.

Орбан рече дека го смета разговорот за нуклеарно оружје за „лош знак“.

 Од изразот „мисија на НАТО во Украина“ ви се крева косата на главата – вели Орбан.

Унгарскиот премиер изјави и дека во Брисел залудно „кршат глава“ околу враќањето на задолжителниот воен рок во ЕУ, бидејќи Будимпешта нема да дозволи нејзини граѓани да бидат испратени да учествуваат во туѓа војна.

Тој нагласи дека Будимпешта се противи и на тоа одлуката за отслужувањето на воениот рок на унгарските граѓани да се носи „во Германија или Брисел“.

The post Европа на чекор до војна со Русија: Орбан предупредува дека сме блиску до уништување appeared first on Република.

]]>

Европа влезе во фаза на подготовки за војна со Русија бидејќи се повеќе е вовлечена во оружениот конфликт во Украина, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан за радио Кошут. Унгарскиот премиер прецизираше дека секоја недела гледа сѐ повеќе знаци дека ЕУ и НАТО се подготвуваат за воена акција. Орбан посочи дека „одењето во војна не се случува во еден чекор“.
Има три фази: дискусија, подготовка и уништување. Сега ја завршуваме дискусијата и сме во фаза на подготовка. На неколку сантиметри сме од уништување – рече тој.
Зборувајќи за нуклеарното оружје, Орбан претходно рече дека европските политичари имаат тенденција да размислуваат за нуклеарната бомба најмногу како „тактичко оружје за одвраќање“, а не за нешто што треба да се користи. Тој, меѓутоа додаде дека е што и за време на Втората светска војна, никој не помислил дека Американците ќе користат нуклеарни бомби. Орбан рече дека го смета разговорот за нуклеарно оружје за „лош знак“.
 Од изразот „мисија на НАТО во Украина“ ви се крева косата на главата – вели Орбан.
Унгарскиот премиер изјави и дека во Брисел залудно „кршат глава“ околу враќањето на задолжителниот воен рок во ЕУ, бидејќи Будимпешта нема да дозволи нејзини граѓани да бидат испратени да учествуваат во туѓа војна. Тој нагласи дека Будимпешта се противи и на тоа одлуката за отслужувањето на воениот рок на унгарските граѓани да се носи „во Германија или Брисел“.

The post Европа на чекор до војна со Русија: Орбан предупредува дека сме блиску до уништување appeared first on Република.

]]>
Украинците признаа дека Русите влегле во важен град: Исклучително е тешко https://republika.mk/vesti/svet/ukraintsite-priznaa-deka-rusite-vlegle-vo-vazhen-grad-iskluchitelno-e-teshko/ Wed, 15 May 2024 10:19:43 +0000 https://republika.mk/?p=778259

Олексиј Харковски, началникот на полицијата во Вовчанск, на „Фејсбук“ објави дека руските сили воспоставуваат позиции во градот.

Шефот на украинската полиција во регионот Харков ја опиша ситуацијата во градот Вовчанск како „исклучително тешка“.

Од вчера Русите тврдат дека нивните сили зазеле делови од Вовчанск и пограничното село Бухруватка. Вовчанск е стратешки важен град, кој стои на патот на Русите кон Харков, вториот по големина град во Украина.

Вовчанск се наоѓа на приближно 5,5 километри од границата на Украина и Русија.

Украинските власти го евакуираат Вовчанск од минатиот петок кога почна новата руска офанзива на североистокот.

The post Украинците признаа дека Русите влегле во важен град: Исклучително е тешко appeared first on Република.

]]>

Олексиј Харковски, началникот на полицијата во Вовчанск, на „Фејсбук“ објави дека руските сили воспоставуваат позиции во градот. Шефот на украинската полиција во регионот Харков ја опиша ситуацијата во градот Вовчанск како „исклучително тешка“. Од вчера Русите тврдат дека нивните сили зазеле делови од Вовчанск и пограничното село Бухруватка. Вовчанск е стратешки важен град, кој стои на патот на Русите кон Харков, вториот по големина град во Украина. Вовчанск се наоѓа на приближно 5,5 километри од границата на Украина и Русија. Украинските власти го евакуираат Вовчанск од минатиот петок кога почна новата руска офанзива на североистокот.

The post Украинците признаа дека Русите влегле во важен град: Исклучително е тешко appeared first on Република.

]]>
Орбан: Унгарија ќе ги зголеми трошоците за одбрана доколку војната во Украина продолжи https://republika.mk/vesti/svet/orban-ungarija-ke-gi-zgolemi-troshotsite-za-odbrana-dokolku-vojnata-vo-ukraina-prodolzhi/ Fri, 03 May 2024 12:59:17 +0000 https://republika.mk/?p=773778

Унгарија ќе мора да ги зголеми трошоците за одбрана и следната година доколку војната во Украина продолжи до 2025 година, со што ќе се намали износот на расположливите средства за други трошоци, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан изјави за државното радио дека доколку војната во Украина се пролонгира до 2025 година, нивоата на средства за одбрана на Унгарија за 2023 и 2024 година нема да бидат доволни и ќе мора да се зголемат, пренесува агенцијата МТИ. Орбан изјави дека е загрижен за иднината на Европа и дека унгарската влада нема да дозволи Унгарија да биде принудена да влезе во војна по трет пат, откако учествуваше во Првата и Втората светска војна.

Премиерот на Унгарија смета дека е потребно европско безбедносно решение во кое ќе биде вклучена Русија и дека американската воена индустрија најмногу профитирала од војната во Украина, откако САД испратија најголема воена помош во Киев.

„Нашето историско искуство со војната е дека можете само да изгубите. Колку сте поблиску до воената зона, толку е поголема цената што ја плаќате“, рече Орбан.

Унгарија значително ги зголеми одбранбените распределби минатата година на 2,43 отсто од БДП, што е над два отсто на кои се обврзаа членките на НАТО, наведува МТИ.

The post Орбан: Унгарија ќе ги зголеми трошоците за одбрана доколку војната во Украина продолжи appeared first on Република.

]]>

Унгарија ќе мора да ги зголеми трошоците за одбрана и следната година доколку војната во Украина продолжи до 2025 година, со што ќе се намали износот на расположливите средства за други трошоци, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Орбан изјави за државното радио дека доколку војната во Украина се пролонгира до 2025 година, нивоата на средства за одбрана на Унгарија за 2023 и 2024 година нема да бидат доволни и ќе мора да се зголемат, пренесува агенцијата МТИ. Орбан изјави дека е загрижен за иднината на Европа и дека унгарската влада нема да дозволи Унгарија да биде принудена да влезе во војна по трет пат, откако учествуваше во Првата и Втората светска војна.
Премиерот на Унгарија смета дека е потребно европско безбедносно решение во кое ќе биде вклучена Русија и дека американската воена индустрија најмногу профитирала од војната во Украина, откако САД испратија најголема воена помош во Киев. „Нашето историско искуство со војната е дека можете само да изгубите. Колку сте поблиску до воената зона, толку е поголема цената што ја плаќате“, рече Орбан. Унгарија значително ги зголеми одбранбените распределби минатата година на 2,43 отсто од БДП, што е над два отсто на кои се обврзаа членките на НАТО, наведува МТИ.

The post Орбан: Унгарија ќе ги зголеми трошоците за одбрана доколку војната во Украина продолжи appeared first on Република.

]]>
Аврил Хејнс, директорка на американската Национална разузнавачка служба: Војната во Украина нема наскоро да заврши https://republika.mk/vesti/svet/avril-hejns-direktorka-na-amerikanskata-natsionalna-razuznavachka-sluzhba-vojnata-vo-ukraina-nema-naskoro-da-zavrshi/ Thu, 02 May 2024 20:59:04 +0000 https://republika.mk/?p=773565

Директорката на американската Национална разузнавачка служба, Аврил Хејнс денеска оцени дека војната во Украина нема наскоро да заврши, а развојот на ситуацијата на домашен и меѓународен план оди во корист на рускиот претседател Владимир Путин.

Хејнс пред Комитетот за вооружени сили при Сенатот изјави дека Русија ги интензивирала нападите врз украинската инфраструктура за да ја намали способноста на Киев да распоредува војници и оружје, да го забави военото производство и да ја принуди Украина да ги разгледа преговорите.

„Сè поагресивните тактики на Путин против Украина, како што се ударите врз енергетската инфраструктура на Украина, имаат за цел да создадат впечаток во Украина дека продолжувањето на борбите само ќе ја зголеми штетата на Украина и нема да понуди пат до победата“, рече Хејнс.

The post Аврил Хејнс, директорка на американската Национална разузнавачка служба: Војната во Украина нема наскоро да заврши appeared first on Република.

]]>

Директорката на американската Национална разузнавачка служба, Аврил Хејнс денеска оцени дека војната во Украина нема наскоро да заврши, а развојот на ситуацијата на домашен и меѓународен план оди во корист на рускиот претседател Владимир Путин. Хејнс пред Комитетот за вооружени сили при Сенатот изјави дека Русија ги интензивирала нападите врз украинската инфраструктура за да ја намали способноста на Киев да распоредува војници и оружје, да го забави военото производство и да ја принуди Украина да ги разгледа преговорите. „Сè поагресивните тактики на Путин против Украина, како што се ударите врз енергетската инфраструктура на Украина, имаат за цел да создадат впечаток во Украина дека продолжувањето на борбите само ќе ја зголеми штетата на Украина и нема да понуди пат до победата“, рече Хејнс.

The post Аврил Хејнс, директорка на американската Национална разузнавачка служба: Војната во Украина нема наскоро да заврши appeared first on Република.

]]>
Сестрите Душка и Светлана биле мачени: Обединетите нации слушнаа за српските страдања во војната во Босна https://republika.mk/vesti/balkan/sestrite-dushka-i-svetlana-bile-macheni-obedinetite-natsii-slushnaa-za-srpskite-stradana-vo-vojnata-vo-bosna/ Thu, 02 May 2024 10:44:22 +0000 https://republika.mk/?p=773370

На иницијатива на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, светот имаше можност за прв пат во зградата на Обединетите нации да види лица и да слушне лични приказни за страдањата на српскиот народ во Босна и Херцеговина.

- Ова е првпат светот да ги види сестрите Душка и Светлана Станиќ, кои како девојчиња на возраст од 6 и 8 години биле однесени во кампот во Рашчани каде биле мачени и малтретирани. Светот ги виде Рајко Драганиќ, кој ги затекна сопругата и родителите мртви, (искасапени) со ќерката и Душан Магазин, чии родители беа заклани кога тој беше момче. Како што му кажале, тие биле убиени од муслимански офицери и офицери на ХВО во Коњиќ.

The post Сестрите Душка и Светлана биле мачени: Обединетите нации слушнаа за српските страдања во војната во Босна appeared first on Република.

Сијарто: Судирот во Украина мора да заврши за да се спречи „лудилото на нуклеарната војна“ https://republika.mk/vesti/svet/sijarto-sudirot-vo-ukraina-mora-da-zavrshi-za-da-se-sprechi-ludiloto-na-nuklearnata-vojna/ Tue, 30 Apr 2024 16:17:09 +0000 https://republika.mk/?p=772704

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, при посета на главниот град на Таџикистан, Душанбе, изјави дека конфликтот во Украина мора брзо да се прекине за да се спречи „лудилото на нуклеарната војна“, а тоа е можно само со пораст на промировните сили на европските парламентарни избори.

Војната претставува сè поголеми предизвици поради постојаното зголемување на масакрот и уништувањето, зголемената испорака на оружје и затоа што некои европски политичари се вовлечени во лудилото на војната, до точка каде што лудилото на нуклеарната војна се појави и во европскиот дискурс. Воената лудило во Западна Европа доби нова димензија и се претвори во еден вид нуклеарна војна. Слушнавме како францускиот и полскиот претседател зборуваат за можноста од нуклеарна војна, посочи Сијарто.

Тој додаде дека ако војната во Украина продолжи да се шири, веројатно ќе ескалира во трета светска војна, а можеби и во нуклеарна војна „и во тој случај сè и сите ќе бидат изгубени, што никој здрав ум не може да го посака“.

Сијарто повика на прекин на огнот и мировни преговори што е можно поскоро.

The post Сијарто: Судирот во Украина мора да заврши за да се спречи „лудилото на нуклеарната војна“ appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, при посета на главниот град на Таџикистан, Душанбе, изјави дека конфликтот во Украина мора брзо да се прекине за да се спречи „лудилото на нуклеарната војна“, а тоа е можно само со пораст на промировните сили на европските парламентарни избори.
Војната претставува сè поголеми предизвици поради постојаното зголемување на масакрот и уништувањето, зголемената испорака на оружје и затоа што некои европски политичари се вовлечени во лудилото на војната, до точка каде што лудилото на нуклеарната војна се појави и во европскиот дискурс. Воената лудило во Западна Европа доби нова димензија и се претвори во еден вид нуклеарна војна. Слушнавме како францускиот и полскиот претседател зборуваат за можноста од нуклеарна војна, посочи Сијарто.
Тој додаде дека ако војната во Украина продолжи да се шири, веројатно ќе ескалира во трета светска војна, а можеби и во нуклеарна војна „и во тој случај сè и сите ќе бидат изгубени, што никој здрав ум не може да го посака“. Сијарто повика на прекин на огнот и мировни преговори што е можно поскоро.

The post Сијарто: Судирот во Украина мора да заврши за да се спречи „лудилото на нуклеарната војна“ appeared first on Република.

]]>
Полска се подготвува за „долга и крвава војна“ https://republika.mk/vesti/svet/polska-se-podgotvuva-za-dolga-i-krvava-vojna/ Mon, 29 Apr 2024 06:48:56 +0000 https://republika.mk/?p=771903

Началникот на Генералштабот на полската армија, генерал Вислав Кукула, изјави дека во текот на следните две до три години, неговата земја ќе ја реформира и ќе ја зајакне својата војска, така што ќе биде подготвена за „крвава и долга војна“.

Денес сме убедени дека евентуалната војна би била долга и крвава, а мнозинството професионални војници не би издржале до крај. Резервистите ќе бидат главни и тие ќе ја завршат војната. Мораме да го промениме начинот на размислување, така што резервистите бројчано ќе влезат во вооружените сили, ќе бидат опремени како професионални војници и обучени на истите курсеви, рече генералот Кукула за јавното полско радио.

Полските генерали во реформата на војската се угледуваат на моделот на Финска, каде вооружените сили имаат само 31.500 професионални војници, но во секој момент нивните редови можат да ги пополнат 280.000 добро обучени резервисти.

Полска планира да ја зајакне армијата на 300.000 војници, меѓу кои ќе има професионални војници, потоа Полјаци кои доброволно го отслужиле воениот рок и Армијата за територијална одбрана, а покрај тоа и активни резервисти, кои до 2039 година треба да брои 150.000.

Полска планира да ја зајакне армијата на 300.000 војници, меѓу кои ќе има професионални војници, потоа Полјаци кои доброволно го отслужиле воениот рок и Војска за територијална одбрана, а покрај тоа и активни резервисти, кои до 2039 година треба да изнесуваат 150.000.

Доброволното служење воен рок и територијалната одбрана се покажаа како успех, не затоа што беа генијално замислени, туку затоа што едноставно ги погодивме очекувањата во општеството. Голем дел од нашето општество сака да биде подготвено и да научи професионално да се бори, рече началникот на Генералштабот.

Полска почна брзо да ја модернизира армијата уште пред рускиот напад на Украина, а продолжува да купува оружје и новата проевропска влада, која се обврза да издвојува четири отсто од БДП годишно за одбрана, што е највисоко во НАТО.

Стравот дека нема гаранции дека Русија ќе застане доколку ја победи Украина и дека Полска нема да биде следната цел, барем додека Москва не ја врати својата сфера на влијание од времето на Студената војна, јавно го изразуваат и официјалните лица и опозиција.

Стравувањето дека нема гаранции дека Русија ќе застане доколку ја победи Украина и дека Полска нема да биде следната цел, барем додека Москва не ја врати својата сфера на влијание од времето на Студената војна, јавно го изразуваат и власта и опозиција.

Можете ли да ми гарантирате дека (рускиот претседател Владимир) Путин нема да нападне ниту една земја на НАТО, го праша полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски новинарот во интервјуто за новиот број на германскиот весник „Билд“.

Тој изјави дека „со оглед на тоа колку пати во историјата Русија ја нападнала Полска“, Полјаците ни сега не би биле изненадени од таков напад , а дека доколку Путин стигне до границите на Полска, ќе го направи истото што го направи Хитлер пред. Втората светска војна со Чешка.

The post Полска се подготвува за „долга и крвава војна“ appeared first on Република.

]]>

Началникот на Генералштабот на полската армија, генерал Вислав Кукула, изјави дека во текот на следните две до три години, неговата земја ќе ја реформира и ќе ја зајакне својата војска, така што ќе биде подготвена за „крвава и долга војна“.
Денес сме убедени дека евентуалната војна би била долга и крвава, а мнозинството професионални војници не би издржале до крај. Резервистите ќе бидат главни и тие ќе ја завршат војната. Мораме да го промениме начинот на размислување, така што резервистите бројчано ќе влезат во вооружените сили, ќе бидат опремени како професионални војници и обучени на истите курсеви, рече генералот Кукула за јавното полско радио.
Полските генерали во реформата на војската се угледуваат на моделот на Финска, каде вооружените сили имаат само 31.500 професионални војници, но во секој момент нивните редови можат да ги пополнат 280.000 добро обучени резервисти. Полска планира да ја зајакне армијата на 300.000 војници, меѓу кои ќе има професионални војници, потоа Полјаци кои доброволно го отслужиле воениот рок и Армијата за територијална одбрана, а покрај тоа и активни резервисти, кои до 2039 година треба да брои 150.000. Полска планира да ја зајакне армијата на 300.000 војници, меѓу кои ќе има професионални војници, потоа Полјаци кои доброволно го отслужиле воениот рок и Војска за територијална одбрана, а покрај тоа и активни резервисти, кои до 2039 година треба да изнесуваат 150.000.
Доброволното служење воен рок и територијалната одбрана се покажаа како успех, не затоа што беа генијално замислени, туку затоа што едноставно ги погодивме очекувањата во општеството. Голем дел од нашето општество сака да биде подготвено и да научи професионално да се бори, рече началникот на Генералштабот.
Полска почна брзо да ја модернизира армијата уште пред рускиот напад на Украина, а продолжува да купува оружје и новата проевропска влада, која се обврза да издвојува четири отсто од БДП годишно за одбрана, што е највисоко во НАТО. Стравот дека нема гаранции дека Русија ќе застане доколку ја победи Украина и дека Полска нема да биде следната цел, барем додека Москва не ја врати својата сфера на влијание од времето на Студената војна, јавно го изразуваат и официјалните лица и опозиција. Стравувањето дека нема гаранции дека Русија ќе застане доколку ја победи Украина и дека Полска нема да биде следната цел, барем додека Москва не ја врати својата сфера на влијание од времето на Студената војна, јавно го изразуваат и власта и опозиција.
Можете ли да ми гарантирате дека (рускиот претседател Владимир) Путин нема да нападне ниту една земја на НАТО, го праша полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски новинарот во интервјуто за новиот број на германскиот весник „Билд“.
Тој изјави дека „со оглед на тоа колку пати во историјата Русија ја нападнала Полска“, Полјаците ни сега не би биле изненадени од таков напад , а дека доколку Путин стигне до границите на Полска, ќе го направи истото што го направи Хитлер пред. Втората светска војна со Чешка.

The post Полска се подготвува за „долга и крвава војна“ appeared first on Република.

]]>
Војна во живо: Израел тврди дека има ракетен напад, Иран вели дека соборува дронови https://republika.mk/vesti/svet/vojna-vo-zhivo-izrael-tvrdi-deka-ima-raketen-napad-iran-veli-deka-soboruva-dronovi/ Fri, 19 Apr 2024 08:24:12 +0000 https://republika.mk/?p=767900

Беспилотни летала беа „успешно соборени“ од иранската ПВО рано утринава, но „засега нема информации за можен ракетен напад“, изјави портпаролот на иранската вселенска агенција.

„Во овој момент нема воздушен напад надвор од Исфахан и во други региони на земјата“, наведе Хосеин Далиријан во изјава објавена на X, по извештајот на американска  телевизија за израелски напад врз Иран.

Израелски проектили погодија цели во Иран, објави Еј-Би-Си Њуз цитирајќи американски официјален претставник, а иранските државни медиуми објавија за експлозија во централниот дел на земјата, неколку дена откако Иран возврати со лансирање беспилотни летала кон Израел.

Иранската новинска агенција Фарс објави дека е регистрирана експлозија на аеродром во централниот град Исфахан.

Иран ги прекина летовите над градовите Исфахан, Шираз и Техеран, соопштија државните медиуми.

Меѓународниот аеродром Имам Хомеини во Техеран беше затворен за сите летови до 07:00 часот по Гринич.

The post Војна во живо: Израел тврди дека има ракетен напад, Иран вели дека соборува дронови appeared first on Република.

]]>

Беспилотни летала беа „успешно соборени“ од иранската ПВО рано утринава, но „засега нема информации за можен ракетен напад“, изјави портпаролот на иранската вселенска агенција.
„Во овој момент нема воздушен напад надвор од Исфахан и во други региони на земјата“, наведе Хосеин Далиријан во изјава објавена на X, по извештајот на американска  телевизија за израелски напад врз Иран.
Израелски проектили погодија цели во Иран, објави Еј-Би-Си Њуз цитирајќи американски официјален претставник, а иранските државни медиуми објавија за експлозија во централниот дел на земјата, неколку дена откако Иран возврати со лансирање беспилотни летала кон Израел. Иранската новинска агенција Фарс објави дека е регистрирана експлозија на аеродром во централниот град Исфахан. Иран ги прекина летовите над градовите Исфахан, Шираз и Техеран, соопштија државните медиуми. Меѓународниот аеродром Имам Хомеини во Техеран беше затворен за сите летови до 07:00 часот по Гринич.

The post Војна во живо: Израел тврди дека има ракетен напад, Иран вели дека соборува дронови appeared first on Република.

]]>
Зеленски: Ќе бидеме принудени да се повлечеме доколку американската воена помош не пристигне наскоро https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-ke-bideme-prinudeni-da-se-povlecheme-dokolku-amerikanskata-voena-pomosh-ne-pristigne-naskoro/ Sat, 30 Mar 2024 14:52:17 +0000 https://republika.mk/?p=760409

Украинските сили ќе мора да ѝ отстапат поголема територија на Русија доколку американската воена помош не пристигне наскоро, предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски во својот најнов и најсериозен апел до Конгресот на САД да усвои пакет воена помош од повеќе милијарди долари.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден се обидува да протурка во Претставничкиот дом пакет за меѓународна помош од 95 милијарди долари, кој вклучува 60 милијарди долари за Украина. Во Претставничкиот дом републиканците го блокираат овој пакет-помош повеќе од еден месец откако беше усвоен во Сенатот.

Зеленски предупреди дека недостигот на помош е драматичен и може да ги загрози големите украински градови.

Ако нема американска поддршка, тоа значи дека немаме противвоздушна одбрана, ракети Патриот, уреди за попречување на електронското војување, артилериски гранати од 155 милиметри - изјави тој за Вашингтон пост за време на интервјуто објавено викендов. „Тоа значи дека ќе се вратиме, ќе се повлекуваме, чекор по чекор, со мали чекори“, додаде Зеленски.

Тој оцени дека Киев ќе биде принуден да направи помалку во војната и да ги зачува ресурсите, што може да има сериозни последици.

– Ако ви требаат 8.000 куршуми дневно за да ја одбраните линијата на фронтот, а имате само, на пример, 2.000 гранати, немате друг избор освен да работите помалку – објасни тој, велејќи дека решението може да биде скратување на линијата на фронтот.

– Ако пукне, Русите би можеле да ги нападнат големите градови, предупреди Зеленски. Голем дел од источна Украина беше под руска воена контрола откако Москва ја започна својата инвазија пред повеќе од две години.

Минатиот месец Киев објави дека се повлекува од Авдијивка, еден од најголемите градови на источниот фронт, кој со месеци беше под руска опсада и е целосно уништен.

The post Зеленски: Ќе бидеме принудени да се повлечеме доколку американската воена помош не пристигне наскоро appeared first on Република.

]]>

Украинските сили ќе мора да ѝ отстапат поголема територија на Русија доколку американската воена помош не пристигне наскоро, предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски во својот најнов и најсериозен апел до Конгресот на САД да усвои пакет воена помош од повеќе милијарди долари. Администрацијата на претседателот Џо Бајден се обидува да протурка во Претставничкиот дом пакет за меѓународна помош од 95 милијарди долари, кој вклучува 60 милијарди долари за Украина. Во Претставничкиот дом републиканците го блокираат овој пакет-помош повеќе од еден месец откако беше усвоен во Сенатот. Зеленски предупреди дека недостигот на помош е драматичен и може да ги загрози големите украински градови. Ако нема американска поддршка, тоа значи дека немаме противвоздушна одбрана, ракети Патриот, уреди за попречување на електронското војување, артилериски гранати од 155 милиметри - изјави тој за Вашингтон пост за време на интервјуто објавено викендов. „Тоа значи дека ќе се вратиме, ќе се повлекуваме, чекор по чекор, со мали чекори“, додаде Зеленски. Тој оцени дека Киев ќе биде принуден да направи помалку во војната и да ги зачува ресурсите, што може да има сериозни последици. – Ако ви требаат 8.000 куршуми дневно за да ја одбраните линијата на фронтот, а имате само, на пример, 2.000 гранати, немате друг избор освен да работите помалку – објасни тој, велејќи дека решението може да биде скратување на линијата на фронтот. – Ако пукне, Русите би можеле да ги нападнат големите градови, предупреди Зеленски. Голем дел од источна Украина беше под руска воена контрола откако Москва ја започна својата инвазија пред повеќе од две години. Минатиот месец Киев објави дека се повлекува од Авдијивка, еден од најголемите градови на источниот фронт, кој со месеци беше под руска опсада и е целосно уништен.

The post Зеленски: Ќе бидеме принудени да се повлечеме доколку американската воена помош не пристигне наскоро appeared first on Република.

]]>
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати https://republika.mk/vesti/svet/vo-ukraina-50-150-litsa-se-vodat-kako-ischeznati/ Thu, 28 Mar 2024 20:51:12 +0000 https://republika.mk/?p=759948

Во Украина, до денеска, се водат како исчезнати 50.150 лица, објави на Фејсбук заменик-началникот на националната полиција на Украина, Андриј Нијебитов.

"Војната го промени опсегот на операциите за пребарување. Пред војната, 12.292 лица се сметаа за исчезнати за сите години на независноста. Од почетокот на руската инвазија, бројот на исчезнати се зголеми за четири пати. Денеска, 50.150 луѓе се уште се водат за исчезнати", напиша Нијебитов.

The post Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати appeared first on Република.

Песков: Русија е во војна откако Западот интервенираше на страната на Украина https://republika.mk/vesti/svet/peskov-rusija-e-vo-vojna-otkako-zapadot-intervenirashe-na-stranata-na-ukraina/ Fri, 22 Mar 2024 10:45:39 +0000 https://republika.mk/?p=757379

Откако Западот интервенираше во специјална воена операција на страната на Украина, специјалната воена операција се претвори во војна, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Ние сме во војна. Да, тоа започна како специјална воена операција, но штом таму беше формирана група, кога колективниот Запад стана учесник на страната на Украина, тоа стана војна за нас. Јас сум убеден во тоа и сите треба да го разберат“, рече Песков во интервју за весникот „Аргументи и факти“.

Тој додаде дека сега најважна работа за Русија е безбедноста на луѓето на териториите кои, како што наведе, биле де факто окупирани од Киев, пренесува РИА Новости.

Тој додаде дека Русија ќе продолжи да дејствува за воениот потенцијал на Украина да не ја загрозува безбедноста на нејзините граѓани и територија.

Песков, исто така, нагласи дека Русија не може да дозволи постоење на држава на нејзините граници која ја документирала својата „намера да користи какви било методи“ за, како што рече, окупација на Крим и нови региони, наведува руската агенција.

The post Песков: Русија е во војна откако Западот интервенираше на страната на Украина appeared first on Република.

]]>

Откако Западот интервенираше во специјална воена операција на страната на Украина, специјалната воена операција се претвори во војна, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Ние сме во војна. Да, тоа започна како специјална воена операција, но штом таму беше формирана група, кога колективниот Запад стана учесник на страната на Украина, тоа стана војна за нас. Јас сум убеден во тоа и сите треба да го разберат“, рече Песков во интервју за весникот „Аргументи и факти“.
Тој додаде дека сега најважна работа за Русија е безбедноста на луѓето на териториите кои, како што наведе, биле де факто окупирани од Киев, пренесува РИА Новости. Тој додаде дека Русија ќе продолжи да дејствува за воениот потенцијал на Украина да не ја загрозува безбедноста на нејзините граѓани и територија. Песков, исто така, нагласи дека Русија не може да дозволи постоење на држава на нејзините граници која ја документирала својата „намера да користи какви било методи“ за, како што рече, окупација на Крим и нови региони, наведува руската агенција.

The post Песков: Русија е во војна откако Западот интервенираше на страната на Украина appeared first on Република.

]]>
Ќе ја продолжам војната со Украина-вети Путин во победничкиот говор https://republika.mk/vesti/svet/ke-ja-prodolzham-vojnata-so-ukraina-veti-putin-vo-pobednichkiot-govor/ Mon, 18 Mar 2024 08:31:57 +0000 https://republika.mk/?p=755770

Рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе ја продолжи војната против Украина и ќе ги зајакне руските вооружени сили за време на новиот претседателски мандат. Тој, исто така, порача дека ќе ги третира предавниците од волонтерски формации „како да се во воена зона“.

Во говорот во изборниот штаб Путин рече дека високата излезност на изборите е последица на драматичните настани низ кои поминува земјата.

Ние сме принудени буквално да ги браниме интересите на нашите граѓани со оружје во раце, рече Путин, мислејќи на војната во Украина, која почна пред повеќе од две години.

Зборувајќи за предизвиците на неговиот нов мандат, рускиот претседател истакна дека е неопходно да се решат задачите на специјалната воена операција (како што Русите ја нарекуваат војната во Украина) и да се зајакнат одбранбените капацитети и вооружените сили.

Тој, исто така, рече дека на сите агенции за спроведување на законот ќе им биде наложено да го разоткријат секој што се бори против Русија со оружје.

Според Путин, претставниците на „Рускиот волонтерски корпус“ (РВЦ) „се фрлаат како топовско месо во мелница за месо на државната граница“. Тој го спореди РВЦ со војската на Власов (Руси кои се бореле на страната на Германците во Втората светска војна) и тврди дека од 1.500 доброволци „околу 800 луѓе биле убиени“. Оваа групација, составена од Руси, се бори на страната на Украина против Русија од самиот почеток и неодамна тие ја презедоа одговорносста за упади на руска територија.

Путин вели и дека во Русија нема смртна казна, но „ќе се однесуваме со предавниците како да се во воена зона“.

Шефот на Кремљ, исто така, рече дека Русија „е за мировни преговори, но само доколку тоа не е затоа што на непријателот му снемува муниција“.

Путин изјави и дека Русија во одреден момент би можела да создаде „санитарна зона“ (тампон зона) на територијата на Украина. Тврди дека ќе биде толку длабока што средствата за уништување, пред се од странското производство, тешко ќе ја надминат.

The post Ќе ја продолжам војната со Украина-вети Путин во победничкиот говор appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе ја продолжи војната против Украина и ќе ги зајакне руските вооружени сили за време на новиот претседателски мандат. Тој, исто така, порача дека ќе ги третира предавниците од волонтерски формации „како да се во воена зона“. Во говорот во изборниот штаб Путин рече дека високата излезност на изборите е последица на драматичните настани низ кои поминува земјата.
Ние сме принудени буквално да ги браниме интересите на нашите граѓани со оружје во раце, рече Путин, мислејќи на војната во Украина, која почна пред повеќе од две години.
Зборувајќи за предизвиците на неговиот нов мандат, рускиот претседател истакна дека е неопходно да се решат задачите на специјалната воена операција (како што Русите ја нарекуваат војната во Украина) и да се зајакнат одбранбените капацитети и вооружените сили. Тој, исто така, рече дека на сите агенции за спроведување на законот ќе им биде наложено да го разоткријат секој што се бори против Русија со оружје. Според Путин, претставниците на „Рускиот волонтерски корпус“ (РВЦ) „се фрлаат како топовско месо во мелница за месо на државната граница“. Тој го спореди РВЦ со војската на Власов (Руси кои се бореле на страната на Германците во Втората светска војна) и тврди дека од 1.500 доброволци „околу 800 луѓе биле убиени“. Оваа групација, составена од Руси, се бори на страната на Украина против Русија од самиот почеток и неодамна тие ја презедоа одговорносста за упади на руска територија. Путин вели и дека во Русија нема смртна казна, но „ќе се однесуваме со предавниците како да се во воена зона“. Шефот на Кремљ, исто така, рече дека Русија „е за мировни преговори, но само доколку тоа не е затоа што на непријателот му снемува муниција“. Путин изјави и дека Русија во одреден момент би можела да создаде „санитарна зона“ (тампон зона) на територијата на Украина. Тврди дека ќе биде толку длабока што средствата за уништување, пред се од странското производство, тешко ќе ја надминат.

The post Ќе ја продолжам војната со Украина-вети Путин во победничкиот говор appeared first on Република.

]]>