внатрешна контрола Archives - Република https://republika.mk/tema/vnatreshna-kontrola/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Sep 2024 08:27:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png внатрешна контрола Archives - Република https://republika.mk/tema/vnatreshna-kontrola/ 32 32 Полицаец земал мито од 1000 евра https://republika.mk/vesti/crna-hronika/politsaets-zemal-mito-od-1000-evra/ Wed, 04 Sep 2024 20:10:40 +0000 https://republika.mk/?p=813254

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Дебар поднесе кривична пријава против Љ.З. вработен во Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи- Охрид, Сектор за оружје, експлозивни и опасни материи при Оддел за граѓански работи, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба“ по член 353 од Кривичниот законик во врска со член 9 став 5 од Законот за оружје и член 6 и член 7 од Законот за административни такси во МВР.

Пријавениот Љ.З., во својство на одговорно лице, во периодот од 01.01.2022 до 05.08.2024 од барателите, на рака ги земал парите што требало да ги платат на жиро сметката на Министерството за внатрешни работи за административни такси, со цел да им врши услуга, односно во нивно име тој да изврши уплата за административни такси.

Но, наместо тоа, парите тој противправно ги присвоил и со тоа за себе прибавил имотна корист и нанел штета на Буџетот на Министерството за внатрешни работи во износ од 60.950 денари.

Во наведениот период, за вкупно 179 примени барања нема потврда за платени административни такси. Поради потешко кршење на работниот ред и дисциплина, Одделот за внатрешна контрола против Љ.З. ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка

The post Полицаец земал мито од 1000 евра appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Дебар поднесе кривична пријава против Љ.З. вработен во Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи- Охрид, Сектор за оружје, експлозивни и опасни материи при Оддел за граѓански работи, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба“ по член 353 од Кривичниот законик во врска со член 9 став 5 од Законот за оружје и член 6 и член 7 од Законот за административни такси во МВР. Пријавениот Љ.З., во својство на одговорно лице, во периодот од 01.01.2022 до 05.08.2024 од барателите, на рака ги земал парите што требало да ги платат на жиро сметката на Министерството за внатрешни работи за административни такси, со цел да им врши услуга, односно во нивно име тој да изврши уплата за административни такси. Но, наместо тоа, парите тој противправно ги присвоил и со тоа за себе прибавил имотна корист и нанел штета на Буџетот на Министерството за внатрешни работи во износ од 60.950 денари. Во наведениот период, за вкупно 179 примени барања нема потврда за платени административни такси. Поради потешко кршење на работниот ред и дисциплина, Одделот за внатрешна контрола против Љ.З. ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка

The post Полицаец земал мито од 1000 евра appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Внатрешна контрола утврди дека во време на Бојмацалиев е направен пропуст при издавањето лични документи https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-vnatreshna-kontrola-utvrdi-deka-vo-vreme-na-bojmatsaliev-e-napraven-propust-pri-izdavaneto-lichni-dokumenti/ Mon, 11 Mar 2024 11:19:48 +0000 https://republika.mk/?p=753589

Во однос на наводните пропусти во издавањето на готови лични документи за кои во изминатиот период во медиумите зборуваше дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев ја информирам јавноста дека од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по негово барање беа извршени проверки и за истите е изготвен извештај во кој е констатирана фактичката состојба, односно е утврдено е дека конкретниот пропуст е направен во време кога Бојмацалиев извршувал работни задачи на позиција шеф на кабинет на поранешниот министер за внатрешни работи, се вели во демантот на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Имено, проверките покажуваат дека пропустот кој се однесува на случај каде граѓанин кој се сликал на 16.12.2023г. два месеци не можел да ја подигне патната исправа, се случил на 05.01.2024г. кога предметната патна исправа била доставена во ОУР-Скопје и истата била ставена во редот со различна азбучна буква од буквата на носителот на иницијалите на конкретното лице, односно наместо во редот со азбучна буква „П“, истата била ставена во редот на азбучната буква „Р“, што било потврдено на 05.03.2024г. кога патната исправа конечно била пронајдена. Од тие причини, лицето два месеци не успеало да ја подигне патната исправа која била изработена во законски предвидениот рок. Во оваа прилика сакам да апелирам процесот на издавање на лични документи да не се злоупотребува за политички цели и сите заеднички да придонесеме што поскоро да се надмине овој проблем бидејќи граѓаните заслужуваат да добијат квалитетен сервис од МВР и да можат во нормални услови да ги извадат своите лични документи, истакнува Тошковски.

The post Тошковски: Внатрешна контрола утврди дека во време на Бојмацалиев е направен пропуст при издавањето лични документи appeared first on Република.

Ревизијата констатирала отсуство на процедури во случајот на Палчо, токму тоа го спасува Спасовски од одговорност, реагира ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/revizijata-konstatirala-otsustvo-na-protseduri-vo-sluchajot-na-palcho-tokmu-toa-go-spasuva-spasovski-od-odgovornost-reagira-vmro-dpmne/ Thu, 07 Mar 2024 19:01:12 +0000 https://republika.mk/?p=752402

Ја разбираме потребата на СДС да го брани сопствениот поранешен претседател на градска организација и осомничен за сурово двојно убиство Љупчо Палевски Палчо, но тоа што утврдила ревизијата е отсуство на процедури кои се начин низ кој се провлекува Оливер Спасовски и неговата одговорност за ненавремената реакција на службите за двојното убиство, ова преку реакција на прес-конференцијата на Даниела Колева до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

После 8 години министерување прашањето е зошто Оливер Спасовски не донел процедури за задолжително постапување во вакви случаеви? Сака СДС од чии структури се изроди Палевски да не убеди дека е нормално што се возел среде Скопје со возилото на прво убиениот и се движел непречено? На крајот СДС да го праша министерот за правда до кај е екстрадицијата на Палчо? Дали е на повидок негово ослободување?“, прашуваат од партијата.

The post Ревизијата констатирала отсуство на процедури во случајот на Палчо, токму тоа го спасува Спасовски од одговорност, реагира ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

Триесетина полицајци од „Блаце“ под истрага дека намерно ги искршиле боди-камерите https://republika.mk/vesti/crna-hronika/triesetina-policajci-od-blace-pod-istraga-deka-namerno-gi-iskrshile-bodi-kamerite/ Sat, 16 Apr 2022 19:32:41 +0000 https://republika.mk/?p=489413

Триесетина полицајци од граничниот премин „Блаце“ се под истражни мерки на внатрешна контрола поради сомнение дека намерно ги оштетиле камерите прикачени на своите униформи, јавува Алсат.

Телевизијата од извори во полицијата дознава дека мотивот за кршење на камерите се сомнева дека е отстранување на докази од ситуации кога полицајци ја злоупотребуваат службената положба. Полицијата поведе повеќе истражни постапки за докажување на одговорноста и намерното уништување на камерите. Засега нема кривична пријава.

„Внатрешната контрола работи на овој случај. Утврдено е дека се скршени една камера и 12 полначи за камери. На 30 лица им е изречена дисциплинска мерка, а се применува и постапка за материјална штета. Се преземаат и други мерки за санкционирање“, соопштија од МВР.

Истрагата за уништување на телесни камери доаѓа паралелно со истрагата покрената по скандалот со поткуп на овој граничен пункт каде пред два дена беа приведени двајца полицајци за примање поткуп, дело што беше докажано преку видео снимка објавена од емисијата „ Стоп“.

Пријавите на двајцата полицајци Елхам Шкрета и Зилбехар Ракипи стигнаа до Јавното обвинителство од каде се очекува да продолжат со кривично гонење.

The post Триесетина полицајци од „Блаце“ под истрага дека намерно ги искршиле боди-камерите appeared first on Република.

]]>

Триесетина полицајци од граничниот премин „Блаце“ се под истражни мерки на внатрешна контрола поради сомнение дека намерно ги оштетиле камерите прикачени на своите униформи, јавува Алсат. Телевизијата од извори во полицијата дознава дека мотивот за кршење на камерите се сомнева дека е отстранување на докази од ситуации кога полицајци ја злоупотребуваат службената положба. Полицијата поведе повеќе истражни постапки за докажување на одговорноста и намерното уништување на камерите. Засега нема кривична пријава.
„Внатрешната контрола работи на овој случај. Утврдено е дека се скршени една камера и 12 полначи за камери. На 30 лица им е изречена дисциплинска мерка, а се применува и постапка за материјална штета. Се преземаат и други мерки за санкционирање“, соопштија од МВР.
Истрагата за уништување на телесни камери доаѓа паралелно со истрагата покрената по скандалот со поткуп на овој граничен пункт каде пред два дена беа приведени двајца полицајци за примање поткуп, дело што беше докажано преку видео снимка објавена од емисијата „ Стоп“. Пријавите на двајцата полицајци Елхам Шкрета и Зилбехар Ракипи стигнаа до Јавното обвинителство од каде се очекува да продолжат со кривично гонење.

The post Триесетина полицајци од „Блаце“ под истрага дека намерно ги искршиле боди-камерите appeared first on Република.

]]>