ВМРИ-ДПМНЕ Archives - Република https://republika.mk/tema/vmri-dpmne/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Aug 2024 07:50:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ВМРИ-ДПМНЕ Archives - Република https://republika.mk/tema/vmri-dpmne/ 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета не ја перат ни партиските другари, ни Вардар, продолжуваме со објавување на детали за аздисаното трошење на народни пари од претходната власт https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-bisera-antoaneta-ne-ja-perat-ni-partiskite-drugari-ni-vardar-prodolzhuvame-so-objavuvane-na-detali-za-azdisanoto-troshene-na-narodni-pari-od-prethodnata-vlast/ Tue, 27 Aug 2024 07:50:42 +0000 https://republika.mk/?p=810455

Обелоденувањето на трошоците од патувањата, поточно трошењата на поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, сега веќе позната како Бисера Антоанета е само почеток на откривање на детали за расипништвото на претходната владејачка гарнитура, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека граѓаните вчера имаа можност да видат и конкретни сметки од купувањето на чорапи, хулахопки, куфери, мечиња кои ги купувала Бисера Антоанета.

Бисера Антоанета за приватни потреби потрошила 52 илјади денари пари на граѓаните. Тоа е сума, приближна, со која живее едно четиричлено семејство. Да потсетиме, тоа се сметки за куфер Самсонајт од 59 фунти. Потоа купила и куфер од 219 фунти. Тука е и сметката од Гифт Галор Лондон од 89 фунти, од каде Бисера Антоанета си купила плишано мече Педингтон, како и фудбалска топка. Ова се само неколку примери. Или ова е само почеток од информирање на јавноста. Следуваат уште поскандалозни случаи од нејзиното аздисано однесување и трошење на пари на граѓаните. Бисера Антоанета почна сама да се правда, поточно да лаже, а партиските другари како Фатмир Битиќи почнаа да ја бранат. Едно е јасно, ни Вардар не ја пере Бисера, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека со докази ќе продолжат да ја информираат јавноста за, како што велат, аздисаноста на лица од претходната власт.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета не ја перат ни партиските другари, ни Вардар, продолжуваме со објавување на детали за аздисаното трошење на народни пари од претходната власт appeared first on Република.

]]>

Обелоденувањето на трошоците од патувањата, поточно трошењата на поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, сега веќе позната како Бисера Антоанета е само почеток на откривање на детали за расипништвото на претходната владејачка гарнитура, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата истакнуваат дека граѓаните вчера имаа можност да видат и конкретни сметки од купувањето на чорапи, хулахопки, куфери, мечиња кои ги купувала Бисера Антоанета.