водушно небо Archives - Република https://republika.mk/tema/vodushno-nebo/ За подобро да се разбереме Tue, 23 May 2023 16:18:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png водушно небо Archives - Република https://republika.mk/tema/vodushno-nebo/ 32 32 Покрај Грција и Италија ќе ни го чува небото https://republika.mk/vesti/makedonija/pokraj-grtsija-i-italija-ke-ni-go-chuva-neboto/ Tue, 23 May 2023 16:18:05 +0000 https://republika.mk/?p=644052

Министерството за одбрана денеска соопшти дека согласно НАТО принципите на заменливост, а во насока на зајакнување на мисијата за воздушно патролирање (AIR Policing) над македонското небо, донесена е одлука Република Италија како дел од силите задолжени за јужното крило на НАТО, со своите воздухопловни капацитети да придонесе во извршувањето на оваа мисија.

Во периодот што следува, како што посочуваат од МО, ќе се пристапи кон усогласување на техничкиот аранжман помеѓу двете држави, по чие потпишување официјално и Италија ќе биде вклучена во оваа НАТО мисија над македонското небо. Патролирањето ќе се реализира помеѓу македонските, грчките и италијанските воздухопловни сили во координација со НАТО Центарот за воздухопловни операции во Торехон, Шпанија, се наведува во соопштението од Министерството за одбрана.

Како дел од најголемиот воено политички сојуз, патролирањето над македонското небо е дел од одбранбена мисија на НАТО алијансата за зачувување на мирот, стабилноста и безбедноста на македонските граѓани.

Од МО потсетуваат дека во текот на 2019 година се донесе првата одлука за Воздухопловно патролирање, по што следуваше потпишување на технички аранжман со Република Грција.

-Ова е мирновремена мисија која вклучува употреба на Систем за набљудување и контрола, како и соодветни средства за противвоздушна одбрана и воздухоплови за пресретнување со цел зачувување на интегритетот на националниот воздушен простор, потенцираат од Министерството за одбрана.

The post Покрај Грција и Италија ќе ни го чува небото appeared first on Република.

]]>

Министерството за одбрана денеска соопшти дека согласно НАТО принципите на заменливост, а во насока на зајакнување на мисијата за воздушно патролирање (AIR Policing) над македонското небо, донесена е одлука Република Италија како дел од силите задолжени за јужното крило на НАТО, со своите воздухопловни капацитети да придонесе во извршувањето на оваа мисија. Во периодот што следува, како што посочуваат од МО, ќе се пристапи кон усогласување на техничкиот аранжман помеѓу двете држави, по чие потпишување официјално и Италија ќе биде вклучена во оваа НАТО мисија над македонското небо. Патролирањето ќе се реализира помеѓу македонските, грчките и италијанските воздухопловни сили во координација со НАТО Центарот за воздухопловни операции во Торехон, Шпанија, се наведува во соопштението од Министерството за одбрана. Како дел од најголемиот воено политички сојуз, патролирањето над македонското небо е дел од одбранбена мисија на НАТО алијансата за зачувување на мирот, стабилноста и безбедноста на македонските граѓани. Од МО потсетуваат дека во текот на 2019 година се донесе првата одлука за Воздухопловно патролирање, по што следуваше потпишување на технички аранжман со Република Грција. -Ова е мирновремена мисија која вклучува употреба на Систем за набљудување и контрола, како и соодветни средства за противвоздушна одбрана и воздухоплови за пресретнување со цел зачувување на интегритетот на националниот воздушен простор, потенцираат од Министерството за одбрана.

The post Покрај Грција и Италија ќе ни го чува небото appeared first on Република.

]]>