Воена болница Archives - Република https://republika.mk/tema/voena-bolnitsa/ За подобро да се разбереме Sun, 03 Mar 2024 19:12:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Воена болница Archives - Република https://republika.mk/tema/voena-bolnitsa/ 32 32 Германија се подготвува за војна, САД им ја градат најголемата воена болница https://republika.mk/vesti/svet/germanija-se-podgotvuva-za-vojna-sad-im-ja-gradat-najgolemata-voena-bolnitsa/ Sun, 03 Mar 2024 13:51:26 +0000 https://republika.mk/?p=750736

Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах вели дека здравствениот сектор во таа земја мора да биде подобро подготвен за сите предизвици, вклучително и воените конфликти.

Дојче веле наведува дека Германија има и воени болници, а се гради и најголемата американска воена болница надвор од територијата на таа земја.

– Би било глупаво да се каже дека не се подготвуваме за воени конфликти, а потоа случајно да мислиме дека поради тоа нема да се случи – изјави Лаутербах.

Германскиот здравствен систем „покрај пандемии, мора подобро да се подготви и за големи катастрофи и можни воени конфликти“.

- Седењето со скрстени раце не е опција. Потребна ни е пресвртница и во здравството, особено ако се земе предвид фактот дека во случај на напад на некоја од земјите на НАТО, Германија би станала центар за лекување на повредените и од други земји - рече Лаутербах.

Секој лекар мора да знае што да прави

Во Вајлербах во областа Кајзерслаутерн во моментов се гради нова американска воена болница, вредна повеќе од една милијарда евра, од кои Германија ги сноси трошоците од 151 милион евра.

Тоа ќе биде најголемата американска болница во друга држава. кога бараше локација ,Пентагон се одлучи за Вајлербах.

Предноста е што новата болница директно преку мост ќе биде поврзана со воздухопловната база Рамштајн.

Вистинските градежни работи на американската болница Вајлербах започнаа во октомври 2022 година.

По завршувањето на изградбата, оваа американска воена болница ќе има вкупно 4.680 соби, од кои 120 сали за прегледи и девет операциони сали.

Планирано е комплетните градежни работи на површина од 90.000 метри квадратни и на амбулантата со димензии 600х300 метри да бидат завршени до крајот на 2027 година.На крајот на минатиот месец беше утврдено дека засега се се одвива според планот

The post Германија се подготвува за војна, САД им ја градат најголемата воена болница appeared first on Република.

]]>

Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах вели дека здравствениот сектор во таа земја мора да биде подобро подготвен за сите предизвици, вклучително и воените конфликти. Дојче веле наведува дека Германија има и воени болници, а се гради и најголемата американска воена болница надвор од територијата на таа земја.
– Би било глупаво да се каже дека не се подготвуваме за воени конфликти, а потоа случајно да мислиме дека поради тоа нема да се случи – изјави Лаутербах.
  Германскиот здравствен систем „покрај пандемии, мора подобро да се подготви и за големи катастрофи и можни воени конфликти“.
- Седењето со скрстени раце не е опција. Потребна ни е пресвртница и во здравството, особено ако се земе предвид фактот дека во случај на напад на некоја од земјите на НАТО, Германија би станала центар за лекување на повредените и од други земји - рече Лаутербах.

Секој лекар мора да знае што да прави

Во Вајлербах во областа Кајзерслаутерн во моментов се гради нова американска воена болница, вредна повеќе од една милијарда евра, од кои Германија ги сноси трошоците од 151 милион евра. Тоа ќе биде најголемата американска болница во друга држава. кога бараше локација ,Пентагон се одлучи за Вајлербах. Предноста е што новата болница директно преку мост ќе биде поврзана со воздухопловната база Рамштајн. Вистинските градежни работи на американската болница Вајлербах започнаа во октомври 2022 година. По завршувањето на изградбата, оваа американска воена болница ќе има вкупно 4.680 соби, од кои 120 сали за прегледи и девет операциони сали. Планирано е комплетните градежни работи на површина од 90.000 метри квадратни и на амбулантата со димензии 600х300 метри да бидат завршени до крајот на 2027 година.На крајот на минатиот месец беше утврдено дека засега се се одвива според планот

The post Германија се подготвува за војна, САД им ја градат најголемата воена болница appeared first on Република.

]]>
Ноќно се гради висококатницата кај Воена, иако Конзерваторски центар го поништи решението https://republika.mk/vesti/skopje/nokno-se-gradi-visokokatnitsata-kaj-voena-iako-konzervatorski-tsentar-go-ponishti-reshenieto/ Tue, 27 Feb 2024 07:45:53 +0000 https://republika.mk/?p=748720

Иако Конзерваторскиот центар одлучи да го поништи позитивното мислење за изградба на зградата сред болничкиот комплекс кај Воена болница, градежните работи продолжија и тоа навечер.

https://republika.mk/vesti/skopje/ako-jakimovski-prodolzhi-kako-dosega-na-sila-da-gi-turka-planovite-ke-protestirame-24-chasa-pred-opshtina-karposh/

Видео од местото на кое се гледа дека противзаконско се гради зградата против која граѓаните на Карпош протестираат:

The post Ноќно се гради висококатницата кај Воена, иако Конзерваторски центар го поништи решението appeared first on Република.

]]>

Иако Конзерваторскиот центар одлучи да го поништи позитивното мислење за изградба на зградата сред болничкиот комплекс кај Воена болница, градежните работи продолжија и тоа навечер. https://republika.mk/vesti/skopje/ako-jakimovski-prodolzhi-kako-dosega-na-sila-da-gi-turka-planovite-ke-protestirame-24-chasa-pred-opshtina-karposh/ Видео од местото на кое се гледа дека противзаконско се гради зградата против која граѓаните на Карпош протестираат:

The post Ноќно се гради висококатницата кај Воена, иако Конзерваторски центар го поништи решението appeared first on Република.

]]>
Ако Јакимовски продолжи како досега на сила да ги турка плановите ќе протестираме 24 часа пред Општина Карпош https://republika.mk/vesti/skopje/ako-jakimovski-prodolzhi-kako-dosega-na-sila-da-gi-turka-planovite-ke-protestirame-24-chasa-pred-opshtina-karposh/ Wed, 21 Feb 2024 14:11:08 +0000 https://republika.mk/?p=746620

Како жители на општина Карпош кои се загрижени за својата и иднината на своите најблиски ја поздравуваме одлуката на Конзерваторскиот центар да го поништи позитивното мислење за изградба на зградата сред болничкиот комплекс кај Воена болница, велат од граѓанската иницијатива „Со срце за Карпош“, додавајќи дека ваквата одлука е во интерес на сите жители на Општина Карпош.

Доста е од насилна бетонизација на нашата општина поради лични бизнис интереси на определени лица. Ја поздравуваме одлуката на Министерството за култура со која се бришат маркици во нашата општина, бидејќи речиси 3 години како Јакимовски е градоначалник се носат скандалозни маркици и одлуки за бетонизација на Карпош. Апелираме Градоначалникот, Стевчо Јакимовски да се заангажира повеќе со работа во својата општина и да внимава какви одобренија за градба издава. Доста ни е од Градоначалник кој наместо да се грижи за своите граѓани и луѓето кои го избрале, се меша во работата и одлуките на други општини. Да си ја гледа работата дома и да не се меша во други општини кај што има свој личен бизнис интерес како што е последниот случај со мешањето во општина Ѓорче Петров. Ние и понатаму ќе бидеме против насилна бетонизација на општина Карпош и секогаш ќе даваме поддршка единствено на одлуки кои се во интерес на граѓаните на нашата општина. Во координација со другите граѓански организации истакнуваме дека доколку Јакимовски продолжи како досега на сила да ги турка плановите ќе протестираме 24 часа пред општина Карпош, порачаа од „Со срце за Карпош“.

The post Ако Јакимовски продолжи како досега на сила да ги турка плановите ќе протестираме 24 часа пред Општина Карпош appeared first on Република.

Костадиновска-Стојчевска бара да се поништи конзерваторското решение за зградата кај Воена болница https://republika.mk/vesti/skopje/kostadinovska-stojchevska-bara-da-se-ponishti-konzervatorskoto-reshenie-za-zgradata-kaj-voena-bolnitsa/ Wed, 21 Feb 2024 12:52:19 +0000 https://republika.mk/?p=746575

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, за изградбата на висококатницата до Воена болница во Скопје, информираше дека го добила Извештајот од работната група од Министерството за култура и дека денеска постапила по него.

„Во Извештајот е наведено дека издаденото конзерваторско решение не е во согласност со Правилникот што е постоечки по Законот за заштита на културно наследство и затоа предметот го враќаме назад кај првостепениот орган, поточно кај Конзерваторски центар – Скопје, и очекуваме тоа одобрение уште денес да биде поништено“.

Костадиновска-Стојчевска објасни дека работната група, според своите надлежности, вршеше надзор од формално-правен аспект на издаденото конзерваторско мислење од Конзерваторскиот центар – Скопје. Таа рече дека не се работи за одолжување на процесот, туку дека во случајот и друга надлежна институција, а тоа е Управата за заштита на културното наследство, беше повикана да постапи и да изврши надзор, бидејќи тие вршат надзор во однос на Законот за заштита на културното наследство.

 „Тие инспектори, како што кажав и минатата недела, не излегуваа на терен од засега непознати причини, дури вчера беа во Националната установа Конзерваторски центар – Скопје, и содржината на нивното мислење не ми е позната, но она што беше во наш домен по цела документација што беше прибрана, денес се обративме до Националната установа Конзерваторски центар – Скопје, разговаравме со в. д. директорката и очекувам во текот на денов, како првостепен орган, како што го донесе решението така и да го поништи.“

Костадиновска-Стојчевска посочи дека за стручниот дел, за содржината на конзерваторското одобрение за посочената парцела кај „Воена болница“, се надлежни стручните институции од оваа област. 

The post Костадиновска-Стојчевска бара да се поништи конзерваторското решение за зградата кај Воена болница appeared first on Република.