воени бази Archives - Република https://republika.mk/tema/voeni-bazi/ За подобро да се разбереме Wed, 10 Jul 2024 07:24:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png воени бази Archives - Република https://republika.mk/tema/voeni-bazi/ 32 32 На Курти му пречат воените бази на Србија близу границата https://republika.mk/vesti/balkan/na-kurti-mu-prechat-voenite-bazi-na-srbija-blizu-granitsata/ Wed, 10 Jul 2024 07:24:07 +0000 https://republika.mk/?p=795148

Косовскиот премиер Албин Курти побара од меѓународната заедница да изврши притисок врз Србија да ги отстрани воените бази кои ги подигнала околу границата со Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешното интервју за Си-Ен-Ен, кое го пренесуваат косовските медиуми, Курти нагласи дека Србија и Русија се слични поради заедничкиот интерес за проширување на нивните територии.

Тој додаде дека Србија чека можност да влезе во Косово и дека западните партнери треба да го спречат тоа.

- Нашиот сосед Србија е многу агресивен кон Косово, првично не признавајќи го како независна држава. Покрај тоа, води хибридна војна и спроведува воени вежби на границата. Има 48 оперативни бази околу косовската граница кои чекаат прозорец на можности. Она што го бараме од западните партнери е да се изврши притисок врз Белград да ги повлече овие бази, од кои секоја има по 50-150 војници. Ако зборуваме од политички аспект, Србија е слична на Руската Федерација. Тие навистина не ги признаваат де факто и де јуре нивните соседи. Им прават проблеми на соседите бидејќи сакаат да се прошируваат, рече Курти.

На прашањето што направи НАТО за Косово, косовскиот премиер ја истакна големата улога на Алијансата за ослободување на земјата, нагласувајќи дека таа “го запре српскиот геноцид“ врз Албанците.

- Минатиот месец ја прославивме 25-годишнината од ослободувањето на нашата земја и тоа немаше да биде можно без интервенција на НАТО, без авионите на НАТО кои 78 дена ги бомбардираа полициските и воените сили на српскиот лидер, Слободан Милошевиќ. Тоа беше четврта војна што започна на територијата на поранешна Југославија. Во текот на 1990-тите, имаше десетици масакри врз цивилното население во Косово каде што беа убиени жени, деца и старци, беа силувани жени, палени куќи и цели села. Сето ова беше геноциден проект на Милошевиќ, рече Курти за Си-Ен-Ен

The post На Курти му пречат воените бази на Србија близу границата appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти побара од меѓународната заедница да изврши притисок врз Србија да ги отстрани воените бази кои ги подигнала околу границата со Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното интервју за Си-Ен-Ен, кое го пренесуваат косовските медиуми, Курти нагласи дека Србија и Русија се слични поради заедничкиот интерес за проширување на нивните територии. Тој додаде дека Србија чека можност да влезе во Косово и дека западните партнери треба да го спречат тоа. - Нашиот сосед Србија е многу агресивен кон Косово, првично не признавајќи го како независна држава. Покрај тоа, води хибридна војна и спроведува воени вежби на границата. Има 48 оперативни бази околу косовската граница кои чекаат прозорец на можности. Она што го бараме од западните партнери е да се изврши притисок врз Белград да ги повлече овие бази, од кои секоја има по 50-150 војници. Ако зборуваме од политички аспект, Србија е слична на Руската Федерација. Тие навистина не ги признаваат де факто и де јуре нивните соседи. Им прават проблеми на соседите бидејќи сакаат да се прошируваат, рече Курти. На прашањето што направи НАТО за Косово, косовскиот премиер ја истакна големата улога на Алијансата за ослободување на земјата, нагласувајќи дека таа “го запре српскиот геноцид“ врз Албанците.
- Минатиот месец ја прославивме 25-годишнината од ослободувањето на нашата земја и тоа немаше да биде можно без интервенција на НАТО, без авионите на НАТО кои 78 дена ги бомбардираа полициските и воените сили на српскиот лидер, Слободан Милошевиќ. Тоа беше четврта војна што започна на територијата на поранешна Југославија. Во текот на 1990-тите, имаше десетици масакри врз цивилното население во Косово каде што беа убиени жени, деца и старци, беа силувани жени, палени куќи и цели села. Сето ова беше геноциден проект на Милошевиќ, рече Курти за Си-Ен-Ен

The post На Курти му пречат воените бази на Србија близу границата appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: На Србија не ѝ се потребни ничии воени бази https://republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-na-srbija-ne-se-potrebni-nichii-voeni-bazi/ Tue, 16 Aug 2022 13:45:56 +0000 https://republika.mk/?p=540974

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во интервју за ТВ Прва изјави дека на земјата „не и се потребни ничии воени бази“. Ваквата информација се прошири низ српските медиуми, откако рускиот амбасадор во Белград минатата недела говореше за ваквите планови.

Неодамнешната изјава на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, дека „Србија повеќе нема да може да седи на три столчиња“, Белград ја толкува како предупредување.

-На Србија не и требаат ничии воени бази. Ќе ја задржи воената неутралност и сојузничките односи. Таа нема да се срами од врските со Русија, Кина, САД и ЕУ и ќе се грижи за себе, изјави Вучиќ во интервју за српската ТВ Прва.

Изјавата на рускиот амбасадор во Белград, Александар Ботсан-Карченко отвори неколку прашања во српската јавност.

Воспоставувањето на руска воена база во Србија е суверен чин на оваа земја, а тоа е и прашање што се однесува на интересите на самата Руска Федерација, рече рускиот амбасадор.

Неколку српски медиуми и експерти ја обвинија Русија дека „ширејќи информации за руската воена база, намерно ги поткопува интересите на Србија во време кога Западот внимателно ја следи во врска со формирањето нова влада и одлуката за приклучување на западните санкции против неа.

The post Вучиќ: На Србија не ѝ се потребни ничии воени бази appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во интервју за ТВ Прва изјави дека на земјата „не и се потребни ничии воени бази“. Ваквата информација се прошири низ српските медиуми, откако рускиот амбасадор во Белград минатата недела говореше за ваквите планови. Неодамнешната изјава на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, дека „Србија повеќе нема да може да седи на три столчиња“, Белград ја толкува како предупредување. -На Србија не и требаат ничии воени бази. Ќе ја задржи воената неутралност и сојузничките односи. Таа нема да се срами од врските со Русија, Кина, САД и ЕУ и ќе се грижи за себе, изјави Вучиќ во интервју за српската ТВ Прва. Изјавата на рускиот амбасадор во Белград, Александар Ботсан-Карченко отвори неколку прашања во српската јавност. Воспоставувањето на руска воена база во Србија е суверен чин на оваа земја, а тоа е и прашање што се однесува на интересите на самата Руска Федерација, рече рускиот амбасадор. Неколку српски медиуми и експерти ја обвинија Русија дека „ширејќи информации за руската воена база, намерно ги поткопува интересите на Србија во време кога Западот внимателно ја следи во врска со формирањето нова влада и одлуката за приклучување на западните санкции против неа.

The post Вучиќ: На Србија не ѝ се потребни ничии воени бази appeared first on Република.

]]>