Влаимир Георгиевски Archives - Република https://republika.mk/tema/vlaimir-georgievski/ За подобро да се разбереме Fri, 31 May 2024 09:57:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Влаимир Георгиевски Archives - Република https://republika.mk/tema/vlaimir-georgievski/ 32 32 „Отсутно присуство“- изложба во Галерија Матица на досега неизложувани дела од Владимир Георгиевски https://republika.mk/vesti/kultura/otsutno-prisustvo-izlozhba-vo-galerija-matitsa-na-dosega-neizlozhuvani-dela-od-vladimir-georgievski/ Fri, 31 May 2024 09:57:48 +0000 https://republika.mk/?p=783456

Во чест на 82 години од раѓањето на македонскиот сликар Владимир Георгиевски (1.6.1942 - 25.5.2017), Галерија Матица, во соработка со семејството Георгиевски, е отворена изложба на триесетина досега неизложувани дела од различни фази на неговото творештвото.

Изложбата се отвори синоќа и ќе трае до 24 јуни 2024.

„КОЈ Е МОЈОТ СВЕТ…?

​Драмата што ја живеам денес како човек и како сликар, мислам дека е добро позната, насетена и одживеана во некои други простори и други времиња. Мојот свет, можеби не е од овој свет, денешниов, но ми се чини дека комуницира со ова време на едно посложено ниво.

Но, мислам дека мое творечко право е да го бранам тој став и принцип на едно време во сите времиња и на еден свет во сите светови. Тоа е многу тешко и сложено како задача, но, онолку колку што поседувам дарба, и натаму ќе и’ служам на таа задача.„  (ВЛАДИМИР ГЕОРГИЕВСКИ)

Владимир Георгиевски, еден од најистакнатите современи македонски сликари и професор на Архитектонскиот факултет.

Последната изложба на георгиевски беше „Страдањата на Дон Кихот“, која се отвори во Музејот на град Скопје, а беше поставена и во театарот „Палас“ во Париз. Изложбата беше дел од големото одбележување на 400 години од смртта на најголемиот шпански писател Мигел де Сервантес.

Дон Кихот е секој од нас, секој човек оди по сопствeната Голгота, а најчувствителни се креативците. Страдањата на овој познат книжевен лик се страдања на секој уметник, негова лична биографија, рече тогаш Георгиевски, еден од столбовите на македонската современа уметност.

Владимир Георгиевски е роден на 1 јуни, 1942 во Скопје. Во Средното уметничко училиште учел од основоположниците на македонското современо сликарство Лазар Личеноски и Димитар Пандилов. Во 1968 дипломира на Академијата за ликовни уметности во Белград, каде што по две години, во класата на Младен Србиновиќ завршил постдипломски студии. Бил член на Здружението на ликовните уметници на Србија, а потоа се зачленил во Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Беше редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Самостојно излшжувал во Рим, Париз, Киев, Виена, Истанбул, Белград и во Скопје. Негови дела се изложени во холот на Факултетот за музичка уметност, во Домот на АРМ. Објавуваше и есеи и размислувања во весници и во списанија.

The post „Отсутно присуство“- изложба во Галерија Матица на досега неизложувани дела од Владимир Георгиевски appeared first on Република.

]]>

Во чест на 82 години од раѓањето на македонскиот сликар Владимир Георгиевски (1.6.1942 - 25.5.2017), Галерија Матица, во соработка со семејството Георгиевски, е отворена изложба на триесетина досега неизложувани дела од различни фази на неговото творештвото. Изложбата се отвори синоќа и ќе трае до 24 јуни 2024.
„КОЈ Е МОЈОТ СВЕТ…? ​Драмата што ја живеам денес како човек и како сликар, мислам дека е добро позната, насетена и одживеана во некои други простори и други времиња. Мојот свет, можеби не е од овој свет, денешниов, но ми се чини дека комуницира со ова време на едно посложено ниво. Но, мислам дека мое творечко право е да го бранам тој став и принцип на едно време во сите времиња и на еден свет во сите светови. Тоа е многу тешко и сложено како задача, но, онолку колку што поседувам дарба, и натаму ќе и’ служам на таа задача.„  (ВЛАДИМИР ГЕОРГИЕВСКИ)
Владимир Георгиевски, еден од најистакнатите современи македонски сликари и професор на Архитектонскиот факултет. Последната изложба на георгиевски беше „Страдањата на Дон Кихот“, која се отвори во Музејот на град Скопје, а беше поставена и во театарот „Палас“ во Париз. Изложбата беше дел од големото одбележување на 400 години од смртта на најголемиот шпански писател Мигел де Сервантес.