водоснабдување Archives - Република https://republika.mk/tema/vodosnabduvanje/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 18:45:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png водоснабдување Archives - Република https://republika.mk/tema/vodosnabduvanje/ 32 32 Ѓорѓиевски: Благодарение на Владата, мега проектот за водоснабдување во Стаклара-Каменик станува реалност https://republika.mk/vesti/skopje/gorgievski-blagodarenie-na-vladata-mega-proektot-za-vodosnabduvane-vo-staklara-kamenik-stanuva-realnost/ Fri, 08 Nov 2024 19:14:11 +0000 https://republika.mk/?p=835706

Општина Кисела Вода ќе добие 600.000 евра, за реализација на капиталниот проект за изградба на водовод во Каменик-Стаклара, кој жителите го чекаат половина век. Средствата се обезбедуваат од страна на Владата на Република Македонија, која по мерката од 250 милиони евра, сега прави нова голема инвестиција во општините, наменета за управување со води. Заложбите утврдени со Меморандумот потпишан со ЗЕЛС кој сите претходните власти го игнорираа, веќе даваат конкретни резултати, а граѓаните се на прво место, истакна претседателот на ЗЕЛС, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски по денешната средба со премиерот Христијан Мицкоски.

-Кога се работи чесно и посветено за народот, резултатите се гледаат. А за тоа најмногу зборуваат делата. Денес, на средбата со Премиерот Христијан Мицкоски бевме информирани дека се ставаат на располагање нови над 50 милиони евра кои ќе се слеат во општините, а ќе бидат наменети за управување со води.Чест ми е да напоменам дека, после мерката од 250 милиони евра, ова е втората најголема инвестиција во локалните самоуправи благодарение на посветеноста на Владата и меморандумот потпишан со ЗЕЛС кој сите претходните власти го игнорираа.

Општина Кисела Вода ќе добие 600.000 евра, пари за остварување на долгогодишното барање на мојот народ од Каменик-Стаклара, после 50 години да добијат чиста вода за пиење. Ова исто така ќе значи и дека после завршување на градежните активности, го затвораме поглавјето со подземна инфраструктура и Стаклара конечно, ќе биде последното населено место без соодветно водоснабдување.

Сакам да се заблагодарам на Премиерот Мицкоски и Владата на Република Македонија за нивните заложби за единиците на локалната самоуправа и за нивниот напор за поразвиени општини.Како никогаш во минатото, оваа Влада покажа и докажа дека граѓаните се на прво место.Посебно ме радува фактот што сега навистина постои еднаквост помеѓу општините и што нема апсолутно никакви поделби. Само така, ова наше парче земја ќе стане уште поубаво место за живеење. Продолжуваме!-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

The post Ѓорѓиевски: Благодарение на Владата, мега проектот за водоснабдување во Стаклара-Каменик станува реалност appeared first on Република.

]]>

Општина Кисела Вода ќе добие 600.000 евра, за реализација на капиталниот проект за изградба на водовод во Каменик-Стаклара, кој жителите го чекаат половина век. Средствата се обезбедуваат од страна на Владата на Република Македонија, која по мерката од 250 милиони евра, сега прави нова голема инвестиција во општините, наменета за управување со води. Заложбите утврдени со Меморандумот потпишан со ЗЕЛС кој сите претходните власти го игнорираа, веќе даваат конкретни резултати, а граѓаните се на прво место, истакна претседателот на ЗЕЛС, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски по денешната средба со премиерот Христијан Мицкоски.
-Кога се работи чесно и посветено за народот, резултатите се гледаат. А за тоа најмногу зборуваат делата. Денес, на средбата со Премиерот Христијан Мицкоски бевме информирани дека се ставаат на располагање нови над 50 милиони евра кои ќе се слеат во општините, а ќе бидат наменети за управување со води.Чест ми е да напоменам дека, после мерката од 250 милиони евра, ова е втората најголема инвестиција во локалните самоуправи благодарение на посветеноста на Владата и меморандумот потпишан со ЗЕЛС кој сите претходните власти го игнорираа.
Општина Кисела Вода ќе добие 600.000 евра, пари за остварување на долгогодишното барање на мојот народ од Каменик-Стаклара, после 50 години да добијат чиста вода за пиење. Ова исто така ќе значи и дека после завршување на градежните активности, го затвораме поглавјето со подземна инфраструктура и Стаклара конечно, ќе биде последното населено место без соодветно водоснабдување. Сакам да се заблагодарам на Премиерот Мицкоски и Владата на Република Македонија за нивните заложби за единиците на локалната самоуправа и за нивниот напор за поразвиени општини.Како никогаш во минатото, оваа Влада покажа и докажа дека граѓаните се на прво место.Посебно ме радува фактот што сега навистина постои еднаквост помеѓу општините и што нема апсолутно никакви поделби. Само така, ова наше парче земја ќе стане уште поубаво место за живеење. Продолжуваме!-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

The post Ѓорѓиевски: Благодарение на Владата, мега проектот за водоснабдување во Стаклара-Каменик станува реалност appeared first on Република.

]]>
Прекинато водоснабдување за корисниците од ул. „Козле“ крак 2, поради скината цевка https://republika.mk/vesti/skopje/prekinato-vodosnabduvane-za-korisnitsite-od-ul-kozle-krak-2-poradi-skinata-tsevka/ Sat, 28 Sep 2024 16:23:01 +0000 https://republika.mk/?p=820597

Поради скината цевка Ф-5/4мм од странка/ фирма на ул. „Козле 2“ во населба Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Козле“ крак 2, информираа од ЈП Водовод и канализација-Скопје.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 18:00 часот до санирање на дефектот.

The post Прекинато водоснабдување за корисниците од ул. „Козле“ крак 2, поради скината цевка appeared first on Република.

]]>

Поради скината цевка Ф-5/4мм од странка/ фирма на ул. „Козле 2“ во населба Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Козле“ крак 2, информираа од ЈП Водовод и канализација-Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 18:00 часот до санирање на дефектот.

The post Прекинато водоснабдување за корисниците од ул. „Козле“ крак 2, поради скината цевка appeared first on Република.

]]>
Делови од Центар, Карпош и Кисела Вода денеска ќе бидат без вода https://republika.mk/zivot/servisi/delovi-od-tsentar-karposh-i-kisela-voda-deneska-ke-bidat-bez-voda/ Wed, 18 Sep 2024 07:17:04 +0000 https://republika.mk/?p=817241

Делови од скопските општини Кисела Вода, Центар и Карпош денеска ќе бидат без вода поради изведување на водоводни приклучоци.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, поради изведување на водоводен приклучок со пречник од 100 милиметри на улицата „Димо Хаџи Димов“ бр.105, од 9:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Димо Хаџи Димов“ и „Марко Орешковиќ“ во општина Кисела Вода.

Од 9:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците на дел од улиците „Преспанска“ и „Петричка“ во општина Центар, поради изведување на водоводен приклучок со пречник од 80 милиметри на улицата „Преспанска“ бр.46.

Од 8:30 часот, пак, исто така, поради изведување на водоводен приклучок со пречник од 80 милиметри на улицата „Крагуевачка“ бр.9 во општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Крагуевачка“ и Драган Ѓаконовски-Шпато“.

Корисниците во трите скопски општини ќе бидат без вода се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје не завршат со активностите за поставување на водоводните приклучоци.

The post Делови од Центар, Карпош и Кисела Вода денеска ќе бидат без вода appeared first on Република.

]]>

Делови од скопските општини Кисела Вода, Центар и Карпош денеска ќе бидат без вода поради изведување на водоводни приклучоци. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, поради изведување на водоводен приклучок со пречник од 100 милиметри на улицата „Димо Хаџи Димов“ бр.105, од 9:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Димо Хаџи Димов“ и „Марко Орешковиќ“ во општина Кисела Вода. Од 9:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците на дел од улиците „Преспанска“ и „Петричка“ во општина Центар, поради изведување на водоводен приклучок со пречник од 80 милиметри на улицата „Преспанска“ бр.46. Од 8:30 часот, пак, исто така, поради изведување на водоводен приклучок со пречник од 80 милиметри на улицата „Крагуевачка“ бр.9 во општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Крагуевачка“ и Драган Ѓаконовски-Шпато“. Корисниците во трите скопски општини ќе бидат без вода се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје не завршат со активностите за поставување на водоводните приклучоци.

The post Делови од Центар, Карпош и Кисела Вода денеска ќе бидат без вода appeared first on Република.

]]>
По 19 часа прекин во Битола се нормализира водоснабдувањето https://republika.mk/zivot/servisi/po-19-chasa-prekin-vo-bitola-se-normalizira-vodosnabduvaneto/ Thu, 29 Aug 2024 20:14:11 +0000 https://republika.mk/?p=811360

По 19 часа целосен прекин на водоснабдувањето на градот и околните населени места, во Битола вечерва почна да се нормализира снабдувањето со вода за пиење.

Од ЈКП „Вододовод“ - Битола соопштија дека дефектот на потисниот цевковод на пумпната станица кај местото викано „Довлеџик“ е отстранет и се очекува постепено нормализирање на водоснабдувањето кое почна од пониските зони, додека високите зони и станбените комплекси се уште се без вода.

Како што е познато, водоводната мрежа во Битола и Битолско целосно беше испразнета откако поради прекин со електрично снабдување пукна потисната пумпа кај пумпната станица „Довлеџик“. Затворачот Ф-500, кој бил целосно рѓосан и нефункционален, е сменет, со што дефектот е отстранет, а прекинот во водоснабдувањето со вода за пиење, кој почна во еден часот по полноќ, вечерва почна да се нормализира, информираа од тамошното локално претптијатие.

The post По 19 часа прекин во Битола се нормализира водоснабдувањето appeared first on Република.

]]>

По 19 часа целосен прекин на водоснабдувањето на градот и околните населени места, во Битола вечерва почна да се нормализира снабдувањето со вода за пиење. Од ЈКП „Вододовод“ - Битола соопштија дека дефектот на потисниот цевковод на пумпната станица кај местото викано „Довлеџик“ е отстранет и се очекува постепено нормализирање на водоснабдувањето кое почна од пониските зони, додека високите зони и станбените комплекси се уште се без вода. Како што е познато, водоводната мрежа во Битола и Битолско целосно беше испразнета откако поради прекин со електрично снабдување пукна потисната пумпа кај пумпната станица „Довлеџик“. Затворачот Ф-500, кој бил целосно рѓосан и нефункционален, е сменет, со што дефектот е отстранет, а прекинот во водоснабдувањето со вода за пиење, кој почна во еден часот по полноќ, вечерва почна да се нормализира, информираа од тамошното локално претптијатие.

The post По 19 часа прекин во Битола се нормализира водоснабдувањето appeared first on Република.

]]>
Наполнете шишиња и леѓени: Од 21 часот половина Скопје ќе нема вода https://republika.mk/vesti/skopje/napolnete-shishina-i-legeni-od-21-chasot-polovina-skopje-ke-nema-voda/ Sat, 25 May 2024 17:42:45 +0000 https://republika.mk/?p=781687

Поради зафат за приклучување на селата во Сарај на градскиот водовод, денеска се очекува намалување на притисокот на водоснабдувањето за жителите во општина Сарај и дел од општина Ѓорче Петров.

ЈП Водовод и канализација Скопје во континуитет работи на реализација на проекти и технички зафати со цел подобрување на водоводната мрежа во град Скопје, како и подобрување на услугите за граѓаните. Во таа насока е и проектот за изградба на водоводна мрежа со чија реализација трајно ќе се реши долгогодишниот проблем со водоснабдувањето во 12 населени места во општина Сарај. Реализацијата на овој технички зафат со кој ќе се изврши приклучокот на мрежа ќе се спроведе на 25.05.2024, сабота со почеток во 21 часот и се предвидува истата да заврши до 5 часот наутро во недела, на 26.05.2024, соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“.

Во истиот период, додаваат оттаму, од сабота од 21 часот до 05 часот наутро в недела, ќе се спроведе и реализација на реконструкција на водоводна мрежа во Центар и тоа реон Водно, со чија реализација и целосна замена на старата со нова мрежа ќе се овозможи подобро водоснабдување за граѓаните во овој дел на градот без дефекти и загуби на вода.

Во текот на изведбата на оваа реконструкција, прекин на водоснабдувањето ќе имаат дел од жителите од реон Водно и Козле, Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје, Вила Водно и резиденцијални објекти во реон Водно, соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“.

Оттаму додаваат дека за покривање на потребите за вода за пиење во здравствените установи цистерни со питка вода ќе бидат поставени пред Клинички Центар „Мајка Тереза“ и Детската болница „Козле“.

Исто така цистерни со вода за пиење ќе бидат подготвени во Дежурната служба на Водовод Скопје, кои на повик ќе гравитираат врз основа на потребите на граѓаните од реоните Сарај и Водно во периодот од 21 до 05 часот.

The post Наполнете шишиња и леѓени: Од 21 часот половина Скопје ќе нема вода appeared first on Република.

]]>

Поради зафат за приклучување на селата во Сарај на градскиот водовод, денеска се очекува намалување на притисокот на водоснабдувањето за жителите во општина Сарај и дел од општина Ѓорче Петров.
ЈП Водовод и канализација Скопје во континуитет работи на реализација на проекти и технички зафати со цел подобрување на водоводната мрежа во град Скопје, како и подобрување на услугите за граѓаните. Во таа насока е и проектот за изградба на водоводна мрежа со чија реализација трајно ќе се реши долгогодишниот проблем со водоснабдувањето во 12 населени места во општина Сарај. Реализацијата на овој технички зафат со кој ќе се изврши приклучокот на мрежа ќе се спроведе на 25.05.2024, сабота со почеток во 21 часот и се предвидува истата да заврши до 5 часот наутро во недела, на 26.05.2024, соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“.
Во истиот период, додаваат оттаму, од сабота од 21 часот до 05 часот наутро в недела, ќе се спроведе и реализација на реконструкција на водоводна мрежа во Центар и тоа реон Водно, со чија реализација и целосна замена на старата со нова мрежа ќе се овозможи подобро водоснабдување за граѓаните во овој дел на градот без дефекти и загуби на вода.
Во текот на изведбата на оваа реконструкција, прекин на водоснабдувањето ќе имаат дел од жителите од реон Водно и Козле, Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје, Вила Водно и резиденцијални објекти во реон Водно, соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“.
Оттаму додаваат дека за покривање на потребите за вода за пиење во здравствените установи цистерни со питка вода ќе бидат поставени пред Клинички Центар „Мајка Тереза“ и Детската болница „Козле“. Исто така цистерни со вода за пиење ќе бидат подготвени во Дежурната служба на Водовод Скопје, кои на повик ќе гравитираат врз основа на потребите на граѓаните од реоните Сарај и Водно во периодот од 21 до 05 часот.

The post Наполнете шишиња и леѓени: Од 21 часот половина Скопје ќе нема вода appeared first on Република.

]]>
Израел го обнови водоснабдувањето во Појасот Газа https://republika.mk/vesti/svet/izrael-go-obnovi-vodosnabduvaneto-vo-pojasot-gaza/ Sun, 15 Oct 2023 15:14:29 +0000 https://republika.mk/?p=691437

Висок израелски функционер потврди дека Израел денеска го обновил снабдувањето со вода во Појасот Газа, откако водоснабдувањето беше во прекин по терористичкиот напад на Хамас од минатата сабота, јави „Тајмс оф Израел“.

Оваа одлука ја потврди и советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, кој за Си-ен-ен изјави дека неговите израелски колеги го информирале за овој потег пред еден час.

Саливан додаде дека САД се фокусирани на американските граѓани да им обезбедат безбеден премин од Газа до Египет.

Тој, исто така, истакна дека САД се обидуваат да обезбедат најголемиот број цивили што ја напуштаат Газа да добијат пристап до вода, храна, лекови и засолниште

The post Израел го обнови водоснабдувањето во Појасот Газа appeared first on Република.

]]>

Висок израелски функционер потврди дека Израел денеска го обновил снабдувањето со вода во Појасот Газа, откако водоснабдувањето беше во прекин по терористичкиот напад на Хамас од минатата сабота, јави „Тајмс оф Израел“. Оваа одлука ја потврди и советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, кој за Си-ен-ен изјави дека неговите израелски колеги го информирале за овој потег пред еден час. Саливан додаде дека САД се фокусирани на американските граѓани да им обезбедат безбеден премин од Газа до Египет. Тој, исто така, истакна дека САД се обидуваат да обезбедат најголемиот број цивили што ја напуштаат Газа да добијат пристап до вода, храна, лекови и засолниште

The post Израел го обнови водоснабдувањето во Појасот Газа appeared first on Република.

]]>
Студенчица тече: Прилеп нема проблеми со водата како во минатото https://republika.mk/zivot/servisi/studenchitsa-teche-prilep-nema-problemi-so-vodata-kako-vo-minatoto/ Thu, 20 Jul 2023 14:16:22 +0000 https://republika.mk/?p=663638

Во големите жештини, Прилеп нема проблеми со водоснабдувањето иако потрошувачката е зголемена за 40 проценти. Вода има доволно и е стабилна дарежливоста на изворот Студенчица. Во функција се и сопствените извори.

- Зголемена е потрошувачката. Особено во викендите. Во моментов градот располага со 337 литри вода во секунда. Стабилен е дотокот на вода. Ние, сепак, мора да бидеме подготвени на секаква ситуација и резервоарите да бидат функционални. Но, нема и не се очекува нарушено водоснабдување, вели Игор Гулабоски, директор на прилепски „Водовод и канализација“.

Одредените намалувања на дотокот во населби, Јавното претпријатие ги објаснува со интервенции на дефекти.

- Кога работиме на дефекти има одредено намалување на приливот на вода, но тоа е краткотрајно. Некои граѓани се жалат на заматеност. Но нема никакви проблеми, водата е исправна, нагласува Гулабоски.

Надлежните остануваат на апелот рационално да се троши водата за пиење.

Граѓаните ја користат секоја можност за разладување.

The post Студенчица тече: Прилеп нема проблеми со водата како во минатото appeared first on Република.

]]>

Во големите жештини, Прилеп нема проблеми со водоснабдувањето иако потрошувачката е зголемена за 40 проценти. Вода има доволно и е стабилна дарежливоста на изворот Студенчица. Во функција се и сопствените извори.
- Зголемена е потрошувачката. Особено во викендите. Во моментов градот располага со 337 литри вода во секунда. Стабилен е дотокот на вода. Ние, сепак, мора да бидеме подготвени на секаква ситуација и резервоарите да бидат функционални. Но, нема и не се очекува нарушено водоснабдување, вели Игор Гулабоски, директор на прилепски „Водовод и канализација“.
Одредените намалувања на дотокот во населби, Јавното претпријатие ги објаснува со интервенции на дефекти.
- Кога работиме на дефекти има одредено намалување на приливот на вода, но тоа е краткотрајно. Некои граѓани се жалат на заматеност. Но нема никакви проблеми, водата е исправна, нагласува Гулабоски.
Надлежните остануваат на апелот рационално да се троши водата за пиење. Граѓаните ја користат секоја можност за разладување.

The post Студенчица тече: Прилеп нема проблеми со водата како во минатото appeared first on Република.

]]>
Голем дефект во Штип, дел од градот без вода https://republika.mk/vesti/makedonija/golem-defekt-vo-shtip-golem-del-od-gradot-bez-voda/ Sun, 08 Jan 2023 11:37:16 +0000 https://republika.mk/?p=594578

Обезбедени се цистерни со вода на три локации во Штип, поради големиот дефект на водоводна линија во Штип. Надлежните од ЈП „Исар” информираат дека  локацијата на дефектот е под филтер станицата на ЈП ,,Исар”, поточно во населбата Дузлак.

Во консултација со службите на ЈП ,,Исар”, санацијата на дефектот треба да трае од шест до осум часа.  Посочуваат дека  од овие причини за граѓаните ќе биде обезбедена вода од цистерна.

Цистерната ќе биде на три пункта, односно локации:

-Од 12 до 13 часот цистерна ќе биде поставена на улицата ,,Христијан Карпош” кај спортското игралиште.

– Од 13 до 14 часот, цистерната ќе биде поставена на улицата ,,Радански пат” во близина на продавница Палестина.
– Од 14 до 15 часот цистерната ќе биде поставена во населбата Деснаци, во близина на спортското игралиште Суитлак.go

The post Голем дефект во Штип, дел од градот без вода appeared first on Република.

]]>

Обезбедени се цистерни со вода на три локации во Штип, поради големиот дефект на водоводна линија во Штип. Надлежните од ЈП „Исар” информираат дека  локацијата на дефектот е под филтер станицата на ЈП ,,Исар”, поточно во населбата Дузлак. Во консултација со службите на ЈП ,,Исар”, санацијата на дефектот треба да трае од шест до осум часа.  Посочуваат дека  од овие причини за граѓаните ќе биде обезбедена вода од цистерна. Цистерната ќе биде на три пункта, односно локации: -Од 12 до 13 часот цистерна ќе биде поставена на улицата ,,Христијан Карпош” кај спортското игралиште.
– Од 13 до 14 часот, цистерната ќе биде поставена на улицата ,,Радански пат” во близина на продавница Палестина.
– Од 14 до 15 часот цистерната ќе биде поставена во населбата Деснаци, во близина на спортското игралиште Суитлак.go

The post Голем дефект во Штип, дел од градот без вода appeared first on Република.

]]>
Град Скопје и Општина Сарај почнуваат изградба на систем за водоснабдување во Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци https://republika.mk/vesti/skopje/grad-skopje-i-opshtina-saraj-pochnuvaat-izgradba-na-sistem-za-vodosnabduvanje-vo-rashche-kopanica-bojane-bukovikj-i-laskarci/ Tue, 23 Aug 2022 20:28:01 +0000 https://republika.mk/?p=543412

Градоначланичката на град Скопје, Данела Арсовска, најави решавањето на деценискиот проблем со водоснабдувањето во населените места Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци во општината Сарај.

Арсовска истакна дека тој решавањето на тој проблем е меѓу приоритетните проекти на кои во наредниот период ќе се посвети Градот Скопје.

Сегашната состојба на системот за водоснабдување на селата Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци не ги задоволува основните потреби на жителите на овие населени места за снабдување со вода за пиење. Ова е горлив проблем со кој локалните жители секојдневно се соочени и затоа заедно во соработка со Општина Сарај, пристапуваме кон решавање на овој децениски предизвик. Со цел да се надмине сегашната состојба и да се овозможат поквалитетни услови за живеење, Град Скопје и Општина Сарај пристапуваат кон изработка на урбанистичко планска документација за подобрување на водоснабдувањето, според која се планира да се отпочне со изградба на нов систем за водоснабдување – порача градоначалничката Арсовска.

The post Град Скопје и Општина Сарај почнуваат изградба на систем за водоснабдување во Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци appeared first on Република.

]]>

Градоначланичката на град Скопје, Данела Арсовска, најави решавањето на деценискиот проблем со водоснабдувањето во населените места Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци во општината Сарај. Арсовска истакна дека тој решавањето на тој проблем е меѓу приоритетните проекти на кои во наредниот период ќе се посвети Градот Скопје.