воен инвалид Archives - Република https://republika.mk/tema/voen-invalid/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Jul 2022 11:08:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png воен инвалид Archives - Република https://republika.mk/tema/voen-invalid/ 32 32 Воен инвалид од кочанско Оризари барал хуманитарна помош, личните податоци му ги злоупотребиле за подигање брзи кредити https://republika.mk/vesti/crna-hronika/voen-invalid-od-kochansko-orizari-baral-humanitarna-pomosh-lichnite-podatoci-mu-gi-zloupotrebile-za-podiganje-brzi-krediti/ Thu, 28 Jul 2022 11:08:37 +0000 https://republika.mk/?p=534234

Личните податоци на 47-годишниот Слободан Ангелов од кочанската населба Оризари, кој е воен инвалид од конфликтот во 2001 година, биле злоупотребени од страна на непознато лице за подигање брзи кредити.

Минатата година Ангелов барал хуманитарна финансиска помош од граѓаните за обновување на трошната семејна куќарка, поради што податоци од личната карта и од трансакциската сметка јавно објавил преку социјалните мрежи и медиумите. Денеска бил непријатно изненаден кога го известиле дека кредитите подигнати пред неколку денови на негово име, треба да ги врати со висока камата во период од една година.

Три дена по ред минатата недела на мое име биле подигани пет кредити од регистрираните позајмувачи за брзи пари. Вкупната сума што е повлечена е нешто повеќе од 82 илјади денари, а јас со камата треба да вратам над 130 илјади денари. Ниту сум земал такви пари, ниту имам можности да ги враќам. Сега ми велат дека ако не ги вратам, банкарската сметка со хуманитарната помош ќе ми биде блокирана, а можно е да ми биде одземена и куќата, за да се наплати долгот. Дознав дека има и други граѓани кои биле измамени на ист начин, но веројатно им е срам тоа да го признаат јавно. Не знам како е можно некој, за лична корист, на ваков начин да ги злоупотребува луѓето во неволја, истакна Ангелов.

Вработен како инвалидно лице, Ангелов додава дека месечните лични примања не му се доволни за да може да ги користи како гаранција за земање брзи кредити, а поради злоупотребата е загрижен дека може да остане без скромниот дом.

Случајот веќе е пријавен во полиција, а оштетениот почнал граѓанска постапка со која ќе бара судска заштита.

The post Воен инвалид од кочанско Оризари барал хуманитарна помош, личните податоци му ги злоупотребиле за подигање брзи кредити appeared first on Република.

]]>

Личните податоци на 47-годишниот Слободан Ангелов од кочанската населба Оризари, кој е воен инвалид од конфликтот во 2001 година, биле злоупотребени од страна на непознато лице за подигање брзи кредити. Минатата година Ангелов барал хуманитарна финансиска помош од граѓаните за обновување на трошната семејна куќарка, поради што податоци од личната карта и од трансакциската сметка јавно објавил преку социјалните мрежи и медиумите. Денеска бил непријатно изненаден кога го известиле дека кредитите подигнати пред неколку денови на негово име, треба да ги врати со висока камата во период од една година.
Три дена по ред минатата недела на мое име биле подигани пет кредити од регистрираните позајмувачи за брзи пари. Вкупната сума што е повлечена е нешто повеќе од 82 илјади денари, а јас со камата треба да вратам над 130 илјади денари. Ниту сум земал такви пари, ниту имам можности да ги враќам. Сега ми велат дека ако не ги вратам, банкарската сметка со хуманитарната помош ќе ми биде блокирана, а можно е да ми биде одземена и куќата, за да се наплати долгот. Дознав дека има и други граѓани кои биле измамени на ист начин, но веројатно им е срам тоа да го признаат јавно. Не знам како е можно некој, за лична корист, на ваков начин да ги злоупотребува луѓето во неволја, истакна Ангелов.
Вработен како инвалидно лице, Ангелов додава дека месечните лични примања не му се доволни за да може да ги користи како гаранција за земање брзи кредити, а поради злоупотребата е загрижен дека може да остане без скромниот дом. Случајот веќе е пријавен во полиција, а оштетениот почнал граѓанска постапка со која ќе бара судска заштита.

The post Воен инвалид од кочанско Оризари барал хуманитарна помош, личните податоци му ги злоупотребиле за подигање брзи кредити appeared first on Република.

]]>