Владата на Република Македонија денеска ја одржа 17тата седница, на која ги донесе следните одлуки.
Владата ја усвои информацијата за финансиски средства за реализација на проектот: Изградба на главен колектор и станица за пречистување на отпадни води во с. Трпејца, општина Охрид.
Проценетата инвестициона вредност на проектот за изградба на главен колектор и станица за пречистување на отпадни води во с. Трпејца, општина Охрид е 68 милиони денари со вклучен ДДВ и средствата ќе бидат обезбедувани во Буџетот на Министерството за транспорт. Рокот за изведба на планираниот проект би изнесувал околу 8 календарски месеци.
Министерството за транспорт обезбеди финансиски средства од над 53 милиони денари за изградба на водоводна мрежа, атмосферска и фекална канализација во повеќе општини.
The post 53 милиони денари за водоводи и канализации во повеќе општини, 68 милиони денари за изградба на колекторот Трпејца и додатна помош за земјоделците appeared first on Република.
]]>The post 53 милиони денари за водоводи и канализации во повеќе општини, 68 милиони денари за изградба на колекторот Трпејца и додатна помош за земјоделците appeared first on Република.
]]>Виктор Панчевски, досегашниот в. д. директор на ЈП „Водовод и канализација-Скопје“ е разрешен по половина година на оваа функција.
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за нов директор го именува Тони Миновски кој досега беше вработен во претпријатието.
Панчевски е разрешен по само 6 месеци откако беше поставен на раководната позиција на ова јавно претпријатие. Претходно беше вработен во ЈП „Паркови и зеленило“.
Миновски е петти директор на „Водовод“ за три години мандат на Арсовска.
The post По шест месеци разрешен директорот на „Водовод“ appeared first on Република.
]]>The post По шест месеци разрешен директорот на „Водовод“ appeared first on Република.
]]>ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека акцијата за отплата на долговите за вода без пресметка на камата за задоцнето плаќање завршува денеска.
Акцијата за отплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 20.06.2024 заклучно до 31.07.2024. Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање, наведуваат од Јавното претпријатие.
Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата, се посочува, не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес.
За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – скопјани може да се јават Дежурно Информативен Центар; 02 3240 300 и на веб-страницата и фб на Јавното претпријатие.
The post Последен ден од акцијата на ЈП Водовод за отплата на долговите без пресметка на камата appeared first on Република.
]]>The post Последен ден од акцијата на ЈП Водовод за отплата на долговите без пресметка на камата appeared first on Република.
]]>Градот Скопје во текот на денешниот ден редовно ќе се снабдува со вода, без никаков прекин во снабдувањето, соопштија од Водовод и канализација.
За жал, на социјалните мрежи од страна на неовластени лица беа објавени и ширени неточни и непроверени информации, при што против овие лица јавното претпријатие Водовод и канализација ќе превземе соодветни чекори за утврдување на одговорност поради обид да создадат несигурност кај граѓаните на градот Скопје, стои во соопштението.
Од „Водовод“ додаваат дека сите населени места во Градот Скопје ќе бидат целосно и редовно снабдени со вода за пиење.
Претходно преку соопштение до медиумите од претпријатието известија дека поради интервенција на главната водоводна цевка Ф1600 мм во Рашче, в недела од 17:00 часот намален притисок или прекин на водоснабдување ќе имаат повеќе населени места во Скопје.
Како што соопштија од ЈП „Водовод и Канализација“, намален притисок или прекин на водоснабдување ќе има во Арнакија, Сарај, Глумово, Горна Матка, Долна Матка, Ѓорче Петров, Влае, Карпош, Жданец, Нерези, Центар, Клинички центар, Кисела Вода, Усје, Пинтија, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране, Дел од Гази Баба, Чаир, Скопје Север, Топаанско Поле, Автокоманда и Аеродром.
https://republika.mk/zivot/servisi/skoro-tselo-skopje-deneska-bez-voda/
The post Неовластени лица објавиле дека во Скопје ќе нема вода: Од „Водовод“ сега велат дека ќе нема никаков прекин во снабдувањето appeared first on Република.
]]>За жал, на социјалните мрежи од страна на неовластени лица беа објавени и ширени неточни и непроверени информации, при што против овие лица јавното претпријатие Водовод и канализација ќе превземе соодветни чекори за утврдување на одговорност поради обид да создадат несигурност кај граѓаните на градот Скопје, стои во соопштението.Од „Водовод“ додаваат дека сите населени места во Градот Скопје ќе бидат целосно и редовно снабдени со вода за пиење. Претходно преку соопштение до медиумите од претпријатието известија дека поради интервенција на главната водоводна цевка Ф1600 мм во Рашче, в недела од 17:00 часот намален притисок или прекин на водоснабдување ќе имаат повеќе населени места во Скопје. Како што соопштија од ЈП „Водовод и Канализација“, намален притисок или прекин на водоснабдување ќе има во Арнакија, Сарај, Глумово, Горна Матка, Долна Матка, Ѓорче Петров, Влае, Карпош, Жданец, Нерези, Центар, Клинички центар, Кисела Вода, Усје, Пинтија, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране, Дел од Гази Баба, Чаир, Скопје Север, Топаанско Поле, Автокоманда и Аеродром. https://republika.mk/zivot/servisi/skoro-tselo-skopje-deneska-bez-voda/
The post Неовластени лица објавиле дека во Скопје ќе нема вода: Од „Водовод“ сега велат дека ќе нема никаков прекин во снабдувањето appeared first on Република.
]]>Членот на Надзорниот одбор на ЈП Водовод и канализација-Скопје на Фесјбук се осврна на ситуацијата во ова јавно претпријатие која пред неколку денови ескалираше, од една страна директорот Драган Иливески а од друга челновите на Надзорниот и Управниот одбор. Членовите на одборите беа онвозможени да одржат состанок во просториите на ЈП Водовод и канализација-Скопје, при што обезбедувањето регаираше физички по наредба на дикректорот и ги оневозможи Надозорниот и Управниот одбор да одржат сединци.
„Во интерес на вистината, ние членовите на Управниот и Надзорниот одбор на ЈП Водовод и канализација-Скопје, сакаме да ја запознаеме јавноста со однесувањето на директорот на претпријатието Драган Илиевски кон нас и притисоците кои ги трпат вработените секојдневно, од негова страна. Ова однесување можеме да го поткрепиме со неколку документи“, вели Несторовски во објавата на Фејсбук и додава:
„Вистината е дека директорот Драган Илиевски, уште во месец мај 2023-та година дава наредба до сите вработени да не се даваат податоци, документи и договори за вработување на членовите на УО и НО, кои, воедно, се највисоки раководни тела во препријатието.
Вистината е дека во месец јули, тој дава уште една наредба до вработените, односно до обезбедувањето во управната зграда, а се однесува за сите членови на УО и НО, да се преземаат при влезот во управната зграда, притоа да бидат физички присутни со нив, во текот на целокупниот престој во зградата, се до нивниот излез. Овие членови се избрани и мора да бидат по службена должност таму, односно уредно се избрани токму од Арсовска, да бидат членови на овие одбори, а нејзиниот директор прави се да ги опструира во нивната работа, со што дури исценираа и планиран инцидент пред неколку дена, меѓу обезбедувањето и членовите. Ако некој имаше сомнежи, еве која беше причината за овој немил настан.
Вистината е дека ова се случува, само поради одбиените сомнителни милионски јавни набавки, барани од директорот, а одбиени од управниот одбор.
Вистината е дека, притисоците продолжуваат и денес, каде овие денови, од директорот Драган Илиевски и неговиот шеф на кабинет, Ѓорѓи Бошковски, под присила и уцени, било барано од раководителите на секторите да го подржат директорот со потписи на список, кој потоа планирале да го објават во јавноста и притоа лажно да претстават пред јавноста, дека имаат поддршка.
Ова нема да им помине, а вистината е исто така дека, ќе има и истрага и одговорност, за оние кои ги вршат овие притисоци врз вработените и раководителите, да дадат поддршка, за директорот, под уцена и присила.
Ова е вистината за состојбите во ЈП Водовод и канализација-Скопје. Управниот и Надзорниот Одбор, секогаш ќе работат во интерес на вработените и граѓаните на Град Скопје“.
The post Директорот на Водовод со присила и уцени барал раководителите да го поддржат со потписи на список appeared first on Република.
]]>The post Директорот на Водовод со присила и уцени барал раководителите да го поддржат со потписи на список appeared first on Република.
]]>Денеска членовите на Управниот и Надзорниот Одбор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, излегоа со соопштение во јавноста, да објаснат детално, што се случува деновиве во претпријатието.
Во соопштението се вели:
Во интерес на вистината, ние членовите на управниот и надзорниот одбор на ЈП Водовод и канализација-Скопје, сакаме да ја запознаеме јавноста со однесувањето на директорот на претпријатието, Драган Илиевски кон нас и притисоците кои ги трпат вработените секојдневно, од негова страна. Ова однесување можеме да го поткрепиме со неколку документи.
Вистината е дека директорот Драган Илиевски, уште во месец Мај, 2023-та година, дава наредба до сите вработени, да не се даваат податоци, документи и договори за вработување на членовите на УО и НО, кои воедно се највисоки раководни тела во претпријатието.
Вистината е дека во месец јули, тој дава уште една наредба до вработените, односно до обезбедувањето во управната зграда, а се однесува за сите членови на УО и НО, да се превземаат при влезот во управната зграда, притоа да бидат физички присутни со нив, во текот на целокупниот престој во зградата, се до нивниот излез. Овие членови се избрани и мора да бидат по службена должност таму, односно уредно се избрани токму од Арсовска, да бидат членови на овие одбори, а нејзиниот директор прави се да ги опструира во нивната работа, со што дури исценираа и планиран инцидент пред неколку дена, меѓу обезбедувањето и членовите. Ако некој имаше сомнежи, еве која беше причината за овој немил настан.
Вистината е дека ова се случува, само поради одбиените сомнителни милионски јавни набавки, барани од директорот, а одбиени од управниот одбор.
Вистината е дека, притисоците продолжуваат и денес, каде овие денови, од директорот Драган Илиевски и неговиот шеф на кабинет, Ѓорѓи Бошковски, под присила и уцени, било барано од раководителите на секторите, да го подржат директорот со потписи на список, кој потоа планирале да го објават во јавноста и притоа лажно да претстават пред јавноста, дека имаат поддршка.
Ова нема да им помине, а вистината е исто така дека, ќе има и истрага и одговорност, за оние кои ги вршат овие притисоци врз вработените и раководителите, да дадат поддршка, за директорот, под уцена и присила.
Ова е вистината за состојбите во ЈП Водовод и канализација-Скопје. Управниот и Надзорниот Одбор, секогаш ќе работат во интерес на вработените и граѓаните на Град Скопје
The post Членови на УО и НО на Водовод: Директорот не игнорира поради одбиените сомнителни милионски јавни набавки, барани од него appeared first on Република.
]]>The post Членови на УО и НО на Водовод: Директорот не игнорира поради одбиените сомнителни милионски јавни набавки, барани од него appeared first on Република.
]]>Влечења и турканици, вербални расправии – ова претходело на викањето полиција во скопски „Водовод“. Членовите на Управниот и Надзорниот одбор, сакале да стигнат до салата за да држат состанок, а ги спречува обезбедувањето. Турканиците се случуваат на скали, но и на последниот кат од зградата. Повеќе обезбедувачи и членови на одборите се пресметуваат меѓусебно, по што настанал општ хаос, објави порталот Скопје1.
„Полека бе ало“, вели жена во ходникот.
„Смирете се не правете проблеми, Ве молиме немојте. Ова ни е работа, ве молиме разберете“, вели обезбедувач.
View this post on Instagram
https://republika.mk/vesti/skopje/tepachka-vo-jp-vodovod-i-kanalizatsija-soprugata-na-pretsedatelot-na-uo-prichina-za-intsidenti-velat-od-pretprijatieto/
The post Влечења и турканици, вербални расправии: Објавена снимка од тепачката во Водовод appeared first on Република.
]]>https://republika.mk/vesti/skopje/tepachka-vo-jp-vodovod-i-kanalizatsija-soprugata-na-pretsedatelot-na-uo-prichina-za-intsidenti-velat-od-pretprijatieto/View this post on Instagram
The post Влечења и турканици, вербални расправии: Објавена снимка од тепачката во Водовод appeared first on Република.
]]>Тепачка попладнево се случила меѓу членовите на Управниот одбор и обезбедувањето во Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Скопје.
Како што објави „Фокус“, проблемот настанал кога по наредба на директорот Драган Илиевски, на членовите на УО им било забрането да држат состанок во канцеларијата на четвртиот кат каде со години се држат состаноци, туку требало да одат на петтиот кат каде нема канцеларија, туку требало да држат состанок во ходник.
Тие не прифаќале да одат на петтиот кат, но реагирало обезбедувањето, кое не ги пуштило да влезат во канцеларијата, по што настанала турканица.
И од МВР потврдуваат дека кај нив била пријавена тепачка во јавното претпријатие.
На 03.11.2023 година во 13.30 часот лице од Управен одбор на „Водовод“ пријави дека во просториите на ‘Водовод’ дошло до нарушување на јавниот ред и мир. Полициски службеници од ПС Центар се упатени за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.
The post Инцидент во ЈП „Водовод и канализација“: Членови на УО се степале со обезбедувањето appeared first on Република.
]]>На 03.11.2023 година во 13.30 часот лице од Управен одбор на „Водовод“ пријави дека во просториите на ‘Водовод’ дошло до нарушување на јавниот ред и мир. Полициски службеници од ПС Центар се упатени за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.
The post Инцидент во ЈП „Водовод и канализација“: Членови на УО се степале со обезбедувањето appeared first on Република.
]]>Членовите на Надзорниот и Управниот Одбор на ЈП Водовод и канализација-Скопје, реагираат на денешните напади врз нив и претседателот на УО.
Соопштението го пренесуваме во целост:
Реакција на соопштението на Драган Илиевски, в.д. директор на ЈП Водовод и канализација-Скопје
Ние членовите на Надзорниот и Управниот Одбор, на ЈП Водовод и канализација-Скопје, едногласно ги носиме сите одлуки и даваме поддршка на Претседателот на УО на Водовод, Идриз Орана, кој денес беше нападнат како физички, така и преку штурото соопштение на директорот Драган Илиевски, кој се осмели да го вмеша и неговото потесното семејство, со бесрамни лаги напади.
Тоа говори за нивото на кое се сведуваат градоначалничката Арсова, која е наредбодавец на овие срамни настани и понизниот извршител, директорот Драган Илиевски.
Ние нема да одстапиме во нашето делување, кое е во насока на подобро работење на претпријатието, а во полза на граѓаните на Град Скопје.
https://republika.mk/vesti/skopje/tepachka-vo-jp-vodovod-i-kanalizatsija-soprugata-na-pretsedatelot-na-uo-prichina-za-intsidenti-velat-od-pretprijatieto/
The post Членовите на надзорниот и управниот одбор на „Водовод“, застанаа зад претседателот на УО, кој бил нападнат од обезбедувањето на директорот appeared first on Република.
]]>Реакција на соопштението на Драган Илиевски, в.д. директор на ЈП Водовод и канализација-Скопје Ние членовите на Надзорниот и Управниот Одбор, на ЈП Водовод и канализација-Скопје, едногласно ги носиме сите одлуки и даваме поддршка на Претседателот на УО на Водовод, Идриз Орана, кој денес беше нападнат како физички, така и преку штурото соопштение на директорот Драган Илиевски, кој се осмели да го вмеша и неговото потесното семејство, со бесрамни лаги напади. Тоа говори за нивото на кое се сведуваат градоначалничката Арсова, која е наредбодавец на овие срамни настани и понизниот извршител, директорот Драган Илиевски. Ние нема да одстапиме во нашето делување, кое е во насока на подобро работење на претпријатието, а во полза на граѓаните на Град Скопје.https://republika.mk/vesti/skopje/tepachka-vo-jp-vodovod-i-kanalizatsija-soprugata-na-pretsedatelot-na-uo-prichina-za-intsidenti-velat-od-pretprijatieto/
The post Членовите на надзорниот и управниот одбор на „Водовод“, застанаа зад претседателот на УО, кој бил нападнат од обезбедувањето на директорот appeared first on Република.
]]>Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи од каде се најавуваат високи температури кои деновиве достигнуваат и над 40 °C, како и податоците на ЈП Водовод и канализација – Скопје за зголемена потрошувачка на водата, апелираме до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата.
Од Водовод апелираат да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени, но и спречување на злоупотребата преку дивите приклучоци.
Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје.
-Апелираме до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, истиот да го пријават на 023073 010, [email protected], www.vodovod-skopje.com.mk или преку мобилната апликација достапна за Android и iOS, и потсетуваме дека дивите приклучоци се забранети со Закон (Закон за вода за пиење и одведување урбани отпадни води, член 23) и истите се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор на општината и на Градот (Закон за вода за пиење и одведување урбани отпадни води, член 37), врз основа на што за сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде поткрена прекршочна постапка за сторено кривично дело, информираат од претпријатието.
The post Водовод со апел до скопјани: Рационално користете ја водата, избегнувајте полевање на зеленило appeared first on Република.
]]>The post Водовод со апел до скопјани: Рационално користете ја водата, избегнувајте полевање на зеленило appeared first on Република.
]]>Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија во врска со грантот кој вчера се потпиша за пречистителна станица за Скопје, прашува кому се сега рацете во медот откако се потпиша истиот грант поради кој градоначалничката на Скопје го разреши директорот на Водовод, а СДСМ организираше црна кампања.
- Вчера се потпиша договорот, грантот, не се смени ништо, од Европска инвестициска банка кажаа дека се е чисти и сега чии раце се во медот? На прес конференција се појавува вицепремиер, министер за финансии, евроамбасадор, втор човек на Европска инвестициска банка и се потпиша грант од 70 милиони, нагласи Мицкоски.
Мицкоски посочи дека немало вчера да се случи потпишувањето на грантот ако фалеле една точка или запирка.
- Каде се рацете во медот, кој ќе ми се извини? СДСМ која со народни пари плаќаше билборди по градот да организира црна кампања против мене или Данела Арсовска? – прашува Мицкоски.
The post Мицкоски до Данела и власта: Сега откако го потпиша истиот грант за пречистителна станица поради кој го разреши директорот на Водовод, да ги прашам сега на кого му се рацете во медот appeared first on Република.
]]>The post Мицкоски до Данела и власта: Сега откако го потпиша истиот грант за пречистителна станица поради кој го разреши директорот на Водовод, да ги прашам сега на кого му се рацете во медот appeared first on Република.
]]>Електронската наплата на сметките за вода од скопскиот регион сега е во рацете на фирма која е основана само 4 дена по назначувањето на сега веќе разрешениот в.д. директор Марјанчо Митовски. Тој го потпишал договорот за јавната набавка, а по разрешувањето останува како втор човек во Водовод, јавува Радио Слободна Европа
Нова фирма чија основна дејност се интернет портали, ама нема своја веб страница, го доби тендерот за системот за електронска наплата за сметки во скопскиот Водовод. Иако е стара само два месеци, таа победи во трката со компании кои со години работат на софтверски решенија за државни институции.
Тендерот од 18 илјади евра, за одржувањето на системот за електронска наплата на сметки на „Водовод и Канализација“- Скопје, го доби фирмата „Кликмедиа 101“ . Таа е основана четири дена по назначувањето за в.д. директор на јавното претпријатие Марјанчо Митовски. Електронскиот систем за наплата на сметките за вода го користат над 50 илјади корисници на услугите на скопскиот „Водовод“.
Митовски на директорското столче седна на 12 септември кога од него стана Златко Перински по јавната кавга со скопската градоначалничка Данела Арсовска поради, според неа, спорниот тендер за „пречистителна станица“.
Според податоците од Централен регистар фирмата „Кликмедиа 101“ е основана четири дена по назначувањето на Митовски за в.д, директор на 16 септември минатата година, кој го потпишал договорот за јавната набавка. Митовски по разрешувањето од в.д. директор е назначен за технички директор, што според органомот на Водовод и Канализација значи дека е вториот човек во јавното претпријатие.
The post Електронските сметки за вода во рацете на фирма без искуство appeared first on Република.
]]>The post Електронските сметки за вода во рацете на фирма без искуство appeared first on Република.
]]>На ден 01.02.2023 поради дефект на приклучна цевка ф-2“ на ул. „Васил Ѓорѓов“ 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
The post Поради санирање дефект, жителите на „Васил Ѓоргов“ 4 утре без вода appeared first on Република.
]]>The post Поради санирање дефект, жителите на „Васил Ѓоргов“ 4 утре без вода appeared first on Република.
]]>На барање на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ) при Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ), Управниот одбор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје утре ќе одржи итна седница во врска со отказот на претседателот на Синдикалната организација на СУТКОЗ.
Од ССМ велат дека отказот даден од страна на в.д. директорот на претпријатието, Марјанче Митовски, е противзаконски.
Управниот одбор во текот на утрешниот ден со почеток во 13 часот ќе одржи итна седница на која ќе се разгледува приговорот поднесен од Стојанче Кашиковски против незаконското Решение за изрекување на дисциплинска мерка – престанок на работниот однос, донесено од в.д директорот Марјанче Митовски, се вели во соопштението на ССМ.
Според ССМ, Митовски дал отказ на претседател на синдикат спротивно на Законот и Колективниот договор, за период кога истиот користел право на годишен одмор од кое работникот согласно Уставот не смее да се откаже, кога во претпријатието токму заради ваквиот однос на в.д директорот Митовски се спроведува законската процедура за организирање на штрајк и кога веќе е определен овластен помирувач од страна на Министерството за труд и социјална политика.
The post ССМ: Закажана итна седница на УО на скопски „Водовод“ за отказот на претседателот на СО на СУТКОЗ appeared first on Република.
]]>The post ССМ: Закажана итна седница на УО на скопски „Водовод“ за отказот на претседателот на СО на СУТКОЗ appeared first on Република.
]]>Градоначалничката Арсовска и понатаму останува глува и недостапна за преставниците на работниците, знаејќи дека в.д директорот на ЈП водовод и канализација- Скопје, е лице осудувано со правосилни судски пресуди за кривични дела, затворска казна и дијагноза од неуро психијатар: Мешано анксиозно и депресивно растројство – (со конфликтна состојба на работа,напнат, вознемирен, со лоши мисли), се вели во Фејсбук статусот на Сојузот на синдикати на Македонија.
-Од денес што и да се случи во ЈП- Водовод и канализација-Скопје, вината и одговорноста ќе биде на градоначалничката Данела Арсовска! Од овие причини репрезентативниот синдикат за комунални дејности СУТКОЗ при ССМ , бара итна и неодложна седница на градот Скопје, а од советниците помош и заштита од оваа сериозна состојба во која се наоѓа ова јавно претпријатие. Со назначувањето на лицето Маријанчо Митевски кој во ниту еден случај неможе да биде на ваква одговорна функција на ова претпријатие од витално значење кое го снабдува градот со вода, знаејќи ја неговата дијагноза и кривичните дела кој ги сторил, а кои во текот на вчерашната негова пресконференција не ги негираше и ги потврди како вистини. Затоа, уште денес писмено му се обраќаме и го повикуваме претседавачот на Советот г. Трајко Славевски да свика итна седница на Советот на градот Скопје и да обезбеди присуство на градоначалничката Данела Арсовска како и присуство на сите советници. Претседателството на СУТКОЗ денес во 13 часот одржува седница на која со сигурност ќе биде потврдена Одлуката за штрајк во ЈП Водовод и канализација – Скопје, а уште утре навремено ќе бидат известени Министерството за труд и социјална политика за определеување лиценциран помирувач согласно Законот за мирно решевање на работните спорови, а Писмено предупредување ќе биде доставено до Управниот одбор и в.д директорот на ЈП Водовод и канализација Скопје, Советот на Град Скопје и Градоначалничката Данела Арсовска, истакнуваат од синдикатот
The post ССМ: За се што ќе се случува од денес во ЈП Водовод и канализација Скопје, виновна ќе биде Арсовска appeared first on Република.
]]>The post ССМ: За се што ќе се случува од денес во ЈП Водовод и канализација Скопје, виновна ќе биде Арсовска appeared first on Република.
]]>Синдикалната организација на СУТКОЗ при „Водовод и канализација” донесе одлука за користење на правото на штрајк.
Одлуката, како што информира денеска ССМ, е донесена едногласно на вчерашната седница, а се очекува да биде потврдена во среда на највисокиот орган на Синдикатот СУТКОЗ по што ќе биде известено Министерството за труд и социјална политика веднаш да определи помирувач. Од Синдикатот посочуваат дека ќе известен и в.д. директорот и Управниот одбор на „Водовод и канализација”, како и градоначалничката Данела Арсовска и советничките групи во град Скопје.
На вчерашната седница, синдикалците известија за големите притисоци кои се вршат врз вработените и членовите на органите на синдикалната организација кои раководството на чело со в.д директорот Митовски ги прави, а како последна информација за која се загрижени вработените е дека в.д директорот Митовски подготвува нови дисциплински постапки против повеќе од 40 работници членови на синдикатот во кој дел се и претседателот на синдикатот во ЈП Водовод и канализација, Кашиковски, се наведува во денешното соопштение од Синдикатот.
Оттаму за утре најавуваат прес-конференција пред седиштето на Град Скопје на која, како што посочуваат, ќе биде презентиран документ од специјалист-невроприхијатар за в.д. директорот на „Водовод и канализација”.
Ако градоначалничката Арсовска не реагира на сите докази за незаконското работење на Митовски, пресудите за сторени сериозни кривични дела со затворски казни, Извештајот од специјалист – неуропсихијатар за сериозното нарушено ментално здравје на лицето в.д директор на ЈП Водовод и канализација Скопје, ние како работници ќе побараме итна седница на Советот на Град Скопје уште во среда како и помош од сите надлежни институции во државата со една цел да се обезбеди заштита и здрави и безбедни услови за работа на работниците кои во овој момент во претпријатието никој не може да ги гарантира, но и нормално и непречено функционирање на претпријатието, стои во соопштението.
The post Дали ќе имаме вода: Синдикатот на „Водовод и канализација” пред штрајк, во среда конечна одлука appeared first on Република.
]]>The post Дали ќе имаме вода: Синдикатот на „Водовод и канализација” пред штрајк, во среда конечна одлука appeared first on Република.
]]>На Скопје му се заканува нов колапс откако денеска истече рокот што вработените во „Водовод и канализација“ и ССМ ѝ го дадоа на Данела Арсовска за разрешување на директорот на скопското јавно претпријатие Марјан Митовски.
Ваквото барање од вработените дојде откако тие се пожалија дека Митовски вршел мобинг и притисоци врз вработените и воедно упатија ултиматум дека ако нема разрешување, тие ќе стапат во штрајк, додека првиот синдикалец Димовски отиде чекор понатаму заканувајќи се дека Скопје може да остане без вода, како што пред некое време остана без градски превоз.
До овој момент директорот Митовски не е разрешен а заканите за штрајк ги толкува како притисок врз него од страна на Дарко Димовски поради како што вели изгубените привилегии на сопругата на Димовски која е вработена во „Водовод“.
Новиот директор на ЈП „Водовод и канализација“ дојде на местото на Златко Перински, близок соработник на Мицкоски кого Арсовска го разреши поради спорниот тендер од 136 милиони евра за пречистителна станица во Скопје.
Уште од првиот ден од директорувањето Митовски го следат скандали и обвинувања за насилство и притисоци.
Заканите за штрајк на вработените се сè позасилени, па главниот град наскоро може да се соочи со нова криза како последица на кавгите помеѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.
The post Директорот на „Водовод“ остана неразрешен, ќе се остварат ли заканите на вработените? appeared first on Република.
]]>The post Директорот на „Водовод“ остана неразрешен, ќе се остварат ли заканите на вработените? appeared first on Република.
]]>Градските власти до утре имаат рок да седнат на маса со Синдикатите, а во спротивно работниците ќе штрајкуваат и ќе си ги бараат своите права. ССМ ѝ отвори нов фронт на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, и побара разрешување на директорот на „Водовод и канализација“ Марјанче Митовски, кој на функцијата е само месец и половина.
Ова го истакнаа и пред четири дена, а денес го повторија ултиматумот. Дарко Димовски од ССМ за „Телма“ посочи и дека директорот на „Водовод“ Митовски имал одлежано и затворски казни за сериозни дела, па ја повика градоначалничката Арсовска да ги прочита тие судски пресуди.
Обвинувањата на синдикатите се дека актуелниот директор на „Водовод“ се заканувал на вработени, најавувал нова систематизација во претпријатието и отпуштања на работници. Дел од вработените во Водовод, брифираа дека добивале задолженија кои не се според Договорот за работа и на возрасни инженери кои се пред пензија им се делеле работни задачи како за почетници. Арсовска вчера кажа дека заканите за штрајк во претпријатието доаѓаат во момент кога е најавена департизација на градската администрација, а од ССМ и возвратија дека нема политика кога станува збор за работничките права.
Претходно, од страна на Инспекторатот за труд се нотирани неправилности во работењето. Станува збор за незаконски спроведени прераспределби на работни позиции, а се отвориле и прашања околу законитоста при поставувањето на двајца шефови на кабинет.
The post Директорот на скопски „Водовод“ бил во затвор за сериозни дела, тврди Димовски appeared first on Република.
]]>The post Директорот на скопски „Водовод“ бил во затвор за сериозни дела, тврди Димовски appeared first on Република.
]]>Претседателот на АДКОМ, здружение на јавните комунални претпријатија, Пеце Милевски во вечерашната емисијата „24 Отворено“ рече дека проблемот со стујата создал проблеми и цените кои сега се плаќаат се енормни.
Ситуацијата во јавните претпријатија не е добра и се соочуваме со исклуваме од систем. Исклучувањето на струја значи спречуваме во директната работа. Тоа е сериозен проблем. Водовод од Кочани веќе е исклучено, а тоа му се заканува и на Куманово. Алармиравме и бараме начин за излез од ситуацијата и алармиравме во летните месеци. Разговаравме и со Регулаторна и со сите пратенички групи. Основното барање е да добиеме поефтина струја, вели Милевски.
The post „Водовод“ од Кочани веќе е исклучен поради високите сметки за струја, тоа му се заканува и на кумановци appeared first on Република.
]]>Ситуацијата во јавните претпријатија не е добра и се соочуваме со исклуваме од систем. Исклучувањето на струја значи спречуваме во директната работа. Тоа е сериозен проблем. Водовод од Кочани веќе е исклучено, а тоа му се заканува и на Куманово. Алармиравме и бараме начин за излез од ситуацијата и алармиравме во летните месеци. Разговаравме и со Регулаторна и со сите пратенички групи. Основното барање е да добиеме поефтина струја, вели Милевски.
The post „Водовод“ од Кочани веќе е исклучен поради високите сметки за струја, тоа му се заканува и на кумановци appeared first on Република.
]]>За 7,8 пати пораснале сметките за струја во охридски Водовод.
Една сегашна месечна сметка за струја чини како претходно што трошеа за цела година вели директорот Марјан Ристески кој додава дека состојбата во претпријатието е алармантна бидејќи стариот долг од 80 милиони денари се уште стои, сметките се билдаат една по друга а претпријатието нема од каде да ги покрие сите тие долгови, дополнително месец за месец да се обезбеди и плати за над 200 вработени.
Ристески смирува дека и покрај ваквата незавидна положба до исклучување на струјата во препумпните станици нема да дојде. Но, дека им претстои тешка зима тоа е и повеќе од очекувано.
Високи сметки за струја добива и претпријатието Колекторски систем. Таму заостанатиот долг е во висина од 40 милиони денари,а само последната сметка за струја е 10 пати поголема од претходно или изнесува 11 милиони денари.
The post Во охридски Водовод е аларматна состојбата appeared first on Република.
]]>The post Во охридски Водовод е аларматна состојбата appeared first on Република.
]]>