војаџер 2 Archives - Република https://republika.mk/tema/vojadher-2/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Aug 2023 14:32:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png војаџер 2 Archives - Република https://republika.mk/tema/vojadher-2/ 32 32 НАСА поради погрешна наредба изгубила контакт со вселенското летало „Војаџер 2“ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/nasa-poradi-pogreshna-naredba-izgubila-kontakt-so-vselenskoto-letalo-vojadher-2/ Wed, 02 Aug 2023 14:32:30 +0000 https://republika.mk/?p=667960

НАСА интензивно трага по каков било сигнал од вселенското летало „Војаџер 2“ откако го изгуби контактот со леталото, коешто во мигов е оддалечено милијарди километри од Земјата.

Американската вселенска агенција, за оваа своја програма, користи огромна антена наречена Комплекс за комуникација со далечната вселена, сместена во Канбера, Австралија. Пред седум дена, погрешен сигнал оттаму предизвикал антената на леталото ненамерно да се оттргне од Земјата, т.е контролорите на НАСА случајно испратиле погрешна команда

. Иако станува збор за многу мала промена, тоа е доволно за да се прекине комуникацијата со „Војаџер 2“.

Со оглед на оддалеченоста, потребни се повеќе од 18 часа сигналот да допатува од леталото до нашата планета.

„Војаџер 2“ беше лансиран 1977 година од Флорида (САД) за да ги истражува тн. надворешни планети во Сончевиот Систем, а тоа се Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Беше лансиран само неколку недели пред леталото „Војаџер 1“. Инаку, „двојката“ излезе од Сончевиот Систем и влезе во меѓуѕвездениот простор во 2018 година, по откритијата на мноштво нови месечини на Уран, и една на Јупитер.

Антената на НАСА во Канбера наредната недела ќе се обиде повторно да го пронајде „Војаџер 2“ и да ја испрати правилната команда. Ако тоа не успее, ќе треба да се почека до октомври кога леталото автоматски ќе се ресетира со надеж дека тоа повторно ќе ја воспостави комуникацијата со Земјата.

The post НАСА поради погрешна наредба изгубила контакт со вселенското летало „Војаџер 2“ appeared first on Република.

]]>

НАСА интензивно трага по каков било сигнал од вселенското летало „Војаџер 2“ откако го изгуби контактот со леталото, коешто во мигов е оддалечено милијарди километри од Земјата. Американската вселенска агенција, за оваа своја програма, користи огромна антена наречена Комплекс за комуникација со далечната вселена, сместена во Канбера, Австралија. Пред седум дена, погрешен сигнал оттаму предизвикал антената на леталото ненамерно да се оттргне од Земјата, т.е контролорите на НАСА случајно испратиле погрешна команда . Иако станува збор за многу мала промена, тоа е доволно за да се прекине комуникацијата со „Војаџер 2“. Со оглед на оддалеченоста, потребни се повеќе од 18 часа сигналот да допатува од леталото до нашата планета. „Војаџер 2“ беше лансиран 1977 година од Флорида (САД) за да ги истражува тн. надворешни планети во Сончевиот Систем, а тоа се Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Беше лансиран само неколку недели пред леталото „Војаџер 1“. Инаку, „двојката“ излезе од Сончевиот Систем и влезе во меѓуѕвездениот простор во 2018 година, по откритијата на мноштво нови месечини на Уран, и една на Јупитер. Антената на НАСА во Канбера наредната недела ќе се обиде повторно да го пронајде „Војаџер 2“ и да ја испрати правилната команда. Ако тоа не успее, ќе треба да се почека до октомври кога леталото автоматски ќе се ресетира со надеж дека тоа повторно ќе ја воспостави комуникацијата со Земјата.

The post НАСА поради погрешна наредба изгубила контакт со вселенското летало „Војаџер 2“ appeared first on Република.

]]>