воен злосторник Archives - Република https://republika.mk/tema/voen-zlostornik/ За подобро да се разбереме Sat, 08 Jun 2024 08:05:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png воен злосторник Archives - Република https://republika.mk/tema/voen-zlostornik/ 32 32 Уште еден Србин обвинет за воени злосторства во Косово https://republika.mk/vesti/balkan/ushte-eden-srbin-obvinet-za-voeni-zlostorstva-vo-kosovo/ Sat, 08 Jun 2024 08:05:19 +0000 https://republika.mk/?p=785662

Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против осомничен за воени злосторства врз цивилното население за време на војната во Косово во 1998-1999 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Обвинителството го обвинува осомничениот М.П., кој има двојно српско и косовско државјанство, за учество во убиството на тројца цивили во населба во Призрен во 1998 година.

Осомничениот е обвинет дека учествувал во убиството на жртвите Решат Дачај, Бинак Дачај и Фатмир Бојаџиу за време на војната во Косово, во периодот околу 1 септември 1998 година, во околината на населбата „Хоќа Махала“ во Призрен“, се наведува во соопштението објавено синоќа.

Обвинителството го товари М.П. за кривично дело „воено злосторство врз цивилно население“, санкционирано со член 142 во врска со член 22 од Кривичниот закон на СФР Југославија, кој бил на сила во тоа време.

Осомничениот, кој е уапсен во септември минатата година, ќе остане во притвор до нова одлука на судот, се наведува во соопштението.

Специјалното обвинителство на Косово во декември минатата година соопшти дека поднело вкупно 33 обвиненија, во кои се инволвирани 89 лица, за воени злосторства во Косово во 1998-99 година, пишува Радио Слободна Европа.

Од крајот на последната војна во Косово, околу 70 лица се осудени за воени злосторства пред локалните и меѓународните судски институции.

Од 2000 до 2008 година, воените злосторства во Косово ги истражуваше Мисијата на Обединетите нации на Косово (УНМИК), додека од 2008 година, Мисијата на Европската Унија за владеење на правото (ЕУЛЕКС).

Во 2018 година оваа мисија ги достави предметите до Косовското обвинителство и до локалните судови.

За време на последната војна во Косово во 1998-99 година, беа убиени над 13.000 цивили, а илјадници други исчезнаа.

Над 1.600 лица се уште се водат како исчезнати - повеќето Албанци, наведува РСЕ.

The post Уште еден Србин обвинет за воени злосторства во Косово appeared first on Република.

]]>

Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против осомничен за воени злосторства врз цивилното население за време на војната во Косово во 1998-1999 година, јави дописникот на МИА од Приштина. Обвинителството го обвинува осомничениот М.П., кој има двојно српско и косовско државјанство, за учество во убиството на тројца цивили во населба во Призрен во 1998 година.
Осомничениот е обвинет дека учествувал во убиството на жртвите Решат Дачај, Бинак Дачај и Фатмир Бојаџиу за време на војната во Косово, во периодот околу 1 септември 1998 година, во околината на населбата „Хоќа Махала“ во Призрен“, се наведува во соопштението објавено синоќа.
Обвинителството го товари М.П. за кривично дело „воено злосторство врз цивилно население“, санкционирано со член 142 во врска со член 22 од Кривичниот закон на СФР Југославија, кој бил на сила во тоа време. Осомничениот, кој е уапсен во септември минатата година, ќе остане во притвор до нова одлука на судот, се наведува во соопштението. Специјалното обвинителство на Косово во декември минатата година соопшти дека поднело вкупно 33 обвиненија, во кои се инволвирани 89 лица, за воени злосторства во Косово во 1998-99 година, пишува Радио Слободна Европа. Од крајот на последната војна во Косово, околу 70 лица се осудени за воени злосторства пред локалните и меѓународните судски институции. Од 2000 до 2008 година, воените злосторства во Косово ги истражуваше Мисијата на Обединетите нации на Косово (УНМИК), додека од 2008 година, Мисијата на Европската Унија за владеење на правото (ЕУЛЕКС). Во 2018 година оваа мисија ги достави предметите до Косовското обвинителство и до локалните судови. За време на последната војна во Косово во 1998-99 година, беа убиени над 13.000 цивили, а илјадници други исчезнаа. Над 1.600 лица се уште се водат како исчезнати - повеќето Албанци, наведува РСЕ.

The post Уште еден Србин обвинет за воени злосторства во Косово appeared first on Република.

]]>
За фронтменот на „Пинк флојд“ Роџер Ватерс, Бајден е „воен злосторник“ https://republika.mk/vesti/svet/za-frontmenot-na-pink-flojd-rodzer-vaters-bajden-e-voen-zlostornik/ Sun, 07 Aug 2022 20:45:40 +0000 https://republika.mk/?p=537783

Роџер Вaтерс фронтмен на култната „Пинк Флојд“ е на турнеја низ САД, на чии концерти на голем екран се појавува слајд шоу со слики на разни личности означени како „воен криминалец“, меѓу кои се појавува и ликот на претседателот на САД, Џо Бајден. 

Во синоќешното интервју со Мајкл Смеркониш, новинар и водител на Си-ен-ен, Вaтерс го бранеше етикетирањето на Бајден како воен злосторник. 

Во слајд шоуто претседателот на САД се појавува веднаш по неговиот претходник, Доналд Трамп, меѓу другите личности, со порака до концертните фанови дека сегашниот претседател „само што почнал“ со воените злосторства. 

Во разговорот, Смеркониш, кој веднаш истакна дека е обожавател на музиката на Вaтерс, но дека со него не споделува повеќе политички ставови, музичарот беше прашан зошто смета дека Бајден треба да биде дел од таа навредлива концертна презентација. 

Па, за почеток, тој го разгорува огнот во Украина – тоа е големо злосторство. Зошто Соединетите Американски Држави не го охрабрат (украинскиот) претседател (Володомир) Зеленски да преговара, за да нема потреба од ова ужасна и грозоморна војна која убива… не знаме колку многу Руси - рече Вотерс. 

Смеркониш одговори посочувајќи му на Вaтерс дека тој „го сфатил ова погрешно“ и дека музичарот греши кога „ја обвинува страната која е под инвазија“. Вaтерс го бранеше својот став со зборовите „па, секоја војна, кога почнува? Треба да се вратиш назад во историјата и да кажеш, почнала на овој ден“. 

Може да се каже дека почна во 2008 – оваа војна е во основа акција и реакција на притисокот на НАТО директно до границите на Русија, што тие ветија дека нема да го прават кога (последниот лидер на Советскиот Сојуз, Михаил) Горбачов преговараше за повлекување на СССР од Источна Европа. 

Смеркониш, зачуден од ваквите ставови го наговараше Вaтерс да ја прифати како „ослободител“ улогата на САД во војната меѓу Украина и Русија, на што Вотерс мослкавично одговара дека „вие немате улога на ослободители. Што зборуваш“

Смеркониш ја става на маса темата за Втората светска војна како пример, нo Вотерс брзо ја отфрли велејќи дека „вие (САД) влеговте во Втора светска војна поради Перл Харбор. Вие бевте комплетни изолационисти сѐ до тој тажен, уништувачки и грозен ден (неразбирливо) - во 1941“. 

Посочувајќи дека татко му на Вотерс загинал во војната, Смеркониш се обидува да реплицира со „би сметал дека кога и да е ние ќе се вклучевме (во војната) но (Перл Харбор) не турна побрзо. Но, фала Богу Соединетите Држави влегоа во војната, нели е така“? 

Вотерс повторно отфрла со „но, фала Богу Русите веќе речиси победија во крвавата војна, до тогаш. Не заборавај, 23 милиони Русија загинаа во војната бранејќи ме мене и тебе од наци заканата“. 

Кога Смеркониш се обиде да поентира дека Русите би требало да ја научат лекцијата од војната и да не ја напаѓаат Украина, Вотерс туторски му вели „Мајкл, со сето твое читање, те советувам да одиш и да почиташ уште малку и тогаш да се обидеш да сфатиш што САД би направиле ако Кина постави нукларни проектили во Мексико и Канада“. 

Разговорот продолжува без совпаѓање на ставовите и за човековите права, американската војна во Авганистан и Ирак, Кина и Тајван. 

Турнејата на Вотерс е наречeна „Ова не е воена вежба“ (This is Not a Drill) и деновие се одвива во повеќе градови низ САДНа 16 август тој настапува и во престолнината Вашингтон. На шоуто се зборува и за полициското насилство врз Афроамериканците, полуавтоматските оружја, за абортусот и сето тоа се покажува на огромен видео екран во форма на крст. 

The post За фронтменот на „Пинк флојд“ Роџер Ватерс, Бајден е „воен злосторник“ appeared first on Република.

]]>

Роџер Вaтерс фронтмен на култната „Пинк Флојд“ е на турнеја низ САД, на чии концерти на голем екран се појавува слајд шоу со слики на разни личности означени како „воен криминалец“, меѓу кои се појавува и ликот на претседателот на САД, Џо Бајден.  Во синоќешното интервју со Мајкл Смеркониш, новинар и водител на Си-ен-ен, Вaтерс го бранеше етикетирањето на Бајден како воен злосторник.  Во слајд шоуто претседателот на САД се појавува веднаш по неговиот претходник, Доналд Трамп, меѓу другите личности, со порака до концертните фанови дека сегашниот претседател „само што почнал“ со воените злосторства.  Во разговорот, Смеркониш, кој веднаш истакна дека е обожавател на музиката на Вaтерс, но дека со него не споделува повеќе политички ставови, музичарот беше прашан зошто смета дека Бајден треба да биде дел од таа навредлива концертна презентација. 
Па, за почеток, тој го разгорува огнот во Украина – тоа е големо злосторство. Зошто Соединетите Американски Држави не го охрабрат (украинскиот) претседател (Володомир) Зеленски да преговара, за да нема потреба од ова ужасна и грозоморна војна која убива… не знаме колку многу Руси - рече Вотерс. 
Смеркониш одговори посочувајќи му на Вaтерс дека тој „го сфатил ова погрешно“ и дека музичарот греши кога „ја обвинува страната која е под инвазија“. Вaтерс го бранеше својот став со зборовите „па, секоја војна, кога почнува? Треба да се вратиш назад во историјата и да кажеш, почнала на овој ден“. 
Може да се каже дека почна во 2008 – оваа војна е во основа акција и реакција на притисокот на НАТО директно до границите на Русија, што тие ветија дека нема да го прават кога (последниот лидер на Советскиот Сојуз, Михаил) Горбачов преговараше за повлекување на СССР од Источна Европа. 
Смеркониш, зачуден од ваквите ставови го наговараше Вaтерс да ја прифати како „ослободител“ улогата на САД во војната меѓу Украина и Русија, на што Вотерс мослкавично одговара дека „вие немате улога на ослободители. Што зборуваш“ Смеркониш ја става на маса темата за Втората светска војна како пример, нo Вотерс брзо ја отфрли велејќи дека „вие (САД) влеговте во Втора светска војна поради Перл Харбор. Вие бевте комплетни изолационисти сѐ до тој тажен, уништувачки и грозен ден (неразбирливо) - во 1941“.  Посочувајќи дека татко му на Вотерс загинал во војната, Смеркониш се обидува да реплицира со „би сметал дека кога и да е ние ќе се вклучевме (во војната) но (Перл Харбор) не турна побрзо. Но, фала Богу Соединетите Држави влегоа во војната, нели е така“?  Вотерс повторно отфрла со „но, фала Богу Русите веќе речиси победија во крвавата војна, до тогаш. Не заборавај, 23 милиони Русија загинаа во војната бранејќи ме мене и тебе од наци заканата“.  Кога Смеркониш се обиде да поентира дека Русите би требало да ја научат лекцијата од војната и да не ја напаѓаат Украина, Вотерс туторски му вели „Мајкл, со сето твое читање, те советувам да одиш и да почиташ уште малку и тогаш да се обидеш да сфатиш што САД би направиле ако Кина постави нукларни проектили во Мексико и Канада“.  Разговорот продолжува без совпаѓање на ставовите и за човековите права, американската војна во Авганистан и Ирак, Кина и Тајван.  Турнејата на Вотерс е наречeна „Ова не е воена вежба“ (This is Not a Drill) и деновие се одвива во повеќе градови низ САДНа 16 август тој настапува и во престолнината Вашингтон. На шоуто се зборува и за полициското насилство врз Афроамериканците, полуавтоматските оружја, за абортусот и сето тоа се покажува на огромен видео екран во форма на крст. 

The post За фронтменот на „Пинк флојд“ Роџер Ватерс, Бајден е „воен злосторник“ appeared first on Република.

]]>
Американскиот сенат го прогласи Путин за воен злосторник https://republika.mk/vesti/svet/amerikanskiot-senat-go-proglasi-putin-za-voen-zlostornik-2/ Wed, 16 Mar 2022 10:37:34 +0000 https://republika.mk/?p=473661

Американскиот Сенат едногласно донесе Резолуција со која рускиот претседател Владимир Путин се прогласува за воен злосторник, што претставува ретка демонстрација на единство во поделениот Конгрес.

Резолуцијата, која ја претстави републиканската сенаторка, Линдзи Греем и која наиде на поддршка од сенатори од обете страни, е поттик за Меѓународниот кривичен суд во Хаг и други нации да целат на руската војска во било која истрага за воени злосторства што се сторени за време на инвазијата на Украина.

„Ројтерс“ го цитира лидерот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер во говорот во пресрет на гласањето.

„Сите ние во оваа сала се здруживме со републиканците и демократите да кажеме дека Владимир Путин не може да избегне одговорност за сторените злосторства над украинскиот народ“, истакна тој.

The post Американскиот сенат го прогласи Путин за воен злосторник appeared first on Република.

]]>

Американскиот Сенат едногласно донесе Резолуција со која рускиот претседател Владимир Путин се прогласува за воен злосторник, што претставува ретка демонстрација на единство во поделениот Конгрес. Резолуцијата, која ја претстави републиканската сенаторка, Линдзи Греем и која наиде на поддршка од сенатори од обете страни, е поттик за Меѓународниот кривичен суд во Хаг и други нации да целат на руската војска во било која истрага за воени злосторства што се сторени за време на инвазијата на Украина. „Ројтерс“ го цитира лидерот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер во говорот во пресрет на гласањето. „Сите ние во оваа сала се здруживме со републиканците и демократите да кажеме дека Владимир Путин не може да избегне одговорност за сторените злосторства над украинскиот народ“, истакна тој.

The post Американскиот сенат го прогласи Путин за воен злосторник appeared first on Република.

]]>
Американскиот Сенат го прогласи Путин за воен злосторник https://republika.mk/vesti/svet/amerikanskiot-senat-go-proglasi-putin-za-voen-zlostornik/ Wed, 16 Mar 2022 09:00:28 +0000 https://republika.mk/?p=473575

Сенатот на САД вчера едногласно усвои резолуција со која рускиот претседател Владимир Путин се осудува како воен злосторник, пренесе ДПА.

Резолуцијата, претставена од републиканскиот сенатор Линдзи Греам и поддржана од сенаторите на двете страни, го охрабри Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг и другите земји да ја земат за цел руската војска во секоја истрага за воени злосторства извршени за време на руската окупација на Украина, се наведува во соопштението.

Според лидерот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер, демократите и републиканците се здружија за да кажат дека „Владимир Путин не може да избега од одговорноста за злосторствата извршени врз украинскиот народ“, додава ДПА.

Минатата недела, двата дома на американскиот Конгрес го одобрија законот со кој се обезбедува помош од 13,6 милијарди долари за Украина и нејзините европски сојузници. Американскиот претседател Џо Бајден законот го потпиша вчера.

The post Американскиот Сенат го прогласи Путин за воен злосторник appeared first on Република.

]]>

Сенатот на САД вчера едногласно усвои резолуција со која рускиот претседател Владимир Путин се осудува како воен злосторник, пренесе ДПА.
Резолуцијата, претставена од републиканскиот сенатор Линдзи Греам и поддржана од сенаторите на двете страни, го охрабри Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг и другите земји да ја земат за цел руската војска во секоја истрага за воени злосторства извршени за време на руската окупација на Украина, се наведува во соопштението.
Според лидерот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер, демократите и републиканците се здружија за да кажат дека „Владимир Путин не може да избега од одговорноста за злосторствата извршени врз украинскиот народ“, додава ДПА. Минатата недела, двата дома на американскиот Конгрес го одобрија законот со кој се обезбедува помош од 13,6 милијарди долари за Украина и нејзините европски сојузници. Американскиот претседател Џо Бајден законот го потпиша вчера.

The post Американскиот Сенат го прогласи Путин за воен злосторник appeared first on Република.

]]>