ВМТО-ДПМНЕ Archives - Република https://republika.mk/tema/vmto-dpmne/ За подобро да се разбереме Sun, 26 Mar 2023 11:37:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ВМТО-ДПМНЕ Archives - Република https://republika.mk/tema/vmto-dpmne/ 32 32 Анкета на ИПИС: ВМРО ДПМНЕ има 25% поголем рејтинг од СДСМ и ДУИ заедно https://republika.mk/vesti/makedonija/anketa-na-ipis-vmro-dpmne-ima-25-pogolem-rejting-od-sdsm-i-dui-zaedno/ Sun, 26 Mar 2023 11:37:39 +0000 https://republika.mk/?p=623801

Македонија е доминантно подготвена за избори, со јасни ставови во однос на власта и опозицијата и незадоволна од сегашната власт без оглед на етничката припадност на анкетираните, и јавноста.

По нарачка на порталот Вечер.мк анкетата ја спроведе ИПИС Скопје, стручна институција која ги спроведува повеќето анкети во Македонија со респективна точност, покажува дека продолжува падот на рејтингот на владеачките партии СДСМ и ДУИ.

Најавената опција дека, заради пад на рејтингот, СДСМ и ДУИ би можеле на наредните избори да настапат во предизборна коалиција според граѓаните на Македонија не е добитна комбинација за нив. Напротив, и да настапат заедно опозициската ВМРО ДПМНЕ има речиси 25% поголем рејтинг од владеачката коалиција.

Дали претседателските избори треба да се одржат заедно со парламентарните, бидејќи се блиску до редовните термини, или треба да се гласа одделно за собранието и претседател на државата како што планираат СДСМ и ДУИ? Анкетата со убедливо мнозинство вели – треба двете гласања да се одржат во ист ден:

Колку граѓаните се задоволни од сегашната власт? Клучно прашање за утврдување на јавниот став во однос на власта која располага со нивнит пари и интереси. Меѓународните извештаи ја потврдуваат перцепцијата на јавноста за голема корупција во власта, контрола над судството, етничките тензии и пад на безбедноста, како и сигурноста и стандардот на граѓаните и компаниите.

Резултатите од анкетата на ова прашање велат дека над половина, или 50,9% сметаат дека Македонија оди во погрешна насока, а дополнителни 13,7 сметаат дека државата оди во донекаде погрешна насока што, заедно, значи дека скоро две третини, или 64,6% од граѓаните сметаат дека Македонија има погрешна политика на власта.

Во таква состојба, кого јавноста смета како решение за промена на владеачката политика и враќање на Македонија на пат кој е стабилен, демократски, пат кон правна држава и економска перспектива. Јавноста покажува убедливо најголема доверба во опозициската ВМРО ДПМНЕ со поддршка од 21,7%.

СДСМ и ДУИ, партии кои ја сочинуваат власта во Македонија, поддржани од неколку мали партии за да се обезбеди какво-такво мнозинство во парламанетот, по две години перманентен пад на рејтингот најавувја можност предизборна коалиција како, заедно, би се спротиставиле на опозициската ВМРО ДПМНЕ. Но, јавноста смета дека и заедно се далеку од поддршката која ја има најголемата опозициска партија, па и во таква комбинација би биле убедливо поразени на следните парламентарни избори со голема разлика од 60-70.000 гласови во полза на ВМРО ДПМНЕ.

Интресена е и споредбата на две помали партии кои атакуваат на гласовите на СДСМ и на неопределените: Левица и Граѓанското движење на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевки колоквијално во медиумите спомнувано како движење За наша Македонија.

Имено, Максим Димитриевски е за нијанса со поголема поддршка во Јавноста од Димитар Апасиев и Левица, што е резултат на искуството кое јавноста го има од резултатите како градончалник на Куманово и теренската работа на ова Граѓанско движење низ Македонија, наспроти активноста на Левица доминантно на социјалните мрежи а без конкретни резултати на терен и низ општините каде имаат советници.

Максим Димитриевски веќе има рејтинг над 5% во анкетите а активностите на терен меѓу граѓаните допрва следат. Левица активна само на Фејсбук и Твитер очигледно не може да ја помине таа граница од 5%, а политиката им е се повеќе радикална. Зближувањето на Левица со ДУИ и СДСМ низ повеќе општини, пред се во Скопје, покажува пад на нивниот рејтинг.

Дали граѓаните бараат нови лица во политиката. Ставовите се поделени, но расне трендот на понуда на нови лица во политичкиот живот, согласно интересот на јавноста за нив.

Анкетата по нарачка на порталот Вечер.мк ја спроведе ИПИС Скопје, во март 2023 година, на 1114 испитаници пропорционално на старосниот, етнички и полов состав на населението во Македонија.

Графика: Вечер.мк

The post Анкета на ИПИС: ВМРО ДПМНЕ има 25% поголем рејтинг од СДСМ и ДУИ заедно appeared first on Република.

]]>

Македонија е доминантно подготвена за избори, со јасни ставови во однос на власта и опозицијата и незадоволна од сегашната власт без оглед на етничката припадност на анкетираните, и јавноста. По нарачка на порталот Вечер.мк анкетата ја спроведе ИПИС Скопје, стручна институција која ги спроведува повеќето анкети во Македонија со респективна точност, покажува дека продолжува падот на рејтингот на владеачките партии СДСМ и ДУИ. Најавената опција дека, заради пад на рејтингот, СДСМ и ДУИ би можеле на наредните избори да настапат во предизборна коалиција според граѓаните на Македонија не е добитна комбинација за нив. Напротив, и да настапат заедно опозициската ВМРО ДПМНЕ има речиси 25% поголем рејтинг од владеачката коалиција. Дали претседателските избори треба да се одржат заедно со парламентарните, бидејќи се блиску до редовните термини, или треба да се гласа одделно за собранието и претседател на државата како што планираат СДСМ и ДУИ? Анкетата со убедливо мнозинство вели – треба двете гласања да се одржат во ист ден: Колку граѓаните се задоволни од сегашната власт? Клучно прашање за утврдување на јавниот став во однос на власта која располага со нивнит пари и интереси. Меѓународните извештаи ја потврдуваат перцепцијата на јавноста за голема корупција во власта, контрола над судството, етничките тензии и пад на безбедноста, како и сигурноста и стандардот на граѓаните и компаниите. Резултатите од анкетата на ова прашање велат дека над половина, или 50,9% сметаат дека Македонија оди во погрешна насока, а дополнителни 13,7 сметаат дека државата оди во донекаде погрешна насока што, заедно, значи дека скоро две третини, или 64,6% од граѓаните сметаат дека Македонија има погрешна политика на власта. Во таква состојба, кого јавноста смета како решение за промена на владеачката политика и враќање на Македонија на пат кој е стабилен, демократски, пат кон правна држава и економска перспектива. Јавноста покажува убедливо најголема доверба во опозициската ВМРО ДПМНЕ со поддршка од 21,7%. СДСМ и ДУИ, партии кои ја сочинуваат власта во Македонија, поддржани од неколку мали партии за да се обезбеди какво-такво мнозинство во парламанетот, по две години перманентен пад на рејтингот најавувја можност предизборна коалиција како, заедно, би се спротиставиле на опозициската ВМРО ДПМНЕ. Но, јавноста смета дека и заедно се далеку од поддршката која ја има најголемата опозициска партија, па и во таква комбинација би биле убедливо поразени на следните парламентарни избори со голема разлика од 60-70.000 гласови во полза на ВМРО ДПМНЕ. Интресена е и споредбата на две помали партии кои атакуваат на гласовите на СДСМ и на неопределените: Левица и Граѓанското движење на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевки колоквијално во медиумите спомнувано како движење За наша Македонија. Имено, Максим Димитриевски е за нијанса со поголема поддршка во Јавноста од Димитар Апасиев и Левица, што е резултат на искуството кое јавноста го има од резултатите како градончалник на Куманово и теренската работа на ова Граѓанско движење низ Македонија, наспроти активноста на Левица доминантно на социјалните мрежи а без конкретни резултати на терен и низ општините каде имаат советници. Максим Димитриевски веќе има рејтинг над 5% во анкетите а активностите на терен меѓу граѓаните допрва следат. Левица активна само на Фејсбук и Твитер очигледно не може да ја помине таа граница од 5%, а политиката им е се повеќе радикална. Зближувањето на Левица со ДУИ и СДСМ низ повеќе општини, пред се во Скопје, покажува пад на нивниот рејтинг. Дали граѓаните бараат нови лица во политиката. Ставовите се поделени, но расне трендот на понуда на нови лица во политичкиот живот, согласно интересот на јавноста за нив. Анкетата по нарачка на порталот Вечер.мк ја спроведе ИПИС Скопје, во март 2023 година, на 1114 испитаници пропорционално на старосниот, етнички и полов состав на населението во Македонија. Графика: Вечер.мк

The post Анкета на ИПИС: ВМРО ДПМНЕ има 25% поголем рејтинг од СДСМ и ДУИ заедно appeared first on Република.

]]>