влез во ЕУ Archives - Република https://republika.mk/tema/vlez-vo-eu/ За подобро да се разбереме Sat, 06 Jul 2024 14:37:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png влез во ЕУ Archives - Република https://republika.mk/tema/vlez-vo-eu/ 32 32 Долгиот процес на интеграција може да доведе до тоа Русија и други малигни актери да го искористат незадоволството на народот https://republika.mk/vesti/makedonija/dolgiot-protses-na-integratsija-mozhe-da-dovede-do-toa-rusija-i-drugi-maligni-akteri-da-go-iskoristat-nezadovolstvoto-na-narodot/ Sat, 06 Jul 2024 14:36:43 +0000 https://republika.mk/?p=794065

Главниот директор за Европа и НАТО во Пентагон, Олтон Бјуланд во пресрет на самитот во Вашинтон испрати порака дека државите од Западен Балкан треба да ги направат потребните реформи за влез во ЕУ, како и дека долгиот процес на интеграција може да доведе до тоа Русија и други малигни актери да го искористат незадоволството на народот.

Тој не сакаше да ги коментира изјавите на премиерот Христијан Мицкоски и на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова дека ќе го користат уставното име на државата во официјален контекст, а ќе го употребуваат името Македонија во изјави и како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација. Вели дека одговори на такви прашања треба да даде Стејт департментот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-i-grtsija-da-go-ostavat-sporot-za-imeto-nadvor-od-nato/

Гласот на Америка на македонски на 19 јуни го праша Стејт департментот дали Мицкоски со употребата на две имиња за државата, дома Македонија, а во странство Македонија, се обидува да создаде лажен впечаток дека се придржува до Договорот од Преспа. Од прес-службата тогаш одговорија дека „изјавата на мандатарот Мицкоски дека ќе го користи уставното име на државата во сите официјални контексти е во склад со Договорот од Преспа“.

The post Долгиот процес на интеграција може да доведе до тоа Русија и други малигни актери да го искористат незадоволството на народот appeared first on Република.

]]>

Главниот директор за Европа и НАТО во Пентагон, Олтон Бјуланд во пресрет на самитот во Вашинтон испрати порака дека државите од Западен Балкан треба да ги направат потребните реформи за влез во ЕУ, како и дека долгиот процес на интеграција може да доведе до тоа Русија и други малигни актери да го искористат незадоволството на народот. Тој не сакаше да ги коментира изјавите на премиерот Христијан Мицкоски и на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова дека ќе го користат уставното име на државата во официјален контекст, а ќе го употребуваат името Македонија во изјави и како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација. Вели дека одговори на такви прашања треба да даде Стејт департментот. https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-i-grtsija-da-go-ostavat-sporot-za-imeto-nadvor-od-nato/ Гласот на Америка на македонски на 19 јуни го праша Стејт департментот дали Мицкоски со употребата на две имиња за државата, дома Македонија, а во странство Македонија, се обидува да создаде лажен впечаток дека се придржува до Договорот од Преспа. Од прес-службата тогаш одговорија дека „изјавата на мандатарот Мицкоски дека ќе го користи уставното име на државата во сите официјални контексти е во склад со Договорот од Преспа“.

The post Долгиот процес на интеграција може да доведе до тоа Русија и други малигни актери да го искористат незадоволството на народот appeared first on Република.

]]>
И Меркел ветуваше влез во ЕУ со „само уште ова“ https://republika.mk/vesti/makedonija/i-merkel-vetuvashe-vlez-vo-eu-so-samo-ushte-ova/ Thu, 29 Jun 2023 06:55:47 +0000 https://republika.mk/?p=656286

За да се процени кредибилноста на изјавата на германскиот канцелар Олаф Шолц, дека „нема да има нови услови од Бугарија“ освен нивното наметнато барање за измена на Уставот, корисно е да се потсетиме на изјавите на претходната канцеларка Ангела Меркел од 2018 и 2020 година, кога исто така од владата во Берлин беа дадени озбилни ветувања за интеграцијата во ЕУ, од кои до денес ниту едно не е исполнето, и покрај болните и изнудени измени на Уставот на Република Македонија, потсетува пратеникот Антонио Милошоски.

Затоа, како држава кон ветувањата од ЕУ, подобро е да сме претпазливи, отколку повторно разочарани, вели тој.

The post И Меркел ветуваше влез во ЕУ со „само уште ова“ appeared first on Република.

Остар говор на холандскиот амбасадор: Нас не нѐ интересираат уставните измени, не гледаме реформи https://republika.mk/vesti/makedonija/ostar-govor-na-holandskiot-ambasador-nas-ne-n-interesiraat-ustavnite-izmeni-ne-gledame-reformi/ Wed, 28 Jun 2023 08:59:43 +0000 https://republika.mk/?p=655930

Уставните измени се изговор за неспроведување на реформите, вели со остар тон амбасадорот на Холандија Дирк Јан Коп во интервју за Македонската телевизија. Коп додава дека во земјава изговорот е дека така не се стигнува до втората фаза, до преговарачката рамка иако, нагласува, сите неопходни преговори може да се реализираат, без рамката, додуша, малку покомпликувано.

Премногу сте фокусирани на прашањето за уставни измени, за нас, како Холандија, тоа прашање не е важно, туку важни се реформите, вели Коп во интервју за Македонската телевизија.

Тој не се согласува со констатацијата дека Македонија и премногу чека во интеграцискиот процес со ЕУ и дека постојано на земјава ѝ се поставуваат нови услови.

Не, ние предолго чекаме на вас, дециен е Коп.

Неговата порака е остра критика до македонските власти дека не се фокусирани на рефомите.

Целта треба да ви биде влез во ЕУ, а тоа може да се случи за неколку години кога ќе ги исполните условите. И, ако до тогаш не го смените Уставот, тогаш ќе мора секако да го смените за да се внесат сите промени во новата рамка на денот кога вашето знаме ќе биде поставено до нашето во Брисел“, рече амбасадорот.

За холандскиот амбасадор во земјава да се зборува за евроскептицизам е во најмала рака навредливо.

Неопходните реформи можеа да бидат направени пред 10-15 години, а не беа направени. Неиздржано е да се зборува за евроскептицизмот од тој асепкт, дури е и навредливо, зашто после 20 до 30 годоини поддршка за да влезете во ЕУ, прашањето е каде се милијардите, каде се и што се случи со обуките што ги спроведувавме? Зошто сите нови правила и регулативи не се правилно имплементгирани? Дали е тоа прашање на менталитетот? Можеби се сеќавате, наши даночни обврзници ги платија вакцините за коронавирусот за Западен Балкан. Европската комисија пред неколку месеци даде дополни 200 милиони евра за Владата на Северна Македпнкија поради високите цени на енергенсите и инфлацијата иако и нашите даночни обврзници беа соочени со истиот енергетски проблем и високите цени. Слушам кога се вели дека повеќе пари даваме за Бугарија, Романија, Грција, а не за земјите од Западен Балкан... Па да одговорам вака: Дали вие треба џепарлак да давате за своите деца или и за децата на соседите и тоа во ист износ? Смешно е. А што се однесува до проблемот со третите земји, тоа не е изразен толку многу во вашата земја. Вистинскиот проблем е што луѓето немаат доверба во институциите. Таа доверба е десет пати помала во споредба со земјите од ЕУ. Луѓе се жалат на судовите, обвинителството, полицијата... Добиваме писма и мејлови. Па ние не сме слепи“, рече амбасадорот на Холандија Дирк Јан Коп.

The post Остар говор на холандскиот амбасадор: Нас не нѐ интересираат уставните измени, не гледаме реформи appeared first on Република.

Османи: Земјава е пред можност сериозно да влезе во брза патека за членство во ЕУ, а граѓаните да го осетат тоа директно во џебот https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-zemjava-e-pred-mozhnost-seriozno-da-vleze-vo-brza-pateka-za-chlenstvo-vo-eu-a-graganite-da-go-osetat-toa-direktno-vo-dhebot/ Thu, 22 Jun 2023 16:41:57 +0000 https://republika.mk/?p=654152

На 20-годишнината од Самитот во Солун, Министерството за надворешни работи промовира иницијатива „Повеќе интеграција, пред членство“, за да може граѓаните да ги чувствуваат бенефитите од процесот на пристапување во ЕУ уште пред самото зачленување во Унијата, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Имаме веќе три такви добри модели – визната либерализација, транспортната заедница и енергетската заедница, кои што покажуваат дека можеме да бидеме дел од европските политики и пред да бидеме членка на ЕУ. Нашата иницијатива не е да се нуди алтернатива, бидејќи пораката на 20-годишнината на Солунскиот самит е дека никој во регионот не прифаќа алтернатива на процесот на членство во ЕУ, истакна Османи на денешната прес-конференција.

Според Османи, земјава сега е пред можност сериозно да влезе во една брз патека за членство во ЕУ, кое е веќе се по извесно и до него да нема празен од, туку скалила низ кои што граѓаните ќе ги почувствуваат бенефитите на приближувањето кон ЕУ директно во нивниот џеб и во нивниот начин на живот.

– Ќе ги почувствува општеството, ќе ги почувствува државата. Како што ја почувствувавме визната либерализација, ќе ги чувствуваме и бенефитите. Така планираме постепено да влеземе во ЕУ, уште пред самото формално членство да биде навистина формално, додека по пат да ги имаме сите придобивки од процесот. Мислам дека ова е планот којшто се обидуваме ние во регионот да го наметнеме и во комуникација со ЕУ и веќе иницијалниот фит бек од Брисел е позитивен, истакна Османи.

Тој потсети дека пораката на Солунскиот самит пред 20 години со една реченица беше дека иднината на земјите од Западен Балкан е во ЕУ, со што почна целата приказна и почна идејата и надежта на државите од регионот за зачленување во Унијата.

– Тоа беше точка водилка, тоа беше референца на која што се засновуваат напорите и на ЕУ и на земјите од Западен Балкан. Неколку земји почнаа со преговори, некои авансираа во преговорите, меѓутоа се на се може да се каже дека има разочарување во регионот за тоа до каде сме 20 години после тоа, заклучи Османи.

Според него, причините за разочараноста лежат во дилемите во самата ЕУ во однос на процесот на проширување, неговата билатерализација од страна на одредени земји членки, како и во забавената, односно несоодветната динамика на реформи во самите земји од Западниот Балкан.

– Проблемот е во нас, во овие земји. Република Македонија почна прва. Во 2001 беше во група со Хрватска и Словенија. Сите сметаа дека ова ќе биде првата тројка што ќе станат членки на ЕУ. Ја пропуштивме таа можност, Словенија и Хрватска влегоа во Унијата и тогаш почна едно ново поглавје, коешто јас го нарекувам „Балканизација на процесот на проширување на ЕУ“ во којшто ние станавме и жртва на тој процес, рече Османи.

Сепак, според него, во овие 20 години имаше и негативни аспекти, но и придобивки како во сферата на енергијата, апсорбирањето на средства за демократизација и зајакнување на институциите за владеење на правото и демократските процеси, како и над 45 проценти усогласеност на европското законодавство во домашното.

– Значи ние денес 45 проценти сме веќе ЕУ тука. И тоа значително го смени квалитетот на живот на граѓаните. Го смени квалитетот на функционирање на општеството на институциите и тоа е придобивка на овие 20 години процес, пристапен процес во ЕУ којшто за нас почна скоро. Потоа интегрирањето во пазарот на ЕУ, во рамки на овој претпристапен процес во којшто се наоѓаме, мобилноста, Еразмус програмата… сето тоа беа позитивни аспекти, од нашите обиди за интегрирање во ЕУ, рече Османи.

Тој истакна дека и покрај очекувањата дека во текот на процесот на интегрирањето ќе дојде до раст на економскиот стандард, сепак реалноста и фактите покажуваат дека во овие 20 години се случува дивергенција наместо конвергенција на стандардот во земјите од регионот и во земјите од ЕУ. Ова, според него, се должи на фактот дека членки на ЕУ добиваат дури 11 пати повеќе средства по глава на жител, отколку што добиваат земјите во регионот.

– Односно ако ние добиеме некаде околу 150 евра по глава на жител, тие добиваат околу 5000 евра по глава на жител. Значи со овие средства коишто ги добиваат нашите соседи членки на ЕУ и оние што ги добиваме ние, наместо да се приближуваме во стандардот, ние стануваме се повеќе оддалечени. Ние мора сега да разговараме со ЕУ по однос на овие аспекти за пристап до фондовите на ЕУ и до заедничкиот пазар на ЕУ, потенцира Османи.

Хрватското претседателство на Советот на Европската унија донесе одлука да ги одложи сите неформални состаноци и конференции до 15 мај, но и Самитот ЕУ-Западен Балкан, за да се ограничи ширењ

Тој истакна дека војната во Украина ја подигна свеста на земјите членки на ЕУ дека интегрирањето не е само внатрешен процес, туку пред се е безбедносно прашање за Унијата.

– Оттука се појавува една нова патека, една нова свесност за членство во ЕУ, која што ние мора да ја фатиме, односно да се качиме на таа патека за да не пропуштиме уште една шанса како пред 20 години. Дали ќе научиме таа лекција или ќе ја повториме грешката, ќе видиме веројатно за неколку месеци, изјави Османи, додавајќи дека ако сега не останеме на европскиот пат може да ни се случи да отпаднеме и од групата со Албанија, Црна Гора и Србија.

Според него, евроинтегративниот процесот продолжува и свесноста за него е поголема од кога било досега и од него има придобивки, но слабости кои МНР сега ги адресира преку оваа нова иницијатива.

– Членството останува крајна цел, меѓутоа мора да има фазно интегрирање што значи интегрирање во политиките, во фондовите и во пазарите на ЕУ како исполнуваме критериуми, а не придобивките да дојдат од моментот кога стануваме членка на ЕУ. Мислам дека тоа ќе доведе до кредибилитет на самиот процес, ќе ги задржиме интересот на граѓаните, бидејќи очигледно кредибилитетот трпи во целиот регион. Ги гледаме бројките како паѓа атрактивноста на самата идеја и сметам дека овој ден, ова одбележување е добра можност да се промовира овој пристап, упатувајќи порака до граѓаните дека сме пред можност да не ја повториме грешката од пред 20 години, потенцира Османи.

Според него, иако на европскиот пат се оди бавно, по нагорнини и надолнини, сепак трендот е позитивен затоа што нема алтернатива за ЕУ.

– Ние не можеме без ЕУ. Како општество губиме кислород без ЕУ. Едноставно толку сме меѓузависни овде во регионот, што без ЕУ ние сами внатре ќе почнеме да имплодираме по сите на вредности, не во смисла на насилство, туку како систем на вредности ќе почнеме да гниеме без тој кислород на ЕУ. Еден ден да ја нема европската перспектива, еден ден нека излезе ЕУ да каже нема надеж за оваа дражва и да ги повлече сите инструменти и средства и експертизи. И ајде да се провериме дали ќе можеме сами. Нема да можеме. И некој не предизвикува во овие тешки времиња со војна блиску до нас, да не остави сами, да не остави изолирани со сите потешкотии што ги имаме и внатре и со соседи, да не остави без ЕУ. Колку е тоа неодговорно. И тоа уште без срам излегуваат пред камери и тоа го продаваат како форма на патриотизам. Некој треба да излезе и во лице да им каже: Како не ви е срам да барате во вакви тешки времиња земјата да остане сама без ЕУ. Ја сакате ли малку оваа држава, потенцира Османи.

The post Османи: Земјава е пред можност сериозно да влезе во брза патека за членство во ЕУ, а граѓаните да го осетат тоа директно во џебот appeared first on Република.

Хрватското претседателство на Советот на Европската унија донесе одлука да ги одложи сите неформални состаноци и конференции до 15 мај, но и Самитот ЕУ-Западен Балкан, за да се ограничи ширењ Тој истакна дека војната во Украина ја подигна свеста на земјите членки на ЕУ дека интегрирањето не е само внатрешен процес, туку пред се е безбедносно прашање за Унијата.
– Оттука се појавува една нова патека, една нова свесност за членство во ЕУ, која што ние мора да ја фатиме, односно да се качиме на таа патека за да не пропуштиме уште една шанса како пред 20 години. Дали ќе научиме таа лекција или ќе ја повториме грешката, ќе видиме веројатно за неколку месеци, изјави Османи, додавајќи дека ако сега не останеме на европскиот пат може да ни се случи да отпаднеме и од групата со Албанија, Црна Гора и Србија.
Според него, евроинтегративниот процесот продолжува и свесноста за него е поголема од кога било досега и од него има придобивки, но слабости кои МНР сега ги адресира преку оваа нова иницијатива.
– Членството останува крајна цел, меѓутоа мора да има фазно интегрирање што значи интегрирање во политиките, во фондовите и во пазарите на ЕУ како исполнуваме критериуми, а не придобивките да дојдат од моментот кога стануваме членка на ЕУ. Мислам дека тоа ќе доведе до кредибилитет на самиот процес, ќе ги задржиме интересот на граѓаните, бидејќи очигледно кредибилитетот трпи во целиот регион. Ги гледаме бројките како паѓа атрактивноста на самата идеја и сметам дека овој ден, ова одбележување е добра можност да се промовира овој пристап, упатувајќи порака до граѓаните дека сме пред можност да не ја повториме грешката од пред 20 години, потенцира Османи.
Според него, иако на европскиот пат се оди бавно, по нагорнини и надолнини, сепак трендот е позитивен затоа што нема алтернатива за ЕУ.
– Ние не можеме без ЕУ. Како општество губиме кислород без ЕУ. Едноставно толку сме меѓузависни овде во регионот, што без ЕУ ние сами внатре ќе почнеме да имплодираме по сите на вредности, не во смисла на насилство, туку како систем на вредности ќе почнеме да гниеме без тој кислород на ЕУ. Еден ден да ја нема европската перспектива, еден ден нека излезе ЕУ да каже нема надеж за оваа дражва и да ги повлече сите инструменти и средства и експертизи. И ајде да се провериме дали ќе можеме сами. Нема да можеме. И некој не предизвикува во овие тешки времиња со војна блиску до нас, да не остави сами, да не остави изолирани со сите потешкотии што ги имаме и внатре и со соседи, да не остави без ЕУ. Колку е тоа неодговорно. И тоа уште без срам излегуваат пред камери и тоа го продаваат како форма на патриотизам. Некој треба да излезе и во лице да им каже: Како не ви е срам да барате во вакви тешки времиња земјата да остане сама без ЕУ. Ја сакате ли малку оваа држава, потенцира Османи.

The post Османи: Земјава е пред можност сериозно да влезе во брза патека за членство во ЕУ, а граѓаните да го осетат тоа директно во џебот appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Заедно со академската заедница ќе ги дефинираме областите во кои ќе можеме да се вклучиме пред членството во ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-zaedno-so-akademskata-zaednitsa-ke-gi-definirame-oblastite-vo-koi-ke-mozheme-da-se-vkluchime-pred-chlenstvoto-vo-eu/ Thu, 22 Jun 2023 16:06:08 +0000 https://republika.mk/?p=654142

Денеска Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), во соработка со Секретаријатот за европски прашања и Министерството за финансии организираа научната конференција на тема „Забрзување на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ: клучни предизвици и приоритети“.

На конференцијата во тематската област „Право и политика“, со свој труд учествуваше вицепремиерот Маричиќ, кој посочи дека сега е време сите заедно креативно да размислуваат и летово да се отвори дискусија за областите во кои ќе може Македонија да се вклучи порано, пред членството во ЕУ.

Имаме реална шанса Македонија да биде во пакетот на држави кои ќе бидат идни членки на ЕУ. Постои план од страна на ЕУ кој треба да го искористиме за забрзување на реформите и приближување на Македонија поблиску до членството во Унијата, рече Маричиќ.

Тој укажа дека новата методологија за проширување дозволува динамизирање на преговорите, односно забрзана реализација на реформска агенда и брзи резултати.

Имајќи ја предвид истата, забрзаното или фазно пристапување, може да го забрза, но исто така има потенцијал и да го успори нашето интегрирање во ЕУ, рече Маричиќ, посочувајќи дека е неопходно да имаме јасно дефинирани приоритетни области во склоп на забрзаната интеграција, а земјите членки тоа да го поддржат и во следниот период да се креира календар за наше активирање во истите.

Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ очекува дека заложбите на Европската комисија во овој период треба да бидат насочени кон унапредување и забрзување на процесите кои ќе ѝ овозможат на Македонија членство во следниот бран на проширување на Унијата, потенцирајќи дека е важно да се одржи втората Меѓувладина конференција за време на шпанско претседателство, односно до крајот на годината.

Тој во своето излагање посочи дека е исклучително важно улогата и вклученоста на академската заедница во овој државнички процес, како и во придонесот во демократскиот и одржлив развој на македонското општество и држава, потенцирајќи дека понатаму за сите процеси поврзани со евроинтеграцијата ќе продолжи комуникацијата и координацијата со академската фела.

- Дебатите и поинтензивната соработка со академската заедница дополнително треба да придонесат за развојот и демократизацијата на македонското општество, со што практично го забрзуваме интегрирањето во ЕУ.

Во тематската област „Економија“ се обрати министерот за финансии Фатмир Бесими кој кажа дека досегашната пракса на земјите од Централна и Источна Европа, покажале дека евроинтеграциите се катализатор на економскиот развој, односно подобрување кај сите економски параметри – БДП по глава на жител, странски и домашни инвестиции, трговија, како и подобрување на животниот стандард.

- Единствениот европски пазар од половина милијарда граѓани, пристапот до заедничките фондови, како и заедничките стратегии по однос на клучните прашања се главните придобивки од членството, кои ќе придонесат кон побрза конвергенција на нашата земја кон развиени. Науката може и дава значаен придонес во приближувањето до европските стандарди“ – порача министерот за финансии, Фатмир Бесими.

На научната конференција, која се одржа во просториите на МАНУ, учествуваа академици, професори од државните и приватните универзитети, од научните институти, од други домашни научни и стручни институции, како и дел од владините експерти кои активно ќе партиципираат во преговорите со ЕУ.

The post Маричиќ: Заедно со академската заедница ќе ги дефинираме областите во кои ќе можеме да се вклучиме пред членството во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Денеска Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), во соработка со Секретаријатот за европски прашања и Министерството за финансии организираа научната конференција на тема „Забрзување на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ: клучни предизвици и приоритети“.

На конференцијата во тематската област „Право и политика“, со свој труд учествуваше вицепремиерот Маричиќ, кој посочи дека сега е време сите заедно креативно да размислуваат и летово да се отвори дискусија за областите во кои ќе може Македонија да се вклучи порано, пред членството во ЕУ.

Имаме реална шанса Македонија да биде во пакетот на држави кои ќе бидат идни членки на ЕУ. Постои план од страна на ЕУ кој треба да го искористиме за забрзување на реформите и приближување на Македонија поблиску до членството во Унијата, рече Маричиќ.
Тој укажа дека новата методологија за проширување дозволува динамизирање на преговорите, односно забрзана реализација на реформска агенда и брзи резултати.
Имајќи ја предвид истата, забрзаното или фазно пристапување, може да го забрза, но исто така има потенцијал и да го успори нашето интегрирање во ЕУ, рече Маричиќ, посочувајќи дека е неопходно да имаме јасно дефинирани приоритетни области во склоп на забрзаната интеграција, а земјите членки тоа да го поддржат и во следниот период да се креира календар за наше активирање во истите.
Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ очекува дека заложбите на Европската комисија во овој период треба да бидат насочени кон унапредување и забрзување на процесите кои ќе ѝ овозможат на Македонија членство во следниот бран на проширување на Унијата, потенцирајќи дека е важно да се одржи втората Меѓувладина конференција за време на шпанско претседателство, односно до крајот на годината. Тој во своето излагање посочи дека е исклучително важно улогата и вклученоста на академската заедница во овој државнички процес, како и во придонесот во демократскиот и одржлив развој на македонското општество и држава, потенцирајќи дека понатаму за сите процеси поврзани со евроинтеграцијата ќе продолжи комуникацијата и координацијата со академската фела.
- Дебатите и поинтензивната соработка со академската заедница дополнително треба да придонесат за развојот и демократизацијата на македонското општество, со што практично го забрзуваме интегрирањето во ЕУ.
Во тематската област „Економија“ се обрати министерот за финансии Фатмир Бесими кој кажа дека досегашната пракса на земјите од Централна и Источна Европа, покажале дека евроинтеграциите се катализатор на економскиот развој, односно подобрување кај сите економски параметри – БДП по глава на жител, странски и домашни инвестиции, трговија, како и подобрување на животниот стандард.
- Единствениот европски пазар од половина милијарда граѓани, пристапот до заедничките фондови, како и заедничките стратегии по однос на клучните прашања се главните придобивки од членството, кои ќе придонесат кон побрза конвергенција на нашата земја кон развиени. Науката може и дава значаен придонес во приближувањето до европските стандарди“ – порача министерот за финансии, Фатмир Бесими.
На научната конференција, која се одржа во просториите на МАНУ, учествуваа академици, професори од државните и приватните универзитети, од научните институти, од други домашни научни и стручни институции, како и дел од владините експерти кои активно ќе партиципираат во преговорите со ЕУ.

The post Маричиќ: Заедно со академската заедница ќе ги дефинираме областите во кои ќе можеме да се вклучиме пред членството во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Граѓаните се против внесување на Бугарите во Уставот како услов за ЕУ, покажа анкетата на Детектор https://republika.mk/vesti/makedonija/graganite-se-protiv-vnesuvane-na-bugarite-vo-ustavot-kako-uslov-za-eu-pokazha-anketata-na-detektor/ Sun, 21 May 2023 14:01:42 +0000 https://republika.mk/?p=643265

Граѓаните се против внесување на Бугарите во Уставот и покрај тоа што ова е услов за почеток на предговорите со Европската Унија, покажува последното истражување на јавното мислење кое за потребите на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 56,1% од граѓаните се сметаат дека не треба да се промени Уставот и во него да се внесат Бугарите и останатите народи за да се продолжи со преговорите со ЕУ. Само 27,5% од анкетираните даваат поддршка за уставни измени.

Најголем дел од тие кои што поддржуваат уставни измени се етнички Албанци. Дури 79,3% од етничките Албанци даваат поддршка на внесувањето на Бугарите во Уставот додека дури 72,4% од Македонците се против. Поддршка на уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот дава само еден од десет Македонци или 11,2% од анкетираните. Сосема различните ставови на Македонците и етничките Албанци ги комплетира податокот дека само 8,8% од етничките Албанци се против уставни измени.

Три четвртини од граѓаните велат дека се доволно информирани за тоа во што се состојат уставните измени и најголемиот дел од нив стравуваат дека тие ќе имаат негативни последици врз земјата.

Анкетата покажува дека 75,4% од анкетираните рекле дека знаат во што се состојат уставните измени наспроти само 17,3% кои рекле дека немаат информации. 60,8% од анкетираните се на ставот дека уставните измени ќе имаат негативни последици за земјава додека 19,1% не очекуваат негативни последици. И за ова прашање прилично спротивставени ставови меѓу Македонците и етничките Албанци. Додека 71% од Македонците сметаат дека уставните измени ми имале негативни последици за земјата, таков став делат само 31% од Албанците кои во мнозинство од 42% сметаат дека нема да има негативни последици. Ваков став делат само 11,2% Македонци.

Мнозинството граѓани не очекуваат ниту нешто позитивно од уставните измени. 54,5% велат дека уставните измени нема да имаат позитивни последици за земјата, додека 28,3% сметаат дека ќе има.

И тука, мнозинството го прават етничките Албанци. Додека 73,2% етнички Албанци сметаат дека уставните измени позитивно ќе се одразат врз Македонија, спротивен став имаат дури 66,6% од Македонците.

Мнозинството граѓани очекуваат опозициската ВМРО-ДПМНЕ да остане доследна и да не дад поддршка на уставните измени. Ваков став имаат 42% од анкетираните додека една четвртина или 25% очекуваат најголемата опозициска партија да го смени ставот. Гледано по етнички групи, 45,7 од Македонците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане доследна наспроти 43,3% етнички Албанци кои очекуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе попушти. Дека опозицијата ќе гласа за уставните измени сметаат само еден на секои пет Македонци или 19,2% додека секој трет Албанец или  33% од анкетираните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставните измени.

Мнозинството граѓани не се согласува со уставни измени дури и во ситуација Македонија да добие дополнителни гаранции. 45,3% од анкетираните велат дека не би прифатиле промена на Уставот и да продолжат преговорите со ЕУ заедно со дополнителни гаранции кои би ги добила Македонија. Поддршка за уставните измени во ваква ситуација даваат 35,7% од анкетираните И тука, очекувано сосема различни ставови меѓу Македонците и Албанците.

57,9% етнички Македонци се против промена на Уставот дури и во ситуација кога би добиле дополнителни гаранции додека 21,9% велат дека во таков случај би дале поддршка за уставни измени. Кај Албанците 78,5% даваат поддршка за уставни измени додека само 7,7% се против.

Анализата на возрасната структура на одговорите покажува дека најголеми противници на промена на уставот се повозрасните граѓани додека најмало противење има кај младите.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1112 испитаници.

The post Граѓаните се против внесување на Бугарите во Уставот како услов за ЕУ, покажа анкетата на Детектор appeared first on Република.

]]>

Граѓаните се против внесување на Бугарите во Уставот и покрај тоа што ова е услов за почеток на предговорите со Европската Унија, покажува последното истражување на јавното мислење кое за потребите на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 56,1% од граѓаните се сметаат дека не треба да се промени Уставот и во него да се внесат Бугарите и останатите народи за да се продолжи со преговорите со ЕУ. Само 27,5% од анкетираните даваат поддршка за уставни измени. Најголем дел од тие кои што поддржуваат уставни измени се етнички Албанци. Дури 79,3% од етничките Албанци даваат поддршка на внесувањето на Бугарите во Уставот додека дури 72,4% од Македонците се против. Поддршка на уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот дава само еден од десет Македонци или 11,2% од анкетираните. Сосема различните ставови на Македонците и етничките Албанци ги комплетира податокот дека само 8,8% од етничките Албанци се против уставни измени. Три четвртини од граѓаните велат дека се доволно информирани за тоа во што се состојат уставните измени и најголемиот дел од нив стравуваат дека тие ќе имаат негативни последици врз земјата. Анкетата покажува дека 75,4% од анкетираните рекле дека знаат во што се состојат уставните измени наспроти само 17,3% кои рекле дека немаат информации. 60,8% од анкетираните се на ставот дека уставните измени ќе имаат негативни последици за земјава додека 19,1% не очекуваат негативни последици. И за ова прашање прилично спротивставени ставови меѓу Македонците и етничките Албанци. Додека 71% од Македонците сметаат дека уставните измени ми имале негативни последици за земјата, таков став делат само 31% од Албанците кои во мнозинство од 42% сметаат дека нема да има негативни последици. Ваков став делат само 11,2% Македонци. Мнозинството граѓани не очекуваат ниту нешто позитивно од уставните измени. 54,5% велат дека уставните измени нема да имаат позитивни последици за земјата, додека 28,3% сметаат дека ќе има. И тука, мнозинството го прават етничките Албанци. Додека 73,2% етнички Албанци сметаат дека уставните измени позитивно ќе се одразат врз Македонија, спротивен став имаат дури 66,6% од Македонците. Мнозинството граѓани очекуваат опозициската ВМРО-ДПМНЕ да остане доследна и да не дад поддршка на уставните измени. Ваков став имаат 42% од анкетираните додека една четвртина или 25% очекуваат најголемата опозициска партија да го смени ставот. Гледано по етнички групи, 45,7 од Македонците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане доследна наспроти 43,3% етнички Албанци кои очекуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе попушти. Дека опозицијата ќе гласа за уставните измени сметаат само еден на секои пет Македонци или 19,2% додека секој трет Албанец или  33% од анкетираните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставните измени. Мнозинството граѓани не се согласува со уставни измени дури и во ситуација Македонија да добие дополнителни гаранции. 45,3% од анкетираните велат дека не би прифатиле промена на Уставот и да продолжат преговорите со ЕУ заедно со дополнителни гаранции кои би ги добила Македонија. Поддршка за уставните измени во ваква ситуација даваат 35,7% од анкетираните И тука, очекувано сосема различни ставови меѓу Македонците и Албанците. 57,9% етнички Македонци се против промена на Уставот дури и во ситуација кога би добиле дополнителни гаранции додека 21,9% велат дека во таков случај би дале поддршка за уставни измени. Кај Албанците 78,5% даваат поддршка за уставни измени додека само 7,7% се против. Анализата на возрасната структура на одговорите покажува дека најголеми противници на промена на уставот се повозрасните граѓани додека најмало противење има кај младите. Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1112 испитаници.  